Брнз Archives - Република https://republika.mk/tema/brnz/ За подобро да се разбереме Sun, 08 May 2022 13:57:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Брнз Archives - Република https://republika.mk/tema/brnz/ 32 32 Најавениот стратешки дијалог со САД е процес и не претставува никаква замена за членството во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/najaveniot-strateshki-dijalog-so-sad-e-proces-i-ne-pretstavuva-nikakva-zamena-za-chlenstvoto-vo-eu/ Sun, 08 May 2022 13:31:11 +0000 https://republika.mk/?p=499493

Македонија ја одработи својата задача во однос на зачленувањето во Европската Унија и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно поскоро, а најавениот стратешки дијалог со САД е процес, кој е почнат уште поодамна и не претставува никаква замена за членството во Унијата, изјави денеска американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Таа одговарајќи на новинарски прашање на отворениот ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ на спортскиот аеродром „Стенковец“, изрази надеж дека Македонија во јуни ќе добие датум за почеток на преговори.

Сметам дека Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно побрзо. Сакам да истакнам дека стратешкиот дијалог, кој го воспоставивме не претставува замена за членството во ЕУ, туку станува збор за унапредување на односите, кои досега сме ги имале, истакна Брнз.

Таа појасни дека зајакнувањето на соработката меѓу двете земји сега се одвива и во насока на тоа што Македонија е полноправна членка на НАТО.

Кажавме дека по зачленувањето на Македонија во НАТО, нашиот однос ќе се промени, затоа што станавме сојузници, седиме на иста маса, имам еден заеднички глас и се разбира нашата соработка еволуираше во таа насока, рече Брнз.

Стратешкиот дијалог почнува јуни во повеќе сфери – надворешната политика, економија, инвестиции, одбрана, а следната недела ќе биде дефиниран тимот на министри и експерти од земјава, кои ќе престојуваат во Вашингтон и ќе имаат таму состаноци на соодветното ниво.

Брнз нагласи дека идејата е на иста маса да седнат претставници од различни институции на Македонија и САД и сето ова ќе преставува еден вид на билатерална соработка во конректни области, како енергетика, економија, екологија, техника, технологија, култура.

 

The post Најавениот стратешки дијалог со САД е процес и не претставува никаква замена за членството во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Македонија ја одработи својата задача во однос на зачленувањето во Европската Унија и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно поскоро, а најавениот стратешки дијалог со САД е процес, кој е почнат уште поодамна и не претставува никаква замена за членството во Унијата, изјави денеска американската амбасадорка Кејт Мари Брнз. Таа одговарајќи на новинарски прашање на отворениот ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ на спортскиот аеродром „Стенковец“, изрази надеж дека Македонија во јуни ќе добие датум за почеток на преговори.
Сметам дека Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно побрзо. Сакам да истакнам дека стратешкиот дијалог, кој го воспоставивме не претставува замена за членството во ЕУ, туку станува збор за унапредување на односите, кои досега сме ги имале, истакна Брнз.
Таа појасни дека зајакнувањето на соработката меѓу двете земји сега се одвива и во насока на тоа што Македонија е полноправна членка на НАТО.
Кажавме дека по зачленувањето на Македонија во НАТО, нашиот однос ќе се промени, затоа што станавме сојузници, седиме на иста маса, имам еден заеднички глас и се разбира нашата соработка еволуираше во таа насока, рече Брнз.
Стратешкиот дијалог почнува јуни во повеќе сфери – надворешната политика, економија, инвестиции, одбрана, а следната недела ќе биде дефиниран тимот на министри и експерти од земјава, кои ќе престојуваат во Вашингтон и ќе имаат таму состаноци на соодветното ниво. Брнз нагласи дека идејата е на иста маса да седнат претставници од различни институции на Македонија и САД и сето ова ќе преставува еден вид на билатерална соработка во конректни области, како енергетика, економија, екологија, техника, технологија, култура.  

The post Најавениот стратешки дијалог со САД е процес и не претставува никаква замена за членството во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Брнз: Македонија напредна во борбата против корупцијата, но претстои уште многу работа https://republika.mk/vesti/makedonija/brnz-makedonija-napredna-vo-borbata-protiv-korupcijata-no-pretstoi-ushte-mnogu-rabota/ Thu, 07 Apr 2022 10:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=484654

Корупција, толку често го слушаме зборот што веќе стравувам дека ќе го загуби и значењето. Има долгорочни последици што ги ограничуваат шансите за успех на една земја, нагласи Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во Македонија на денешниот регионален форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокусот“.

