Божиќно послание Archives - Република https://republika.mk/tema/bozikjno-poslanie/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 17:40:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Божиќно послание Archives - Република https://republika.mk/tema/bozikjno-poslanie/ 32 32 Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов https://republika.mk/vesti/makedonija/bozhikna-chestitka-do-katolichkite-vernitsi-od-biskupot-kiro-stojanov/ Sun, 24 Dec 2023 17:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=726218

Драги браќа и сестри!

„И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ се зборови на свети Иван евангелист, што многу често ги изговараме во молитвата Ангел Господов. Станува збор за божественото Слово, Логосот, Синот Божји, кој е единосуштен со Отецот и кој е поврзан со Него во единството на Светиот Дух. Ова Слово, кое е од векови и според кое е создадено сè што живее и постои, се воплоти и се всели меѓу нас. Бог ја зеде човечката природа и стана еден од нас за да ни биде блиску и да не поврзе уште поблиску до себе, откако по наша вина се оддалечивме од Него. Бесмртниот Бог ја зеде човечката природа, зеде лик на слуга, за да нè направи негови синови и ќерки, кои бевме слуги на гревот и поради кои бевме предадени на смртта.

Бог доаѓа во светот како Дете. Дали ќе го примиме Божјиот Син? Дали ќе го примиме Детето Исус кое се наоѓа во јаслите и кое сака да нè обдари со својата љубов? Можеби ќе кажеме: Тоа секако го правиме, затоа што го празнуваме празникот Рождество Христово – Божиќ! Но, примањето на Исус бара повеќе: Треба вистински да веруваме во Спасителот на луѓето. Верата е непоколебливост на нештата на кои се надеваме, убедување во работи што не ги гледаме. Верата значи прифаќање на сведоштвото на Бога кој не сака и нема да нè изневери, бидејќи Бог е вистински и свет. Кој верува, тој се надева на Бога безусловно. Тој е подготвен да му го даде животот, да се потопи во него со сите нишки на неговото срце. Дали сме подготвени за таква вера во воплотениот Божји Син?

На сите ви посакувам среќен празник Рождество Христово – Божиќ и благословена Нова Година!

Христос се роди!

Со благослов Ваш епископ/бискуп Киро Стојанов

Католичка парохија „Св. Јован Крстител“-Струмица

The post Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов appeared first on Република.

]]>

Драги браќа и сестри! „И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ се зборови на свети Иван евангелист, што многу често ги изговараме во молитвата Ангел Господов. Станува збор за божественото Слово, Логосот, Синот Божји, кој е единосуштен со Отецот и кој е поврзан со Него во единството на Светиот Дух. Ова Слово, кое е од векови и според кое е создадено сè што живее и постои, се воплоти и се всели меѓу нас. Бог ја зеде човечката природа и стана еден од нас за да ни биде блиску и да не поврзе уште поблиску до себе, откако по наша вина се оддалечивме од Него. Бесмртниот Бог ја зеде човечката природа, зеде лик на слуга, за да нè направи негови синови и ќерки, кои бевме слуги на гревот и поради кои бевме предадени на смртта. Бог доаѓа во светот како Дете. Дали ќе го примиме Божјиот Син? Дали ќе го примиме Детето Исус кое се наоѓа во јаслите и кое сака да нè обдари со својата љубов? Можеби ќе кажеме: Тоа секако го правиме, затоа што го празнуваме празникот Рождество Христово – Божиќ! Но, примањето на Исус бара повеќе: Треба вистински да веруваме во Спасителот на луѓето. Верата е непоколебливост на нештата на кои се надеваме, убедување во работи што не ги гледаме. Верата значи прифаќање на сведоштвото на Бога кој не сака и нема да нè изневери, бидејќи Бог е вистински и свет. Кој верува, тој се надева на Бога безусловно. Тој е подготвен да му го даде животот, да се потопи во него со сите нишки на неговото срце. Дали сме подготвени за таква вера во воплотениот Божји Син? На сите ви посакувам среќен празник Рождество Христово – Божиќ и благословена Нова Година! Христос се роди! Со благослов Ваш епископ/бискуп Киро Стојанов Католичка парохија „Св. Јован Крстител“-Струмица

