бугарија - русија Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarija-rusija/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 10:13:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарија - русија Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarija-rusija/ 32 32 Песков: Одлуката на бугарските власти да не дозволат прелет на авион во кој е Захарова е „апсурден и глупав став“ https://republika.mk/vesti/makedonija/peskov-odlukata-na-bugarskite-vlasti-da-ne-dozvolat-prelet-na-avion-vo-koj-e-zaharova-e-apsurden-i-glupav-stav/ Thu, 30 Nov 2023 10:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=717878

Одлуката на бугарските власти да не дозволат прелет на авион со официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова кон Македонија „не се вклопува во ниедна рамка“ и тоа е „апсурден и глупав став“. Тоа денеска го изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.

Таквиот став на бугарските власти тешко може да се објасни со нешто - ова е првата работа. Второ, тоа, се разбира, не се вклопува во ниедна рамка. Трето, тоа е апсолутно апсурдно и, дури може да се каже, глупаво, рече претставникот на Кремљ.

Апелирам до бугарското раководство и да ги повикам да се обидат со сите сили да задржат присебност во одлуките што ги носат, заклучи тој.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доцна синоќа пристигна во Скопје за да учествува на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Авионот летал над Турција и Грција, иако претходно се очекуваше рутата да минува низ Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/avionot-na-lavrov-doshol-vo-skopje-preku-turtsija-i-grtsija-bugarija-ne-dozvolila-prelet-poradi-zaharova/

Бугарската страна одбила да дозволи авионот на рускиот министер да прелета доколку во него е портпаролката на руското МНР.

Захарова на Телеграм објави дека одлуката „...Не е само за глупост, туку опасна глупост на некој интригант во структурите на моќ во Бугарија“.

Засега нема коментар од бугарските власти за нивниот потег.

The post Песков: Одлуката на бугарските власти да не дозволат прелет на авион во кој е Захарова е „апсурден и глупав став“ appeared first on Република.

]]>

Одлуката на бугарските власти да не дозволат прелет на авион со официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова кон Македонија „не се вклопува во ниедна рамка“ и тоа е „апсурден и глупав став“. Тоа денеска го изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.
Таквиот став на бугарските власти тешко може да се објасни со нешто - ова е првата работа. Второ, тоа, се разбира, не се вклопува во ниедна рамка. Трето, тоа е апсолутно апсурдно и, дури може да се каже, глупаво, рече претставникот на Кремљ.
Апелирам до бугарското раководство и да ги повикам да се обидат со сите сили да задржат присебност во одлуките што ги носат, заклучи тој. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доцна синоќа пристигна во Скопје за да учествува на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Авионот летал над Турција и Грција, иако претходно се очекуваше рутата да минува низ Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/avionot-na-lavrov-doshol-vo-skopje-preku-turtsija-i-grtsija-bugarija-ne-dozvolila-prelet-poradi-zaharova/ Бугарската страна одбила да дозволи авионот на рускиот министер да прелета доколку во него е портпаролката на руското МНР. Захарова на Телеграм објави дека одлуката „...Не е само за глупост, туку опасна глупост на некој интригант во структурите на моќ во Бугарија“. Засега нема коментар од бугарските власти за нивниот потег.

The post Песков: Одлуката на бугарските власти да не дозволат прелет на авион во кој е Захарова е „апсурден и глупав став“ appeared first on Република.

]]>
Неизбежно е: Бугарија ќе преговара со „Гаспром“ за обновување на испораките на гас https://republika.mk/vesti/balkan/neizbezno-e-bugarija-kje-pregovara-so-gazprom-za-obnovuvanje-na-isporakite-na-gas/ Mon, 22 Aug 2022 20:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=543029

Сега „веќе е неизбежно“ Бугарија да преговара со компанијата „ Газпром экспорт“, за испораки на гасот, изјави во понеделникот на брифинг со новинарите министерот во техничката влада Росен Христов по состанокот на кризниот штаб за надминување на проблемите во енергетскиот сектор.

„Бугарскиот бизнис не може да се справи со високата цена на гасот, што практично ги прави неизбежни преговорите со Газпром экспорт за продолжување на испораките на гасот според тековниот договор“, рекол Христов.

Притоа сугерирал дека постигнувањето договор ќе биде тешко, како и дека преговори за дополнителни испораки на гас ќе бидат водени и со гасните компании од Азербејџан, како и дека веќе е обезбеден еден танкер со течен природен гас (LNG) во октомври.

Меѓутоа преодната влада во Софија, предупредува дека претходната влада ги направила преговорите со руската компанија „речиси невозможни“ и дека крајно ги затегнала односите со Русија, со протерувањето на стотината руски дипломати за наводна шпионажа и со прекинувањето на секаква комуникација со Москва.

