бугарски окупатор Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarski-okupator/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 08:43:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски окупатор Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarski-okupator/ 32 32 На денешен ден Бугарскиот окупатор почнал со собирање на 7.144 Евреи од Македонија, кои биле однесени во логорот на смртта https://republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-bugarskiot-okupator-pochnal-so-sobirane-na-7-144-evrei-od-makedonija-koi-bile-odneseni-vo-logorot-na-smrtta/ Mon, 11 Mar 2024 08:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=753510

Да не се заборави за никогаш да не се повтори. Македонија им оддава почит на 7.144 Евреи кои на денешен ден во 1943 година од тогашниот бугарски окупатор биле собирани за да се транспортираат на пат кон концентрациониот логор на смртта Треблинка од каде никогаш не се вратиле.

За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена.

Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот фашистички логор „Треблинка“ на територијата на Полска.

Еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаустот на евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот.

Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.

 

The post На денешен ден Бугарскиот окупатор почнал со собирање на 7.144 Евреи од Македонија, кои биле однесени во логорот на смртта appeared first on Република.

]]>

Да не се заборави за никогаш да не се повтори. Македонија им оддава почит на 7.144 Евреи кои на денешен ден во 1943 година од тогашниот бугарски окупатор биле собирани за да се транспортираат на пат кон концентрациониот логор на смртта Треблинка од каде никогаш не се вратиле. За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена. Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот фашистички логор „Треблинка“ на територијата на Полска. Еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаустот на евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот. Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.  

The post На денешен ден Бугарскиот окупатор почнал со собирање на 7.144 Евреи од Македонија, кои биле однесени во логорот на смртта appeared first on Република.

]]>
Oна што Бугарија не го доби со војната во 1941 година ќе го добие со Ковачевски и Османи во мир https://republika.mk/vesti/makedonija/ona-shto-bugarija-ne-go-dobi-so-vojnata-vo-1941-godina-kje-go-dobie-so-kovachevski-i-osmani-vo-mir/ Fri, 01 Jul 2022 08:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=521968

Гледајќи ги сегашните настани со Бугарија пред очи ни се појавуваат снимките од 1941 година и влегувањето на бугарските војници во Македонија. Со сегашниот речник тие би биле администратори наместо како што е вистинскиот термин-окупатори.

Замислата на тогашните бугарски власти да ја освојат Македонија со војна не им успеала, но како што стојат работите тоа ќе им успее 80 години подоцна во мир.

https://www.youtube.com/watch?v=pI9y4GHye_U

Да, токму така, деновиве се случува асимилација на Македонците и тоа во мир. Францускиот предлог, без разлика дали првата или втората верзија претставува исчезнување на Македонците на рати. Ратите во овој случај е нашиот пат кон ЕУ кој може да стане бесконечен.

За нешто што нема никаква гаранција дека ќе се случи, а тоа е членството на Македонија, владата на ДУИ потпомогната од СДСМ се подготвени да го тргуваат македонскиот идентитет. Единствено што ќе остане е сликањето на Ковачевски и Османи за некаков формален почеток на преговори без тие да се отворат.

Она што ќе остане после е отворање на Пандорината кутија од која ќе излезат историските прашања, Илинденското востание, Гоце Делчев, спакувани во делот на добрососедските прашања.

Она што е најважно е дека во т.н Француски предлог нема гаранција дека Бугарија сама, или потпомогната од европските партнери дека нема да ја блокира Македонија за нешто што е надвор од преговарачките поглавја.

И доаѓаме до најважното прашање. Од каде власта ќе најде 80 пратеници да ги внесе Бугарите во Уставот, без разлика дали како што е единствено е можно во Преамбулата или пак како што бараат Бугарите како конститутивен народ.

Или можеби уште отсега се спремаат за повторување на сценариото како при промената на името и пазарот со пратеници?

The post Oна што Бугарија не го доби со војната во 1941 година ќе го добие со Ковачевски и Османи во мир appeared first on Република.

