Британци Archives - Република https://republika.mk/tema/britanci/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 08:50:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Британци Archives - Република https://republika.mk/tema/britanci/ 32 32 Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што им пречи да најдат работа https://republika.mk/zivot/zdravje/mladite-britantsi-se-poveke-stradaat-od-problemi-so-psihichkoto-zdravje-shto-im-prechi-da-najdat-rabota/ Tue, 27 Feb 2024 08:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=748792

Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја попречуваат нивната способност да најдат работа, посочува испитување објавено од „Фондацијата Резолушн“.

Истражувањето насочено кон Британците на возраст меѓу 18 и 24 години, потврдува дека кај оние кои страдаат од психичка болест има поголема веројатност да бидат невработени или да преземат ниско платени работни места, отколку оние без психички проблеми. Написот, инаку, ги обвинува социјалните мрежи за многу проблеми - кај младите лица особено. Во таа смисла, особено се истакнува оти прекумерната употреба на слободниот виртуелен простор игра клучна улога во поттикнувањето на анксиозноста и депресијата и овозможувањето тормозење на интернет.

Младите луѓе денес го имаат непожелниот предуслов да имаат најлошо ментално здравје од која било возрасна група. Британија треба да финансира поголема поддршка за менталното здравје за да се избегне 'изгубена генерација' поради лошо здравје“, соопшти Фондацијата.

Меѓу 2021. и 2022 година, кога Велика Британија излезе од блокадите на Ковид-пандемијата, според испитувањата - 34 отсто од младите Британци пријавиле симптоми на психичко нарушување, како анксиозност, биполарно растројство или депресија. Тоа е повисоко ниво отколку во 2000 година кога пропорцијата изнесуваше 24 насто.

Покрај тоа, 41 отсто од младите девојки се склони кон нарушувања на психичкото здравје, како и 26 отсто од младите мажи.

Кај младите луѓе со проблеми со психичкото здравје има поголема веројатност да се борат со светот на возрасните отколку нивните поздрави врсници. Слабото ментално здравје може да го уништи искуството на младите во образованието, на пр. - да го попречи нивното брзо наоѓање работа или да ја ограничи нивната способност да се пробијат на пазарот на трудот“, се додава во извештајот.

Ова, според стручњаците, е критично важно за сегашноста, но се истакнува оти може да има и долгорочни последици во иднината.

The post Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што им пречи да најдат работа appeared first on Република.

]]>

Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја попречуваат нивната способност да најдат работа, посочува испитување објавено од „Фондацијата Резолушн“. Истражувањето насочено кон Британците на возраст меѓу 18 и 24 години, потврдува дека кај оние кои страдаат од психичка болест има поголема веројатност да бидат невработени или да преземат ниско платени работни места, отколку оние без психички проблеми. Написот, инаку, ги обвинува социјалните мрежи за многу проблеми - кај младите лица особено. Во таа смисла, особено се истакнува оти прекумерната употреба на слободниот виртуелен простор игра клучна улога во поттикнувањето на анксиозноста и депресијата и овозможувањето тормозење на интернет.
Младите луѓе денес го имаат непожелниот предуслов да имаат најлошо ментално здравје од која било возрасна група. Британија треба да финансира поголема поддршка за менталното здравје за да се избегне 'изгубена генерација' поради лошо здравје“, соопшти Фондацијата.
Меѓу 2021. и 2022 година, кога Велика Британија излезе од блокадите на Ковид-пандемијата, според испитувањата - 34 отсто од младите Британци пријавиле симптоми на психичко нарушување, како анксиозност, биполарно растројство или депресија. Тоа е повисоко ниво отколку во 2000 година кога пропорцијата изнесуваше 24 насто. Покрај тоа, 41 отсто од младите девојки се склони кон нарушувања на психичкото здравје, како и 26 отсто од младите мажи.
Кај младите луѓе со проблеми со психичкото здравје има поголема веројатност да се борат со светот на возрасните отколку нивните поздрави врсници. Слабото ментално здравје може да го уништи искуството на младите во образованието, на пр. - да го попречи нивното брзо наоѓање работа или да ја ограничи нивната способност да се пробијат на пазарот на трудот“, се додава во извештајот.
Ова, според стручњаците, е критично важно за сегашноста, но се истакнува оти може да има и долгорочни последици во иднината.

