брза пруга Archives - Република https://republika.mk/tema/brza-pruga/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 08:10:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брза пруга Archives - Република https://republika.mk/tema/brza-pruga/ 32 32 Николоски ги објасни трите варијанти за изградба на брза пруга на Коридор 10 https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-gi-objasni-trite-varijanti-za-izgradba-na-brza-pruga-na-koridor-10/ Mon, 18 Nov 2024 21:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=839389

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга на Коридор 10.

“Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга,  втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија  и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар,  што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција”- истакна министерот Николоски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-avtopatot-skopje-blatse-e-tselosno-promashen-proekt-ne-zavrshuva-nikade/

Тој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојаната пруга на коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства  од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија Кина и од арапските земји.

Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне со градба на истата.

The post Николоски ги објасни трите варијанти за изградба на брза пруга на Коридор 10 appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга на Коридор 10.
“Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга,  втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија  и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар,  што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција”- истакна министерот Николоски.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-avtopatot-skopje-blatse-e-tselosno-promashen-proekt-ne-zavrshuva-nikade/ Тој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојаната пруга на коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства  од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија Кина и од арапските земји. Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне со градба на истата.

The post Николоски ги објасни трите варијанти за изградба на брза пруга на Коридор 10 appeared first on Република.

]]>
Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави Мицкоски https://republika.mk/vesti/ekonomija/brzata-pruga-na-koridor-10-ke-bide-gotova-za-1-5-do-dve-godini-najavi-mitskoski/ Fri, 01 Nov 2024 15:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=833188

Брзата пруга во Коридорот 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски. Станува збор за железничката линија со која од Будимпешта преку Србија и Македонија ќе се стига до Атина со брзи возови, како дел од европската железничка мрежа.

Реконструкцијата на македонскиот дел од пругата ќе чини не повеќе од 2 до 2,5 милиони за километар, според досегашните проценки.

По пругата ќе се вози со брзина од 110 до 120 км/ч.

https://republika.mk/vesti/balkan/ungarija-srbija-makedonija-i-grtsija-na-23-noemvri-potpishuvaat-zaednichka-izjava-za-izgradba-na-brza-pruga-najavi-vesik/

Во моментот се преговара со компанија која треба да обезбеди проток на милион тони годишно по неа.

Како што објасни премиерот, кога дошле на власт, Македонија немала ниту една активна локомотива, па странските компании сериозно размислувале транспортот да го префрлат  преку Бугарија.

Сега, имаме осум локомотиви на располагање, пренесе премиерот Мицкоски.

Неодамна, премиерот посочи дека оваа Влада работи на сонот Македонија да bide раскрсница транспортна, железничка и енергетска раскрсница.

The post Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Брзата пруга во Коридорот 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски. Станува збор за железничката линија со која од Будимпешта преку Србија и Македонија ќе се стига до Атина со брзи возови, како дел од европската железничка мрежа. Реконструкцијата на македонскиот дел од пругата ќе чини не повеќе од 2 до 2,5 милиони за километар, според досегашните проценки. По пругата ќе се вози со брзина од 110 до 120 км/ч. https://republika.mk/vesti/balkan/ungarija-srbija-makedonija-i-grtsija-na-23-noemvri-potpishuvaat-zaednichka-izjava-za-izgradba-na-brza-pruga-najavi-vesik/ Во моментот се преговара со компанија која треба да обезбеди проток на милион тони годишно по неа. Како што објасни премиерот, кога дошле на власт, Македонија немала ниту една активна локомотива, па странските компании сериозно размислувале транспортот да го префрлат  преку Бугарија.
Сега, имаме осум локомотиви на располагање, пренесе премиерот Мицкоски.
Неодамна, премиерот посочи дека оваа Влада работи на сонот Македонија да bide раскрсница транспортна, железничка и енергетска раскрсница.

The post Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Унгарија, Србија, Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга https://republika.mk/vesti/balkan/ungarija-srbija-makedonija-i-grtsija-na-23-noemvri-potpishuvaat-zaednichka-izjava-za-izgradba-na-brza-pruga-najavi-vesik/ Wed, 30 Oct 2024 12:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=832439

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад - Суботица ќе биде пуштена во сообраќај на 24 ноември, а ден претходно Унгарија, Србија, Македонија и Грција ќе потпишат заеднички изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина (Патра) преку Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

Брзата пруга низ Србија, како дел од идната брза пруга од Унгарија до Грција, се наоѓа на европската железничка мрежа. Како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ден пред да се пушти во сообраќај новата делница од Нови Сад до Суботица, Унгарија, Србија, Македонија и Грција ќе потпишат заедничка декларација за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина, односно Пиреја и Патра - изјави Весиќ за ТВ Пинк.

