Брат и сестра Archives - Република https://republika.mk/tema/brat-i-sestra/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 17:59:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Брат и сестра Archives - Република https://republika.mk/tema/brat-i-sestra/ 32 32 Брат и сестра на возраст од 12 и 14 години загинаа во железничка несреќа во Србија, таткото се бори за живот https://republika.mk/vesti/balkan/brat-i-sestra-na-vozrast-od-12-i-14-godini-zaginaa-vo-zheleznichka-nesreka-vo-srbija-tatkoto-se-bori-za-zhivot/ Mon, 19 Aug 2024 17:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=808033

12-годишниот М. Д и 14-годишната М. Д загинале денеска во сообраќајна несреќа која се случила на железничкиот премин во местото Петка во Лазаревац, кога на автомобилот во кој биле налетал воз, објавија српските медиуми.

Во несреќата загинал и возачот Милан Л., додека таткото на децата, 38-годишниот Милан Д. е тешко повреден.

На автомобилот марка „Audi“ налетал воз кој сообраќал на линијата Приеполе – Белград.

На самото место е дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Лазаревац кој прави увид. Се очекува да пристигне и полицијата од Белград.

The post Брат и сестра на возраст од 12 и 14 години загинаа во железничка несреќа во Србија, таткото се бори за живот appeared first on Република.

]]>

12-годишниот М. Д и 14-годишната М. Д загинале денеска во сообраќајна несреќа која се случила на железничкиот премин во местото Петка во Лазаревац, кога на автомобилот во кој биле налетал воз, објавија српските медиуми. Во несреќата загинал и возачот Милан Л., додека таткото на децата, 38-годишниот Милан Д. е тешко повреден. На автомобилот марка „Audi“ налетал воз кој сообраќал на линијата Приеполе – Белград. На самото место е дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Лазаревац кој прави увид. Се очекува да пристигне и полицијата од Белград.

The post Брат и сестра на возраст од 12 и 14 години загинаа во железничка несреќа во Србија, таткото се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Малолетник си ја нападнал сестрата, па со нож тргнал кон својот татко https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-si-ja-napadnal-sestrata-pa-so-nozh-trgnal-kon-svojot-tatko/ Thu, 21 Dec 2023 15:49:12 +0000 https://republika.mk/?p=725376

На 20.12.2023 во 17:30 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од Скопје пријавил дека на  19.12.2023 околу 20:45 часот во домот во скопско, неговиот малолетен син физички ја нападнал својата сестра, а потоа со остар предмет му се заканил нему.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетник си ја нападнал сестрата, па со нож тргнал кон својот татко appeared first on Република.

]]>

На 20.12.2023 во 17:30 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од Скопје пријавил дека на  19.12.2023 околу 20:45 часот во домот во скопско, неговиот малолетен син физички ја нападнал својата сестра, а потоа со остар предмет му се заканил нему. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетник си ја нападнал сестрата, па со нож тргнал кон својот татко appeared first on Република.

]]>
„Брат и сестра“, „Осумте планини“ и „Засекогаш млади“ во гала програмата на „Синедејс“ https://republika.mk/vesti/kultura/bogata-programa-vecherva-na-sinedejs-brat-i-sestra-osumte-planini-i-zasekogash-mladi-vo-gala-programata/ Mon, 11 Jul 2022 08:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=526849

Во рамките на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, вечерва во Скопје, како дел од гала- програмата ќе бидат прикажани француското остварување „Брат и сестра“, италијанското „Осумте планини“ и француско-италијанското „Засекогаш млад“.

Протагонистите на филмот „Брат и сестра“, кој ќе биде прикажан на покривот на ГТЦ во 20:30 часот, се Алис и Луј. Таа е актерка; тој бил наставник и поет. Повеќе од дваесет години, Алис го мрази својот брат. Со години се немаат видено. Смртта на родителите ги принудува повторно да се сретнат.