The post Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што им пречи да најдат работа appeared first on Република.

]]>
Британците сакаат да се вратат во ЕУ? Анкетите покажуваат дека дури 55% сакаат назад https://republika.mk/vesti/svet/britantsite-sakaat-da-se-vratat-vo-eu-anketite-pokazhuvaat-deka-duri-55-sakaat-nazad/ Tue, 18 Jul 2023 07:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=662497

Процентот на Британци кои мислат дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е грешка достигна рекордно високо ниво и го надмина мнозинството, покажа анкета на YouGov објавена денеска.

Со малку економски придобивки по Брегзит, 57 отсто од Британците, анкетирани во јули, сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија во 2016 година е погрешна, во споредба со 32 отсто кои сметаат дека е исправна.

Повеќе од половина, 55 отсто би гласале за повторно влегување во ЕУ, наспроти 31 отсто кои рекле дека би биле за останување надвор од Унијата.

Пред малку повеќе од две години, во јануари 2021 година, 49 отсто од анкетираните изјавија дека ќе гласаат за повторно приклучување, додека 37 отсто би биле против.

Британскиот премиер Риши Сунак во мај рече дека Брегзит има бенефиции, наведувајќи ја политиката на слободни пристаништа и намалувањето на ДДВ, што според него ќе ги поевтини пивото и санитарните производи.

Економистите велат дека слободните пристаништа, специјалните зони кои содржат даночни и царински олеснувања и поедноставени трговски регулативи, веројатно нема да ја поттикнат британската економија, но може да имаат ограничена вредност како алатка за регионален развој.

Британските деловни инвестиции едвај пораснаа од средината на 2016 година, за разлика од другите напредни економии.

Додека економистите кои го поддржуваат Брегзит укажуваат на фактот дека капиталот силно растел во годините до 2016 година и требаше да забави, деловните анкети укажуваат на Брегзит како една од причините за стагнација.

Анкетата на YouGov во која учествуваа повеќе од 2.000 Британци покажа дека 63 отсто сега го гледаат Брегзит повеќе како неуспех отколку успех, во споредба со 12 отсто кои го сметаат повеќе за успех.

The post Британците сакаат да се вратат во ЕУ? Анкетите покажуваат дека дури 55% сакаат назад appeared first on Република.

]]>

Процентот на Британци кои мислат дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е грешка достигна рекордно високо ниво и го надмина мнозинството, покажа анкета на YouGov објавена денеска. Со малку економски придобивки по Брегзит, 57 отсто од Британците, анкетирани во јули, сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија во 2016 година е погрешна, во споредба со 32 отсто кои сметаат дека е исправна. Повеќе од половина, 55 отсто би гласале за повторно влегување во ЕУ, наспроти 31 отсто кои рекле дека би биле за останување надвор од Унијата. Пред малку повеќе од две години, во јануари 2021 година, 49 отсто од анкетираните изјавија дека ќе гласаат за повторно приклучување, додека 37 отсто би биле против. Британскиот премиер Риши Сунак во мај рече дека Брегзит има бенефиции, наведувајќи ја политиката на слободни пристаништа и намалувањето на ДДВ, што според него ќе ги поевтини пивото и санитарните производи. Економистите велат дека слободните пристаништа, специјалните зони кои содржат даночни и царински олеснувања и поедноставени трговски регулативи, веројатно нема да ја поттикнат британската економија, но може да имаат ограничена вредност како алатка за регионален развој. Британските деловни инвестиции едвај пораснаа од средината на 2016 година, за разлика од другите напредни економии. Додека економистите кои го поддржуваат Брегзит укажуваат на фактот дека капиталот силно растел во годините до 2016 година и требаше да забави, деловните анкети укажуваат на Брегзит како една од причините за стагнација. Анкетата на YouGov во која учествуваа повеќе од 2.000 Британци покажа дека 63 отсто сега го гледаат Брегзит повеќе како неуспех отколку успех, во споредба со 12 отсто кои го сметаат повеќе за успех.