Тој кажа дека се очекува до крајот на 2025 година унгарските партнери да го завршат својот дел од пругата, од српската граница до Будимпешта, долга 166 километри со што брзата железничка врска од Белград до Будимпешта ќе трае два часа и 45 минути.

Во согласност со договорот за изградба на брзата пруга Белград - Ниш, долга 230 километри, Владата на Србија донесе уредба за план за посебна намена, со кој практично се овозможува работите да започнат следната 2025 година.

Весиќ посочи дека за време на работите нема да има затворање на сообраќајот, бидејќи Србија не смее да го загуби товарниот сообраќај и кажа дека до февруари ќе заврши реконструкцијата на пругата Ниш - Брестовац, долга 23 километри.

Тогаш ни преостанува уште 135 километри пруга од Брестовац до Прешево. Се договоривме со Владата на  Македонија заеднички да побараме финансирање и да работиме на нашите 135 километри и нивните 50 километри до Скопје. Грците веќе проектираат пруга од Солун до Идомени, на грчко-македонската граница и ја обновуваат пругата Солун-Атина. Останува да се реши поврзувањето од Скопје до Идомени, а кога ќе се заврши ќе имаме над 1.638 километри пруга од Будимпешта до Патра. Тоа ќе биде столбот на транспортот на Западен Балкан - објасни министерот Весиќ.

Тој додаде дека Србија е заинтересирана за изградба на дел од пругата од Ниш до бугарската граница. Тој рече дека пругата од Истанбул до бугарската граница се гради во Турција со поддршка на ЕУ и дека веќе е изградена пругата од границата до Софија и дека делот од Софија до Драгоман, на границата со Србија, останува да се уреди.

Ако го прашате претседателот Вучиќ како и мене како надлежен министер - железницата е приоритет. Ако ја прашате Европската комисија, ќе го добиете истиот одговор, бидејќи ЕУ одлучи да го удвои бројот на обновени колосеци до 2030 година. Донесена е и нова регулатива за трансевропски коридори со која за првпат се изедначија земјите членки и оние кои се уште не се, во однос на пристапот до средства. А ЕУ издвојува 500 милијарди евра за европските коридори, од кои дури 80 отсто ќе одат за железницата - рече Весиќ.

The post Унгарија, Србија, Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга appeared first on Република.

]]>

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад - Суботица ќе биде пуштена во сообраќај на 24 ноември, а ден претходно Унгарија, Србија, Македонија и Грција ќе потпишат заеднички изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина (Патра) преку Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.
Брзата пруга низ Србија, како дел од идната брза пруга од Унгарија до Грција, се наоѓа на европската железничка мрежа. Како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ден пред да се пушти во сообраќај новата делница од Нови Сад до Суботица, Унгарија, Србија, Македонија и Грција ќе потпишат заедничка декларација за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина, односно Пиреја и Патра - изјави Весиќ за ТВ Пинк.
Тој кажа дека се очекува до крајот на 2025 година унгарските партнери да го завршат својот дел од пругата, од српската граница до Будимпешта, долга 166 километри со што брзата железничка врска од Белград до Будимпешта ќе трае два часа и 45 минути. Во согласност со договорот за изградба на брзата пруга Белград - Ниш, долга 230 километри, Владата на Србија донесе уредба за план за посебна намена, со кој практично се овозможува работите да започнат следната 2025 година. Весиќ посочи дека за време на работите нема да има затворање на сообраќајот, бидејќи Србија не смее да го загуби товарниот сообраќај и кажа дека до февруари ќе заврши реконструкцијата на пругата Ниш - Брестовац, долга 23 километри.
Тогаш ни преостанува уште 135 километри пруга од Брестовац до Прешево. Се договоривме со Владата на  Македонија заеднички да побараме финансирање и да работиме на нашите 135 километри и нивните 50 километри до Скопје. Грците веќе проектираат пруга од Солун до Идомени, на грчко-македонската граница и ја обновуваат пругата Солун-Атина. Останува да се реши поврзувањето од Скопје до Идомени, а кога ќе се заврши ќе имаме над 1.638 километри пруга од Будимпешта до Патра. Тоа ќе биде столбот на транспортот на Западен Балкан - објасни министерот Весиќ.
Тој додаде дека Србија е заинтересирана за изградба на дел од пругата од Ниш до бугарската граница. Тој рече дека пругата од Истанбул до бугарската граница се гради во Турција со поддршка на ЕУ и дека веќе е изградена пругата од границата до Софија и дека делот од Софија до Драгоман, на границата со Србија, останува да се уреди.
Ако го прашате претседателот Вучиќ како и мене како надлежен министер - железницата е приоритет. Ако ја прашате Европската комисија, ќе го добиете истиот одговор, бидејќи ЕУ одлучи да го удвои бројот на обновени колосеци до 2030 година. Донесена е и нова регулатива за трансевропски коридори со која за првпат се изедначија земјите членки и оние кои се уште не се, во однос на пристапот до средства. А ЕУ издвојува 500 милијарди евра за европските коридори, од кои дури 80 отсто ќе одат за железницата - рече Весиќ.

