Бранимир Јовановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/branimir-jovanovikj/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 11:02:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бранимир Јовановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/branimir-jovanovikj/ 32 32 Активистот на Шарената револуција тврди дека победата на Трамп негативно ќе се одрази на македонската економија https://republika.mk/vesti/ekonomija/aktivistot-na-sharenata-revolutsija-tvrdi-deka-pobedata-na-tramp-negativno-ke-se-odrazi-na-makedonskata-ekonomija/ Sun, 10 Nov 2024 11:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=836058

Победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неминовно ќе се одрази негативно и на македонската економија, околу тоа не треба да има никаква дилема, оценува економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од реномираниот Виенски институт за меѓународни економски студии.

Во изјава за МИА, Јовановиќ посочува дека главното ветување на Трамп во кампањата за воведување на царини на сите производи што се увезуваат во Америка, и тоа 60 проценти за Кина и 20 проценти за останатите држави, ќе доведе до „трговска војна“, односно ќе ги натера и другите земји да воведат царини за Америка што ќе ја намали глобалната трговија.

- ММФ неодамна процени дека ова може да го чини светот 7 трилиони долари (7 проценти од светскиот БДП), што е огромен износ. Ако такво нешто се случи, нема шанси Македонија да не биде погодена, и покрај тоа што извезува многу малку во Америка, вели Јовановиќ.

Другиот главен канал преку кој Трамп ќе влијае на глобалната економија, според Јовановиќ, е неизвесноста што тој ја носи на геополитички план, односно не се знае дали ќе ја поддржи Украина, дали ќе излезе од НАТО, дали ќе прави тензии со Кина што неминовно ќе влијае и на глобалната економија.

- Единствената сигурна работа со него е дека ќе биде несигурно. Не знаете дали ќе ја поддржува Украина, не знаете дали ќе излезе од НАТО, не знаете дали ќе ги уценува европските држави да купуваат повеќе оружје од Америка за да остане Америка во НАТО, не знаете дали ќе почне војна со Иран, не знаете дали ќе прави тензии со Кина... Светот и до сега не беше многу извесно место, ама сега може да се претвори во тотален хаос. Тоа неминовно ќе влијае и на економските движења, пред сѐ на инвестициите, затоа што инвеститорите сакаат сигурност, сакаат да знаат што ќе се случува, нагласува Јовановиќ.

Ветувањето на Трамп дека ќе протера 10 милиони доселеници од Америка, доколку се реализира, според Јовановиќ, не само што ќе се одрази врз американската економија, туку ќе го погоди и европскиот континент.

- Ако навистина почне со тоа, не само што може да настане хаос таму, туку и државата ќе остане без работници, што негативно ќе се одрази на нивната економија. Се очекува истото да почне да се случува и во Европа, каде екстремната десница дополнително ќе зајакне, што силно ќе го погоди стариот континент, кој е уште позависен од имигранти отколку Америка, појаснува Јовановиќ за МИА.

The post Активистот на Шарената револуција тврди дека победата на Трамп негативно ќе се одрази на македонската економија appeared first on Република.

]]>

Победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неминовно ќе се одрази негативно и на македонската економија, околу тоа не треба да има никаква дилема, оценува економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од реномираниот Виенски институт за меѓународни економски студии. Во изјава за МИА, Јовановиќ посочува дека главното ветување на Трамп во кампањата за воведување на царини на сите производи што се увезуваат во Америка, и тоа 60 проценти за Кина и 20 проценти за останатите држави, ќе доведе до „трговска војна“, односно ќе ги натера и другите земји да воведат царини за Америка што ќе ја намали глобалната трговија.
- ММФ неодамна процени дека ова може да го чини светот 7 трилиони долари (7 проценти од светскиот БДП), што е огромен износ. Ако такво нешто се случи, нема шанси Македонија да не биде погодена, и покрај тоа што извезува многу малку во Америка, вели Јовановиќ.
  Другиот главен канал преку кој Трамп ќе влијае на глобалната економија, според Јовановиќ, е неизвесноста што тој ја носи на геополитички план, односно не се знае дали ќе ја поддржи Украина, дали ќе излезе од НАТО, дали ќе прави тензии со Кина што неминовно ќе влијае и на глобалната економија.
- Единствената сигурна работа со него е дека ќе биде несигурно. Не знаете дали ќе ја поддржува Украина, не знаете дали ќе излезе од НАТО, не знаете дали ќе ги уценува европските држави да купуваат повеќе оружје од Америка за да остане Америка во НАТО, не знаете дали ќе почне војна со Иран, не знаете дали ќе прави тензии со Кина... Светот и до сега не беше многу извесно место, ама сега може да се претвори во тотален хаос. Тоа неминовно ќе влијае и на економските движења, пред сѐ на инвестициите, затоа што инвеститорите сакаат сигурност, сакаат да знаат што ќе се случува, нагласува Јовановиќ.
  Ветувањето на Трамп дека ќе протера 10 милиони доселеници од Америка, доколку се реализира, според Јовановиќ, не само што ќе се одрази врз американската економија, туку ќе го погоди и европскиот континент. - Ако навистина почне со тоа, не само што може да настане хаос таму, туку и државата ќе остане без работници, што негативно ќе се одрази на нивната економија. Се очекува истото да почне да се случува и во Европа, каде екстремната десница дополнително ќе зајакне, што силно ќе го погоди стариот континент, кој е уште позависен од имигранти отколку Америка, појаснува Јовановиќ за МИА.