За амбасадорката Брнз важно е да се знае дека мора да се бориме против корупцијата. Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем заради корумпирани административци или коруптивни пркатики, истакна таа, тоа ја нагризува суштината на општеството.

Наведе дека корупцијата ја нагризува вербата во институциите, сите основи на демократијата, а антидемократските сили ја користат корупцијата за да ја поткопаат деморкатијата во слободните нации.

Амбасадорката Брнз го истакна напредокот во С Македонија и во другите земји во регионот, посочувајќи дека нашата земја имаше напредок од 24 места на листата за перцепција за корупцијата.

Би сакале да го задржиме овој момент на движење, но сепак ни претстои уште многу работа, рече Брнз.

Додаде дека корупцијата има различни форми не се само парите во плико и не се случува само на највисоко нивоа на Владата.

Научивме дека граѓаните некогаш не можат да добијат на пример извод од матична книга на родени без да потплатат. И ова е корупција, и тоа е погрешно и штетно. Тоа е корупција што го забавува напредокот. Борбата против корупцијата е едно од основните човекови права, а од оваа година и судството ќе биде вклучено. Во С Македонија на пример има голем притисок врз судиите, и сето ова може да биде индикатор за корупција и во најдобар случај може да го направи судскиот систем подложен на корупција. САД инвестирале многу во судскиот систем во Македонија за да ги затвори овие ранливи точки и сакаме да видиме дека нашите инвестиции се исплатливи со судски систем што е правичен за сите, порача Брнз.

Според неа, Владите можат да придонесат во борбата против корупцијата и наведе дека вицепремиерката Славица Грковска работи активно на промовирање на добрите практики, но, потенцира, овие практики бараат политичка волја.

Таа изрази надеж дека оние што се посветени на промената нема да се воздржат да застанат во одбрана на тоа што е правилно.

Уште еднаш нагласи дека борбата против корупцијата мора да се спроведува секој ден, во секоја институција и за доброто на секој граѓанин.

На конференцијата во организација на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Лидерството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (SELDI), Алан Џонс од ЕУ – Брисел информира дека на глобално ниво ЕУ има многу добри алати на располагање, а и уште се зајакнуваат во борбата против корупцијата, доброто владеење и човековите права.

Ние се повеќе се фокусираме на подигнување на свеста за корупцијата и во царината, образование, транспортот, енергетиката, во сите тие области, а за сето тоа е потребна политичка волја и е од суштинска важност за секоја држава. Да се одржува владеењето на правото. За да се постигне ЕУ членство мора да се бориме со корупцијата, тука не смее да има компромис, порача Џонс, додавајќи дека многу повнимателно се гледа како се спроведуваат новите закони и дали има добри резултати.

The post Брнз: Македонија напредна во борбата против корупцијата, но претстои уште многу работа appeared first on Република.

