Браќа Миладиновци Archives - Република https://republika.mk/tema/brakja-miladinovci/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 07:18:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Браќа Миладиновци Archives - Република https://republika.mk/tema/brakja-miladinovci/ 32 32 Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ https://republika.mk/vesti/kultura/portreti-na-dobitnitsite-na-nagradite-mostovi-na-struga-braka-miladinovtsi-i-mlada-struga/ Fri, 23 Aug 2024 07:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=809263

Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“.

Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци" за 2023 година и на Антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“.

Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Манифестацијата почна вчера со традиционалното садење дрво на добитникот на „Златен венец“ истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон во Паркот на поезијата. Официјално синоќа ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Покрај ресорниот министер на свеченото отворање присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.

 

The post Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ appeared first on Република.

]]>

Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци" за 2023 година и на Антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“. Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид. Манифестацијата почна вчера со традиционалното садење дрво на добитникот на „Златен венец“ истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон во Паркот на поезијата. Официјално синоќа ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Покрај ресорниот министер на свеченото отворање присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.  

The post Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ appeared first on Република.

]]>
Скандал во Струга: Избегнат инцидент на одбележувањето на патронатот на ОУ „Браќа Миладиновци“, директорката забранила да се пее македонската химна https://republika.mk/vesti/makedonija/skandal-vo-struga-izbegnat-intsident-na-odbelezhuvaneto-na-patronatot-na-ou-braka-miladinovtsi-direktorkata-zabranila-da-se-pee-makedonskata-himna/ Wed, 05 Jun 2024 19:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=785080

Директорката на основното училиште Браќа Миладиновци од Струга, Албана Жута, денеска спротивно на законот забранила да се пее македонската химна на одбележувањето на патронатот на училиштето, објави МКД.мк.

Дополнително, Жута во својот говор пред присутните на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и окупацијата на фашистичките окупатори. МКД.мк уште дознава дека родителите на учениците веќе поднеле кривична пријава против директорката Жута како и претставка до Државниот просветен инспекторат.

На одбележувањето на патронатот основното училиште Браќа Миладиновци во Струга денеска, за малку бил избегнат инцидент откако директорката на училиштето, Албана Жута во своето обраќање користела реторика со политичка конотација и погрешни историски факти, при што таа на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и дека треба „да се вратат на патиштата што тогаш биле зацртани“.

Говорот на Жута предизвикал негодување кај присутните кои ја исвиркале директорката, а македонските наставници се обиделе да го прекинат говорот на по што наишле на груба и насилничка реакција на професорите Албанци кои се заканувале со физичка пресметка.

МКД.мк дознава дека на директорката ѝ било предочено дека говорот содржи исторски невистини, но таа на стручните луѓе од училиштето им кажала дека таа е директорка на училиштетот и дека ќе прави што сака.

Според информациите на МКД.мк за денешниот инцидент веќе е поднесена кривична пријава и претставка до Државниот просветен инспекторат.

The post Скандал во Струга: Избегнат инцидент на одбележувањето на патронатот на ОУ „Браќа Миладиновци“, директорката забранила да се пее македонската химна appeared first on Република.

]]>

Директорката на основното училиште Браќа Миладиновци од Струга, Албана Жута, денеска спротивно на законот забранила да се пее македонската химна на одбележувањето на патронатот на училиштето, објави МКД.мк. Дополнително, Жута во својот говор пред присутните на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и окупацијата на фашистичките окупатори. МКД.мк уште дознава дека родителите на учениците веќе поднеле кривична пријава против директорката Жута како и претставка до Државниот просветен инспекторат. На одбележувањето на патронатот основното училиште Браќа Миладиновци во Струга денеска, за малку бил избегнат инцидент откако директорката на училиштето, Албана Жута во своето обраќање користела реторика со политичка конотација и погрешни историски факти, при што таа на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и дека треба „да се вратат на патиштата што тогаш биле зацртани“. Говорот на Жута предизвикал негодување кај присутните кои ја исвиркале директорката, а македонските наставници се обиделе да го прекинат говорот на по што наишле на груба и насилничка реакција на професорите Албанци кои се заканувале со физичка пресметка. МКД.мк дознава дека на директорката ѝ било предочено дека говорот содржи исторски невистини, но таа на стручните луѓе од училиштето им кажала дека таа е директорка на училиштетот и дека ќе прави што сака. Според информациите на МКД.мк за денешниот инцидент веќе е поднесена кривична пријава и претставка до Државниот просветен инспекторат.

The post Скандал во Струга: Избегнат инцидент на одбележувањето на патронатот на ОУ „Браќа Миладиновци“, директорката забранила да се пее македонската химна appeared first on Република.

]]>
Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ https://republika.mk/vesti/kultura/proglasuvane-na-dobitnitsite-na-zlaten-venets-i-mostovi-na-struga-vo-manu/ Thu, 21 Mar 2024 07:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=756868

Светскиот ден на поезијата ќе биде одбележан и од Струшките вечери на поезијата. Одбележувањето ќе започне со свеченото прогласување на добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година, кое ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.

По свеченото прогласување ќе следува традиционалното поетско читање на кое ќе настапат истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети, a од името на Македонскиот ПЕН центар ќе биде прочитано поетското послание.

