Бугари од Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/bugari-od-makedonija/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Feb 2023 11:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бугари од Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/bugari-od-makedonija/ 32 32 Бугарите од Македонија се сретнаа со Османи https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarite-od-makedonija-se-sretnaa-so-osmani/ Wed, 15 Feb 2023 11:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=609270

Ѓорѓи Трендафилов од Граѓанско демократската унија (ГДУ), кој денеска заедно со претседателот на Клубот „Ванчо Михајлов“, Љупчо Ѓоргиевски, како претставници на различни организации на бугарската заедница во земјава во МНР се сретнаа со шефот на дипломатијата Бујар Османи, по разговорот изјави дека имале корисна средба и оти нивните активности ќе бидат во насока на релаксирање на односите меѓу Скопје и Софија.

- Имавме корисна средба со министерот за надворешни работи. Средбата е во голема мера продолжение на разговорите кои ги имавме во Брисел. Ние го известивме (Османи) за содржината на разговорите со еврокомесарот за проширување и добрососедство, (Оливер) Вархеји и со неколку политички групации застапени во Европскиот парламент, кои ќе се обидат со нивните политички истомисленици и групации овде во Македонија, значи Конзервативната, Европските народни партии, Прогресивните социјалисти, да се обидат да помогнат  да се смират тензиите на релација Скопје - Софија и во една порелаксирана атмосфера да почне да се спроведуваат одредбите и од Спогодбата 2017 и т.н. „француски предлог“ за Македонија во периодот до октомври, кога треба да биде објавен Извештајот за напредокот од Европската комисија и земјава да може официјално да ги отпочне преговорите кон крајот на ова година, рече Трендафилов.

Тој изјави дека од Османи побарале и тие да се обидат да посредуваат за смирување на тензиите, затоа што во една експлозивна атмосфера, како што вели, невозможно е да се донесат квалитетни рационални политички решенија.

- Мислам дека тоа е во интерес на граѓаните и на земјава. Останува на времето да видиме дали нашата работа и нашиот апел ќе вродат со конкретен политички плод, додаде Трендафилов.

Во однос на Резолуцијата на Советот на Европа, во која се вели дека не постои системска дискриминација во Македонија, Трендафилов вели дека не се согласува со ваквиот став, но, како што рече, тоа нема да биде во фокусот на нивната активност, туку колку што е можно повеќе да придонесат да се релаксираат односите меѓу Скопје и Софија.

Прашан дали на средбата претседателот на Клубот „Ванчо Михајлов“, Георгиевски, го отворил прашањето за пререгистрација на здруженијата, чиј рок истекува утре, Трендафилов одговори дека за тоа не било посебно разговарано.

- Не посебно. Јас ја видов изјавата за Дојче веле мислам од господинот Георгиевски дека тие немаат намера да отстапат во овој момент и дека презеле одредени правни лекови кои им стојат на располагање. Ќе видиме што ќе се случи понатаму. Не беше посебно како тема, одговори Трендафилов.

Претходно, МНР соопшти дека средбата со претставници на различни организации на бугарската заедница во Македонија поминала во позитивна атмосфера и биле размените мислења за прашања коишто ја засегаат бугарската заедница во земјава, предизвиците со кои се соочуваат нивните здруженија, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.

 - На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, соопшти МНР.

Средбата се случува ден пред истекот на рокот во кој согласно измените на Законот за здруженија и фондации, постоечките бугарски здруженија „Ванчо Михаилов“ и „Цар Борис Трети“, треба да ги сменат имињата или во спротивно се соочуваат со нивно затворање

The post Бугарите од Македонија се сретнаа со Османи appeared first on Република.

]]>

Oсмани призна дека нема гаранција оти Бугарија нема пак да блокира, дури и ако ги внесеме Бугарите во Уставот https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-prizna-deka-nema-garantsija-oti-bugarija-nema-pak-da-blokira-duri-i-ako-gi-vneseme-bugarite-vo-ustavot/ Mon, 26 Dec 2022 12:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=590095

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изрази уверување дека следната година ќе бидат донесени уставните измени, нагласувајќи оти нема ништо контроверзно во тоа Бугарите, Црногорците и Хрватите да се внесат во Уставот, а забелешките на одредени политички субјекти ги оцени како дневно-политички кореографии во обид да се добие плус некој политички поен. Османи потенцира дека следната недела ќе се интензивираат разговорите за обезбедување двотретинско мнозинство, кое е потребно за да се изгласа потребата за отворање на Уставот.

