Борко Ристовски Archives - Република https://republika.mk/tema/borko-ristovski/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 19:13:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борко Ристовски Archives - Република https://republika.mk/tema/borko-ristovski/ 32 32 Министерството за спорт обезбедува финансиска поддршка за женскиот спорт и за младите таленти https://republika.mk/sport/ministerstvoto-za-sport-obezbeduva-finansiska-poddrshka-za-zhenskiot-sport-i-za-mladite-talenti/ Sun, 10 Nov 2024 19:27:33 +0000 https://republika.mk/?p=836176

Министерството за спорт ќе додели нова државна помош од околу 100 милиони денари кои ќе биде наменета за поддршка на женскиот спорт и за поддршка на млади таленти во индивидуалните спортови, соопшти министерот Борко Ристовски во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител.

-Покрај 550 милиони денари кои се доделуваат како субвенции, веќе во декември ќе има нова државна помош за спортот од околу 100 милиони денари за која се одлучивме да биде малку поинаку распределена. Околу 50 проценти од тие пари ќе одат за развој на женскиот спорт што е огромен чекор бидејќи во минатото не постоело такво нешто. Сакаме нивото на женскиот спорт да го приближиме до нивото на кое е машкиот спорт. Ако во минатото во женскиот спорт одеа 19 проценти, сега ќе го покачиме тоа ниво на 25 проценти. Тоа можеби не е многу како бројка, но тоа е еден значаен исчекор напред. Сакаме да стигнеме до некоја прифатлива бројка каде што машкиот и женскиот спорт ќе бидат изедначени – посочи Ристовски.

Другиот дел од средствата ќе бидат наменети за поддршка на млади таленти во индивидуалните спортови од кои на краток и на среден рок се очекува подобрување на резултатите, а на долг рок олимписки норми.

-Во распределбата на средства во декември ќе имаме и поддршка на млади таленти во индивидуалните спортови, сите оние на кои им треба финансирање на програма. Преку федерациите тие ќе поднесат програма и план за работа во наредната година, со конкретни бројки и со конкретни резултати што ќе треба да ги постигнат доколку ја добијат таа помош и ќе бидат комплетно финансирани од страна на Министерството за спорт. Тоа е уште еден чекор плус за повторно да видиме успеси во индивидуалниот спорт бидејќи како што досега стоеја работите, овие спортисти речиси и да немаа никаква помош од државата, освен онаа основна помош што ја добиваат од матичните федерации што е премалку доколку сакате да направите успех на олимписки игри, на светско или на европско првенство. Министерството за спорт ќе инвестира голема сума на средства и во индивидуалните спортови. Мислам дека на краток и на среден рок ќе видиме подобрување на резултатите. И што е уште поважно, на долг рок, Македонија ќе мора конечно да избори норма и за олимписки игри, а не да биде тоа само настап со вајлд карта – истакна министерот Борко Ристовски.

The post Министерството за спорт обезбедува финансиска поддршка за женскиот спорт и за младите таленти appeared first on Република.

]]>

Мириса на местенка: Ракометарки си постигнуваа автоголови, министерот Ристовски најави одземање на лиценците за клубовите https://republika.mk/sport/rakomet/mirisa-na-mestenka-rakometarki-si-postignuvaa-avtogolovi-ministerot-ristovski-najavi-odzemane-na-litsentsite-za-klubovite/ Sat, 09 Nov 2024 19:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=835950

Натпреварот Скопје - Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени. Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат.

Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши. На крајот Гевгелија победи со 17:16.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, во вечерашното гостување на ТВ Сител изјави дека в понеделник на двете екипи ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт.

The post Мириса на местенка: Ракометарки си постигнуваа автоголови, министерот Ристовски најави одземање на лиценците за клубовите appeared first on Република.

]]>

Натпреварот Скопје - Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени. Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат. Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши. На крајот Гевгелија победи со 17:16. Министерот за спорт, Борко Ристовски, во вечерашното гостување на ТВ Сител изјави дека в понеделник на двете екипи ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт.

