бугарска уметница Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarska-umetnitsa/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 09:06:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарска уметница Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarska-umetnitsa/ 32 32 „Иднина“ – изложба на бугарската уметница Цветелина Русалиева денеска во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/idnina-izlozhba-na-bugarskata-umetnitsa-tsvetelina-rusalieva-vo-skopje/ Thu, 28 Mar 2024 09:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=758858

Во Киц на Бугарија во Скопје, во четврток (28.03) од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Иднина“ на бугарската уметница Цветелина Русалиева.

 

 

Цветелина Русалиева живее и работи во Софија, Бугарија. Таа израснала во градот Русе во уметничко опкружување на семејство уметници, потомци на старото бугарско семејство Русалиеви од Бургас. Студирала моден дизајн во Русе со специјалност „Моделирање и конструкција на облека“, а подоцна дизајн на ентериер во Софија.

Русалиева дефинитивно зазема индивидуално место меѓу современите бугарски уметници. Темите на нејзините дела немаат потреба од опис и декодирање, а нејзините слики пленат со нежни апстрактни визии зад кои се крие специфична порака.

Уметницата има одржано самостојни изложби во Софија, Берлин, Сарбрикен, Њујорк и групни изложби во Палермо, Женева и Рим.

Добитничка е на наградата „Најдобар млад дизајнер“ на Форумот Бугарска мода во 1997 година. Во 2015 година учествуваше на престижното „Architectural Digest Home Show“ во Њујорк и Мајами.

Таа ја основа својата прва приватна галерија „Римини“ во Софија во 2012 година, која потоа стана „Галерија за модерна уметност Софија“ во хотел Арена ди Сердика. Во 2017 година ја отвори Бугарската галерија на современа и светска уметност во Рим – „Galleria della Luce di Roma“.

Во 2018 година, Цветелина Русалиева создаде свој моден бренд „Фиорелина“ – маици од чист органски памук со дигитално печатење на нејзините авторски слики.

На почетокот на 2022 година, заедно со нејзината ќерка, манекенката и модна дизајнерка Христијана Димитрова го лансираше проектот Дизајн и вино – иновативен уметнички простор за цртање и мода.

The post „Иднина“ – изложба на бугарската уметница Цветелина Русалиева денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Киц на Бугарија во Скопје, во четврток (28.03) од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Иднина“ на бугарската уметница Цветелина Русалиева.
 
 
Цветелина Русалиева живее и работи во Софија, Бугарија. Таа израснала во градот Русе во уметничко опкружување на семејство уметници, потомци на старото бугарско семејство Русалиеви од Бургас. Студирала моден дизајн во Русе со специјалност „Моделирање и конструкција на облека“, а подоцна дизајн на ентериер во Софија. Русалиева дефинитивно зазема индивидуално место меѓу современите бугарски уметници. Темите на нејзините дела немаат потреба од опис и декодирање, а нејзините слики пленат со нежни апстрактни визии зад кои се крие специфична порака. Уметницата има одржано самостојни изложби во Софија, Берлин, Сарбрикен, Њујорк и групни изложби во Палермо, Женева и Рим. Добитничка е на наградата „Најдобар млад дизајнер“ на Форумот Бугарска мода во 1997 година. Во 2015 година учествуваше на престижното „Architectural Digest Home Show“ во Њујорк и Мајами. Таа ја основа својата прва приватна галерија „Римини“ во Софија во 2012 година, која потоа стана „Галерија за модерна уметност Софија“ во хотел Арена ди Сердика. Во 2017 година ја отвори Бугарската галерија на современа и светска уметност во Рим – „Galleria della Luce di Roma“. Во 2018 година, Цветелина Русалиева создаде свој моден бренд „Фиорелина“ – маици од чист органски памук со дигитално печатење на нејзините авторски слики. На почетокот на 2022 година, заедно со нејзината ќерка, манекенката и модна дизајнерка Христијана Димитрова го лансираше проектот Дизајн и вино – иновативен уметнички простор за цртање и мода.

The post „Иднина“ – изложба на бугарската уметница Цветелина Русалиева денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>