The post Унгарија, Србија, Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга appeared first on Република.

]]>
Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, преговараа Николоски и колегата Лазар https://republika.mk/vesti/ekonomija/brza-pruga-na-koridor-10-i-kvalitetno-povrzuvane-na-skopje-so-budimpeshta-pregovaraa-nikoloski-i-kolegata-lazar/ Fri, 27 Sep 2024 09:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=820174

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа била главна тема на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и  министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар. Средбата е во рамки на работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.

Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10, истакнал Николоски.

Тој на средбата, што се одржа во Охрид, ја потенцирал важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.

На средбата се разговарало и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите.

Министерот, исто така, информирал и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изразил благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики, потенцирал Николоски по средбата.

Двајцата министри се согласиле за интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување. 

The post Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, преговараа Николоски и колегата Лазар appeared first on Република.

]]>

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа била главна тема на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и  министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар. Средбата е во рамки на работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.
Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10, истакнал Николоски.
Тој на средбата, што се одржа во Охрид, ја потенцирал важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот. На средбата се разговарало и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите. Министерот, исто така, информирал и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изразил благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.
Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики, потенцирал Николоски по средбата.
Двајцата министри се согласиле за интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување. 

The post Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, преговараа Николоски и колегата Лазар appeared first on Република.

]]>
Нема поголем приоритет од изградбата на брзата пруга на Коридор 10 https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-pogolem-prioritet-od-izgradbata-na-brzata-pruga-na-koridor-10/ Thu, 19 Sep 2024 17:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=817907

Најголем приоритет нa заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски му е да ја изгради брзата пруга на Коридор 10. Николоски го рангира овој проект како најважен проект, кој ќе ја оснесе Македонија во иднината и ќе придонесе за економски развој.

Со овој проект ќе фатиме чекор со светот и нема да останеме слепо црево, истакна министерот Николоски во вечарашната емисија “Само интервју” на ТВ Канал 5 .

Во интервјуто тој нагласи дека овој проект е исплатлив и дека веќе постои проект од 1978 година за изградба на пруга со проектирана брзина од 140 до 250 km на час.

Ако ме прашувате за исплатливоста, тој е исплатлив. Тогашниот проект не се реализирал веројатно заради распадот на Југаославија. И тој проект би не чинел поевтино од пругата кон Бугарија, некаде по километар меѓу 6 до 10 милиони евра, што значи ако Македонија има околу 215 km пруга од Табановце до Гевгелија, тоа би значело некаде од 1,6 милијарди  до 2,1 милијарда евра да се изгради пруга со две линии. Потенцирам тоа ќе биде пруга со две линии. Јас проектов ќе го завршам и нема да биде изграден од руска, кинеска или индиска компанија, ќе го почнам и ќе го завршам бидејќи очекувам ВМРО-ДПМНЕ да има два мандати, истакна министерот Николоски.

Тој потенцираше дека брза пруга Скопје – Солун ќе значи развој на државата во целина од прични што покрај пругата можат да се градат потенцијално економски зони кои како поевтин транспорт би го користеле железничкиот.

Најави дека во текот на утрешниот ден на состанокот на министри на ЕУ што се оддржува во Будимпешта, ќе се сретне со министрите за транспорт од Грција, Србија Унгарија и Австрија, каде меѓудругото фокус тема на разговорите ќе биде и изградба на брзата пруга на Коридор 10.

Во однос на прекинување на постапка за изградба на 3-та фаза од пругата кон Бугарија, министерот Николоски потенцира дека не е против изгардба на пруга кон Бугарија, но нема да се гради по траса која е неизводлива, прескапа и на начин со обиди на корупција лично него и на претседателот на Владата за што јавно беше истакнато.

The post Нема поголем приоритет од изградбата на брзата пруга на Коридор 10 appeared first on Република.

Ќе помине ли брзата пруга низ Македонија? Власта бара помош од Србија за обнова на железницата https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-pomine-li-brzata-pruga-niz-makedonija-vlasta-bara-pomosh-od-srbija-za-obnova-na-zheleznitsata/ Fri, 17 Nov 2023 10:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=702480

Македонија и Србија денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси како дел од железничкиот Коридор 10.Во услови на уништена железница и кога останавме буквално без возови, власта бара помош од Србија.

