буџет Archives - Република https://republika.mk/tema/budzet/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 11:03:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png буџет Archives - Република https://republika.mk/tema/budzet/ 32 32 Попов: Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина https://republika.mk/vesti/makedonija/popov-budhetot-za-2025-so-rekordni-2-4-milijardi-denari-poveke-pari-za-ministerstvoto-za-zhivotnata-sredina/ Wed, 20 Nov 2024 11:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=839869

Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина и просторно планирање. Наместо декларативна борба против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ вложува вистински напори против оваа негативна појава, вели Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во потпрограмата 2, наменета токму за заштита на животната средина, предвидено е зголемување за 116%. Во ставката „унапредување на животната средина“, предвидено е зголемување за 30%.

Покрај владата и министерствата, ќе овозможиме и општините да се борат против загадувањето, преку ставката за капитални дотации, која е зголемена за повеќе од 250%.

Во денари, тоа се 2,2 милијарди денари повеќе во споредба со лани, предвидени за капиталните проекти на Министерството за животна средина, односно 90% повеќе. Највисоки средства се вложуваат во капитални проекти наменети за други градежни објекти, во вкупна вредност од 3,6 милијарди денари, зголемување за 71,5%.

Додека пак општините за капиталните расходи добиваат 641 милиони денари повеќе, односно цели 267%, споредбено со 2024та.

Почитувани, ова е јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозни напори да дишеме чист воздух, во чиста животна средина, а со тоа, Македонија заеднички да ја направиме поубаво место за живеење, заврши Попов.

The post Попов: Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина appeared first on Република.

]]>

Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина и просторно планирање. Наместо декларативна борба против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ вложува вистински напори против оваа негативна појава, вели Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Во потпрограмата 2, наменета токму за заштита на животната средина, предвидено е зголемување за 116%. Во ставката „унапредување на животната средина“, предвидено е зголемување за 30%. Покрај владата и министерствата, ќе овозможиме и општините да се борат против загадувањето, преку ставката за капитални дотации, која е зголемена за повеќе од 250%. Во денари, тоа се 2,2 милијарди денари повеќе во споредба со лани, предвидени за капиталните проекти на Министерството за животна средина, односно 90% повеќе. Највисоки средства се вложуваат во капитални проекти наменети за други градежни објекти, во вкупна вредност од 3,6 милијарди денари, зголемување за 71,5%. Додека пак општините за капиталните расходи добиваат 641 милиони денари повеќе, односно цели 267%, споредбено со 2024та. Почитувани, ова е јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозни напори да дишеме чист воздух, во чиста животна средина, а со тоа, Македонија заеднички да ја направиме поубаво место за живеење, заврши Попов.  

The post Попов: Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина appeared first on Република.

]]>
Албанскиот Парламент го изгласа буџетот за 2025 година, тежи 8,2 милијарди евра https://republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-parlament-go-izglasa-budhetot-za-2025-godina-tezhi-8-2-milijardi-evra/ Tue, 19 Nov 2024 21:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=839727

Албанскиот парламент вечерва само со гласовите на владејачкото мнозинство го донесе буџетот за следната година.

По 23 -часовна расправа буџетот беше донесен  со 75 гласови "за". Против гласаа 40 пратеници од опозицијата, кои во текот на целата расправа обвинуваа дека буџетот е анти-социјален и оти државата ја "втурнува во се подлабока криза".

Опозицијата, која организираше и протест пред парламентот, на Еди Рама  му порача дека ова е негов последен буџет, зашто " албанските граѓани ќе му пресудат на пролетните парламентарни избори".

Буџетот  проектиран на 822,7 милијарди лека или 8,2 милијарди евра, што е за 600 милиони евра повисок во однос на оваа календарска година и е историски највисок.

Владата со буџетот предвидува да продолжи со финансирање, во значителен обем, на јавни инвестиции во просек од 6,1 отсто од Бруто домашниот производ, кои ќе бидат насочени кон финансирање на проекти од стратешко значење и поврзани со планот за раст на ЕУ.

Планираните расходи се однесуваат на дигитализацијата, транспортот, националната безбедност, здравството, образованието и земјоделството и руралниот развој.

Буџетските приходи за 2025 година се предвидени на 7,5 милијарди евра или 28,8 отсто од БДП.

Се предвидува задолжување на странскиот пазар со еврообврзница во износ од 600 милиони евра.

Се предвидува и значително намалување на нивото на јавниот долг на околу 55,8 отсто во 2025 година.

За следната година е предвиден фонд за индексирање на пензиите во износ од 1,6 милијарди лека, додека за новогодишен бонус за пензионерите планирани се 3,75 милијарди лека.

Економијата на земјата се очекува да се зајакне во среднорочниот период 2025-2027 година, во просек на ниво од 3,9 отсто, главно под влијание на инвестициите во градежништвото, како и на туризмот, како стратешки сектор.

The post Албанскиот Парламент го изгласа буџетот за 2025 година, тежи 8,2 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Албанскиот парламент вечерва само со гласовите на владејачкото мнозинство го донесе буџетот за следната година. По 23 -часовна расправа буџетот беше донесен  со 75 гласови "за". Против гласаа 40 пратеници од опозицијата, кои во текот на целата расправа обвинуваа дека буџетот е анти-социјален и оти државата ја "втурнува во се подлабока криза". Опозицијата, која организираше и протест пред парламентот, на Еди Рама  му порача дека ова е негов последен буџет, зашто " албанските граѓани ќе му пресудат на пролетните парламентарни избори". Буџетот  проектиран на 822,7 милијарди лека или 8,2 милијарди евра, што е за 600 милиони евра повисок во однос на оваа календарска година и е историски највисок. Владата со буџетот предвидува да продолжи со финансирање, во значителен обем, на јавни инвестиции во просек од 6,1 отсто од Бруто домашниот производ, кои ќе бидат насочени кон финансирање на проекти од стратешко значење и поврзани со планот за раст на ЕУ. Планираните расходи се однесуваат на дигитализацијата, транспортот, националната безбедност, здравството, образованието и земјоделството и руралниот развој. Буџетските приходи за 2025 година се предвидени на 7,5 милијарди евра или 28,8 отсто од БДП. Се предвидува задолжување на странскиот пазар со еврообврзница во износ од 600 милиони евра. Се предвидува и значително намалување на нивото на јавниот долг на околу 55,8 отсто во 2025 година. За следната година е предвиден фонд за индексирање на пензиите во износ од 1,6 милијарди лека, додека за новогодишен бонус за пензионерите планирани се 3,75 милијарди лека. Економијата на земјата се очекува да се зајакне во среднорочниот период 2025-2027 година, во просек на ниво од 3,9 отсто, главно под влијание на инвестициите во градежништвото, како и на туризмот, како стратешки сектор.

The post Албанскиот Парламент го изгласа буџетот за 2025 година, тежи 8,2 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Предлог буџетот за 2025 предвидува 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции што значи работа и подобар животен стандард https://republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-budhetot-za-2025-predviduva-50-5-milijardi-denari-za-kapitalni-investitsii-shto-znachi-rabota-i-podobar-zhivoten-standard/ Sun, 17 Nov 2024 08:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=838726

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта предводена од нивната партија постојано работи на развој и економски раст што резултира со подобар животен стандард на граѓаните.

Како што истакнуваат, во предлог буџетот за 2025 година на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ предвидени се рекордни 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции.

Во оваа сума колку за илустрација вклучени се проекти како патната инфраструктура за коридорите 8 и 10д, потоа експресни патишта, железници, изградба на објекти.

Во работата на овие капитални инвестиции ќе бидат вклучени сите надлежни министерства.

Дека Владата е насочена кон развој се гледа и од основниот податок за зголемување на средствата за Министерството за транспорт за речиси 70 проценти или околу 7 милијарди денари повеќе. Потоа најголем дел од предвидените расходи се за капиталните проекти.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со буџетот за 2025 планира инвестиции во инфраструктура, училишта, градинки, болници и други јавни објекти.

ВМРО-ДПМНЕ работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонија и подобар животен стандард на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Предлог буџетот за 2025 предвидува 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции што значи работа и подобар животен стандард appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта предводена од нивната партија постојано работи на развој и економски раст што резултира со подобар животен стандард на граѓаните. Како што истакнуваат, во предлог буџетот за 2025 година на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ предвидени се рекордни 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции.
Во оваа сума колку за илустрација вклучени се проекти како патната инфраструктура за коридорите 8 и 10д, потоа експресни патишта, железници, изградба на објекти.   Во работата на овие капитални инвестиции ќе бидат вклучени сите надлежни министерства.   Дека Владата е насочена кон развој се гледа и од основниот податок за зголемување на средствата за Министерството за транспорт за речиси 70 проценти или околу 7 милијарди денари повеќе. Потоа најголем дел од предвидените расходи се за капиталните проекти.   Владата на ВМРО-ДПМНЕ со буџетот за 2025 планира инвестиции во инфраструктура, училишта, градинки, болници и други јавни објекти.   ВМРО-ДПМНЕ работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонија и подобар животен стандард на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Предлог буџетот за 2025 предвидува 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции што значи работа и подобар животен стандард appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-ke-gi-pokachime-platite-vo-mvr-silno-vlozhuvame-vo-kapatsitetite-na-mvr-i-mo/ Sat, 16 Nov 2024 13:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=838534

„Го слушав Венко Филипче и излагањата на опозицијата деновиве и сите се држат дека буџетот бил мегаломански, дека бил нереално планиран и недомаќински. Една структура која направи хаос во државата, партали ја направи државата и ја испокраде дојде ред да зборува за домаќинлук, мегаломанство и за планирање. Мегаломански 30 милијарди евра потрошија, а не направија ниеден проект. Дали некој се сеќава дека имаат нешто направено во оваа држава за седум години? Нема такво нешто, а 30 милијарди евра отидоа во неповрат“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната расправа на надлежната собраниска комисија на која се расправаше за буџетот за 2025 година.

Ковачки објасни што се е предвидено во предлог буџетот.

„Во предлог буџетот предвидено е зголемување на пензиите за 2,500 денари дополнително, значи да се реализира она предизборно ветување од 5,000 денари во првата година од мандатот а ќе го реализираме за 9 месеци, е за тоа нема да гласа Венко Филипче и неговата политичка номенклатура. Нема да гласаат за зголемување на платите за 5%, а до крај на мандат 46% и ќе се испочитува колективниот договор. Зборувате за покачување на платите во полицијата, па 10% кажуваме дека ќе ги зголемиме, предвидени се пари во буџетот“, посочи Ковачки.

Ковачки посочи дека со негласање за предлог буџетот СДСМ се и против младите.

„СДСМ под раководство на Венко Филипче кои нема да гласаат за буџетот ќе бидат и против изградбата на студентските домови кои веќе се отпочнати значи и против младите се. Нема да гласаат ниту за ваучерите од 250 евра кои треба да ги добие секој студент“, дециден е Ковачки.

The post Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО appeared first on Република.