The post Активистот на Шарената револуција тврди дека победата на Трамп негативно ќе се одрази на македонската економија appeared first on Република.

]]>
Јовановиќ: Буџетот е нереален и не одговара на моменталната криза https://republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovik-budhetot-e-nerealen-i-ne-odgovara-na-momentalnata-kriza/ Thu, 16 Nov 2023 08:09:27 +0000 https://republika.mk/?p=701969

Предлог-буџетот за 2024 година е нереален и не одговара на моменталната криза, оценува професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Во изјава за МИА, Јовановиќ вели дека макроекономските и приходните проекции се преоптимистички.

Се проектира раст на БДП од 3,4 проценти, што е многу повисоко од сите меѓународни институции. Нашиот Институт, на пример, прогнозира раст од 2 проценти, а Светска Банка од 2,5 проценти. Инфлацијата, пак, се проектира на 3,6 проценти, што е прениско – нашиот Институт проектира 5 проценти инфлација, а Народна Банка 4 проценти. Дури и да се прифатат овие макроекономски проекции, проекциите за буџетските приходи се превисоки. При номинален раст на БДП од 7 проценти (3,4 проценти + 3,6 проценти), се проектира раст на приходите од 10 проценти, што не гледам како може да се случи, кога нема планирано никаква даночна реформа, појаснува Јовановиќ за МИА.

Предвидениот раст од пет проценти кај социјалните трансфери, според Јовановиќ, е недоволен во услови на моменталната криза.

Инфлацијата оваа година ќе биде околу 10 проценти, лани беше 14 проценти, десетици илјади луѓе западнаа во сиромаштија поради овие поскапувања, а социјалните трансфери се зголемуваат за само 5 проценти. Нема детали за да се види колку ќе се зголемат платите, колку пензиите, колку социјалната помош, ама пет проценти е апсолутно премалку и недоволно за да се спречи сиромаштијата да продолжи да расте, истакнува Јовановиќ.

Ако сакате да ја поттикнете економската активност мора да ја стимулирате потрошувачка, тоа е еден од основните постулати за справување со секоја криза, порача вечерва поранешниот советник во

Нереално проектирани се и капиталните расходи, кои во Предлог-буџетот се на ниво од 730 милиони евра.

Капиталните расходи се проектирани на 730 милиони евра, што е малку пониско од ланските 800 милиони, ама е сепак крајно нереално. Македонија не успева да реализира 730 милиони јавни инвестиции во две години, а не пак во една, посочува Јовановиќ.

Владата вчера го презентираше Предлог-буџетот за 2024 година кој тежи 5,5 милијарди евра, окарактеризаирајќи го како развоен и одржлив. Расходната страна е проектирана на 343,6 милјарди денари или за 5,8 проценти е повисока во однос на 2023 година, а приходите на 310,1 милјарда денари и се повисоки за 10 проценти. Буџетскиот дефицит е за околу 9,2 милјарди денари понизок во однос на 2023 година што, според Владата, ќе значи помало задолжување за 150 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,4 проценти од БДП, а инфлацијата на 3,6 проценти.

The post Јовановиќ: Буџетот е нереален и не одговара на моменталната криза appeared first on Република.

