брани Archives - Република https://republika.mk/tema/brani/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 12:49:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брани Archives - Република https://republika.mk/tema/brani/ 32 32 Поројни дождови во Германија, две брани попуштија https://republika.mk/vesti/svet/porojni-dozhdovi-vo-germanija-dve-brani-popushtija/ Sun, 02 Jun 2024 12:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=784161

Две брани се пробиени во баварскиот округ Фафенхофен ан дер Илм како последица на обилните дождови што го зафатија регионот во изминатите неколку дена.

Двете пробиени брани се на реката Паар, притока на Дунав, изјави портпаролот на окружната администрација, јави ДПА.

Некои региони во јужна Германија во рок од 24 часа регистрираа повеќе дождови отколку што обично паѓаат во текот на еден месец, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (ДВД).

Во градот Кислег во југозападната покраина Баден-Виртемберг се регистрирани 130 милиметри дожд само во петокот, информира ДВД. Регионот вообичаено регистрира 118 милилитри дожд во овој период од годината.

Во Бад Ворисхофен во соседната држава Баварија, 129 милиметри дожд паднале во рок од 24 часа, во споредба со месечен просек од 101 милиметри.

Слични вредности се пријавени низ целиот регион.

The post Поројни дождови во Германија, две брани попуштија appeared first on Република.

]]>

Две брани се пробиени во баварскиот округ Фафенхофен ан дер Илм како последица на обилните дождови што го зафатија регионот во изминатите неколку дена. Двете пробиени брани се на реката Паар, притока на Дунав, изјави портпаролот на окружната администрација, јави ДПА. Некои региони во јужна Германија во рок од 24 часа регистрираа повеќе дождови отколку што обично паѓаат во текот на еден месец, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (ДВД). Во градот Кислег во југозападната покраина Баден-Виртемберг се регистрирани 130 милиметри дожд само во петокот, информира ДВД. Регионот вообичаено регистрира 118 милилитри дожд во овој период од годината. Во Бад Ворисхофен во соседната држава Баварија, 129 милиметри дожд паднале во рок од 24 часа, во споредба со месечен просек од 101 милиметри. Слични вредности се пријавени низ целиот регион.

The post Поројни дождови во Германија, две брани попуштија appeared first on Република.

]]>
Илјадници загинати во Либија откако две брани се урнаа од невремето https://republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-zaginati-vo-libija-otkako-dve-brani-se-urnaa-od-nevremeto/ Tue, 12 Sep 2023 07:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=681079

Повеќе од две илјади луѓе загинаа, а околу шест илјади се водат за исчезнати во Дерна, Либија каде што под притисок на поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ се урнаа две брани, пишува Си-ен-ен.

-Како резултат на тоа, се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална Армија.

Шефот на либиската служба за вонредни состојби, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинско крајбрежно подрачје“.

Тој додаде дека куќите во долините биле однесени од силни струи од кал кои носеле возила и остатоци. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување, рече Али, а работниците не можеа да влезат во Дерна поради огромното уништување. Али рече дека властите не ги предвиделе размерите на катастрофата.

Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“

The post Илјадници загинати во Либија откако две брани се урнаа од невремето appeared first on Република.

]]>

Повеќе од две илјади луѓе загинаа, а околу шест илјади се водат за исчезнати во Дерна, Либија каде што под притисок на поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ се урнаа две брани, пишува Си-ен-ен. -Како резултат на тоа, се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална Армија. Шефот на либиската служба за вонредни состојби, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинско крајбрежно подрачје“. Тој додаде дека куќите во долините биле однесени од силни струи од кал кои носеле возила и остатоци. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување, рече Али, а работниците не можеа да влезат во Дерна поради огромното уништување. Али рече дека властите не ги предвиделе размерите на катастрофата. Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“

The post Илјадници загинати во Либија откако две брани се урнаа од невремето appeared first on Република.

]]>
Адвокат и пратеник на владеачката партија во Србија се понуди да ги брани убијците од Младеновац и Врачар https://republika.mk/vesti/balkan/advokat-i-pratenik-na-vladeachkata-partija-vo-srbija-se-ponudi-da-gi-brani-ubijtsite-od-mladenovats-i-vrachar/ Sun, 07 May 2023 14:13:59 +0000 https://republika.mk/?p=637990

Адвокат и пратеник на владеачката српска партија СНС, Владимир Ѓукановиќ, е подготвен веднаш да ги брани осомничените за масовните убиства кај Младеновац и во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, пишува Данас.

Тој тоа го напишал на својот Твитер профил

Неколкумина од вас ме прашаа дали би се согласил да го бранам У.Б. од Младеновац или К.К. Без воопшто да размислам, би се согласил. Работата на адвокатот и неговата професионална должност е да ја обезбеди најдобрата можна одбрана и да застане на страна на својот клиент дури и кога осудата на јавноста е толку силна и секако оправдана. Никогаш не се согласувам да осудувам некого пред суд и секогаш ќе се борам да се почитува презумпцијата на невиност, дури и кога се е очигледно. Тоа е адвокатска работа, заклучил тој.

На констатацијата на една од корисничките на Твитер дека тоа е работа на адвокат, но дека не и е јасно како може да се брани нешто што не може да се одбрани, каде се е повеќе од очигледно и каде што нема оправдување, тој одговорил дека тој не го брани делото туку лицето.

Да потсетиме, минатата недела беше уапсен основец од „Владислав Рибникар“ осомничен дека убил девет и ранил седум лица, а уапсен е и млад човек осомничен дека убил осум и ранил 14 лица кај Младеновац.

 

The post Адвокат и пратеник на владеачката партија во Србија се понуди да ги брани убијците од Младеновац и Врачар appeared first on Република.

]]>

Адвокат и пратеник на владеачката српска партија СНС, Владимир Ѓукановиќ, е подготвен веднаш да ги брани осомничените за масовните убиства кај Младеновац и во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, пишува Данас. Тој тоа го напишал на својот Твитер профил
Неколкумина од вас ме прашаа дали би се согласил да го бранам У.Б. од Младеновац или К.К. Без воопшто да размислам, би се согласил. Работата на адвокатот и неговата професионална должност е да ја обезбеди најдобрата можна одбрана и да застане на страна на својот клиент дури и кога осудата на јавноста е толку силна и секако оправдана. Никогаш не се согласувам да осудувам некого пред суд и секогаш ќе се борам да се почитува презумпцијата на невиност, дури и кога се е очигледно. Тоа е адвокатска работа, заклучил тој.
На констатацијата на една од корисничките на Твитер дека тоа е работа на адвокат, но дека не и е јасно како може да се брани нешто што не може да се одбрани, каде се е повеќе од очигледно и каде што нема оправдување, тој одговорил дека тој не го брани делото туку лицето. Да потсетиме, минатата недела беше уапсен основец од „Владислав Рибникар“ осомничен дека убил девет и ранил седум лица, а уапсен е и млад човек осомничен дека убил осум и ранил 14 лица кај Младеновац.  

The post Адвокат и пратеник на владеачката партија во Србија се понуди да ги брани убијците од Младеновац и Врачар appeared first on Република.

]]>