]]>

„Го слушав Венко Филипче и излагањата на опозицијата деновиве и сите се држат дека буџетот бил мегаломански, дека бил нереално планиран и недомаќински. Една структура која направи хаос во државата, партали ја направи државата и ја испокраде дојде ред да зборува за домаќинлук, мегаломанство и за планирање. Мегаломански 30 милијарди евра потрошија, а не направија ниеден проект. Дали некој се сеќава дека имаат нешто направено во оваа држава за седум години? Нема такво нешто, а 30 милијарди евра отидоа во неповрат“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната расправа на надлежната собраниска комисија на која се расправаше за буџетот за 2025 година. Ковачки објасни што се е предвидено во предлог буџетот. „Во предлог буџетот предвидено е зголемување на пензиите за 2,500 денари дополнително, значи да се реализира она предизборно ветување од 5,000 денари во првата година од мандатот а ќе го реализираме за 9 месеци, е за тоа нема да гласа Венко Филипче и неговата политичка номенклатура. Нема да гласаат за зголемување на платите за 5%, а до крај на мандат 46% и ќе се испочитува колективниот договор. Зборувате за покачување на платите во полицијата, па 10% кажуваме дека ќе ги зголемиме, предвидени се пари во буџетот“, посочи Ковачки. Ковачки посочи дека со негласање за предлог буџетот СДСМ се и против младите. „СДСМ под раководство на Венко Филипче кои нема да гласаат за буџетот ќе бидат и против изградбата на студентските домови кои веќе се отпочнати значи и против младите се. Нема да гласаат ниту за ваучерите од 250 евра кои треба да ги добие секој студент“, дециден е Ковачки.

The post Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Со развојниот буџет за 2025 година ќе се обезбеди забрзана економска и финансиска трансформација на Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-so-razvojniot-budhet-za-2025-godina-ke-se-obezbedi-zabrzana-ekonomska-i-finansiska-transformatsija-na-makedonija/ Sat, 16 Nov 2024 09:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=838414

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која посветено и домаќински работи на забрзана економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија, велат од партијата и додаваат дека идната 2025 ќе биде развојна година со многу капитални инвестиции, развој на стопанството и зголемен животен стандард и благосостојба за граѓаните.

„За таа цел, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подготви развоен буџет, кој ќе ја поддржи и обезбеди раст на македонската економија од 3,7%. Во буџетот 2025 година се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега, додека растот на приходите од царини ќе биде 20%, нешто што ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е можно со напорно и домаќинско работење со преземањето на власта. Освен зголемувањето на приходите, Владата ќе ги намали и расходи, така што во делот на буџетската ставка набавка на стоки и услуги, следи намалување од 0.5%. Со вака зголемените приходи и намалени трошоци, во буџетот ќе останат повеќе пари кои што ќе завршат директно кај граѓаните“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму дополнуваат дека токму затоа, буџетот за 2025 година вклучува и социјална компонента со која се предвидува зголемување на приходите на сите граѓани, така што ќе има покачување на платите и пензиите.

„Со буџетот за следната година ќе следи и ново покачување на платите на наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Исто така, покачување на платите ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и македонската полиција, а ќе следи и второто линеарно покачување на пензиите од 2.500 денари за сите пензионери. Сето ова говори дека 2025 година ќе биде развојна година со многу инвестиции, развој на стопанството и зголемен животен стандард и благосостојба на граѓаните, а за тоа ќе придонесат и осумте нови странски инвестиции кои владата веќе ги договори. Забрзаната економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија веќе започна, а на тоа посветено работи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Со развојниот буџет за 2025 година ќе се обезбеди забрзана економска и финансиска трансформација на Македонија appeared first on Република.

Лефков: Буџетот за 2025 е развоен, раст на економијата од 3.7%, повисоки плати и пензии и економска трансформација за државата https://republika.mk/vesti/ekonomija/lefkov-budhetot-za-2025-e-razvoen-rast-na-ekonomijata-od-3-7-povisoki-plati-i-penzii-i-ekonomska-transformatsija-za-drzhavata/ Fri, 15 Nov 2024 12:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=838096

Буџетот за 2025 година кој го предлага Владата на ВМРО-ДПМНЕ е развоен и има за цел економска трансформација на Македонија. Со Буџетот се има за цел да се подржи економскиот раст, кој е проектиран на 3.7%, соопшти Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

За разлика од времето на СДС и ДУИ, со напорна работа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само неколку месеци имаме реално зголемување на приходите од даноци и царини уште оваа година, а тоа е проектирано да се прелее и во 2025 година. Со Буџетот се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега. Додека растот на приходите од царини ќе биде 20%. Зголемените приходи во Буџетот ќе значат повеќе пари за народот.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2025 година со буџетот предвидува повисоки плати за наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Ќе има повеќе за сите. Покачување ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и полицијата. Во 2025 година следува и второто зголемување на пензиите од 2500 денари за сите пензионери - изјави Лефков.

Тој додаде, покрај тоа што Владата зголемува во делот на средствата кои одат директно кај народот, истата проектира намалување во ставката набавка на стоки и услуги за 0.5%. 2025 година ќе биде развојна година, со многу инвестиции, развој на компаниите и зголемена благостојба за граѓаните.

Владата договори 8 нови странски инвестиции, кои се договорени за помалку од 5 месеци. Темпото за нови инвестиции продолжува и во 2025 година. ВМРО-ДПМНЕ работи на забрзана трансформација на државата - потенцира Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Лефков: Буџетот за 2025 е развоен, раст на економијата од 3.7%, повисоки плати и пензии и економска трансформација за државата appeared first on Република.

]]>

Буџетот за 2025 година кој го предлага Владата на ВМРО-ДПМНЕ е развоен и има за цел економска трансформација на Македонија. Со Буџетот се има за цел да се подржи економскиот раст, кој е проектиран на 3.7%, соопшти Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
За разлика од времето на СДС и ДУИ, со напорна работа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само неколку месеци имаме реално зголемување на приходите од даноци и царини уште оваа година, а тоа е проектирано да се прелее и во 2025 година. Со Буџетот се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега. Додека растот на приходите од царини ќе биде 20%. Зголемените приходи во Буџетот ќе значат повеќе пари за народот. Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2025 година со буџетот предвидува повисоки плати за наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Ќе има повеќе за сите. Покачување ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и полицијата. Во 2025 година следува и второто зголемување на пензиите од 2500 денари за сите пензионери - изјави Лефков.
Тој додаде, покрај тоа што Владата зголемува во делот на средствата кои одат директно кај народот, истата проектира намалување во ставката набавка на стоки и услуги за 0.5%. 2025 година ќе биде развојна година, со многу инвестиции, развој на компаниите и зголемена благостојба за граѓаните.
Владата договори 8 нови странски инвестиции, кои се договорени за помалку од 5 месеци. Темпото за нови инвестиции продолжува и во 2025 година. ВМРО-ДПМНЕ работи на забрзана трансформација на државата - потенцира Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Лефков: Буџетот за 2025 е развоен, раст на економијата од 3.7%, повисоки плати и пензии и економска трансформација за државата appeared first on Република.

]]>
СДС како хумористичен стрип со 200 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ со буџет кој ќе донесе вистински развој на Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/sds-kako-humoristichen-strip-so-200-amandmani-vmro-dpmne-so-budhet-koj-ke-donese-vistinski-razvoj-na-makedonija/ Thu, 14 Nov 2024 18:06:24 +0000 https://republika.mk/?p=837639

СДС нема кредибилитет да го критикува буџетот за 2025 кој го донесе Владата, кога тие буџетот за 2024 го оставија неликвиден. СДС толку добро „работеше“, што од економијата во Македонија направија циркус, а државните каси ги оставија празни. Сега со крокодилски солзи и 200 амандмани, се прават дека се „загрижени“ за економијата, но прашањето е: Зошто не ги применуваа сите „генијални“ решенија додека имаа шанса?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ го менаџира буџетот со јасен фокус на намалување на дефицитот и зголемување на капиталните расходи со што ќе донесе вистински развој на државата.

Дефицитот е на ниво 4% во износ од 41 милијарда денари и номинално е понизок за 3,3%.

За време на СДС изнесуваше околу 4,7% и ова е јасен показател колку лошо ја менаџирале економијата, или пак само краделе, целата екипа на СДС се како хумористичен стрип.

Капиталните расходи се на ниво 50,6 милијарди денари кои бележат раст од 6 милијарди денари во однос на ребаланс на буџетот.

СДС недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, а студентите без оброци, стои во партиската реакција и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за образованието, постигна договор за раст на платите во образованието. Покачени беа платите на просветните работници, и ова покачување не е само 5% оваа година. Во следните 4 години нивните плати ќе се покачуваат за 7.5-10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10-12.5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години.

Со буџетот се обезбедени средства и за поддршка на животниот стандард. Пензиите од март ќе се зголемат за 2500 денари. За таа намена се обезбедени дополнителни 15 милијарди денари.

ВМРО-ДПМНЕ води сметка за сите граѓани од сите категории, особено за ранливите каде има зголемување 500 милиони денари.

СДС комплетно ги исклучи земјоделците, со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопанство и ЈП Македонски шуми ги остави без плати.

ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, со цел да им обезбеди подобар животен стандард, и ниедна категорија на граѓани да не биде запоставена.

Народот гледа, ВМРО-ДПМНЕ е тука за граѓаните!, стои во партиската реакција“.

The post СДС како хумористичен стрип со 200 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ со буџет кој ќе донесе вистински развој на Македонија appeared first on Република.

]]>

СДС нема кредибилитет да го критикува буџетот за 2025 кој го донесе Владата, кога тие буџетот за 2024 го оставија неликвиден. СДС толку добро „работеше“, што од економијата во Македонија направија циркус, а државните каси ги оставија празни. Сега со крокодилски солзи и 200 амандмани, се прават дека се „загрижени“ за економијата, но прашањето е: Зошто не ги применуваа сите „генијални“ решенија додека имаа шанса?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ го менаџира буџетот со јасен фокус на намалување на дефицитот и зголемување на капиталните расходи со што ќе донесе вистински развој на државата. Дефицитот е на ниво 4% во износ од 41 милијарда денари и номинално е понизок за 3,3%. За време на СДС изнесуваше околу 4,7% и ова е јасен показател колку лошо ја менаџирале економијата, или пак само краделе, целата екипа на СДС се како хумористичен стрип. Капиталните расходи се на ниво 50,6 милијарди денари кои бележат раст од 6 милијарди денари во однос на ребаланс на буџетот. СДС недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, а студентите без оброци, стои во партиската реакција и се додава:
„ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за образованието, постигна договор за раст на платите во образованието. Покачени беа платите на просветните работници, и ова покачување не е само 5% оваа година. Во следните 4 години нивните плати ќе се покачуваат за 7.5-10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10-12.5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години. Со буџетот се обезбедени средства и за поддршка на животниот стандард. Пензиите од март ќе се зголемат за 2500 денари. За таа намена се обезбедени дополнителни 15 милијарди денари. ВМРО-ДПМНЕ води сметка за сите граѓани од сите категории, особено за ранливите каде има зголемување 500 милиони денари. СДС комплетно ги исклучи земјоделците, со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопанство и ЈП Македонски шуми ги остави без плати. ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, со цел да им обезбеди подобар животен стандард, и ниедна категорија на граѓани да не биде запоставена. Народот гледа, ВМРО-ДПМНЕ е тука за граѓаните!, стои во партиската реакција“.

The post СДС како хумористичен стрип со 200 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ со буџет кој ќе донесе вистински развој на Македонија appeared first on Република.