]]>

Корупција, толку често го слушаме зборот што веќе стравувам дека ќе го загуби и значењето. Има долгорочни последици што ги ограничуваат шансите за успех на една земја, нагласи Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во Македонија на денешниот регионален форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокусот“. За амбасадорката Брнз важно е да се знае дека мора да се бориме против корупцијата. Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем заради корумпирани административци или коруптивни пркатики, истакна таа, тоа ја нагризува суштината на општеството. Наведе дека корупцијата ја нагризува вербата во институциите, сите основи на демократијата, а антидемократските сили ја користат корупцијата за да ја поткопаат деморкатијата во слободните нации. Амбасадорката Брнз го истакна напредокот во С Македонија и во другите земји во регионот, посочувајќи дека нашата земја имаше напредок од 24 места на листата за перцепција за корупцијата.
Би сакале да го задржиме овој момент на движење, но сепак ни претстои уште многу работа, рече Брнз.
Додаде дека корупцијата има различни форми не се само парите во плико и не се случува само на највисоко нивоа на Владата.
Научивме дека граѓаните некогаш не можат да добијат на пример извод од матична книга на родени без да потплатат. И ова е корупција, и тоа е погрешно и штетно. Тоа е корупција што го забавува напредокот. Борбата против корупцијата е едно од основните човекови права, а од оваа година и судството ќе биде вклучено. Во С Македонија на пример има голем притисок врз судиите, и сето ова може да биде индикатор за корупција и во најдобар случај може да го направи судскиот систем подложен на корупција. САД инвестирале многу во судскиот систем во Македонија за да ги затвори овие ранливи точки и сакаме да видиме дека нашите инвестиции се исплатливи со судски систем што е правичен за сите, порача Брнз.
Според неа, Владите можат да придонесат во борбата против корупцијата и наведе дека вицепремиерката Славица Грковска работи активно на промовирање на добрите практики, но, потенцира, овие практики бараат политичка волја. Таа изрази надеж дека оние што се посветени на промената нема да се воздржат да застанат во одбрана на тоа што е правилно. Уште еднаш нагласи дека борбата против корупцијата мора да се спроведува секој ден, во секоја институција и за доброто на секој граѓанин. На конференцијата во организација на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Лидерството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (SELDI), Алан Џонс од ЕУ – Брисел информира дека на глобално ниво ЕУ има многу добри алати на располагање, а и уште се зајакнуваат во борбата против корупцијата, доброто владеење и човековите права.
Ние се повеќе се фокусираме на подигнување на свеста за корупцијата и во царината, образование, транспортот, енергетиката, во сите тие области, а за сето тоа е потребна политичка волја и е од суштинска важност за секоја држава. Да се одржува владеењето на правото. За да се постигне ЕУ членство мора да се бориме со корупцијата, тука не смее да има компромис, порача Џонс, додавајќи дека многу повнимателно се гледа како се спроведуваат новите закони и дали има добри резултати.

The post Брнз: Македонија напредна во борбата против корупцијата, но претстои уште многу работа appeared first on Република.

]]>
Брнз: Горди сме што стоиме обединети со Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/brnz-gordi-sme-shto-stoime-obedineti-so-makedonija/ Mon, 04 Apr 2022 10:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=483070

НАТО е група од 30 суверени, независни земји кои споделуваат заеднички идеали за заштита на своите граѓани, почитување на нивните соседи и обезбедување посигурна, стабилна иднина за цела Европа. Посветеноста на Македонија на овие принципи е несомнено силна. А со Македонија, сојузот само се засили, изјави американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на одбележувањето на Денот на НАТО – 4 Април, настан во организација на  Евроатлантскиот Совет на Македонија, а во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел.

Како депозитар на НАТО, САД беа првите што и посакаа добредојде на Македонија во Алијансата пред две години.

Како рамноправен партнер, горди сме што стоиме обединети со Македонија и секој НАТО сојузник во нашата желба „да живееме во мир со сите народи и сите влади”, порача Брнз, во своето видео обраќање.

Сега, кога неоправданата агресија на Русија во Украина ја загрозува регионалната безбедност, Брнз вели дека, гледаме колку е важно тоа партнерство и за Македонија и за Европа.

Како вреден и рамноправен партнер, Македонија доброволно го сподели товарот за одговор на оваа актуелна закана. Стоејќи рамо до рамо во солидарност со своите соседи и сојузници цврста во својата посветеност на мирот и безбедноста за цела Европа преку дипломатски и воени средства – Македонија е пример на духот на овој одбранбен сојуз кој беше создаден пред 73 години, изјави Брнз, во видео обраќање.

НАТО е сојуз на дела и зборови, рече Брнз и додаде дека Македонија продолжува да го почитува своето ветување дека ќе ја исполни обврската за инвестирање во одбраната до 2024 година.

Министерството за одбрана и Владата на Македонија продолжуваат да прават чекори во надградба и модернизирање на војската на земјата преку нова опрема, обука на специјалните сили и зголемена подготвеност меѓу нејзините агенции за одговор на вонредни состојби од невоен карактер, изјави Брнз.

Заменик помошничката на генералната секретарка за јавна дипломатија во НАТО, Кармен Ромеро, порача дека руската агресија врз Украина, ја донесе повторно клучната задача на НАТО, а тоа е заштитата на земјите кои се членки на Алијансата и нивните граѓани.