Меморандумот е потпишан во Владата на Република Србија од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, во присуство на премиерите Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ.

Во следниот период треба да се формира работна група која ќе треба да го дефинира акциониот план по којшто ќе се работи.

На македонска територија во првата фаза треба да бидат изградени 50 километри, а интенцијата е Коридорот 10 да биде целосно изграден односно до Солун и Атина. Брзината на оваа пруга ќе биде најмалку 160 километри на час.

– Нашата посветеност за соработка со сите држави од регионот има бенефити за граѓаните и компаниите. Ние немаме толку силни економии како во земјите од Европската унија и затоа е важно да соработуваме затоа што силата е во заедништвото. Наш фокус мора да остане Европската унија бидејќи државите од регионот таму и припаѓаат, рече Ковачевски на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот.

Според српската премиерка Брнабиќ, со денешното потпишување на Меморандумот се трасира патот за идниот развој на односите меѓу двете држави. Од српска страна завршена е брзата пруга од Белград до Нови Сад, а до крајот на 2024 година планирано е да се заврши и делот до Суботица така што ќе го имаат завршено целиот дел до Унгарија.

– Очекуваме до крајот на 2025 година и Унгарија да ја заврши делницата од Будимпешта до Суботица. Продолжуваме да вложуваме во железничкиот Коридор 10 со модернизција на пругата од Белград до Ниш. Нашиот план беше и од Ниш до Прешево, но веќе во последните неколку месеци почнавме да разговараме и оваа делница до Скопје и денес веќе го потпишуваме Меморандумот, рече Брнабиќ.

The post Ќе помине ли брзата пруга низ Македонија? Власта бара помош од Србија за обнова на железницата appeared first on Република.

]]>

Македонија и Србија денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси како дел од железничкиот Коридор 10.Во услови на уништена железница и кога останавме буквално без возови, власта бара помош од Србија. Меморандумот е потпишан во Владата на Република Србија од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, во присуство на премиерите Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ. Во следниот период треба да се формира работна група која ќе треба да го дефинира акциониот план по којшто ќе се работи. На македонска територија во првата фаза треба да бидат изградени 50 километри, а интенцијата е Коридорот 10 да биде целосно изграден односно до Солун и Атина. Брзината на оваа пруга ќе биде најмалку 160 километри на час.
– Нашата посветеност за соработка со сите држави од регионот има бенефити за граѓаните и компаниите. Ние немаме толку силни економии како во земјите од Европската унија и затоа е важно да соработуваме затоа што силата е во заедништвото. Наш фокус мора да остане Европската унија бидејќи државите од регионот таму и припаѓаат, рече Ковачевски на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот.
Според српската премиерка Брнабиќ, со денешното потпишување на Меморандумот се трасира патот за идниот развој на односите меѓу двете држави. Од српска страна завршена е брзата пруга од Белград до Нови Сад, а до крајот на 2024 година планирано е да се заврши и делот до Суботица така што ќе го имаат завршено целиот дел до Унгарија.
– Очекуваме до крајот на 2025 година и Унгарија да ја заврши делницата од Будимпешта до Суботица. Продолжуваме да вложуваме во железничкиот Коридор 10 со модернизција на пругата од Белград до Ниш. Нашиот план беше и од Ниш до Прешево, но веќе во последните неколку месеци почнавме да разговараме и оваа делница до Скопје и денес веќе го потпишуваме Меморандумот, рече Брнабиќ.

The post Ќе помине ли брзата пруга низ Македонија? Власта бара помош од Србија за обнова на железницата appeared first on Република.

]]>
Брза пруга за Македонија значи стратешко позиционирање и гарантирање на стабилноста и безбедноста https://republika.mk/vesti/brza-pruga-za-makedonija-znachi-strateshko-pozicioniranje-i-garantiranje-na-stabilnosta-i-bezbednosta/ Tue, 01 Nov 2022 08:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=568173

Во вчерашното гостување потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски  во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија го појасни значењето на брзата пругата која треба да се изгради во државата. Пруга има и таа е по долината на Вардар, но не е на ниво на кое што би требало истата да биде. Изградбата на брза пруга за Македонија ќе значи поголем развој, стратешко позиционирање на државата и гарантирањена стабилноста и безбедноста.

„Доколку се изгради оваа брза пруга тоа ќе значи за Македонија еден огромен развој и стратешко позиционирање на државата и гарантирање на стабилноста и безбедноста на државата. Затоа што никој нема да си дозволи да Македонија има нестабилност кога една главна артерија, главен крвоток ќе поминува по нејзината средина“, нагласи Николоски.