]]>

Предлог-буџетот за 2024 година е нереален и не одговара на моменталната криза, оценува професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Во изјава за МИА, Јовановиќ вели дека макроекономските и приходните проекции се преоптимистички.
Се проектира раст на БДП од 3,4 проценти, што е многу повисоко од сите меѓународни институции. Нашиот Институт, на пример, прогнозира раст од 2 проценти, а Светска Банка од 2,5 проценти. Инфлацијата, пак, се проектира на 3,6 проценти, што е прениско – нашиот Институт проектира 5 проценти инфлација, а Народна Банка 4 проценти. Дури и да се прифатат овие макроекономски проекции, проекциите за буџетските приходи се превисоки. При номинален раст на БДП од 7 проценти (3,4 проценти + 3,6 проценти), се проектира раст на приходите од 10 проценти, што не гледам како може да се случи, кога нема планирано никаква даночна реформа, појаснува Јовановиќ за МИА.
Предвидениот раст од пет проценти кај социјалните трансфери, според Јовановиќ, е недоволен во услови на моменталната криза.
Инфлацијата оваа година ќе биде околу 10 проценти, лани беше 14 проценти, десетици илјади луѓе западнаа во сиромаштија поради овие поскапувања, а социјалните трансфери се зголемуваат за само 5 проценти. Нема детали за да се види колку ќе се зголемат платите, колку пензиите, колку социјалната помош, ама пет проценти е апсолутно премалку и недоволно за да се спречи сиромаштијата да продолжи да расте, истакнува Јовановиќ.
Ако сакате да ја поттикнете економската активност мора да ја стимулирате потрошувачка, тоа е еден од основните постулати за справување со секоја криза, порача вечерва поранешниот советник во Нереално проектирани се и капиталните расходи, кои во Предлог-буџетот се на ниво од 730 милиони евра.
Капиталните расходи се проектирани на 730 милиони евра, што е малку пониско од ланските 800 милиони, ама е сепак крајно нереално. Македонија не успева да реализира 730 милиони јавни инвестиции во две години, а не пак во една, посочува Јовановиќ.
Владата вчера го презентираше Предлог-буџетот за 2024 година кој тежи 5,5 милијарди евра, окарактеризаирајќи го како развоен и одржлив. Расходната страна е проектирана на 343,6 милјарди денари или за 5,8 проценти е повисока во однос на 2023 година, а приходите на 310,1 милјарда денари и се повисоки за 10 проценти. Буџетскиот дефицит е за околу 9,2 милјарди денари понизок во однос на 2023 година што, според Владата, ќе значи помало задолжување за 150 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,4 проценти од БДП, а инфлацијата на 3,6 проценти.

The post Јовановиќ: Буџетот е нереален и не одговара на моменталната криза appeared first on Република.

]]>
Јовановиќ: Вработените во УЈП се во право, да блокираат дел од државата и да го насочат својот револт кон функционерите https://republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovik-ujp-se-vo-pravo-da-blokiraat-del-od-drzhavata-i-da-go-nasochat-svojot-revolt-kon-funktsionerite/ Sun, 25 Jun 2023 19:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=655033

Доколку УЈП престане целосно со работа, а царина ги спушти рампите тоа би значело дека нема да има исплата на плати во цела држава, наплата на придонеси и даноци, прибирање средства во Буџетот по основ на казни и давачи, нема да има наплата на царини. Министерот за финансии тврди, согласно закон не можело да се стопира исплата на плата, но синдикатот и експертите го демантираа – не постои таков закон. Правото на штрајк е загарантирано со устав. Се зависи од УЈП како ќе се одлучат да го спроведат штрајкот . Според експертите последиците ќе бидат неизбежни и по Буџетот и по целата држава ама на краток рок.

Нема една дефиниција што значи штрајк. Се зависи од тоа што ќе сакаат да работат службениците во УЈП, тоа ќе значи дека ако тие сакаат да прекинат целосно со работа тоа би значело дека нема да има исплата на плати во државата, нема да може да се исплати легално. Ако УЈП сака да направи вистински штрајк, апсолутно може тоа да го направи и тоа е апсолутно легитимно средство. УЈП се во право. Поентата на штрајкот е да покаже дека работите во државата не се како што треба. Да блокираат дел од државата и да го насочат својот револт кон функционерите, вели Бранимир Јовановиќ економски истражувач и професор.