Во контекстот на оваа нова и неочекувана реалност, би сакала да ја пофалам нашата најнова членка – Македонија, за вашата посветеност на НАТО, затоа што бевте навистина извонреден сојузник и клучен елемент за стабилноста на Западен Балкан. Напорот на Македонија за унапредување и промовирање на безбедноста, мирот и стабилноста во регионот е навистина одлучен за сојузот, изјави Ромеро во своето видео обраќање.

Одбележувањето на Денот на НАТО, нагласи Ромеро е важно, особено кога се наоѓаме во историска пресвртница, каде имаме сложена борба за нашите вредности и задржување на слободата и демократијата – наспроти автократија, владеење на правото, наспроти користењето на брутална сила.

Претходно на настанот се обратија и премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Настан „Денот на НАТО – 4 Април”, е активност на Евроатлантскиот Совет на Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како настан чија цел е да ја информира пошироката јавност за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата.

The post Брнз: Горди сме што стоиме обединети со Македонија appeared first on Република.

]]>

НАТО е група од 30 суверени, независни земји кои споделуваат заеднички идеали за заштита на своите граѓани, почитување на нивните соседи и обезбедување посигурна, стабилна иднина за цела Европа. Посветеноста на Македонија на овие принципи е несомнено силна. А со Македонија, сојузот само се засили, изјави американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на одбележувањето на Денот на НАТО – 4 Април, настан во организација на  Евроатлантскиот Совет на Македонија, а во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел. Како депозитар на НАТО, САД беа првите што и посакаа добредојде на Македонија во Алијансата пред две години.
Како рамноправен партнер, горди сме што стоиме обединети со Македонија и секој НАТО сојузник во нашата желба „да живееме во мир со сите народи и сите влади”, порача Брнз, во своето видео обраќање.
Сега, кога неоправданата агресија на Русија во Украина ја загрозува регионалната безбедност, Брнз вели дека, гледаме колку е важно тоа партнерство и за Македонија и за Европа.
Како вреден и рамноправен партнер, Македонија доброволно го сподели товарот за одговор на оваа актуелна закана. Стоејќи рамо до рамо во солидарност со своите соседи и сојузници цврста во својата посветеност на мирот и безбедноста за цела Европа преку дипломатски и воени средства – Македонија е пример на духот на овој одбранбен сојуз кој беше создаден пред 73 години, изјави Брнз, во видео обраќање.
НАТО е сојуз на дела и зборови, рече Брнз и додаде дека Македонија продолжува да го почитува своето ветување дека ќе ја исполни обврската за инвестирање во одбраната до 2024 година.
Министерството за одбрана и Владата на Македонија продолжуваат да прават чекори во надградба и модернизирање на војската на земјата преку нова опрема, обука на специјалните сили и зголемена подготвеност меѓу нејзините агенции за одговор на вонредни состојби од невоен карактер, изјави Брнз.
Заменик помошничката на генералната секретарка за јавна дипломатија во НАТО, Кармен Ромеро, порача дека руската агресија врз Украина, ја донесе повторно клучната задача на НАТО, а тоа е заштитата на земјите кои се членки на Алијансата и нивните граѓани.
Во контекстот на оваа нова и неочекувана реалност, би сакала да ја пофалам нашата најнова членка – Македонија, за вашата посветеност на НАТО, затоа што бевте навистина извонреден сојузник и клучен елемент за стабилноста на Западен Балкан. Напорот на Македонија за унапредување и промовирање на безбедноста, мирот и стабилноста во регионот е навистина одлучен за сојузот, изјави Ромеро во своето видео обраќање.
Одбележувањето на Денот на НАТО, нагласи Ромеро е важно, особено кога се наоѓаме во историска пресвртница, каде имаме сложена борба за нашите вредности и задржување на слободата и демократијата – наспроти автократија, владеење на правото, наспроти користењето на брутална сила. Претходно на настанот се обратија и премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска. Настан „Денот на НАТО – 4 Април”, е активност на Евроатлантскиот Совет на Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како настан чија цел е да ја информира пошироката јавност за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата.

The post Брнз: Горди сме што стоиме обединети со Македонија appeared first on Република.