The post Мириса на местенка: Ракометарки си постигнуваа автоголови, министерот Ристовски најави одземање на лиценците за клубовите appeared first on Република.

]]>
Промоција на спорт – да, рекламирње на казина – не: Нема веќе спортски ликови на рекламите за обложување и коцка https://republika.mk/vesti/makedonija/promotsija-na-sport-da-reklamirne-na-kazina-ne-nema-veke-sportski-likovi-na-reklamite-za-oblozhuvane-i-kotska/ Tue, 05 Nov 2024 13:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=834390

НЕМА ВЕЌЕ СПОРТСКИ ЛИКОВИ НА РЕКЛАМИТЕ ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ И КОЦКА‼️❌
Со големо задоволство ви го најавувам меморандумот за соработка потпишан помеѓу Министерството за спорт и Државната Видеолотарија на Македонија - Касинос Австрија.
Овој меморандум значи взаемно разбирање меѓу двете страни и подразбира етички однос во кој спортистите - поранешни, активни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа. 🙌🏻
Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта како и на настани поврзани со спортот и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности.✅
Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и ова е еден убав почеток на идна соработка.
Важно е сите ние да вложиме во здрава спортска средина која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството.
Чекор кон подобра и поодговорна иднина за спортот во Македонија, објави на Фејсбук, Борко Ристовски.

The post Промоција на спорт – да, рекламирње на казина – не: Нема веќе спортски ликови на рекламите за обложување и коцка appeared first on Република.

]]>

НЕМА ВЕЌЕ СПОРТСКИ ЛИКОВИ НА РЕКЛАМИТЕ ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ И КОЦКА‼️❌ Со големо задоволство ви го најавувам меморандумот за соработка потпишан помеѓу Министерството за спорт и Државната Видеолотарија на Македонија - Касинос Австрија. Овој меморандум значи взаемно разбирање меѓу двете страни и подразбира етички однос во кој спортистите - поранешни, активни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа. 🙌🏻 Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта како и на настани поврзани со спортот и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности.✅ Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и ова е еден убав почеток на идна соработка. Важно е сите ние да вложиме во здрава спортска средина која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството. Чекор кон подобра и поодговорна иднина за спортот во Македонија, објави на Фејсбук, Борко Ристовски.

The post Промоција на спорт – да, рекламирње на казина – не: Нема веќе спортски ликови на рекламите за обложување и коцка appeared first on Република.

]]>
Министерот Ристовски се сретна со претседателот на Светската атлетска асоцијација Себастијан Коу https://republika.mk/sport/ministerot-ristovski-se-sretna-so-pretsedatelot-na-svetskata-atletska-asotsijatsija-sebastijan-kou/ Fri, 25 Oct 2024 17:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=831062

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со лордот Себастијан Коу, претседател на Светската атлетска асоцијација, поранешен член на британскиот Парламент и актуелен член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) кој официјално е кандидат за прв човек на ИОК на претстојните избори во март 2025 година.

На средбата во Владата, како што информира ресорното министерство, беше дискутирано за поддршката што Министерството за спорт ја обезбедува за Атлетската федерација на Македонија, како и за идните проекти и иницијативи за унапредување на македонската атлетика.

- Ми претставува особена чест што лорд Себастија Коу е наш гостин во Владата. Се надевам на идна успешна соработка и заедно да придонесеме за развој на македонската атлетика и на спортот воопшто. Се залагам за поддршка на сите спортови, меѓутоа свесен сум за важноста на атлетиката како базичен спорт и основа за развој на национален спорт и токму затоа Атлетската федерација на Македонија е ставена во приоритетите на Министерството за спорт од индивидуалните спортови, истакна министерот Ристовски.

Коу изразил благодарност за гостопримството и можноста Скопје да биде домаќин на Конвенцијата на Европската атлетска асоцијација, која се одржува деновиве, како и на манифестација „Golden Tracks Skopje 2024“, која ќе се одржи утре во Националната опера и балет.

Претседателот на Светската атлетска асоцијација, како што се наведува, изрази огромна поддршка и воодушевеност што во земјава има Министерство за спорт и нагласи дека тоа ќе придонесе за подигнување на македонскиот спорт на многу повисоко ниво.