The post Британците сакаат да се вратат во ЕУ? Анкетите покажуваат дека дури 55% сакаат назад appeared first on Република.

]]>
Повеќе од осум милиони Британци користат антидепресиви https://republika.mk/vesti/svet/poveke-od-osum-milioni-britantsi-koristat-antidepresivi/ Mon, 19 Jun 2023 14:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=653152

Над осум милиони Британци или 12 проценти од населението на Велика Британија, користат антидепресиви, соопшти Државната здравствена служба (НХС).

Според истражувањето, два милиони луѓе користат антидепресиви повеќе од пет години.

Најновите податоци за долготрајната употреба на антидепресивите, за периодот од 2018 до 2022 година, даваат генерална слика, но не и детали за евентуалните последици, се наведува во соопштението.

Современите антидепресиви, наречени „Селективни инхибитори на повторното земање на серотонин“ (ССРИ), како што е „Прозак“, што се појавија на крајот од 80-тите години од 20 век, беа најавени како „чудесни лекови“ без сериозни несакани ефекти.

Постојат некои докази кои сугерираат дека долготрајната употреба на антидепресиви може да биде поврзана со здравствени ризици како што се срцеви проблеми и дијабетес.

Исто така, се смета дека долготрајната употреба може да доведе до поголем ризик од несакани симптоми откако пациентите ќе престанат да ги користат: некои може да доживеат посериозни и долготрајни негативни ефекти, додека други може да престанат да ги користат лековите без проблеми.

The post Повеќе од осум милиони Британци користат антидепресиви appeared first on Република.

]]>

Над осум милиони Британци или 12 проценти од населението на Велика Британија, користат антидепресиви, соопшти Државната здравствена служба (НХС). Според истражувањето, два милиони луѓе користат антидепресиви повеќе од пет години. Најновите податоци за долготрајната употреба на антидепресивите, за периодот од 2018 до 2022 година, даваат генерална слика, но не и детали за евентуалните последици, се наведува во соопштението. Современите антидепресиви, наречени „Селективни инхибитори на повторното земање на серотонин“ (ССРИ), како што е „Прозак“, што се појавија на крајот од 80-тите години од 20 век, беа најавени како „чудесни лекови“ без сериозни несакани ефекти. Постојат некои докази кои сугерираат дека долготрајната употреба на антидепресиви може да биде поврзана со здравствени ризици како што се срцеви проблеми и дијабетес. Исто така, се смета дека долготрајната употреба може да доведе до поголем ризик од несакани симптоми откако пациентите ќе престанат да ги користат: некои може да доживеат посериозни и долготрајни негативни ефекти, додека други може да престанат да ги користат лековите без проблеми.

The post Повеќе од осум милиони Британци користат антидепресиви appeared first on Република.

]]>
Во Украина војуваат околу 3.000 британски војници https://republika.mk/vesti/svet/vo-ukraina-vojuvaat-okolu-3-000-britanski-vojnici/ Wed, 15 Jun 2022 09:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=515394

Грузискиот командант, Мамука Мамулашвили, кој ги надгледува операциите во кои се вклучени странските борци во Украина, вели дека во земјата има околу 20.000 странци кои се борат против руските сили.

Мамуашвили е командант на Грузиската легија, воена единица под украинска команда, која сочинува најголем дел од странските борци во Украина. Британските војници ја сочинуваат втората по големина странска група, додека Американците се на трето место, пишува „Индипендент“.

