брз кредит Archives - Република https://republika.mk/tema/brz-kredit/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Sep 2023 14:37:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брз кредит Archives - Република https://republika.mk/tema/brz-kredit/ 32 32 Дигнале брз кредит на туѓо име, кривична и за финансиското друштво https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dignale-brz-kredit-na-tugo-ime-krivichna-i-za-finansiskoto-drushtvo/ Thu, 07 Sep 2023 14:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=679743

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.П.(26), Г.В.(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Првопријавената ги злоупотребила личните податоци на оштетеното лице во пријавеното правно лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од второпријавениот, одговорно лице во правното лице.

На 06.02.2023, сопругата на оштетениот го пријавила делото, поради тоа што тој во тој момент не бил во државата.

The post Дигнале брз кредит на туѓо име, кривична и за финансиското друштво appeared first on Република.

]]>

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.П.(26), Г.В.(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Првопријавената ги злоупотребила личните податоци на оштетеното лице во пријавеното правно лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од второпријавениот, одговорно лице во правното лице. На 06.02.2023, сопругата на оштетениот го пријавила делото, поради тоа што тој во тој момент не бил во државата.

The post Дигнале брз кредит на туѓо име, кривична и за финансиското друштво appeared first on Република.

]]>
Скопјанец се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-se-obidel-da-podigne-brz-kredit-so-falsifikuvana-lichna-karta/ Tue, 21 Mar 2023 14:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=622097

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 18:45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот В.М.(26).

Како што информираат од МВР, тој се обидел со фалсификувана лична карта да подигне брз кредит од финансиско друштво во трговски центар на бул„Јане Сандански“, но вработениот се посомневал во исправноста на личната карта и повикал полиција.

Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава, велат од МВР.

The post Скопјанец се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 18:45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот В.М.(26). Како што информираат од МВР, тој се обидел со фалсификувана лична карта да подигне брз кредит од финансиско друштво во трговски центар на бул„Јане Сандански“, но вработениот се посомневал во исправноста на личната карта и повикал полиција.
Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава, велат од МВР.

The post Скопјанец се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта appeared first on Република.

]]>
Му зел лична карта со изговор дека ќе му купи лекови, ама извадил брз кредит на негово име https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mu-zel-lichna-karta-so-izgovor-deka-ke-mu-kupi-lekovi-ama-izvadil-brz-kredit-na-negovo-ime/ Fri, 17 Mar 2023 08:46:20 +0000 https://republika.mk/?p=620591

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца скопјани А.Б.(46) и З.З.(56), кои со измама извадиле брз кредит на име на друго лице, без негова согласност.

Првопријавениот А.Б. на 20 август 2021 година побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност, соопши МВР.

Измамниците се гонат за кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“.

The post Му зел лична карта со изговор дека ќе му купи лекови, ама извадил брз кредит на негово име appeared first on Република.

Скопјанка со туѓа лична карта аплицирала за брз кредит https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-so-tuga-lichna-karta-aplitsirala-za-brz-kredit/ Mon, 30 Jan 2023 13:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=602651

МВР информира дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против скопјанката Џ.Ш.(33), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ по член 249 од Кривичниот законик.

Имено, пријавената пронашла изгубена лична карта на лице од Скопје, по што со неа на 19.12.2022, во една филијала на финансиско друштво, аплицирала за одобрување брз кредит, со што имала намера да се стекне со противправна имотна корист во износ од 32.000 денари, обидувајќи се да го доведе во заблуда вработеното лице во друштвото дека личната карта е нејзина, известуваат од МВР.

The post Скопјанка со туѓа лична карта аплицирала за брз кредит appeared first on Република.