брана Каховка Archives - Република https://republika.mk/tema/brana-kahovka/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Jun 2023 11:44:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брана Каховка Archives - Република https://republika.mk/tema/brana-kahovka/ 32 32 Меѓународни инспектори: „Многу е веројатно“ дека Русија ја разнела браната Нова Каховка https://republika.mk/vesti/svet/megunarodni-inspektori-mnogu-e-verojatno-deka-rusija-ja-raznela-branata-nova-kahovka/ Fri, 16 Jun 2023 13:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=652142

Тим правни експерти што го истражуваат уништувањето на браната Нова Каховка соопштија дека е „многу веројатно“ дека Русија е одговорна за инцидентот што ја предизвика големата поплава.

Според прелиминарните наоди, Русија најверојатно поставила експлозиви на браната, според истражителите од меѓународната адвокатска фирма за човекови права Глобал рајтс комплајанс, која им помага на украинските обвинители.

Тие на 10 и 11 јуни го посетија регионот Херсон со тим од Меѓународниот кривичен суд и украинскиот државен обвинител. Меѓу нив беше и Јусуф Сајед Кан, адвокат во Глобал рајтс комплајанс, кој рече дека наодот дека браната била урната со експлозив претходно поставен од руска страна е „утврден со веројатност од 80% и повеќе“.

Тие ја отфрлија теоријата дека катастрофата можела да биде предизвикана само од лошо управување со браната.

Русија и Украина заемно се обвинуваа за пробивањето на браната претходно овој месец, но експертите го вперуваат прстот кон Москва.

Инспекторите рекоа дека уништувањето на браната може да претставува кривично дело изгладнување и може да биде дел од пошироко злосторство против човештвото, но групата сè уште не ја донела таа одлука.

The post Меѓународни инспектори: „Многу е веројатно“ дека Русија ја разнела браната Нова Каховка appeared first on Република.

]]>

Тим правни експерти што го истражуваат уништувањето на браната Нова Каховка соопштија дека е „многу веројатно“ дека Русија е одговорна за инцидентот што ја предизвика големата поплава. Според прелиминарните наоди, Русија најверојатно поставила експлозиви на браната, според истражителите од меѓународната адвокатска фирма за човекови права Глобал рајтс комплајанс, која им помага на украинските обвинители. Тие на 10 и 11 јуни го посетија регионот Херсон со тим од Меѓународниот кривичен суд и украинскиот државен обвинител. Меѓу нив беше и Јусуф Сајед Кан, адвокат во Глобал рајтс комплајанс, кој рече дека наодот дека браната била урната со експлозив претходно поставен од руска страна е „утврден со веројатност од 80% и повеќе“. Тие ја отфрлија теоријата дека катастрофата можела да биде предизвикана само од лошо управување со браната. Русија и Украина заемно се обвинуваа за пробивањето на браната претходно овој месец, но експертите го вперуваат прстот кон Москва. Инспекторите рекоа дека уништувањето на браната може да претставува кривично дело изгладнување и може да биде дел од пошироко злосторство против човештвото, но групата сè уште не ја донела таа одлука.

The post Меѓународни инспектори: „Многу е веројатно“ дека Русија ја разнела браната Нова Каховка appeared first on Република.

]]>
ОН: Уништувањето на браната Каховка ќе влијае врз глобалната безбедност на храната https://republika.mk/vesti/svet/on-unishtuvaneto-na-branata-kahovka-ke-vlijae-vrz-globalnata-bezbednost-na-hranata/ Tue, 13 Jun 2023 08:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=650761

ОН предупредија дека уништувањето на браната на Дњепар ќе има огромно влијание врз глобалната безбедност на храната, ќе ја зголеми нејзината цена и може да го загрози пристапот до вода за пиење за стотици илјади жители. Браната Нова Каховка беше пробиена во раните утрински часови на 6 јуни, испуштајќи огромно количество вода што го поплави југот Украина.

Засега не е познато што го предизвикало пробивот, иако норвешките сеизмолози и американските сателити тврдат дека регистрирале експлозија. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништувањето.

Шефот на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, изјави за Би-Би-Си дека влијанието на настанот врз безбедноста на храната во светот може да биде значајно.

Тоа е житница – целата област низводно, кон Црното Море и Крим – е житница не само за Украина, туку и за светот, рече тој.

Веќе се соочуваме со тешкотии во однос на безбедноста на храната, но сега, сигурен сум дека нејзините цени ќе пораснат … Речиси е неизбежно следната година да видиме огромни, огромни проблеми во жетвата и сеидбата. И затоа ќе имаме огромно влијание врз безбедноста на храната – тоа ќе се случи, нагласи Грифитс.

Украина и Русија се два од клучните светски производители на храна и главни играчи на пазарот за пченица, јачмен, пченка, семе од репка, семки од сончоглед и сончогледово масло.

Грифитс рече дека 700.000 луѓе зависат од резервоарот за вода што го држи браната за вода за пиење. Без чиста вода, тие се изложени на ризик од болести, а децата се најранливи.

Британецот исто така рече дека и штетата од ваков обем што е нанесена врз цивилната инфраструктура е целосно кршење на меѓународното хуманитарно право, вклучително и Женевската конвенција.

Тоа е очигледно. Кој и да го сторил тоа ја прекршил Женевската конвенција, заклучи тој.

The post ОН: Уништувањето на браната Каховка ќе влијае врз глобалната безбедност на храната appeared first on Република.

]]>

ОН предупредија дека уништувањето на браната на Дњепар ќе има огромно влијание врз глобалната безбедност на храната, ќе ја зголеми нејзината цена и може да го загрози пристапот до вода за пиење за стотици илјади жители. Браната Нова Каховка беше пробиена во раните утрински часови на 6 јуни, испуштајќи огромно количество вода што го поплави југот Украина. Засега не е познато што го предизвикало пробивот, иако норвешките сеизмолози и американските сателити тврдат дека регистрирале експлозија. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништувањето. Шефот на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, изјави за Би-Би-Си дека влијанието на настанот врз безбедноста на храната во светот може да биде значајно. Тоа е житница – целата област низводно, кон Црното Море и Крим – е житница не само за Украина, туку и за светот, рече тој. Веќе се соочуваме со тешкотии во однос на безбедноста на храната, но сега, сигурен сум дека нејзините цени ќе пораснат … Речиси е неизбежно следната година да видиме огромни, огромни проблеми во жетвата и сеидбата. И затоа ќе имаме огромно влијание врз безбедноста на храната – тоа ќе се случи, нагласи Грифитс. Украина и Русија се два од клучните светски производители на храна и главни играчи на пазарот за пченица, јачмен, пченка, семе од репка, семки од сончоглед и сончогледово масло. Грифитс рече дека 700.000 луѓе зависат од резервоарот за вода што го држи браната за вода за пиење. Без чиста вода, тие се изложени на ризик од болести, а децата се најранливи. Британецот исто така рече дека и штетата од ваков обем што е нанесена врз цивилната инфраструктура е целосно кршење на меѓународното хуманитарно право, вклучително и Женевската конвенција. Тоа е очигледно. Кој и да го сторил тоа ја прекршил Женевската конвенција, заклучи тој.

The post ОН: Уништувањето на браната Каховка ќе влијае врз глобалната безбедност на храната appeared first on Република.

]]>