Мамуашвили, кој ја основаше единицата кога почнаа конфликтите во источна Украина во 2014 година, за „Скај њуз“ вели дека околу 70 до 80 отсто од странските борци во Украина првично минувале низ неговата единица. Но, повеќето се преместуваат во Меѓународната легија бидејќи тој бара повеќе борбено искуство.

Лондон официјално не објави колку Британци се борат во Украина, а не е јасно дали Украина ја евидентира националноста на странските регрути.

Според официјални потврди, во досегашниот тек на војната, двајца британски државјани загинаа во Украина. Џордан Гетли (24) е застрелан во Северодонецк. Кон крајот на април, друг британски државјанин, Скот Сибли, за кого кога пријателите велат дека е „поранешен војник“, беше прогласен за мртов.

https://republika.mk/vesti/svet/britanski-voen-veteran-zaginal-vo-ukraina-drug-se-vodi-kako-ischeznat/

 

The post Во Украина војуваат околу 3.000 британски војници appeared first on Република.

]]>

Грузискиот командант, Мамука Мамулашвили, кој ги надгледува операциите во кои се вклучени странските борци во Украина, вели дека во земјата има околу 20.000 странци кои се борат против руските сили. Мамуашвили е командант на Грузиската легија, воена единица под украинска команда, која сочинува најголем дел од странските борци во Украина. Британските војници ја сочинуваат втората по големина странска група, додека Американците се на трето место, пишува „Индипендент“. Мамуашвили, кој ја основаше единицата кога почнаа конфликтите во источна Украина во 2014 година, за „Скај њуз“ вели дека околу 70 до 80 отсто од странските борци во Украина првично минувале низ неговата единица. Но, повеќето се преместуваат во Меѓународната легија бидејќи тој бара повеќе борбено искуство. Лондон официјално не објави колку Британци се борат во Украина, а не е јасно дали Украина ја евидентира националноста на странските регрути. Според официјални потврди, во досегашниот тек на војната, двајца британски државјани загинаа во Украина. Џордан Гетли (24) е застрелан во Северодонецк. Кон крајот на април, друг британски државјанин, Скот Сибли, за кого кога пријателите велат дека е „поранешен војник“, беше прогласен за мртов. https://republika.mk/vesti/svet/britanski-voen-veteran-zaginal-vo-ukraina-drug-se-vodi-kako-ischeznat/  

The post Во Украина војуваат околу 3.000 британски војници appeared first on Република.

]]>
Трас: Ќе направиме се што е потребно за ослободување на осудените Британци во Донбас https://republika.mk/vesti/svet/tras-kje-napravime-se-shto-e-potrebno-za-osloboduvanje-na-osudenite-britanci-vo-donbas/ Tue, 14 Jun 2022 10:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=514963

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека ќе направи се што е потребно за да обезбеди ослободување на двајца британски државјани кои властите во Донбас ги осудија на смрт.

Прашана дали е подготвена директно да преговара со лидерите на самопрогласената Доњецка Народна Република Доњецк, Трас одби да одговори експлицитно, но за „Би-Би-Си“ изјави дека „ќе направи се што е потребно за да обезбеди нивно ослободување“, пренесува „Ројтерс“.

The post Трас: Ќе направиме се што е потребно за ослободување на осудените Британци во Донбас appeared first on Република.

]]>

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека ќе направи се што е потребно за да обезбеди ослободување на двајца британски државјани кои властите во Донбас ги осудија на смрт. Прашана дали е подготвена директно да преговара со лидерите на самопрогласената Доњецка Народна Република Доњецк, Трас одби да одговори експлицитно, но за „Би-Би-Си“ изјави дека „ќе направи се што е потребно за да обезбеди нивно ослободување“, пренесува „Ројтерс“.

