брикс Archives - Република https://republika.mk/tema/briks/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 19:52:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брикс Archives - Република https://republika.mk/tema/briks/ 32 32 Република Српска сака да финасира свои проекти преку БРИКС, а не преку ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/republika-srpska-saka-da-finasira-svoi-proekti-preku-briks-a-ne-preku-eu/ Fri, 01 Nov 2024 21:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=833297

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека официјална Бања Лука ќе се обиде да обезбеди финансирање за некои проекти преку инструментите на БРИКС, а не преку европските институции.

Додик порача дека соработката со Новата развојна банка на БРИКС, која покажа интерес за инвестирање во региони надвор од асоцијацијата, може да стане алтернатива на постоечките финансиски инструменти.

Со помош на финансиските алатки, Западот, а особено Соединетите Американски Држави, се обидуваат да влијаат на другите земји. Затоа голем број земји бараат, како алтернатива, наместо укинување на доларот, да се воведе друг механизам за плаќање и порамнување меѓу земјите кои имаат своја валута“, рече Додик.

Тој истакна дека во светски рамки, довербата во доларот е значително намалена, што доведува до развој на процесот на дедоларизација.

The post Република Српска сака да финасира свои проекти преку БРИКС, а не преку ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека официјална Бања Лука ќе се обиде да обезбеди финансирање за некои проекти преку инструментите на БРИКС, а не преку европските институции. Додик порача дека соработката со Новата развојна банка на БРИКС, која покажа интерес за инвестирање во региони надвор од асоцијацијата, може да стане алтернатива на постоечките финансиски инструменти.
Со помош на финансиските алатки, Западот, а особено Соединетите Американски Држави, се обидуваат да влијаат на другите земји. Затоа голем број земји бараат, како алтернатива, наместо укинување на доларот, да се воведе друг механизам за плаќање и порамнување меѓу земјите кои имаат своја валута“, рече Додик.
Тој истакна дека во светски рамки, довербата во доларот е значително намалена, што доведува до развој на процесот на дедоларизација.

The post Република Српска сака да финасира свои проекти преку БРИКС, а не преку ЕУ appeared first on Република.

]]>
Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер https://republika.mk/vesti/svet/kuba-se-prikluchi-na-briks-kako-zemja-partner/ Fri, 25 Oct 2024 18:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=831068

Куба се приклучи на блокот БРИКС како земја партнер, со надеж дека ќе изгради поправеден и подемократски светски поредок, изјави денеска претседателот на карипската земја, Мигел Дијаз-Канел.

- Куба има чест да се приклучи на БРИКС како земја партнер … Пет букви и голема надеж за земјите од југот на тешкиот пат кон поправеден, подемократски, поеднаков и одржлив меѓународен поредок, напиша претседателот на Куба на X.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека членките на БРИКС на самитот во Казан ја договориле листата на земји партнери на асоцијацијата.

The post Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер appeared first on Република.

]]>

Куба се приклучи на блокот БРИКС како земја партнер, со надеж дека ќе изгради поправеден и подемократски светски поредок, изјави денеска претседателот на карипската земја, Мигел Дијаз-Канел.
- Куба има чест да се приклучи на БРИКС како земја партнер … Пет букви и голема надеж за земјите од југот на тешкиот пат кон поправеден, подемократски, поеднаков и одржлив меѓународен поредок, напиша претседателот на Куба на X.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека членките на БРИКС на самитот во Казан ја договориле листата на земји партнери на асоцијацијата.

The post Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер appeared first on Република.

]]>
Вулин со порака од Казан: Србија не гледа иднина во ЕУ, БРИКС е нашата нова шанса за слобода https://republika.mk/vesti/balkan/vulin-so-poraka-od-kazan-srbija-ne-gleda-idnina-vo-eu-briks-e-nashata-nova-shansa-za-sloboda/ Thu, 24 Oct 2024 16:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=830659

Српскиот вицепремиер, Александар Вулин, кој присуствува на самитот на БРИКС во Казан, Русија, изјави дека Србија ја разгледува можноста за приклучување кон БРИКС, нагласувајќи дека оваа организација на земјите им нуди слобода на избор во меѓународните односи.

Вулин нагласи дека тој иднината на Србија не ја гледа во Европската Унија и дека БРИКС за неговата земја станува сериозна алтернатива на ЕУ, особено во актуелните политички околности.

Ваквата изјава доаѓа во време кога односите меѓу Србија и ЕУ се под притисок. Неодамнешното назначување на новиот европски известувач за Србија, хрватскиот европратеник Тонино Пицула, кој изрази став дека Србија нема да биде примена во Европската Унија без признавање на независноста на Косово и воведување санкции кон Русија, покажува дека барањата за пристапување во ЕУ нема да се сведе само на исполнување на неколку главни услови.

https://republika.mk/vesti/balkan/kreml-za-eventualniot-vlez-na-srbija-vo-briks-eu-go-uslovuva-i-go-pritiska-belgrad-gi-razbirame-nashite-srpski-prijateli/

Ова додава тежина на изјавата на Вулин, бидејќи покажува дека пристапувањето на Србија во Европската унија е многу покомплексен и политички покомплициран процес отколку што можеше да изгледа досега.

The post Вулин со порака од Казан: Србија не гледа иднина во ЕУ, БРИКС е нашата нова шанса за слобода appeared first on Република.

]]>

Српскиот вицепремиер, Александар Вулин, кој присуствува на самитот на БРИКС во Казан, Русија, изјави дека Србија ја разгледува можноста за приклучување кон БРИКС, нагласувајќи дека оваа организација на земјите им нуди слобода на избор во меѓународните односи. Вулин нагласи дека тој иднината на Србија не ја гледа во Европската Унија и дека БРИКС за неговата земја станува сериозна алтернатива на ЕУ, особено во актуелните политички околности. Ваквата изјава доаѓа во време кога односите меѓу Србија и ЕУ се под притисок. Неодамнешното назначување на новиот европски известувач за Србија, хрватскиот европратеник Тонино Пицула, кој изрази став дека Србија нема да биде примена во Европската Унија без признавање на независноста на Косово и воведување санкции кон Русија, покажува дека барањата за пристапување во ЕУ нема да се сведе само на исполнување на неколку главни услови. https://republika.mk/vesti/balkan/kreml-za-eventualniot-vlez-na-srbija-vo-briks-eu-go-uslovuva-i-go-pritiska-belgrad-gi-razbirame-nashite-srpski-prijateli/ Ова додава тежина на изјавата на Вулин, бидејќи покажува дека пристапувањето на Србија во Европската унија е многу покомплексен и политички покомплициран процес отколку што можеше да изгледа досега.

The post Вулин со порака од Казан: Србија не гледа иднина во ЕУ, БРИКС е нашата нова шанса за слобода appeared first on Република.

]]>
Мадуро до Путин: Се восхитуваме на руските воени победи во битката против нацизмот и фашизмот https://republika.mk/vesti/svet/maduro-do-putin-se-voshituvame-na-ruskite-voeni-pobedi-vo-bitkata-protiv-natsizmot-i-fashizmot/ Wed, 23 Oct 2024 19:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=830310

Претседаелот на Венецуела, кој престојува во Казан на самитот на БРИКС, му рекол на својот домаќин, претседателот на Русија, Владимир Путин дека тој и негховиот народ се восхитуваат на руските воени победи во битката против нацизмот и фашизмот.

Вчера, по пристигнувањето во Казан, забележав: „Слетавме, на нозе сме, безбедни сме и успеавме“. Народот на Венецуела триумфираше, почитуван претседателе, внимателно ја следиме борбата на Русија против нацизмот и фашизмот. Се гордееме што ве имаме како наши пријатели и подготвени сме да продолжиме заедно“, изјави Мадуро.

The post Мадуро до Путин: Се восхитуваме на руските воени победи во битката против нацизмот и фашизмот appeared first on Република.

]]>

Претседаелот на Венецуела, кој престојува во Казан на самитот на БРИКС, му рекол на својот домаќин, претседателот на Русија, Владимир Путин дека тој и негховиот народ се восхитуваат на руските воени победи во битката против нацизмот и фашизмот.
Вчера, по пристигнувањето во Казан, забележав: „Слетавме, на нозе сме, безбедни сме и успеавме“. Народот на Венецуела триумфираше, почитуван претседателе, внимателно ја следиме борбата на Русија против нацизмот и фашизмот. Се гордееме што ве имаме како наши пријатели и подготвени сме да продолжиме заедно“, изјави Мадуро.

The post Мадуро до Путин: Се восхитуваме на руските воени победи во битката против нацизмот и фашизмот appeared first on Република.