]]>
Брнз: Не е тајна дека јавноста не верува во судството https://republika.mk/zivot/kariera/brnz-ne-e-tajna-deka-javnosta-ne-veruva-vo-sudstvoto/ Thu, 24 Mar 2022 11:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=477637

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз денеска на конференција пред судиите кажа македонските граѓани немаат доверба во судството. Таа се повика на неодамнешна анкета на „Еуротинк“ дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството и за да се врати довербата потребно е граѓаните да видат дека системот функционира.

Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Всушност, неодамнешна анкета на „Еуротинк“ покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно, има многу за работа, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира.

Граѓаните мора да се бидат уверени дека нивните случи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија, рече денеска Брнз, на меѓународната судска конференција „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“.

Според неа, судството мора да биде ефикасно, независно и да го спроведува законот еднакво за сите доколку сака да ја врати довербата на граѓаните.

Враќањето на довербата на јавноста може да се постигне само ако сите судии прават повеќе од она што се очекува од нив кога ја дале заклетвата, вели Брнз.

The post Брнз: Не е тајна дека јавноста не верува во судството appeared first on Република.

]]>

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз денеска на конференција пред судиите кажа македонските граѓани немаат доверба во судството. Таа се повика на неодамнешна анкета на „Еуротинк“ дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството и за да се врати довербата потребно е граѓаните да видат дека системот функционира.
Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Всушност, неодамнешна анкета на „Еуротинк“ покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно, има многу за работа, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира.
Граѓаните мора да се бидат уверени дека нивните случи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија, рече денеска Брнз, на меѓународната судска конференција „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“. Според неа, судството мора да биде ефикасно, независно и да го спроведува законот еднакво за сите доколку сака да ја врати довербата на граѓаните.
Враќањето на довербата на јавноста може да се постигне само ако сите судии прават повеќе од она што се очекува од нив кога ја дале заклетвата, вели Брнз.

The post Брнз: Не е тајна дека јавноста не верува во судството appeared first on Република.

]]>
Тренчевска – Мари Брнз: Ќе ја продлабочиме воспоставената меѓусебна соработка https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-mari-brnz-kje-ja-prodlabochime-vospostavenata-megjusebna-sorabotka/ Mon, 07 Mar 2022 16:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=469148

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнс. На средбата двете соговорнички се осврнаа на веќе воспоставената добра меѓусебна соработка и за нејзиното унапредување. Министерката Тренчевска ја информираше амбасадорката за политиките и предизвиците  на кои  Министерството за труд и социјална работи во областа на човековите права, повисок животен стандард,  во делот на  реализирањето  на социјалните реформи, имплементирањето на мерките од Оперативниот план, за Законите за родова еднаквост, за вработување на лицата со попреченост и за Законот за работни односи, за поголемо учество на жените во политиката, за Стратегијата за инклузија на Ромите. Тренчевска се заблагодари на поддршката што нашата држава ја добива од САД и ја информираше амбасадорката, дека мерките за самовработување и обуки  даваат одлични резултати, кај младите, жените и лицата со попреченост, бидејќи овозможуваат нивно активно вклучување на пазарот на трудот. Таа посочи дека на утрешната владина седница ќе биде донесен Оперативниот план за вработување кој содржи активни мерки и политики за 2022 година.

Амбасадорката Мари Брнс и минстерката Тренчевска се осврнаа и на актуелната ситуацијата во Украина.

Како човек кој го застапува почитувањето на човековите права го осудувам секое загрозување на човековите права и секој напад врз сувереноста на една држава. Ставот на Владата на Република Македонија  е дека сувереноста на државата треба да биде заштитена и дека било каков напад врз држава, во случајот Украина е за секаква осуда. Како Министерство имаме главна улога во делот на процесот на подготовка за прифаќање на граѓани од Украина кои ја напуштаат својата држава, во делот на  обезбедување на соодветен престој, заштита и поддршка во периодот додека трае ваквата состојба во Украина. Со информација, Владата ќе ја информираме за можностите кои ги има Министерството за труд и социјална политика и за капацитетите со кои располагаме. Ќе информираме за колкав број на бегалци и граѓани на Украина кои ја напуштаат својата држава ќе можеме да им обезбедиме поддршка и помош, овде во нашата држава,“  рече министерката Тренчевска.

Амбасадорката Кејт Мари Брнс посочи дека заканата за Украина од Русија е закана за демократските вредности насекаде во светот.

