БРО Archives - Република https://republika.mk/tema/bro/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 11:39:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png БРО Archives - Република https://republika.mk/tema/bro/ 32 32 Јаневска: Вишокот наставници кои ќе се појават може да бидат ангажирани во БРО, ДИЦ, ДПИ и да помогнат со своето искуство и знаење https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-vishokot-nastavnitsi-koi-ke-se-pojavat-mozhe-da-bidat-angazhirani-vo-bro-dits-dpi-i-da-pomognat-so-svoeto-iskustvo-i-znaene/ Wed, 11 Sep 2024 11:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=815228

Со помош на УНИЦЕФ и Светска банка во Македонија досега во 10 општини во Македонија е направена оптимизација на училиштата. Тоа значи дека училиштата кои имаат два, пет, седум, 10 ученици ќе треба учениците да се припојат на централните училишта каде што има повеќе ученици за да имаат бенефит од образованиот систем. Вишокот од наставнички кадар што ќе се појави заради оваа централизација може да биде ангажиран во Бирото за развој на образованието (БРО), Државниот просветен инспекторат (ДПИ), Државниот испитен центар (ДИЦ) и Центарот за средно стручно образование и да помогне со своето искуство, стручност и знаење, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која говореше на панел дискусијата „Образование водено од реалните потреби на учениците”.

Владата е посветена и решена да вложи многу во оброзаванието, онака како што ветувавме, но постепено, но нема подобрување на образованието ако нема рационализација на трошоците. Ќе имаме намалување и на трошоците за одржување на училишта кои де факто немат ефект врз образованието на учениците, изјави Јаневска.

Според Јаневска, учениците кои учат во училиште во кои има мал број запишани деца ќе се социјализираат со ученици од своја возраст, ќе се сместат во подобри инфраструктурни услови, ќе имаат на користеење подобри информатичко-технолошки средства, ќе имаат поголем број различни наставници, ќе се издвојат од сопствената средина од којашто се заробени по цел ден и ќе се дружат со деца со кои ќе може да развијат компетитивни способности.

Зааедно со нашите странски парнтери УНИЦЕФ и Светска банка работиме на проектот наречен Оптимизација на училиштата од кој очекуваме силен ефект во подобрување на знањето и вештините на учениците. Конкренто, тоа значи училиштата кои имаат два, пет, седум, 10 ученици ќе треба да се припојат на централните училишта каде што има повеќе ученици, изјави Јаневска.

Министерката кажа дека со масовното иселување од државата веќе се појавува таканаречен вишок на наставниции.

Иако лично сметам дека наставник не може да биде вишок, ние само треба да ги направиме функционални. Владата, во предизборната програма направи стратегија како наставниците кои ги имаме да ги направиме функционални за да останат во образованиот процес. Стратегијата е едносменското работење, подолгиот престој на учениците и настаниците, како и целодневната настава која се покажала како многу ефикасна во повеќе земји. Кога ќе направиме нормални паралалки, а не класови од по 10, 15 ученици, туку, да речеме ќе ги сведеме на 20  - наставникот што е вишок ќе продолжи да работи во втората половина на денот според програмата која опфаќа многу додатни предмети, изборни, воннаставни активности, работа со талентирани деца..идејата е целиот пул на наставници да го искористиме за учениците да добиваат подобри знаења. Познато е дека одредени институции во дражвата имаат слаби човечки капацитети - БРО, ДПИ, ДИЦ, и Центарот за средно стручно образование имаат потреба од искусни сериозни луѓе. Откако ќе направиме мали измени во законите, ќе им понудиме на наставниците да се префрлат во овие институции за да можат да дадат свој импакт на образованието, односно да го пренесат своето искуство и знаење на оние наставници на кои што им требаат обуки и помош. Крајниот продукт е ученик со соодветнии знаења на истата возраст како децата од Европска унија, изјави Јаневска.

Следниот проект се уште 20 општини. Процесот се одвива во соработка со локалната самоуправа, со директоритте на училиштата, наставниците, родителите, изјави Јаневска.

The post Јаневска: Вишокот наставници кои ќе се појават може да бидат ангажирани во БРО, ДИЦ, ДПИ и да помогнат со своето искуство и знаење appeared first on Република.

