бреговиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/bregovikj/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 10:03:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бреговиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/bregovikj/ 32 32 Бреговиќ утре на концерт во Скопје: Ќе свирам добар концерт со мојот Оркестар за свадби и погреби https://republika.mk/scena/bregovik-utre-na-kontsert-vo-skopje-ke-sviram-dobar-kontsert-so-mojot-orkestar-za-svadbi-i-pogrebi/ Fri, 22 Mar 2024 10:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=757349

Здраво на сите во Македонија, јас сум Горан Бреговиќ. На 23 март во СЦ „Јане Сандански“ ќе свирам добар концерт со мојот Оркестар за свадби и погреби. Ќе биде забавно, ќе свирам сешто - и ново и старо, ќе биде лудо – ‘Кој нема да полуди, тој не е нормален’“, вели Брега во својата порака до македонската публика.

Скопскиот концерт е закажан во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните Бијело дугме и на само еден ден по прославата на 74. роденден на Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори. Славеничкиот концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“, а интересно е дека вечерта на истата сцена ќе застанат и членовите на Леб и сол баш онака како некогаш. Имено, во далечната 1977 година Леб и сол и Бијело дугме прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ.

Бијело дугме, пак, е основано во Сараево во 1974 годна со тогашниот вокал Жељко Бебек, тапанарот Ипе Ивандиќ и клавијатуристот Владо Правдиќ. Првиот албум „Кад би био бијело дугме“ им донесе голема популарност поради мешањето на хард рок музиката со балканскиот фолк. Бреговиќ денес живее во Париз и е еден од најпознатите светски музичари. Има настапувано во најпрестижните сали како „Ројал Алберт хол“ и „Карнеги Хол“, а пишува и филмска музика, свет во кој влезе по Бијело Дугме. Особено впечатливи се неговите соработки со Емир Кустурица.

Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку https://www.kupikartizase.com/ и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1.200 денари за партерот, 1.800 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1.400 и 1.800 денари, додека влезницте за вип делот се 2.500 денари.

The post Бреговиќ утре на концерт во Скопје: Ќе свирам добар концерт со мојот Оркестар за свадби и погреби appeared first on Република.

]]>

Здраво на сите во Македонија, јас сум Горан Бреговиќ. На 23 март во СЦ „Јане Сандански“ ќе свирам добар концерт со мојот Оркестар за свадби и погреби. Ќе биде забавно, ќе свирам сешто - и ново и старо, ќе биде лудо – ‘Кој нема да полуди, тој не е нормален’“, вели Брега во својата порака до македонската публика. Скопскиот концерт е закажан во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните Бијело дугме и на само еден ден по прославата на 74. роденден на Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори. Славеничкиот концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“, а интересно е дека вечерта на истата сцена ќе застанат и членовите на Леб и сол баш онака како некогаш. Имено, во далечната 1977 година Леб и сол и Бијело дугме прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ. Бијело дугме, пак, е основано во Сараево во 1974 годна со тогашниот вокал Жељко Бебек, тапанарот Ипе Ивандиќ и клавијатуристот Владо Правдиќ. Првиот албум „Кад би био бијело дугме“ им донесе голема популарност поради мешањето на хард рок музиката со балканскиот фолк. Бреговиќ денес живее во Париз и е еден од најпознатите светски музичари. Има настапувано во најпрестижните сали како „Ројал Алберт хол“ и „Карнеги Хол“, а пишува и филмска музика, свет во кој влезе по Бијело Дугме. Особено впечатливи се неговите соработки со Емир Кустурица. Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку https://www.kupikartizase.com/ и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1.200 денари за партерот, 1.800 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1.400 и 1.800 денари, додека влезницте за вип делот се 2.500 денари.

The post Бреговиќ утре на концерт во Скопје: Ќе свирам добар концерт со мојот Оркестар за свадби и погреби appeared first on Република.

]]>
Бреговиќ викендов доаѓа во Скопје со оркестар составен од 17 музичари https://republika.mk/scena/bregovik-vikendov-doaga-vo-skopje-so-orkestar-sostaven-od-17-muzichari/ Wed, 20 Mar 2024 10:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=756653

23 март (сабота) е датумот кога „оној што нема да полуди, не е нормален“... како што вели Горан Бреговиќ, а кој во Скопје доаѓа на големиот славенички концерт закажан во СЦ „Јане Сандански“. Бреговиќ во Скопје, како што најави неодамна, ќе свири добар концерт со неговиот Оркестар за свадби и погреби.

Ќе биде забавно, ќе свирам сешто - и ново и старо, ќе биде лудо – ‘Кој нема да полуди, тој не е нормален’, рече Брега во својата видеопорака упатена до македонската публика.

Во Скопје тој ќе свири со „појачан“ оркестар составен од 17 музичари. Ќе се свири сѐ, кога станува збор за репертоарот, а за стартот на свирката ќе бидат задолжени Леб и сол, како некогаш во далечната 1977 година. Тогаш Леб и сол и Бијело дугме прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ.

Скопскиот концерт е славенички зашто е закажан во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните Бијело дугме и е на само еден ден по прославата на 74. роденден на Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори.

Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку https://www.kupikartizase.com/ и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1.200 денари за партерот, 1.800 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1.400 и 1.800 денари, додека влезницте за вип делот се 2.500 денари.

Почетокот на концертот е закажан во 20:30 часот кога на сцената треба да застанат Леб и сол. Веднаш по нив ќе следува Брега со неговиот оркестар, и да, можеби репертоарот ќе биде изненадување, но не и журката – таа е загарантирана.

 

The post Бреговиќ викендов доаѓа во Скопје со оркестар составен од 17 музичари appeared first on Република.

]]>

23 март (сабота) е датумот кога „оној што нема да полуди, не е нормален“... како што вели Горан Бреговиќ, а кој во Скопје доаѓа на големиот славенички концерт закажан во СЦ „Јане Сандански“. Бреговиќ во Скопје, како што најави неодамна, ќе свири добар концерт со неговиот Оркестар за свадби и погреби.
Ќе биде забавно, ќе свирам сешто - и ново и старо, ќе биде лудо – ‘Кој нема да полуди, тој не е нормален’, рече Брега во својата видеопорака упатена до македонската публика.
Во Скопје тој ќе свири со „појачан“ оркестар составен од 17 музичари. Ќе се свири сѐ, кога станува збор за репертоарот, а за стартот на свирката ќе бидат задолжени Леб и сол, како некогаш во далечната 1977 година. Тогаш Леб и сол и Бијело дугме прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ. Скопскиот концерт е славенички зашто е закажан во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните Бијело дугме и е на само еден ден по прославата на 74. роденден на Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори. Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку https://www.kupikartizase.com/ и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1.200 денари за партерот, 1.800 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1.400 и 1.800 денари, додека влезницте за вип делот се 2.500 денари. Почетокот на концертот е закажан во 20:30 часот кога на сцената треба да застанат Леб и сол. Веднаш по нив ќе следува Брега со неговиот оркестар, и да, можеби репертоарот ќе биде изненадување, но не и журката – таа е загарантирана.  

The post Бреговиќ викендов доаѓа во Скопје со оркестар составен од 17 музичари appeared first on Република.

]]>
На Бреговиќ му беше забранет влез во Молдавија поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим https://republika.mk/vesti/balkan/na-bregovik-mu-beshe-zabranet-vlez-vo-moldavija-poradi-negovite-proruski-stavovi-i-poddrshkata-za-ruskata-aneksija-na-krim/ Tue, 22 Aug 2023 16:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=674692

По осудата на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој побара објаснување од Министерство за надворешни работи на Молдавија за забраната за влез на музичарот и поранешен фронтмен на популарната југословенска рок група „Бијело дугме“ Горан Бреговиќ во Кишињев, се огласи молдавскиот министер за внатрешни работи Адријан Ефрос кој изјави дека на Бреговиќ му е забранет влезот поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим, јави дописникот на МИА од Белград.

Ефрос рече дека „се анализирале и други причини во безбедносните структури“ кога било одлучено да не се дозволи влез на Бреговиќ во Молдавија, но не соопшти повеќе детали.

Според Радио Слободна Европа, Бреговиќ во март 2015 година одржал концерт во Одеса на Крим, една година откако на тој украински полуостров беше организиран референдум за приклучување кон Русија, кој не беше признат од повеќето земји-членки на Обединетите нации.

Граничната полиција на Молдавија вчера претходно соопшти дека на Бреговиќ му е забранет влез во земјата од 2022 година, за што, велат, однапред биле информирани организаторите на фестивалот во Стари Орхеи, пренесува молдавската агенција ИПН.

Како што соопштија од Граничната полиција, врз основа на анализа на ризик и информации добиени од размена на информации со Службата за разузнавање и безбедност, како и со меѓународни партнери, забранет е влез во државата на 29 странски државјани кои имале намера да влезат во Република Молдавија во последните 24 часа.

-А во врска со објавениот случај на странски изведувач на кој не му беше дозволен влез во Молдавија, напоменуваме дека организаторите биле однапред известени за забраната која важи од 2022 година до денот на неговото пристигнување во нашата земја, наведоа од Граничната полиција.

Горан Бреговиќ требаше да настапи во недела на 20 август на музичкиот фестивал Густар во Стари Орхеј. Неговиот бенд ден претходно бил вратен од границата на аеродромот во Кишињев, главниот град на Молдавија, а Бреговиќ не ни тргнал на пат потоа.

Денес забраната на Бреговиќ за влез во Молдавија ја коментираше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оцени дека за ова имало „чудни причини“.

-Кога видов дека некому во молдавската јавност му пречи кога Бреговиќ пее песна наречена „Калашников“, тогаш застануваш и се прашуваш што е ова народе. Тогаш разбирате дека се работи за таква глупост што доаѓа од социјалните мрежи, не ми се верува дека некои земји така реагираат, рече Вучиќ.

The post На Бреговиќ му беше забранет влез во Молдавија поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим appeared first on Република.

