бубрежно болни Archives - Република https://republika.mk/tema/bubrezhno-bolni/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Mar 2023 18:41:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бубрежно болни Archives - Република https://republika.mk/tema/bubrezhno-bolni/ 32 32 Бубрежните болести се случуваат тивко, првично без симптоми, затоа внимавајте, апелираат лекарите https://republika.mk/zivot/zdravje/bubrezhnite-bolesti-se-sluchuvaat-tivko-prvichno-bez-simptomi-zatoa-vnimavajte-apeliraat-lekarite/ Thu, 09 Mar 2023 18:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=617866

Светскиот ден на бубрегот кој годинава се чествува под мотото „Здрави бубрези за сите - Да се подготвиме за неочекуваното, да ги заштитиме најранливите”, беше одбележан денеска во организација на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за нефрологија - Скопје. Светскиот ден на бубрегот се одбележува традиционално секоја година започнувајќи од 2006 година, под различно мото, акцентирајќи ги најзначајните проблеми со кој се соочуваат пациентите со бубрежни заболувања, но и предлози за нивна превенција.

Директорката на Клиниката за нефрологија, Ирена Рамбабова Бушљетиќ рече дека изминатите неколку години видовме дека големите настани, како што беше корона пандемијата, имаат големо влијание врз пациентите со бубрежни заболувања и колку е важно да имаме екипиран здравствен систем.

Се смета дека 8 до 10 отсто од општата популација има одреден степен на хронична бубрежна болест. Во раните стадиуми болеста е без симптоми, се случува тивко. Без редовни превентивни прегледи, пациентите не знаат дека воопшто ја имаат таа состојба. Најчести причини за бубрежна болест се покачениот крвен притисок (артериска хипертензија) и дијабетесот. Со нивно навремено и правилно лекување, ќе спречиме развој на хронична бубрежна болест“, информираше директорката.

Таа соопшти дека во земјава бројот на пациенти кои имаат потреба од хроничен хемодијализен третман се движи помеѓу 1.300 и 1.600 пациенти.

Статистичките податоци од 2021 година укажуваат дека кај нас има околу 1.390 пациенти на хемодијализа. Бројот на пациенти со трансплантиран бубрег е 250 пациенти. Значајно е дека 2021 година е година со најголем број на изведени трансплантации од починат дарител - 16, во услови на функционирање на здравствениот систем во ковид пандемија, рече Рамбабова Бушљетиќ.

Во периодот од 2020 до 2022 година направени биле вкупно 62 трансплантации на бубрег, од кои во 30 случаи бубрези се добиени од починат дарител.

Листата на чекање за трансплантација на бубрег се движи од 130 до 160 пациенти, бројката е променлива заради тоа што се врши постојано обновување на испитувањата на потенцијалните приматели на бубрег, информираше директорката на Клиниката за нефрологија.

Сопругата на претседателот на државата Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, нагласи дека е неопходно навремено информирање, превенција и рана дијагностика, а потоа и соодветен третман на заболувањата на бубрезите.

Минатата година токму во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот споделивме, за жал, ни малку розови прогнози, дека до 2040 бубрежните болести ќе бидат петтиот најголем причинител за смртност во светот. Колку една година потоа е направено во борбата со бубрежните болести и дали суштински сме придонеле за зголемување на грижата за здравјето на бубрезите? Економската криза која започна со пандемијата со Ковид-19, но, подоцна и поради неповолните геополитички и економски фактори, за жал, се продлабочува, рече Ѓоргиевска.

Тоа, додаде таа, секако има реперкусии во секој сегмент од нашето живеење.

И како и во останатите области на здравствената заштита, не е лесно навремено да се обезбедат повеќе средства и ресурси и доследно да се работи на превентивата и заштита на населението од бубрежни заболувања. Но, тоа не смее да не обесхрабрува, затоа што верувам во професионалноста и посветеноста на моите колеги и во нивната подготвеност, да придонесат за значителен исчекор во спречувањето на бубрежните заболувања и остварување на целта, здрави бубрези за сите, изјави Ѓоргиевска.

Таа нагласи дека човечките ресурси се нашето најсилно оружје.

Но, и ние како граѓани, со грижата и вниманието за сопственото здравје, треба да им помогнеме со практикувањето на здрав животен стил, како и со навремени прегледи и контроли да ја намалиме потребата од лекување и интервенции, порача Ѓоргиевска.