По повод Светскиот ден на поезијата, годинава ќе биде организирано и поетско читање во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга кое ќе се одржи вечер со почеток во 18ː30 часот. Ќе настапат истакнати македонски поети од Струга, Вевчани, Охрид, Кичево, Прилеп и од Скопје, а ќе бидат прочитани и песни од добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.

Во чест на Светскиот ден на поезијата, во Europe House – Струга вечер во 20 часот ќе биде организирано и поетско читање „Пулсот на поезијата“ на кое ќе настапат млади поети од Струга, Охрид, Вевчани, Скопје и Куманово, по што ќе следува музички настап на Пијан Славеј.

Оваа година, првпат, со заедничка иницијатива на Струшките вечери на поезијата и Министерството за образование и наука, по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата е објавен конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз.

Исто така, за првпат оваа година во сите основни и средни училишта за време на наставата по мајчин јазик ќе се организира и еден специјален час посветен на Светскиот ден на поезијата.

Пред младите ќе бидат презентирани примери од најпознатите светски и домашни поети како и значењето на „Струшките вечери на поезијата“ како еден од најзначајните светски поетски фестивали.

 

The post Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ appeared first on Република.

]]>

Светскиот ден на поезијата ќе биде одбележан и од Струшките вечери на поезијата. Одбележувањето ќе започне со свеченото прогласување на добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година, кое ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. По свеченото прогласување ќе следува традиционалното поетско читање на кое ќе настапат истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети, a од името на Македонскиот ПЕН центар ќе биде прочитано поетското послание. По повод Светскиот ден на поезијата, годинава ќе биде организирано и поетско читање во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга кое ќе се одржи вечер со почеток во 18ː30 часот. Ќе настапат истакнати македонски поети од Струга, Вевчани, Охрид, Кичево, Прилеп и од Скопје, а ќе бидат прочитани и песни од добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“. Во чест на Светскиот ден на поезијата, во Europe House – Струга вечер во 20 часот ќе биде организирано и поетско читање „Пулсот на поезијата“ на кое ќе настапат млади поети од Струга, Охрид, Вевчани, Скопје и Куманово, по што ќе следува музички настап на Пијан Славеј. Оваа година, првпат, со заедничка иницијатива на Струшките вечери на поезијата и Министерството за образование и наука, по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата е објавен конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз. Исто така, за првпат оваа година во сите основни и средни училишта за време на наставата по мајчин јазик ќе се организира и еден специјален час посветен на Светскиот ден на поезијата. Пред младите ќе бидат презентирани примери од најпознатите светски и домашни поети како и значењето на „Струшките вечери на поезијата“ како еден од најзначајните светски поетски фестивали.  

The post Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ appeared first on Република.

]]>
За Радев, Браќата Миладиновци се чувари на бугарскиот фолклор https://republika.mk/vesti/balkan/za-radev-brakata-miladinovtsi-se-chuvari-na-bugarskiot-folklor/ Mon, 28 Aug 2023 14:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=676638

Сакам овде, на ова место, да се потсетиме на зборовите на чуварите на бугарскиот фолклор – браќата Константин и Димитар Миладинови, дека Бугарите ги излеваат своите чувства во песните и во нив наоѓаат и духовна храна и забава.

Затоа, неверојатната магија е бескраен извор, не само на инспирација, туку и на патриотизам. Овој извор ќе продолжи да се пренесува низ генерациите. Ова го порача бугарскиот претседател Румен Радев во своето обраќање до учесниците  на меѓународниот фестивал „Пирин фолк“ во Сандански каде беше специјален гостин.

https://republika.mk/vesti/balkan/rumen-radev-spetsijalen-gostin-na-festival-na-avtorska-makedonska-pesna-od-bugarija/

Нѐ терате да се соживуваме со самата историја, не само со создавањето на песната, со самата историја на овој бугарски регион и со нашиот бугарски идентитет и за тоа навистина имате важна мисија“, рече претседателот Радев.

 

The post За Радев, Браќата Миладиновци се чувари на бугарскиот фолклор appeared first on Република.

]]>

Сакам овде, на ова место, да се потсетиме на зборовите на чуварите на бугарскиот фолклор – браќата Константин и Димитар Миладинови, дека Бугарите ги излеваат своите чувства во песните и во нив наоѓаат и духовна храна и забава. Затоа, неверојатната магија е бескраен извор, не само на инспирација, туку и на патриотизам. Овој извор ќе продолжи да се пренесува низ генерациите. Ова го порача бугарскиот претседател Румен Радев во своето обраќање до учесниците  на меѓународниот фестивал „Пирин фолк“ во Сандански каде беше специјален гостин. https://republika.mk/vesti/balkan/rumen-radev-spetsijalen-gostin-na-festival-na-avtorska-makedonska-pesna-od-bugarija/
Нѐ терате да се соживуваме со самата историја, не само со создавањето на песната, со самата историја на овој бугарски регион и со нашиот бугарски идентитет и за тоа навистина имате важна мисија“, рече претседателот Радев.
 

The post За Радев, Браќата Миладиновци се чувари на бугарскиот фолклор appeared first on Република.

]]>
Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП https://republika.mk/vesti/kultura/dimitar-bashevski-e-dobitnik-na-nagradata-braka-miladinovtsi-na-svp/ Mon, 31 Jul 2023 12:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=667280

Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.

Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка„Дни, години“ во издание на СЛОВО.
Добитникот на наградата беше соопштен на прес-конференцијата, одржана на 31.07.2023 година, во 11:30 ч. во Конгресната Сала во Хотел Дрим во Струга. Жири комисијата во состав: Веле Смилевски (претседател), Милован Стефановски, Славица Гаџова Свидерска, Трајче Стамески, Марина Мијаковска (секретар) после прочитот на сите 35 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите)
1. Башевски Димитар - „Дни, години“, Слово
2. Коцев Јосип - „Две мориња“, Антолог
3. Михаилова Бошнакоска Гордана - „Мед и младост“, Макавеј
4. Трајкоски Дејан - „Филмски песни“, Бата прес милениум
5. Ќулавкова Катица - „На врв на јазикoт“, Арс Либрис
По опстојна дискусија, Жири-комисијата едногласно одлучи наградата да се додели за стихозбирката „Дни, години“ од Димитар Башевски.

Комисијата оценува дека наградената стихозбирка „Дни, години“ од Димитар
Башевски, објавена во издание на „Слово“ од Скопје, претставува значаен прилог во
новите текови на современата македонска поезија. Станува збор за книга со длабоки
животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик. Димитар
Башевски сведочи дека неговите поетски вертикали, чии корени се во минатиот век, и
натаму се одликуваат со творечка виталност, со жив и сочен поетски говор и со
сугестивен и актуелен тематско поетски простор. Притоа тој мајсторски се потпира на
досега стекнатото творечко искуство.
„Песните на Башевски носат наталожени животни и творечки искуства вклопени
меѓу кориците на една стамена книга на автор од формат чии резимирачки поетски
изблици претставуваат густ и во исто време прочистен и прозрачен сублимат со
слоевити значења и пораки. Тие и такви песни се своевидни „зборовни гнезда“,
според една негова синтагма, кои имаат специфична улога: тие колку што одгатнуваат,
толку загатнуваат, внесувајќи не во неизречивото, до таа едноставна, „таа суштина
чиста“. На тој начин стихозбирката „Дни, години“ се издига на степен на исклучително
поетско дело со богата и модерна изразност на „проста и строга песна“, се вели во образложението на одлуката.

Димитар Башевски, романсиер, раскажувач, поет, преведувач, издавач. Роден во 1943 година во с. Ѓавато, Битолско. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје. Повеќе години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ и потоа главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Од 2000 до 2006 година беше претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар.
Башевски е автор на следните дела: Туѓинец, роман, 1969; Враќање, роман, 1974; Нема смрт додека ѕвони, роман, 1980; Една година од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985; Куќата на животот, поезија, 1987; Сарајановскиот каранфил, роман, 1990; Дневникот на Ања, роман за
деца, 1994; Привремен престој, поезија, 1995; Братот, роман, 2007; Совладано време, поезија, 1998; Бунар, роман, 2001; Аголен камен, поезија, 2005; Братот, роман, 2007; Во дланката своја си гледам, поезија, 2010; Прозорци, роман, 2010; Белег, сон, избор поезија, 2010; Прозорци, роман, нова верзија, 2013; Мајсторот, раскази, 2013; Скршнувања, поезија, 2016; Круг, роман, 2017; Избрани дела во шест тома, 2018; Писма од карантин, есеи, 2021; Дни, години, поезија, 2023.
Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, грчки, романски, српски, турски, бугарски, црногорски и албански јазик. Избори од неговата поезија се објавени на англиски јазик во Лондон, на грчки јазик во Атина, на романски јазик во Букурешт и на српскијазик во Белград.

Застапуван во поголем број антологии на македонската литературa во земјата и во странство и во македонските енциклопедии.
За своите книги, тој ги има добиено наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „13 Ноември“, „Ванчо Николески“, наградата Роман на годината ("Утрински весник") за романот “Бунар", како и државната награда за долгогодишни остварувања „Св. Климент Охридски“. Романот „Бунар“ во 2002 година беше номиниран за меѓународната награда „Балканика”, додека книгата раскази „Мајсторот“, беше во најтесниот избор за меѓународната „Његошева награда“ за 2015 година.
Преостанатите четворица кандидати во потесен избор исто така, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот.
Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 24 до 28 август во своето редовно издание на препознатливите локации.

The post Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП appeared first on Република.