The post Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан: Во овие времиња-невремиња да ги сакаме и почитуваме татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-vo-ovie-vremina-nevremina-da-gi-sakame-i-pochituvame-tatkovinata-istorijata-kulturata-jazikot-i-seta-sveshtena-i-natsionalna-ostavnina-od-nashite-predtsi/ Fri, 06 Jan 2023 12:56:30 +0000 https://republika.mk/?p=594161

По неизвесните 55 години, гледајќи го оправданото застапување за своја возобновена автокефалност, изминатово лето Господово, семилостивиот Бог погледна на нашата страдална и долготрпелива Црква, и ја исправи две ипол вековната неправда кон неа, па одново ја внедри во полнотата на Сеправославното семејство – во канонско и евхаристиско единство со сите сестрински Православни Цркви, наведува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан во своето божиќно послание по повод големиот христијански празник Божиќ.

Во продолжение во целост го пренесуваме божиќното послание на г.г. Стефан:

Возљубени чеда во Господа,

Божик, празникот на Христовото рождество, е ден на небоземна радост: Дева Го раѓа Христа – Сонцето на правдата; во витлеемската пештера се сместува Несместливиот; мудреците Го даруваат со скапоцени дарови Оној што ни го дари најскапоцениот дар – нашето спасение; ѕвездата Го озарува Оној што ги создаде сите небески светила, а пастирите се поклонуваат пред Оној што нè изведе од ропството на смртта и нè возведе на новото небо и новата земја, отворајќи ни го Своето Царство. Затоа, на овој ден, ликуваат сите и Го славословат Богомладенецот, „Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек“3.

Спасоносниот настан од таа неповторлива витлеемска ноќ е исполнување на времетo коешто се навестуваше од искони, на времето во кое историјата стана сегашност, а очекувањата – стварност. Ова ново време го оживотвори вековниот копнеж на старозаветните праведници и пророци; ова време го засени Законот, а ја возвиши благодатта; го запечати Стариот Завет, но го обзнани Новиот – Заветот на обновената љубов меѓу Бога и човечкиот род.

Со Христовото рождество сè е исполнето со радост и веселие: и ангелите и луѓето, и небото и земјата, зашто Бог стана човек, зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето4, за да ги воздигне кон Себе и за да ги направи учесници во Неговата слава.

Затоа, Божик е празник на радоста, празник на утехата и празник на благодарноста: Синот Божји стана Син човечки, за да го издигне човекот, кој беше потонат во своето себељубие, дарувајќи му ги бескрајните височини на Својата љубов во Царството небесно.

Возљубени чеда во Христа Спасителот,

Богослужбените песнопенија од овој велелепен празник, таинствено нè водат до малото и тогаш непознато гратче Витлеем, покрај тамошната пештера – местото на Христовото рождество; па така – восхитувајќи се на чудото и славејќи Го смирениот Богомладенец – ја чувствуваме Божјата неизмерна љубов кон човештвото и кон сето создание. Затоа, Христовото рождество претставува најголема потврда на Божјата љубов, тоа е начело на еден нов и обновен живот во Христа новородениот и почеток на нашето спасение.

На овој торжествен празник, силно одекнуваат ангелските восклици: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!5. Овој ангелски воспев постојано нè поттикнува на славословие кон Бога и на градење мир со сите околу нас. Но, низ сиве овие векови, од Христовото доаѓање, па сè до денешни дни, овие ангелски извици како да се запечатени со заборавот, како да се одвеани од виорот на времето и како да не ги допираат нашите срца, па постојано слушаме за немири, за меѓучовечки конфликти, за судири и за војни, чиј извор се алчноста и злите желби на човекот да го одземе и да го завладее туѓото. Но, да не заборавиме дека единствената војна што треба да ја водиме е војната против гревот и против страстите. Само на тој начин ќе можеме да стекнеме вистински мир, мир што го надвишува секој ум6, мир што извира од Миротворецот. На тој и таков мир, на Христовиот мир, треба да се потпира и сиот човеков духовен живот и односот на човекот кон Бога. Имајќи само таков мир, ќе можеме да бидеме во мир и со Бога и со ближните! И само кај луѓе со таков мир има добра волја, па ним не им е тешко да ги исполнуваат евангелските пораки и да прават добри дела.