]]>

Гледајќи ги сегашните настани со Бугарија пред очи ни се појавуваат снимките од 1941 година и влегувањето на бугарските војници во Македонија. Со сегашниот речник тие би биле администратори наместо како што е вистинскиот термин-окупатори. Замислата на тогашните бугарски власти да ја освојат Македонија со војна не им успеала, но како што стојат работите тоа ќе им успее 80 години подоцна во мир. https://www.youtube.com/watch?v=pI9y4GHye_U Да, токму така, деновиве се случува асимилација на Македонците и тоа во мир. Францускиот предлог, без разлика дали првата или втората верзија претставува исчезнување на Македонците на рати. Ратите во овој случај е нашиот пат кон ЕУ кој може да стане бесконечен. За нешто што нема никаква гаранција дека ќе се случи, а тоа е членството на Македонија, владата на ДУИ потпомогната од СДСМ се подготвени да го тргуваат македонскиот идентитет. Единствено што ќе остане е сликањето на Ковачевски и Османи за некаков формален почеток на преговори без тие да се отворат. Она што ќе остане после е отворање на Пандорината кутија од која ќе излезат историските прашања, Илинденското востание, Гоце Делчев, спакувани во делот на добрососедските прашања. Она што е најважно е дека во т.н Француски предлог нема гаранција дека Бугарија сама, или потпомогната од европските партнери дека нема да ја блокира Македонија за нешто што е надвор од преговарачките поглавја. И доаѓаме до најважното прашање. Од каде власта ќе најде 80 пратеници да ги внесе Бугарите во Уставот, без разлика дали како што е единствено е можно во Преамбулата или пак како што бараат Бугарите како конститутивен народ. Или можеби уште отсега се спремаат за повторување на сценариото како при промената на името и пазарот со пратеници?

The post Oна што Бугарија не го доби со војната во 1941 година ќе го добие со Ковачевски и Османи во мир appeared first on Република.

]]>
Стрелани, па бодени, на крај обезочени и распарчени – 79 години од бугарскиот масакр на 12 ваташки младинци https://republika.mk/vesti/makedonija/strelani-pa-bodeni-na-kraj-obezocheni-i-rasparcheni-79-godini-od-bugarskiot-masakr-na-12-vatashki-mladinci/ Thu, 16 Jun 2022 09:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=515864

Денеска се навршуваат 79 години од стрелањето на 12 ваташки младинци.

Историчарот Петре Камчевски потсетува на овој настан.

Во 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин (заедно со Дабничкото клање) во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи големиот подем на НО движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ стрелал 12 младинци од селото Ваташа од 15 до 27 годишна возраст, појаснува Камчевски, хроничар на Кавадарци и Тиквешијата.

Во раните утрински часови во Ваташа била извршена блокада на селотo, при што биле уапсени 16 младинци и младинки и сите биле спроведени во селската меана на Васил Хаџи Јорданов.

Таму сите биле безмилосно тепани од страна на заменик полицискиот началник Петко Опреко, поручникот Борис Костов и двајца бугарски  агенти, вели историчарот Камчевски.

Еден од младинците, Диме Чекоров со моторцикл бил однесен во полицискиот участак во Кавадарци. Потоа сите во колона по еден,  во придружба со силно воено обезбедување,  биле однесени во месноста „Моклиште“, каде девојчињата биле издвоени, а врз момчињата бил отворен оган од митролези и пушки.

За масакрот во Ваташа пишува во „Билтенот“ на ГШ на НОВ и ПОМ од септември 1943 година каде стои: „Младинците се изрешетани од куршуми од митролези, па се после избодени со бајонети, на некој им се исечени рацете и извадени очите, а притоа сите биле опљачкани“.