The post Тренчевска – Мари Брнз: Ќе ја продлабочиме воспоставената меѓусебна соработка appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнс. На средбата двете соговорнички се осврнаа на веќе воспоставената добра меѓусебна соработка и за нејзиното унапредување. Министерката Тренчевска ја информираше амбасадорката за политиките и предизвиците  на кои  Министерството за труд и социјална работи во областа на човековите права, повисок животен стандард,  во делот на  реализирањето  на социјалните реформи, имплементирањето на мерките од Оперативниот план, за Законите за родова еднаквост, за вработување на лицата со попреченост и за Законот за работни односи, за поголемо учество на жените во политиката, за Стратегијата за инклузија на Ромите. Тренчевска се заблагодари на поддршката што нашата држава ја добива од САД и ја информираше амбасадорката, дека мерките за самовработување и обуки  даваат одлични резултати, кај младите, жените и лицата со попреченост, бидејќи овозможуваат нивно активно вклучување на пазарот на трудот. Таа посочи дека на утрешната владина седница ќе биде донесен Оперативниот план за вработување кој содржи активни мерки и политики за 2022 година. Амбасадорката Мари Брнс и минстерката Тренчевска се осврнаа и на актуелната ситуацијата во Украина.
Како човек кој го застапува почитувањето на човековите права го осудувам секое загрозување на човековите права и секој напад врз сувереноста на една држава. Ставот на Владата на Република Македонија  е дека сувереноста на државата треба да биде заштитена и дека било каков напад врз држава, во случајот Украина е за секаква осуда. Како Министерство имаме главна улога во делот на процесот на подготовка за прифаќање на граѓани од Украина кои ја напуштаат својата држава, во делот на  обезбедување на соодветен престој, заштита и поддршка во периодот додека трае ваквата состојба во Украина. Со информација, Владата ќе ја информираме за можностите кои ги има Министерството за труд и социјална политика и за капацитетите со кои располагаме. Ќе информираме за колкав број на бегалци и граѓани на Украина кои ја напуштаат својата држава ќе можеме да им обезбедиме поддршка и помош, овде во нашата држава,“  рече министерката Тренчевска.
Амбасадорката Кејт Мари Брнс посочи дека заканата за Украина од Русија е закана за демократските вредности насекаде во светот.

The post Тренчевска – Мари Брнз: Ќе ја продлабочиме воспоставената меѓусебна соработка appeared first on Република.

]]>
Петровска – Брнз: Македонија и САД се пример за стратешка, сојузничка одбранбена соработка https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-brnz-makedonija-i-sad-se-primer-za-strateshka-sojuznichka-odbranbena-sorabotka/ Fri, 11 Feb 2022 11:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=457155

Македонија и Соединетите Американски Држави имаат одбранбена соработка која може да послужи за пример како соработуваат две сојузнички земји, но и земји кои се стратешки партнери. Соработката која се реализира повеќе од 25 години ни помогна да ги исполниме стандардите на Алијансата“, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз.

Министерката Петровска изрази благодарност за американската поддршка за развој на нашиот најголем капацитет за обука и извежбување, армискиот полигон „Криволак“ каде македонски и американски единици работеа на развој на интерната инфраструктура и содржините за извежбување, а беше изградена и полетно-слетна патека за беспилотни летала. На овој полигон оваа пролет ќе се одржи најголемата воена вежба која досега се реализира на „Криволак“, вежбата „Swift Response 22“, која ја организираат Американските сили во Европа, а учество покрај САД и Македонија ќе земат и Обединетото Кралство, Италија, Франција, Албанија и Црна Гора.

Во однос на модернизацијата, министерката Петровска изрази задоволство што Армијата, преку договор Влада со Влада кој го зацврстува интегритетот во работењето, набавува нови и софистицирани оклопни транспортери токму од Соединетите Американски Држави.

Министерката Петровска и амбасадорката Брнз се осврнаа и на ситуацијата во Украина. Тие ја истакнаа важноста на единството со кое НАТО сојузниците пристапуваат кон прашањето, вложувајќи напори за дипломатското решавање на спорот, изразувајќи поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Македонија и САД низ годините имаше исклучително продуктивна соработка, особено во доменот на заедничките обуки и вежби, а последните години се карактеризираат и со неколку посети на највисоко ниво. Во моментов припадниците на нашата НАТО единица, Лесната пешадиска баталјонска група во Штип се обучуваат заедно со припадниците на 4. бригада за поддршка на САД, додека припадниците на специјалните сили извежбуваат со американски маринци.