]]>

Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка„Дни, години“ во издание на СЛОВО. Добитникот на наградата беше соопштен на прес-конференцијата, одржана на 31.07.2023 година, во 11:30 ч. во Конгресната Сала во Хотел Дрим во Струга. Жири комисијата во состав: Веле Смилевски (претседател), Милован Стефановски, Славица Гаџова Свидерска, Трајче Стамески, Марина Мијаковска (секретар) после прочитот на сите 35 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите) 1. Башевски Димитар - „Дни, години“, Слово 2. Коцев Јосип - „Две мориња“, Антолог 3. Михаилова Бошнакоска Гордана - „Мед и младост“, Макавеј 4. Трајкоски Дејан - „Филмски песни“, Бата прес милениум 5. Ќулавкова Катица - „На врв на јазикoт“, Арс Либрис По опстојна дискусија, Жири-комисијата едногласно одлучи наградата да се додели за стихозбирката „Дни, години“ од Димитар Башевски.
Комисијата оценува дека наградената стихозбирка „Дни, години“ од Димитар Башевски, објавена во издание на „Слово“ од Скопје, претставува значаен прилог во новите текови на современата македонска поезија. Станува збор за книга со длабоки животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик. Димитар Башевски сведочи дека неговите поетски вертикали, чии корени се во минатиот век, и натаму се одликуваат со творечка виталност, со жив и сочен поетски говор и со сугестивен и актуелен тематско поетски простор. Притоа тој мајсторски се потпира на досега стекнатото творечко искуство. „Песните на Башевски носат наталожени животни и творечки искуства вклопени меѓу кориците на една стамена книга на автор од формат чии резимирачки поетски изблици претставуваат густ и во исто време прочистен и прозрачен сублимат со слоевити значења и пораки. Тие и такви песни се своевидни „зборовни гнезда“, според една негова синтагма, кои имаат специфична улога: тие колку што одгатнуваат, толку загатнуваат, внесувајќи не во неизречивото, до таа едноставна, „таа суштина чиста“. На тој начин стихозбирката „Дни, години“ се издига на степен на исклучително поетско дело со богата и модерна изразност на „проста и строга песна“, се вели во образложението на одлуката.
Димитар Башевски, романсиер, раскажувач, поет, преведувач, издавач. Роден во 1943 година во с. Ѓавато, Битолско. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје. Повеќе години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ и потоа главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Од 2000 до 2006 година беше претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар. Башевски е автор на следните дела: Туѓинец, роман, 1969; Враќање, роман, 1974; Нема смрт додека ѕвони, роман, 1980; Една година од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985; Куќата на животот, поезија, 1987; Сарајановскиот каранфил, роман, 1990; Дневникот на Ања, роман за деца, 1994; Привремен престој, поезија, 1995; Братот, роман, 2007; Совладано време, поезија, 1998; Бунар, роман, 2001; Аголен камен, поезија, 2005; Братот, роман, 2007; Во дланката своја си гледам, поезија, 2010; Прозорци, роман, 2010; Белег, сон, избор поезија, 2010; Прозорци, роман, нова верзија, 2013; Мајсторот, раскази, 2013; Скршнувања, поезија, 2016; Круг, роман, 2017; Избрани дела во шест тома, 2018; Писма од карантин, есеи, 2021; Дни, години, поезија, 2023. Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, грчки, романски, српски, турски, бугарски, црногорски и албански јазик. Избори од неговата поезија се објавени на англиски јазик во Лондон, на грчки јазик во Атина, на романски јазик во Букурешт и на српскијазик во Белград. Застапуван во поголем број антологии на македонската литературa во земјата и во странство и во македонските енциклопедии. За своите книги, тој ги има добиено наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „13 Ноември“, „Ванчо Николески“, наградата Роман на годината ("Утрински весник") за романот “Бунар", како и државната награда за долгогодишни остварувања „Св. Климент Охридски“. Романот „Бунар“ во 2002 година беше номиниран за меѓународната награда „Балканика”, додека книгата раскази „Мајсторот“, беше во најтесниот избор за меѓународната „Његошева награда“ за 2015 година. Преостанатите четворица кандидати во потесен избор исто така, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот. Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 24 до 28 август во своето редовно издание на препознатливите локации.

The post Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП appeared first on Република.

]]>
Димитар Башески, Јосип Коцев, Гордана Михаилова Бошнакоска, Дејан Трајковски и Катица Ќулавкова во трка за наградата „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/dimitar-basheski-josip-kotsev-gordana-mihailova-boshnakoska-dejan-trajkovski-i-katitsa-kulavkova-vo-trka-za-nagradata-braka-miladinovtsi/ Tue, 25 Jul 2023 07:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=664949

Жири- комисијата за наградата „Браќа Миладиновци“ ја утврди  заедничката листа на потесен избор од пет  книги, од кои ќе се избере добитникот на наградата.

Согласно, Правилникиот за наградата „Браќа Миладиновци“, членовите на Жири-комисијата работеа во две фази: поединечна и заедничка. Во поединечната фаза, секој член на Жири-комисијата работеше самостојно, без да ги знае останатите членови и изготви негов личен потесен избор од пет книги кои ги рангираше од прво до петто место.

Откако индивидуалните избори на секој член од Жири-комисијата беа доставени до дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, беше свикан заеднички состанок на кој членовите на Жири-комисија почнуваат со заедничка работа утврдуваат заеднички избор од пет книги  според бројот на гласови кои одделните книги ги добиле при поединечните избори на Жири- Комисијата и според гласањето на мнозинството на комисијата

Врз основа на индивидуалните избори, беше направен заеднички избор од пет наслови. Редоследот на книгите во заедничкиот избор не одразува фаворизирање на насловите туку е направен по азбучен ред, според презимињата на авторите. Утврдени се следните пет книги:

  1. Башевски Димитар - „Дни, години“, Слово
  2. Коцев Јосип - „Две мориња“, Антолог
  3. Михаилова Бошнакоска Гордана - „Мед и младост“, Макавеј
  4. Трајковски Дејан - „Филмски песни“, Бата прес милениум
  5. Ќулавкова Катица - „На врв на јазикoт“, Арс Либрис

 

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“   за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик, што ја доделува  НУМ „Струшки вечери на поезијата“ ќе биде прогласен на 28.07.2023 г. (петок) на прес-конференција со почеток во 10 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје. На прес-конференцијата ќе присуствуваат членовите на Жири-комисијата, а ќе бидат поканети и авторите од потесниот избор.

