брижит макрон Archives - Република https://republika.mk/tema/brizit-makron/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 17:23:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брижит макрон Archives - Република https://republika.mk/tema/brizit-makron/ 32 32 Ја клеветеле првата дама дека е транссексуалка: Судот во Париз прогласи две жени за виновни https://republika.mk/vesti/svet/ja-klevetele-prvata-dama-deka-e-transseksualka-sudot-vo-pariz-proglasi-dve-zheni-za-vinovni/ Thu, 12 Sep 2024 17:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=815820

Судот во Париз две жени прогласи за виновни за клевета две жени кои интернет го споделувале тврдењето дека сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон е трансродова жена.

Двете жени се осудени на парична казна од по 500 евра, чие плаќање е условно. Исто така, им беше наложено да и платат отштета од вкупно 8.000 евра на Брижит Макрон и 5.000 евра на нејзиниот брат Жан-Мишел Троњо, кои беа тужители во судскиот процес, кој почна во јуни минатата година.

Ова не е победа, туку нормална примена на законот, изјави адвокатот на Брижит, Жан Еноки.

За време на судското рочиште во јуни, адвокатот ја истакна „огромната“ штета предизвикана од оваа кампања со дезинформации, што стана позната низ светот. Тој додаде дека судски постапки се водат и во Франција и во странство.

Случајот се заснова на лажни вести што се појавуваа на социјалните мрежи по изборот на Емануел Макрон за претседател во 2017 година, во која се тврдеше дека Брижит Макрон (роденото Троњо) никогаш не постоела и дека нејзиниот брат Жан-Мишел го презел тој идентитет, па го сменил полот.

Двете жени одиграа клучна улога во промовирањето на приказната во 2021 година споделувајќи на интернет „интервјуто“ на Наташа Реј објавено на „ЈуТјуб“ (YouTube).

The post Ја клеветеле првата дама дека е транссексуалка: Судот во Париз прогласи две жени за виновни appeared first on Република.

]]>

Судот во Париз две жени прогласи за виновни за клевета две жени кои интернет го споделувале тврдењето дека сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон е трансродова жена. Двете жени се осудени на парична казна од по 500 евра, чие плаќање е условно. Исто така, им беше наложено да и платат отштета од вкупно 8.000 евра на Брижит Макрон и 5.000 евра на нејзиниот брат Жан-Мишел Троњо, кои беа тужители во судскиот процес, кој почна во јуни минатата година. Ова не е победа, туку нормална примена на законот, изјави адвокатот на Брижит, Жан Еноки. За време на судското рочиште во јуни, адвокатот ја истакна „огромната“ штета предизвикана од оваа кампања со дезинформации, што стана позната низ светот. Тој додаде дека судски постапки се водат и во Франција и во странство. Случајот се заснова на лажни вести што се појавуваа на социјалните мрежи по изборот на Емануел Макрон за претседател во 2017 година, во која се тврдеше дека Брижит Макрон (роденото Троњо) никогаш не постоела и дека нејзиниот брат Жан-Мишел го презел тој идентитет, па го сменил полот. Двете жени одиграа клучна улога во промовирањето на приказната во 2021 година споделувајќи на интернет „интервјуто“ на Наташа Реј објавено на „ЈуТјуб“ (YouTube).

The post Ја клеветеле првата дама дека е транссексуалка: Судот во Париз прогласи две жени за виновни appeared first on Република.

]]>
По тврдењата дека во 30-та година го сменила полот: Брижит Макрон тужи за клевета https://republika.mk/vesti/svet/po-tvrdenata-deka-vo-30-ta-godina-go-smenila-polot-brizhit-makron-tuzhi-za-kleveta/ Thu, 11 Apr 2024 16:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=765045

Брижит Макрон ја тужи за клевета новинарката Наташа Реј, која тврдеше дека првата дама на Франција е родена како маж. Рочиштето е поместено од март 2025 година на 19 јуни 2024 година на барање на адвокатот на сопругата на Емануел Макрон, а по тврдењето на Реј дека Брижит е родена под името Жан-Мишел Троње.

Новинарката Наташа Реј ги изнесе наводите за Брижит Макрон во интервју на Јутјуб во 2021 година и гласините се проширија оттогаш, рече адвокатот на француската прва дама и побара сослушувањето да се забрза бидејќи се појави загриженост откако таквите гласини се проширија надвор од Франција во Америка.

Во последните недели, особено на меѓународен план, преку инфлуенсерката Кендис Овенс, која го пренесе сето ова, штетата по мојата клиентка од ден на ден се зголемува, рече тој.

Во интервју за Le Nouvel Obs, Наташа Реј изјави дека нема да може да присуствува на сослушувањето во јуни, бидејќи боледува од рак. Нејзиниот адвокат потврди дека на денот на судењето ќе достави ново лекарско уверение.

Таа, заедно со медиумот Амандин Рој, минатиот месец беше казнета со „симболична казна“ поради тврдењата за Брижит Макрон. Судот во Нормандија им нареди да платат по 1.700 фунти и беа прогласени за виновни за клевета. Казните беа намалени по жалбата.

Рој мораше да плати 850 фунти, а Реј 400 фунти. После тоа двете рекоа дека владата ги заплашила и дека ултра заштитениот естаблишмент во Париз крие државна тајна.

Во интервју од 2021 година дадоа контроверзни изјави, а името Жан Мишел Троње е всушност името на братот на Брижит Макрон, пишува Дејли Мејл. Првата дама на Франција пред бракот со Макрон се презиваше Троње.

Тоа видео траеше четири часа, а имаше 470.000 прегледи пред да биде избришано од Јутјуб. Во 2021 година, Фигаро објави дека првата дама на Франција планира да ги тужи оние кои започнале теории на заговор за неа.

The post По тврдењата дека во 30-та година го сменила полот: Брижит Макрон тужи за клевета appeared first on Република.

]]>

Брижит Макрон ја тужи за клевета новинарката Наташа Реј, која тврдеше дека првата дама на Франција е родена како маж. Рочиштето е поместено од март 2025 година на 19 јуни 2024 година на барање на адвокатот на сопругата на Емануел Макрон, а по тврдењето на Реј дека Брижит е родена под името Жан-Мишел Троње. Новинарката Наташа Реј ги изнесе наводите за Брижит Макрон во интервју на Јутјуб во 2021 година и гласините се проширија оттогаш, рече адвокатот на француската прва дама и побара сослушувањето да се забрза бидејќи се појави загриженост откако таквите гласини се проширија надвор од Франција во Америка. Во последните недели, особено на меѓународен план, преку инфлуенсерката Кендис Овенс, која го пренесе сето ова, штетата по мојата клиентка од ден на ден се зголемува, рече тој. Во интервју за Le Nouvel Obs, Наташа Реј изјави дека нема да може да присуствува на сослушувањето во јуни, бидејќи боледува од рак. Нејзиниот адвокат потврди дека на денот на судењето ќе достави ново лекарско уверение. Таа, заедно со медиумот Амандин Рој, минатиот месец беше казнета со „симболична казна“ поради тврдењата за Брижит Макрон. Судот во Нормандија им нареди да платат по 1.700 фунти и беа прогласени за виновни за клевета. Казните беа намалени по жалбата. Рој мораше да плати 850 фунти, а Реј 400 фунти. После тоа двете рекоа дека владата ги заплашила и дека ултра заштитениот естаблишмент во Париз крие државна тајна. Во интервју од 2021 година дадоа контроверзни изјави, а името Жан Мишел Троње е всушност името на братот на Брижит Макрон, пишува Дејли Мејл. Првата дама на Франција пред бракот со Макрон се презиваше Троње. Тоа видео траеше четири часа, а имаше 470.000 прегледи пред да биде избришано од Јутјуб. Во 2021 година, Фигаро објави дека првата дама на Франција планира да ги тужи оние кои започнале теории на заговор за неа.

The post По тврдењата дека во 30-та година го сменила полот: Брижит Макрон тужи за клевета appeared first on Република.

]]>
Брижит Макрон ќе глуми во новата сезона на серијата „Емили во Париз“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/brizhit-makron-ke-glumi-vo-novata-sezona-na-serijata-emili-vo-pariz/ Sat, 06 Apr 2024 11:57:21 +0000 https://republika.mk/?p=763040

Брижит Маркон, првата дама на Франција, ќе се појави во новата сезона на серијата „Емили во Париз“, објави Мирор.

Сопругата на Емануел Макрон е видена на снимањето на серијата заедно со главната актерка Лили Колинс.

Брижит Макрон претходно откри дека ја обожава споменатата серија, а таа беше тема на епизода во првата сезона. Сега таа ќе има можност лично да се појави во една од епизодите.

Актерката Лили Колинс беше прашана во интервју во 2022 година дали се сретнала со претседателот на Франција. „Ја запознав неговата прекрасна сопруга. Таа ја сака серијата”, изјавила тогаш актерката, пишува Мирор.

За потсетување, серијата „Емили во Париз“ имаше премиера во 2020 година на Нетфликс, а оттогаш се снимени три сезони.

The post Брижит Макрон ќе глуми во новата сезона на серијата „Емили во Париз“ appeared first on Република.

]]>

Брижит Маркон, првата дама на Франција, ќе се појави во новата сезона на серијата „Емили во Париз“, објави Мирор. Сопругата на Емануел Макрон е видена на снимањето на серијата заедно со главната актерка Лили Колинс.
Брижит Макрон претходно откри дека ја обожава споменатата серија, а таа беше тема на епизода во првата сезона. Сега таа ќе има можност лично да се појави во една од епизодите.
Актерката Лили Колинс беше прашана во интервју во 2022 година дали се сретнала со претседателот на Франција. „Ја запознав неговата прекрасна сопруга. Таа ја сака серијата”, изјавила тогаш актерката, пишува Мирор. За потсетување, серијата „Емили во Париз“ имаше премиера во 2020 година на Нетфликс, а оттогаш се снимени три сезони.

The post Брижит Макрон ќе глуми во новата сезона на серијата „Емили во Париз“ appeared first on Република.

]]>
Теорија на заговор или вистина: Брижит Макрон била родена како маж https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/teorija-na-zagovor-ili-vistina-brizhit-makron-bila-rodena-kako-mazh/ Wed, 13 Mar 2024 19:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=754401

Кендис Овенс, контроверзна конзервативна коментаторка, на социјалната мрежа Х претстави бизарна теорија дека Брижит Макрон (70) всушност е родена како маж. Овој бизарен заговор првпат беше објавен од екстремно десничарското списание Faits et Documents, откако Емануел Макрон (46) освои втор мандат во 2022 година.

Француската прва дама всушност е родена како Жан Мишел Троњук, пред конечно да го започне животот како жена на 30-годишна возраст.

Покрај тоа, се вели дека таа не родила ниту едно од нејзините три деца, а нејзиниот прв сопруг, 69-годишен пензиониран банкар, кој наводно починал како пустиник во 2020 година, се вели дека никогаш не постоел.

- Откако детално истражив сè, убедена сум дека Брижит Макрон е всушност маж и подготвена сум да ја ставам целата своја репутација на линија поради ова тврдење. Секој новинар или публикација што се обидува да го отфрли овој кредибилитет веднаш може да се идентификува како основање. Немам намера да се откажам од оваа приказна и ги поканувам другите новинари да се занимаваат со оваа експлозивна приказна. Ако Брижит Макрон навистина сака да ги побие овие тврдења, нека објави фотографии од првите 30 години од нејзиниот живот. Но не, таа нема да го направи тоа, полесно и е да ги нарекува луѓето наназад и трансфобични. Па, само покажете ни ги старите фотографии – изјави Кендис Овен.

Овенс анализираше и ретка фотографија од семејството на Брижит Макрон кога таа беше дете и заклучи дека првата дама на Франција и нејзиниот постар брат се всушност иста личност.

- Теоријата е дека првата дама Брижит Макрон е родена како Жан Мишел Троњо, па всушност таа е Жан Мишел. Така живеел како маж 30 години, имал пет деца, а потоа на 30 години станал Брижит. Па, би било сосема лудо да се каже дека овие две лица (Брижит и Жан-Мишел) не се неверојатно слични. На крајот на краиштата, зошто Жан-Мишел, за кого тврди дека и е брат, одбива да ѝ го претстави на јавноста? Ако навистина ти е брат, те молам, само прошетај со него за конечно да се увериме самите – изјави Кендис Овенс.

The post Теорија на заговор или вистина: Брижит Макрон била родена како маж appeared first on Република.

]]>

Кендис Овенс, контроверзна конзервативна коментаторка, на социјалната мрежа Х претстави бизарна теорија дека Брижит Макрон (70) всушност е родена како маж. Овој бизарен заговор првпат беше објавен од екстремно десничарското списание Faits et Documents, откако Емануел Макрон (46) освои втор мандат во 2022 година. Француската прва дама всушност е родена како Жан Мишел Троњук, пред конечно да го започне животот како жена на 30-годишна возраст. Покрај тоа, се вели дека таа не родила ниту едно од нејзините три деца, а нејзиниот прв сопруг, 69-годишен пензиониран банкар, кој наводно починал како пустиник во 2020 година, се вели дека никогаш не постоел.
- Откако детално истражив сè, убедена сум дека Брижит Макрон е всушност маж и подготвена сум да ја ставам целата своја репутација на линија поради ова тврдење. Секој новинар или публикација што се обидува да го отфрли овој кредибилитет веднаш може да се идентификува како основање. Немам намера да се откажам од оваа приказна и ги поканувам другите новинари да се занимаваат со оваа експлозивна приказна. Ако Брижит Макрон навистина сака да ги побие овие тврдења, нека објави фотографии од првите 30 години од нејзиниот живот. Но не, таа нема да го направи тоа, полесно и е да ги нарекува луѓето наназад и трансфобични. Па, само покажете ни ги старите фотографии – изјави Кендис Овен.
Овенс анализираше и ретка фотографија од семејството на Брижит Макрон кога таа беше дете и заклучи дека првата дама на Франција и нејзиниот постар брат се всушност иста личност.
- Теоријата е дека првата дама Брижит Макрон е родена како Жан Мишел Троњо, па всушност таа е Жан Мишел. Така живеел како маж 30 години, имал пет деца, а потоа на 30 години станал Брижит. Па, би било сосема лудо да се каже дека овие две лица (Брижит и Жан-Мишел) не се неверојатно слични. На крајот на краиштата, зошто Жан-Мишел, за кого тврди дека и е брат, одбива да ѝ го претстави на јавноста? Ако навистина ти е брат, те молам, само прошетај со него за конечно да се увериме самите – изјави Кендис Овенс.

The post Теорија на заговор или вистина: Брижит Макрон била родена како маж appeared first on Република.

]]>
Баба Макрон се соблече на плажа https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/baba-makron-se-sobleche-na-plaza/ Sun, 07 Aug 2022 13:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=537680

Брачниот пар Макрон замина на заслужен одмор. Поубавата половина Брижит облече костим за капење, кој совршено може прилега на секоја жена! Таа избра класичен, безвременски модел за летувањето во Бормес-ле-Мимоза, каде што е официјалната летна резиденција Бреганкон од 1968 година.

Таа блескаше на плажата во црн едноделен костим за капење, додека францускиот претседател уживаше во водени спортови.

 

The post Баба Макрон се соблече на плажа appeared first on Република.

]]>

Брачниот пар Макрон замина на заслужен одмор. Поубавата половина Брижит облече костим за капење, кој совршено може прилега на секоја жена! Таа избра класичен, безвременски модел за летувањето во Бормес-ле-Мимоза, каде што е официјалната летна резиденција Бреганкон од 1968 година. Таа блескаше на плажата во црн едноделен костим за капење, додека францускиот претседател уживаше во водени спортови.  

The post Баба Макрон се соблече на плажа appeared first on Република.

]]>
Брижит ѝ го „украла“ Макрон на својата ќерка која била вљубена во Емануел https://republika.mk/vesti/svet/brizit-i-go-ukrala-makron-na-svojata-kjerka-koja-bila-vljubena-vo-emanuel/ Tue, 26 Apr 2022 06:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=493576

По повторниот избор на Емануел Макрон за претседател на Франција, во центар на интересирањето на светската јавност изби и неговата сопруга Брижит, пред се поради големата разлика во години меѓу нив двајца. Добро е познато дека Брижит е 25 години повозрасна од Емануел, но она што јавноста помалку го знае дека таа и го „украла“ Макрон на нејзината ќерка.

Ќерката на Брижит, Лурон Озиер, била вљубена во старо-новиот претседател на Франција, пред тој да ја почне љубовната врска, која заврши со брак со Брижит.

Лурон, која е на иста возраст со Макрон, одела заедно со него во средно училиште, а кога дошол во нејзиното одделение постојано зборувала за него и било очигледно дека и се допаѓа.

https://www.youtube.com/watch?v=dw-1cdNpaJg

Сепак, мајка и го „лапнала“ момчето коешто и се допаќало на Лурон, открива помладата ќерка на Брижит, Тифен Озиер, во документарниот филм „Брижит Макрон: Француска новела“ во кој таа раскажува за детали од самиот почеток на шокантната врска меѓу нејзината мајка и 25 години помладиот претседател на Франција.

https://republika.mk/vesti/svet/koga-na-makron-kje-mu-zavrshi-mandatot-brizit-kje-ima-74-godini/

The post Брижит ѝ го „украла“ Макрон на својата ќерка која била вљубена во Емануел appeared first on Република.

]]>

По повторниот избор на Емануел Макрон за претседател на Франција, во центар на интересирањето на светската јавност изби и неговата сопруга Брижит, пред се поради големата разлика во години меѓу нив двајца. Добро е познато дека Брижит е 25 години повозрасна од Емануел, но она што јавноста помалку го знае дека таа и го „украла“ Макрон на нејзината ќерка. Ќерката на Брижит, Лурон Озиер, била вљубена во старо-новиот претседател на Франција, пред тој да ја почне љубовната врска, која заврши со брак со Брижит. Лурон, која е на иста возраст со Макрон, одела заедно со него во средно училиште, а кога дошол во нејзиното одделение постојано зборувала за него и било очигледно дека и се допаѓа. https://www.youtube.com/watch?v=dw-1cdNpaJg Сепак, мајка и го „лапнала“ момчето коешто и се допаќало на Лурон, открива помладата ќерка на Брижит, Тифен Озиер, во документарниот филм „Брижит Макрон: Француска новела“ во кој таа раскажува за детали од самиот почеток на шокантната врска меѓу нејзината мајка и 25 години помладиот претседател на Франција. https://republika.mk/vesti/svet/koga-na-makron-kje-mu-zavrshi-mandatot-brizit-kje-ima-74-godini/

The post Брижит ѝ го „украла“ Макрон на својата ќерка која била вљубена во Емануел appeared first on Република.

]]>
Koга на Макрон ќе му заврши мандатот Брижит ќе има 74 години https://republika.mk/vesti/svet/koga-na-makron-kje-mu-zavrshi-mandatot-brizit-kje-ima-74-godini/ Mon, 25 Apr 2022 14:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=493375

Парот Макрон беше усогласен во своите комбинации на облека на прославата на новиот мандат. Емануел носеше  елегантен темносин костум со бела кошула и темносина вратоврска а таа го следеше во стилот. Фатени за раце, францускиот претседател и неговата сопруга беа пречекани со аплауз на импровизирана бина поставена пред Ајфеловата кула.

Тесните панталони ја истакнаа витката фигура на шеесет и деветгодишната Брижит. Над нејзината бела елегантна кошула, која беше закопчана од левата страна, носеше необичен сив блејзер, па кројот на сакото даде посебен печат на нејзиниот аутфит.

Со оваа комбинација таа облече елегантни салонки во беж боја, а на раката имаше брендирана чанта во иста боја.

Брижит се соочува со бројни критики уште од првиот ден кога се најде во фокусот на светската јавност поради победата на нејзиниот сопруг на претседателските избори во 2017 година. Тие се, пред сè, производ на разликата во години.Кога на Емануел ќе му заврши мандатот таа ќе има 74 години.

The post Koга на Макрон ќе му заврши мандатот Брижит ќе има 74 години appeared first on Република.

]]>

Парот Макрон беше усогласен во своите комбинации на облека на прославата на новиот мандат. Емануел носеше  елегантен темносин костум со бела кошула и темносина вратоврска а таа го следеше во стилот. Фатени за раце, францускиот претседател и неговата сопруга беа пречекани со аплауз на импровизирана бина поставена пред Ајфеловата кула. Тесните панталони ја истакнаа витката фигура на шеесет и деветгодишната Брижит. Над нејзината бела елегантна кошула, која беше закопчана од левата страна, носеше необичен сив блејзер, па кројот на сакото даде посебен печат на нејзиниот аутфит. Со оваа комбинација таа облече елегантни салонки во беж боја, а на раката имаше брендирана чанта во иста боја. Брижит се соочува со бројни критики уште од првиот ден кога се најде во фокусот на светската јавност поради победата на нејзиниот сопруг на претседателските избори во 2017 година. Тие се, пред сè, производ на разликата во години.Кога на Емануел ќе му заврши мандатот таа ќе има 74 години.

The post Koга на Макрон ќе му заврши мандатот Брижит ќе има 74 години appeared first on Република.

]]>
„Вашиот маж во моментот е во кревет… со друг маж“: Брижит Макрон добила вознемирувачка анонимна порака https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vashiot-maz-vo-momentot-e-vo-krevet-so-drug-maz-brizit-makron-dobila-voznemiruvachka-anonimna-poraka/ Wed, 12 Jan 2022 13:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=443720

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, добила анонимна телефонска порака во која било наведено дека нејзиниот сопруг, претседателот Емануел Макрон има љубовник, пишува Дејли Мејл. Пораката до 68-годишната сопруга дошла и покрај врвните безбедносни проверки на сите нејзини уреди, а гласела: „Знам дека вашиот сопруг моментално е со маж“.

Политичкиот коментатор Николас Присет го изјави ова во новиот документарен филм наречен „Во пеколот на претседателските кампањи“ на BFM, најпопуларниот француски ТВ канал.

Во документарецот се објавуваат и сите скандалозни гласини за личниот живот на парот, вклучително и тврдењата дека Брижит Макрон всушност е родена како маж.

The post „Вашиот маж во моментот е во кревет… со друг маж“: Брижит Макрон добила вознемирувачка анонимна порака appeared first on Република.

]]>

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, добила анонимна телефонска порака во која било наведено дека нејзиниот сопруг, претседателот Емануел Макрон има љубовник, пишува Дејли Мејл. Пораката до 68-годишната сопруга дошла и покрај врвните безбедносни проверки на сите нејзини уреди, а гласела: „Знам дека вашиот сопруг моментално е со маж“. Политичкиот коментатор Николас Присет го изјави ова во новиот документарен филм наречен „Во пеколот на претседателските кампањи“ на BFM, најпопуларниот француски ТВ канал. Во документарецот се објавуваат и сите скандалозни гласини за личниот живот на парот, вклучително и тврдењата дека Брижит Макрон всушност е родена како маж.

The post „Вашиот маж во моментот е во кревет… со друг маж“: Брижит Макрон добила вознемирувачка анонимна порака appeared first on Република.

]]>