]]>
Филипче: Буџетот за 2025 година ќе ја загрози финансиската стабилност на државата https://republika.mk/vesti/ekonomija/filipche-budhetot-za-2025-godina-ke-ja-zagrozi-finansiskata-stabilnost-na-drzhavata/ Thu, 14 Nov 2024 15:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=837662

Фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја уништи финансиската стабилност на земјата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред за расправа е Буџетот за 2025 година.

Зборувајќи за фискалните политики предложени во новиот Буџет, Филипче потенцираше дека нереалните високи стапки за економски раст не се ништо друго освен изговор за планираната зголемена буџетска дупка и нови задолжувања.

„Владата предвидува раст на БДП од 3,7% за 2025 година. Народната банка го проектираше растот на 3,3%, а Светската банка е уште попесимистична со 2,5%. Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. И ова мора да биде јасно, таквиот пристап не значи развој. Тоа значи дека Владата планира да троши повеќе отколку што заработува. И кој ќе го враќа тој долг? Ќе ги зголемиме ли даноците? Ќе ги скратиме ли јавните услуги? Ќе се задолжуваме?“, посочи Филипче.

При тоа, Филипче нагласи дека ваквите планирани параметри упатуваат на тоа дека Македонија е единствена земја во регионот која не планира фискална консолидација.

„Сите други земји од Западниот Балкан уште во 2024 година, буџетскиот дефицит го сведоа под 3% од БДП. Јавниот долг веќе годинава силно ќе ја помине границата од 60%. Со еден збор ова е фискална политика за уништување на финансиската стабилност на земјата“, нагласи Филипче.

Во обраќањето пред пратениците, Филипче порача вака како што е скроена новата буџетска каса, јасно е дека и во наредните години ќе ги има истите нереални проекции, истата безидејност и истото неодговорно трошење.

The post Филипче: Буџетот за 2025 година ќе ја загрози финансиската стабилност на државата appeared first on Република.

]]>

Фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја уништи финансиската стабилност на земјата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред за расправа е Буџетот за 2025 година. Зборувајќи за фискалните политики предложени во новиот Буџет, Филипче потенцираше дека нереалните високи стапки за економски раст не се ништо друго освен изговор за планираната зголемена буџетска дупка и нови задолжувања.
„Владата предвидува раст на БДП од 3,7% за 2025 година. Народната банка го проектираше растот на 3,3%, а Светската банка е уште попесимистична со 2,5%. Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. И ова мора да биде јасно, таквиот пристап не значи развој. Тоа значи дека Владата планира да троши повеќе отколку што заработува. И кој ќе го враќа тој долг? Ќе ги зголемиме ли даноците? Ќе ги скратиме ли јавните услуги? Ќе се задолжуваме?“, посочи Филипче.
При тоа, Филипче нагласи дека ваквите планирани параметри упатуваат на тоа дека Македонија е единствена земја во регионот која не планира фискална консолидација.
„Сите други земји од Западниот Балкан уште во 2024 година, буџетскиот дефицит го сведоа под 3% од БДП. Јавниот долг веќе годинава силно ќе ја помине границата од 60%. Со еден збор ова е фискална политика за уништување на финансиската стабилност на земјата“, нагласи Филипче.
Во обраќањето пред пратениците, Филипче порача вака како што е скроена новата буџетска каса, јасно е дека и во наредните години ќе ги има истите нереални проекции, истата безидејност и истото неодговорно трошење.

The post Филипче: Буџетот за 2025 година ќе ја загрози финансиската стабилност на државата appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-predlog-budhetot-e-razvoen-so-sotsijalna-komponenta/ Thu, 14 Nov 2024 11:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=837615

Предлог-буџетот за 2025 година се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции и обезбедува непречено функционирање на институциите на државата и редовно сервисирање на обврските, нагласи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во нејзиното обраќање пред пратениците на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Според Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента, во кој дополнителна карактеристика е тоа што трендот на раст на расходите е понизок од трендот на раст на приходите, односно приходите се зголемени за 13 проценти, а расходите за 10 проценти во однос на 2024 година, што придонесува кон консолидација и намалување на буџетскиот дефицит за околу 3,3 милијарди денари.

Ова е прв буџет којшто го предлагам како министер за финансии и прв буџет на оваа Влада. Зад бројките стои нов концепт. Бројки кои покажуваат борба со сивата економија, борба со криминалот, бројки кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст и одржливост на долг рок. Фискалната политика за 2025 година е во функција на натамошна консолидација, реструктуирање и оптимизирање на јавните приходи и расходи со намалување на нивото на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и поттикнување на економската активност преку реализирани инфраструктурните расходи. Очекуваните резултати се во остварување повисоки стапки на економски раст, повисоки плати, подобар стандард за пензионерите, подобри услови за живот преку реализација на општинските проекти и инфрструктурните проекти, а сето тоа ќе биде поттикнато и од спроведување на реформите со поддршка на Планот за раст за Западен Балкан - рече Димитриеска-Кочоска.

Во креирањето на Буџетот, како што посочи, е тргнато од определбата за намалување на буџетскиот дефицит и ефикасно прибирање на приходите, преку борба со сивата економија и ефикасност во користењето на сите средства. Во таа насока се поттикнати институциите коишто имаат сопствени средства да ги ефектуираат и да ги користат. Износот на средствата заклучно со 12 ноември во буџетските корисници е над 14 милијарди денари.

Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 проценти, како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и поумерениот притисок од базичната инфлација.

Извозот се очекува да има раст од 4,2 проценти, а увозот од 4,4 проценти како резултат на очекувањата за постепено стабилизирање на меѓународното опкружување и зголемување на надворешната побарувачка.

Очекувањата се дека позитивните макроекономски движења ќе продолжат и во 2025 година и економскиот раст ќе забрза на 3,7 проценти како резултат на позначителениот раст на инвестициите, солидното зголемување на потрошувачката и закрепнувањето на надворешната побарувачка. Најголем придонес кон растот во 2025 година се очекува да имаат бруто-инвестициите со раст од 8,1 проценти преку интензивирање на реализацијата на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, како и проектите во енергетиката, земјоделството, образованието и здравството. Дополнително, растот ќе биде поддржан преку поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции. Значителен придонес се очекува и од инвестициската активност на домашните компании, како резултат на финансиските средства обезбедени преку заемот од Унгарија.

Ваквото основно макроекономско сценарио сепак е придружено со ризици, коишто се оценуваат како надолни во однос на проектираниот економски раст. Ризиците во однос на надворешното окружување и понатаму се поврзани со геополитичките тензии. Војната во Украина има негативно влијание врз европската економија, особено врз Германија, којашто е наш најзначаен извозен пазар, и заедно со конфликтот на Блискиот Исток влијае врз глобалната перцепција за мир - нагласи Димитриеска-Кочоска.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП.

Вкупните даночни приходи се проектирани на ниво од 202,2 милијарди денари, што претставува раст од 12,8 проценти во однос на планираните даночни приходи за 2024 година, со удел од 19,8 проценти во планираниот БДП за 2025 година. Кај приходите од данокот на личен доход се очекува раст од 13,1 проценти, кај приходите од данокот на добивка за 10,3 проценти, а пораст се очекува и кај приходите од ДДВ кои ќе учествуваат со 42,9 проценти во вкупните даночни приходи, додека приходите од акцизи е предвидено да забележат раст од 18,6 проценти.

Кај расходите, делот на плати е проектиран на ниво од околу 48,1 милијарди денари и споредено со 2024 година е на повисоко ниво за околу 8 проценти. Тука е вкучено усогласување на платите согласно колективните договори во повеќе дејности, додека новите вработувања ќе се реализираат првенствено преку мобилност и преземање на вработени од други институции од јавниот сектор. Во делот на платите се имплементирани донесените владини мерки и препораки за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор врз основа на функционална анализа, а со цел зголемување на мотивот за професионално и квалитетно исполнување на работните задачи.

За исплата на пензиите планирани се 105,5 милијарди денари каде се вклучени и ветените 2.500 денари што пензионерите треба да ги добијат со мартовската пензија.

Министерката за финансии се надева дека во наредните 10 дена во Собранието ќе има конструктивна дебата за овој најзначен економски документ.

Опизицијата, според која Предлог-буџетот е неразвоен, најави поднесување на околу 200 амандмани.

Комисиската расправа, според новиот Деловник, би можела да трае до 30 ноември по што Предлог-буџетот треба да биде донесен на пленарна седница. Претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за МИА соопшти дека во втората половина на декември се очекува Предлог-буџетот да се најде на пленарна седница.

The post Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента appeared first on Република.

]]>

Предлог-буџетот за 2025 година се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции и обезбедува непречено функционирање на институциите на државата и редовно сервисирање на обврските, нагласи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во нејзиното обраќање пред пратениците на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Според Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента, во кој дополнителна карактеристика е тоа што трендот на раст на расходите е понизок од трендот на раст на приходите, односно приходите се зголемени за 13 проценти, а расходите за 10 проценти во однос на 2024 година, што придонесува кон консолидација и намалување на буџетскиот дефицит за околу 3,3 милијарди денари.
Ова е прв буџет којшто го предлагам како министер за финансии и прв буџет на оваа Влада. Зад бројките стои нов концепт. Бројки кои покажуваат борба со сивата економија, борба со криминалот, бројки кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст и одржливост на долг рок. Фискалната политика за 2025 година е во функција на натамошна консолидација, реструктуирање и оптимизирање на јавните приходи и расходи со намалување на нивото на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и поттикнување на економската активност преку реализирани инфраструктурните расходи. Очекуваните резултати се во остварување повисоки стапки на економски раст, повисоки плати, подобар стандард за пензионерите, подобри услови за живот преку реализација на општинските проекти и инфрструктурните проекти, а сето тоа ќе биде поттикнато и од спроведување на реформите со поддршка на Планот за раст за Западен Балкан - рече Димитриеска-Кочоска.
Во креирањето на Буџетот, како што посочи, е тргнато од определбата за намалување на буџетскиот дефицит и ефикасно прибирање на приходите, преку борба со сивата економија и ефикасност во користењето на сите средства. Во таа насока се поттикнати институциите коишто имаат сопствени средства да ги ефектуираат и да ги користат. Износот на средствата заклучно со 12 ноември во буџетските корисници е над 14 милијарди денари. Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 проценти, како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и поумерениот притисок од базичната инфлација. Извозот се очекува да има раст од 4,2 проценти, а увозот од 4,4 проценти како резултат на очекувањата за постепено стабилизирање на меѓународното опкружување и зголемување на надворешната побарувачка. Очекувањата се дека позитивните макроекономски движења ќе продолжат и во 2025 година и економскиот раст ќе забрза на 3,7 проценти како резултат на позначителениот раст на инвестициите, солидното зголемување на потрошувачката и закрепнувањето на надворешната побарувачка. Најголем придонес кон растот во 2025 година се очекува да имаат бруто-инвестициите со раст од 8,1 проценти преку интензивирање на реализацијата на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, како и проектите во енергетиката, земјоделството, образованието и здравството. Дополнително, растот ќе биде поддржан преку поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции. Значителен придонес се очекува и од инвестициската активност на домашните компании, како резултат на финансиските средства обезбедени преку заемот од Унгарија.
Ваквото основно макроекономско сценарио сепак е придружено со ризици, коишто се оценуваат како надолни во однос на проектираниот економски раст. Ризиците во однос на надворешното окружување и понатаму се поврзани со геополитичките тензии. Војната во Украина има негативно влијание врз европската економија, особено врз Германија, којашто е наш најзначаен извозен пазар, и заедно со конфликтот на Блискиот Исток влијае врз глобалната перцепција за мир - нагласи Димитриеска-Кочоска.
Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП. Вкупните даночни приходи се проектирани на ниво од 202,2 милијарди денари, што претставува раст од 12,8 проценти во однос на планираните даночни приходи за 2024 година, со удел од 19,8 проценти во планираниот БДП за 2025 година. Кај приходите од данокот на личен доход се очекува раст од 13,1 проценти, кај приходите од данокот на добивка за 10,3 проценти, а пораст се очекува и кај приходите од ДДВ кои ќе учествуваат со 42,9 проценти во вкупните даночни приходи, додека приходите од акцизи е предвидено да забележат раст од 18,6 проценти. Кај расходите, делот на плати е проектиран на ниво од околу 48,1 милијарди денари и споредено со 2024 година е на повисоко ниво за околу 8 проценти. Тука е вкучено усогласување на платите согласно колективните договори во повеќе дејности, додека новите вработувања ќе се реализираат првенствено преку мобилност и преземање на вработени од други институции од јавниот сектор. Во делот на платите се имплементирани донесените владини мерки и препораки за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор врз основа на функционална анализа, а со цел зголемување на мотивот за професионално и квалитетно исполнување на работните задачи. За исплата на пензиите планирани се 105,5 милијарди денари каде се вклучени и ветените 2.500 денари што пензионерите треба да ги добијат со мартовската пензија. Министерката за финансии се надева дека во наредните 10 дена во Собранието ќе има конструктивна дебата за овој најзначен економски документ. Опизицијата, според која Предлог-буџетот е неразвоен, најави поднесување на околу 200 амандмани. Комисиската расправа, според новиот Деловник, би можела да трае до 30 ноември по што Предлог-буџетот треба да биде донесен на пленарна седница. Претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за МИА соопшти дека во втората половина на декември се очекува Предлог-буџетот да се најде на пленарна седница.