Возљубени празникољупци,

Во светлината на боговоплотувањето се открива и тајната на Црквата: Синот Божји се воплоти за Своето Тело да го преобрази во Црква и во неа да го привлече оддалечениот човек, кој живее во отуѓеност од Бога. А Црквата, пак – Телото Христово, на своите многувековни плеќи, го носи и го посведочува севкупниот Христов домострој за спасение на човекот и на светот: од Неговото рождество, па сè до Неговото вознесение. Затоа, Црквата е самиот Христос, Кој низ вековите непрекинато се раѓа, се распнува, умира и воскреснува.

Според тоа, едната, света, соборна и апостолска Црква непрестајно ја живее полнотата на боговоплотувањето, односно ја живее тајната на единството меѓу Бога и човекот, потврдено во личноста на единородниот Син Божји, Господ Исус Христос. Впрочем, и витлеемската пештера, во којашто Тој се роди, стана првиот Дом Божји, првата Црква во која оттогаш пребиваме како избран род, царско свештенство и свет народ, возвестувајќи ги совршенствата на Оној што нè повика од темнина во Својата чудесна светлина7.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Црквата Христова, како вистински жетвар, ги собира и ги чува во своите вековни амбари непроценливите богатства на секој народ, на секоја историја и на секоја култура. Така, и нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, ги чувала, ги чува и ќе ги чува довека сите радости и сите страданија, ги памети и ќе ги памети сите стремежи и копнежи на нашиот напатен македонски народ. Впрочем, до неодамна нашата Црква беше ставана во костец со разни искушенија и неосновани негирања. Но Бог не дозволи оваа Павлова и Светиклиментова Црква да биде бескрајно понижувана и оспорувана, туку ги виде подвизите и воздишките на нејзиниот верен народ и ги услиша молитвите на нејзините црквољубиви поколенија.

По неизвесните 55 години, гледајќи го оправданото застапување за своја возобновена автокефалност, изминатово лето Господово, семилостивиот Бог погледна на нашата страдална и долготрпелива Црква, и ја исправи две ипол вековната неправда кон неа, па одново ја внедри во полнотата на Сеправославното семејство – во канонско и евхаристиско единство со сите сестрински Православни Цркви. Затоа, да Му благодариме на Бога за овој дар и за можноста литургиски да општиме со нашите браќа од сета Православна екумена, што дава можност да се доврши и признавањето на нејзиниот автокефален статус.

Нашата Света Македонска Црква катагодишно одбележува значајни собитија и личности, изнедрени од нејзината богата историја. Така, и во годината што е пред нас, литургиски ќе наѕреме и особено ќе се навратиме кон почетоците на нашата свештена црковна историја, прославувајќи 1160 години од почетокот на Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, кога и нам ни се овозможи да Го славиме и да Го исповедаме Бога на разбирлив јазик, како и 1130 години од хиротонијата на свети Климент Охридски за Епископ Велички.

Одбележувањата на овие битни настани од нашата црковна и национална историја уште еднаш ја потврдуваат пред светот вистината за нашата Црква, за нашиот богослужбен и говорен старомакедонски јазик и за древноста и посебноста на нашата култура и писменост.

Возљубени чеда на Христа Богомладенецот,

Како верен народ потребно е постојано да напредуваме во верата, надежта и љубовта кон Христа Богомладенецот, покажувајќи поголема љубов кон нашите ближни и кон сите луѓе и народи околу нас, зашто само така ќе се потврдиме како Негови вистински ученици8. Со доволни грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме: Татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци. А, во овие времиња-невремиња, во коишто владеат бројни искушенија и предизвици, да се покажеме доследни следбеници на Христа новородениот – како мирољупци и миротворци, како богољупци и човекољупци.