Филмот „Осумте планини“, пак, е приказна за пријателството. За момчиња што стануваат мажи кои се обидуваат да ги избришат стапалките на своите татковци, но кои, преку разните животни избори што ги прават, секогаш на крајот се враќаат дома. Пјетро е момче од град, Бруно е последното дете од заборавено планинско село. Низ годините, Бруно ѝ останува верен на својата планина, додека Пјетро е тој што доаѓа и заминува. Заедничките средби ги запознаваат со љубовта и загубата, потсетувајќи ги на нивното потекло и расплетувајќи ги нивните судбини како што откриваат што значи да се биде доживотен пријател. Филмот ќе биде прикажан во 22:30 часот, во киното „Милениум“.

Третиот филм од гала-програмата е „Засекогаш млад“. Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Стела, Виктор, Адел и Етјен имаат по дваесет години. Полагаат приемен испит за прочуената актерска школа создадена од Патрис Шеро и Пјер Роман во театарот „Де Амандје“ во Нантер. Итајќи со полна брзина во животот, страста и љубовта, заедно ќе ја искусат пресвртницата на своите животи, но и првата трагедија. Филмот ќе биде прикажан во 21 часот, на покривот на Домот на градежниците.

Во 22,30 часот во Кинотека ќе се прикаже „Од никаде“ – ретроспектива на Фатих Акин.
Од никаде, животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг и синчето Роко ќе загинат во бомбашки напад. Нејзините пријатели и семејството се обидуваат да и ја дадат потребната поддршка, и Катја некако успева да го преживее погребот. Меѓутоа, опседнатоста да се пронајдат злосторниците и причината зад нападот го усложнуваат болното тажење на Катја, отворајќи рани и сомневања.

Во МКЦ парк во 21 часот во програмата МК кратки ќе биде прикажан филмот „Исти“ во режија: на Ферди Јајаи.

The post „Брат и сестра“, „Осумте планини“ и „Засекогаш млади“ во гала програмата на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, вечерва во Скопје, како дел од гала- програмата ќе бидат прикажани француското остварување „Брат и сестра“, италијанското „Осумте планини“ и француско-италијанското „Засекогаш млад“. Протагонистите на филмот „Брат и сестра“, кој ќе биде прикажан на покривот на ГТЦ во 20:30 часот, се Алис и Луј. Таа е актерка; тој бил наставник и поет. Повеќе од дваесет години, Алис го мрази својот брат. Со години се немаат видено. Смртта на родителите ги принудува повторно да се сретнат. Филмот „Осумте планини“, пак, е приказна за пријателството. За момчиња што стануваат мажи кои се обидуваат да ги избришат стапалките на своите татковци, но кои, преку разните животни избори што ги прават, секогаш на крајот се враќаат дома. Пјетро е момче од град, Бруно е последното дете од заборавено планинско село. Низ годините, Бруно ѝ останува верен на својата планина, додека Пјетро е тој што доаѓа и заминува. Заедничките средби ги запознаваат со љубовта и загубата, потсетувајќи ги на нивното потекло и расплетувајќи ги нивните судбини како што откриваат што значи да се биде доживотен пријател. Филмот ќе биде прикажан во 22:30 часот, во киното „Милениум“. Третиот филм од гала-програмата е „Засекогаш млад“. Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Стела, Виктор, Адел и Етјен имаат по дваесет години. Полагаат приемен испит за прочуената актерска школа создадена од Патрис Шеро и Пјер Роман во театарот „Де Амандје“ во Нантер. Итајќи со полна брзина во животот, страста и љубовта, заедно ќе ја искусат пресвртницата на своите животи, но и првата трагедија. Филмот ќе биде прикажан во 21 часот, на покривот на Домот на градежниците. Во 22,30 часот во Кинотека ќе се прикаже „Од никаде“ – ретроспектива на Фатих Акин. Од никаде, животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг и синчето Роко ќе загинат во бомбашки напад. Нејзините пријатели и семејството се обидуваат да и ја дадат потребната поддршка, и Катја некако успева да го преживее погребот. Меѓутоа, опседнатоста да се пронајдат злосторниците и причината зад нападот го усложнуваат болното тажење на Катја, отворајќи рани и сомневања. Во МКЦ парк во 21 часот во програмата МК кратки ќе биде прикажан филмот „Исти“ во режија: на Ферди Јајаи.

The post „Брат и сестра“, „Осумте планини“ и „Засекогаш млади“ во гала програмата на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>