бугарско потекло Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarsko-poteklo/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jan 2024 11:02:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарско потекло Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarsko-poteklo/ 32 32 За 100 евра издавала лажни потврди за наводно „бугарско потекло“: Истрага против албанска градоначалничка https://republika.mk/vesti/balkan/za-100-evra-izdavala-lazhni-potvrdi-za-navodno-bugarsko-poteklo-istraga-protiv-albanska-gradonachalnichka/ Sat, 13 Jan 2024 11:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=732539

Албанскиот Висок инспекторат за пријавување и контрола на имот и судир на интереси (ИЛДПКИ), информираше дека е почната управна истрага за градоначалничката на градот Булќиза, Фестиме Мјештри.

Откако темелно го разгледавме барањето на пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи, одлучивме да почне истрага на проверка, постапување и решавање на сомнителниот случај на судир на интереси при вршење на должноста на градоначалничката на Булќиза Фестиме Мјештри, стои во известувањето.

Одговорот на барањето следува откако Чупи истото го доставила во вторникот, 9 јануари.

Врз основа на состојбата на незаконитост и судир на интереси во општина Булќиза, денеска побарав од Високиот инспекторат итно да започне управна истрага, за да се констатира состојбата на судир на интереси меѓу градоначалничката на Булќиза и администраторот на Острени, Љуан Мјештри, кого го назначила таа, а се сестра и брат, како и да преземе други казнени мерки согласно со закон, наведува меѓу другото Чупи во барањето.

Ова е последователна активност на албанските органи по откривањето на скандалот со издавањето лажни потврди за „бугарско потекло“ во административната единица Острени, област Голо Брдо, населено со Македонци, која територијално потпаѓа под општина Булќиза.

Истражувачката емисија Фикс Фаре, која до сега открила низа коруптивни афери, пред неколку недели докажа колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени и Булќиза, без разлика од кое потекло сте. За 100.000 леки новинарите купиле две такви потврди со печат и потпишани од администраторот на Острени, Љуан Мјештри, потсетува телевизијата.

По емисијата, полицијата ги уапси Мјештри (62) и А. Л. (33) раководител на секторот за социјалната заштита и двајцата жители на Острени, како и Фитим Бала (61) жител во Требиште, со функција секретар на Советот на општина Булќиза, рударско гратче кое се наоѓа на албанско-македонската граница, на дваесеттина километри од Дебар.

Тројцата на итна седница на Советот беа разрешени, а судот во Пешкопеа им изрече мерка притвор.

Дел од советниците тогаш побараа оставка од градоначалничката Мјештри, која е од редовите на владејачката Социјалистичка партија.

The post За 100 евра издавала лажни потврди за наводно „бугарско потекло“: Истрага против албанска градоначалничка appeared first on Република.

]]>

Албанскиот Висок инспекторат за пријавување и контрола на имот и судир на интереси (ИЛДПКИ), информираше дека е почната управна истрага за градоначалничката на градот Булќиза, Фестиме Мјештри.
Откако темелно го разгледавме барањето на пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи, одлучивме да почне истрага на проверка, постапување и решавање на сомнителниот случај на судир на интереси при вршење на должноста на градоначалничката на Булќиза Фестиме Мјештри, стои во известувањето.
Одговорот на барањето следува откако Чупи истото го доставила во вторникот, 9 јануари.
Врз основа на состојбата на незаконитост и судир на интереси во општина Булќиза, денеска побарав од Високиот инспекторат итно да започне управна истрага, за да се констатира состојбата на судир на интереси меѓу градоначалничката на Булќиза и администраторот на Острени, Љуан Мјештри, кого го назначила таа, а се сестра и брат, како и да преземе други казнени мерки согласно со закон, наведува меѓу другото Чупи во барањето.
Ова е последователна активност на албанските органи по откривањето на скандалот со издавањето лажни потврди за „бугарско потекло“ во административната единица Острени, област Голо Брдо, населено со Македонци, која територијално потпаѓа под општина Булќиза.
Истражувачката емисија Фикс Фаре, која до сега открила низа коруптивни афери, пред неколку недели докажа колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени и Булќиза, без разлика од кое потекло сте. За 100.000 леки новинарите купиле две такви потврди со печат и потпишани од администраторот на Острени, Љуан Мјештри, потсетува телевизијата.
По емисијата, полицијата ги уапси Мјештри (62) и А. Л. (33) раководител на секторот за социјалната заштита и двајцата жители на Острени, како и Фитим Бала (61) жител во Требиште, со функција секретар на Советот на општина Булќиза, рударско гратче кое се наоѓа на албанско-македонската граница, на дваесеттина километри од Дебар. Тројцата на итна седница на Советот беа разрешени, а судот во Пешкопеа им изрече мерка притвор. Дел од советниците тогаш побараа оставка од градоначалничката Мјештри, која е од редовите на владејачката Социјалистичка партија.