Британска амбасада Archives - Република https://republika.mk/tema/britanska-ambasada/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Apr 2022 11:05:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Британска амбасада Archives - Република https://republika.mk/tema/britanska-ambasada/ 32 32 Притвор за маж кој се јавил во британската амбасада и предупредил дека ќе биде пукано во Галовеј https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-maz-koj-se-javil-vo-britanskata-ambasada-i-predupredil-deka-kje-bide-pukano-vo-galovej/ Tue, 26 Apr 2022 11:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=493763

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, Општина Дебрца, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, осомничениот на 14 април се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, каде се вклучил автоматскиот оператор на централата. На говорниот апарат осомничениот оставил порака со заканувачка содржина:

„Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“.

По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот.

Со ова, осомничениот ја загрозил сигурноста на британската амбасадорка во Скопје. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, пред се ако се има предвид видот и карактерот на стореното кривично дело и последиците од него, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО.

The post Притвор за маж кој се јавил во британската амбасада и предупредил дека ќе биде пукано во Галовеј appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, Општина Дебрца, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, осомничениот на 14 април се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, каде се вклучил автоматскиот оператор на централата. На говорниот апарат осомничениот оставил порака со заканувачка содржина:
„Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“.
По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот.
Со ова, осомничениот ја загрозил сигурноста на британската амбасадорка во Скопје. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, пред се ако се има предвид видот и карактерот на стореното кривично дело и последиците од него, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО.

The post Притвор за маж кој се јавил во британската амбасада и предупредил дека ќе биде пукано во Галовеј appeared first on Република.

]]>
Чувар на британската амбасада во Берлин осомничен дека е руски шпион https://republika.mk/vesti/svet/chuvar-na-britanskata-ambasada-vo-berlin-osomnichen-deka-e-ruski-shpion/ Wed, 06 Apr 2022 21:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=484443

Чуварот на британската амбасада во Берлин е екстрадиран од Германија и обвинет за шпионирање во корист на Русија, соопшти британската полиција.

Полицијата соопшти дека против Дејвид Балантајн Смит (57) биле поднесени девет обвиненија според Законот за службени тајни во врска со „собирање и пренесување информации корисни за руската држава“.

Полицијата соопшти дека кривичните дела биле извршени меѓу октомври 2020 година и август 2021 година, кога германската полиција го уапсила Смит во неговиот дом во Потсдам, југозападно од Берлин.

Ник Прајс, шеф на Специјалното обвинителство и единицата за контратероризам при британското обвинителство, рече дека Смит е обвинет за „седум точки од обвинението за собирање информации со намера да се испратат до руските власти, едно дело за комуникација и едно за давање информации на лице за кого се верува дека е член на руските власти“.

За време на Студената војна, Берлин беше наречен „главен град на шпионите“, бидејќи беше на првата линија на конфликтот меѓу Советите на исток и Американците и нивните западни сојузници на западниот дел од тој град.

Активностите за шпионажа, наводно, се намалиле по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и крајот на Студената војна, но руската инвазија на Украина ги залади односите меѓу Москва и Западот и ја врати шпионажата во центарот на вниманието.

Германија протера 40 руски дипломати во понеделникот, обвинувајќи ги дека се шпиони.

The post Чувар на британската амбасада во Берлин осомничен дека е руски шпион appeared first on Република.

]]>

Чуварот на британската амбасада во Берлин е екстрадиран од Германија и обвинет за шпионирање во корист на Русија, соопшти британската полиција. Полицијата соопшти дека против Дејвид Балантајн Смит (57) биле поднесени девет обвиненија според Законот за службени тајни во врска со „собирање и пренесување информации корисни за руската држава“.
Полицијата соопшти дека кривичните дела биле извршени меѓу октомври 2020 година и август 2021 година, кога германската полиција го уапсила Смит во неговиот дом во Потсдам, југозападно од Берлин. Ник Прајс, шеф на Специјалното обвинителство и единицата за контратероризам при британското обвинителство, рече дека Смит е обвинет за „седум точки од обвинението за собирање информации со намера да се испратат до руските власти, едно дело за комуникација и едно за давање информации на лице за кого се верува дека е член на руските власти“. За време на Студената војна, Берлин беше наречен „главен град на шпионите“, бидејќи беше на првата линија на конфликтот меѓу Советите на исток и Американците и нивните западни сојузници на западниот дел од тој град. Активностите за шпионажа, наводно, се намалиле по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и крајот на Студената војна, но руската инвазија на Украина ги залади односите меѓу Москва и Западот и ја врати шпионажата во центарот на вниманието. Германија протера 40 руски дипломати во понеделникот, обвинувајќи ги дека се шпиони.

The post Чувар на британската амбасада во Берлин осомничен дека е руски шпион appeared first on Република.

]]>