The post Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента appeared first on Република.

]]>
Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани https://republika.mk/vesti/ekonomija/filipche-sdsm-nema-da-glasa-za-vakov-budhet-i-ke-podnese-200-amandmani/ Wed, 13 Nov 2024 12:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=837200

Предлог Буџетот за 2025 година е првиот буџет што оваа Влада го предлага, и токму во него граѓаните очекуваа политики кои ќе донесат подобар живот и економски развој. Но, наместо тоа, добивме документ без визија и креативност, кој е нереален, неразвоен и недомаќински, со цел да ги задоволи само предизборните активности. Овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и уште една изгубена година за економијата и за граѓаните, истакна на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Овој буџет, како што е предложен, е скроен да ги задоволи потребите на власта, а не на граѓаните. Со раст на БДП од 3,7% што Владата го предвидува, а кој нема шанси да биде постигнат, овој буџет е уште еден обид за замајување на јавноста, рече Филипче.

Тој нагласи дека и проекциите на Народната банка и Светската банка се под овие бројки, со што станува јасно дека овие бројки нема да донесат реален економски раст, туку зголемување на јавниот долг.

Сите овие податоци покажуваат дека Владата е подготвена да ги задолжува граѓаните до следните три поколенија, без да создаде развој“, продолжи Филипче. Тој потсети и дека власта со својот прв Предлог Буџет постапува незаконски, со дефицит од 4% од БДП, спротивен на законските ограничувања кои дозволуваат максимум 3%.

Со ваков пристап само го оптоваруваме буџетот, што на крајот ќе значи зголемени даноци или кратења на јавните услуги за граѓаните, додаде тој.

Дополнително, Филипче остро ја критикуваше Владата за зголемување на непродуктивните трошоци и кратење на капиталните инвестиции во клучни сектори како здравство и образование.

Зголемувањето на средствата за стоки и услуги и договорни услуги, наспроти кратењата во клучни сектори, само потврдува дека оваа власт нема концепт за развој. Граѓаните заслужуваат повеќе вложувања во образование и здравство, а не бесмислени трошоци, рече тој.

Претседателот на СДСМ исто така се осврна на средствата од заемот од Унгарија, планирани за поволни кредити преку деловните банки, за кои Владата се согласи граѓаните да ги плаќаат каматите.

Зошто Владата ги задолжува граѓаните за да ги плаќа банкарските камати на компании кои не придонесуваат за подобрување на животниот стандард на луѓето? праша Филипче.

Филипче потенцираше и дека капиталните инвестиции во предлог буџетот покажуваат целосна безидејност. Владата нема ниту еден сопствен проект, а капиталните проекти кои СДСМ ги започна, како коридорите на Бехтел и Енка, остануваат единствените што ќе се реализираат,  изјави тој.
Притоа, Владата не предвидела значајни средства за модернизација на енергетски капацитети, гасификација или проекти за енергетска ефикасност. „Енергетската трансформација што ја започна СДСМ, како и поддршката за земјоделството, сега се намалени и занемарени. Оваа Влада не се грижи за долгорочен развој и остави земјоделците и малите претпријатија без соодветна поддршка“, рече Филипче.

Ова е буџет што ги запоставува малите и средни претпријатија, кои сочинуваат околу 80% од работните места во земјата. Од 80 милиони денари, поддршката за МСП е намалена на само 18 милиони денари. Владата со ова јасно покажува дека ги фаворизира странските инвестиции на сметка на домашната економија, додаде тој.

Филипче истакна дека СДСМ нема да гласа за ваков буџет и дека поднесе 200 амандмани кои целат кон подобрување на клучните фискални политики. „Преку овие амандмани, ние предлагаме зголемување на платите во јавниот сектор, посебно во образованието, полицијата и за пожарникарите, како и инвестиции во напредни технолошки средства за подобрување на безбедноста на граѓаните,“ истакна тој.

Според амандманите, СДСМ предлага одвојување на 3.500.000.000 денари од Буџетот за следната година за зголемување на платите во јавниот сектор. Со амандман којшто се однесува на образованието, СДСМ предлага издвојување на 996.406.000 денари за зголемување на платите на наставниците од основно и средно образование. Во полицијата, со амандман СДСМ предлага покачување на платите од 20%, додека, пак, за платите на пожарникарите да се издвојат 1.000.000.000 денари во Буџетот за 2025 година.

Филипче посочи и на амандманите за здравство, кои се насочени кон подобрување на медицинската инфраструктура и услуги, како и инвестиции во нова опрема и обука на медицинскиот персонал. Дополнително, амандманите во делот на енергетика и животна средина се насочени кон еколошки и одржлив развој, вклучувајќи субвенции за електрични возила и поддршка за проекти за производство на водород.

Нашите амандмани ќе придонесат за рамномерен и одржлив развој и ќе ја поттикнат македонската економија кон вистински напредок. Веруваме дека ова е буџет што може да одговори на реалните потреби на граѓаните, но само со конструктивни измени и зголемени капитални инвестиции, заклучи Филипче.

The post Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани appeared first on Република.

]]>

Предлог Буџетот за 2025 година е првиот буџет што оваа Влада го предлага, и токму во него граѓаните очекуваа политики кои ќе донесат подобар живот и економски развој. Но, наместо тоа, добивме документ без визија и креативност, кој е нереален, неразвоен и недомаќински, со цел да ги задоволи само предизборните активности. Овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и уште една изгубена година за економијата и за граѓаните, истакна на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Овој буџет, како што е предложен, е скроен да ги задоволи потребите на власта, а не на граѓаните. Со раст на БДП од 3,7% што Владата го предвидува, а кој нема шанси да биде постигнат, овој буџет е уште еден обид за замајување на јавноста, рече Филипче. Тој нагласи дека и проекциите на Народната банка и Светската банка се под овие бројки, со што станува јасно дека овие бројки нема да донесат реален економски раст, туку зголемување на јавниот долг. Сите овие податоци покажуваат дека Владата е подготвена да ги задолжува граѓаните до следните три поколенија, без да создаде развој“, продолжи Филипче. Тој потсети и дека власта со својот прв Предлог Буџет постапува незаконски, со дефицит од 4% од БДП, спротивен на законските ограничувања кои дозволуваат максимум 3%. Со ваков пристап само го оптоваруваме буџетот, што на крајот ќе значи зголемени даноци или кратења на јавните услуги за граѓаните, додаде тој. Дополнително, Филипче остро ја критикуваше Владата за зголемување на непродуктивните трошоци и кратење на капиталните инвестиции во клучни сектори како здравство и образование. Зголемувањето на средствата за стоки и услуги и договорни услуги, наспроти кратењата во клучни сектори, само потврдува дека оваа власт нема концепт за развој. Граѓаните заслужуваат повеќе вложувања во образование и здравство, а не бесмислени трошоци, рече тој. Претседателот на СДСМ исто така се осврна на средствата од заемот од Унгарија, планирани за поволни кредити преку деловните банки, за кои Владата се согласи граѓаните да ги плаќаат каматите. Зошто Владата ги задолжува граѓаните за да ги плаќа банкарските камати на компании кои не придонесуваат за подобрување на животниот стандард на луѓето? праша Филипче. Филипче потенцираше и дека капиталните инвестиции во предлог буџетот покажуваат целосна безидејност. Владата нема ниту еден сопствен проект, а капиталните проекти кои СДСМ ги започна, како коридорите на Бехтел и Енка, остануваат единствените што ќе се реализираат,  изјави тој. Притоа, Владата не предвидела значајни средства за модернизација на енергетски капацитети, гасификација или проекти за енергетска ефикасност. „Енергетската трансформација што ја започна СДСМ, како и поддршката за земјоделството, сега се намалени и занемарени. Оваа Влада не се грижи за долгорочен развој и остави земјоделците и малите претпријатија без соодветна поддршка“, рече Филипче. Ова е буџет што ги запоставува малите и средни претпријатија, кои сочинуваат околу 80% од работните места во земјата. Од 80 милиони денари, поддршката за МСП е намалена на само 18 милиони денари. Владата со ова јасно покажува дека ги фаворизира странските инвестиции на сметка на домашната економија, додаде тој. Филипче истакна дека СДСМ нема да гласа за ваков буџет и дека поднесе 200 амандмани кои целат кон подобрување на клучните фискални политики. „Преку овие амандмани, ние предлагаме зголемување на платите во јавниот сектор, посебно во образованието, полицијата и за пожарникарите, како и инвестиции во напредни технолошки средства за подобрување на безбедноста на граѓаните,“ истакна тој. Според амандманите, СДСМ предлага одвојување на 3.500.000.000 денари од Буџетот за следната година за зголемување на платите во јавниот сектор. Со амандман којшто се однесува на образованието, СДСМ предлага издвојување на 996.406.000 денари за зголемување на платите на наставниците од основно и средно образование. Во полицијата, со амандман СДСМ предлага покачување на платите од 20%, додека, пак, за платите на пожарникарите да се издвојат 1.000.000.000 денари во Буџетот за 2025 година. Филипче посочи и на амандманите за здравство, кои се насочени кон подобрување на медицинската инфраструктура и услуги, како и инвестиции во нова опрема и обука на медицинскиот персонал. Дополнително, амандманите во делот на енергетика и животна средина се насочени кон еколошки и одржлив развој, вклучувајќи субвенции за електрични возила и поддршка за проекти за производство на водород. Нашите амандмани ќе придонесат за рамномерен и одржлив развој и ќе ја поттикнат македонската економија кон вистински напредок. Веруваме дека ова е буџет што може да одговори на реалните потреби на граѓаните, но само со конструктивни измени и зголемени капитални инвестиции, заклучи Филипче.