- Многу ми е драго што втор пат сум во Македонија, инспиративна и прекрасна земја. Прв пат сум во Владата и сум воодушевен од средбата со министерот Ристовски. Го следиме напредокот на атлетиката во вашата земја кој е во евидентен пораст и се надеваме дека со формиртањето на новото Министерство за спорт и со поддршката на министерот ќе ја подигнеме атлетиката на повисоко ниво, рече Коу.

Од Министерството за спорт посочуваат дека присуството на претседателот на Светската алетска асоцијација е особено значајно бидејќи Коу е еден од највлијателните и најпочитуваните фигури во светската спортска елита.

The post Министерот Ристовски се сретна со претседателот на Светската атлетска асоцијација Себастијан Коу appeared first on Република.

]]>

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со лордот Себастијан Коу, претседател на Светската атлетска асоцијација, поранешен член на британскиот Парламент и актуелен член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) кој официјално е кандидат за прв човек на ИОК на претстојните избори во март 2025 година. На средбата во Владата, како што информира ресорното министерство, беше дискутирано за поддршката што Министерството за спорт ја обезбедува за Атлетската федерација на Македонија, како и за идните проекти и иницијативи за унапредување на македонската атлетика.
- Ми претставува особена чест што лорд Себастија Коу е наш гостин во Владата. Се надевам на идна успешна соработка и заедно да придонесеме за развој на македонската атлетика и на спортот воопшто. Се залагам за поддршка на сите спортови, меѓутоа свесен сум за важноста на атлетиката како базичен спорт и основа за развој на национален спорт и токму затоа Атлетската федерација на Македонија е ставена во приоритетите на Министерството за спорт од индивидуалните спортови, истакна министерот Ристовски.
Коу изразил благодарност за гостопримството и можноста Скопје да биде домаќин на Конвенцијата на Европската атлетска асоцијација, која се одржува деновиве, како и на манифестација „Golden Tracks Skopje 2024“, која ќе се одржи утре во Националната опера и балет. Претседателот на Светската атлетска асоцијација, како што се наведува, изрази огромна поддршка и воодушевеност што во земјава има Министерство за спорт и нагласи дека тоа ќе придонесе за подигнување на македонскиот спорт на многу повисоко ниво.
- Многу ми е драго што втор пат сум во Македонија, инспиративна и прекрасна земја. Прв пат сум во Владата и сум воодушевен од средбата со министерот Ристовски. Го следиме напредокот на атлетиката во вашата земја кој е во евидентен пораст и се надеваме дека со формиртањето на новото Министерство за спорт и со поддршката на министерот ќе ја подигнеме атлетиката на повисоко ниво, рече Коу.
Од Министерството за спорт посочуваат дека присуството на претседателот на Светската алетска асоцијација е особено значајно бидејќи Коу е еден од највлијателните и најпочитуваните фигури во светската спортска елита.

The post Министерот Ристовски се сретна со претседателот на Светската атлетска асоцијација Себастијан Коу appeared first on Република.

]]>
Каратистот Стефан Стојановиќ на прием кај министерот Борко Ристовски https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/karatistot-stefan-stojanovik-na-priem-kaj-ministerot-borko-ristovski/ Thu, 17 Oct 2024 11:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=827999

Министерот за спорт Борко Ристовски му го честита успехот на македонскиот каратист Стефан Стојановиќ, освојувач на бронзен медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и младинци У21 што се одржа во Венеција, Италија.

На приемот, министерот Ристовски истакна дека успехот на Стојановиќ е промоција за македонското карате и доказ за квалитетот на македонските млади спортисти.

Овој резултат значи голем промоција за македонското карате и за македонскиот спорт. Медалот од СП е доказ за големата посветеност и за талентот на нашите млади спортисти и дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршка и развој на спортот во Македонија. Честки за Стефан, за неговите тренери и за целата македонска репрезентација која достојно не претставуваше на ова Светско првенство за млади категории, истакна министерот Ристовски.