]]>

Тече јавната консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение https://republika.mk/vesti/makedonija/teche-javnata-konsultatsija-za-odlozhenite-nastavni-programi-od-sedmo-do-devetto-oddelenie/ Fri, 19 Jul 2024 11:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=798424

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение, со цел засегнатите страни, особено наставниците да се запознаат и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување.

Новите наставни програми ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение, соопштија од МОН.

Забелешките/сугестиите и предлог решенијата за секоја одделна наставна програма се внесуваат во следниот формулар и истиот се доставува на електронската адреса за соодветното одделение:

[email protected]
[email protected]
[email protected]

(Наставните програми може да се симнат од веб страницата на Бирото за развој на образованието во делот Известувања/Јавна консултација).

Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата. Затоа, промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците.

Пополнетите формулари може да се доставуваат најдоцна до 31 август. Во интерес на транспарентноста на процесот, МОН и БРО ќе ги споделуваат пристигнатите сугестии, а сублимирањето на добиените согледувања, како и преземените активности, ќе се презентираат јавно.

The post Тече јавната консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение, со цел засегнатите страни, особено наставниците да се запознаат и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување.
Новите наставни програми ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение, соопштија од МОН.
Забелешките/сугестиите и предлог решенијата за секоја одделна наставна програма се внесуваат во следниот формулар и истиот се доставува на електронската адреса за соодветното одделение: [email protected] [email protected] [email protected] (Наставните програми може да се симнат од веб страницата на Бирото за развој на образованието во делот Известувања/Јавна консултација). Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата. Затоа, промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците. Пополнетите формулари може да се доставуваат најдоцна до 31 август. Во интерес на транспарентноста на процесот, МОН и БРО ќе ги споделуваат пристигнатите сугестии, а сублимирањето на добиените согледувања, како и преземените активности, ќе се презентираат јавно.    

The post Тече јавната консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение appeared first on Република.

]]>
МОН: Седмоодделенците ќе имаат учебници од септември https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-sedmooddelentsite-ke-imaat-uchebnitsi-od-septemvri/ Fri, 05 Jul 2024 13:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=793834

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието изнајдоа решение за непречена реализација на воспитно – образовниот процес за учениците од седмо одделение. Од септември тие ќе можат да ги користат учебниците кои се применуваат досега, со додатни материјали кои ќе бидат изработени од страна на Бирото за теми кои недостасуваат во истите, а предвидено е да се изучуваат годинава. За оваа цел е донесена и одлука за одложување на имплементацијата на Концепцијата за основно образование, во седмо, осмо и деветто одделение.

Предизвикот со генерацијата ученици кои од септември ќе бидат седмо одделение, настана поради тоа што досега не беа изработени нови учебници за нив, согласно новите наставни програми и Концепција. Иако претходното раководство јавно информираше дека сите учебници се изготвени и се печатат, реалноста е дека ниту еден не е испечатен, а најголем дел не се ниту изработени, ниту одобрени.

Министерството за образование и наука изразува благодарност до директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи и до сите кои учествуваа во процесот на изнаоѓање решение и очекува продолжување на добрата соработка во интерес на учениците и нивна квалитетна едукација.

Информираме дека целосно нови учебници за седмо одделение ќе има од учебната 2025-2026 година. Доколку Концепцијата за основно образование која влегува во процес на ревидирање, согласно мислењата на наставниците и другите засегнати чинители во воспитно – образовниот процес, биде изменета и има потреба, ќе бидат изготвени и нови наставни програми и учебници и по други одделенија, соопштија од МОН.

The post МОН: Седмоодделенците ќе имаат учебници од септември appeared first on Република.

]]>

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието изнајдоа решение за непречена реализација на воспитно – образовниот процес за учениците од седмо одделение. Од септември тие ќе можат да ги користат учебниците кои се применуваат досега, со додатни материјали кои ќе бидат изработени од страна на Бирото за теми кои недостасуваат во истите, а предвидено е да се изучуваат годинава. За оваа цел е донесена и одлука за одложување на имплементацијата на Концепцијата за основно образование, во седмо, осмо и деветто одделение. Предизвикот со генерацијата ученици кои од септември ќе бидат седмо одделение, настана поради тоа што досега не беа изработени нови учебници за нив, согласно новите наставни програми и Концепција. Иако претходното раководство јавно информираше дека сите учебници се изготвени и се печатат, реалноста е дека ниту еден не е испечатен, а најголем дел не се ниту изработени, ниту одобрени. Министерството за образование и наука изразува благодарност до директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи и до сите кои учествуваа во процесот на изнаоѓање решение и очекува продолжување на добрата соработка во интерес на учениците и нивна квалитетна едукација.
Информираме дека целосно нови учебници за седмо одделение ќе има од учебната 2025-2026 година. Доколку Концепцијата за основно образование која влегува во процес на ревидирање, согласно мислењата на наставниците и другите засегнати чинители во воспитно – образовниот процес, биде изменета и има потреба, ќе бидат изготвени и нови наставни програми и учебници и по други одделенија, соопштија од МОН.