The post Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани appeared first on Република.

]]>
Новиот германски министер за финансии Кукис потврди дека не планира да го замрзне буџетот https://republika.mk/vesti/svet/noviot-germanski-minister-za-finansii-kukis-potvrdi-deka-ne-planira-da-go-zamrzne-budhetot/ Tue, 12 Nov 2024 19:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=836940

Новиот германски министер за финансии Јерг Кукис денеска изјави дека по распадот на германската владејачка коалиција, не планира да го замрзне буџетот за оваа година.

„Како што стојат работите, владата ќе може да ја помине оваа година без никакви проблеми“, рече Кукис.

Тој потврди дека за следната година ќе се состави предлог-буџет, бидејќи „нереално е Бундестагот да го усвои буџетот пред вонредните избори во март“.

Кукис додаде дека е премногу рано да се каже дали ќе бидат потребни дополнителни буџетски мерки во 2024 година, бидејќи средствата кои веќе не се потребни за субвенционирање на новите погони за производство на чипови на компанијата Интел може да се користат за покривање на буџетските недостатоци.

Минатата недела германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, што доведе до колапс на владејачката коалиција.

Како што претходно денеска објавија германските медиуми, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Слободната демократска партија (ФДП) предложија на 23 февруари да се одржат предвремени парламентарни избори.

Се очекува, Шолц да побара од Бундестагот гласање за доверба на владата на 16 декември. Очекуваниот пораз во гласањето за доверба ќе го поттикне процесот на нови избори.

The post Новиот германски министер за финансии Кукис потврди дека не планира да го замрзне буџетот appeared first on Република.

Предлог буџетот за 2025 оди во Собрание, Димитриеска-Кочоска најавува раст темелен на реални инвестиции https://republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-budhetot-za-2025-odi-vo-sobranie-dimitrieska-kochoska-najavuva-rast-temelen-na-realni-investitsii/ Fri, 01 Nov 2024 12:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=833106

Стапката на раст ја темелиме на реални инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ветувајќи реална реализација на планираните 50 милијарди денари за капитални инвестиции со Предлог-буџетот за 2025 година, што денеска ќе биде доставен до Собранието.

Буџетот вклучува 50 милијарди денари, односно 830-40 милиони евра за капитални инвестиции. Коридорите 8 и 10 Д, каде министерот репреговара во насока на тоа да имаме реална реализација, се еден од приоритетите, исто така и општините, а приоритет се и проектите за финансирање на енергетска ефикасност, за олеснување на трговија и транспорт во Западен Балкан, за администрирање на социјалното осигурување, за модернизација на земјоделството, регионален проект за отпад, за подобрување на водна инфраструктура, реконструкција на казнено-поправни установи. Во Образование, покрај обнова на студентските домови во преговори сме за доизградба на училишта и спортски сали - изјави Димитриеска Кочоска по брифингот со медиумите.

Коментирајќи ги сомнежите во однос на остварувањето на процентот на БДП од 3,7 проценти, изнесе податоци за претходните години и аргументи за плановите за следната година, потенцирајќи дека реалните инвестиции во годините наназад не изнесувале повеќе од 15 милијарди денари.

Во 2022 година во делот на капитални инвестиции сме имале 18 милијарди денари реализација, меѓутоа таа реализација кога ќе тргнете да ја анализирате нагоре се во суштина класични трансфери коишто се префрлани до јавни претпријатија и акционерски друштва при што во овој дел 14 милијарди не се влезени оние паднати гаранции. Знаете колку била реализацијата на капиталните инвестиции во 2022 година, и ако на тоа или од тој износ го одземете овој ќе видите колку е реалната реализација на капиталните инвестиции. Морам да напоменам дека има и многу капитални трансфери коишто исто така се направени за некакви нефинансиски или нематеријални вложувања и тоа е веќе прашање исто така каков тип на инвестиции се, дали дава некаква дополнителна вредност - рече министерката за финансии.

Во 2023 година, како што дополни, иако во планот биле буџетирани 17 милијарди се завршува со 23 милијарди повторно на вакви инвестиции, односно евидентирани како инвестиции кои во реалноста завршувале за плати, за набавка на репроматеријали итн. И плус на ова додадете ги повторно паднатите гаранции коишто ги имаме во износ поголем од пет милијарди денари и две милијарди на општините трансфер на крајот на 2023 коишто до овој момент имаат премногу слаба реализација. Кога ќе ги соберете математиките ќе видите дека ние реално во годините не сме инвестирале повеќе од 15 милијарди денари реално.

За споредба, во 2025 година такви работи нема. Трансфери за ЕСМ нема, трансфери во однос на одредени јавни претпријатија се предвидени, но во многу помал износ или се пренасочени на други ставки, а не да ги „билдаме“ капиталните, што значи дека она што го гледате како 50 милијарди денари се реални инвестиции - рече Димитриеска Кочоска.

Според неа, проектите за изградбата на автопатот Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани покажуваат дека во минатото немало никаков интерес за реализација на капитални инвестиции.

Она што бев многу шокирана изминативе денови беше тоа дека имаме одобрено средства за изградба на Скопје – Блаце и Букојчани – Кичево, што се поразлични кредити од она што е сега проектот за Коридорот 8 и Коридорот 10, одобрени уште во 2021 година и се поставува прашањето зошто не се почнало со реализација на тие проекти. Кој е виновен за тоа? Парите се одобрени, едниот од ЕИБ, а другиот беше чинам од ЕБРД. Значи, два проекти 3-4 години наназад одобрени заедно во соработка со претходната влада. Ова само покажува дека воопшто немало никаков интерес за реализација на капитални инвестиции. Многу било полесно овие 23 милијарди, 30 милијарди трансфери кон јавни претпријатија, акционерски друштва, уништувања на тие друштва и денес креирање на дополнителни проблеми. Е тоа е тоа што ние денес го менуваме. Ваквата политика ни донесе стапка на раст таква каква што имавме во минатото, а ние нашата стапка на раст ја темелиме на реални инвестиции - наведе Димитриеска Кочоска.

При проектирањето на Буџетот, имало големи барања од страна на министерствата, а доколку биле вклучени сите барања посочи дека буџетскиот дефицитот ќе изнесувал 13,5 проценти односно над две милијарди евра.

Имаме, информираше министерката, 3,5 милијарди зголемување на ставката на плати, 2 милијарди зголемување во блок дотации, кои се за образование повеќе, во делот на Фондот за здравство зголемување од 5,2 милијарди денари, кои треба да ги обезбедат дополнително платите на здравствените работници и плус на тоа има бафер од 2 милијарди денари во функции на држава, средства коишто ќе можеме да ги спуштиме откако ќе знаеме што е постигнато и договорено на Социо-економскиот совет којшто го предводи министерот за економија.

Планирани се 15 милијарди денари зголемување на ставката на пензии, уште 2 милијарди денари зголемување кон Фондот за здравствео осигурување по овој основ. Тоа се средства коишто како растат пензиите така треба како процент да се зголемуваат и кон Фондот за здравствено осигурување. Кај социјалните трансфери има околу 500 милиони денари зголемување во однос на ребалансот на Буџетот, а од проектите коишто треба да ги воспостави Министерството за социјала, министерката за финансии рече дека очекува со воведување на единствен регистар за податоци да има правилно искористување на средствата наменети за социјална помош.

Владата на седница во вторникот го усвои Предлог буџетот за 2025, со проектирани приходи во вредност од 5,8 милијарди евра и расходите 6,5 милијарди евра. По доставувањето во Собранието, следува 10-дневна расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет. Буџетскиот дефицит е проектиран на четири проценти, а инфлацијата 2,2 проценти.

The post Предлог буџетот за 2025 оди во Собрание, Димитриеска-Кочоска најавува раст темелен на реални инвестиции appeared first on Република.

]]>

Стапката на раст ја темелиме на реални инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ветувајќи реална реализација на планираните 50 милијарди денари за капитални инвестиции со Предлог-буџетот за 2025 година, што денеска ќе биде доставен до Собранието.
Буџетот вклучува 50 милијарди денари, односно 830-40 милиони евра за капитални инвестиции. Коридорите 8 и 10 Д, каде министерот репреговара во насока на тоа да имаме реална реализација, се еден од приоритетите, исто така и општините, а приоритет се и проектите за финансирање на енергетска ефикасност, за олеснување на трговија и транспорт во Западен Балкан, за администрирање на социјалното осигурување, за модернизација на земјоделството, регионален проект за отпад, за подобрување на водна инфраструктура, реконструкција на казнено-поправни установи. Во Образование, покрај обнова на студентските домови во преговори сме за доизградба на училишта и спортски сали - изјави Димитриеска Кочоска по брифингот со медиумите.
Коментирајќи ги сомнежите во однос на остварувањето на процентот на БДП од 3,7 проценти, изнесе податоци за претходните години и аргументи за плановите за следната година, потенцирајќи дека реалните инвестиции во годините наназад не изнесувале повеќе од 15 милијарди денари.
Во 2022 година во делот на капитални инвестиции сме имале 18 милијарди денари реализација, меѓутоа таа реализација кога ќе тргнете да ја анализирате нагоре се во суштина класични трансфери коишто се префрлани до јавни претпријатија и акционерски друштва при што во овој дел 14 милијарди не се влезени оние паднати гаранции. Знаете колку била реализацијата на капиталните инвестиции во 2022 година, и ако на тоа или од тој износ го одземете овој ќе видите колку е реалната реализација на капиталните инвестиции. Морам да напоменам дека има и многу капитални трансфери коишто исто така се направени за некакви нефинансиски или нематеријални вложувања и тоа е веќе прашање исто така каков тип на инвестиции се, дали дава некаква дополнителна вредност - рече министерката за финансии.
Во 2023 година, како што дополни, иако во планот биле буџетирани 17 милијарди се завршува со 23 милијарди повторно на вакви инвестиции, односно евидентирани како инвестиции кои во реалноста завршувале за плати, за набавка на репроматеријали итн. И плус на ова додадете ги повторно паднатите гаранции коишто ги имаме во износ поголем од пет милијарди денари и две милијарди на општините трансфер на крајот на 2023 коишто до овој момент имаат премногу слаба реализација. Кога ќе ги соберете математиките ќе видите дека ние реално во годините не сме инвестирале повеќе од 15 милијарди денари реално.
За споредба, во 2025 година такви работи нема. Трансфери за ЕСМ нема, трансфери во однос на одредени јавни претпријатија се предвидени, но во многу помал износ или се пренасочени на други ставки, а не да ги „билдаме“ капиталните, што значи дека она што го гледате како 50 милијарди денари се реални инвестиции - рече Димитриеска Кочоска.
Според неа, проектите за изградбата на автопатот Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани покажуваат дека во минатото немало никаков интерес за реализација на капитални инвестиции.
Она што бев многу шокирана изминативе денови беше тоа дека имаме одобрено средства за изградба на Скопје – Блаце и Букојчани – Кичево, што се поразлични кредити од она што е сега проектот за Коридорот 8 и Коридорот 10, одобрени уште во 2021 година и се поставува прашањето зошто не се почнало со реализација на тие проекти. Кој е виновен за тоа? Парите се одобрени, едниот од ЕИБ, а другиот беше чинам од ЕБРД. Значи, два проекти 3-4 години наназад одобрени заедно во соработка со претходната влада. Ова само покажува дека воопшто немало никаков интерес за реализација на капитални инвестиции. Многу било полесно овие 23 милијарди, 30 милијарди трансфери кон јавни претпријатија, акционерски друштва, уништувања на тие друштва и денес креирање на дополнителни проблеми. Е тоа е тоа што ние денес го менуваме. Ваквата политика ни донесе стапка на раст таква каква што имавме во минатото, а ние нашата стапка на раст ја темелиме на реални инвестиции - наведе Димитриеска Кочоска.
При проектирањето на Буџетот, имало големи барања од страна на министерствата, а доколку биле вклучени сите барања посочи дека буџетскиот дефицитот ќе изнесувал 13,5 проценти односно над две милијарди евра. Имаме, информираше министерката, 3,5 милијарди зголемување на ставката на плати, 2 милијарди зголемување во блок дотации, кои се за образование повеќе, во делот на Фондот за здравство зголемување од 5,2 милијарди денари, кои треба да ги обезбедат дополнително платите на здравствените работници и плус на тоа има бафер од 2 милијарди денари во функции на држава, средства коишто ќе можеме да ги спуштиме откако ќе знаеме што е постигнато и договорено на Социо-економскиот совет којшто го предводи министерот за економија. Планирани се 15 милијарди денари зголемување на ставката на пензии, уште 2 милијарди денари зголемување кон Фондот за здравствео осигурување по овој основ. Тоа се средства коишто како растат пензиите така треба како процент да се зголемуваат и кон Фондот за здравствено осигурување. Кај социјалните трансфери има околу 500 милиони денари зголемување во однос на ребалансот на Буџетот, а од проектите коишто треба да ги воспостави Министерството за социјала, министерката за финансии рече дека очекува со воведување на единствен регистар за податоци да има правилно искористување на средствата наменети за социјална помош. Владата на седница во вторникот го усвои Предлог буџетот за 2025, со проектирани приходи во вредност од 5,8 милијарди евра и расходите 6,5 милијарди евра. По доставувањето во Собранието, следува 10-дневна расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет. Буџетскиот дефицит е проектиран на четири проценти, а инфлацијата 2,2 проценти.

