Броња Жакељ Archives - Република https://republika.mk/tema/bronja-zakelj/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Sep 2022 07:49:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Броња Жакељ Archives - Република https://republika.mk/tema/bronja-zakelj/ 32 32 Броња Жакељ ќе го промовира романот „Бело се пере на деведесет“ во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/bronja-zakelj-kje-go-promovira-romanot-belo-se-pere-na-devedeset-vo-skopje-2/ Mon, 19 Sep 2022 07:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=552096

Наградуваниот роман „Бело се пере на деведесет“ од словенечката авторка и новинарка Броња Жакељ ќе биде промовиран на 20 септември (вторник), во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, со почеток во 18 часот. Книгата, која е во издание „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дел од едицијата „Литера модерна“. Објавувањето на книгата е поддржано од книжевната мрежа ТРАДУКИ.

На промоцијата, покрај авторката Броња Жакељ, кон книгата ќе се осврнат и Дарко Спасов, преведувач од словенечки јазик, и Бисера Бендевска, уредничка на книгата.

„Бело се пере на деведесет“ е шокантен, духовит и инспиративен роман, што ја бележи животната приказна на нараторката, која во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до денес. Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамките на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни. Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно.

Броња Жакељ (1969) е дипломирана новинарка по образование. Нејзината радост заради пишувањето останува некаде меѓу страниците на списанијата и во редакциите на дневните весници, па својот прв професионален ангажман ѝ е во секторот маркетинг, а денес работи во секторот банкарство. Со оглед на тоа што во финансиите нема многу креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не ја напушти целосно, одлучува да го напише својот прв роман, „Бело се пере на деведесет“ (2018), за кој ја добива престижната книжевна награда „Кресник“ за 2018 година.

Жакељ, која живее и работи во Словенија, деновиве ќе престојува во Скопје, како гостинка на јубилејното 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 18 до 20 септември.

Книгата „Бело се пере на деведесет“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, а може да се нарача и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

The post Броња Жакељ ќе го промовира романот „Бело се пере на деведесет“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Наградуваниот роман „Бело се пере на деведесет“ од словенечката авторка и новинарка Броња Жакељ ќе биде промовиран на 20 септември (вторник), во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, со почеток во 18 часот. Книгата, која е во издание „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дел од едицијата „Литера модерна“. Објавувањето на книгата е поддржано од книжевната мрежа ТРАДУКИ. На промоцијата, покрај авторката Броња Жакељ, кон книгата ќе се осврнат и Дарко Спасов, преведувач од словенечки јазик, и Бисера Бендевска, уредничка на книгата. „Бело се пере на деведесет“ е шокантен, духовит и инспиративен роман, што ја бележи животната приказна на нараторката, која во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до денес. Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамките на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни. Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно. Броња Жакељ (1969) е дипломирана новинарка по образование. Нејзината радост заради пишувањето останува некаде меѓу страниците на списанијата и во редакциите на дневните весници, па својот прв професионален ангажман ѝ е во секторот маркетинг, а денес работи во секторот банкарство. Со оглед на тоа што во финансиите нема многу креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не ја напушти целосно, одлучува да го напише својот прв роман, „Бело се пере на деведесет“ (2018), за кој ја добива престижната книжевна награда „Кресник“ за 2018 година. Жакељ, која живее и работи во Словенија, деновиве ќе престојува во Скопје, како гостинка на јубилејното 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 18 до 20 септември. Книгата „Бело се пере на деведесет“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, а може да се нарача и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

The post Броња Жакељ ќе го промовира романот „Бело се пере на деведесет“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Каракаш, Жакељ, Алексиева, Бајац, Грлиќ, Османли – гости на 10. издание на „ПРО-ЗА Балкан“ https://republika.mk/vesti/kultura/karakash-zakelj-aleksieva-bajac-grlikj-osmanli-gosti-na-10-izdanie-na-pro-za-balkan/ Tue, 13 Sep 2022 07:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=550236

Десетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко ќе бидат гости на јубилејното 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 18 до 21 септември во Скопје. На годинашната добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, македонската писателка Оливера Николова, ќе ѝ се придружат писателите: Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Владислав Бајац, Елена Алексиева и Томислав Османли. Нивното творештво ќе биде промовирано на отворањето на 18 септември, во Даут-пашиниот амам од 20 часот.