The post Петровска – Брнз: Македонија и САД се пример за стратешка, сојузничка одбранбена соработка appeared first on Република.

]]>

Македонија и Соединетите Американски Држави имаат одбранбена соработка која може да послужи за пример како соработуваат две сојузнички земји, но и земји кои се стратешки партнери. Соработката која се реализира повеќе од 25 години ни помогна да ги исполниме стандардите на Алијансата“, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз.
Министерката Петровска изрази благодарност за американската поддршка за развој на нашиот најголем капацитет за обука и извежбување, армискиот полигон „Криволак“ каде македонски и американски единици работеа на развој на интерната инфраструктура и содржините за извежбување, а беше изградена и полетно-слетна патека за беспилотни летала. На овој полигон оваа пролет ќе се одржи најголемата воена вежба која досега се реализира на „Криволак“, вежбата „Swift Response 22“, која ја организираат Американските сили во Европа, а учество покрај САД и Македонија ќе земат и Обединетото Кралство, Италија, Франција, Албанија и Црна Гора. Во однос на модернизацијата, министерката Петровска изрази задоволство што Армијата, преку договор Влада со Влада кој го зацврстува интегритетот во работењето, набавува нови и софистицирани оклопни транспортери токму од Соединетите Американски Држави. Министерката Петровска и амбасадорката Брнз се осврнаа и на ситуацијата во Украина. Тие ја истакнаа важноста на единството со кое НАТО сојузниците пристапуваат кон прашањето, вложувајќи напори за дипломатското решавање на спорот, изразувајќи поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Македонија и САД низ годините имаше исклучително продуктивна соработка, особено во доменот на заедничките обуки и вежби, а последните години се карактеризираат и со неколку посети на највисоко ниво. Во моментов припадниците на нашата НАТО единица, Лесната пешадиска баталјонска група во Штип се обучуваат заедно со припадниците на 4. бригада за поддршка на САД, додека припадниците на специјалните сили извежбуваат со американски маринци.

The post Петровска – Брнз: Македонија и САД се пример за стратешка, сојузничка одбранбена соработка appeared first on Република.

]]>
Маричиќ-Брнз: САД остануваат силен поддржувач на европската интеграција на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-brnz-sad-ostanuvaat-silen-poddrzuvach-na-evropskata-integracija-na-severna-makedonija/ Fri, 21 Jan 2022 13:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=447762

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денес се сретна со амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз.

На средбата се разговараше за американската поддршка во процесот на европската интеграција на нашата земја, а беа нагласени и важноста и неопходноста од напредокот на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Вицепремиерот Маричиќ изрази уверување дека реформите остануваат во фокусот, но дека истовремено е потребен јасен и извесен исход за европската иднина на регионот.

Вицепремиерот Маричиќ во пресрет на заедничката седница со Владата на Бугарија ѝ го претстави на амбасадорката Брнз начинот на кој ќе се формираат и на кој ќе функционираат работните групи во рамки на новиот пристап со Бугарија, од кои се очекува да го придвижат процесот за надминување на отворените прашања, но и да бидат добра основа за зајакнување на соработката помеѓу институциите, граѓанскиот и бизнис секторите.

На крајот вицепремиерот за европски прашања Маричиќ истакна дека јакнењето на соработката со Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер со кој негуваме долгогодишни блиски односи, е од голема важност бидејќи САД останува еден од главните поддржувачи на реформската агенда на патот кон европската интеграција.