На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнаа вкупно 35 наслови. НУМ „Струшки вечери на поезијата“ им се заблагодарува на сите автори и издавачи што конкурираа за наградата. Во продолжение е списокот на сите пристигнати книги:

 

  1. Милчо Мисоски - „Ефемиди“, издавач „Индиго хаб“
  2. Гордана Каракашевска - „Патот на водата“, издавач „Современост“
  3. Христина Илиоска - „Разговор со месечината“, издавач „Дата песнопој“
  4. Оливера Јовановска - „Слушни го срцето“, издавач Македонско литературно друштво „Григор Прличев“
  5. Јосип Коцев - „Две мориња“, издавач „Антолог“
  6. Маја Мојсова - „Набљудувај небо“, издавач ЗПРКДУ„Креативна верига“
  7. Станоеска Благица - „Светла милокрвност“, издавач Здружение за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН
  8. Даим Мифтари - „Куќа што танцува“, издавач ЗРУМ „ПЕРУН АРТИСТ“
  9. Јулијана Младеновска-Тешија - „Куќа“, издавач „ТРИ“
  10. Наташа Сарџоска - „Часови по измама“, издавач „ТРИ“
  11. Виолета Танчева-Златева - „Глуво време“, издавач ТРИ“
  12. Борче Панов - „Анатомија на небото“, издавач„Индиго хаб“
  13. Гордана Михаилова Бошнакоска - „Мед и младост“, издавач „МАКАВЕЈ“
  14. Христо Петрески - „Човек,врата“, издавач МАКАВЕЈ“
  15. Дејан Трајкоски - „Филмски песни“, издавач „Бата прес милениум“
  16. Димитар Башевски -„Дни,години“, издавач „Слово“
  17. Васко Марковски - „Скопски улици“, издавач “Бегемот“
  18. Тони Манџуковски-Манџук - „21г. ® “...збирка стихови откорнати од душата.... ,издавач „ВИНСЕНТ ГРАФИКА“
  19. Александра Спасеска - „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“, издавач „ПНВ Публикации“
  20. Снежана Стојчевска - „Празно место“, издавач Современост
  21. Ива Дамјановски - „300 ветрила“, издавач Темплум
  22. Моника Стојановска - „Има и такви денови“, издавач Конгресен сервисен центар- подружница ПОЛИЦА
  23. Маријана Митревска Македонска - „Дневникот на Мери Ен“, издавач ПЕСНОПОЈ
  24. Ѓоре Ѓелев - „Тежината на вториот чекор“, издавач МАКЕДОНИКА литера
  25. Сашо Огненовски - „Други далечини“, издавач ПНВ Публикации
  26. Дејан Крстески - „Утрото по крајот на светот“, самостојно издание
  27. Павлина Атанасова - „Карпа во морето“, издавач ПНВ Публикации
  28. Марија Велинова – „ Омарнина што омалаксува“, издавач ПНВ Публикации
  29. Перица Сарџоски - „Огнен пој“, издавач ПНВ Публикации
  30. Братислав Ташковски - „За сите времиња“, издавач ПНВ Публикации
  31. Трајче Кацаров - „Поезија на маслата за ручање“, издавач Матица Македонска
  32. Јовица Ивановски - „Живот на меѓукат“, самостојно издание
  33. Ана Голејшка Џикова - „Слобода А“, издавач ПНВ Публикации
  34. Тихомир Јанчовски - „Ден Година“, самостојно издание
  35. Катица Ќулавкова - „На врв на јазикoт“, издавач Арс Либрис

 

 

 

 

 

 

 