Тој денеска на годишниот брифинг со медиумите истакна дека е крајно нечесно едно од најважните прашања за граѓаните – членството во ЕУ, да се става во дневно-политилките препукувања и додаде дека смета оди во текот на следната година тоа ќе го увидат сите политички актери.

Османи одговараше на новинарско прашање во врска со ставот кој го изнесе Билал Касами, односно поддршка за уставните измени во замена за предвремени избори следната пролет или во спротивно најави радикализација на чекорите, кои ќе ги преземат или протести.

Тој напомена дека ниту една партија не е на линија на ставот дека не треба да се почитуваат правата на етничките заедници, нагласувајќи дека и вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излегол со став дека нема „ништо против бугарскиот народ, туку против бугарските уцени“.

– Суштината на уставните измени е дека тие воопшто не се контроверзни и со тоа сите се согласуваме, бидејќи еден пристап, кој државата веќе го има преземено, како еден однос кон заедниците, сега ги вклучува и останатите заедници, кои тогаш поради одредени околност не биле вклучени. Во нашиот уставен поредок, освен 20-те проценти нема друга категоризација, со која би исклучиле или вклучиле некоја заедница. Ако можат да бидат останатите заедници, зошто би ги исклучиле Црногорците, Хрватите и Бугарите и кои би биле последиците по државата, освен потврдување на нашиот најпрепознатлив имиџ во светот, а тоа е односот меѓу заедниците, меѓуетничката хармонија, мултикултурната демократија. Тоа е нашиот најголем адут кој ни ги отвора вратите. Ние станавме модел држава, која во тежок регион успеа да создаде мултиетничка хармонија, која веќе станува пример како другите држави да си го решат прашањето, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи нагласи дека очекува поддршка, бидејќи, како што посочи никој нема ништо против содржината на измените, но додаде и дека сите се свесни оти тој процес е веќе вграден во процесот на преговори со ЕУ и нема друга алтернатива.

Во врска со можност за нови блокади од страна на Бугарија и доколку дојде до промена на Уставот, Османи рече дека во документите кои ги потпишале и во рамката нема основа за тоа, но додаде дека не само Софија, туку и другите членки можат да не блокираат, доколку сакаат, со оглед на тоа што одлуките во ЕУ се носат со консензус. Тој додаде дека токму затоа во моментов се гради овој однос со Бугарија, со цел во иднина да не постои ниту еден аргумент за нови блокади