Првата дама информираше дека незаразните болести (НКБ), кои вклучуваат кардиоваскуларни болести, дијабетес, рак, хипертензија, хронични белодробни и бубрежни заболувања, се познати како водечки причини за смрт ширум светот, особено во земјите во развој, но и во случајот со хроничните бубрежни заболувања, ситуацијата не е ништо поразлична.

Научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на научното Здружение за обезност - ОБЕМ, истакна дека потребно е навремено да се открие и менаџира дијабетесот.

The post Бубрежните болести се случуваат тивко, првично без симптоми, затоа внимавајте, апелираат лекарите appeared first on Република.

]]>

Светскиот ден на бубрегот кој годинава се чествува под мотото „Здрави бубрези за сите - Да се подготвиме за неочекуваното, да ги заштитиме најранливите”, беше одбележан денеска во организација на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за нефрологија - Скопје. Светскиот ден на бубрегот се одбележува традиционално секоја година започнувајќи од 2006 година, под различно мото, акцентирајќи ги најзначајните проблеми со кој се соочуваат пациентите со бубрежни заболувања, но и предлози за нивна превенција. Директорката на Клиниката за нефрологија, Ирена Рамбабова Бушљетиќ рече дека изминатите неколку години видовме дека големите настани, како што беше корона пандемијата, имаат големо влијание врз пациентите со бубрежни заболувања и колку е важно да имаме екипиран здравствен систем.
Се смета дека 8 до 10 отсто од општата популација има одреден степен на хронична бубрежна болест. Во раните стадиуми болеста е без симптоми, се случува тивко. Без редовни превентивни прегледи, пациентите не знаат дека воопшто ја имаат таа состојба. Најчести причини за бубрежна болест се покачениот крвен притисок (артериска хипертензија) и дијабетесот. Со нивно навремено и правилно лекување, ќе спречиме развој на хронична бубрежна болест“, информираше директорката.
Таа соопшти дека во земјава бројот на пациенти кои имаат потреба од хроничен хемодијализен третман се движи помеѓу 1.300 и 1.600 пациенти.
Статистичките податоци од 2021 година укажуваат дека кај нас има околу 1.390 пациенти на хемодијализа. Бројот на пациенти со трансплантиран бубрег е 250 пациенти. Значајно е дека 2021 година е година со најголем број на изведени трансплантации од починат дарител - 16, во услови на функционирање на здравствениот систем во ковид пандемија, рече Рамбабова Бушљетиќ.
Во периодот од 2020 до 2022 година направени биле вкупно 62 трансплантации на бубрег, од кои во 30 случаи бубрези се добиени од починат дарител.
Листата на чекање за трансплантација на бубрег се движи од 130 до 160 пациенти, бројката е променлива заради тоа што се врши постојано обновување на испитувањата на потенцијалните приматели на бубрег, информираше директорката на Клиниката за нефрологија.
Сопругата на претседателот на државата Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, нагласи дека е неопходно навремено информирање, превенција и рана дијагностика, а потоа и соодветен третман на заболувањата на бубрезите.
Минатата година токму во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот споделивме, за жал, ни малку розови прогнози, дека до 2040 бубрежните болести ќе бидат петтиот најголем причинител за смртност во светот. Колку една година потоа е направено во борбата со бубрежните болести и дали суштински сме придонеле за зголемување на грижата за здравјето на бубрезите? Економската криза која започна со пандемијата со Ковид-19, но, подоцна и поради неповолните геополитички и економски фактори, за жал, се продлабочува, рече Ѓоргиевска.
Тоа, додаде таа, секако има реперкусии во секој сегмент од нашето живеење.
И како и во останатите области на здравствената заштита, не е лесно навремено да се обезбедат повеќе средства и ресурси и доследно да се работи на превентивата и заштита на населението од бубрежни заболувања. Но, тоа не смее да не обесхрабрува, затоа што верувам во професионалноста и посветеноста на моите колеги и во нивната подготвеност, да придонесат за значителен исчекор во спречувањето на бубрежните заболувања и остварување на целта, здрави бубрези за сите, изјави Ѓоргиевска.
Таа нагласи дека човечките ресурси се нашето најсилно оружје.
Но, и ние како граѓани, со грижата и вниманието за сопственото здравје, треба да им помогнеме со практикувањето на здрав животен стил, како и со навремени прегледи и контроли да ја намалиме потребата од лекување и интервенции, порача Ѓоргиевска.
Првата дама информираше дека незаразните болести (НКБ), кои вклучуваат кардиоваскуларни болести, дијабетес, рак, хипертензија, хронични белодробни и бубрежни заболувања, се познати како водечки причини за смрт ширум светот, особено во земјите во развој, но и во случајот со хроничните бубрежни заболувања, ситуацијата не е ништо поразлична. Научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на научното Здружение за обезност - ОБЕМ, истакна дека потребно е навремено да се открие и менаџира дијабетесот.