„Економскиот контекст е многу едноставен, само условно кажано од патарина, односно од тоа што ќе може Македонија да наплаќа за користење на таа железница ќе добие многу средства. А, да не зборувам за привлекување на домашни и странски инвеститори кои што ќе сакаат да инвестираат доколку знаат дека нивната роба за неколку часа може да стигне во Виена, во Будимпешта, во Берлин и да се продава таму. А, целиот тој простор ако го видите од границата со Србија, до границата со Грција со исклучок на градот Скопје, Велес и Гевгелија, останатиот простор е празен и е идеален за развој на огромна индустриска зона од двете страни на пругата и на автопатот кој што веќе постои. Така што комбинација на автопат, брза пруга и четири аеродроми на релативно блиска одалеченост, солунскиот аеродром, скопскиот аеродром, нишкиот аеродром и белградскиот аеродром ќе значи еден силен економски развој за целиот овој регион за кој што не сум сигурен дали власта разбира“, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ЕУ би го финансирала овој проект од повеќе причини, тука е и зелената агенда каде што ЕУ донесе заклучок дека до 2050-та година да стане целосно СО2 неутрална тоа значи да нема издувни гасови кои што загадуваат. А, најмногу издувни гасови има од авионите, а нормално има и од возилата, но во главно se од авионите. И ЕУ ќе работат на развој на пруга со цел авионскиот превоз да се намали и да стане скап за да на тој начин да се намали загадувањето.

„И сега кога сите овие работи ќе ги ставите во контекст и кога ќе ги имате пред себе, а јас кога како опозиција ги знам и ги имам, од власта треба помножено со 10 да ги имаат и да ги знаат, тогаш треба да се вклопите во нив и да не измислувате работи кои што не се прифатливи за никого, туку само да влезете во системот и да побарате од ЕУ да го финансираат тоа што е ваш ама и нивен интерес“, заклучи Николоски.

Николоски рече дека пругата ќе значи голема инвестиција во рамки државата, од Скопје до Солун е околу две ипол милијарди евра проценета вредност и на истата ќе работат домашни македонски компании.

„Ние мора ова да го направиме и ЕУ се надевам дека ќе помогне да се направи“, истакна тој.
Николоски додаде дека власта не може се уште автопатот Кичево – Охрид да го изгради, а не пак брзата пруга. Тој надеж во оваа Влада нема. Овој проект ќе го реализира идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Брза пруга за Македонија значи стратешко позиционирање и гарантирање на стабилноста и безбедноста appeared first on Република.

]]>

Во вчерашното гостување потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски  во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија го појасни значењето на брзата пругата која треба да се изгради во државата. Пруга има и таа е по долината на Вардар, но не е на ниво на кое што би требало истата да биде. Изградбата на брза пруга за Македонија ќе значи поголем развој, стратешко позиционирање на државата и гарантирањена стабилноста и безбедноста.
„Доколку се изгради оваа брза пруга тоа ќе значи за Македонија еден огромен развој и стратешко позиционирање на државата и гарантирање на стабилноста и безбедноста на државата. Затоа што никој нема да си дозволи да Македонија има нестабилност кога една главна артерија, главен крвоток ќе поминува по нејзината средина“, нагласи Николоски. „Економскиот контекст е многу едноставен, само условно кажано од патарина, односно од тоа што ќе може Македонија да наплаќа за користење на таа железница ќе добие многу средства. А, да не зборувам за привлекување на домашни и странски инвеститори кои што ќе сакаат да инвестираат доколку знаат дека нивната роба за неколку часа може да стигне во Виена, во Будимпешта, во Берлин и да се продава таму. А, целиот тој простор ако го видите од границата со Србија, до границата со Грција со исклучок на градот Скопје, Велес и Гевгелија, останатиот простор е празен и е идеален за развој на огромна индустриска зона од двете страни на пругата и на автопатот кој што веќе постои. Така што комбинација на автопат, брза пруга и четири аеродроми на релативно блиска одалеченост, солунскиот аеродром, скопскиот аеродром, нишкиот аеродром и белградскиот аеродром ќе значи еден силен економски развој за целиот овој регион за кој што не сум сигурен дали власта разбира“, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека ЕУ би го финансирала овој проект од повеќе причини, тука е и зелената агенда каде што ЕУ донесе заклучок дека до 2050-та година да стане целосно СО2 неутрална тоа значи да нема издувни гасови кои што загадуваат. А, најмногу издувни гасови има од авионите, а нормално има и од возилата, но во главно se од авионите. И ЕУ ќе работат на развој на пруга со цел авионскиот превоз да се намали и да стане скап за да на тој начин да се намали загадувањето.
„И сега кога сите овие работи ќе ги ставите во контекст и кога ќе ги имате пред себе, а јас кога како опозиција ги знам и ги имам, од власта треба помножено со 10 да ги имаат и да ги знаат, тогаш треба да се вклопите во нив и да не измислувате работи кои што не се прифатливи за никого, туку само да влезете во системот и да побарате од ЕУ да го финансираат тоа што е ваш ама и нивен интерес“, заклучи Николоски.
Николоски рече дека пругата ќе значи голема инвестиција во рамки државата, од Скопје до Солун е околу две ипол милијарди евра проценета вредност и на истата ќе работат домашни македонски компании.
„Ние мора ова да го направиме и ЕУ се надевам дека ќе помогне да се направи“, истакна тој. Николоски додаде дека власта не може се уште автопатот Кичево – Охрид да го изгради, а не пак брзата пруга. Тој надеж во оваа Влада нема. Овој проект ќе го реализира идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Брза пруга за Македонија значи стратешко позиционирање и гарантирање на стабилноста и безбедноста appeared first on Република.