The post Трас: Ќе направиме се што е потребно за ослободување на осудените Британци во Донбас appeared first on Република.

]]>
Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/dvajca-britanci-i-eden-marokanec-koi-se-borele-za-ukraina-se-soochuvaat-so-smrtna-kazna-vo-donjeck/ Thu, 09 Jun 2022 10:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=513067

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле за Украина и биле заробени од проруските сили во Донбас, се соочуваат со смртна казна. Веста ја пренесува руската новинска агенција РИА, која објави видео снимка од судењето во окружниот суд во Доњецк.

РИА го цитира обвинителството дека сите тројца може да се соочат со смртна казна. Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека затворениците биле користени за политички цели.

На видеото се гледа како тројцата мажи зад решетки се испрашувани од преведувач дали биле информирани за обвиненијата и дали имаат некакви приговори за почетокот на судењето. На тоа, обвинетите дале согласност за почеток на испрашувањето.

На украинската страна се борат и голем број странски борци, кои самиот украински претседател Володимир Зеленски ги повика на помош. На таквиот повик и нивното доаѓање во Украина, стигна одговор од Москва дека тие ќе бидат сметани за платеници и затоа за нив нема да важат меѓународните конвенции за постапување со воените заробеници.

Таквата најава на Русија значи дека доколку бидат заробени, во „најдобар случај“ за нив, ќе треба да се соочат со долга затворска казна. Сепак, проруските сили од Донбас, неколкупати јавно се закануваа дека заробените странци во редовите на украинската армија може да бидат погубени.

The post Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле за Украина и биле заробени од проруските сили во Донбас, се соочуваат со смртна казна. Веста ја пренесува руската новинска агенција РИА, која објави видео снимка од судењето во окружниот суд во Доњецк. РИА го цитира обвинителството дека сите тројца може да се соочат со смртна казна. Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека затворениците биле користени за политички цели. На видеото се гледа како тројцата мажи зад решетки се испрашувани од преведувач дали биле информирани за обвиненијата и дали имаат некакви приговори за почетокот на судењето. На тоа, обвинетите дале согласност за почеток на испрашувањето. На украинската страна се борат и голем број странски борци, кои самиот украински претседател Володимир Зеленски ги повика на помош. На таквиот повик и нивното доаѓање во Украина, стигна одговор од Москва дека тие ќе бидат сметани за платеници и затоа за нив нема да важат меѓународните конвенции за постапување со воените заробеници. Таквата најава на Русија значи дека доколку бидат заробени, во „најдобар случај“ за нив, ќе треба да се соочат со долга затворска казна. Сепак, проруските сили од Донбас, неколкупати јавно се закануваа дека заробените странци во редовите на украинската армија може да бидат погубени.

The post Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Рекордни два милиони Британци со борат со ковид-симптоми кои траат повеќе од четири недели https://republika.mk/zivot/zdravje/rekordni-dva-milioni-britanci-so-borat-so-kovid-simptomi-koi-traat-povekje-od-chetiri-nedeli/ Thu, 02 Jun 2022 10:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=510126

Рекордни два милиона луѓе во Велика Британија страдаат од Ковид на долг рок, објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Околу 3,1 отсто од британското население има симптоми кои траат повеќе од четири недели по инфекцијата со Ковид-19, покажуваат новите проценки на ОНС.

Околу 376.000 луѓе кои биле меѓу првите заразени со коронавирус на почетокот на пандемијата пријавиле симптоми кои траат најмалку две години, а 826.000 луѓе имале симптоми најмалку една година. Приближно 1,4 милиони имале долгорочни симптоми најмалку три месеци по инфекцијата.

Најчести симптоми се замор, отежнато дишење, кашлица и болки во мускулите. Едно од пет лица со долгорочен Ковид вели дека способноста да вршат секојдневни активности е „многу ограничена“ поради постојаните симптоми.