„Очигледно ќе треба да се обратиме кај нив, не очекуваме ниту лесни ниту брзи преговори, ниту којзнае каков резултат и покрај сите наши напори и со сите експерти. Можам сега да ви кажам дека ќе бидат многу тешки и сложени поради сѐ што е направено досега“, рекол Христов и реторички прашал зошто „Газпром“ треба да ѝ дава гас на Бугарија, со оглед на тоа што во Европа може да продава по многу повисока цена количества кои веднаш се земаат.

Претходно во неделата во интервју за агенцијата ТАСС, руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, коментирајќи го прашање за испораките на рускиот гас за Бугарија беше категорична дека решението на тоа прашање целосно зависи од позициите на бугарските политичари.

„Сметам дека доколку има политичка волја, нема да има проблеми со ‘Газпром’, бидејќи за обновувањето на снабдувањето со гас не е потребно да се потпише нов договор, тој важи до декември. Можно е и да се разговара и за испораките на количествата гас што беше прекинато во април поради неплаќањето во рубљи. Сепак, нема начин да се разговара за можноста гасот да се плаќа во долари или евра, а не во рубљи“, истакна Митрофанова.

На 27 април руски „Газпром“ целосно го прекина снабдувањето со гас за бугарската компанија „Булгаргаз“ поради одбивањето испораките да се исплаќаат во рубљи, според новиот модел што го одреди Москва поради западните санкции наметнати поради војната во Украина врз нејзиниот финансиски сектор. Според него, компанијата нарачател треба да отвори сметка во „Газпромбанк“ на која ја врши уплатата во евра или долар и втора преку која банката ги продава валутите на Московската берза за рубљи и се врши плаќањето. Но Софија, солидаризирајќи се земјите во ЕИ и НАТО, иако водечки компании од Европа се согласија на таквиот начин на плаќање, одби да ја променува таа шема.

Подоцна бугарската влада водена од Кирил Петков објави дека пронашла алтернативни правци на снабдување, вклучително и увоз на течен природен гас (LNG) од САД и испораки од Азербејџан, и тоа по значително пониски ценит отколку што ги нуди „Газпром“

Од друга страна, гасот во јули во Бугарија чинеше 186.17 (или 95.34 лева) без дополнителни давачки за мегават-час, а во август цената скокна на рекордните 297,89 лева (149 евра) за мегават час, а се прогнозира дека цената на енергенсот во септември ќе се зголеми за дополнителни 6 отсто. Според бизнис заедницата, во моментов прифатлива цена би била 250 лева (124 евра) за мегаватчас без давачките за пристап, пренос, акциза и ДДВ.

The post Неизбежно е: Бугарија ќе преговара со „Гаспром“ за обновување на испораките на гас appeared first on Република.

]]>

Сега „веќе е неизбежно“ Бугарија да преговара со компанијата „ Газпром экспорт“, за испораки на гасот, изјави во понеделникот на брифинг со новинарите министерот во техничката влада Росен Христов по состанокот на кризниот штаб за надминување на проблемите во енергетскиот сектор. „Бугарскиот бизнис не може да се справи со високата цена на гасот, што практично ги прави неизбежни преговорите со Газпром экспорт за продолжување на испораките на гасот според тековниот договор“, рекол Христов. Притоа сугерирал дека постигнувањето договор ќе биде тешко, како и дека преговори за дополнителни испораки на гас ќе бидат водени и со гасните компании од Азербејџан, како и дека веќе е обезбеден еден танкер со течен природен гас (LNG) во октомври. Меѓутоа преодната влада во Софија, предупредува дека претходната влада ги направила преговорите со руската компанија „речиси невозможни“ и дека крајно ги затегнала односите со Русија, со протерувањето на стотината руски дипломати за наводна шпионажа и со прекинувањето на секаква комуникација со Москва. „Очигледно ќе треба да се обратиме кај нив, не очекуваме ниту лесни ниту брзи преговори, ниту којзнае каков резултат и покрај сите наши напори и со сите експерти. Можам сега да ви кажам дека ќе бидат многу тешки и сложени поради сѐ што е направено досега“, рекол Христов и реторички прашал зошто „Газпром“ треба да ѝ дава гас на Бугарија, со оглед на тоа што во Европа може да продава по многу повисока цена количества кои веднаш се земаат. Претходно во неделата во интервју за агенцијата ТАСС, руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, коментирајќи го прашање за испораките на рускиот гас за Бугарија беше категорична дека решението на тоа прашање целосно зависи од позициите на бугарските политичари. „Сметам дека доколку има политичка волја, нема да има проблеми со ‘Газпром’, бидејќи за обновувањето на снабдувањето со гас не е потребно да се потпише нов договор, тој важи до декември. Можно е и да се разговара и за испораките на количествата гас што беше прекинато во април поради неплаќањето во рубљи. Сепак, нема начин да се разговара за можноста гасот да се плаќа во долари или евра, а не во рубљи“, истакна Митрофанова. На 27 април руски „Газпром“ целосно го прекина снабдувањето со гас за бугарската компанија „Булгаргаз“ поради одбивањето испораките да се исплаќаат во рубљи, според новиот модел што го одреди Москва поради западните санкции наметнати поради војната во Украина врз нејзиниот финансиски сектор. Според него, компанијата нарачател треба да отвори сметка во „Газпромбанк“ на која ја врши уплатата во евра или долар и втора преку која банката ги продава валутите на Московската берза за рубљи и се врши плаќањето. Но Софија, солидаризирајќи се земјите во ЕИ и НАТО, иако водечки компании од Европа се согласија на таквиот начин на плаќање, одби да ја променува таа шема. Подоцна бугарската влада водена од Кирил Петков објави дека пронашла алтернативни правци на снабдување, вклучително и увоз на течен природен гас (LNG) од САД и испораки од Азербејџан, и тоа по значително пониски ценит отколку што ги нуди „Газпром“ Од друга страна, гасот во јули во Бугарија чинеше 186.17 (или 95.34 лева) без дополнителни давачки за мегават-час, а во август цената скокна на рекордните 297,89 лева (149 евра) за мегават час, а се прогнозира дека цената на енергенсот во септември ќе се зголеми за дополнителни 6 отсто. Според бизнис заедницата, во моментов прифатлива цена би била 250 лева (124 евра) за мегаватчас без давачките за пристап, пренос, акциза и ДДВ.