The post МОН: Седмоодделенците ќе имаат учебници од септември appeared first on Република.

]]>
ТИРЗ со решение за проблемот на ФИНКИ, му ги нуди своите сегашни простории на БРО, за БРО да им ги отстапи бараките на студентите https://republika.mk/vesti/makedonija/tirz-so-reshenie-za-problemot-na-finki-mu-gi-nudi-svoite-segashni-prostorii-na-bro-za-bro-da-im-gi-otstapi-barakite-na-studentite/ Tue, 02 Apr 2024 12:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=761283

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) предлага, Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во нејзините сегашните простории, за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) да ги користи бараките во кои сега е сместено Бирото. Дирекцијата за ТИРЗ, пак, има нови канцеларии кои се уште официјално не се во функција, но денеска во нив се одржа првиот настан - серијата панели од проектот на „Иднината почнува дома“.

Според директорот на Дирекцијата, Јован Деспотовски, со ова ТИРЗ нуди конкретно решение на проблемот. Студентите, смета тој, мора да имаат приоритет над администрацијата.

-Денеска овде беше и деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, пред протестот пред Владата за обезбедување подобри услови за студентите. Ние и со овој денешен настан им изразуваме поддршка во тој протест за да се обезбедат тие услови. Дирекцијата за ТИРЗ го понуди постојниот простор во строгиот центар на градот за сите државни институции, пред се Бирото за развој на образование, да ги користат без ограничување. За возврат, Бирото треба да излезе во пресрет на барањата на ФИНКИ и да ги отстапи бараките што ги користи, за потребите на студентите. Сите млади мора да сфатат дека оваа држава може да им даде поддршка тука да се чувствуваат дома, а не дома да им биде на некое друго место, изјави Деспотовски по денешниот настан во ТИРЗ. ФИНКИ денеска пред Владата го одржа вториот протест, испраќајќи пораката дека останува на барањето да се всели во просториите на БРО.

The post ТИРЗ со решение за проблемот на ФИНКИ, му ги нуди своите сегашни простории на БРО, за БРО да им ги отстапи бараките на студентите appeared first on Република.

]]>

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) предлага, Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во нејзините сегашните простории, за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) да ги користи бараките во кои сега е сместено Бирото. Дирекцијата за ТИРЗ, пак, има нови канцеларии кои се уште официјално не се во функција, но денеска во нив се одржа првиот настан - серијата панели од проектот на „Иднината почнува дома“. Според директорот на Дирекцијата, Јован Деспотовски, со ова ТИРЗ нуди конкретно решение на проблемот. Студентите, смета тој, мора да имаат приоритет над администрацијата. -Денеска овде беше и деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, пред протестот пред Владата за обезбедување подобри услови за студентите. Ние и со овој денешен настан им изразуваме поддршка во тој протест за да се обезбедат тие услови. Дирекцијата за ТИРЗ го понуди постојниот простор во строгиот центар на градот за сите државни институции, пред се Бирото за развој на образование, да ги користат без ограничување. За возврат, Бирото треба да излезе во пресрет на барањата на ФИНКИ и да ги отстапи бараките што ги користи, за потребите на студентите. Сите млади мора да сфатат дека оваа држава може да им даде поддршка тука да се чувствуваат дома, а не дома да им биде на некое друго место, изјави Деспотовски по денешниот настан во ТИРЗ. ФИНКИ денеска пред Владата го одржа вториот протест, испраќајќи пораката дека останува на барањето да се всели во просториите на БРО.

The post ТИРЗ со решение за проблемот на ФИНКИ, му ги нуди своите сегашни простории на БРО, за БРО да им ги отстапи бараките на студентите appeared first on Република.

]]>