]]>
Додик: БРИКС е надеж за поправеден свет https://republika.mk/vesti/svet/dodik-briks-e-nadezh-za-popraveden-svet/ Wed, 23 Oct 2024 18:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=830285

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, koj присуствува на самитот на БРИКС во руски Казан, порача дека БРИКС е мировна асоцијација која ја поттикнува надежта дека светот може да биде поправеден, полн со почит, каде што суверените земји ќе се однесуваат суверено и без да им ги наметнуваат своите барања на другите.

Додик истакна дека таквиот пристап е сосема спротивен од меѓународните односи коишто ги наметнуваат западните земји, во кои доминира притисокот, заканите и уцените.

Западот не бара соработници и партнери, туку поданици. И тоа е разликата помеѓу Западот и БРИКС. Овде се чувствуваме слободни, добро и би биле многу среќни доколку на таквите субјективитети им се дозволи каков било статус во рамките на БРИКС“, изјави Додик.

The post Додик: БРИКС е надеж за поправеден свет appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, koj присуствува на самитот на БРИКС во руски Казан, порача дека БРИКС е мировна асоцијација која ја поттикнува надежта дека светот може да биде поправеден, полн со почит, каде што суверените земји ќе се однесуваат суверено и без да им ги наметнуваат своите барања на другите. Додик истакна дека таквиот пристап е сосема спротивен од меѓународните односи коишто ги наметнуваат западните земји, во кои доминира притисокот, заканите и уцените.
Западот не бара соработници и партнери, туку поданици. И тоа е разликата помеѓу Западот и БРИКС. Овде се чувствуваме слободни, добро и би биле многу среќни доколку на таквите субјективитети им се дозволи каков било статус во рамките на БРИКС“, изјави Додик.

The post Додик: БРИКС е надеж за поправеден свет appeared first on Република.

]]>
Путин предлага БРИКС да основа сопствена берза на жито и платформа за дијаманти https://republika.mk/vesti/svet/putin-predlaga-briks-da-osnova-sopstvena-berza-na-zhito-i-platforma-za-dijamanti/ Wed, 23 Oct 2024 14:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=830226

Рускиот претседател Владимир Путин предложи на Самитот на БРИКС во Казан, организацијата да основа своја берза на жито и платформа за тргување со благородни метали и дијаманти. Според него, ова ќе помогне на БРИКС да ги заштити националните пазари од надворешни интервенции и манипулации.

Путин истакна дека Москва поддржува создавање на нова инвестициска платформа за поддршка на националните економии и помош за земјите од глобалниот Југ и Исток.

– Земјите од БРИКС имаат поголем удел во светската економија според куповната моќ отколку земјите од Г7, рече Путин.

Тој оцени дека светската трговија и глобалната економија се менуваат, со поместување на активноста кон пазарите во развој, а мултиполарниот модел на развој ја води глобалната економија кон раст, пред сè благодарение на земјите од БРИКС.

The post Путин предлага БРИКС да основа сопствена берза на жито и платформа за дијаманти appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин предложи на Самитот на БРИКС во Казан, организацијата да основа своја берза на жито и платформа за тргување со благородни метали и дијаманти. Според него, ова ќе помогне на БРИКС да ги заштити националните пазари од надворешни интервенции и манипулации. Путин истакна дека Москва поддржува создавање на нова инвестициска платформа за поддршка на националните економии и помош за земјите од глобалниот Југ и Исток.
– Земјите од БРИКС имаат поголем удел во светската економија според куповната моќ отколку земјите од Г7, рече Путин.
Тој оцени дека светската трговија и глобалната економија се менуваат, со поместување на активноста кон пазарите во развој, а мултиполарниот модел на развој ја води глобалната економија кон раст, пред сè благодарение на земјите од БРИКС.

The post Путин предлага БРИКС да основа сопствена берза на жито и платформа за дијаманти appeared first on Република.

]]>
Дали земјите од БРИКС формираат нов, мултиполарен свет? https://republika.mk/vesti/svet/dali-zemjite-od-briks-formiraat-nov-multipolaren-svet/ Wed, 23 Oct 2024 11:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=830135

Рускиот претседател Владимир Путин, во својство на домаќин на самитот на БРИКС во Казан, денеска ја отвори средбата на лидерите на „десетката“.

На отворањето на состанокот, Путин изјави дека „во тек е формирање мултиполарен свет“.

„Процесот на формирање мултиполарен свет е во тек, динамичен и неповратен процес“, рече Путин на почетокот на самитот, со кој Кремљ се обидува да направи противтежа на „западната хегемонија“.

Рускиот претседател додаде дека околу 20 лидери собрани во Казан ќе разговараат за „најитните прашања“, вклучувајќи ги и прашањата за „решавање на регионалните конфликти“.

Според него, сите земји-членки на БРИКС, не со зборови, туку со дела, имаат позитивно влијание врз стабилноста во светот.

„Сите наши земји се декларираат за еднаквост, добрососедство и меѓусебно почитување, за афирмирање на високите идеали на пријателство и договор, за универзален просперитет и благосостојба, покажуваат одговорност за иднината на светот не со зборови, туку со дела. Тие покажуваат навистина позитивно влијание врз ситуацијата во сферата на глобалната стабилност и безбедност, даваат значаен придонес во решавањето на акутните регионални проблеми“, истакна рускиот лидер.

Путин посочи дека групата ќе разговара за нејзиното проширување, со оглед на потребата да се одржи ефективноста. Тој додаде дека повеќе од 30 земји изразиле желба да се приклучат на БРИКС.

На тридневниот самит во Казан ќе се разговара и за прашања како што се проширувањето на плаќањата во национални валути и воведувањето на категоријата „земји партнери на БРИКС“ - еден вид алтернатива за натамошното проширување на асоцијацијата, која неодамна го удвои својот состав од пет на десет земји.

Се очекува лидерската средба да продолжи зад затворени врати. Потоа ќе следи средба во проширен формат со учество на делегации и се планира да биде отворена за медиумите.

БРИКС, кој првично се состоеше од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, се прошири и ги вклучи Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Турција, Азербејџан и Малезија поднесоа барање за членство, а интерес за приклучување изразија уште неколку земји.

На маргините на самитот, Путин ќе има бројни билатерални средби. За утре е планирана средба и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, кој утрово пристигна во прва посета на Русија по повеќе од две години.

Советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека Русија ја поздравува мировната иницијатива на Кина и Индија за Украина, за која се разговараше за време на билатералните состаноци на маргините на форумот БРИКС во Казан

The post Дали земјите од БРИКС формираат нов, мултиполарен свет? appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин, во својство на домаќин на самитот на БРИКС во Казан, денеска ја отвори средбата на лидерите на „десетката“. На отворањето на состанокот, Путин изјави дека „во тек е формирање мултиполарен свет“.
„Процесот на формирање мултиполарен свет е во тек, динамичен и неповратен процес“, рече Путин на почетокот на самитот, со кој Кремљ се обидува да направи противтежа на „западната хегемонија“.
Рускиот претседател додаде дека околу 20 лидери собрани во Казан ќе разговараат за „најитните прашања“, вклучувајќи ги и прашањата за „решавање на регионалните конфликти“. Според него, сите земји-членки на БРИКС, не со зборови, туку со дела, имаат позитивно влијание врз стабилноста во светот.
„Сите наши земји се декларираат за еднаквост, добрососедство и меѓусебно почитување, за афирмирање на високите идеали на пријателство и договор, за универзален просперитет и благосостојба, покажуваат одговорност за иднината на светот не со зборови, туку со дела. Тие покажуваат навистина позитивно влијание врз ситуацијата во сферата на глобалната стабилност и безбедност, даваат значаен придонес во решавањето на акутните регионални проблеми“, истакна рускиот лидер.
Путин посочи дека групата ќе разговара за нејзиното проширување, со оглед на потребата да се одржи ефективноста. Тој додаде дека повеќе од 30 земји изразиле желба да се приклучат на БРИКС. На тридневниот самит во Казан ќе се разговара и за прашања како што се проширувањето на плаќањата во национални валути и воведувањето на категоријата „земји партнери на БРИКС“ - еден вид алтернатива за натамошното проширување на асоцијацијата, која неодамна го удвои својот состав од пет на десет земји. Се очекува лидерската средба да продолжи зад затворени врати. Потоа ќе следи средба во проширен формат со учество на делегации и се планира да биде отворена за медиумите. БРИКС, кој првично се состоеше од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, се прошири и ги вклучи Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. Турција, Азербејџан и Малезија поднесоа барање за членство, а интерес за приклучување изразија уште неколку земји. На маргините на самитот, Путин ќе има бројни билатерални средби. За утре е планирана средба и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, кој утрово пристигна во прва посета на Русија по повеќе од две години. Советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека Русија ја поздравува мировната иницијатива на Кина и Индија за Украина, за која се разговараше за време на билатералните состаноци на маргините на форумот БРИКС во Казан

The post Дали земјите од БРИКС формираат нов, мултиполарен свет? appeared first on Република.