Во рамки на фестивалот ќе се одржи и разговор со хрватскиот режисер и сценарист, Рајко Грлиќ, чиј филм „Караула“ ќе биде прикажан на 21 септември во Кинотека. Разговорот со Грлиќ ќе се случи на вториот фестивалски ден од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ каде од 21 часот Пијан Славеј ќе одржи музички перфоманс како дел од промоцијата на неговата трета поетска книга, „Полиграф“. Во рамки на 10. издание ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси).
Фестивалот ќе биде затворен на 20 септември во Даут-пашиниот амам. На третата фестивалска вечер видео обраќање ќе има годинашната добитничка на наградата „Прозарт“, Оливера Николова, а писателите ќе читаат извадоци од нивните дела. Во сеќавање на Луан Старова, ќе биде прочитан и извадок од негово дело.

Дамир Каракаш, кој пред неколку дена ја доби книжевната награда „Меша Селимовиќ“ во Тузла, е еден од водечките современи автори во регионот. Тој е наградуван автор и неговите дела се преведени на арапски, француски, германски, чешки, словенечки, македонски, италијански јазик... Има објавено многу книги, од кои „Прослава“, Blue moon и „Сјајно место за несреќа“ се објавени на македонски јазик. Некои од нив се инсценирани или снимени. Режисерот Далибор Матаниќ снимил филм според книгата „Кино Лика“, кој добил повеќе награди во Хрватска и во странство.

Броња Жакељ е словенечка авторка и новинарка. Нејзината прва книга „Бело се пере на деведесет“ ја освои наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината и од неговото објавување во 2018 година тој е препечатен безброј пати. До денес, продаден е во близу во 20.000 примероци и е преведен на бугарски, хрватски, македонски и италијански јазик, а претстои и српскиот превод.

Владимир Бајац, којшто е првиот лауреат на наградата „Прозарт“, после десет години повторно се враќа на фестивалот како писател, но и како издавач, основач на легендарната српска „Геопоетика“. Тој е познато книжевно име на Балканот, добитник на дваесетина релевантни награди и десетина номинации, меѓу кои и наградата „Балканика“ во 2008 за романот „Амамот Балканија“. Неговите дела се преведени на дваесетина светски јазици и многу од нив се адаптирани за театарски претстави. На македонски јазик се преведени повеќе негови книги, како „Книга за бамбусот“, „Друидот од Синдидун“, „Бегство од биографија“, „Европа експрес“ и други.

Елена Алексиева е авторка на 15 книги, меѓу кои и романите „Витезот, ѓаволот и смртта“, „Нобеловецот“ и „Светиот волк“, добитник на наградата „Роман на годината“ на Националниот фонд за донации „13 векови Бугарија“ и на националната награда за белетристика „Перо“ на Националниот центар за книги. Нејзините книги се преведени на француски, шпански, руски и српски јазик. Била соработник на бројни периодични публикации и антологии на англиски, француски, германски, полски итн.

Нејзината последна книга „Разбивањето на Самсара“, збирка раскази (2021 година), е добитник на националната награда за збирка раскази „Јордан Радичков“, како и на националната награда „Перо“.

Томислав Османли е македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист. Османли создава во повеќе дисциплини. Автор е на 31 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика. Автор е на четири романи преведени и во странство, десетина драмски текстови и повеќе сценарија за телевизиски, документарни и еден игран филм.

Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Објавувал публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број ексјугословенски списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на македонскиот ПЕН клуб, повеќе пати избиран во неговата Управа. Член е и на новоформираниот Аромански ПЕН центар со седиште во Белград.

Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар, филмот “Медена Земја”. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020).

Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“
се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.

