Бошњачки демократски сојуз Archives - Република https://republika.mk/tema/boshnjachki-demokratski-sojuz/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 21:34:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бошњачки демократски сојуз Archives - Република https://republika.mk/tema/boshnjachki-demokratski-sojuz/ 32 32 Мерсиха Смаиловиќ ќе биде кандидатка за претседател од Бошњачки демократски сојуз https://republika.mk/vesti/makedonija/mersiha-smailovik-ke-bide-kandidatka-za-pretsedatel-od-boshnachki-demokratski-sojuz/ Wed, 21 Feb 2024 21:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=746757

Прв пат во историјата Бошњаците ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија.

Се работи за Мерсиха Смаиловиќ која ќе биде кандидат на Бошњачки демократски сојуз.

Мерсиха Смаиловиќ е правничка и граѓанска активистка.

Во својот граѓански ангажман активна е на полето на застапување за човековите права, дискриминацијата, родовата еднаквост, правата на етничките групи итн.

Нејзините истражувачки трудови за правата на бегалците, исламофобијата, правата на жените беа објавени во неколку локални и меѓународни публикации.

Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.

Мерсиха дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот факултет, а моментално ја подготвува магистратурата по Меѓународно право на истиот универзитет.

Била вклучена во неколку иницијативи за измени на закони и правилници во државава.

Таа е алумнистка на американската организација Vital Voices која е основана од Хилари Клинтон која има за цел едукација и поддршка на жените во политиката.

Мерсиха е родена во Скопје, мажена и мајка на две ќерки.

Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги НАХЛА КОНСАЛТИНГ каде моментално е со редовен работен ангажман.

 

The post Мерсиха Смаиловиќ ќе биде кандидатка за претседател од Бошњачки демократски сојуз appeared first on Република.

]]>

Прв пат во историјата Бошњаците ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија. Се работи за Мерсиха Смаиловиќ која ќе биде кандидат на Бошњачки демократски сојуз. Мерсиха Смаиловиќ е правничка и граѓанска активистка. Во својот граѓански ангажман активна е на полето на застапување за човековите права, дискриминацијата, родовата еднаквост, правата на етничките групи итн. Нејзините истражувачки трудови за правата на бегалците, исламофобијата, правата на жените беа објавени во неколку локални и меѓународни публикации. Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво. Мерсиха дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Правниот факултет, а моментално ја подготвува магистратурата по Меѓународно право на истиот универзитет. Била вклучена во неколку иницијативи за измени на закони и правилници во државава. Таа е алумнистка на американската организација Vital Voices која е основана од Хилари Клинтон која има за цел едукација и поддршка на жените во политиката. Мерсиха е родена во Скопје, мажена и мајка на две ќерки. Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги НАХЛА КОНСАЛТИНГ каде моментално е со редовен работен ангажман.  

The post Мерсиха Смаиловиќ ќе биде кандидатка за претседател од Бошњачки демократски сојуз appeared first on Република.

]]>
И за Бошњаците пописот неприфатлив, се заканувале и со излегување од владината коалиција https://republika.mk/vesti/makedonija/i-za-boshnjacite-popisot-neprifatliv-se-zakanuvale-i-so-izleguvanje-od-vladinata-koalicija/ Thu, 31 Mar 2022 08:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=481267

Најголемиот и најзначниот политички субјект на бошњачката заедница во Македонија, Бошњачки демократски сојуз (БДС), изрази сомнеж за регуларноста на резултатите од пописот.

Бошњачки демократски сојуз како политичка партија и на почетокот на процесот на попишување изрази сомнеж во исправноста на самиот процес и одредени неправилности. За жал нашите претпоставки се испоставија точни. Податоците од пописот за нас се неприфатливи затоа што постојано работиме на терен и ја знаеме реалната фактичка состојба. Нашата примедба е во пристапот на попишување. Имено, имаме лични сведоштва на граѓани кои биле попишувани според претпоставки за нивната етничка и верска припадност. Притоа, граѓаните, немаа можност во исто време да направат увид во внесените податоци. Ништо помалку важна не е ниту забелешката за отежнатиот процес на попишување на дијаспората. Добивме забелешки за бројни технички проблеми со апликацијата при попишување, поради што уверени сме и тврдиме дека бројот на Бошњаци кои живеат надвор од територијата на Македонија е далеку поголем, се вели во соопштението од БДС.

Оттаму додаваат и дека јавно укажувале на пропустите и се заканувале со излегување од владеачката коалиција, но биле уверувани дека пописот ќе се спроведе коректно и во согласност со сите правила.

За жал резултатите не го покажуваат тоа и не ја одразуваат реалноста. Затоа, укажуваме дека податоците од пописот фрлаат сенка врз работењето на државните институции и ја доведуваат во прашање функционалноста и довербата во истите. Бараме да се преиспитаат резултатите и да се утврдат неправилностите за да резултатите од пописот спроведен по две децении бидат реални и да одговараат на потребите на граѓаните, а не да служат на поткусурување на партиските интереси, велат од БДС.

Претходно и други две партии од владината коалиција ги отфрлија резултатите и ги категоризираа како недостојни.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vtora-partija-od-koalicija-na-vlast-gi-osporuva-rezultatite-od-popisot-po-ds-na-trajanov-i-turcite-od-tdk/

The post И за Бошњаците пописот неприфатлив, се заканувале и со излегување од владината коалиција appeared first on Република.

]]>

Најголемиот и најзначниот политички субјект на бошњачката заедница во Македонија, Бошњачки демократски сојуз (БДС), изрази сомнеж за регуларноста на резултатите од пописот.
Бошњачки демократски сојуз како политичка партија и на почетокот на процесот на попишување изрази сомнеж во исправноста на самиот процес и одредени неправилности. За жал нашите претпоставки се испоставија точни. Податоците од пописот за нас се неприфатливи затоа што постојано работиме на терен и ја знаеме реалната фактичка состојба. Нашата примедба е во пристапот на попишување. Имено, имаме лични сведоштва на граѓани кои биле попишувани според претпоставки за нивната етничка и верска припадност. Притоа, граѓаните, немаа можност во исто време да направат увид во внесените податоци. Ништо помалку важна не е ниту забелешката за отежнатиот процес на попишување на дијаспората. Добивме забелешки за бројни технички проблеми со апликацијата при попишување, поради што уверени сме и тврдиме дека бројот на Бошњаци кои живеат надвор од територијата на Македонија е далеку поголем, се вели во соопштението од БДС.
Оттаму додаваат и дека јавно укажувале на пропустите и се заканувале со излегување од владеачката коалиција, но биле уверувани дека пописот ќе се спроведе коректно и во согласност со сите правила.
За жал резултатите не го покажуваат тоа и не ја одразуваат реалноста. Затоа, укажуваме дека податоците од пописот фрлаат сенка врз работењето на државните институции и ја доведуваат во прашање функционалноста и довербата во истите. Бараме да се преиспитаат резултатите и да се утврдат неправилностите за да резултатите од пописот спроведен по две децении бидат реални и да одговараат на потребите на граѓаните, а не да служат на поткусурување на партиските интереси, велат од БДС.
Претходно и други две партии од владината коалиција ги отфрлија резултатите и ги категоризираа како недостојни. https://republika.mk/vesti/makedonija/vtora-partija-od-koalicija-na-vlast-gi-osporuva-rezultatite-od-popisot-po-ds-na-trajanov-i-turcite-od-tdk/

The post И за Бошњаците пописот неприфатлив, се заканувале и со излегување од владината коалиција appeared first on Република.

]]>