бугарско државјанство Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarsko-drzavjanstvo/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Jun 2023 07:55:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарско државјанство Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarsko-drzavjanstvo/ 32 32 За 250 денари до бугарски пасош: Во новиот извод ќе може да се впише и етничка припадност https://republika.mk/vesti/balkan/za-250-denari-do-bugarski-pasosh-vo-noviot-izvod-ke-mozhe-da-se-vpishe-i-etnichka-pripadnost/ Wed, 21 Jun 2023 07:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=653584

Измените во упатството за водење на матичните книги и документација според кои ќе има и графа за етничка припадност, ја засилија кампањата на Фондација Македонија за вадење на бугарски пасоши со доказ за бугарски корени кој ќе чини само 250 денари.

Според математиката на здружението „Фондација Македонија“ од Софија, доказ за бугарско потекло отсега ќе може да се вади и со вадење на македонски извод ако во графата за етничка припадност се впишеме како Бугари.

Според новиот закон можете да го обновите изводот на родените и на него пишува националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ти даде можност сигурно да добиеш бугарско државјанство, но ако на изводот ти пишува бугарско, дефинитивно треба да добиеш бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Масовно се вадат изводи од Македонија, во кои е напишана националноста на Бугарин. Чини 250 денари, порачаа од здружението, објавија од Фондацијата.

Досега македонските граѓани плаќаа по стотина евра на разни посредници кои им вадеа документи за бугарско потекло, но ова би бил далеку полесен начин за вадење на пасош со кој стотина илјади граѓани заминаа на печалба во земјите на ЕУ, како и полесен начин да се засили бугарската пропаганда.

Со Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на одржување, заштита и чување на матични книги и документација кое го изработи Министерството за правда отсега во изводите од матичните книги има и графа за етничката припадност, односно националност.

Со оваа измена ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ, но според министерот за правда, Кренар Лога, за секоја можна злоупотреба на етничката припадност во постапка на вработување по етничкиот балансер ќе може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување.

The post За 250 денари до бугарски пасош: Во новиот извод ќе може да се впише и етничка припадност appeared first on Република.

]]>

Измените во упатството за водење на матичните книги и документација според кои ќе има и графа за етничка припадност, ја засилија кампањата на Фондација Македонија за вадење на бугарски пасоши со доказ за бугарски корени кој ќе чини само 250 денари. Според математиката на здружението „Фондација Македонија“ од Софија, доказ за бугарско потекло отсега ќе може да се вади и со вадење на македонски извод ако во графата за етничка припадност се впишеме како Бугари. Според новиот закон можете да го обновите изводот на родените и на него пишува националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ти даде можност сигурно да добиеш бугарско државјанство, но ако на изводот ти пишува бугарско, дефинитивно треба да добиеш бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Масовно се вадат изводи од Македонија, во кои е напишана националноста на Бугарин. Чини 250 денари, порачаа од здружението, објавија од Фондацијата. Досега македонските граѓани плаќаа по стотина евра на разни посредници кои им вадеа документи за бугарско потекло, но ова би бил далеку полесен начин за вадење на пасош со кој стотина илјади граѓани заминаа на печалба во земјите на ЕУ, како и полесен начин да се засили бугарската пропаганда. Со Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на одржување, заштита и чување на матични книги и документација кое го изработи Министерството за правда отсега во изводите од матичните книги има и графа за етничката припадност, односно националност. Со оваа измена ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ, но според министерот за правда, Кренар Лога, за секоја можна злоупотреба на етничката припадност во постапка на вработување по етничкиот балансер ќе може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување.

The post За 250 денари до бугарски пасош: Во новиот извод ќе може да се впише и етничка припадност appeared first on Република.

]]>
За шест години 8.500 Албанци и 41.855 Македонци добиле уверение за бугарско потекло https://republika.mk/vesti/balkan/za-shest-godini-8-500-albantsi-i-41-855-makedontsi-dobile-uverenie-za-bugarsko-poteklo/ Mon, 06 Feb 2023 07:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=605145

Бугарскиот портал Сега.бг пишува дека од почетокот на 2015 година до 7 јули 2021 година на 8.474 Албанци им било одобрено барањето за бугарско потекло .

Албанците се на петто место меѓу странците кои ги препознаваат своите бугарски корени. Пред нив се само од Македонија, Украина, Молдавија и Србија. Ова го покажуваат податоците на Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ), доставени до „Сега“ според Законот за пристап до информации од јавен карактер, пишува порталот.