 

The post Каракаш, Жакељ, Алексиева, Бајац, Грлиќ, Османли – гости на 10. издание на „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Десетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко ќе бидат гости на јубилејното 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 18 до 21 септември во Скопје. На годинашната добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, македонската писателка Оливера Николова, ќе ѝ се придружат писателите: Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Владислав Бајац, Елена Алексиева и Томислав Османли. Нивното творештво ќе биде промовирано на отворањето на 18 септември, во Даут-пашиниот амам од 20 часот. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и разговор со хрватскиот режисер и сценарист, Рајко Грлиќ, чиј филм „Караула“ ќе биде прикажан на 21 септември во Кинотека. Разговорот со Грлиќ ќе се случи на вториот фестивалски ден од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ каде од 21 часот Пијан Славеј ќе одржи музички перфоманс како дел од промоцијата на неговата трета поетска книга, „Полиграф“. Во рамки на 10. издание ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси). Фестивалот ќе биде затворен на 20 септември во Даут-пашиниот амам. На третата фестивалска вечер видео обраќање ќе има годинашната добитничка на наградата „Прозарт“, Оливера Николова, а писателите ќе читаат извадоци од нивните дела. Во сеќавање на Луан Старова, ќе биде прочитан и извадок од негово дело. Дамир Каракаш, кој пред неколку дена ја доби книжевната награда „Меша Селимовиќ“ во Тузла, е еден од водечките современи автори во регионот. Тој е наградуван автор и неговите дела се преведени на арапски, француски, германски, чешки, словенечки, македонски, италијански јазик... Има објавено многу книги, од кои „Прослава“, Blue moon и „Сјајно место за несреќа“ се објавени на македонски јазик. Некои од нив се инсценирани или снимени. Режисерот Далибор Матаниќ снимил филм според книгата „Кино Лика“, кој добил повеќе награди во Хрватска и во странство. Броња Жакељ е словенечка авторка и новинарка. Нејзината прва книга „Бело се пере на деведесет“ ја освои наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината и од неговото објавување во 2018 година тој е препечатен безброј пати. До денес, продаден е во близу во 20.000 примероци и е преведен на бугарски, хрватски, македонски и италијански јазик, а претстои и српскиот превод. Владимир Бајац, којшто е првиот лауреат на наградата „Прозарт“, после десет години повторно се враќа на фестивалот како писател, но и како издавач, основач на легендарната српска „Геопоетика“. Тој е познато книжевно име на Балканот, добитник на дваесетина релевантни награди и десетина номинации, меѓу кои и наградата „Балканика“ во 2008 за романот „Амамот Балканија“. Неговите дела се преведени на дваесетина светски јазици и многу од нив се адаптирани за театарски претстави. На македонски јазик се преведени повеќе негови книги, како „Книга за бамбусот“, „Друидот од Синдидун“, „Бегство од биографија“, „Европа експрес“ и други. Елена Алексиева е авторка на 15 книги, меѓу кои и романите „Витезот, ѓаволот и смртта“, „Нобеловецот“ и „Светиот волк“, добитник на наградата „Роман на годината“ на Националниот фонд за донации „13 векови Бугарија“ и на националната награда за белетристика „Перо“ на Националниот центар за книги. Нејзините книги се преведени на француски, шпански, руски и српски јазик. Била соработник на бројни периодични публикации и антологии на англиски, француски, германски, полски итн. Нејзината последна книга „Разбивањето на Самсара“, збирка раскази (2021 година), е добитник на националната награда за збирка раскази „Јордан Радичков“, како и на националната награда „Перо“. Томислав Османли е македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист. Османли создава во повеќе дисциплини. Автор е на 31 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика. Автор е на четири романи преведени и во странство, десетина драмски текстови и повеќе сценарија за телевизиски, документарни и еден игран филм. Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Објавувал публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број ексјугословенски списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на македонскиот ПЕН клуб, повеќе пати избиран во неговата Управа. Член е и на новоформираниот Аромански ПЕН центар со седиште во Белград. Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар, филмот “Медена Земја”. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020). Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.  

The post Каракаш, Жакељ, Алексиева, Бајац, Грлиќ, Османли – гости на 10. издание на „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>