The post Предлог буџетот за 2025 оди во Собрание, Димитриеска-Кочоска најавува раст темелен на реални инвестиции appeared first on Република.

]]>
Меџити: Во новиот буџет фокусот е ставен и на финансирањето на еколошките проекти https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-vo-noviot-budhet-fokusot-e-staven-i-na-finansiraneto-na-ekoloshkite-proekti/ Wed, 30 Oct 2024 15:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=832509

 Во новиот буџет фокусот е ставен и на финансирањето на еколошките проекти, за кои се уште се разговара и се водат консултации, вели првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Се уште разговараме, дебатираме, сме во консултации со сите министерства, сите ресори. Фокусот е ставен и на Министерство за екологија, затоа што тоа е во агендата на владата и затоа сме денеска тука на подготовки за СОР 29. Значи каде што ќе разгледаме новите можности, финансиски можности како да го решиме проблемот со загадувањето, проблемите со коишто се соочуваме. Исто така, што се однесува до определбите на ВЛЕН во текот на изборите беше и останува во фокус децентрализацијата којашто е битна за сите општини, но и за нашите оопштини. Оваа година се веќе наменети 100 милиони евра, наредната 250 милиони евра, и мислам дека тоа веќе ќе се чувствува во сите општини, бидејќи во сите општини ќе се работи на конкретни проблеми, на конкретни решенија од кои придобивки ќе добијат граѓаните во општините. Во фокусот е и образованието, не само со инвестиција што е предвидена за кампусот Мајка Тереза генерално образованието е најдобра инвестиција и ќе остане во нашите приоритети, рече Меџити прашан за коментар за буџетот за 2025 година.

Прашан има ли конкретни мерки како оваа зима да имаме помалку загаден воздух, тој најави дека е тоа комплексно прашање кое бара комплексни активности.

Тоа е комлексно прашање, значи и комплексна лепеза на активности оти не може преку ноќ да се реши. Но, добро е што трендот е на едно подобрување во однос на поранешниот период, секоја година значи периодот се скратува на загадувањето иако со тоа не треба да бидеме задоволни. Затоа работиме интензивно, секојдневно, како тоа да го решиме полека, но сигурно, значи со повеќе мерки почнувајќи и во соработка со локалната самоуправа, бидејќи и овие проекти се 40 отсто насочени во екологија, некаде за подземна инфраструктура, некаде за зелени површини. Во периодов ќе ве информираме речиси секоја недела со конкретни активности што ќе ги преземеме како Министерство, изјави Меџити кој денеска се обрати на настанот „Во пресрет на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на ОН за климатски примени – COP29: зголемување на амбициите и овозможување акција“, организиран од УНДП. 

The post Меџити: Во новиот буџет фокусот е ставен и на финансирањето на еколошките проекти appeared first on Република.

Проекцијата за раст за 2025 е 3,7отсто, но не би се изненадил ако биде и повеќе, најавува премиерот Мицкоски https://republika.mk/vesti/ekonomija/proektsijata-za-rast-za-2025-e-3-7otsto-no-ne-bi-se-iznenadil-ako-bide-i-poveke-najavuva-premierot-mitskoski/ Wed, 30 Oct 2024 12:26:36 +0000 https://republika.mk/?p=832434

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Предлог-буџетот за 2025 година што вчера помина на владина седница, деновиве да се најде пред пратениците. Економскиот раст проектиран на 3,7 проценти за следната година, вели дека може да биде и надминат доколку се реализираат најавените инвестиции на компаниите и капиталните инвестиции.

Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3 проценти, во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5 проценти, а не би се изненадил ако првиот квартал до година, ако биде се како што го проектираме со инвестициите на компаниите и со инвестициите на државата, да дојдеме и до четворка и не би се изненадил ако следната година биде 3,7 и повеќе, бидејќи такви се индикаторите со коишто сега во моментот располагаме. Има уште некои работи што треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики кои се уште не се отпочнати, а очекувам во периодот којшто следи, да отпочнат така што, проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако биде и повеќе - изјави Мицкоски по денешната посета на општина Ѓорче Петров.

За зголемувањето на платите, рече дека во Предлог-буџетот се одвоени средства за оваа намена и дека како резултат на постигнтиот договор со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) веќе од ноември вработените ќе го добијат првото зголемување. Очекува во понеделник или вторник да почнат и разговорите со синдикатот за здравство.

Вкупните приходи во Буџетот за 2025 се планирани на 358 милијарди денари, што е за 13 проценти повеќе од буџетот за 2024 година, додека вкупните расходи се проектирани на ниво на 400 милијарди денари, што е раст од 10 проценти во однос на буџетот за 2024 година. Економскиот раст е планиран на ниво од 3,7 проценти, буџетскиот дефицит на четири проценти, инфлацијата 2,2 процента.

Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот содржи мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст.

Предлог-буџетот треба да биде испратен до Собранието каде треба да го помине првиот филтер по што со евентуалните забелешки ќе се врати повторно во Владата на доработка и потоа на конечно усвојување во Собранието.

The post Проекцијата за раст за 2025 е 3,7отсто, но не би се изненадил ако биде и повеќе, најавува премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Предлог-буџетот за 2025 година што вчера помина на владина седница, деновиве да се најде пред пратениците. Економскиот раст проектиран на 3,7 проценти за следната година, вели дека може да биде и надминат доколку се реализираат најавените инвестиции на компаниите и капиталните инвестиции.
Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3 проценти, во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5 проценти, а не би се изненадил ако првиот квартал до година, ако биде се како што го проектираме со инвестициите на компаниите и со инвестициите на државата, да дојдеме и до четворка и не би се изненадил ако следната година биде 3,7 и повеќе, бидејќи такви се индикаторите со коишто сега во моментот располагаме. Има уште некои работи што треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики кои се уште не се отпочнати, а очекувам во периодот којшто следи, да отпочнат така што, проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако биде и повеќе - изјави Мицкоски по денешната посета на општина Ѓорче Петров.
За зголемувањето на платите, рече дека во Предлог-буџетот се одвоени средства за оваа намена и дека како резултат на постигнтиот договор со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) веќе од ноември вработените ќе го добијат првото зголемување. Очекува во понеделник или вторник да почнат и разговорите со синдикатот за здравство. Вкупните приходи во Буџетот за 2025 се планирани на 358 милијарди денари, што е за 13 проценти повеќе од буџетот за 2024 година, додека вкупните расходи се проектирани на ниво на 400 милијарди денари, што е раст од 10 проценти во однос на буџетот за 2024 година. Економскиот раст е планиран на ниво од 3,7 проценти, буџетскиот дефицит на четири проценти, инфлацијата 2,2 процента. Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот содржи мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст. Предлог-буџетот треба да биде испратен до Собранието каде треба да го помине првиот филтер по што со евентуалните забелешки ќе се врати повторно во Владата на доработка и потоа на конечно усвојување во Собранието.

The post Проекцијата за раст за 2025 е 3,7отсто, но не би се изненадил ако биде и повеќе, најавува премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Раст од 3,7 отсто, 6,5 милијарди евра за расходи, буџетски дефицит 4 отсто: Буџетот за 2025 е во интерес на граѓаните и економијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/rast-od-3-7-otsto-6-5-milijardi-evra-za-rashodi-budhetski-defitsit-4-otsto-budhetot-za-2025-e-vo-interes-na-graganite-i-ekonomijata/ Wed, 30 Oct 2024 09:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=832319

Раст од 3,7%, инфлација од 2,2%. Владата го скрои предлог-буџетот за идната 2025 година и се очекува да го испрати до Собранието.

Министерката за финансии вели дека буџетскиот дефицит ќе се стабилизира на 4% од Бруто домашниот производ. Расходите се планирани на 6,5 милијарди евра, што е раст за 10%, а приходите ќе пораснат за 13% на 5,82 милијарди евра.

За капитални инвестиции проектирани се рекордни 823 милиони евра. Токму оваа ставка, според Димитриевска Кочоска, гарантира економски раст. Уверува дека кога ќе се прави ребаланс на Буџетот на средина на годината, нема да се крати оваа ставка која во годините наназад беше прва од каде се кратеа пари поради лошата реализација на капиталните инвестиции.