The post Oсмани призна дека нема гаранција оти Бугарија нема пак да блокира, дури и ако ги внесеме Бугарите во Уставот appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изрази уверување дека следната година ќе бидат донесени уставните измени, нагласувајќи оти нема ништо контроверзно во тоа Бугарите, Црногорците и Хрватите да се внесат во Уставот, а забелешките на одредени политички субјекти ги оцени како дневно-политички кореографии во обид да се добие плус некој политички поен. Османи потенцира дека следната недела ќе се интензивираат разговорите за обезбедување двотретинско мнозинство, кое е потребно за да се изгласа потребата за отворање на Уставот. Тој денеска на годишниот брифинг со медиумите истакна дека е крајно нечесно едно од најважните прашања за граѓаните – членството во ЕУ, да се става во дневно-политилките препукувања и додаде дека смета оди во текот на следната година тоа ќе го увидат сите политички актери. Османи одговараше на новинарско прашање во врска со ставот кој го изнесе Билал Касами, односно поддршка за уставните измени во замена за предвремени избори следната пролет или во спротивно најави радикализација на чекорите, кои ќе ги преземат или протести. Тој напомена дека ниту една партија не е на линија на ставот дека не треба да се почитуваат правата на етничките заедници, нагласувајќи дека и вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излегол со став дека нема „ништо против бугарскиот народ, туку против бугарските уцени“.
– Суштината на уставните измени е дека тие воопшто не се контроверзни и со тоа сите се согласуваме, бидејќи еден пристап, кој државата веќе го има преземено, како еден однос кон заедниците, сега ги вклучува и останатите заедници, кои тогаш поради одредени околност не биле вклучени. Во нашиот уставен поредок, освен 20-те проценти нема друга категоризација, со која би исклучиле или вклучиле некоја заедница. Ако можат да бидат останатите заедници, зошто би ги исклучиле Црногорците, Хрватите и Бугарите и кои би биле последиците по државата, освен потврдување на нашиот најпрепознатлив имиџ во светот, а тоа е односот меѓу заедниците, меѓуетничката хармонија, мултикултурната демократија. Тоа е нашиот најголем адут кој ни ги отвора вратите. Ние станавме модел држава, која во тежок регион успеа да создаде мултиетничка хармонија, која веќе станува пример како другите држави да си го решат прашањето, истакна Османи.
Министерот за надворешни работи нагласи дека очекува поддршка, бидејќи, како што посочи никој нема ништо против содржината на измените, но додаде и дека сите се свесни оти тој процес е веќе вграден во процесот на преговори со ЕУ и нема друга алтернатива.
Во врска со можност за нови блокади од страна на Бугарија и доколку дојде до промена на Уставот, Османи рече дека во документите кои ги потпишале и во рамката нема основа за тоа, но додаде дека не само Софија, туку и другите членки можат да не блокираат, доколку сакаат, со оглед на тоа што одлуките во ЕУ се носат со консензус. Тој додаде дека токму затоа во моментов се гради овој однос со Бугарија, со цел во иднина да не постои ниту еден аргумент за нови блокади

The post Oсмани призна дека нема гаранција оти Бугарија нема пак да блокира, дури и ако ги внесеме Бугарите во Уставот appeared first on Република.

]]>
Бугарите од Македонија ја кодошеа сопствената држава во Парламентот во Софија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-od-makedonija-ja-kodoshea-sopstvenata-drzava-vo-parlamentot-vo-sofija/ Wed, 21 Dec 2022 09:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=588268

Претставници на бугарските клубови во Охрид, Битола и Прилеп од Македонија биле сослушани во бугарската Собраниска Комисија за политики за Бугарите надвор од Бугарија, објави БНТ.

Тие се пожалиле на систематско кршење на правото на слободно изразување и етничко самоопределување на бугарските граѓани во Република Македонија и побарале сериозно следење и поактивна помош од Бугарија и нејзините европратеници во Брисел.

Нема дејствије од ваша страна.Структурите во Македонија кои се борат против нас тоа го користат и секој ден си дејствуваат.Секој ден нешто ново против некој македонски Бугарин-се пожали Владо Шатаров од Битола.

Претседателот на Парламентарната комисија во 48. Народно собрание Костадин Костадинов од „Преродба“ ги запознал со текстот на писмото што го подготви до вршителот на должност премиер на Бугарија Галаб Донев со детално објаснување за проблемите на Бугарите во Македонија и со инсистирање на средба. Заменик-претседателот на Комисијата Елисавета Белобрадова од „Демократска Бугарија“ изјавила дека ќе се подготви детален извештај на оваа тема и ќе биде доставен до Европската унија. Белобрадова ги информирала своите колеги дека бугарските училишта во регионите на Украина окупирани од Русија се затворени.

The post Бугарите од Македонија ја кодошеа сопствената држава во Парламентот во Софија appeared first on Република.

]]>

Претставници на бугарските клубови во Охрид, Битола и Прилеп од Македонија биле сослушани во бугарската Собраниска Комисија за политики за Бугарите надвор од Бугарија, објави БНТ. Тие се пожалиле на систематско кршење на правото на слободно изразување и етничко самоопределување на бугарските граѓани во Република Македонија и побарале сериозно следење и поактивна помош од Бугарија и нејзините европратеници во Брисел.