боро малборо Archives - Република https://republika.mk/tema/boro-malboro/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Mar 2024 15:56:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png боро малборо Archives - Република https://republika.mk/tema/boro-malboro/ 32 32 Кој е Боро Стојчев фатен во акцијата „Чибук“ – некогаш шверцер на цигари, сега на марихуана https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-boro-stojchev-faten-vo-aktsijata-chibuk-nekogash-shvertser-na-tsigari-sega-na-marihuana/ Sun, 03 Mar 2024 16:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=750783

Во акција на МВР вчера е приведен Боро Стојчев, познат како Марлборо поради шверцот со цигари, а сега вплеткан во шверц со марихуана.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-osum-osomnicheni-istrazhna-postapka-protiv-deset-litsa-po-aktsijata-chibuk/

Стојчев е поранешен градоначалник на Ново Село (во периодот октомври 2017 до декември 2018 година), а во јули 2018 заедно со уште четири лица (дел од неговото потесно семејство), додека ја извршуваше функцијата градоначалник, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница.

На 10.07.2018 година над с. Баделен кај местото викано „Крстец“ по претходно поставена е „Заседа“ при што околу 18,00 часот застанати биле 2 (две) теренски моторни возила кои биле натоварени со вкупно 66 (шеесет и шест) бокса цигари. Во теренските возила се превезувале лицата Боро Стојчев род. 12.12.1964 год. Јулијана Стојчева род. 17.05.1969 год. Виктор Стојчев род. 24.12.1992 год. и Горан Стојанов род. 03.02.1994 год. сите од с. Ново Коњарево. Како претходница на наведените возила со моторцикл било лицето Митко Тотошев род. 21.03.1966 год. од с. Самоилово.

Во врска со делото тој беше осуден на 18 месеци затворска казна, која подоцна беше намалена на половина година.

Како „награда“, во 2020 фирмата ЕКО- ЕНЕРЏИ КОСМОС, управувана од синот на Боро Стојчев, Виктор Стојчев доби лиценца за одгледување канабис од Министерството за здравство, односно од Владата. Тотал Инженеринг Струмица“, градежната фирма на бизнисменот Вице Заев, во 2023 станала нов сопственик на Бојана БС Панел, претпријатие дотогаш во сопственост на Боро Стојчев. Во сопственичката структура на ЦБД МЕДПЛАНТ од Борисово основана 2018 исто така бил Перо Стојчев. Фирмата во моментов има сложена сопственичка структура со Фирма и сопственици од Швајцарија и Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-go-vrabotil-vo-tsarina-sinot-na-kriminaletsot-boro-malboro-koj-prethodno-od-sdsm-dobi-litsentsa-za-proizvodstvo-na-marihuana/

Фирмата ЕКО EНЕРЏИ-КОСМОС ДООС.ЗУБОВО НОВО СЕЛО е основана од Славица Трајковска во 2019 година (веднаш по пуштањето од затвор на Боро Стојчев). Првично дејноста била производство на електрична енергија, а управител е Боро Стојчев. Во 2020 година во сопствеништвото на фирмата влегува и Димитар Борисов Стаменов од Бугарија, Петрич. Во 2021 има повторно промена на сопствеништвото кога влегуваат Виктор Стојчев, Перо Стојчев, и Славица Трајковска. На почетокот на 2024 година за фирмата е отворена стечајна постапка со стечаен управник Зоран Денковски од Куманово. Управител на фирмата во моментов е Александар Пандев. Во 2020 година фирмата ја менува дејноста за одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија за употреба во фармацијата, кога ја добива лиценцата за одгледување на канабис.

The post Кој е Боро Стојчев фатен во акцијата „Чибук“ – некогаш шверцер на цигари, сега на марихуана appeared first on Република.