Владата одбива да ги зголеми платите иако колективниот договор е на сила, што им дава на работниците легитимно право да покренат тужба. Тоа што Владата не сака да си ги исполни законските обврски е многу поголем ризик и може да има поголеми фискални импликации од самиот штрајк. Според Јовановиќ, пари во Буџетот има, само потребна е политичка волја.

Нема право на автентично толкување на платите за функционерите, а кога треба да се покачат платите на работниците, тогаш се наоѓаат или автентични толкувања или методологија - тоа се само изговори. Не може обичните работници да не добиваат покачување на плати кога имаме инфлација од 25 отсто во овие две години, а самите државни функционери си ги покачија платите од 78 отсто, не е праведно и не е економски издржано. Буџетот е повисок од минатата година. Една милијарда и нешто се вкупните плати на сите службеници од 5 милијарди, колку што тежи Буџетот. Најдоа една милијарда за сите други работи, а не можат да најдат 100-200 илјади, колку што се потребни за покачување на платите на работниците. Апсолутно тоа не е издржано. Државата никогаш нема пари, но може да ги најде, проблемот е отсуство на политичка волја.

Кон крајот на следната недела ќе се знае дали помирувачот- професор Лазар Јовески ќе успее да ги доближи ставовите помеѓу УЈП и Владата. Првите најави од Јовески не се многу оптимистички. Економско- социјалниот совет ќе седне повторно на маса за колективните договори во четврток и овој пат ќе може да го следи целата јавност . Владините министри ќе понудат зголемување на платите не за 5 како до сегашната понуда туку за 2 и пол години.

The post Јовановиќ: Вработените во УЈП се во право, да блокираат дел од државата и да го насочат својот револт кон функционерите appeared first on Република.

Јовановиќ: Цените никогаш нема да се вратат на оние од пред година https://republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovik-tsenite-nikogash-nema-da-se-vratat-na-onie-od-pred-godina/ Mon, 15 May 2023 11:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=640984

Инфлацијата може да падне, но цените никогаш нема да се вратат на цените пред една година. Цените се ригидни, тие само растат а не паѓаат. Се сеќаваме на времето на Југославија кога имавме хиперинфлација. Цените никогаш не се вратија, како што ни сега нема да се вратат. Она што е битно е да се заузда инфлацијата. Сега ифлацијата е 13 отсто, пред два месеци беше 17 отсто, а треба да падне на 2-3 отсто и тогаш може да кажеме дека економијата е добро, вели Бранимир Јовановиќ, од Виенски институт за меѓународни економски студии во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Она што треба да го направи Владата е да ги покачи платите. Единствен начин да јадете како што сте јаделе како лани е да се покачат патите. Се покачија пензиите, минималните плати и социјалните давања, а и сопствените плати си ги покачија, но платите во приватниот сектор не се покачуваат тврдоглаво, вели Јовановиќ и додава дека е нужно да се овозможи трошење за да функционира економијата.

Јовановиќ вели дека се зачудил кога видел дека млекото чини исто колку во Виена и додава дека трговците премногу ги напумпаа цените искористувајќи ја кризата.

The post Јовановиќ: Цените никогаш нема да се вратат на оние од пред година appeared first on Република.

Јовановиќ: Одлуката на функционерите да си ги покачат платите во време на криза е нечовечна https://republika.mk/vesti/makedonija/jovanovik-odlukata-na-funktsionerite-da-si-gi-pokachat-platite-vo-vreme-na-kriza-e-nechovechna/ Fri, 31 Mar 2023 17:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=625909

Судиите се „почестија“ себе си и останатите функционери со повисоки плати, додека здравствените работници добија ветување за зголемување на месечните примања од 2.000 до 3.000 денари. Незадоволството расте во сите останати сектори поради долгата криза и инфлацијата којашто ги „изеде“ платите.

Зголемување на платите на државните функционери доаѓа откако Уставниot суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите… На ова реагираше и претседателот Стево Пендаровски кој рече дека невкусно е во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет. Тој ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ за Телма вели дека одлуката функционерите да си ги покачат платите е безобразна и нечовечна во време на криза и во услови кога сиромаштијата расте во земјата.

Извор: ТВ Телма

The post Јовановиќ: Одлуката на функционерите да си ги покачат платите во време на криза е нечовечна appeared first on Република.