The post Неизбежно е: Бугарија ќе преговара со „Гаспром“ за обновување на испораките на гас appeared first on Република.

]]>
„Гаспром“ е опција за новата бугарска влада https://republika.mk/vesti/balkan/gasprom-e-opcija-za-novata-bugarska-vlada/ Sun, 07 Aug 2022 20:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=537776

Интервјуто на привремениот заменик-министер за енергетика во владата на Гулаб Донев, Еленко Бошков, ги засили сомнежите дека претседателот Румен Радев ја избрал со задача да ја врати Бугарија под руско влијание.

Во интервјуто за бугарската телевизија Нова Бошков не ја исклучува можноста да преговара за нов долгорочен договор со руски Гаспром, вклучително и да се согласи да го плати рускиот природен гас во рубли, спротивно од санкциите на ЕУ.

„Гаспром„ е опција . Во исто време, преговорите со Азербејџан кои ги почна владата на Петков се во прекин додека новиот тим не дознае што е досега договорено – рече рече Божков, додавајќи дека „не гледа ништо лошо во тоа“.

Бугарија го добиваше најголемиот дел од природниот гас од Гаспром, но руската компанија ги прекина испораките на крајот на април бидејќи владата наКирил Петков одби да почне да плаќа во рубли.

Иако, владата на Петков обезбеди испорака на 1 милијарда кубни метри природен гас од Азербејџан, количество кое треба да биде испорачано пред завршувањето на гасната врска Грција-Бугарија, тоа е само една третина од годишната потрошувачка на Бугарија.

Бошков во интервјуто вели дека самата Бугарија е одговорна за запирање на снабдувањето на „Газпром“ бидејќи владата на Петков одбила да го плати гасот во рубли. Актуелниот договор со „Газпром“ истекува на крајот на 2022 година.

Во меѓувеме привремената влада на Гулаб Донев размислува за повторно потпишување на долгорочниот договор со Газпром.

The post „Гаспром“ е опција за новата бугарска влада appeared first on Република.

]]>

Интервјуто на привремениот заменик-министер за енергетика во владата на Гулаб Донев, Еленко Бошков, ги засили сомнежите дека претседателот Румен Радев ја избрал со задача да ја врати Бугарија под руско влијание. Во интервјуто за бугарската телевизија Нова Бошков не ја исклучува можноста да преговара за нов долгорочен договор со руски Гаспром, вклучително и да се согласи да го плати рускиот природен гас во рубли, спротивно од санкциите на ЕУ.
„Гаспром„ е опција . Во исто време, преговорите со Азербејџан кои ги почна владата на Петков се во прекин додека новиот тим не дознае што е досега договорено – рече рече Божков, додавајќи дека „не гледа ништо лошо во тоа“.
Бугарија го добиваше најголемиот дел од природниот гас од Гаспром, но руската компанија ги прекина испораките на крајот на април бидејќи владата наКирил Петков одби да почне да плаќа во рубли. Иако, владата на Петков обезбеди испорака на 1 милијарда кубни метри природен гас од Азербејџан, количество кое треба да биде испорачано пред завршувањето на гасната врска Грција-Бугарија, тоа е само една третина од годишната потрошувачка на Бугарија. Бошков во интервјуто вели дека самата Бугарија е одговорна за запирање на снабдувањето на „Газпром“ бидејќи владата на Петков одбила да го плати гасот во рубли. Актуелниот договор со „Газпром“ истекува на крајот на 2022 година. Во меѓувеме привремената влада на Гулаб Донев размислува за повторно потпишување на долгорочниот договор со Газпром.

The post „Гаспром“ е опција за новата бугарска влада appeared first on Република.

]]>