]]>

Во акција на МВР вчера е приведен Боро Стојчев, познат како Марлборо поради шверцот со цигари, а сега вплеткан во шверц со марихуана. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-osum-osomnicheni-istrazhna-postapka-protiv-deset-litsa-po-aktsijata-chibuk/ Стојчев е поранешен градоначалник на Ново Село (во периодот октомври 2017 до декември 2018 година), а во јули 2018 заедно со уште четири лица (дел од неговото потесно семејство), додека ја извршуваше функцијата градоначалник, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница. На 10.07.2018 година над с. Баделен кај местото викано „Крстец“ по претходно поставена е „Заседа“ при што околу 18,00 часот застанати биле 2 (две) теренски моторни возила кои биле натоварени со вкупно 66 (шеесет и шест) бокса цигари. Во теренските возила се превезувале лицата Боро Стојчев род. 12.12.1964 год. Јулијана Стојчева род. 17.05.1969 год. Виктор Стојчев род. 24.12.1992 год. и Горан Стојанов род. 03.02.1994 год. сите од с. Ново Коњарево. Како претходница на наведените возила со моторцикл било лицето Митко Тотошев род. 21.03.1966 год. од с. Самоилово. Во врска со делото тој беше осуден на 18 месеци затворска казна, која подоцна беше намалена на половина година. Како „награда“, во 2020 фирмата ЕКО- ЕНЕРЏИ КОСМОС, управувана од синот на Боро Стојчев, Виктор Стојчев доби лиценца за одгледување канабис од Министерството за здравство, односно од Владата. Тотал Инженеринг Струмица“, градежната фирма на бизнисменот Вице Заев, во 2023 станала нов сопственик на Бојана БС Панел, претпријатие дотогаш во сопственост на Боро Стојчев. Во сопственичката структура на ЦБД МЕДПЛАНТ од Борисово основана 2018 исто така бил Перо Стојчев. Фирмата во моментов има сложена сопственичка структура со Фирма и сопственици од Швајцарија и Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-go-vrabotil-vo-tsarina-sinot-na-kriminaletsot-boro-malboro-koj-prethodno-od-sdsm-dobi-litsentsa-za-proizvodstvo-na-marihuana/ Фирмата ЕКО EНЕРЏИ-КОСМОС ДООС.ЗУБОВО НОВО СЕЛО е основана од Славица Трајковска во 2019 година (веднаш по пуштањето од затвор на Боро Стојчев). Првично дејноста била производство на електрична енергија, а управител е Боро Стојчев. Во 2020 година во сопствеништвото на фирмата влегува и Димитар Борисов Стаменов од Бугарија, Петрич. Во 2021 има повторно промена на сопствеништвото кога влегуваат Виктор Стојчев, Перо Стојчев, и Славица Трајковска. На почетокот на 2024 година за фирмата е отворена стечајна постапка со стечаен управник Зоран Денковски од Куманово. Управител на фирмата во моментов е Александар Пандев. Во 2020 година фирмата ја менува дејноста за одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија за употреба во фармацијата, кога ја добива лиценцата за одгледување на канабис.

The post Кој е Боро Стојчев фатен во акцијата „Чибук“ – некогаш шверцер на цигари, сега на марихуана appeared first on Република.

]]>
Притвор за осум осомничени, истражна постапка против десет лица по акцијата „Чибук“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-osum-osomnicheni-istrazhna-postapka-protiv-deset-litsa-po-aktsijata-chibuk/ Sun, 03 Mar 2024 13:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=750742

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена денеска од МВР, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 10 лица, соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-boro-marlboro-od-sdsm-bil-glaven-na-grupata-koja-trguvala-so-droga/

На сите осомничени, се наведува во соопштението, им се става на товар дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 ст.3 в.в. ст.1 од од КЗ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-go-vrabotil-vo-tsarina-sinot-na-kriminaletsot-boro-malboro-koj-prethodno-od-sdsm-dobi-litsentsa-za-proizvodstvo-na-marihuana/

- Во текот на вчерашниот ден, под раководство на предметниот јавен обвинител полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност, спроведоа успешна координирана полициска операција под кодно име „Чибук“. Беа извршени претреси на повеќе локации во Струмица, Гевгелија, Демир Капија, Струга, КПУ Затвор Прилеп и неговата околина и притоа беа приведени 8 лица и пронајдени 13 јутени бели вреќи со 193 вакумирани кеси со наркотична дрога марихуана во количина од 99 кг и 630 грама, се појаснува во соопштението.

Акцијата, се додава, е резултат на повеќемесечна предистражна постапка во која е утврдено дека во периодот од октомври 2023 до март 2024 година, осомничените заедно, како повеќе лица, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога марихуана и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба.

Во текот на овој период групата организирала и реализирала продажба на поголема количина на наркотична дрога марихуана што неовластено била набавувана од НН правни субјекти од Струмица и Демир Капија, од Р.Албанија, како и од правен субјект со дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба од Струмица.

- Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за осумтемина осомничени. Останатите двајца осомничени се наоѓаат на издржување на затворската казна во КПД Затвор Прилеп од каде го сториле кривичното дело што им се става на товар, се влеи во соопштението од Јавното обвинителство на Република Македонија.

The post Притвор за осум осомничени, истражна постапка против десет лица по акцијата „Чибук“ appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена денеска од МВР, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 10 лица, соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-boro-marlboro-od-sdsm-bil-glaven-na-grupata-koja-trguvala-so-droga/ На сите осомничени, се наведува во соопштението, им се става на товар дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 ст.3 в.в. ст.1 од од КЗ. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-go-vrabotil-vo-tsarina-sinot-na-kriminaletsot-boro-malboro-koj-prethodno-od-sdsm-dobi-litsentsa-za-proizvodstvo-na-marihuana/
- Во текот на вчерашниот ден, под раководство на предметниот јавен обвинител полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност, спроведоа успешна координирана полициска операција под кодно име „Чибук“. Беа извршени претреси на повеќе локации во Струмица, Гевгелија, Демир Капија, Струга, КПУ Затвор Прилеп и неговата околина и притоа беа приведени 8 лица и пронајдени 13 јутени бели вреќи со 193 вакумирани кеси со наркотична дрога марихуана во количина од 99 кг и 630 грама, се појаснува во соопштението.
Акцијата, се додава, е резултат на повеќемесечна предистражна постапка во која е утврдено дека во периодот од октомври 2023 до март 2024 година, осомничените заедно, како повеќе лица, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога марихуана и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба. Во текот на овој период групата организирала и реализирала продажба на поголема количина на наркотична дрога марихуана што неовластено била набавувана од НН правни субјекти од Струмица и Демир Капија, од Р.Албанија, како и од правен субјект со дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и растенија за употреба од Струмица.
- Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за осумтемина осомничени. Останатите двајца осомничени се наоѓаат на издржување на затворската казна во КПД Затвор Прилеп од каде го сториле кривичното дело што им се става на товар, се влеи во соопштението од Јавното обвинителство на Република Македонија.

The post Притвор за осум осомничени, истражна постапка против десет лица по акцијата „Чибук“ appeared first on Република.

]]>
Вице Заев превзеде фирма за струја од Боро Малборо https://republika.mk/vesti/ekonomija/vitse-zaev-prevzede-firma-za-struja-od-boro-malboro/ Tue, 05 Sep 2023 07:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=678847

Градежната фирма на Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев, пред повеќе од една недела станала нов сопственик на „Бојана БС Панел“, претпријатие кое дотогаш било во сопственост на некогашниот градоначалник од СДСМ Боро Стојчев, познат како Боро Малборо поради шверцот со цигари за време на функцијата, за што и беше осуден.

Како што пренесува „Фактор“, десетина дена пред превземањето од страна на „Тотал Инженеринг“ на Заев, „Бојана БС Панел“ стана сопственик на местото на Стојчев на фирмата за производство на електрична енергија „Бојана Енерџи“. Седиштето на двете фирми е во Ново Коњарево во рамки на општината која што ја предводеше Стојчев.

„Бојана Енерџи“, претпријатие за производство на електрична енергија, беше основано од страна на Стојчев и второ физичко лице во март минатата година.

 

The post Вице Заев превзеде фирма за струја од Боро Малборо appeared first on Република.

]]>

Градежната фирма на Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев, пред повеќе од една недела станала нов сопственик на „Бојана БС Панел“, претпријатие кое дотогаш било во сопственост на некогашниот градоначалник од СДСМ Боро Стојчев, познат како Боро Малборо поради шверцот со цигари за време на функцијата, за што и беше осуден. Како што пренесува „Фактор“, десетина дена пред превземањето од страна на „Тотал Инженеринг“ на Заев, „Бојана БС Панел“ стана сопственик на местото на Стојчев на фирмата за производство на електрична енергија „Бојана Енерџи“. Седиштето на двете фирми е во Ново Коњарево во рамки на општината која што ја предводеше Стојчев. „Бојана Енерџи“, претпријатие за производство на електрична енергија, беше основано од страна на Стојчев и второ физичко лице во март минатата година.  

The post Вице Заев превзеде фирма за струја од Боро Малборо appeared first on Република.

]]>