]]>

Судиите се „почестија“ себе си и останатите функционери со повисоки плати, додека здравствените работници добија ветување за зголемување на месечните примања од 2.000 до 3.000 денари. Незадоволството расте во сите останати сектори поради долгата криза и инфлацијата којашто ги „изеде“ платите. Зголемување на платите на државните функционери доаѓа откако Уставниot суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите… На ова реагираше и претседателот Стево Пендаровски кој рече дека невкусно е во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет. Тој ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите. Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ за Телма вели дека одлуката функционерите да си ги покачат платите е безобразна и нечовечна во време на криза и во услови кога сиромаштијата расте во земјата. Извор: ТВ Телма

The post Јовановиќ: Одлуката на функционерите да си ги покачат платите во време на криза е нечовечна appeared first on Република.

]]>
Јавна расправа и промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата“ од Бранимир Јовановиќ https://republika.mk/vesti/kultura/javna-rasprava-i-promotsija-na-dokumentot-za-javni-politiki-natsionalnite-finansiski-politiki-vo-kulturata-od-branimir-jovanovik/ Tue, 31 Jan 2023 11:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=602935

Асоцијација на независна културна сцена Јадро организира јавна расправа по повод промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата“ во авторство на еконмскиот истражувач Бранимир Јовановиќ.

Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (петок), со почеток во 12 часот во просториите на КСП „Центар Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 - поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало).

Во разговор со Јовановиќ, на промоцијата ќе земe збор и културниот работник и активист Теодор Целакоски (Хрватска).

Дискусијата ќе ја модерира културната работничка и историчарка на уметност Тијана Ана Спасовска.

Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, како актер кој веќе 10 години будно следи и се застапува за подобрување на условите на независната културна сцена, го издаде овој документ за јавни политики со кој се анализира државното финансирање во културата со цел појасно застапување за достоинствени средства за вложување во одржувањето на независната културна сцена. Првиот дел од документот е посветен на анализа на државните буџети за култура, додека вториот се фокусира на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 и 2022 година.

Публикацијата посочува во кои аспекти од финансирањето државата потфрла и кои се следните чекори што треба да се преземат за надминување на критичната состојба во независниот културен сектор, кој се наоѓа во трајно прекарна состојба.

The post Јавна расправа и промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата“ од Бранимир Јовановиќ appeared first on Република.

]]>

Асоцијација на независна културна сцена Јадро организира јавна расправа по повод промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата“ во авторство на еконмскиот истражувач Бранимир Јовановиќ. Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (петок), со почеток во 12 часот во просториите на КСП „Центар Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 - поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало). Во разговор со Јовановиќ, на промоцијата ќе земe збор и културниот работник и активист Теодор Целакоски (Хрватска). Дискусијата ќе ја модерира културната работничка и историчарка на уметност Тијана Ана Спасовска. Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, како актер кој веќе 10 години будно следи и се застапува за подобрување на условите на независната културна сцена, го издаде овој документ за јавни политики со кој се анализира државното финансирање во културата со цел појасно застапување за достоинствени средства за вложување во одржувањето на независната културна сцена. Првиот дел од документот е посветен на анализа на државните буџети за култура, додека вториот се фокусира на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 и 2022 година. Публикацијата посочува во кои аспекти од финансирањето државата потфрла и кои се следните чекори што треба да се преземат за надминување на критичната состојба во независниот културен сектор, кој се наоѓа во трајно прекарна состојба.

The post Јавна расправа и промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата“ од Бранимир Јовановиќ appeared first on Република.

]]>
Кога владата не сака, време е граѓаните да ги стават на Ѕид на срамот сите фирми кои неоправдано подигнуваат цени https://republika.mk/vesti/ekonomija/koga-vladata-ne-saka-vreme-e-graganite-da-gi-stavat-na-zid-na-sramot-site-firmi-koi-neopravdano-podignuvaat-tseni/ Wed, 11 Jan 2023 09:11:27 +0000 https://republika.mk/?p=595704

Најновите податоци покажуваат дека цените во декември имаат мало намалување во однос на ноември, од 0,2 отсто, што е позитивно, затоа што е прво намалување по скоро година и половина континуиран раст. Сепак, намалувањето е минимално и се должи на мерката на Владата за субвенционирање на цената на струјата на одредени компании од прехранбената индустрија. Поради фактот што ова намалување од декември е од еднократна природа, односно поради владината мерка за струјата, очекувањата за наредниот период се дека цените ќе продолжат да растат, оцени за МИА Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски односи.