]]>
Николоски: Брза пруга за Македонија значи стратешко позиционирање и гарантирање на стабилноста и безбедноста https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-brza-pruga-za-makedonija-znachi-strateshko-pozicioniranje-i-garantiranje-na-stabilnosta-i-bezbednosta/ Tue, 01 Nov 2022 08:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=568168

Во вчерашното гостување потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија го појасни значењето на брзата пругата која треба да се изгради во државата. Пруга има и таа е по долината на Вардар, но не е на ниво на кое што би требало истата да биде. Изградбата на брза пруга за Македонија ќе значи поголем развој, стратешко позиционирање на државата и гарантирање на стабилноста и безбедноста.

Доколку се изгради оваа брза пруга тоа ќе значи за Македонија еден огромен развој и стратешко позиционирање на државата и гарантирање на стабилноста и безбедноста на државата. Затоа што никој нема да си дозволи да Македонија има нестабилност кога една главна артерија, главен крвоток ќе поминува по нејзината средина, нагласи Николоски.

Економскиот контекст е многу едноставен, само условно кажано од патарина односно од тоа што ќе може Македонија да наплаќа за користење на таа железница ќе добие многу средства. А, да не зборувам за привлекување на домашни и странски инвеститори кои што ќе сакаат да инвестираат доколку знаат дека нивната роба за неколку часа може да стигне во Виена, во Будимпешта, во Берлин и да се продава таму. А, целиот тој простор ако го видите од границата со Србија, до границата со Грција со исклучок на градот Скопје, Велес и Гевгелија, останатиот простор е празен и е идеален за развој на огромна индустриска зона од двете страни на пругата и на автопатот кој што веќе постои. Така што комбинација на автопат, брза пруга и четири аеродроми на релативно блиска оддалеченост, солунскиот аеродром, скопскиот аеродром, нишкиот аеродром и белградскиот аеродром ќе значи еден силен економски развој за целиот овој регион за кој што не сум сигурен дали власта разбира - појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ЕУ би го финансирала овој проект од повеќе причини, тука е и зелената агенда каде што ЕУ донесе заклучок дека до 2050-та година да стане целосно СО2 неутрална тоа значи да нема издувни гасови кои што загадуваат. А, најмногу издувни гасови има од авионите, а нормално има и од возилата, но во главно se од авионите. И ЕУ ќе работат на развој на пруга со цел авионскиот превоз да се намали и да стане скап за да на тој начин да се намали загадувањето.

И сега кога сите овие работи ќе ги ставите во контекст и кога ќе ги имате пред себе, а јас кога како опозиција ги знам и ги имам, од власта треба помножено со 10 да ги имаат и да ги знаат, тогаш треба да се вклопите во нив и да не измислувате работи кои што не се прифатливи за никого, туку само да влезете во системот и да побарате од ЕУ да го финансираат тоа што е ваш ама и нивен интерес - заклучи Николоски.

Николоски рече дека пругата ќе значи голема инвестиција во рамки државата, од Скопје до Солун е околу две ипол милијарди евра проценета вредност и на истата ќе работат домашни македонски компании.

Ние мора ова да го направиме и ЕУ се надевам дека ќе помогне да се направи - истакна тој.

Николоски додаде дека власта не може се уште автопатот Кичево – Охрид да го изгради, а не пак брзата пруга. Тој надеж во оваа Влада нема. Овој проект ќе го реализира идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Николоски: Брза пруга за Македонија значи стратешко позиционирање и гарантирање на стабилноста и безбедноста appeared first on Република.