Со пораки за љубов и благосостојба, им го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на Мајката Македонска Црква ‒ овде, во Татковината, како и на иселените Македонци по светот. Се молиме Богомладенецот Христос да се всели во јаслите на нашите срца, правејќи Свој дом, во кој постојано ќе царуваат мирот, радоста и љубовта. Амин!

Х Р И С Т О С  С Е  Р О Д И!

Честито и од Бога благословено новото лето Господово!

†СТЕФАН

АРХИЕПИСКОП

ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

со членовите на Светиот архиерејски синод

на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и

администратор Австралиско – новозеландски

† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски

и администратор Австралиско – сиднејски

† НАУМ, Митрополит Струмички

† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски

† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски

† ПИМЕН, Митрополит Европски

† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички

† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски

† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско – осоговски

The post Г.г. Стефан: Во овие времиња-невремиња да ги сакаме и почитуваме татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци appeared first on Република.

]]>

По неизвесните 55 години, гледајќи го оправданото застапување за своја возобновена автокефалност, изминатово лето Господово, семилостивиот Бог погледна на нашата страдална и долготрпелива Црква, и ја исправи две ипол вековната неправда кон неа, па одново ја внедри во полнотата на Сеправославното семејство – во канонско и евхаристиско единство со сите сестрински Православни Цркви, наведува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан во своето божиќно послание по повод големиот христијански празник Божиќ. Во продолжение во целост го пренесуваме божиќното послание на г.г. Стефан: Возљубени чеда во Господа, Божик, празникот на Христовото рождество, е ден на небоземна радост: Дева Го раѓа Христа – Сонцето на правдата; во витлеемската пештера се сместува Несместливиот; мудреците Го даруваат со скапоцени дарови Оној што ни го дари најскапоцениот дар – нашето спасение; ѕвездата Го озарува Оној што ги создаде сите небески светила, а пастирите се поклонуваат пред Оној што нè изведе од ропството на смртта и нè возведе на новото небо и новата земја, отворајќи ни го Своето Царство. Затоа, на овој ден, ликуваат сите и Го славословат Богомладенецот, „Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек“3. Спасоносниот настан од таа неповторлива витлеемска ноќ е исполнување на времетo коешто се навестуваше од искони, на времето во кое историјата стана сегашност, а очекувањата – стварност. Ова ново време го оживотвори вековниот копнеж на старозаветните праведници и пророци; ова време го засени Законот, а ја возвиши благодатта; го запечати Стариот Завет, но го обзнани Новиот – Заветот на обновената љубов меѓу Бога и човечкиот род. Со Христовото рождество сè е исполнето со радост и веселие: и ангелите и луѓето, и небото и земјата, зашто Бог стана човек, зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето4, за да ги воздигне кон Себе и за да ги направи учесници во Неговата слава. Затоа, Божик е празник на радоста, празник на утехата и празник на благодарноста: Синот Божји стана Син човечки, за да го издигне човекот, кој беше потонат во своето себељубие, дарувајќи му ги бескрајните височини на Својата љубов во Царството небесно. Возљубени чеда во Христа Спасителот, Богослужбените песнопенија од овој велелепен празник, таинствено нè водат до малото и тогаш непознато гратче Витлеем, покрај тамошната пештера – местото на Христовото рождество; па така – восхитувајќи се на чудото и славејќи Го смирениот Богомладенец – ја чувствуваме Божјата неизмерна љубов кон човештвото и кон сето создание. Затоа, Христовото рождество претставува најголема потврда на Божјата љубов, тоа е начело на еден нов и обновен живот во Христа новородениот и почеток на нашето спасение. На овој торжествен празник, силно одекнуваат ангелските восклици: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!5. Овој ангелски воспев постојано нè поттикнува на славословие кон Бога и на градење мир со сите околу нас. Но, низ сиве овие векови, од Христовото доаѓање, па сè до денешни дни, овие ангелски извици како да се запечатени со заборавот, како да се одвеани од виорот на времето и како да не ги допираат нашите срца, па постојано слушаме за немири, за меѓучовечки конфликти, за судири и за војни, чиј извор се алчноста и злите желби на човекот да го одземе и да го завладее туѓото. Но, да не заборавиме дека единствената војна што треба да ја водиме е војната против гревот и против страстите. Само на тој начин ќе можеме да стекнеме вистински мир, мир што го надвишува секој ум6, мир што извира од Миротворецот. На тој и таков мир, на Христовиот мир, треба да се потпира и сиот човеков духовен живот и односот на човекот кон Бога. Имајќи само таков