Поручникот Борис Костов кој раководел со овој злочин, со шмајзер во рацете од кој се уште се чадела цевката им се обратил на преплашените девојки со зборовите: „Гледајте, гледајте и вас ќе ве најде истото“. Откако му реферирале за извршениот масакр , за успешно извршената акција,  полковникот Љубен Апостолов восхитено рекол: „Тоа е тоа, страшни момчиња имам“.

Меѓутоа,  ниту еден поголем злочин во историјата не поминал неказнето. Стрелачкиот вод кој учествувал во злочинот, една година подоцна, на 13 јули 1944 година, бил целосно уништен од страна на два баталјона на Втората МУБ кај село Страмашево. Поручникот Костов и заменик  полицискиот началник Петко Опреков биле ликвидирани  по капитулацијата на фашистичка Бугарија. Нивниот наредбодавец,  полковникот Љубен Апостолов бил уапсен во Бугарија и спроведен во Кавадарци,  каде Народниот суд во Монополот го осудил на смрт, а казната ја извршиле жителите од Ваташа и Кавадарци. Обласниот полициски инспектор Димитар Раев и агентот Борис Жуглов биле уапсени, осудени на смрт и стрелани, нагласува Камчевски.

The post Стрелани, па бодени, на крај обезочени и распарчени – 79 години од бугарскиот масакр на 12 ваташки младинци appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 79 години од стрелањето на 12 ваташки младинци. Историчарот Петре Камчевски потсетува на овој настан.
Во 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин (заедно со Дабничкото клање) во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи големиот подем на НО движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ стрелал 12 младинци од селото Ваташа од 15 до 27 годишна возраст, појаснува Камчевски, хроничар на Кавадарци и Тиквешијата.
Во раните утрински часови во Ваташа била извршена блокада на селотo, при што биле уапсени 16 младинци и младинки и сите биле спроведени во селската меана на Васил Хаџи Јорданов.
Таму сите биле безмилосно тепани од страна на заменик полицискиот началник Петко Опреко, поручникот Борис Костов и двајца бугарски  агенти, вели историчарот Камчевски.
Еден од младинците, Диме Чекоров со моторцикл бил однесен во полицискиот участак во Кавадарци. Потоа сите во колона по еден,  во придружба со силно воено обезбедување,  биле однесени во месноста „Моклиште“, каде девојчињата биле издвоени, а врз момчињата бил отворен оган од митролези и пушки. За масакрот во Ваташа пишува во „Билтенот“ на ГШ на НОВ и ПОМ од септември 1943 година каде стои: „Младинците се изрешетани од куршуми од митролези, па се после избодени со бајонети, на некој им се исечени рацете и извадени очите, а притоа сите биле опљачкани“. Поручникот Борис Костов кој раководел со овој злочин, со шмајзер во рацете од кој се уште се чадела цевката им се обратил на преплашените девојки со зборовите: „Гледајте, гледајте и вас ќе ве најде истото“. Откако му реферирале за извршениот масакр , за успешно извршената акција,  полковникот Љубен Апостолов восхитено рекол: „Тоа е тоа, страшни момчиња имам“.
Меѓутоа,  ниту еден поголем злочин во историјата не поминал неказнето. Стрелачкиот вод кој учествувал во злочинот, една година подоцна, на 13 јули 1944 година, бил целосно уништен од страна на два баталјона на Втората МУБ кај село Страмашево. Поручникот Костов и заменик  полицискиот началник Петко Опреков биле ликвидирани  по капитулацијата на фашистичка Бугарија. Нивниот наредбодавец,  полковникот Љубен Апостолов бил уапсен во Бугарија и спроведен во Кавадарци,  каде Народниот суд во Монополот го осудил на смрт, а казната ја извршиле жителите од Ваташа и Кавадарци. Обласниот полициски инспектор Димитар Раев и агентот Борис Жуглов биле уапсени, осудени на смрт и стрелани, нагласува Камчевски.

The post Стрелани, па бодени, на крај обезочени и распарчени – 79 години од бугарскиот масакр на 12 ваташки младинци appeared first on Република.

]]>