]]>

Во вчерашното гостување потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија го појасни значењето на брзата пругата која треба да се изгради во државата. Пруга има и таа е по долината на Вардар, но не е на ниво на кое што би требало истата да биде. Изградбата на брза пруга за Македонија ќе значи поголем развој, стратешко позиционирање на државата и гарантирање на стабилноста и безбедноста. Доколку се изгради оваа брза пруга тоа ќе значи за Македонија еден огромен развој и стратешко позиционирање на државата и гарантирање на стабилноста и безбедноста на државата. Затоа што никој нема да си дозволи да Македонија има нестабилност кога една главна артерија, главен крвоток ќе поминува по нејзината средина, нагласи Николоски.
Економскиот контекст е многу едноставен, само условно кажано од патарина односно од тоа што ќе може Македонија да наплаќа за користење на таа железница ќе добие многу средства. А, да не зборувам за привлекување на домашни и странски инвеститори кои што ќе сакаат да инвестираат доколку знаат дека нивната роба за неколку часа може да стигне во Виена, во Будимпешта, во Берлин и да се продава таму. А, целиот тој простор ако го видите од границата со Србија, до границата со Грција со исклучок на градот Скопје, Велес и Гевгелија, останатиот простор е празен и е идеален за развој на огромна индустриска зона од двете страни на пругата и на автопатот кој што веќе постои. Така што комбинација на автопат, брза пруга и четири аеродроми на релативно блиска оддалеченост, солунскиот аеродром, скопскиот аеродром, нишкиот аеродром и белградскиот аеродром ќе значи еден силен економски развој за целиот овој регион за кој што не сум сигурен дали власта разбира - појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека ЕУ би го финансирала овој проект од повеќе причини, тука е и зелената агенда каде што ЕУ донесе заклучок дека до 2050-та година да стане целосно СО2 неутрална тоа значи да нема издувни гасови кои што загадуваат. А, најмногу издувни гасови има од авионите, а нормално има и од возилата, но во главно se од авионите. И ЕУ ќе работат на развој на пруга со цел авионскиот превоз да се намали и да стане скап за да на тој начин да се намали загадувањето.
И сега кога сите овие работи ќе ги ставите во контекст и кога ќе ги имате пред себе, а јас кога како опозиција ги знам и ги имам, од власта треба помножено со 10 да ги имаат и да ги знаат, тогаш треба да се вклопите во нив и да не измислувате работи кои што не се прифатливи за никого, туку само да влезете во системот и да побарате од ЕУ да го финансираат тоа што е ваш ама и нивен интерес - заклучи Николоски.
Николоски рече дека пругата ќе значи голема инвестиција во рамки државата, од Скопје до Солун е околу две ипол милијарди евра проценета вредност и на истата ќе работат домашни македонски компании.
Ние мора ова да го направиме и ЕУ се надевам дека ќе помогне да се направи - истакна тој.
Николоски додаде дека власта не може се уште автопатот Кичево – Охрид да го изгради, а не пак брзата пруга. Тој надеж во оваа Влада нема. Овој проект ќе го реализира идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Николоски: Брза пруга за Македонија значи стратешко позиционирање и гарантирање на стабилноста и безбедноста appeared first on Република.

]]>
Србија ќе гради брза пруга до нашата граница https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-kje-gradi-brza-pruga-do-nashata-granica/ Mon, 24 Oct 2022 14:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=565014

Српската премиерка Ана Брнабиќ најави инфраструктурен бум во железницата. Покрај брзата пруга до Будимпешта се најавува и нова делница до македонската граница.

[caption id="attachment_503673" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Работиме на патната инфраструктура. Тука е брзата пруга Белград-Нови Сад. Тоа е само првата делница.Никој веќе не се сомнева дека ќе имаме и брза пруга од Белград до Ниш и до границата со Македонија-изјави Брнабиќ за „Пинк“.

The post Србија ќе гради брза пруга до нашата граница appeared first on Република.

]]>

Српската премиерка Ана Брнабиќ најави инфраструктурен бум во железницата. Покрај брзата пруга до Будимпешта се најавува и нова делница до македонската граница. [caption id="attachment_503673" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]
Работиме на патната инфраструктура. Тука е брзата пруга Белград-Нови Сад. Тоа е само првата делница.Никој веќе не се сомнева дека ќе имаме и брза пруга од Белград до Ниш и до границата со Македонија-изјави Брнабиќ за „Пинк“.
 
The post Србија ќе гради брза пруга до нашата граница appeared first on Република.