мир, ќе можеме да бидеме во мир и со Бога и со ближните! И само кај луѓе со таков мир има добра волја, па ним не им е тешко да ги исполнуваат евангелските пораки и да прават добри дела. Возљубени празникољупци, Во светлината на боговоплотувањето се открива и тајната на Црквата: Синот Божји се воплоти за Своето Тело да го преобрази во Црква и во неа да го привлече оддалечениот човек, кој живее во отуѓеност од Бога. А Црквата, пак – Телото Христово, на своите многувековни плеќи, го носи и го посведочува севкупниот Христов домострој за спасение на човекот и на светот: од Неговото рождество, па сè до Неговото вознесение. Затоа, Црквата е самиот Христос, Кој низ вековите непрекинато се раѓа, се распнува, умира и воскреснува. Според тоа, едната, света, соборна и апостолска Црква непрестајно ја живее полнотата на боговоплотувањето, односно ја живее тајната на единството меѓу Бога и човекот, потврдено во личноста на единородниот Син Божји, Господ Исус Христос. Впрочем, и витлеемската пештера, во којашто Тој се роди, стана првиот Дом Божји, првата Црква во која оттогаш пребиваме како избран род, царско свештенство и свет народ, возвестувајќи ги совршенствата на Оној што нè повика од темнина во Својата чудесна светлина7. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Црквата Христова, како вистински жетвар, ги собира и ги чува во своите вековни амбари непроценливите богатства на секој народ, на секоја историја и на секоја култура. Така, и нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, ги чувала, ги чува и ќе ги чува довека сите радости и сите страданија, ги памети и ќе ги памети сите стремежи и копнежи на нашиот напатен македонски народ. Впрочем, до неодамна нашата Црква беше ставана во костец со разни искушенија и неосновани негирања. Но Бог не дозволи оваа Павлова и Светиклиментова Црква да биде бескрајно понижувана и оспорувана, туку ги виде подвизите и воздишките на нејзиниот верен народ и ги услиша молитвите на нејзините црквољубиви поколенија. По неизвесните 55 години, гледајќи го оправданото застапување за своја возобновена автокефалност, изминатово лето Господово, семилостивиот Бог погледна на нашата страдална и долготрпелива Црква, и ја исправи две ипол вековната неправда кон неа, па одново ја внедри во полнотата на Сеправославното семејство – во канонско и евхаристиско единство со сите сестрински Православни Цркви. Затоа, да Му благодариме на Бога за овој дар и за можноста литургиски да општиме со нашите браќа од сета Православна екумена, што дава можност да се доврши и признавањето на нејзиниот автокефален статус. Нашата Света Македонска Црква катагодишно одбележува значајни собитија и личности, изнедрени од нејзината богата историја. Така, и во годината што е пред нас, литургиски ќе наѕреме и особено ќе се навратиме кон почетоците на нашата свештена црковна историја, прославувајќи 1160 години од почетокот на Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, кога и нам ни се овозможи да Го славиме и да Го исповедаме Бога на разбирлив јазик, како и 1130 години од хиротонијата на свети Климент Охридски за Епископ Велички. Одбележувањата на овие битни настани од нашата црковна и национална историја уште еднаш ја потврдуваат пред светот вистината за нашата Црква, за нашиот богослужбен и говорен старомакедонски јазик и за древноста и посебноста на нашата култура и писменост. Возљубени чеда на Христа Богомладенецот, Како верен народ потребно е постојано да напредуваме во верата, надежта и љубовта кон Христа Богомладенецот, покажувајќи поголема љубов кон нашите ближни и кон сите луѓе и народи околу нас, зашто само така ќе се потврдиме како Негови вистински ученици8. Со доволни грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме: Татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци. А, во овие времиња-невремиња, во коишто владеат бројни искушенија и предизвици, да се покажеме доследни следбеници на Христа новородениот – како мирољупци и миротворци, како богољупци и човекољупци. Со пораки за љубов и благосостојба, им го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на Мајката Македонска Црква ‒ овде, во Татковината, како и на иселените Македонци по светот. Се молиме Богомладенецот Христос да се всели во јаслите на нашите срца, правејќи Свој дом, во кој постојано ќе царуваат мирот, радоста и љубовта. Амин! Х Р И С Т О С  С Е  Р О Д И! Честито и од Бога благословено новото лето Господово! †СТЕФАН АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија † ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски † ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски † НАУМ, Митрополит Струмички † АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски † МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски † ПИМЕН, Митрополит Европски † ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички † ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски † ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско – осоговски