ОНС соопшти дека долгорочниот Ковид-19 е почест кај жените на возраст од 35 до 69 години, луѓето кои живеат во посиромашните области, оние кои работат во образованието или здравствената заштита, оние со други болести и лицата со попреченост.

Бројките се засноваат на самопроценка на долгиот Ковид од репрезентативен примерок на луѓе во приватни домаќинства, собиран во текот на четири недели, до 1 мај.

The post Рекордни два милиони Британци со борат со ковид-симптоми кои траат повеќе од четири недели appeared first on Република.

]]>

Рекордни два милиона луѓе во Велика Британија страдаат од Ковид на долг рок, објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС). Околу 3,1 отсто од британското население има симптоми кои траат повеќе од четири недели по инфекцијата со Ковид-19, покажуваат новите проценки на ОНС. Околу 376.000 луѓе кои биле меѓу првите заразени со коронавирус на почетокот на пандемијата пријавиле симптоми кои траат најмалку две години, а 826.000 луѓе имале симптоми најмалку една година. Приближно 1,4 милиони имале долгорочни симптоми најмалку три месеци по инфекцијата. Најчести симптоми се замор, отежнато дишење, кашлица и болки во мускулите. Едно од пет лица со долгорочен Ковид вели дека способноста да вршат секојдневни активности е „многу ограничена“ поради постојаните симптоми. ОНС соопшти дека долгорочниот Ковид-19 е почест кај жените на возраст од 35 до 69 години, луѓето кои живеат во посиромашните области, оние кои работат во образованието или здравствената заштита, оние со други болести и лицата со попреченост. Бројките се засноваат на самопроценка на долгиот Ковид од репрезентативен примерок на луѓе во приватни домаќинства, собиран во текот на четири недели, до 1 мај.

The post Рекордни два милиони Британци со борат со ковид-симптоми кои траат повеќе од четири недели appeared first on Република.

]]>
Британскa функционерка: Не сакаме Британците да се борат во Украина https://republika.mk/vesti/svet/britanska-funkcionerka-ne-sakame-britancite-da-se-borat-vo-ukraina/ Fri, 29 Apr 2022 12:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=495134

Британската секретарка за меѓународна трговија, Ен-Мари Тревелјан ги повика британските граѓани да не патуваат во Украина за да се борат во војната, откако беше објавено дека еден Британец загинал, а друг е исчезнат.

Британските медиуми потврдија дека 36-годишниот Скот Сибли, официјално е првиот британски државјанин кој загинал во војната во Украина.

https://republika.mk/vesti/svet/britanski-voen-veteran-zaginal-vo-ukraina-drug-se-vodi-kako-ischeznat/

Ја разбираме искрената искрена загриженост на јавноста, но не сакаме британските граѓани да одат и да се борат - изјави Тревелјан за „Скај њуз“.

Таа додаде дека има многу начини на кои Британија може да ги поддржи луѓето во Украина, како што се донации и сместување бегалци.

The post Британскa функционерка: Не сакаме Британците да се борат во Украина appeared first on Република.

]]>

Британската секретарка за меѓународна трговија, Ен-Мари Тревелјан ги повика британските граѓани да не патуваат во Украина за да се борат во војната, откако беше објавено дека еден Британец загинал, а друг е исчезнат. Британските медиуми потврдија дека 36-годишниот Скот Сибли, официјално е првиот британски државјанин кој загинал во војната во Украина. https://republika.mk/vesti/svet/britanski-voen-veteran-zaginal-vo-ukraina-drug-se-vodi-kako-ischeznat/
Ја разбираме искрената искрена загриженост на јавноста, но не сакаме британските граѓани да одат и да се борат - изјави Тревелјан за „Скај њуз“.
Таа додаде дека има многу начини на кои Британија може да ги поддржи луѓето во Украина, како што се донации и сместување бегалци.

The post Британскa функционерка: Не сакаме Британците да се борат во Украина appeared first on Република.

]]>