бугарски селектор Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarski-selektor/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Jun 2022 07:54:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски селектор Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarski-selektor/ 32 32 По дебаклот со Грузија, бугарскиот фудбалски селектор си поднесе оставка https://republika.mk/sport/fudbal/po-debaklot-so-gruzija-bugarskiot-fudbalski-selektor-si-podnese-ostavka/ Mon, 06 Jun 2022 07:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=511627

Фудбалскиот селектор Јасен Петров поднесе оставка откако Бугарија претрпе срамен пораз од Грузија со 2-5 во натпревар од групата „4“ од дивизијата Ц на Лигата на нации во која настапува и македонската А репрезентација.

Тој рече дека по тешкиот пораз во Разград нема морално право да остане на чело на бугарската селекција.

Прво сакам да им се заблагодарам на луѓето кои дојдоа – не го заслужија тоа што го видоа. Јасно е – немам морално право да останам. Ќе се разделиме, што е сосема нормално. Ја преземам целосната одговорност. Се надеваме дека ќе дојде уште една личност која ќе може да ги мотивира фудбалерите на најдобар начин. Ова е мојот последен натпревар. Направивме многу необјасниви грешки во одбраната. Во еден момент влеговме во натпреварот, имавме шанса. На 2:0 постигнуваме гол, 40 секунди подоцна добиваме елементарен гол. Ова беше една од лошите вечери за бугарскиот фудбал. Им се извинувам на сите што видоа ваков епилог. Се надевам дека во следните натпревари момците ќе се кренат и ќе покажат подобри игри – рече Петров.

Моментно во групата „4“ по две кола води Грузија со шест бодови, пред Македонија која има четири, Бугарија еден, а Гибралтар ниту еден.

Следните мечеви од третото коло се на 9 јуни кога Македонија во Скопје ќе ја пречека Грузија, а Гибралтар е домаќин на Бугарија. На 12 јуни Грузија е домаќин на Бугарија, а Македонија ја има фаворитската улога против Гибралтар.

The post По дебаклот со Грузија, бугарскиот фудбалски селектор си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот селектор Јасен Петров поднесе оставка откако Бугарија претрпе срамен пораз од Грузија со 2-5 во натпревар од групата „4“ од дивизијата Ц на Лигата на нации во која настапува и македонската А репрезентација. Тој рече дека по тешкиот пораз во Разград нема морално право да остане на чело на бугарската селекција.
Прво сакам да им се заблагодарам на луѓето кои дојдоа – не го заслужија тоа што го видоа. Јасно е – немам морално право да останам. Ќе се разделиме, што е сосема нормално. Ја преземам целосната одговорност. Се надеваме дека ќе дојде уште една личност која ќе може да ги мотивира фудбалерите на најдобар начин. Ова е мојот последен натпревар. Направивме многу необјасниви грешки во одбраната. Во еден момент влеговме во натпреварот, имавме шанса. На 2:0 постигнуваме гол, 40 секунди подоцна добиваме елементарен гол. Ова беше една од лошите вечери за бугарскиот фудбал. Им се извинувам на сите што видоа ваков епилог. Се надевам дека во следните натпревари момците ќе се кренат и ќе покажат подобри игри – рече Петров.
Моментно во групата „4“ по две кола води Грузија со шест бодови, пред Македонија која има четири, Бугарија еден, а Гибралтар ниту еден. Следните мечеви од третото коло се на 9 јуни кога Македонија во Скопје ќе ја пречека Грузија, а Гибралтар е домаќин на Бугарија. На 12 јуни Грузија е домаќин на Бугарија, а Македонија ја има фаворитската улога против Гибралтар.

The post По дебаклот со Грузија, бугарскиот фудбалски селектор си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>