]]>
Почнува самитот на БРИКС, ќе се разговара за формирање заедничка банка https://republika.mk/vesti/svet/pochnuva-samitot-na-briks-ke-se-razgovara-za-formirane-zaednichka-banka/ Tue, 22 Oct 2024 07:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=829613

Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан.

Форумот, на кој ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање нов светски поредок за ставање крај на доминацијата на САД. Средбата ќе продолжи до четврток.

Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си Џинпинг. Ќе присуствуваат претставници од вкупно 32 земји.

На оригиналните членки на БРИКС - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - неодамна им се приклучија земји како што се Обединетите Арапски Емирати, Египет, Етиопија и Иран. Статусот на Саудиска Арабија се уште е нејасен.

Русија, која е ротирачки претседавач со организацијата, најави дека Саудиска Арабија ќе биде примена за членка на почетокот на годината, но се уште нема потврда од Ријад, а самото кралство на состанокот ќе го претставува странски министер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека на средбата ќе се разјасни прашањето за статусот на Саудиска Арабија.

Во него како заинтересирана страна ќе учествува и Турција.

Во пресрет на форумот, Путин најави дека една од главните цели на состанокот ќе биде унапредување на финансиската соработка и обезбедување алтернатива на системот СВИФТ (SWIFT), со кој се вршат меѓународни банкарски плаќања. Многу руски банки беа исклучени од него по инвазијата на Украина.

На агендата на БРИКС е и основањето на заедничка банка.

The post Почнува самитот на БРИКС, ќе се разговара за формирање заедничка банка appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан. Форумот, на кој ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање нов светски поредок за ставање крај на доминацијата на САД. Средбата ќе продолжи до четврток. Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си Џинпинг. Ќе присуствуваат претставници од вкупно 32 земји. На оригиналните членки на БРИКС - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - неодамна им се приклучија земји како што се Обединетите Арапски Емирати, Египет, Етиопија и Иран. Статусот на Саудиска Арабија се уште е нејасен. Русија, која е ротирачки претседавач со организацијата, најави дека Саудиска Арабија ќе биде примена за членка на почетокот на годината, но се уште нема потврда од Ријад, а самото кралство на состанокот ќе го претставува странски министер. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека на средбата ќе се разјасни прашањето за статусот на Саудиска Арабија. Во него како заинтересирана страна ќе учествува и Турција. Во пресрет на форумот, Путин најави дека една од главните цели на состанокот ќе биде унапредување на финансиската соработка и обезбедување алтернатива на системот СВИФТ (SWIFT), со кој се вршат меѓународни банкарски плаќања. Многу руски банки беа исклучени од него по инвазијата на Украина. На агендата на БРИКС е и основањето на заедничка банка.

The post Почнува самитот на БРИКС, ќе се разговара за формирање заедничка банка appeared first on Република.

]]>
Земјите од БРИКС имаат повеќе од 20 отсто од светските резерви на злато https://republika.mk/vesti/svet/zemjite-od-briks-imaat-poveke-od-20-otsto-od-svetskite-rezervi-na-zlato/ Mon, 21 Oct 2024 16:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=829529

Земјите од БРИКС имаат повеќе од 20 отсто од светските резерви на злато, најмногу Русија и Кина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на податоци на Светскиот совет за злато.

Во вториот квартал од 2024 година, вкупните светски резерви на злато изнесуваат 29,03 илјади тони, од кои 6,2 илјади тони или 21,4 отсто се регистрирани во земјите членки на организацијата БРИКС, според медиумот.

Русија има најмногу злато од сите земји на БРИКС, поточно 2,34 илјади тони, што претставува 8,1 отсто од сите светски резерви и 37,6 отсто од резервите на организацијата БРИКС.

На второ место е Кина, која има 2,26 илјади тони злато, односно 7,8 отсто од глобалните резерви и 36,4 отсто од резервите на БРИКС.

Индија, Саудиска Арабија, Бразил, Египет, Јужна Африка и Обединетите Арапски Емирати имаат помалку од три отсто од вкупните златни резерви во светот.

САД,  имаат најголеми резерви на злато, односно 8,1 илјади тони или речиси една третина од сите светски резерви. Следува Германија со 3,35 илјади тони и 11,6 отсто резерви, Италија со 2,45 илјади тони и 8,5 отсто резерви, Франција со 2,44 илјади тони и 8,4 отсто резерви, додека Русија е на петто место, наведува РИА Новости, пренесува Танјуг.

The post Земјите од БРИКС имаат повеќе од 20 отсто од светските резерви на злато appeared first on Република.

]]>

Земјите од БРИКС имаат повеќе од 20 отсто од светските резерви на злато, најмногу Русија и Кина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на податоци на Светскиот совет за злато. Во вториот квартал од 2024 година, вкупните светски резерви на злато изнесуваат 29,03 илјади тони, од кои 6,2 илјади тони или 21,4 отсто се регистрирани во земјите членки на организацијата БРИКС, според медиумот. Русија има најмногу злато од сите земји на БРИКС, поточно 2,34 илјади тони, што претставува 8,1 отсто од сите светски резерви и 37,6 отсто од резервите на организацијата БРИКС. На второ место е Кина, која има 2,26 илјади тони злато, односно 7,8 отсто од глобалните резерви и 36,4 отсто од резервите на БРИКС. Индија, Саудиска Арабија, Бразил, Египет, Јужна Африка и Обединетите Арапски Емирати имаат помалку од три отсто од вкупните златни резерви во светот. САД,  имаат најголеми резерви на злато, односно 8,1 илјади тони или речиси една третина од сите светски резерви. Следува Германија со 3,35 илјади тони и 11,6 отсто резерви, Италија со 2,45 илјади тони и 8,5 отсто резерви, Франција со 2,44 илјади тони и 8,4 отсто резерви, додека Русија е на петто место, наведува РИА Новости, пренесува Танјуг.

The post Земјите од БРИКС имаат повеќе од 20 отсто од светските резерви на злато appeared first on Република.

]]>
Кремљ за евентуалниот влез на Србија во БРИКС: ЕУ го условува и го притиска Белград, ги разбираме нашите српски пријатели https://republika.mk/vesti/balkan/kreml-za-eventualniot-vlez-na-srbija-vo-briks-eu-go-uslovuva-i-go-pritiska-belgrad-gi-razbirame-nashite-srpski-prijateli/ Sun, 20 Oct 2024 18:17:38 +0000 https://republika.mk/?p=829132

Портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг за новинарите, коментирајќи го потенцијалниот влез на Србија во БРИКС, изјави дека ЕУ ги условува о ги притиска српските власти.

Затоа, како што кажа Песков, Русијс има разбирање за нејзините српски пријатели.

Европската Унија навистина ги врзува рацете на Србија и постојано го условува процесот на соработка. Секогаш има одредени услови. БРИКС никому не наметнува никакви услови. Тоа е формат на интеракција заснован на взаемно почитување и подготвеност да се одговори на грижите и интересите на другите“, истакна Песков на брифингот.

Кога станува збор за влезот на Србија во БРИКС, Песков порача дека треба да се разбере притисокот со кој се соочуваат српските пријатели, но дека Русија е убедена оти ќе биде донесена одлука која ќе одговара на интересите на народот на Србија.

The post Кремљ за евентуалниот влез на Србија во БРИКС: ЕУ го условува и го притиска Белград, ги разбираме нашите српски пријатели appeared first on Република.

]]>

Портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг за новинарите, коментирајќи го потенцијалниот влез на Србија во БРИКС, изјави дека ЕУ ги условува о ги притиска српските власти. Затоа, како што кажа Песков, Русијс има разбирање за нејзините српски пријатели.
Европската Унија навистина ги врзува рацете на Србија и постојано го условува процесот на соработка. Секогаш има одредени услови. БРИКС никому не наметнува никакви услови. Тоа е формат на интеракција заснован на взаемно почитување и подготвеност да се одговори на грижите и интересите на другите“, истакна Песков на брифингот.
Кога станува збор за влезот на Србија во БРИКС, Песков порача дека треба да се разбере притисокот со кој се соочуваат српските пријатели, но дека Русија е убедена оти ќе биде донесена одлука која ќе одговара на интересите на народот на Србија.