Не може да се крати од оваа ставка зашто пред сѐ, најмногу средства имаме предвидени од кредити. Не знам колку претходно го давале Буџетот во детали, но во претходните години никогаш со кредити не биле финансирани толку проекти колку што се сега. Ако земеме предвид дека минатата недела бев на средби во САД, имав разговори со Светска банка и при тоа бевме опоменати како држава дека во изминатите години воопшто не се внимавало на проектит коишто тие ги финансираат, а денес многу разговаравме на Влада за истите тие проекти, нема причина да се сомневаме дека нема да има реализација - вели Димитриевска Кочоска.

Пари ќе има за раст за пензиите за 2.500 денари во март. За фондот за пензиско осигирување ќе добие додатоци од Буџетот во висина од 390 милиони евра. Поголем фонд за плати ќе имаат здравството и образованието.

Платите на функционерите нема да растат. Премиерот Христијан Мицкоски вети дека следната година избраните и именуваните функционери нема да добијат покачување. Се бара начин како да се смени Законот и да се намалат коефицинетите.

Не знам како е, треба да видат одговорните лица. Едно е сигурно, дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите - рече Мицкоски.

Владата има рок до 15 ноември да го испрати до Собранието. Пратениците прво 10 дена ќе дебатираат на комисиска расправа за него, а потоа уште три на пленарна седница.

The post Раст од 3,7 отсто, 6,5 милијарди евра за расходи, буџетски дефицит 4 отсто: Буџетот за 2025 е во интерес на граѓаните и економијата appeared first on Република.

]]>

Раст од 3,7%, инфлација од 2,2%. Владата го скрои предлог-буџетот за идната 2025 година и се очекува да го испрати до Собранието. Министерката за финансии вели дека буџетскиот дефицит ќе се стабилизира на 4% од Бруто домашниот производ. Расходите се планирани на 6,5 милијарди евра, што е раст за 10%, а приходите ќе пораснат за 13% на 5,82 милијарди евра. За капитални инвестиции проектирани се рекордни 823 милиони евра. Токму оваа ставка, според Димитриевска Кочоска, гарантира економски раст. Уверува дека кога ќе се прави ребаланс на Буџетот на средина на годината, нема да се крати оваа ставка која во годините наназад беше прва од каде се кратеа пари поради лошата реализација на капиталните инвестиции.
Не може да се крати од оваа ставка зашто пред сѐ, најмногу средства имаме предвидени од кредити. Не знам колку претходно го давале Буџетот во детали, но во претходните години никогаш со кредити не биле финансирани толку проекти колку што се сега. Ако земеме предвид дека минатата недела бев на средби во САД, имав разговори со Светска банка и при тоа бевме опоменати како држава дека во изминатите години воопшто не се внимавало на проектит коишто тие ги финансираат, а денес многу разговаравме на Влада за истите тие проекти, нема причина да се сомневаме дека нема да има реализација - вели Димитриевска Кочоска.
Пари ќе има за раст за пензиите за 2.500 денари во март. За фондот за пензиско осигирување ќе добие додатоци од Буџетот во висина од 390 милиони евра. Поголем фонд за плати ќе имаат здравството и образованието. Платите на функционерите нема да растат. Премиерот Христијан Мицкоски вети дека следната година избраните и именуваните функционери нема да добијат покачување. Се бара начин како да се смени Законот и да се намалат коефицинетите.
Не знам како е, треба да видат одговорните лица. Едно е сигурно, дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите - рече Мицкоски.
Владата има рок до 15 ноември да го испрати до Собранието. Пратениците прво 10 дена ќе дебатираат на комисиска расправа за него, а потоа уште три на пленарна седница.

The post Раст од 3,7 отсто, 6,5 милијарди евра за расходи, буџетски дефицит 4 отсто: Буџетот за 2025 е во интерес на граѓаните и економијата appeared first on Република.

]]>
Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница https://republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-budhetot-za-2025-godina-deneska-na-vladina-sednitsa/ Tue, 29 Oct 2024 09:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=831962

Предлог буџетот за 2025 година денеска ќе биде разгледан на седница на Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање Мицкоски оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти. Потенцираше дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изденачување со капиталните инвестиции.

Капиталните инвестиции се некаде на ниво од 50-ина милијарди денари, од коишто 32 милијарди се од основниот буџет и некои 80-ина од заеми и програми коишто се веќе тековни или допрва ќе бидат земени. Буџетскиот дефицит мислам дека е околу 41-42 милијарди денари. Оваа година е добро тоа што немаме драматично зголемување на дефицитот, постепено капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит се изедначуваат. Тие се сега негде на ниво 300 со 400 милиони евра, очекувам до крајот на годината да бидат многу блиску, иако знаете наследивме трипати поголем буџетски дефицит споредено со капитални инвестиции, но за овие неколку месеци Министерството за финанси и Владата успеаја да го консолидираат и сега засега состојбата е некаде нешто над 18 милијарди денари капитални инвестиции, некаде околу 24,5 милијарди денари - рече Мицкоски.

Тој оцени дека се забрзува реализацијата на големите инфраструктурни проекти. Наведе дека до крајот на годината треба да се завршат патниот правец Чатач – Длабочица – Крива Паланка и експресниот пат Градско – Росоман – Клисура – Фариш.

Потсети и дека вчера започнаа и официјално теренски активности на дел од Коридорот 8, каде е овозможена работа на неколку километри, има активности и на делницата Прилеп – Битола и оти веќе се асфалтирани 11-12 километри кај местото Песочени во потегот помеѓу Арбиново и Охрид на автопатот Кичево – Охрид.

Се раздвижуваат работите, долговите се враќаат. Имаме околу 20-ина милијарди поголеми приходи од оние 30 милијарди зголемување на буџетскиот дефицит при ребалансот, така што полека но сигурно овие индикатори за овие неколку месеци се добри. Сега како ќе биде понатаму ќе видиме - рече Мицкоски пред учеството на Првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера изјави дека Буџетот за 2025 година ќе биде развоен и оти нема да биде занемарена и социјалната компоненета.

Социјалата не може да се исклучи комплетно. Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намалите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади, рече министерката во гостување во Дневникот на МТВ.

Проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа презентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4 проценти буџетски дефицит и 3,7 проценти проценти раст на БДП.

Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари , што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, истакна министерката.

The post Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница appeared first on Република.

]]>

Предлог буџетот за 2025 година денеска ќе биде разгледан на седница на Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање Мицкоски оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти. Потенцираше дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изденачување со капиталните инвестиции.
Капиталните инвестиции се некаде на ниво од 50-ина милијарди денари, од коишто 32 милијарди се од основниот буџет и некои 80-ина од заеми и програми коишто се веќе тековни или допрва ќе бидат земени. Буџетскиот дефицит мислам дека е околу 41-42 милијарди денари. Оваа година е добро тоа што немаме драматично зголемување на дефицитот, постепено капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит се изедначуваат. Тие се сега негде на ниво 300 со 400 милиони евра, очекувам до крајот на годината да бидат многу блиску, иако знаете наследивме трипати поголем буџетски дефицит споредено со капитални инвестиции, но за овие неколку месеци Министерството за финанси и Владата успеаја да го консолидираат и сега засега состојбата е некаде нешто над 18 милијарди денари капитални инвестиции, некаде околу 24,5 милијарди денари - рече Мицкоски.
Тој оцени дека се забрзува реализацијата на големите инфраструктурни проекти. Наведе дека до крајот на годината треба да се завршат патниот правец Чатач – Длабочица – Крива Паланка и експресниот пат Градско – Росоман – Клисура – Фариш. Потсети и дека вчера започнаа и официјално теренски активности на дел од Коридорот 8, каде е овозможена работа на неколку километри, има активности и на делницата Прилеп – Битола и оти веќе се асфалтирани 11-12 километри кај местото Песочени во потегот помеѓу Арбиново и Охрид на автопатот Кичево – Охрид.
Се раздвижуваат работите, долговите се враќаат. Имаме околу 20-ина милијарди поголеми приходи од оние 30 милијарди зголемување на буџетскиот дефицит при ребалансот, така што полека но сигурно овие индикатори за овие неколку месеци се добри. Сега како ќе биде понатаму ќе видиме - рече Мицкоски пред учеството на Првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера изјави дека Буџетот за 2025 година ќе биде развоен и оти нема да биде занемарена и социјалната компоненета. Социјалата не може да се исклучи комплетно. Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намалите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади, рече министерката во гостување во Дневникот на МТВ. Проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа презентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4 проценти буџетски дефицит и 3,7 проценти проценти раст на БДП. Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари , што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, истакна министерката.

The post Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Во новиот буџет има многу позитивни изненадувања за сите работници во Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-vo-noviot-budhet-ima-mnogu-pozitivni-iznenaduvana-za-site-rabotnitsi-vo-makedonija/ Tue, 22 Oct 2024 11:25:29 +0000 https://republika.mk/?p=829789

Додека пратеничката Тренчевска држеше прес-конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која што синдикалната кошничка на синдикатот ССМ укажа на тоа дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена за 935 денари. Она што е важно да се нагласи е дека економијата е суштинско сериозна тема која што бара систематски пристап, а никако пристап на технички така наречени грешки во кој што се промашуваат процентите за покачување на минимална плата и веднаш по тоа се аплицира тоа кој што е кажано во Собранието.

Ова го истакна денес Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Целокупната синдикална кошничка се има намалена за 57 денари, но доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка, ќе видите дека поскапувањето односно драстичното не намалување не доаѓа заради мерките кои што се од владата току заради поскапување на цената на облеката, додека оние мерки кои што се превземаа со проширувањето на позитивната листа на лекови имаат дадено резултат.Исто и мерката за ограничување на бруто марша како и стапување на сила законот за нефер трговски практики и за симнување на капацитетите кои што тие закони ке треба да ги контролираат апелираме до пратеничката група на СДСМ да станат посериозни да не се случуваат повеќе технички грешки, бидејќи еднаш беше таков случај со амандманите за ребаланс на буџетот, сега е по нив и втората техничка грешка заради тоа што во Собранието е потребна сериозна опозиција, а не опозиција која што за дневно политички теми исфрла памфлет закони кој што нема да го подобрат животот на работниците - истакна Стојаноски.

Тоа што е нашата порака до нив е исто дека во наредниот период ќе пристигне и текстот на новиот буџет за 2025 година, таму има многу позитивни изненадувања за сите работници во Р. Македонија, без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор и нека припремат Амандмани на начин на кој што може сериозно да го подобрат тој текст,а не да се пишуваат вакви закони кои што повторно ќе кажам немаат врска со реалноста, порача тој.

The post Стојаноски: Во новиот буџет има многу позитивни изненадувања за сите работници во Македонија appeared first on Република.