The post Бубрежните болести се случуваат тивко, првично без симптоми, затоа внимавајте, апелираат лекарите appeared first on Република.

]]>
Најмладиот пациент во Макдонија што оди на дијализа има три години https://republika.mk/zivot/zdravje/najmladiot-patsient-vo-makdonija-shto-odi-na-dijaliza-ima-tri-godini/ Thu, 09 Mar 2023 10:45:20 +0000 https://republika.mk/?p=617644

Најмладиот пациент во Македонија што оди на дијализа има три години, а најстариот околу 90 години. Вкупно 61 лице одат повеќе од 20 години на дијализа или од 20 до 43 години во континуитет на дијализа, кажа Павлинка Балиска, психолог и координатор во Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ кое денеска го одбележа Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здрави бубрези за сите: Подготовка за неочекувани ситуации, поддршка на ранливите лица".

Притоа беше соопштено дека бубрежните болести се незаразни, а 850 милиони луѓе ширум светот имаат некоја форма на ваква болест. Беше нагласено дека целта на кампањата на Светскиот ден на бубрегот и активностите што се реализираат во месец март, е да се истакне дека превенцијата е клучна за намалување на човечките и економски трошоци од хроничната бубрежна болест.

Вулнет Мемеди од Клиниката за нефрологија, го поздрави денешниот настан за подигање на свеста за постоење на бубрежни заболувања.

Иако Клиниката за нефрологија е во секојдневен директен контакт со пациентите на коишто им е неопходен нефролошки третман, сепак пораката што денеска ја испраќаме е дека се задолжителни и понатамошни активности за уште подобра здравствена услуга на пациентите со бубрежна болест. Како што се, соработка помеѓу лекарите, пациентите но и надлежните институции, што може да придонесе промени во здравствениот систем, нагласи Мемеди.

Од „Нефрон“ потсетија дека постојат 20 години и имаат 1.500 членови пациенти на дијализа и 240 со трансплантиран бубрег.

Терминалниот стадиум на хроничната бубрежна болест е тешка состојба, бара континуирано лекување и нега. Оваа состојба одредува посебен начин на живот, со многу одрекувања, со постојани третмани кои траат 4-5 часа секој втор ден во центар за дијализа. Сепак, дијализата го продолжува животот, а трансплантацијата наполно го променува, рече меѓу другото, Душко Ѓоргиев, претседател на Здружението.

Педесет и едногодишниот пациент Киро Христовски, кому по осум години одење на дијализа пред година и половина му е трансплантиран бубрег, рече дека со трансплантација заболените се враќаат скоро на нормален живот.

Органодарителството значи многу. Хуман гест и спасување на човечки животи, нагласи тој во изјава за медиумите, притоа истакнувајќи ја големата улога на ваквите здруженија како ,,Нефрон".

Од Здружението информираа дека овој месец, со помош на здравствените установи и центрите за дијализа, низ целата држава се спроведуваат акции за подигнување на свеста за грижата за бубрежното здравје и преку едукација и организирани мерења на шеќерот во крвта и крвниот притисок и делење медицински совети, бесплатно ќе им се овозможи на голем број граѓани навремено да ги откријат, но и да превенираат и спречат бубрежни болести. Беше спомената и едукацијата во училиштата.

The post Најмладиот пациент во Макдонија што оди на дијализа има три години appeared first on Република.

]]>

Најмладиот пациент во Македонија што оди на дијализа има три години, а најстариот околу 90 години. Вкупно 61 лице одат повеќе од 20 години на дијализа или од 20 до 43 години во континуитет на дијализа, кажа Павлинка Балиска, психолог и координатор во Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ кое денеска го одбележа Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здрави бубрези за сите: Подготовка за неочекувани ситуации, поддршка на ранливите лица". Притоа беше соопштено дека бубрежните болести се незаразни, а 850 милиони луѓе ширум светот имаат некоја форма на ваква болест. Беше нагласено дека целта на кампањата на Светскиот ден на бубрегот и активностите што се реализираат во месец март, е да се истакне дека превенцијата е клучна за намалување на човечките и економски трошоци од хроничната бубрежна болест. Вулнет Мемеди од Клиниката за нефрологија, го поздрави денешниот настан за подигање на свеста за постоење на бубрежни заболувања.