The post Кремљ за евентуалниот влез на Србија во БРИКС: ЕУ го условува и го притиска Белград, ги разбираме нашите српски пријатели appeared first on Република.

]]>
Додик: За Република Српска е голема чест да се појави на самитот на БРИКС, договорена средба со Путин https://republika.mk/vesti/balkan/dodik-za-republika-srpska-e-golema-chest-da-se-pojavi-na-samitot-na-briks-dogovorena-sredba-so-putin/ Sun, 20 Oct 2024 08:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=829002

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека Република Српска има чест да се појави на самитот на БРИКС во Казан.

„Веќе договоривме средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, како и со други важни лидери кои ќе бидат на самитот на БРИКС“, објави Додик на својот Инстаграм профил.

Додик изјави дека минатата недела имал голем број средби, меѓу другите со амбасадорот на Израел во Босна и Херцеговина, Галит Пелег, во Источно Сараево и во Бања Лука со новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Луиџи Сорек.

The post Додик: За Република Српска е голема чест да се појави на самитот на БРИКС, договорена средба со Путин appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека Република Српска има чест да се појави на самитот на БРИКС во Казан.
„Веќе договоривме средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, како и со други важни лидери кои ќе бидат на самитот на БРИКС“, објави Додик на својот Инстаграм профил.
Додик изјави дека минатата недела имал голем број средби, меѓу другите со амбасадорот на Израел во Босна и Херцеговина, Галит Пелег, во Источно Сараево и во Бања Лука со новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Луиџи Сорек.

The post Додик: За Република Српска е голема чест да се појави на самитот на БРИКС, договорена средба со Путин appeared first on Република.

]]>
На самитот на БРИКС ќе се разговара за ставање крај на доминацијата на доларот во меѓународниот систем https://republika.mk/vesti/svet/na-samitot-na-briks-ke-se-razgovara-za-stavane-kraj-na-dominatsijata-na-dolarot-vo-megunarodniot-sistem/ Sat, 19 Oct 2024 06:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=828674

Русија се обидува да ги убеди земјите од БРИКС да изградат алтернативна платформа за меѓународни плаќања која би била имуна на западните санкции кога ќе биде домаќин на лидерите на групата на самитот следната недела.

Претседателот Владимир Путин сака да го изгради БРИКС - кој се прошири за да ги вклучи Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, како и Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - како моќна противтежа на Западот во глобалната политика и трговија.

Самитот што ќе се одржи од 22 до 24 октомври во градот Казан е доказ дека западните напори да ја изолираат Русија не успеваат. Таа сака другите земји да соработуваат со неа за да го ремонтираат глобалниот финансиски систем и да ја прекинат доминацијата на американскиот долар.

Централно место за тоа е предлогот за нов платен систем заснован на мрежа на комерцијални банки поврзани една со друга преку централните банки на БРИКС, се вели во документот подготвен од руското Министерство за финансии и централната банка, дистрибуиран до новинарите пред самитот.

Системот ќе користи блокчејн технологија за складирање и пренос на дигитални токени поддржани од национални валути. Ова, пак, потоа ќе овозможи тие валути лесно и безбедно да се разменуваат, заобиколувајќи ја потребата за трансакции во долари. Русија го гледа тоа како начин за решавање на зголемените проблеми во решавањето на трговските плаќања, дури и со пријателските земји како Кина, каде локалните банки стравуваат дека би можеле да бидат погодени од секундарни санкции од страна на САД.

Јарослав Лисоволик, основач на тинк-тенкот „BRICS+ Analytics“, вели дека создавањето на таков систем е технички изводливо, но ќе биде потребно време.

По значителното проширување на членството во БРИКС минатата година, постигнувањето консензус е веројатно потешко“, вели тој.

Во рускиот документ се обвинуваат постоечките институции како што е Меѓународниот монетарен фонд дека им служат на интересите на западните земји и се вели дека им требаат „подобрувања за подобро да и служат на глобалната економија што се развива“. Рускиот министер за финансии Антон Силуанов минатата недела ги повика членките на БРИКС да создадат алтернатива на ММФ.

Помеѓу другите иницијативи за олеснување на трговијата и инвестициите, Русија исто така предлага да се создаде платформа „BRICS Clear“ за порамнување на трговијата со хартии од вредност.

Документот повикува на подобра комуникација меѓу агенциите за кредитен рејтинг во земјите-членки и на заедничка методологија за рејтинг, но не предлага заедничка агенција за рејтинг БРИКС, идеја за која групата разговараше претходно.

Русија, најголемиот светски извозник на пченица, исто така бара создавање на берза за тргување со жито БРИКС, поддржана од агенција за цени, за да се создаде алтернатива на западните берзи каде што се одредуваат меѓународните цени за земјоделските производи.

Но, како знак дека Москва ќе треба да работи напорно за да ги спроведе своите предлози, повеќето членки на БРИКС испратија само претставници од пониско ниво - не министри за финансии или централни банкари - на подготвителен состанок минатата недела.

За самиот самит, Русија вели дека очекува да ги пречека лидерите од сите девет членки на БРИКС и околу 15 други земји кои сакаат да работат како партнери со групата, како и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, која е поканета да се приклучи.

БРИКС е структура која не може да се игнорира“, изјави за новинарите помошникот на Кремљ Јуриј Ушаков минатата недела.

The post На самитот на БРИКС ќе се разговара за ставање крај на доминацијата на доларот во меѓународниот систем appeared first on Република.

]]>

Русија се обидува да ги убеди земјите од БРИКС да изградат алтернативна платформа за меѓународни плаќања која би била имуна на западните санкции кога ќе биде домаќин на лидерите на групата на самитот следната недела. Претседателот Владимир Путин сака да го изгради БРИКС - кој се прошири за да ги вклучи Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, како и Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - како моќна противтежа на Западот во глобалната политика и трговија. Самитот што ќе се одржи од 22 до 24 октомври во градот Казан е доказ дека западните напори да ја изолираат Русија не успеваат. Таа сака другите земји да соработуваат со неа за да го ремонтираат глобалниот финансиски систем и да ја прекинат доминацијата на американскиот долар. Централно место за тоа е предлогот за нов платен систем заснован на мрежа на комерцијални банки поврзани една со друга преку централните банки на БРИКС, се вели во документот подготвен од руското Министерство за финансии и централната банка, дистрибуиран до новинарите пред самитот. Системот ќе користи блокчејн технологија за складирање и пренос на дигитални токени поддржани од национални валути. Ова, пак, потоа ќе овозможи тие валути лесно и безбедно да се разменуваат, заобиколувајќи ја потребата за трансакции во долари. Русија го гледа тоа како начин за решавање на зголемените проблеми во решавањето на трговските плаќања, дури и со пријателските земји како Кина, каде локалните банки стравуваат дека би можеле да бидат погодени од секундарни санкции од страна на САД. Јарослав Лисоволик, основач на тинк-тенкот „BRICS+ Analytics“, вели дека создавањето на таков систем е технички изводливо, но ќе биде потребно време.
По значителното проширување на членството во БРИКС минатата година, постигнувањето консензус е веројатно потешко“, вели тој.
Во рускиот документ се обвинуваат постоечките институции како што е Меѓународниот монетарен фонд дека им служат на интересите на западните земји и се вели дека им требаат „подобрувања за подобро да и служат на глобалната економија што се развива“. Рускиот министер за финансии Антон Силуанов минатата недела ги повика членките на БРИКС да создадат алтернатива на ММФ. Помеѓу другите иницијативи за олеснување на трговијата и инвестициите, Русија исто така предлага да се создаде платформа „BRICS Clear“ за порамнување на трговијата со хартии од вредност. Документот повикува на подобра комуникација меѓу агенциите за кредитен рејтинг во земјите-членки и на заедничка методологија за рејтинг, но не предлага заедничка агенција за рејтинг БРИКС, идеја за која групата разговараше претходно. Русија, најголемиот светски извозник на пченица, исто така бара создавање на берза за тргување со жито БРИКС, поддржана од агенција за цени, за да се создаде алтернатива на западните берзи каде што се одредуваат меѓународните цени за земјоделските производи. Но, како знак дека Москва ќе треба да работи напорно за да ги спроведе своите предлози, повеќето членки на БРИКС испратија само претставници од пониско ниво - не министри за финансии или централни банкари - на подготвителен состанок минатата недела. За самиот самит, Русија вели дека очекува да ги пречека лидерите од сите девет членки на БРИКС и околу 15 други земји кои сакаат да работат како партнери со групата, како и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, која е поканета да се приклучи.
БРИКС е структура која не може да се игнорира“, изјави за новинарите помошникот на Кремљ Јуриј Ушаков минатата недела.

