Боро Рудиќ галерија Archives - Република https://republika.mk/tema/boro-rudik-galerija/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 07:59:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Боро Рудиќ галерија Archives - Република https://republika.mk/tema/boro-rudik-galerija/ 32 32 “Во фокусот“ – изложба на словенечкиот фотограф Иво Борко во Галерија „Рудиќ“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-fokusot-izlozhba-na-slovenechkiot-fotograf-ivo-borko-vo-galerija-rudik/ Wed, 09 Oct 2024 07:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=824453

Изложба на фотографии на познатиот словенечки фотограф Иво Борко, под името “Во фокусот“ ќе биде отворена вечер во 19 часот, во Галерија Рудиќ, во Скопје.

За изложбата „Во фокусот “ на авторот Иво Борко, се посочува дека претставува спој на фотографија и филозофија, каде што секоја слика е повеќе од само визуелен приказ – таа е прозорец кон внатрешниот свет на човекот и неговите интеракции со уметноста.

Борко мајсторски ги користи изложените фотографии како позадина, создавајќи нови значења и емоционални доживувања. Неговите дела не се само обични портрети, туку комплексни наративи кои ги поврзуваат моделите со мотивите на изложените фотографии. Оваа симбиоза меѓу моделот и фотографијата создава уникатна уметничка целина, каде што секој елемент има своја улога и значење. Иво Борко не се плаши да експериментира и да ги исценира своите идеи. Моделите во неговите фотографии не се само пасивни субјекти, туку активни учесници во создавањето на уметничкото дело. Тие се медиуми преку кои авторот ја изразува својата визија и емоции, создавајќи интеракција која е длабоко лична и интимна, посочува за изложбата на Борко македонскиот фотограф Боро Рудиќ, и двајцата ностители на звањето Мајстор на фотографијата.

Фотографиите на Борко нè поттикнуваат да размислуваме за нашите сопствени интеракции со уметноста. Како гледачи, често се наоѓаме во ситуација да правиме селфи пред уметнички дела или да ги снимаме, обидувајќи се да ги зачуваме тие моменти на лична рефлексија и емоција. Во оваа изложба, Борко успева да го долови токму тој момент на интеракција и да го претвори во уметност.

„Во фокусот “ е изложба која не само што ги задоволува визуелните сетила, туку и нè поттикнува да размислуваме подлабоко за нашата врска со уметноста и светот околу нас. Тоа е патување низ светот на емоциите, рефлексиите и интеракциите, каде што секоја фотографија е врата кон ново искуство и ново значење....., вели фотографот Рудиќ.

Иво Борко е роден 1955 во Херцеговшчак кај Горња Радгона, Словенија, доктор е по ветеринарна медицина и издавач. Фотографиите ги изложува од 1995 година, а оттогаш учествувал на над 600 изложби во земјата и странство, каде што има добиено повеќе од 350 награди и признанија. Имал 41 самостојна изложба. Носител е на звање Мајстор на фотографија на Фотографската асоцијација на Словенија (MF FZS), а 2019 година има добиено највисока титулата на Светската асоцијација за фотографска уметност (FIAP) Exellence FIAP/дијамант 3 (EFIAP/d3).

Изложбата е подпомогната од Министерство за култура на Република Словенија и Амбасада на Република Словенија во Македонија, а ќе трае до 24.10.2024 година.

The post “Во фокусот“ – изложба на словенечкиот фотограф Иво Борко во Галерија „Рудиќ“ appeared first on Република.

]]>

Изложба на фотографии на познатиот словенечки фотограф Иво Борко, под името “Во фокусот“ ќе биде отворена вечер во 19 часот, во Галерија Рудиќ, во Скопје. За изложбата „Во фокусот “ на авторот Иво Борко, се посочува дека претставува спој на фотографија и филозофија, каде што секоја слика е повеќе од само визуелен приказ – таа е прозорец кон внатрешниот свет на човекот и неговите интеракции со уметноста.
Борко мајсторски ги користи изложените фотографии како позадина, создавајќи нови значења и емоционални доживувања. Неговите дела не се само обични портрети, туку комплексни наративи кои ги поврзуваат моделите со мотивите на изложените фотографии. Оваа симбиоза меѓу моделот и фотографијата создава уникатна уметничка целина, каде што секој елемент има своја улога и значење. Иво Борко не се плаши да експериментира и да ги исценира своите идеи. Моделите во неговите фотографии не се само пасивни субјекти, туку активни учесници во создавањето на уметничкото дело. Тие се медиуми преку кои авторот ја изразува својата визија и емоции, создавајќи интеракција која е длабоко лична и интимна, посочува за изложбата на Борко македонскиот фотограф Боро Рудиќ, и двајцата ностители на звањето Мајстор на фотографијата.
Фотографиите на Борко нè поттикнуваат да размислуваме за нашите сопствени интеракции со уметноста. Како гледачи, често се наоѓаме во ситуација да правиме селфи пред уметнички дела или да ги снимаме, обидувајќи се да ги зачуваме тие моменти на лична рефлексија и емоција. Во оваа изложба, Борко успева да го долови токму тој момент на интеракција и да го претвори во уметност.
„Во фокусот “ е изложба која не само што ги задоволува визуелните сетила, туку и нè поттикнува да размислуваме подлабоко за нашата врска со уметноста и светот околу нас. Тоа е патување низ светот на емоциите, рефлексиите и интеракциите, каде што секоја фотографија е врата кон ново искуство и ново значење....., вели фотографот Рудиќ.
Иво Борко е роден 1955 во Херцеговшчак кај Горња Радгона, Словенија, доктор е по ветеринарна медицина и издавач. Фотографиите ги изложува од 1995 година, а оттогаш учествувал на над 600 изложби во земјата и странство, каде што има добиено повеќе од 350 награди и признанија. Имал 41 самостојна изложба. Носител е на звање Мајстор на фотографија на Фотографската асоцијација на Словенија (MF FZS), а 2019 година има добиено највисока титулата на Светската асоцијација за фотографска уметност (FIAP) Exellence FIAP/дијамант 3 (EFIAP/d3). Изложбата е подпомогната од Министерство за култура на Република Словенија и Амбасада на Република Словенија во Македонија, а ќе трае до 24.10.2024 година.

The post “Во фокусот“ – изложба на словенечкиот фотограф Иво Борко во Галерија „Рудиќ“ appeared first on Република.

]]>