Бубевски Archives - Република https://republika.mk/tema/bubevski/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Dec 2023 13:33:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бубевски Archives - Република https://republika.mk/tema/bubevski/ 32 32 Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче https://republika.mk/vesti/makedonija/bubevski-materijalnite-dokazi-soodvetstvuvaat-so-iskazite-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-i-panche/ Tue, 12 Dec 2023 13:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=722227

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

- Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.

Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.

- Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, рече Бубевски.

Во однос на постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше упасен во Турција, Бубевски рече дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата.

По една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски - Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палчо.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

The post Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.
- Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.
Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.
- Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, рече Бубевски.
Во однос на постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше упасен во Турција, Бубевски рече дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата. По една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски - Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палчо. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

The post Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Бубевски: Денеска прва кривична пријава за убиствата, на осомничените им се заканува казна од 10 години и доживотен затвор https://republika.mk/vesti/makedonija/bubevski-deneska-prva-krivichna-prijava-za-ubistvata-na-osomnichenite-im-se-zakanuva-kazna-od-10-godini-i-dozhivoten-zatvor/ Tue, 05 Dec 2023 11:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=719885

Обвинителот Гаврил Бубевски во утринската програма на српската ТВ Нова изјави дека осомничените за убиството на тинејџерката В.Г и фризерот Панче Жижовски се соочуваат со казна затвор од десет години, како и доживотна казна.

Според него, денеска се очекува првата кривична пријава против осомничените.

„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓукои е и таткото на В.Г. Тројца, кој се изјаснија за виновни, а четвртиот, за кој имаме докази дека е вмешан, не признал ништо. Активна е меѓународната потера по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти“, изјави обвинителот.

Според него, таткото ги дал сите информации за движењата на девојчето – кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на В.Г е поврзано со личен интерес, така рекоа осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски на ТВ Нова.

Тој изјавил дека „киднаперите се плашеле дека полицијата ќе го открие нивниот план, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот“.

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се собере за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, рече обвинителот.

Бубевски посочува дека осомничените се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Ваков случај досега немало, но тоа му дава тежина на овој случај“, заклучува Бубевски.

The post Бубевски: Денеска прва кривична пријава за убиствата, на осомничените им се заканува казна од 10 години и доживотен затвор appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Гаврил Бубевски во утринската програма на српската ТВ Нова изјави дека осомничените за убиството на тинејџерката В.Г и фризерот Панче Жижовски се соочуваат со казна затвор од десет години, како и доживотна казна. Според него, денеска се очекува првата кривична пријава против осомничените.
„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓукои е и таткото на В.Г. Тројца, кој се изјаснија за виновни, а четвртиот, за кој имаме докази дека е вмешан, не признал ништо. Активна е меѓународната потера по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти“, изјави обвинителот.
Според него, таткото ги дал сите информации за движењата на девојчето – кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на В.Г е поврзано со личен интерес, така рекоа осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски на ТВ Нова. Тој изјавил дека „киднаперите се плашеле дека полицијата ќе го открие нивниот план, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот“.
„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се собере за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, рече обвинителот.
Бубевски посочува дека осомничените се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор. Ваков случај досега немало, но тоа му дава тежина на овој случај“, заклучува Бубевски.

The post Бубевски: Денеска прва кривична пријава за убиствата, на осомничените им се заканува казна од 10 години и доживотен затвор appeared first on Република.

]]>
Бубевски: Тројца од петтемина осомничени го признаа делото https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bubevski-trojtsa-od-pettemina-osomnicheni-go-priznaa-deloto/ Mon, 04 Dec 2023 10:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=719292

Од тројца од петтемина инволвирани, за кои постојат основи на сомнение во овој момент дека се извршители на овие кривично-правни дејствија, имаме признание за целокупниот нивни ангажман, за текот на настанот, кој какви дејствија презел и кој со што и зошто бил задолжен во текот на сите овие активности преземени од нивна страна, рече основниот јавен обвинител на ОЈО, Скопје, Гаврил Бубевски, на денешната прес-конференција на која беа изнесени детали за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