The post Димитар Башески, Јосип Коцев, Гордана Михаилова Бошнакоска, Дејан Трајковски и Катица Ќулавкова во трка за наградата „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Жири- комисијата за наградата „Браќа Миладиновци“ ја утврди  заедничката листа на потесен избор од пет  книги, од кои ќе се избере добитникот на наградата. Согласно, Правилникиот за наградата „Браќа Миладиновци“, членовите на Жири-комисијата работеа во две фази: поединечна и заедничка. Во поединечната фаза, секој член на Жири-комисијата работеше самостојно, без да ги знае останатите членови и изготви негов личен потесен избор од пет книги кои ги рангираше од прво до петто место. Откако индивидуалните избори на секој член од Жири-комисијата беа доставени до дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, беше свикан заеднички состанок на кој членовите на Жири-комисија почнуваат со заедничка работа утврдуваат заеднички избор од пет книги  според бројот на гласови кои одделните книги ги добиле при поединечните избори на Жири- Комисијата и според гласањето на мнозинството на комисијата Врз основа на индивидуалните избори, беше направен заеднички избор од пет наслови. Редоследот на книгите во заедничкиот избор не одразува фаворизирање на насловите туку е направен по азбучен ред, според презимињата на авторите. Утврдени се следните пет книги:
  1. Башевски Димитар - „Дни, години“, Слово
  2. Коцев Јосип - „Две мориња“, Антолог
  3. Михаилова Бошнакоска Гордана - „Мед и младост“, Макавеј
  4. Трајковски Дејан - „Филмски песни“, Бата прес милениум
  5. Ќулавкова Катица - „На врв на јазикoт“, Арс Либрис
  Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“   за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик, што ја доделува  НУМ „Струшки вечери на поезијата“ ќе биде прогласен на 28.07.2023 г. (петок) на прес-конференција со почеток во 10 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје. На прес-конференцијата ќе присуствуваат членовите на Жири-комисијата, а ќе бидат поканети и авторите од потесниот избор. На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнаа вкупно 35 наслови. НУМ „Струшки вечери на поезијата“ им се заблагодарува на сите автори и издавачи што конкурираа за наградата. Во продолжение е списокот на сите пристигнати книги:  
  1. Милчо Мисоски - „Ефемиди“, издавач „Индиго хаб“
  2. Гордана Каракашевска - „Патот на водата“, издавач „Современост“
  3. Христина Илиоска - „Разговор со месечината“, издавач „Дата песнопој“
  4. Оливера Јовановска - „Слушни го срцето“, издавач Македонско литературно друштво „Григор Прличев“
  5. Јосип Коцев - „Две мориња“, издавач „Антолог“
  6. Маја Мојсова - „Набљудувај небо“, издавач ЗПРКДУ„Креативна верига“
  7. Станоеска Благица - „Светла милокрвност“, издавач Здружение за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН
  8. Даим Мифтари - „Куќа што танцува“, издавач ЗРУМ „ПЕРУН АРТИСТ“
  9. Јулијана Младеновска-Тешија - „Куќа“, издавач „ТРИ“
  10. Наташа Сарџоска - „Часови по измама“, издавач „ТРИ“
  11. Виолета Танчева-Златева - „Глуво време“, издавач ТРИ“
  12. Борче Панов - „Анатомија на небото“, издавач„Индиго хаб“
  13. Гордана Михаилова Бошнакоска - „Мед и младост“, издавач „МАКАВЕЈ“
  14. Христо Петрески - „Човек,врата“, издавач МАКАВЕЈ“
  15. Дејан Трајкоски - „Филмски песни“, издавач „Бата прес милениум“
  16. Димитар Башевски -„Дни,години“, издавач „Слово“
  17. Васко Марковски - „Скопски улици“, издавач “Бегемот“
  18. Тони Манџуковски-Манџук - „21г. ® “...збирка стихови откорнати од душата.... ,издавач „ВИНСЕНТ ГРАФИКА“
  19. Александра Спасеска - „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“, издавач „ПНВ Публикации“
  20. Снежана Стојчевска - „Празно место“, издавач Современост
  21. Ива Дамјановски - „300 ветрила“, издавач Темплум
  22. Моника Стојановска - „Има и такви денови“, издавач Конгресен сервисен центар- подружница ПОЛИЦА
  23. Маријана Митревска Македонска - „Дневникот на Мери Ен“, издавач ПЕСНОПОЈ
  24. Ѓоре Ѓелев - „Тежината на вториот чекор“, издавач МАКЕДОНИКА литера
  25. Сашо Огненовски - „Други далечини“, издавач ПНВ Публикации
  26. Дејан Крстески - „Утрото по крајот на светот“, самостојно издание
  27. Павлина Атанасова - „Карпа во морето“, издавач ПНВ Публикации
  28. Марија Велинова – „ Омарнина што омалаксува“, издавач ПНВ Публикации
  29. Перица Сарџоски - „Огнен пој“, издавач ПНВ Публикации
  30. Братислав Ташковски - „За сите времиња“, издавач ПНВ Публикации
  31. Трајче Кацаров - „Поезија на маслата за ручање“, издавач Матица Македонска
  32. Јовица Ивановски - „Живот на меѓукат“, самостојно издание
  33. Ана Голејшка Џикова - „Слобода А“, издавач ПНВ Публикации
  34. Тихомир Јанчовски - „Ден Година“, самостојно издание
  35. Катица Ќулавкова - „На врв на јазикoт“, издавач Арс Либрис
             

The post Димитар Башески, Јосип Коцев, Гордана Михаилова Бошнакоска, Дејан Трајковски и Катица Ќулавкова во трка за наградата „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Странските македонисти ќе можат бесплатно да користат услуги на библиотеката „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/stranskite-makedonisti-kje-mozat-besplatno-da-koristat-uslugi-na-bibliotekata-brakja-miladinovci/ Tue, 18 Oct 2022 10:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=562488

Странските македонисти, секоја година, за своите истражувачки цели ќе можат по еден месец бесплатно да ги користат услугите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во текот на нивните студиски и истражувачки престои – користење библиотечен материјал и користење на читалниците. Заеднички ќе се организираат настани за афирмација на македонските книжевни и културни вредности, наменети за странските македонисти, како и настани со кои ќе се афирмира Скопје, неговата историја и неговите културни вредности.

Ова меѓу другото беше договорено на средбата на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска со директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци" во Скопје, Снежана Стојчевска, на која за првпат се официјализира оваа соработка. Изданијата ќе бидат достапни со отворање и посебно катче во библиотеката наменето за овие изданија значајни за македонистиката.