The post Г.г. Стефан: Во овие времиња-невремиња да ги сакаме и почитуваме татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци appeared first on Република.

]]>
Митрополит Петар: Денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, a т.н. заедници наметнуваат свои права притоа газејќи и исмејувајќи се врз правата на различните од нив https://republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-petar-denes-moderno-e-da-se-bide-human-i-liberalen-a-t-n-zaednitsi-nametnuvaat-svoi-prava-pritoa-gazejki-i-ismejuvajki-se-vrz-pravata-na-razlichnite-od-niv/ Fri, 06 Jan 2023 11:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=594138

Бог со создавањето ни го даде највисокото нешто, образот и подобието, но, ние не го сочувавме, го изгубивме. Сега доаѓа Логосот Божји, прототипот на нашето создавање и го прима најниското, нашата природа, за да нè ослободи од трулежноста и за да го обнови садот кој се извалка и скрши, а исто така и за да нè ослободи од тиранијата на ѓаволот и да нè води кон нов живот, рече во своето Божикно послание, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.

Христос со Своето воплотување, и преку Своите чуда, покажа дека е Господар над природата, човекот, идолите и демоните, односно, над сите нешта кои ние сме склони да ги обожуваме. Со тоа Христос не сакаше само да ни покаже кој е Бог – Господарот на небото и земјата, туку дека коренот на сите наши падови и страдања се наоѓа во погрешното обожување, насочено кон созданието наместо кон Создателот, нагласи митрополитот г. Петар.

Ете, во нашата земја, иако се градат и осветуваат цркви за слава на Бога, истовремено и многу помасовно се отвораат казина, спортски обложувалници, разни ноќни клубови. На медиумите, а особено на интернет, иако е достапна православна духовна и религиозна содржина, многу позначително е пребарувана и посетувана содржина со соблазнителен карактер, и друг духовен отров, кој подлабоко и од наркоманијата го загадува современото општество, а особено најмладите. Еден од тие духовни отрови е тој што индоктринира – дека денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, да се биде подржувач на т.н. заедници и организации, кои пропагираат, наметнуваат свои права и слободи, притоа, газејќи и исмејувајќи се врз правата и слободата на различните од нив, особено врз религиозните, и уште подиректно, врз православните христијани. Ете, подржувањето на вакви создадени заедници, здруженија и организации, често и од јавни личности, кои имаат за цел искривување и изопачување на, од Бога дадениот образ, се смета за модерно и напредно, додека, пак, да се биде подржувач на Бога, на Црквата, на христијанските и семејните вредности, се смета за конзервативно и заостанато, посочи митрополитот г. Петар.

Во традиционалното Божикно послание, митрополитот г. Петар се осврна и на други актуелни општествени состојби и како што ги нарече богонеугодни дела, односно, да се посетуваат ноќни клубови, дискотеки и слични забавни места, каде се конзумира многу алкохол, а често и дрога, под дејство на создателот на неморалот – сатаната. Додека, пак, оние кои го посетуваат храмот Божји во неделите и празниците, посетуваат свети места низ православниот свет, се сметаат за примитивни и заостанати.