]]>

По осудата на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој побара објаснување од Министерство за надворешни работи на Молдавија за забраната за влез на музичарот и поранешен фронтмен на популарната југословенска рок група „Бијело дугме“ Горан Бреговиќ во Кишињев, се огласи молдавскиот министер за внатрешни работи Адријан Ефрос кој изјави дека на Бреговиќ му е забранет влезот поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим, јави дописникот на МИА од Белград. Ефрос рече дека „се анализирале и други причини во безбедносните структури“ кога било одлучено да не се дозволи влез на Бреговиќ во Молдавија, но не соопшти повеќе детали. Според Радио Слободна Европа, Бреговиќ во март 2015 година одржал концерт во Одеса на Крим, една година откако на тој украински полуостров беше организиран референдум за приклучување кон Русија, кој не беше признат од повеќето земји-членки на Обединетите нации. Граничната полиција на Молдавија вчера претходно соопшти дека на Бреговиќ му е забранет влез во земјата од 2022 година, за што, велат, однапред биле информирани организаторите на фестивалот во Стари Орхеи, пренесува молдавската агенција ИПН. Како што соопштија од Граничната полиција, врз основа на анализа на ризик и информации добиени од размена на информации со Службата за разузнавање и безбедност, како и со меѓународни партнери, забранет е влез во државата на 29 странски државјани кои имале намера да влезат во Република Молдавија во последните 24 часа. -А во врска со објавениот случај на странски изведувач на кој не му беше дозволен влез во Молдавија, напоменуваме дека организаторите биле однапред известени за забраната која важи од 2022 година до денот на неговото пристигнување во нашата земја, наведоа од Граничната полиција. Горан Бреговиќ требаше да настапи во недела на 20 август на музичкиот фестивал Густар во Стари Орхеј. Неговиот бенд ден претходно бил вратен од границата на аеродромот во Кишињев, главниот град на Молдавија, а Бреговиќ не ни тргнал на пат потоа. Денес забраната на Бреговиќ за влез во Молдавија ја коментираше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оцени дека за ова имало „чудни причини“. -Кога видов дека некому во молдавската јавност му пречи кога Бреговиќ пее песна наречена „Калашников“, тогаш застануваш и се прашуваш што е ова народе. Тогаш разбирате дека се работи за таква глупост што доаѓа од социјалните мрежи, не ми се верува дека некои земји така реагираат, рече Вучиќ.

The post На Бреговиќ му беше забранет влез во Молдавија поради неговите проруски ставови и поддршката за руската анексија на Крим appeared first on Република.

]]>
На Бреговиќ не му бил дозволен влез во Молдавија, музичарот се извини што не може да настапи на фестивалот посветен на гитарата https://republika.mk/scena/na-bregovik-ne-mu-bil-dozvolen-vlez-vo-moldavija-muzicharot-se-izvini-shto-ne-mozhe-da-nastapi-na-festivalot-posveten-na-gitarata/ Mon, 21 Aug 2023 08:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=674088

Организаторите на Гитарскиот музички фестивал кој се одржува во Молдавија соопштија дека уметникот Горан Бреговиќ не добил дозвола да влезе во земјата иако веќе слетал на аеродромот во Кишињев и поради тоа нема да може да вечерва настапи на фестивалот со својот бенд.

Причините за ваквата одлука на властите не се познати. Можно е Бреговиќ „не успеал да ја објасни целта на посетата“, пренесе Спутник Молдавија. Бреговиќ се извини што не можеше да настапи на фестивалот посветен на гитарата, објавено е на веб-страницата на организаторите на фестивалот.

Бевме многу разочарани кога не ни дозволија да влеземе во Молдавија на аеродромот во Кишињев, без официјално објаснување, изјави Бреговиќ.

Регионалната поп-ѕвезда која живее и работи во Париз, истакна дека со своите музичари оди низ цела Европа и дека никогаш никаде немало проблеми.

The post На Бреговиќ не му бил дозволен влез во Молдавија, музичарот се извини што не може да настапи на фестивалот посветен на гитарата appeared first on Република.

]]>

Организаторите на Гитарскиот музички фестивал кој се одржува во Молдавија соопштија дека уметникот Горан Бреговиќ не добил дозвола да влезе во земјата иако веќе слетал на аеродромот во Кишињев и поради тоа нема да може да вечерва настапи на фестивалот со својот бенд.
Причините за ваквата одлука на властите не се познати. Можно е Бреговиќ „не успеал да ја објасни целта на посетата“, пренесе Спутник Молдавија. Бреговиќ се извини што не можеше да настапи на фестивалот посветен на гитарата, објавено е на веб-страницата на организаторите на фестивалот.
Бевме многу разочарани кога не ни дозволија да влеземе во Молдавија на аеродромот во Кишињев, без официјално објаснување, изјави Бреговиќ.
Регионалната поп-ѕвезда која живее и работи во Париз, истакна дека со своите музичари оди низ цела Европа и дека никогаш никаде немало проблеми.

The post На Бреговиќ не му бил дозволен влез во Молдавија, музичарот се извини што не може да настапи на фестивалот посветен на гитарата appeared first on Република.

]]>