Конкретно, цената на храната во декември е намалена за 1,5 отсто во однос на ноември, што е многу помалку од оние 10 отсто што ги најавуваше Владата. Ова значи дека фирмите повторно ја злоупотребуваат ситуацијата, и наместо да ги намалат своите цени поради поевтината струја, повторно ги зголемуваат своите профити. И да бидам искрен, воопшто не сум зачуден од ова, затоа што не гледам апсолутно ниту една причина зошто фирмите не би се однесувале вака, кога веќе цела година го прават истото, изјави Јовановиќ за МИА.

Очекувањата за наредниот период, како што вели, се дека цените ќе продолжат да растат, но дека тоа ќе биде со побавна динамика во однос на 2022 година.

Но, сите очекувања се дека инфлацијата и во 2023 година ќе биде доста висока. Нашиот институт, конкретно, проектира дека инфлацијата во Македонија ќе изнесува 10 отсто за цела 2023 година, што е можеби малку пониско од овие 14,2 отсто од 2022, но е сепак исклучително високо ниво, оценува Јовановиќ.

Препорачува Владата да преземе две групи на мерки за да ја ублажи ситуацијата. Првата се однесува на ставање под контрола на инфлацијата, а втората на покачување на примањата поради повисоките цени.

За да ја стави под контрола инфлацијата, Владата треба да испрати инспекции во сите поголеми фирми од бизнисот со храната, вклучувајќи ги производителите, трговците на големо и супермаркетите, и да ги казни строго сите оние кои не ги почитувале мерките. Вакво нешто моментално се случува во Хрватска, каде многу фирми го искористија воведувањето на еврото за да ги кренат цените, и како што може тамошната влада да биде строга, така можат и нашите. Втората опција, која е подобра, но и помалку реална во Македонија, е Владата да ги ограничи цените на прехранбените производи, кога е веќе повеќе од очигледно дека сите други мерки се неефективни, потенцира Јовановиќ.

Паралелно со ова, според него, Владата треба да преземе сет на мерки за да ги покачи примањата на граѓаните, како резултат на повисоките цени.

Треба да се зголеми минималната плата, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата, да се покачат платите во јавниот сектор за исто толку, и да се зголемат пензиите и сите видови на социјална помош. Ако ова не се направи, десетици илјади граѓани ќе потонат во сиромаштија. Освен Владата, мислам дека е време и самите граѓани да преземат нешто поради поскапувањата, и повторно мислам дека Хрватска моментално дава добри примери. Луѓето таму почнаа да прават ѕидови на срамот, односно листи на фирми кои неоправдано ги покачиле цените. Би било добро и во Македонија некој да почне да го прави ова, а сигурен сум дека ако некој почне, многумина брзо ќе се приклучат, истакнува Јовановиќ.

Државниот завод за статистика вечера објави дека трошоците на животот во 2022 година, во однос на претходната година забележале пораст од 14,2  отсто, а цените на мало од 12,6  отсто. При тоа индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележал пораст од 18,7  отсто, а индексот на цените на мало пораст од 15,1  отсто.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), пак, вчера објави дека на едно четиричлено семејство во декември 2022 година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка. Според нивните пресметки на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари.

Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни  43.163,17 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071,51 денари се доаѓа до бројката од 51.234,68 денари, прецизираа од ССМ.

The post Кога владата не сака, време е граѓаните да ги стават на Ѕид на срамот сите фирми кои неоправдано подигнуваат цени appeared first on Република.

Државниот завод за статистика вечера објави дека трошоците на животот во 2022 година, во однос на претходната година забележале пораст од 14,2  отсто, а цените на мало од 12,6  отсто. При тоа индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележал пораст од 18,7  отсто, а индексот на цените на мало пораст од 15,1  отсто. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), пак, вчера објави дека на едно четиричлено семејство во декември 2022 година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка. Според нивните пресметки на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари.

Јовановиќ: И годинава инфлацијата ќе биде висока https://republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovik-i-godinava-inflatsijata-ke-bide-visoka/ Tue, 10 Jan 2023 15:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=595470

The post Јовановиќ: И годинава инфлацијата ќе биде висока appeared first on Република.