]]>
Вучиќ и Орбан ја отворија за сообраќај брзата пруга Белград-Нови Сад https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-i-orban-ja-otvorija-za-soobrakjaj-brzata-pruga-belgrad-novi-sad-2/ Sat, 19 Mar 2022 15:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=475413

Двокатна железничка композиција со четири вагони ја помина денес делницата од Белград до Нови Сад по новата брза пруга што денеска беше промовирана, за нешто повеќе од половина час, јавија медиумите во Србија. Кога целосно ќе биде завршен овој важен инфраструктурен проект од Белград до главниот град на Унгарија, Будимпешта, ќе се патува за два часа и 40 минути, благодарејќи на можноста возовите да се движат со брзина од 200 километри на час.

На промотивното возење по брзата пруга од Белград до Нови Сад се превезоа вкупно 270 патници, меѓу кои и претседателот на Србија Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Околу 80 акредитирани претставници на медиумите беа меѓу првите патници во возот што за прв пат во патничкиот сообраќај ќе достигне брзина од 200 километри на час.

Честа да го вози возот „Соко“, му припадна на машиновозачот Зоран Ѓурѓевиќ на првото возење по брзата пруга.

Атмосферата пред поаѓањето на возот на станицата Прокоп беше свечена, а според планот возот на железничката станица во Нови Сад пристигна во 11 часот и 40 минути.

Возот на оваа делница ќе сообраќа со максимална брзина од 200 километри на час, според возниот ред треба да сообраќа пет пати дневно, а цената на билетот во промотивниот период ќе биде 300 динари (2,5 евра) во еден правец.

Делницата меѓу Белград и Нови Сад од околу 75 километри е дел од идната брза пруга до Будимпешта, и таа е дел од кинеската глобална иницијатива „Појас и пат“ за инфраструктурни врски меѓу Европа и Азија. Проектот за модернизација на железницата се проценува на околу две милијарди, а започнат е во 2016 година на самитот на 16 земји од Централна и Источна Европа и Кина.

Во првиот брз воз беа и премиерката Ана Брнабиќ и владините министри, како и изведувачите – кинеските компании „China Railway International Company“ и „China Communications Construction Company“, како и руската железничка компанија „RZD International“ и српски фирми.

Договорениот рок за завршување на преостанатиот дел од работите на делницата Нови Сад – граница со Унгарија е до крајот на 2024 година, додека Унгарците треба да го завршат својот дел од брзата пруга од границата со Србија до Будимпешта кон средината на 2025 година.

The post Вучиќ и Орбан ја отворија за сообраќај брзата пруга Белград-Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Двокатна железничка композиција со четири вагони ја помина денес делницата од Белград до Нови Сад по новата брза пруга што денеска беше промовирана, за нешто повеќе од половина час, јавија медиумите во Србија. Кога целосно ќе биде завршен овој важен инфраструктурен проект од Белград до главниот град на Унгарија, Будимпешта, ќе се патува за два часа и 40 минути, благодарејќи на можноста возовите да се движат со брзина од 200 километри на час. На промотивното возење по брзата пруга од Белград до Нови Сад се превезоа вкупно 270 патници, меѓу кои и претседателот на Србија Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Околу 80 акредитирани претставници на медиумите беа меѓу првите патници во возот што за прв пат во патничкиот сообраќај ќе достигне брзина од 200 километри на час. Честа да го вози возот „Соко“, му припадна на машиновозачот Зоран Ѓурѓевиќ на првото возење по брзата пруга. Атмосферата пред поаѓањето на возот на станицата Прокоп беше свечена, а според планот возот на железничката станица во Нови Сад пристигна во 11 часот и 40 минути. Возот на оваа делница ќе сообраќа со максимална брзина од 200 километри на час, според возниот ред треба да сообраќа пет пати дневно, а цената на билетот во промотивниот период ќе биде 300 динари (2,5 евра) во еден правец. Делницата меѓу Белград и Нови Сад од околу 75 километри е дел од идната брза пруга до Будимпешта, и таа е дел од кинеската глобална иницијатива „Појас и пат“ за инфраструктурни врски меѓу Европа и Азија. Проектот за модернизација на железницата се проценува на околу две милијарди, а започнат е во 2016 година на самитот на 16 земји од Централна и Источна Европа и Кина. Во првиот брз воз беа и премиерката Ана Брнабиќ и владините министри, како и изведувачите – кинеските компании „China Railway International Company“ и „China Communications Construction Company“, како и руската железничка компанија „RZD International“ и српски фирми. Договорениот рок за завршување на преостанатиот дел од работите на делницата Нови Сад – граница со Унгарија е до крајот на 2024 година, додека Унгарците треба да го завршат својот дел од брзата пруга од границата со Србија до Будимпешта кон средината на 2025 година.

The post Вучиќ и Орбан ја отворија за сообраќај брзата пруга Белград-Нови Сад appeared first on Република.

]]>