Амбасадорката Брнз на средбата упати честитки до вицепремиерот Маричиќ за новата функција, изразувајќи доверба во неговиот личен ангажман дека ќе даде голем придонес во евроинтегративниот процес на земјата во рамки на мандатот.​

The post Маричиќ-Брнз: САД остануваат силен поддржувач на европската интеграција на Македонија appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денес се сретна со амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз. На средбата се разговараше за американската поддршка во процесот на европската интеграција на нашата земја, а беа нагласени и важноста и неопходноста од напредокот на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Вицепремиерот Маричиќ изрази уверување дека реформите остануваат во фокусот, но дека истовремено е потребен јасен и извесен исход за европската иднина на регионот. Вицепремиерот Маричиќ во пресрет на заедничката седница со Владата на Бугарија ѝ го претстави на амбасадорката Брнз начинот на кој ќе се формираат и на кој ќе функционираат работните групи во рамки на новиот пристап со Бугарија, од кои се очекува да го придвижат процесот за надминување на отворените прашања, но и да бидат добра основа за зајакнување на соработката помеѓу институциите, граѓанскиот и бизнис секторите. На крајот вицепремиерот за европски прашања Маричиќ истакна дека јакнењето на соработката со Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер со кој негуваме долгогодишни блиски односи, е од голема важност бидејќи САД останува еден од главните поддржувачи на реформската агенда на патот кон европската интеграција. Амбасадорката Брнз на средбата упати честитки до вицепремиерот Маричиќ за новата функција, изразувајќи доверба во неговиот личен ангажман дека ќе даде голем придонес во евроинтегративниот процес на земјата во рамки на мандатот.​

The post Маричиќ-Брнз: САД остануваат силен поддржувач на европската интеграција на Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Брнз: Економската соработка да се интензивира со акцент на енергетски проекти https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-brnz-ekonomskata-sorabotka-da-se-intenzivira-so-akcent-na-energetski-proekti/ Mon, 17 Jan 2022 12:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=445849

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз.

Амбасадорката Брнз му го честиташе изборот за премиер на Димитар Ковачевски и му посака успех во спроведувањето на програмските цели на новиот владин кабинет меѓу кои соработката со САД, како стратешки партнер на Република Македонија е во врвот на приоритетите на меѓународната политика на земјата.

На средбата меѓу премиерот Ковачевски и амбасадорката Брнз стана збор и за определбата да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Македонија.

На средбата беше истакнато дека за Вашингтон Македонија и регионот остануваат важен геостратешки интерес и во таа насока од клучна важност за САД е деблокирање на евроинтеграцискиот процес за земјата и одржување на првата меѓувладина конференција со Брисел и отворањето на првите поглавја во процесот за членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски на работната средба со амбасадорката Брнз нагласи дека најавената официјална посета на премиерот на Република Бугарија Кирил Петков и на членовите на неговата Влада за 18 јануари, е добра порака која најавува сериозен исчекор за отворените прашања меѓу двете земји и за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни.

Амбасадорката Кејт Мари Брнз потенцираше дека за САД односите меѓу двете земји како најблиски соседи и сојузници во НАТО е од исклучителна важност и дека од посебно значење е брзото решавање на клучните прашања кои ќе го овозможат континуитетот на процесот за членство на Македонија во ЕУ.

The post Ковачевски – Брнз: Економската соработка да се интензивира со акцент на енергетски проекти appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз. Амбасадорката Брнз му го честиташе изборот за премиер на Димитар Ковачевски и му посака успех во спроведувањето на програмските цели на новиот владин кабинет меѓу кои соработката со САД, како стратешки партнер на Република Македонија е во врвот на приоритетите на меѓународната политика на земјата. На средбата меѓу премиерот Ковачевски и амбасадорката Брнз стана збор и за определбата да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Македонија. На средбата беше истакнато дека за Вашингтон Македонија и регионот остануваат важен геостратешки интерес и во таа насока од клучна важност за САД е деблокирање на евроинтеграцискиот процес за земјата и одржување на првата меѓувладина конференција со Брисел и отворањето на првите поглавја во процесот за членство во ЕУ. Премиерот Ковачевски на работната средба со амбасадорката Брнз нагласи дека најавената официјална посета на премиерот на Република Бугарија Кирил Петков и на членовите на неговата Влада за 18 јануари, е добра порака која најавува сериозен исчекор за отворените прашања меѓу двете земји и за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни. Амбасадорката Кејт Мари Брнз потенцираше дека за САД односите меѓу двете земји како најблиски соседи и сојузници во НАТО е од исклучителна важност и дека од посебно значење е брзото решавање на клучните прашања кои ќе го овозможат континуитетот на процесот за членство на Македонија во ЕУ.

The post Ковачевски – Брнз: Економската соработка да се интензивира со акцент на енергетски проекти appeared first on Република.

]]>