„Сите инволвирани во овој случај се идентификувани. ОЈО врз основа на известие вчера доцна во ноќта, за инволвираност на четири лица во два кривично-правни настани во кои се пронајдени две жртви, испита тројца од осомничените. Во просториите на ОЈО тројцата од сите петмина инволвирани за кои постојат основи на сомнение во овој момент дека се извршители на овие кривично-правни дејствија имаме признание за целокупниот нивни ангажман, текот на настанот, кој какви дејствија презел и кој со што и зошто бил задолжен во текот на сите овие активности преземени од нивна страна“,

рече Бубевски.
Од сето ова, додаде тој, можеше да се заклучи дека овие лица извршиле две кривични дела, грабнување кое е поврзано со она што настана малку забуна, користољубие, односно грабнување заради корист, што е од имотна природа.

„Имаат извршено и две кривични дела убиство кои се квалификувани облици на кривични дела заради поврзаноста на едното и другото кривично дело со сторителите кои се исти и за првото и за второто кривично дело. Тоа добива најтешка можна квалификација од Кривичниот законик и се казнува со најтешка казна што може да се изрече во С Македонија“,

додаде Бубевски.

The post Бубевски: Тројца од петтемина осомничени го признаа делото appeared first on Република.

]]>

Од тројца од петтемина инволвирани, за кои постојат основи на сомнение во овој момент дека се извршители на овие кривично-правни дејствија, имаме признание за целокупниот нивни ангажман, за текот на настанот, кој какви дејствија презел и кој со што и зошто бил задолжен во текот на сите овие активности преземени од нивна страна, рече основниот јавен обвинител на ОЈО, Скопје, Гаврил Бубевски, на денешната прес-конференција на која беа изнесени детали за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. „Сите инволвирани во овој случај се идентификувани. ОЈО врз основа на известие вчера доцна во ноќта, за инволвираност на четири лица во два кривично-правни настани во кои се пронајдени две жртви, испита тројца од осомничените. Во просториите на ОЈО тројцата од сите петмина инволвирани за кои постојат основи на сомнение во овој момент дека се извршители на овие кривично-правни дејствија имаме признание за целокупниот нивни ангажман, текот на настанот, кој какви дејствија презел и кој со што и зошто бил задолжен во текот на сите овие активности преземени од нивна страна“, рече Бубевски. Од сето ова, додаде тој, можеше да се заклучи дека овие лица извршиле две кривични дела, грабнување кое е поврзано со она што настана малку забуна, користољубие, односно грабнување заради корист, што е од имотна природа. „Имаат извршено и две кривични дела убиство кои се квалификувани облици на кривични дела заради поврзаноста на едното и другото кривично дело со сторителите кои се исти и за првото и за второто кривично дело. Тоа добива најтешка можна квалификација од Кривичниот законик и се казнува со најтешка казна што може да се изрече во С Македонија“, додаде Бубевски.

The post Бубевски: Тројца од петтемина осомничени го признаа делото appeared first on Република.

]]>
Бубевски: Ја убиле во паника, решиле парите да ги бараат подоцна https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bubevski-ja-ubile-vo-panika-reshile-parite-da-gi-baraat-podotsna/ Mon, 04 Dec 2023 10:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=719280

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски изјави дека имаат искази за „тоа излегување од контрола за ова дејствие“, односно убивањето на 14-годишната Вања неколку часа по нејзиното киднапирање.

Нивните укажувања зборуваат дека имале некаква паника заради тоа што јавноста била целосно ангажирана во побарувањето на детето. Едниот од нив решил дека парите ќе ги бараат подоцна и решава во тој момент да ја ликвидира. Се уште ги немаме прибрано сите информации, и за нас е малку нејасно кога мотивите се од користољубива природа, во истиот момент да лишиш некого од живот, рече Бубевски.

Времето на лишување од живот е според осомничените, а конечните детали се очекуваат од обдукцијата, додаде обвинителот.

The post Бубевски: Ја убиле во паника, решиле парите да ги бараат подоцна appeared first on Република.