Најмасовното обожување кон созданието е тоа кое е насочено кон парите. Укажуваме и нагласуваме дека не е грев да се биде богат со труд и чесност, да се создава богатство и со него да се прават добри дела за спасение на душите, туку такво обожување на богатството, кое доведува до криминал, мито, корупција, лихварство, луксуз, бандатизам и со кое се стигнува во пеколот. Браќа и сестри – имаме избор! Достапен ни е Создателот, духовното, возвишеното, вечното; достапно ни е и созданието, материјалното, трулежното, минливото. Наше е што ќе одбереме! Наше е кој или што ќе обожуваме! Наше е по кој пат ќе одиме и какви дела зад нас ќе оставиме, рече митрополитот г. Петар

The post Митрополит Петар: Денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, a т.н. заедници наметнуваат свои права притоа газејќи и исмејувајќи се врз правата на различните од нив appeared first on Република.

]]>

Бог со создавањето ни го даде највисокото нешто, образот и подобието, но, ние не го сочувавме, го изгубивме. Сега доаѓа Логосот Божји, прототипот на нашето создавање и го прима најниското, нашата природа, за да нè ослободи од трулежноста и за да го обнови садот кој се извалка и скрши, а исто така и за да нè ослободи од тиранијата на ѓаволот и да нè води кон нов живот, рече во своето Божикно послание, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар. Христос со Своето воплотување, и преку Своите чуда, покажа дека е Господар над природата, човекот, идолите и демоните, односно, над сите нешта кои ние сме склони да ги обожуваме. Со тоа Христос не сакаше само да ни покаже кој е Бог – Господарот на небото и земјата, туку дека коренот на сите наши падови и страдања се наоѓа во погрешното обожување, насочено кон созданието наместо кон Создателот, нагласи митрополитот г. Петар.
Ете, во нашата земја, иако се градат и осветуваат цркви за слава на Бога, истовремено и многу помасовно се отвораат казина, спортски обложувалници, разни ноќни клубови. На медиумите, а особено на интернет, иако е достапна православна духовна и религиозна содржина, многу позначително е пребарувана и посетувана содржина со соблазнителен карактер, и друг духовен отров, кој подлабоко и од наркоманијата го загадува современото општество, а особено најмладите. Еден од тие духовни отрови е тој што индоктринира – дека денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, да се биде подржувач на т.н. заедници и организации, кои пропагираат, наметнуваат свои права и слободи, притоа, газејќи и исмејувајќи се врз правата и слободата на различните од нив, особено врз религиозните, и уште подиректно, врз православните христијани. Ете, подржувањето на вакви создадени заедници, здруженија и организации, често и од јавни личности, кои имаат за цел искривување и изопачување на, од Бога дадениот образ, се смета за модерно и напредно, додека, пак, да се биде подржувач на Бога, на Црквата, на христијанските и семејните вредности, се смета за конзервативно и заостанато, посочи митрополитот г. Петар.
Во традиционалното Божикно послание, митрополитот г. Петар се осврна и на други актуелни општествени состојби и како што ги нарече богонеугодни дела, односно, да се посетуваат ноќни клубови, дискотеки и слични забавни места, каде се конзумира многу алкохол, а често и дрога, под дејство на создателот на неморалот – сатаната. Додека, пак, оние кои го посетуваат храмот Божји во неделите и празниците, посетуваат свети места низ православниот свет, се сметаат за примитивни и заостанати.
Најмасовното обожување кон созданието е тоа кое е насочено кон парите. Укажуваме и нагласуваме дека не е грев да се биде богат со труд и чесност, да се создава богатство и со него да се прават добри дела за спасение на душите, туку такво обожување на богатството, кое доведува до криминал, мито, корупција, лихварство, луксуз, бандатизам и со кое се стигнува во пеколот. Браќа и сестри – имаме избор! Достапен ни е Создателот, духовното, возвишеното, вечното; достапно ни е и созданието, материјалното, трулежното, минливото. Наше е што ќе одбереме! Наше е кој или што ќе обожуваме! Наше е по кој пат ќе одиме и какви дела зад нас ќе оставиме, рече митрополитот г. Петар

The post Митрополит Петар: Денес модерно е да се биде „хуман“ и „либерален“, a т.н. заедници наметнуваат свои права притоа газејќи и исмејувајќи се врз правата на различните од нив appeared first on Република.

]]>