Во остварувањето на мисијата на МСМЈЛК при УКИМ, изминатиов период ја втемелуваме соработка со низа институции кои покажуваат подготвеност да имаат свој влог во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во странство, особено на странските универзитетски и научни центри и да ги поддржат или да се вклучат во активностите важни за странските македонисти. Драго ни е што од денес, меѓу тие институции се вбројува и Градската библиотека во Скопје, и тоа со конкретни, веќе планирани и договорени активности и со можности за странските македонисти. Покрај во Охрид, со учествата на нашите летни школи, странските македонисти, кога се во нашата земја, најчесто се со студиски и истражувачки престои во Скопје и затоа се надеваме дека за нив ќе биде од корист можноста за бесплатно користење на услугите на Библиотеката, со која за нив ќе се зголеми и достапноста на библиотечен материјал важен за нивните истражувања, истакна на средбата, Мојсова-Чепишевска.

Можностите за заеднички настани со други институции, наменети за странските македонисти, како што посочи таа, придонесуваат и за наставата по македонистика на странските универзитети. Затоа, особено во овој период кога на универзитетските центри во странство е забележлив интересот и за македонската култура, можностите за заеднички настани со библиотеката, преку кои ќе се афирмираат културните вредности на Скопје се очекува да придонесат за јакнење на овој интерес, а со тоа и на културните врски со странските академски средини.

„Нашите изданија се наменети за странските македонисти, но тие се значајни и за домашната македонистика, особено зборниците со предавања и зборниците од Меѓународната научна конференција. Изминатиов период настојувавме на нивна што поголема и полесна достапност, заради што објавуваме и електронска форма од овие изданија. Но подадената рака од Библиотеката за отворање посебно катче, дополнително ќе придонесе и за информираноста и за достапноста за дел од овие изданија за домашната заинтересирана јавност, а и за странските македонисти во тек на нивните престои кога ќе ги користат читалниците на библиотеката“, нагласи Мојсова-Чепишевска.

Таа изрази чест дека со сиот нивни капацитет ќе одговорат на оваа благородна работа, да ги чуваат, документираат и да ги направате што подостапни насловите поврзани со сè што значи проучување на македонскиот јазик, литература и култура.

Стојчевска рече дека нивната местоположба, како и професионалноста на вработените во специјализираните оддели, се главните адути на нивната институција, која со голема посветеност одговора на барањата на сите истражувачи кои и досега доаѓале кај нив и го користат богатиот библиотечен материјал.

Библиотеката е отворена и за домашните и за странските македонсисти, за кои обезбедивме едномесечно беслатно членство, а наскоро и соодветно македонистичко катче. Активностите што ги планираме заедо со Семинарот, ќе значат поддршка на македонистиката однатре, но и соработка со останатите културни и академски центри низ светот, каде што има луѓе кои ги почитуваат и проучуваат македонскиот јазик и култура, подвлече Стојчевска.

Како што беше договорено на средбата, за бесплатното користење на услугите на Градската библиотека во Скопје, МСМЈЛК при УКИМ ќе ја известува библиотеката кога странски македонисти ќе имаат потреба од користење на нејзините услуги, по што покрај користењето на читалниците ќе биде овозможен за користење и севкупниот потребен библиотечен материјал со кој се располага.

На средбата се разговараше и за конкретни други активности за промоција и афирмација на македонските литературни вредности и воопшто на културните вредности кои се во форма на библиотечен материјал, пред странските македонисти и во соработката со странски образовни и научни центри.

Едномесечното бесплатно користење на услугите на Градската библитека „Браќа Миладиновци" во Скопје за странските македонисти, веќе е овозможено, а во следните месеци ќе се работи и на отворањето на катчето со изданија на МСМЈЛК.