The post На самитот на БРИКС ќе се разговара за ставање крај на доминацијата на доларот во меѓународниот систем appeared first on Република.

]]>
Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук https://republika.mk/vesti/svet/kazahstan-odbi-da-se-prikluchi-na-briks-rusija-vednash-go-zabrani-uvozot-na-ovoshje-i-zelenchuk/ Fri, 18 Oct 2024 09:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=828385

Руската агенција за безбедност на храна одби да даде дозвола за увоз на овошје и зеленчук од Казахстан, а аналитичарите велат дека вистинската причина е одбивањето на властите во земјата да се приклучат на БРИКС.

Иако агенцијата соопшти дека одлуката е донесена поради „одбивањето на релевантните власти од Казахстан да обезбедат фитосанитарна безбедност“, овој потег е направен само неколку дена откако властите во Астана одбија да се приклучат на БРИКС.

Инаку, Казахстан е најголемата економија во Централна Азија, а 11 отсто од вкупниот извоз на земјата се „трошат“ за испраќање стоки во Русија, која е нивни трет најголем надворешно трговски партнер.

Властите во Казахстан го испратија своето одбивање за членство во БРИКС неколку дена пред големиот самит на оваа организација, каде домаќин ќе биде Русија.

Во моментов и најверојатно во догледна иднина, Казахстан ќе се воздржи од аплицирање за БРИКС, изјави портпаролот на казахстанскиот претседател, Берик Уали, во интервју за локалните медиуми во средата.

Уали додаде дека претседателот Касим-Жомарт Токаев постојано ја нагласувал својата поддршка за Обединетите нации како „универзална и незаменлива меѓународна организација“ и рече дека Советот за безбедност на ОН треба да се реформира за да ги земе предвид интересите на регионалните сили.

Одлуката на Казахстан е удар за рускиот претседател Владимир Путин, кој се обидува да го означи БРИКС како сојуз на „глобалното мнозинство“ и дел од напорите на Москва да го оспори доминантниот Запад и да ги оспори санкциите поврзани со руската агресија врз Украина.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека БРИКС не ги заменува ОН, напротив, „ја надополнува и не се спротивставува на нејзината меѓународна природа“.

-Казахстан е наш пријател, наш стратешки партнер, наш сојузник. Ги цениме нашите односи. Тоа е првата работа. Затоа, се разбира, самиот Казахстан носи одлуки за форматот на своето учество во одредени организации, рече Песков.

The post Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук appeared first on Република.

]]>

Руската агенција за безбедност на храна одби да даде дозвола за увоз на овошје и зеленчук од Казахстан, а аналитичарите велат дека вистинската причина е одбивањето на властите во земјата да се приклучат на БРИКС. Иако агенцијата соопшти дека одлуката е донесена поради „одбивањето на релевантните власти од Казахстан да обезбедат фитосанитарна безбедност“, овој потег е направен само неколку дена откако властите во Астана одбија да се приклучат на БРИКС. Инаку, Казахстан е најголемата економија во Централна Азија, а 11 отсто од вкупниот извоз на земјата се „трошат“ за испраќање стоки во Русија, која е нивни трет најголем надворешно трговски партнер. Властите во Казахстан го испратија своето одбивање за членство во БРИКС неколку дена пред големиот самит на оваа организација, каде домаќин ќе биде Русија. Во моментов и најверојатно во догледна иднина, Казахстан ќе се воздржи од аплицирање за БРИКС, изјави портпаролот на казахстанскиот претседател, Берик Уали, во интервју за локалните медиуми во средата. Уали додаде дека претседателот Касим-Жомарт Токаев постојано ја нагласувал својата поддршка за Обединетите нации како „универзална и незаменлива меѓународна организација“ и рече дека Советот за безбедност на ОН треба да се реформира за да ги земе предвид интересите на регионалните сили. Одлуката на Казахстан е удар за рускиот претседател Владимир Путин, кој се обидува да го означи БРИКС како сојуз на „глобалното мнозинство“ и дел од напорите на Москва да го оспори доминантниот Запад и да ги оспори санкциите поврзани со руската агресија врз Украина. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека БРИКС не ги заменува ОН, напротив, „ја надополнува и не се спротивставува на нејзината меѓународна природа“. -Казахстан е наш пријател, наш стратешки партнер, наш сојузник. Ги цениме нашите односи. Тоа е првата работа. Затоа, се разбира, самиот Казахстан носи одлуки за форматот на своето учество во одредени организации, рече Песков.

The post Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук appeared first on Република.

]]>
Сирија поднесе барање за членство во БРИКС https://republika.mk/vesti/svet/sirija-podnese-barane-za-chlenstvo-vo-briks/ Sat, 05 Oct 2024 12:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=823094

Сирија сака да се приклучи на организацијата БРИКС и веќе поднела барање за прием, соопшти денеска сирискиот амбасадор во Русија, Башар Џафари.

Тој истакна дека неговата земја е многу заинтересирана да се приклучи кон организацијаата, пренесуваат руските медиуми.

Испративме писмено барање за прием во БРИКС“, рече сирискиот амбасадор на маргините на форумот „Северен Кавказ: Нови геостратешки можности“.

The post Сирија поднесе барање за членство во БРИКС appeared first on Република.

]]>

Сирија сака да се приклучи на организацијата БРИКС и веќе поднела барање за прием, соопшти денеска сирискиот амбасадор во Русија, Башар Џафари. Тој истакна дека неговата земја е многу заинтересирана да се приклучи кон организацијаата, пренесуваат руските медиуми.
Испративме писмено барање за прием во БРИКС“, рече сирискиот амбасадор на маргините на форумот „Северен Кавказ: Нови геостратешки можности“.

The post Сирија поднесе барање за членство во БРИКС appeared first on Република.

]]>
Турција меѓу ЕУ и БРИКС https://republika.mk/kolumni/turtsija-megu-eu-i-briks/ Mon, 16 Sep 2024 13:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=816800

Петар Поп-Арсов

Во очекување на исходот од американските претседателски избори кои ќе претставуваат кулминација на оваа изборна 2024 година на глобално ниво, може слободно да кажеме  дека се забележуваат сериозни активности и поместувања кај повеќе земји во светот. Овие активности имаат за цел да им овозможат нивно подготвено влегување во новиот четиригодишен циклус на светската политика. Досегашната пракса покажа дека американските претседателски избори во голема мера ги определуваат насоките во кои се движи светот во четирите години мандатен период на американските претседатели.

Сепак, мора да признаеме дека се наметнува едно ново прашање, дали ова ќе бидат последните четири години на доминантното американско влијание после кое ќе дојде до создавање на мултилопарен свет или приказната за американската доминација ќе продолжи и понатаму? Непобитен факт e дека американските претседателски избори не се само внатрешна политичка трка на Соединетите Американски Држави, туку тие воедно индуцираат паралелни трки, групирања и прегрупирања насекаде во светот.

Војната во Украина е една од точките во кои може да се види влијанието на претстојните избори. Таму се трча последниот круг пред ноемвриските избори со намера да се стекне што е можно подобра позиција на стартно-целната рамнина. Веќе почна да се зборува за некакви мировни преговори и веќе гледаме раздвижување на тешките политички и дипломатски фигури кои можат да посредуваат во овој судир.

Се прават напори и за гаснење на пожарот и во Израел и Газа и превенирање на конфликт од пошироки размери. Во исто време гледаме и друг тип на политичко економски активности кои буквално од корен можат да влијаат на менувањето досегашната поставеност на светскиот распоред на силите.

Турција поднесе апликација за членство во БРИКС!

Да, земјата членка на НАТО, земјата кандидат за членство во ЕУ и долгогодишен партнер на политичкиот запад, на почетокот на овој месец официјално ја поднесе својата кандидатура за влегување во сојуз со Русија, Кина и останатите. Навистина интересен потег кој претставува сериозна провокација за западните сојузници во предвечерието на американските претседателски избори.

Турција беше силен политички поддржувач и партнер на политиките на САД во однос на војната во Сирија во времето на Обама. Таа е земјата која собори руски борбен авион за време на истата таа војна. Во Турција беше извршен атентат и убиен руски амбасадор. Тоа беа политики и настани кои што предизвикаа сериозни потреси и заладување на односите со официјална Москва.