Уверението за бугарско потекло се користи за добивање бугарско државјанство по поедноставена процедура. Наспроти ова, има 650 одбивања, од кои повеќе од 2/3 – 465 се издадени во 2015 година. Во другите години, одбивањата се минимален процент, покажуваат податоците на АСР. Евиденцијата на одобрени апликации е во 2016 – 2017 година. Тогаш имало 73 одбивања.

За споредба, Македонците чии барања за бугарско потекло во овој период беа одобрени од ДАБЦ се 41.855. Во првите пет, освен Албанија и Македонија, се и Србија, Украина и Молдавија. Одобрените барања од нивните граѓани се 8.688, 16.018 и 9.098 соодветно, пишува Сега.

The post За шест години 8.500 Албанци и 41.855 Македонци добиле уверение за бугарско потекло appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот портал Сега.бг пишува дека од почетокот на 2015 година до 7 јули 2021 година на 8.474 Албанци им било одобрено барањето за бугарско потекло .
Албанците се на петто место меѓу странците кои ги препознаваат своите бугарски корени. Пред нив се само од Македонија, Украина, Молдавија и Србија. Ова го покажуваат податоците на Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ), доставени до „Сега“ според Законот за пристап до информации од јавен карактер, пишува порталот.
Уверението за бугарско потекло се користи за добивање бугарско државјанство по поедноставена процедура. Наспроти ова, има 650 одбивања, од кои повеќе од 2/3 – 465 се издадени во 2015 година. Во другите години, одбивањата се минимален процент, покажуваат податоците на АСР. Евиденцијата на одобрени апликации е во 2016 – 2017 година. Тогаш имало 73 одбивања. За споредба, Македонците чии барања за бугарско потекло во овој период беа одобрени од ДАБЦ се 41.855. Во првите пет, освен Албанија и Македонија, се и Србија, Украина и Молдавија. Одобрените барања од нивните граѓани се 8.688, 16.018 и 9.098 соодветно, пишува Сега.

The post За шест години 8.500 Албанци и 41.855 Македонци добиле уверение за бугарско потекло appeared first on Република.

]]>
Само помалку од 20.000 Македонци имаат и бугарски пасош https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-pomalku-od-20-000-makedonci-imaat-i-bugarski-pasosh/ Fri, 29 Apr 2022 19:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=495524

Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство. Најголем дел од нив, околу 37 проценти освен македонско имаат и бугарско државјанство, додека половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години и активно население од 35 до 49 години, покажуваат податоците од Пописот 2021, објавени денеска од Државниот завод за статистика.

Од вкупното резидентно население 1 778 725 лица се државјани на Република Македонија, 53 201 се државјани на Република Македонија и друга држава, 4203 се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство.

Интересно е тоа што, додека двојно државјанство повеќе имаат мажите – 30 003, отколку жени – 23 198, државјани на друга држава кои живеат во нашата земја се повеќе жени – 2824, од мажи – 1 379.

По старосни групи, најголем дел од резидентното население со двојно државјанство се на возраст од 35 до 39 години – 5 190 лица. Половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години – 11 768 или 22 отсто и активно население од 35 до 49 години – 15 171 или 28,5 проценти.

Од вкупно 53 201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел 19 645 освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10 909 и со српско, 3819 и со хрватско, 2393 и со косовско и 2164 и со албанско државјанство.

Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македоцни – 58,8 проценти, постоа Албанци 16,04 отсто и Срби – 10,7 проценти.

The post Само помалку од 20.000 Македонци имаат и бугарски пасош appeared first on Република.

]]>

Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство. Најголем дел од нив, околу 37 проценти освен македонско имаат и бугарско државјанство, додека половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години и активно население од 35 до 49 години, покажуваат податоците од Пописот 2021, објавени денеска од Државниот завод за статистика. Од вкупното резидентно население 1 778 725 лица се државјани на Република Македонија, 53 201 се државјани на Република Македонија и друга држава, 4203 се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство. Интересно е тоа што, додека двојно државјанство повеќе имаат мажите – 30 003, отколку жени – 23 198, државјани на друга држава кои живеат во нашата земја се повеќе жени – 2824, од мажи – 1 379. По старосни групи, најголем дел од резидентното население со двојно државјанство се на возраст од 35 до 39 години – 5 190 лица. Половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години – 11 768 или 22 отсто и активно население од 35 до 49 години – 15 171 или 28,5 проценти. Од вкупно 53 201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел 19 645 освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10 909 и со српско, 3819 и со хрватско, 2393 и со косовско и 2164 и со албанско државјанство. Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македоцни – 58,8 проценти, постоа Албанци 16,04 отсто и Срби – 10,7 проценти.

The post Само помалку од 20.000 Македонци имаат и бугарски пасош appeared first on Република.

]]>