Јовановиќ: Сè додека не видиме некој од високите функционери да заврши в затвор, нема да има вистинска борба против корупцијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovikj-se-dodeka-ne-vidime-nekoj-od-visokite-funkcioneri-da-zavrshi-v-zatvor-nema-da-ima-vistinska-borba-protiv-korupcijata/ Wed, 07 Dec 2022 18:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=583052

Ова што сега се предлага како даночна реформа воопшто не е даночна реформа оти сè останува исто. Јас и пред да влезам во Министерствито за финанси зборував за даночни реформи и прогресивен данок со кој богатите требаше да плаќаат повеќе данок од сиромашните. Ние во Македонија имаме обратна ситуација - сиромашните плаќаат сразмерно повеќе, вели поранешниот владин советник Бранимир Јовановиќ oд Виенскиот институт за меѓународни економски студии во денешното „Студио 10“ на ТВ24.

Во однос на инфлацијата, Јовановиќ вели дека таа ќе продолжи и дека во голем дел се должи на алчноста на некои компании кои неосновано ги покачија цените.

Корупцијата доаѓа од врвот, а не од чиновниците. Сè додека не видиме некој од високите функционери да заврши в затвор поради корупција, нема да има вистинска борба против корупцијата, вели Јовановиќ.

The post Јовановиќ: Сè додека не видиме некој од високите функционери да заврши в затвор, нема да има вистинска борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Ова што сега се предлага како даночна реформа воопшто не е даночна реформа оти сè останува исто. Јас и пред да влезам во Министерствито за финанси зборував за даночни реформи и прогресивен данок со кој богатите требаше да плаќаат повеќе данок од сиромашните. Ние во Македонија имаме обратна ситуација - сиромашните плаќаат сразмерно повеќе, вели поранешниот владин советник Бранимир Јовановиќ oд Виенскиот институт за меѓународни економски студии во денешното „Студио 10“ на ТВ24. Во однос на инфлацијата, Јовановиќ вели дека таа ќе продолжи и дека во голем дел се должи на алчноста на некои компании кои неосновано ги покачија цените.
Корупцијата доаѓа од врвот, а не од чиновниците. Сè додека не видиме некој од високите функционери да заврши в затвор поради корупција, нема да има вистинска борба против корупцијата, вели Јовановиќ.

The post Јовановиќ: Сè додека не видиме некој од високите функционери да заврши в затвор, нема да има вистинска борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Јовановиќ: Македонија најлошо се справува со кризата, ќе имаме нови 50.000 сиромашни граѓани https://republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovikj-makedonija-najlosho-se-spravuva-so-krizata-kje-imame-novi-50-000-siromashni-gragjani/ Wed, 26 Oct 2022 08:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=565744

Економски аналитичар и поранашен советник во македонското Министерство за финансии Бранислав Јовановиќ, во вчерашното вклучување во емисијата „Топ тема“ потенцираше дека извештајот на Светска банка, во кој се проектира дека економскиот раст на Македонија ќе биде 1.2 проценти, е превисок и преоптимистички.

Извештајот на Светска банка е дури и преоптимистичен за Македонија, затоа што прогнозата којашто тие ја даваат за економскиот раст оваа година од 1,2 проценти, мислам дека е превисока. Ние како Институт проектираме 1 процент раст. За следната година тие проектираат 2,7 значи уште подобро од оваа година, а ние за следната година проектираме забавување 0,6 проценти. И скоро сите други институции во светот за наредната година проектираат забавување, бидејќи следната година ќе биде потешка од оваа, посочи тој.

Јовановиќ потенцираше дека Светска банка во својот извештај проектира најнизок раст на Македонија во однос на земјите од регионот бидејќи најлошо се справува со кризата, како и дека самиот извештај потврдува дека во Македонија ќе се зголеми бројот на сиромашни граѓани за 13 проценти, односно од 450.000 за само една година ќе има нови 50.000 сиромашни граѓани.

Според мене два моменти се главни во Извештајот на Светска банка, а тоа е дека растот кој што ќе го има оваа година Македонија е најнизок во регионот. И тоа е првата главна порака дека Македонија од целиот регион најлошо се справува со оваа криза во овој момент. Второ што е многу важно, тие имаат еден пасус во Извештајот каде што кажуваат дека голема е шансата оваа криза да ја зголеми стапката на сиромаштија односно бројот на сиромашни во државата за дури 13 проценти. 13 проценти пораст на сиромаштија значи дека од сегашните 450.000 сиромашни, ќе имате уште 50.000 сиромашни само во период една година од оваа криза со инфлација, со покачување на цената на храната и се останато, истакна Јовановиќ.