Во Турција беше спроведен неуспешен државен удар, во случајов настан кој што претставуваше пресвртница и затоплување на турските односи со Русија, од една страна, и заладување на односите со западните партнери, од друга страна. Турција е земјата која беше најзначајниот фактор во заштитата на Европа од бегалските и мигрантски бранови кои го загрозија континентот. Земја чија што дипломатија беше блиску да спречи ескалирање на денешната руско-украинска војна.

Сега Турција е земјата која бара да влезе во БРИКС.

Навистина впечатливи трансформации на надворешните политики на една земја која претставува сериозна економска и воена регионална сила. Какво ќе биде влијанието на ваквиот турски потег врз политиките на ЕУ и САД и дали ќе има промени во односот кон Турција како последица на нејзините аспирации за членство во БРИКС, останува да видиме?

Дали овој потег на Турција е оправдан?

Ако се земе во предвид досегашниот процес на турските евроинтеграции, некои би рекле дека е и повеќе од оправдан! Дали апликацијата за членството во БРИКС, како алтернатива на членството во ЕУ е решение за турските бесконечни преговори со ЕУ? Дали Турција навистина сака да влезе во БРИКС или само сака да изврши притисок врз ЕУ со цел да го финализира процесот на пристапување, и за тоа ќе треба да почекаме да видиме?

Легитимноста на вака поставеното прашање лежи во фактот што, ако се сеќаваме, Турција на почетокот беше противник на зачленувањето на Финска и Шведска во НАТО, за потоа, после добивање на одредени концесии да ја крене рампата за овие две земји.  Ќе се случи ли слично сценарио и во овој случај или Турција навистина ќе помине од другата страна на улицата во прегратките на економската конкуренција на САД и ЕУ?

Турскиот пат за придружување кон ЕУ е најдолгиот и еден од најкомплексните процеси во споредба со останатите земји кандидати, како и оние кои некогаш биле кандидати, а денес се полноправни членки на ЕУ. Со формална апликација поднесена во 1997 година, Турција се здобива со кандидатски статус во 1999 година, а преговорите официјално ги започнува во 2005 година. Од тогаш до денес има отворено шеснаесет, а затворенорено само едно поглавје. Ваквиот бавен процес се должи на политички и економски пречки, како и прашања од областа на заштитата на човековите права.

Процесот на преговори беше запрен во 2019 година, највеќе поради назадување на демократските процеси во земјата, прашањата поврзани со Кипар и напнатоста која што се појави меѓу ЕУ и Турција како последица на обидот за државен удар во земјата во 2016 година.

За разлика од Турција, некои од сегашните земји членки, како што се Австрија, Финска и Шведска, станаа земји членки на ЕУ после само две години на преговарање. Најдолги преговори имаа Малта и Кипар на кои им требаа четиринаесет години за да го завршат процесот. Ако на Турците им претставува некаква утеха, Македонија е апликант од 2004 година и го има вториот најдолг евроинтегративен процес, со сѐ уште неизвесен исход.

Ако се земе во предвид дека просекот на евроинтегративниот процес од земја апликант до земја полноправен член на ЕУ изнесува девет години, тогаш дефинитивно тридеценискиот турски пат кон ЕУ претставува сериозна причина за нејзината неодамнешна апликација за членство во БРИКС. Со тоа доаѓаме до одговорот на прашањето поврзано со оправданоста на турскиот потег за апликација кон БРИКС.

Иако после сѐ што се случуваше во изминатите десетина години на релација Брисел – Анкара и блокадите кои што и беа наметнувани на Турција, во последно време сме сведоци дека во 2024 година ЕУ започна да прави напори да ги зајакне и продлабочи трговските односи со Турција. Може слободно да се каже дека сето ова претставува директна последица на турските најави за приближување кон БРИКС предизвикано од разочарувањето поради застојот на евроинтегративниот процес. Тоа е таа класична реактивна политика на „заспаната убавивица“ од Брисел.

Имено, во обид повторно да го заживее процесот, ЕУ претстави сеопфатна стратегија која се заснова на три столба. Овој план вклучува зајакнување на дипломатските ангажмани на високо ниво, продолжување на работата на Европската инвестициска банка во Турција и модернизирање на постојната царинска унија. Овие иницијативи се дел од пошироката цел на ЕУ за обезбедување соработка со Турција, особено во услови на тековните геополитички тензии, вклучително и руската војна во Украина. Турската геостратешка позиција е клучна за ЕУ во однос на контролата на миграциските процеси, како и за одбрамбената рамка на НАТО.

Закочените разговори за пристапување на Турција во ЕУ, заедно со чувството на занемареност на нејзините безбедносни интереси од страна на нејзините западни сојузници, ја мотивираа земјата да истражува алтернативи како што е БРИКС, организација во која доминираат големите економии во развој Кина и Индија. Од економска перспектива Турција го гледа БРИКС како можност да ги зајакне своите врски со големите растечки пазари. Турција веќе има значителни трговски односи со Кина, при што приклучувањето кон БРИКС може да обезбеди дополнителен пристап до пазарите во Русија, Индија и Бразил. Со неодамнешното проширување на БРИКС со земји како Египет, Емиратите и Иран, Турција го гледа членството како начин да го зајакне своето влијание во пошироко глобално ниво. Згора на сѐ, неодамнешните разговори меѓу Ердоган и Путин резултираа со нагласување на намерата на Турција да ги зајакне врските со БРИКС, за што беше добиена поддршка од Русија во однос на турските аспирации.

Сето ова заедно фрла сериозно светло врз Турција и врз нејзината улога на светската политичка сцена. Земјата јасно го потенцира променетиот фокус на нејзините надворешнополитички приоритети со што Турција станува посакуван партнер за сите страни. Партнер кој ја забележува својата шанса и прави сериозни чекори за искористување на сопствените пет минути.

 

The post Турција меѓу ЕУ и БРИКС appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Во очекување на исходот од американските претседателски избори кои ќе претставуваат кулминација на оваа изборна 2024 година на глобално ниво, може слободно да кажеме  дека се забележуваат сериозни активности и поместувања кај повеќе земји во светот. Овие активности имаат за цел да им овозможат нивно подготвено влегување во новиот четиригодишен циклус на светската политика. Досегашната пракса покажа дека американските претседателски избори во голема мера ги определуваат насоките во кои се движи светот во четирите години мандатен период на американските претседатели. Сепак, мора да признаеме дека се наметнува едно ново прашање, дали ова ќе бидат последните четири години на доминантното американско влијание после кое ќе дојде до создавање на мултилопарен свет или приказната за американската доминација ќе продолжи и понатаму? Непобитен факт e дека американските претседателски избори не се само внатрешна политичка трка на Соединетите Американски Држави, туку тие воедно индуцираат паралелни трки, групирања и прегрупирања насекаде во светот. Војната во Украина е една од точките во кои може да се види влијанието на претстојните избори. Таму се трча последниот круг пред ноемвриските избори со намера да се стекне што е можно подобра позиција на стартно-целната рамнина. Веќе почна да се зборува за некакви мировни преговори и веќе гледаме раздвижување на тешките политички и дипломатски фигури кои можат да посредуваат во овој судир. Се прават напори и за гаснење на пожарот и во Израел и Газа и превенирање на конфликт од пошироки размери. Во исто време гледаме и друг тип на политичко економски активности кои буквално од корен можат да влијаат на менувањето досегашната поставеност на светскиот распоред на силите.

Турција поднесе апликација за членство во БРИКС!

Да, земјата членка на НАТО, земјата кандидат за членство во ЕУ и долгогодишен партнер на политичкиот запад, на почетокот на овој месец официјално ја поднесе својата кандидатура за влегување во сојуз со Русија, Кина и останатите. Навистина интересен потег кој претставува сериозна провокација за западните сојузници во предвечерието на американските претседателски избори. Турција беше силен политички поддржувач и партнер на политиките на САД во однос на војната во Сирија во времето на Обама. Таа е земјата која собори руски борбен авион за време на истата таа војна. Во Турција беше извршен атентат и убиен руски амбасадор. Тоа беа политики и настани кои што предизвикаа сериозни потреси и заладување на односите со официјална Москва. Во Турција беше спроведен неуспешен државен удар, во случајов настан кој што претставуваше пресвртница и затоплување на турските односи со Русија, од една страна, и заладување на односите со западните партнери, од друга страна. Турција е земјата која беше најзначајниот фактор во заштитата на Европа од бегалските и мигрантски бранови кои го загрозија континентот. Земја чија што дипломатија беше блиску да спречи ескалирање на денешната руско-украинска војна. Сега Турција е земјата која бара да влезе во БРИКС. Навистина впечатливи трансформации на надворешните политики на една земја која претставува сериозна економска и воена регионална сила. Какво ќе биде влијанието на ваквиот турски потег врз политиките на ЕУ и САД и дали ќе има промени во односот кон Турција како последица на нејзините аспирации за членство во БРИКС, останува да видиме?

