бруцош Archives - Република https://republika.mk/tema/brutsosh/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 10:35:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бруцош Archives - Република https://republika.mk/tema/brutsosh/ 32 32 За студентскиот оброк се пријавуваат и бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус редовен студент https://republika.mk/vesti/makedonija/za-studentskiot-obrok-se-prijavuvaat-i-brutsoshi-koi-do-20-septemvri-ke-steknat-status-redoven-student/ Tue, 27 Aug 2024 10:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=810544

Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк, повикот се однесува и на потенцијалните бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус на редовен студент

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет. За нив, во соработка со високообразовните установи до 20 септември ќе се проверува дали се примени како редовни студенти.

Условите и критериумите за остварување на правото се наведени на следниот линк.
Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/.

Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

 

The post За студентскиот оброк се пријавуваат и бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус редовен студент appeared first on Република.

]]>

Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк, повикот се однесува и на потенцијалните бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус на редовен студент Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет. За нив, во соработка со високообразовните установи до 20 септември ќе се проверува дали се примени како редовни студенти. Условите и критериумите за остварување на правото се наведени на следниот линк. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството. Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.  

The post За студентскиот оброк се пријавуваат и бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус редовен студент appeared first on Република.

]]>