]]>

Додека пратеничката Тренчевска држеше прес-конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која што синдикалната кошничка на синдикатот ССМ укажа на тоа дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена за 935 денари. Она што е важно да се нагласи е дека економијата е суштинско сериозна тема која што бара систематски пристап, а никако пристап на технички така наречени грешки во кој што се промашуваат процентите за покачување на минимална плата и веднаш по тоа се аплицира тоа кој што е кажано во Собранието. Ова го истакна денес Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Целокупната синдикална кошничка се има намалена за 57 денари, но доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка, ќе видите дека поскапувањето односно драстичното не намалување не доаѓа заради мерките кои што се од владата току заради поскапување на цената на облеката, додека оние мерки кои што се превземаа со проширувањето на позитивната листа на лекови имаат дадено резултат.Исто и мерката за ограничување на бруто марша како и стапување на сила законот за нефер трговски практики и за симнување на капацитетите кои што тие закони ке треба да ги контролираат апелираме до пратеничката група на СДСМ да станат посериозни да не се случуваат повеќе технички грешки, бидејќи еднаш беше таков случај со амандманите за ребаланс на буџетот, сега е по нив и втората техничка грешка заради тоа што во Собранието е потребна сериозна опозиција, а не опозиција која што за дневно политички теми исфрла памфлет закони кој што нема да го подобрат животот на работниците - истакна Стојаноски.
Тоа што е нашата порака до нив е исто дека во наредниот период ќе пристигне и текстот на новиот буџет за 2025 година, таму има многу позитивни изненадувања за сите работници во Р. Македонија, без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор и нека припремат Амандмани на начин на кој што може сериозно да го подобрат тој текст,а не да се пишуваат вакви закони кои што повторно ќе кажам немаат врска со реалноста, порача тој.

The post Стојаноски: Во новиот буџет има многу позитивни изненадувања за сите работници во Македонија appeared first on Република.

]]>
Франција ќе го зголеми воениот буџет за три милијарди евра, помалку пари ќе добијат министерствата за труд и за образование https://republika.mk/vesti/svet/frantsija-ke-go-zgolemi-voeniot-budhet-za-tri-milijardi-evra-pomalku-pari-ke-dobijat-ministerstvata-za-trud-i-za-obrazovanie/ Thu, 17 Oct 2024 18:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=828178

Воениот буџет на Франција во 2025 година ќе се зголеми за повеќе од 3 милијарди евра, на 50,5 милијарди, и покрај севкупното значително намалување на буџетските расходи, покажува презентираниот проект-буџет.

Во 2030 година, пак, буџетот на француското Министерство за одбрана треба да порасне на 67,4 милијарди (од 32 милијарди во 2017 година, кога Макрон дојде на власт).

Шефот на Министерството за одбрана ја нарекува 2025 година одлучувачка година во однос на повторното вооружување: воздухопловните сили треба да добијат 14 авиони „Рафал“ и 12 ажурирани „Мираж 2000-Д“, морнарицата - брод за снабдување, копнените сили - 4 патролни летала, 308 оклопни возила и 8 илјади митралези, 16 милијарди ќе бидат наменети за производство на муниција, армијата ќе добие противвоздушни ракети „Мистрал“, „Мика“ и „Астер“, противтенковски ракети со краток дострел, како и крстосувачки ракети „Скалп“, од кои десетици се испратени во Украина, а се планира набавка и на тешки торпеда.

Истовремено, буџетот на Министерството за труд е намален за 2,3 милијарди, а средства ќе загуби и Министерството за образование каде што ќе бидат отпуштени четири илјади наставници, а намалени се и средства за регионите.

The post Франција ќе го зголеми воениот буџет за три милијарди евра, помалку пари ќе добијат министерствата за труд и за образование appeared first on Република.

]]>

Воениот буџет на Франција во 2025 година ќе се зголеми за повеќе од 3 милијарди евра, на 50,5 милијарди, и покрај севкупното значително намалување на буџетските расходи, покажува презентираниот проект-буџет. Во 2030 година, пак, буџетот на француското Министерство за одбрана треба да порасне на 67,4 милијарди (од 32 милијарди во 2017 година, кога Макрон дојде на власт). Шефот на Министерството за одбрана ја нарекува 2025 година одлучувачка година во однос на повторното вооружување: воздухопловните сили треба да добијат 14 авиони „Рафал“ и 12 ажурирани „Мираж 2000-Д“, морнарицата - брод за снабдување, копнените сили - 4 патролни летала, 308 оклопни возила и 8 илјади митралези, 16 милијарди ќе бидат наменети за производство на муниција, армијата ќе добие противвоздушни ракети „Мистрал“, „Мика“ и „Астер“, противтенковски ракети со краток дострел, како и крстосувачки ракети „Скалп“, од кои десетици се испратени во Украина, а се планира набавка и на тешки торпеда. Истовремено, буџетот на Министерството за труд е намален за 2,3 милијарди, а средства ќе загуби и Министерството за образование каде што ќе бидат отпуштени четири илјади наставници, а намалени се и средства за регионите.

The post Франција ќе го зголеми воениот буџет за три милијарди евра, помалку пари ќе добијат министерствата за труд и за образование appeared first on Република.

]]>
Предлог-буџетот за 2025-та до крај на месецот пред Влада, образованието и здравството приоритет за зголемување на платите https://republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-budhetot-za-2025-ta-do-kraj-na-mesetsot-pred-vlada-obrazovanieto-i-zdravstvoto-prioritet-za-zgolemuvane-na-platite/ Mon, 14 Oct 2024 12:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=826607

Ако не оваа среда, тогаш кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.

Како што изјави Димитриеска Кочовска, контурите на буџетот се во рамки на фискалната стратегија, а приоритет за покачување на платите ќе имаат образованието и здравството.

Законскиот рок е најдоцна до 15 ноември. Се подготвуваме за Владата во среда, но не можам ништо да ветам, бидејќи има ситници што треба да ги издоговориме уште еднаш со некој од министрите каде што требаше уште нешто да биде скратено, така што доколку не успееме за оваа среда, следната недела нема да бидам тука, значи ќе му дојде некаде на крајот од месецот, вторникот, да се најде буџетот на владина седница. Во однос на контурите, може да се отвори Фискалната стратегија, генерално се движиме во тој круг, тоа што беше предвидено и веќе е објавено и помина веќе на Влада, така што контурите на буџетот за 2025 се во рамки на тоа што е во официјалната стратегија - истакна министерката.

Во однос на платите, напомена дека најобесправени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството.

Во однос на покачувањето на платите, зборувавме во повеќе наврати дека сметаме дека најобесправени или најмногу погодени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството и токму сме фокусирани во тој дел. Во делот на образованието веќе имаме информација за договорот што го постигнавме, очекуваме сега и за здравството да видиме во која насока. Кога зборувам за здравство би потенцирала дека станува збор за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам зашто тие во минатото имаа повеќе покачувања. Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри, потенцира министерката, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на резултатите од работата на Царинската управа.

Според неа, ако наплатата на приходите продолжи како во првите сто дена, можеби ќе може да се зборува за покачување на платите и во други сектори.

Не можам да зборувам ништо однапред. Сега ги разгледуваме бројките. Ако продолжиме со ваква наплата на приходите, можеме за многу различни работи да разговараме во иднина и за поголеми покачувања, но тоа што е во овој момент, значи само за 100 дена ако сме успеале да направиме поголема наплата во Буџетот, можете да замислите какви ни се очекувањата за 2025-та, со воведувањето на е-фактурата. Уште многу, многу повеќе, така што 2026-та, 2027-ма можеби ќе можеме да зборуваме за покачување во рамки на други сектори - рече Димитриеска Кочовска.

The post Предлог-буџетот за 2025-та до крај на месецот пред Влада, образованието и здравството приоритет за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>

Ако не оваа среда, тогаш кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска. Како што изјави Димитриеска Кочовска, контурите на буџетот се во рамки на фискалната стратегија, а приоритет за покачување на платите ќе имаат образованието и здравството.
Законскиот рок е најдоцна до 15 ноември. Се подготвуваме за Владата во среда, но не можам ништо да ветам, бидејќи има ситници што треба да ги издоговориме уште еднаш со некој од министрите каде што требаше уште нешто да биде скратено, така што доколку не успееме за оваа среда, следната недела нема да бидам тука, значи ќе му дојде некаде на крајот од месецот, вторникот, да се најде буџетот на владина седница. Во однос на контурите, може да се отвори Фискалната стратегија, генерално се движиме во тој круг, тоа што беше предвидено и веќе е објавено и помина веќе на Влада, така што контурите на буџетот за 2025 се во рамки на тоа што е во официјалната стратегија - истакна министерката.
Во однос на платите, напомена дека најобесправени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството. Во однос на покачувањето на платите, зборувавме во повеќе наврати дека сметаме дека најобесправени или најмногу погодени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството и токму сме фокусирани во тој дел. Во делот на образованието веќе имаме информација за договорот што го постигнавме, очекуваме сега и за здравството да видиме во која насока. Кога зборувам за здравство би потенцирала дека станува збор за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам зашто тие во минатото имаа повеќе покачувања. Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри, потенцира министерката, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на резултатите од работата на Царинската управа. Според неа, ако наплатата на приходите продолжи како во првите сто дена, можеби ќе може да се зборува за покачување на платите и во други сектори.
Не можам да зборувам ништо однапред. Сега ги разгледуваме бројките. Ако продолжиме со ваква наплата на приходите, можеме за многу различни работи да разговараме во иднина и за поголеми покачувања, но тоа што е во овој момент, значи само за 100 дена ако сме успеале да направиме поголема наплата во Буџетот, можете да замислите какви ни се очекувањата за 2025-та, со воведувањето на е-фактурата. Уште многу, многу повеќе, така што 2026-та, 2027-ма можеби ќе можеме да зборуваме за покачување во рамки на други сектори - рече Димитриеска Кочовска.

The post Предлог-буџетот за 2025-та до крај на месецот пред Влада, образованието и здравството приоритет за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ со своето расипничко однесување, само по основ на арбитражни побарувања, буџетот на државата го ставила под опасност тешка 1,3 милијарди евра https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vladata-na-sds-i-dui-so-svoeto-rasipnichko-odnesuvane-samo-po-osnov-na-arbitrazhni-pobaruvana-budhetot-na-drzhavata-go-stavila-pod-opasnost-teshka-1-3-milijardi-evra/ Thu, 26 Sep 2024 07:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=819688

Владата на СДС и ДУИ наместо да се грижи за граѓаните и државата, само крадела од народните пари. Приоритет на владата на СДС и ДУИ бил само партискиот интерес. Владата на СДС и ДУИ оставила огромна трага врз Буџетот. Владата на СДС и ДУИ ја ставиле државата и Буџетот под постојана закана од опасност тешка 1,3 милијарди евра. За што станува збор? Се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Извештајот на Државниот завод за ревизија, имајќи ја во предвид работата на Координативното тело за арбитража од склучените меѓународни договори Македонија, констатира дека државава доколку ги загуби споровите потенцијално би требало да плати износ од 82.267.500 илјади денари. Или станува збор за сума од 945 милиони евра и 420 милиони долари, односно околу 1,3 милијарди евра кои би требало да се исплатат од Буџетот во наредните години. Ревизијата укажува дека треба да се утврдат причините поради кои се покренати арбитражни постапки за ад се знае кој е одговорен за штетатата. Извештајот на Државниот завод за ревизија е направен 2023 година што значи владата на СДС и ДУИ можела да констатира одговорност, но тоа не го сторила. Ова само го покажува неодговорниот однос на владата на СДС и ДУИ кон граѓаните и државата. Од ваквиот однос на владата на СДС и ДУИ штетите кои може да произлезат се огромни, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Секој што не ги почитувал правните норми мора да одговара пред законот за нанесена штета и недомаќинско располагање со парите на граѓаните.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ со своето расипничко однесување, само по основ на арбитражни побарувања, буџетот на државата го ставила под опасност тешка 1,3 милијарди евра appeared first on Република.