Дали овој потег на Турција е оправдан?

Ако се земе во предвид досегашниот процес на турските евроинтеграции, некои би рекле дека е и повеќе од оправдан! Дали апликацијата за членството во БРИКС, како алтернатива на членството во ЕУ е решение за турските бесконечни преговори со ЕУ? Дали Турција навистина сака да влезе во БРИКС или само сака да изврши притисок врз ЕУ со цел да го финализира процесот на пристапување, и за тоа ќе треба да почекаме да видиме? Легитимноста на вака поставеното прашање лежи во фактот што, ако се сеќаваме, Турција на почетокот беше противник на зачленувањето на Финска и Шведска во НАТО, за потоа, после добивање на одредени концесии да ја крене рампата за овие две земји.  Ќе се случи ли слично сценарио и во овој случај или Турција навистина ќе помине од другата страна на улицата во прегратките на економската конкуренција на САД и ЕУ? Турскиот пат за придружување кон ЕУ е најдолгиот и еден од најкомплексните процеси во споредба со останатите земји кандидати, како и оние кои некогаш биле кандидати, а денес се полноправни членки на ЕУ. Со формална апликација поднесена во 1997 година, Турција се здобива со кандидатски статус во 1999 година, а преговорите официјално ги започнува во 2005 година. Од тогаш до денес има отворено шеснаесет, а затворенорено само едно поглавје. Ваквиот бавен процес се должи на политички и економски пречки, како и прашања од областа на заштитата на човековите права. Процесот на преговори беше запрен во 2019 година, највеќе поради назадување на демократските процеси во земјата, прашањата поврзани со Кипар и напнатоста која што се појави меѓу ЕУ и Турција како последица на обидот за државен удар во земјата во 2016 година. За разлика од Турција, некои од сегашните земји членки, како што се Австрија, Финска и Шведска, станаа земји членки на ЕУ после само две години на преговарање. Најдолги преговори имаа Малта и Кипар на кои им требаа четиринаесет години за да го завршат процесот. Ако на Турците им претставува некаква утеха, Македонија е апликант од 2004 година и го има вториот најдолг евроинтегративен процес, со сѐ уште неизвесен исход. Ако се земе во предвид дека просекот на евроинтегративниот процес од земја апликант до земја полноправен член на ЕУ изнесува девет години, тогаш дефинитивно тридеценискиот турски пат кон ЕУ претставува сериозна причина за нејзината неодамнешна апликација за членство во БРИКС. Со тоа доаѓаме до одговорот на прашањето поврзано со оправданоста на турскиот потег за апликација кон БРИКС. Иако после сѐ што се случуваше во изминатите десетина години на релација Брисел – Анкара и блокадите кои што и беа наметнувани на Турција, во последно време сме сведоци дека во 2024 година ЕУ започна да прави напори да ги зајакне и продлабочи трговските односи со Турција. Може слободно да се каже дека сето ова претставува директна последица на турските најави за приближување кон БРИКС предизвикано од разочарувањето поради застојот на евроинтегративниот процес. Тоа е таа класична реактивна политика на „заспаната убавивица“ од Брисел. Имено, во обид повторно да го заживее процесот, ЕУ претстави сеопфатна стратегија која се заснова на три столба. Овој план вклучува зајакнување на дипломатските ангажмани на високо ниво, продолжување на работата на Европската инвестициска банка во Турција и модернизирање на постојната царинска унија. Овие иницијативи се дел од пошироката цел на ЕУ за обезбедување соработка со Турција, особено во услови на тековните геополитички тензии, вклучително и руската војна во Украина. Турската геостратешка позиција е клучна за ЕУ во однос на контролата на миграциските процеси, како и за одбрамбената рамка на НАТО. Закочените разговори за пристапување на Турција во ЕУ, заедно со чувството на занемареност на нејзините безбедносни интереси од страна на нејзините западни сојузници, ја мотивираа земјата да истражува алтернативи како што е БРИКС, организација во која доминираат големите економии во развој Кина и Индија. Од економска перспектива Турција го гледа БРИКС како можност да ги зајакне своите врски со големите растечки пазари. Турција веќе има значителни трговски односи со Кина, при што приклучувањето кон БРИКС може да обезбеди дополнителен пристап до пазарите во Русија, Индија и Бразил. Со неодамнешното проширување на БРИКС со земји како Египет, Емиратите и Иран, Турција го гледа членството како начин да го зајакне своето влијание во пошироко глобално ниво. Згора на сѐ, неодамнешните разговори меѓу Ердоган и Путин резултираа со нагласување на намерата на Турција да ги зајакне врските со БРИКС, за што беше добиена поддршка од Русија во однос на турските аспирации. Сето ова заедно фрла сериозно светло врз Турција и врз нејзината улога на светската политичка сцена. Земјата јасно го потенцира променетиот фокус на нејзините надворешнополитички приоритети со што Турција станува посакуван партнер за сите страни. Партнер кој ја забележува својата шанса и прави сериозни чекори за искористување на сопствените пет минути.  

The post Турција меѓу ЕУ и БРИКС appeared first on Република.

]]>
Турција поднесе барање за полноправно членство во БРИКС https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-podnese-barane-za-polnopravno-chlenstvo-vo-briks/ Wed, 04 Sep 2024 16:50:58 +0000 https://republika.mk/?p=813179

Помошникот на претседателот на Руската Федерација потврди дека Турција поднела барање за полноправно членство во БРИКС и посочи дека земјите членки ќе го разгледаат.

„Турција поднесе барање за полноправно членство. Ќе го разгледаме“, изјави помошник на Владимир Путин.

Претходно „Блумберг“, повикувајќи се на извори, објави дека Турција поднела барање за приклучување кон БРИКС и дека ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е дека геополитичкиот центар на гравитација се оддалечува од развиените економии на Западот.

Непријателите „чкртаат“ со забите поради проширувањето на БРИКС, истакна официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, говорејќи на Источниот економски форум во Владивосток.

Од 1 јануари Русија го презеде претседателството со БРИКС.

Годината започна со прием на нови членки – покрај Русија, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, Египет, Етиопија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија сега се постојани членки.

Претседателството на Москва се одвива под мотото за зајакнување на мултилатерализмот за праведен глобален развој и безбедност. Русија организира повеќе од 200 политички, економски и социјални настани, а најважниот – самит на кој ќе присуствуваат лидерите на земјите членки и пријателските земји – ќе се одржи од 22 до 24 октомври во Казан.

The post Турција поднесе барање за полноправно членство во БРИКС appeared first on Република.

]]>

Помошникот на претседателот на Руската Федерација потврди дека Турција поднела барање за полноправно членство во БРИКС и посочи дека земјите членки ќе го разгледаат. „Турција поднесе барање за полноправно членство. Ќе го разгледаме“, изјави помошник на Владимир Путин. Претходно „Блумберг“, повикувајќи се на извори, објави дека Турција поднела барање за приклучување кон БРИКС и дека ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е дека геополитичкиот центар на гравитација се оддалечува од развиените економии на Западот. Непријателите „чкртаат“ со забите поради проширувањето на БРИКС, истакна официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, говорејќи на Источниот економски форум во Владивосток. Од 1 јануари Русија го презеде претседателството со БРИКС. Годината започна со прием на нови членки – покрај Русија, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, Египет, Етиопија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија сега се постојани членки. Претседателството на Москва се одвива под мотото за зајакнување на мултилатерализмот за праведен глобален развој и безбедност. Русија организира повеќе од 200 политички, економски и социјални настани, а најважниот – самит на кој ќе присуствуваат лидерите на земјите членки и пријателските земји – ќе се одржи од 22 до 24 октомври во Казан.

The post Турција поднесе барање за полноправно членство во БРИКС appeared first on Република.

]]>
Путин го чека Вучиќ на следниот самит на БРИКС https://republika.mk/vesti/balkan/putin-go-cheka-vuchik-na-sledniot-samit-na-briks/ Wed, 04 Sep 2024 13:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=813132

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со српскиот вицепремиер Александар Вулин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека го очекува српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот на БРИКС во Казан.

Вулин му ги пренел поздравите на претседателот Вучиќ на Путин со желба да остане силен и здрав, пренесува руска новинска агенција. Путин упати поздрав и до Вучиќ и изрази надеж дека наесен ќе дојде во Казан и ќе учествува во настаните на маргините на самитот на БРИКС.

