Брод за кукли Archives - Република https://republika.mk/tema/brod-za-kukli/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 07:38:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Брод за кукли Archives - Република https://republika.mk/tema/brod-za-kukli/ 32 32 „Брод за кукли“ на Битолски театар вечерва на Фестивалот „Стеријно позорје“ https://republika.mk/vesti/kultura/brod-za-kukli-na-bitolski-teatar-vecherva-na-festivalot-sterijno-pozorje/ Thu, 30 May 2024 07:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=782997

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечерва ќе настапи на фестивалот „Стериино позорје“ чие 69. издание е во тек и се одржува во Српскиот народен театар во Нови Сад.

Во натпреварот за награди, битолчани ќе настапат со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ која во процесот на селекција беше избрана од д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар.

На петтото по ред учество на Стериино позорје ќе настапат актерките Сандра Грибовска-Илиевска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

Како што е познато, ансамблот на НУ Народен театар-Битола прв пат во Нови Сад настапи во 1977 година со претставата „Свадбата на Мара“ на Владимир Костов во режија на Љубиша Георгиевски, потоа во 1978 година со претставата „Време за пеење“ на Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски, во 1987 година битолчани ја одиграа „Магна карта“ на Марио Роси во режија на Златко Свибен, а последен пат учествуваа во 1991 година со „Подземна република“ на Јордан Плевнеш во режија на Владо Цветановски.

The post „Брод за кукли“ на Битолски театар вечерва на Фестивалот „Стеријно позорје“ appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечерва ќе настапи на фестивалот „Стериино позорје“ чие 69. издание е во тек и се одржува во Српскиот народен театар во Нови Сад. Во натпреварот за награди, битолчани ќе настапат со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ која во процесот на селекција беше избрана од д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар. На петтото по ред учество на Стериино позорје ќе настапат актерките Сандра Грибовска-Илиевска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов. Како што е познато, ансамблот на НУ Народен театар-Битола прв пат во Нови Сад настапи во 1977 година со претставата „Свадбата на Мара“ на Владимир Костов во режија на Љубиша Георгиевски, потоа во 1978 година со претставата „Време за пеење“ на Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски, во 1987 година битолчани ја одиграа „Магна карта“ на Марио Роси во режија на Златко Свибен, а последен пат учествуваа во 1991 година со „Подземна република“ на Јордан Плевнеш во режија на Владо Цветановски.  

The post „Брод за кукли“ на Битолски театар вечерва на Фестивалот „Стеријно позорје“ appeared first on Република.

]]>
Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје https://republika.mk/vesti/kultura/bitolski-teatar-so-brod-za-kukli-ke-uchestvuva-na-steriino-pozorje/ Thu, 02 May 2024 06:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=773204

Годинава, на 69. издание на Стериино позорје, ансамблот на Народен театар Битола ќе се натпреварува со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.

Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад.

Во претставата играат: Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

„Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки.

Во процесот на селекција д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар информира дека погледнала 70 претстави од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Унгарија и Србија, а приоритетен критериум во изборот на претставите бил нивниот уметнички квалитет, вредноста на драмскиот текст, режијата, глумата, музиката, сценографијата и костимите, а како единствен македонски претставник избран е НУ Народен театар-Битола.

Стериино позорје е еден од најначајните фестивали во регионот. На оваа престижна манифестација ќе се натпреваруваме по пауза од 33 години и повторно во силна конкуренција. Учеството на фестивалот го сметам како еден од најголемите успеси во поновата историја на Народен театар-Битола и македонскиот театар воопшто. Селекцијата што ја направи селекторката Ана Тасиќ сама по себе за нас претставува признание за нашата идеја континуирано да создаваме театар кој е жив, актуелен и говори гласно. Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ е бајка без среќен крај. Инисценции на текстот се видени неколку пати низ годините на Стериино позорје, и не се сомневам дека тоа ќе биде интересно како за публиката, така и за жирито кое ќе ја оценува нашата претстава. Се надевам на успех, истакна за МИА, Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.

The post Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје appeared first on Република.

]]>

Годинава, на 69. издание на Стериино позорје, ансамблот на Народен театар Битола ќе се натпреварува со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад. Во претставата играат: Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов. „Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки. Во процесот на селекција д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар информира дека погледнала 70 претстави од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Унгарија и Србија, а приоритетен критериум во изборот на претставите бил нивниот уметнички квалитет, вредноста на драмскиот текст, режијата, глумата, музиката, сценографијата и костимите, а како единствен македонски претставник избран е НУ Народен театар-Битола.
Стериино позорје е еден од најначајните фестивали во регионот. На оваа престижна манифестација ќе се натпреваруваме по пауза од 33 години и повторно во силна конкуренција. Учеството на фестивалот го сметам како еден од најголемите успеси во поновата историја на Народен театар-Битола и македонскиот театар воопшто. Селекцијата што ја направи селекторката Ана Тасиќ сама по себе за нас претставува признание за нашата идеја континуирано да создаваме театар кој е жив, актуелен и говори гласно. Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ е бајка без среќен крај. Инисценции на текстот се видени неколку пати низ годините на Стериино позорје, и не се сомневам дека тоа ќе биде интересно како за публиката, така и за жирито кое ќе ја оценува нашата претстава. Се надевам на успех, истакна за МИА, Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.
 
The post Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје appeared first on Република.

]]>
„Брод за кукли“ на Кокан Младеновиќ вечерва премиерно во Народенн театар Битола https://republika.mk/vesti/kultura/brod-za-kukli-na-kokan-mladenovik-vecherva-premierno-vo-narodenn-teatar-bitola/ Mon, 05 Jun 2023 07:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=647838

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.

„Брод за кукли“ на Милена Марковиќ е приказна за една или за сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија на неостварени бајки, вели режисерот Младеновиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола.

Сите ние сме во позиција да го преиспитаме нашето живеење, и малкумина од нас сме задоволни од сопствениот живот. Тие бајки без среќен крај го одбележуваат животот на луѓето на овие простори, тука каде што ние живееме, каде сѐ се случи по распадот на земјата, со распадот на економскиот и политичкиот систем и создаде нервозни, гладни и понижени луѓе кои живеат несреќен живот. Таа потрага по смислата на сопствениот живот во серии на неоствареност е нешто што ја прави величенствена оваа поезија на Милена Марковиќ, како литературно така и како сценско дело, посочи Младеновиќ.

„Брод за кукли“ – во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип. Во претставата ќе настапат актерките Сандра Грибовска – Илиевска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

The post „Брод за кукли“ на Кокан Младеновиќ вечерва премиерно во Народенн театар Битола appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ е приказна за една или за сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија на неостварени бајки, вели режисерот Младеновиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола.