британски командоси Archives - Република https://republika.mk/tema/britanski-komandosi/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Dec 2022 17:05:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png британски командоси Archives - Република https://republika.mk/tema/britanski-komandosi/ 32 32 НАТО трупи се на терен во Украина: Британски генерал призна дека Кралските маринци извршиле операции со висок ризик https://republika.mk/vesti/svet/nato-trupi-se-na-teren-vo-ukraina-britanski-general-prizna-deka-kralskite-marinci-izvrshile-operacii-so-visok-rizik/ Thu, 15 Dec 2022 18:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=586122

Британските кралски маринци спровеле операции со висок ризик во Украина во април, пишува генерал-полковник Роберт Магован во официјалното списание на силите. Пред ваквото признание на Магован, досега западните аналитичари и медиуми ги отфрлаа руските тврдења дека војниците на НАТО биле активни во Украина.

Членовите на група од 45 командоси на кралските маринци ја напуштија Украина во јануари, по евакуацијата на британската амбасада во Киев кон Полска. Сепак, околу 300 членови на елитната единица беа вратени назад во земјата во април за повторно воспоставување на британската мисија во Киев, пред да добијат задачи во „други дискретни операции“, пишува Магован во списанието, се наведува во извештајот на „Тајмс“.

Магован вели дека овие операции се одвивале „во исклучително чувствително опкружување и со високо ниво на политички и воен ризик“.

Офицерот, кој претходно беше командант на кралските маринци, а сега е заменик началник на одбранбениот штаб во Министерството за одбрана, не прецизира какви мисии извршиле командосите, но неговата изјава е првпат некој од Велика Британија да признае дека нејзините трупи извршиле специјални операции во Украина.

Министерството за одбрана одби да ги потврди претходните извештаи за британските специјални сили кои вршеле обука на украински војници во Киев во април.

Рускиот претседател Владимир Путин го опиша конфликтот во Украина како конфликт меѓу Русија и „целата западна воена машина“, а во септември тврдеше дека во Украина има цели воени единици „под де факто команда на западните советници“.

Зборовите на Путин беа отфрлени од западните медиуми.

Нема докази дека копнените сили на НАТО биле вмешани во Украина. Ниту дека командантите на НАТО ги насочуваат украинските единици на бојното поле. Исто така, многу е малку веројатно дека тоа ќе се случи во иднина, бидејќи НАТО се обидува да ги ублажи ризиците од ескалација“, изјави тогаш за „Би-Би-Си“, Едвард Арнолд од институтот за водење на Кралските обединетите служби.

Пишувањето на Магован докажува дека Арнолд не бил во право, но Велика Британија не е единствената земја од НАТО што го призна присуството на своите сили во Украина.

Неименуван функционер на Пентагон, во октомври пред новинарите изјави дека одреден број американски војници ги надгледуваат пратките со американско оружје некаде во Украина.

The post НАТО трупи се на терен во Украина: Британски генерал призна дека Кралските маринци извршиле операции со висок ризик appeared first on Република.

]]>

Британските кралски маринци спровеле операции со висок ризик во Украина во април, пишува генерал-полковник Роберт Магован во официјалното списание на силите. Пред ваквото признание на Магован, досега западните аналитичари и медиуми ги отфрлаа руските тврдења дека војниците на НАТО биле активни во Украина.
Членовите на група од 45 командоси на кралските маринци ја напуштија Украина во јануари, по евакуацијата на британската амбасада во Киев кон Полска. Сепак, околу 300 членови на елитната единица беа вратени назад во земјата во април за повторно воспоставување на британската мисија во Киев, пред да добијат задачи во „други дискретни операции“, пишува Магован во списанието, се наведува во извештајот на „Тајмс“.
Магован вели дека овие операции се одвивале „во исклучително чувствително опкружување и со високо ниво на политички и воен ризик“. Офицерот, кој претходно беше командант на кралските маринци, а сега е заменик началник на одбранбениот штаб во Министерството за одбрана, не прецизира какви мисии извршиле командосите, но неговата изјава е првпат некој од Велика Британија да признае дека нејзините трупи извршиле специјални операции во Украина. Министерството за одбрана одби да ги потврди претходните извештаи за британските специјални сили кои вршеле обука на украински војници во Киев во април. Рускиот претседател Владимир Путин го опиша конфликтот во Украина како конфликт меѓу Русија и „целата западна воена машина“, а во септември тврдеше дека во Украина има цели воени единици „под де факто команда на западните советници“. Зборовите на Путин беа отфрлени од западните медиуми.
Нема докази дека копнените сили на НАТО биле вмешани во Украина. Ниту дека командантите на НАТО ги насочуваат украинските единици на бојното поле. Исто така, многу е малку веројатно дека тоа ќе се случи во иднина, бидејќи НАТО се обидува да ги ублажи ризиците од ескалација“, изјави тогаш за „Би-Би-Си“, Едвард Арнолд од институтот за водење на Кралските обединетите служби.
Пишувањето на Магован докажува дека Арнолд не бил во право, но Велика Британија не е единствената земја од НАТО што го призна присуството на своите сили во Украина. Неименуван функционер на Пентагон, во октомври пред новинарите изјави дека одреден број американски војници ги надгледуваат пратките со американско оружје некаде во Украина.

The post НАТО трупи се на терен во Украина: Британски генерал призна дека Кралските маринци извршиле операции со висок ризик appeared first on Република.

]]>