Светска банка праќа порака дека оваа криза сега што ја гледаме, скокот на цените, најмногу ги погаѓа најсиромашните и ако владата не преземе мерки ќе имаме барем 50.000 нови сиромашни, рече тој.

The post Јовановиќ: Македонија најлошо се справува со кризата, ќе имаме нови 50.000 сиромашни граѓани appeared first on Република.

Joвановиќ: Ќе им земате пари на хонорарците, а оние кои се обогатија за време на кризите не ги ни чепкате https://republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovikj-kje-im-zemate-pari-na-honorarcite-a-onie-koi-se-obogatija-za-vreme-na-krizite-ne-gi-ni-chepkate/ Thu, 11 Aug 2022 09:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=538997

Плаќање придонеси за договорите на дело, како прво, е правно неиздржано, затоа што тие луѓе немаат работен однос, па со тоа ни права ни обврски од работен однос, вели за „Фокус“ професорот од Виенскиот Институт, Бранимир Јовановиќ.

Во 2014, кога ВМРО сакаше да го направи истово, а СДСМ беше против, се достави и иницијатива до Уставен суд за проценка на уставноста на оваа одредба (судот никогаш не пресуди, бидејќи одредбата се укина во меѓувреме), појаснува Јовановиќ.

Освен тоа како што додава тој, неправедно е да се даночат хонорарците со нови даноци од 28%, во ситуација кога на најбогатите во државата не им правите ништо.

Хонорарците се најексплоатираната категорија работници, тие немаат ни договор за работа, ни постојана работа, ни стабилни приходи, ниту пак заработуваат многу. И вие сега ќе им земате пари на нив, а оние кои се обогатија и за време на пандемијата и за време на оваа нова криза, не ги ни чепкате. Не е во ред!, вели Јовановиќ.

The post Joвановиќ: Ќе им земате пари на хонорарците, а оние кои се обогатија за време на кризите не ги ни чепкате appeared first on Република.

Јовановиќ: Секој со основно познавање за Македонија би знаел дека предлогот може само да води кон масовни протести https://republika.mk/vesti/makedonija/jovanovikj-sekoj-so-osnovno-poznavanje-za-makedonija-bi-znael-deka-predlogot-moze-samo-da-vodi-kon-masovni-protesti/ Wed, 06 Jul 2022 17:13:38 +0000 https://republika.mk/?p=524905

Францускиот предлог илустрира колку ЕУ е дисконектирана од реалноста на Балканот, коментира поранешниот советник за финансии, професорот Бранимир Јовановиќ.

Секој со основно познавање на ситуацијата во Македонија би знаел дека предлогот не може да биде прифатен од народот и дека може само да води кон масовни протести. Можните епилози одат од рушење на актуелната влада до само формално прифаќање на предлогот, без реална имплементација. Во обата случаи, земјата нема да направи никаков прогрес кон ЕУ, што ќе го храни национализмот и евроскептицизмот. Затоа ЕУ нема друга алтернатива освен комплетно да го повлече предлогот и веднаш да започне преговори со Македонија, без никакво одложување или условување. Тоа нема да ги залечи сите рани, но, барем некоја надеж ќе остане, вели тој.

The post Јовановиќ: Секој со основно познавање за Македонија би знаел дека предлогот може само да води кон масовни протести appeared first on Република.

Нема зошто владата да помага фирми со милионски добивки, кога и самите можат да ги зголемат платите https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-zoshto-vladata-da-pomaga-firmi-so-milionski-dobivki-koga-i-samite-mozat-da-gi-zgolemat-platite/ Thu, 10 Feb 2022 07:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=456540

Владата би требало да им помага само на компании коишто немаат можност да ја исплатат минималната плата, но не и на оние коишто можат самите тоа да го поднесат, вели во своето вклучување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, економскиот експерт Бранимир Јовановиќ.

Државата не треба да помага фирми коишто можат сами да ја покачат минималната плата и фирми кои остваруваат големи добивки. На пример, ако имате голема фабрика којашто вработува 5.000 луѓе, од кои 90% се на минимална плата, а таа фабрика остварува милионска добивка, зошто државата да ја помага, таа може и самата да ги зголеми платите. Нема никакво оправдување“, вели Јовановиќ.

The post Нема зошто владата да помага фирми со милионски добивки, кога и самите можат да ги зголемат платите appeared first on Република.