Рускиот претседател изрази и надеж дека потпретседателот на српската влада ќе ги оцени можностите за соработка со рускиот Далечен Исток, но истакна и дека има благ пад на билатералната трговија меѓу Русија и Србија, нагласувајќи дека тоа е неопходно е да се разберат причините за ова.

„Веројатно, дојде време да се состане меѓувладината комисија, која не се состануваше долго време, најмалку две години“, рече рускиот претседател.

Тој потсети дека Русија игра значајна улога во снабдувањето на Србија со енергија навреме и под многу добри услови.

„Ќе разговараме и за тоа, има конкретни работи што треба да се решат, мислам дека нашите договори за снабдување со гас истекуваат во март 2025 година“, додаде рускиот лидер.

Источниот економски форум се одржува до 6 септември во кампусот на Федералниот универзитет на Далечниот Исток во Владивосто

The post Путин го чека Вучиќ на следниот самит на БРИКС appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со српскиот вицепремиер Александар Вулин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека го очекува српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот на БРИКС во Казан. Вулин му ги пренел поздравите на претседателот Вучиќ на Путин со желба да остане силен и здрав, пренесува руска новинска агенција. Путин упати поздрав и до Вучиќ и изрази надеж дека наесен ќе дојде во Казан и ќе учествува во настаните на маргините на самитот на БРИКС. Рускиот претседател изрази и надеж дека потпретседателот на српската влада ќе ги оцени можностите за соработка со рускиот Далечен Исток, но истакна и дека има благ пад на билатералната трговија меѓу Русија и Србија, нагласувајќи дека тоа е неопходно е да се разберат причините за ова.
„Веројатно, дојде време да се состане меѓувладината комисија, која не се состануваше долго време, најмалку две години“, рече рускиот претседател.
Тој потсети дека Русија игра значајна улога во снабдувањето на Србија со енергија навреме и под многу добри услови. „Ќе разговараме и за тоа, има конкретни работи што треба да се решат, мислам дека нашите договори за снабдување со гас истекуваат во март 2025 година“, додаде рускиот лидер. Источниот економски форум се одржува до 6 септември во кампусот на Федералниот универзитет на Далечниот Исток во Владивосто

The post Путин го чека Вучиќ на следниот самит на БРИКС appeared first on Република.

]]>
БРИКС подготвува платформа за плаќања во дигитални национални валути https://republika.mk/vesti/svet/briks-podgotvuva-platforma-za-plakana-vo-digitalni-natsionalni-valuti/ Fri, 28 Jun 2024 14:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=791066

Змјите од БРИКС подготвуваат платформа за плаќања во дигитални национални валути, најави рускиот заменик министерот за финансии, Иван Чебесков.

Министерот објасни дека се подготвува платформата „BRICS Bridge“ за пресметки во национални валути, вклучително и дигитални. Тој истакна дека системот ќе овозможи директни трансакции меѓу земјите и ќе го намали влијанието на западните санкции.

Уште во март, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се дозволува користење на дигитални финансиски средства (ДФА) за меѓународни трансакции. ДФА се дигитални налози на записи, обврзници и капитал издадени преку блокчејн.

Според експертите, плаќањето во дигитални средства треба да го олесни плаќањето на стоки и услуги меѓу земјите во развој. Тие исто така веруваат дека тест трансакции со користење на дигитални национални валути може да се очекуваат веќе во 2025 година.

The post БРИКС подготвува платформа за плаќања во дигитални национални валути appeared first on Република.

]]>

Змјите од БРИКС подготвуваат платформа за плаќања во дигитални национални валути, најави рускиот заменик министерот за финансии, Иван Чебесков. Министерот објасни дека се подготвува платформата „BRICS Bridge“ за пресметки во национални валути, вклучително и дигитални. Тој истакна дека системот ќе овозможи директни трансакции меѓу земјите и ќе го намали влијанието на западните санкции. Уште во март, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се дозволува користење на дигитални финансиски средства (ДФА) за меѓународни трансакции. ДФА се дигитални налози на записи, обврзници и капитал издадени преку блокчејн. Според експертите, плаќањето во дигитални средства треба да го олесни плаќањето на стоки и услуги меѓу земјите во развој. Тие исто така веруваат дека тест трансакции со користење на дигитални национални валути може да се очекуваат веќе во 2025 година.

The post БРИКС подготвува платформа за плаќања во дигитални национални валути appeared first on Република.

]]>
Мадуро: Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, стариот колонијален свет се заменува со нов https://republika.mk/vesti/svet/maduro-venetsuela-naskoro-ke-se-prikluchi-na-briks-stariot-kolonijalen-svet-se-zamenuva-so-nov/ Sat, 24 Feb 2024 18:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=747667

Претседателот на Венецуела на националната телевизија најави дека неговата земја наскоро ќе се приклучи на групата земји БРИКС порачувајќи дека „стариот колонијален свет се заменува со нов“, како и дека тој свет „веќе постои и е неповратен“.

Трендот на појава на нов свет и консолидација на БРИКС е неповратен, а Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, изјави Мадуро во програмата „Со Мадуро +“ .

Според него, „стариот колонијален свет со војни, интервенции, геноцид и комплекс на супериорност“ се заменува со „свет со БРИКС“.

Официјален Каракас изрази желба да стане член на БРИКС во 2023 година. Лидерот на Венецуела очекува дека тоа би можело да се случи на самитот на БРИКС што ќе се одржи во Русија во октомври 2024 година.

The post Мадуро: Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, стариот колонијален свет се заменува со нов appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Венецуела на националната телевизија најави дека неговата земја наскоро ќе се приклучи на групата земји БРИКС порачувајќи дека „стариот колонијален свет се заменува со нов“, како и дека тој свет „веќе постои и е неповратен“.
Трендот на појава на нов свет и консолидација на БРИКС е неповратен, а Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, изјави Мадуро во програмата „Со Мадуро +“ .
Според него, „стариот колонијален свет со војни, интервенции, геноцид и комплекс на супериорност“ се заменува со „свет со БРИКС“. Официјален Каракас изрази желба да стане член на БРИКС во 2023 година. Лидерот на Венецуела очекува дека тоа би можело да се случи на самитот на БРИКС што ќе се одржи во Русија во октомври 2024 година.

The post Мадуро: Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, стариот колонијален свет се заменува со нов appeared first on Република.

]]>
Во БРИКС се приклучија пет нови држави, Русија го презеде претседавањето за годинава https://republika.mk/vesti/svet/vo-briks-se-prikluchija-pet-novi-drzhavi-rusija-go-prezede-pretsedavaneto-za-godinava/ Mon, 01 Jan 2024 21:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=728776

Почнувајќи од денеска, Русија претседава со сојузот на држави-партнери БРИКС, организацијата во која од 1 јануари 2024 година ќе се приклучат уште пет членки. така, на досегашните Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка (првите букви од името на организацијата БРИКС) ќе им се придружат Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Договорено беше да се приклучи и Аргентина, но, откако ексцентричниот Хавиер Милеи победи на претседателските избори, земјата се откажа од многу важни проекти и институции. Се предомисли и за приклучување кон БРИКС, наведувајќи го фактот дека земјата нема доволно пари да придонесе во Новата банка за развој на организацијата.

БРИКС има обемни планови за оваа година. Државите планираат да го напуштат доларот во меѓусебните финансиски порамнувања и да се префрлат на националните валути, како и да се борат против тероризмот и перењето пари.

Во октомври 2024 година, самитот на БРИКС треба да се одржи во Казан, град во централна Русија.

The post Во БРИКС се приклучија пет нови држави, Русија го презеде претседавањето за годинава appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од денеска, Русија претседава со сојузот на држави-партнери БРИКС, организацијата во која од 1 јануари 2024 година ќе се приклучат уште пет членки. така, на досегашните Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка (првите букви од името на организацијата БРИКС) ќе им се придружат Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Договорено беше да се приклучи и Аргентина, но, откако ексцентричниот Хавиер Милеи победи на претседателските избори, земјата се откажа од многу важни проекти и институции. Се предомисли и за приклучување кон БРИКС, наведувајќи го фактот дека земјата нема доволно пари да придонесе во Новата банка за развој на организацијата. БРИКС има обемни планови за оваа година. Државите планираат да го напуштат доларот во меѓусебните финансиски порамнувања и да се префрлат на националните валути, како и да се борат против тероризмот и перењето пари. Во октомври 2024 година, самитот на БРИКС треба да се одржи во Казан, град во централна Русија.

The post Во БРИКС се приклучија пет нови држави, Русија го презеде претседавањето за годинава appeared first on Република.

]]>