The post Странските македонисти ќе можат бесплатно да користат услуги на библиотеката „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Странските македонисти, секоја година, за своите истражувачки цели ќе можат по еден месец бесплатно да ги користат услугите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во текот на нивните студиски и истражувачки престои – користење библиотечен материјал и користење на читалниците. Заеднички ќе се организираат настани за афирмација на македонските книжевни и културни вредности, наменети за странските македонисти, како и настани со кои ќе се афирмира Скопје, неговата историја и неговите културни вредности. Ова меѓу другото беше договорено на средбата на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска со директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци" во Скопје, Снежана Стојчевска, на која за првпат се официјализира оваа соработка. Изданијата ќе бидат достапни со отворање и посебно катче во библиотеката наменето за овие изданија значајни за македонистиката.
Во остварувањето на мисијата на МСМЈЛК при УКИМ, изминатиов период ја втемелуваме соработка со низа институции кои покажуваат подготвеност да имаат свој влог во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во странство, особено на странските универзитетски и научни центри и да ги поддржат или да се вклучат во активностите важни за странските македонисти. Драго ни е што од денес, меѓу тие институции се вбројува и Градската библиотека во Скопје, и тоа со конкретни, веќе планирани и договорени активности и со можности за странските македонисти. Покрај во Охрид, со учествата на нашите летни школи, странските македонисти, кога се во нашата земја, најчесто се со студиски и истражувачки престои во Скопје и затоа се надеваме дека за нив ќе биде од корист можноста за бесплатно користење на услугите на Библиотеката, со која за нив ќе се зголеми и достапноста на библиотечен материјал важен за нивните истражувања, истакна на средбата, Мојсова-Чепишевска.
Можностите за заеднички настани со други институции, наменети за странските македонисти, како што посочи таа, придонесуваат и за наставата по македонистика на странските универзитети. Затоа, особено во овој период кога на универзитетските центри во странство е забележлив интересот и за македонската култура, можностите за заеднички настани со библиотеката, преку кои ќе се афирмираат културните вредности на Скопје се очекува да придонесат за јакнење на овој интерес, а со тоа и на културните врски со странските академски средини.
„Нашите изданија се наменети за странските македонисти, но тие се значајни и за домашната македонистика, особено зборниците со предавања и зборниците од Меѓународната научна конференција. Изминатиов период настојувавме на нивна што поголема и полесна достапност, заради што објавуваме и електронска форма од овие изданија. Но подадената рака од Библиотеката за отворање посебно катче, дополнително ќе придонесе и за информираноста и за достапноста за дел од овие изданија за домашната заинтересирана јавност, а и за странските македонисти во тек на нивните престои кога ќе ги користат читалниците на библиотеката“, нагласи Мојсова-Чепишевска.
Таа изрази чест дека со сиот нивни капацитет ќе одговорат на оваа благородна работа, да ги чуваат, документираат и да ги направате што подостапни насловите поврзани со сè што значи проучување на македонскиот јазик, литература и култура. Стојчевска рече дека нивната местоположба, како и професионалноста на вработените во специјализираните оддели, се главните адути на нивната институција, која со голема посветеност одговора на барањата на сите истражувачи кои и досега доаѓале кај нив и го користат богатиот библиотечен материјал.
Библиотеката е отворена и за домашните и за странските македонсисти, за кои обезбедивме едномесечно беслатно членство, а наскоро и соодветно македонистичко катче. Активностите што ги планираме заедо со Семинарот, ќе значат поддршка на македонистиката однатре, но и соработка со останатите културни и академски центри низ светот, каде што има луѓе кои ги почитуваат и проучуваат македонскиот јазик и култура, подвлече Стојчевска.
Како што беше договорено на средбата, за бесплатното користење на услугите на Градската библиотека во Скопје, МСМЈЛК при УКИМ ќе ја известува библиотеката кога странски македонисти ќе имаат потреба од користење на нејзините услуги, по што покрај користењето на читалниците ќе биде овозможен за користење и севкупниот потребен библиотечен материјал со кој се располага. На средбата се разговараше и за конкретни други активности за промоција и афирмација на македонските литературни вредности и воопшто на културните вредности кои се во форма на библиотечен материјал, пред странските македонисти и во соработката со странски образовни и научни центри. Едномесечното бесплатно користење на услугите на Градската библитека „Браќа Миладиновци" во Скопје за странските македонисти, веќе е овозможено, а во следните месеци ќе се работи и на отворањето на катчето со изданија на МСМЈЛК.

The post Странските македонисти ќе можат бесплатно да користат услуги на библиотеката „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Се откажаа ли и од нив? : Радев ги пречека Ковачевски, Османи и Груби со фотографии од Браќата Миладиновци https://republika.mk/vesti/makedonija/se-otkazaa-li-i-od-niv-radev-gi-precheka-kovachevski-osmani-i-grubi-so-fotografii-od-brakjata-miladinovci/ Wed, 26 Jan 2022 08:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=449512

За време на средбата на Владата со претседателот на Бугарија Румен Радев еден детал остави најголем впечаток.

Тоа сигурно не беа разговорите на Радев со премиерот и со дел од министрите туку иконографијата во просторијата каде што се одвиваше средбата. На зидот беа закачени фотографии од Браќата Миладиновци кои се нераскинлив дел од македонската историја.

Од македонската страна немаше никаква реакција зошто на зидот има фотографии од струшките браќа и дали ова значи дека веќе се откажале од нивниот лик и дело.

Браќата Миладиновци се дел од османлискиот период а токму тој период е главна пречка во комисијата за историја меѓу двете земји.

Животот на Браќата Миладиновци на никаков начин не е поврзан со Бугарија или Бугарите.Напротив, тие имале добри врски со Русија, каде Константин се школувал.

Во јуни 1860  година Константин се сретнал со хрватскиот епископ Јосип Јурај Штросмаер, тогашен поглавар на хратската католичка црква кој му го финансира  печатењето на Зборникот.

The post Се откажаа ли и од нив? : Радев ги пречека Ковачевски, Османи и Груби со фотографии од Браќата Миладиновци appeared first on Република.

]]>

За време на средбата на Владата со претседателот на Бугарија Румен Радев еден детал остави најголем впечаток. Тоа сигурно не беа разговорите на Радев со премиерот и со дел од министрите туку иконографијата во просторијата каде што се одвиваше средбата. На зидот беа закачени фотографии од Браќата Миладиновци кои се нераскинлив дел од македонската историја. Од македонската страна немаше никаква реакција зошто на зидот има фотографии од струшките браќа и дали ова значи дека веќе се откажале од нивниот лик и дело. Браќата Миладиновци се дел од османлискиот период а токму тој период е главна пречка во комисијата за историја меѓу двете земји. Животот на Браќата Миладиновци на никаков начин не е поврзан со Бугарија или Бугарите.Напротив, тие имале добри врски со Русија, каде Константин се школувал. Во јуни 1860  година Константин се сретнал со хрватскиот епископ Јосип Јурај Штросмаер, тогашен поглавар на хратската католичка црква кој му го финансира  печатењето на Зборникот.

The post Се откажаа ли и од нив? : Радев ги пречека Ковачевски, Османи и Груби со фотографии од Браќата Миладиновци appeared first on Република.

]]>