Стефан Стојановиќ е единствениот каратист од македонската карате репрезентација кој освои медал на СП за кадети, јуниори и младинци во Италија. На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските крате шампионати. Пред две години, на СП во Коња, Турција, тој освои сребро. Стојановиќ е единствен каратист од Македонија со две одличја од два мунијала во У-21 и прв на Светската ранг-листа на ВКФ во својата категорија.

The post Каратистот Стефан Стојановиќ на прием кај министерот Борко Ристовски appeared first on Република.

]]>

Министерот за спорт Борко Ристовски му го честита успехот на македонскиот каратист Стефан Стојановиќ, освојувач на бронзен медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и младинци У21 што се одржа во Венеција, Италија. На приемот, министерот Ристовски истакна дека успехот на Стојановиќ е промоција за македонското карате и доказ за квалитетот на македонските млади спортисти.
Овој резултат значи голем промоција за македонското карате и за македонскиот спорт. Медалот од СП е доказ за големата посветеност и за талентот на нашите млади спортисти и дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршка и развој на спортот во Македонија. Честки за Стефан, за неговите тренери и за целата македонска репрезентација која достојно не претставуваше на ова Светско првенство за млади категории, истакна министерот Ристовски.
Стефан Стојановиќ е единствениот каратист од македонската карате репрезентација кој освои медал на СП за кадети, јуниори и младинци во Италија. На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските крате шампионати. Пред две години, на СП во Коња, Турција, тој освои сребро. Стојановиќ е единствен каратист од Македонија со две одличја од два мунијала во У-21 и прв на Светската ранг-листа на ВКФ во својата категорија.

The post Каратистот Стефан Стојановиќ на прием кај министерот Борко Ристовски appeared first on Република.

]]>
Ристовски: Почнавме санација на спортската инфраструктура, обезбедивме финансиска поддршка за спортистите https://republika.mk/vesti/makedonija/ristovski-pochnavme-sanatsija-na-sportskata-infrastruktura-obezbedivme-finansiska-poddrshka-za-sportistite/ Wed, 09 Oct 2024 10:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=824574

Министерот за спорт, Борко Ристовски е задоволен од сработеното во првите 100 дена од новата Влада.

– Македонија по 20 години доби Министерство за спорт. Конечно спорт го доби местото и вниманието што го заслужува. Овие 100 дена активно работевме на подобрување на спортската инфраструктура, обезбедување финансиска поддршка за спортските организации и поттикнување на младите да се занимаваат со спорт, рече Ристовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена нова Влада.

Ристовски се осврна и на состојбата во спортот која тој и неговиот тим ја затекнаа по неговото назначување.

– Не почнуваме од нула, туку од минус два. Затекнавме нефункционална институција со покренато обвинение за корупција за работата на досегашната Агенција за млади и спорт. Потрошени се милиони државни пари без конкретни резултати. Затекнавме руинирани спортски сали, почнати и недовршени проекти, објекти без елементарни услови за спортски активности, рече меѓу другото Ристовски.

Темелната реконструкција на спортска инфраструктура е основа за нормалното функционирање на спорт и затоа до крајот на годинава Министерството за спорт обезбеди 35 милиони денари, посочи министерот.

Ќе се реновира салата „Расадник, салата во Радовиш, салата во Ново Село, фудбалското игралиште во Тетово, ќе с егради нова атлетска патека, ќе се гради спортска сала во Воената Академија и ќе се санираат 15-20 мултифункционални игралишта.

Покрај подобрување на инфраструктурата, Ристовски кажа дека во 100 дена акцент е ставен и на финансиската поддршка за спортистите.

– Овозможивме значителна финансиска поддршка за спортистите, клубовите и федерациите. Ова помош е клучна за континуитетот на делување и учество на меѓународни натпревари. За поддршка на врвниот спорт обезбедивме и исплативме 83 милиони денари за клубовите и федерациите кои учествуваат на меѓународната сцена, додаде Ристовски.

Исто така, министерот информира дека се обезбедени 550 милиони денари за државните субвенции кои не беа исплатени од АМС во вид на ваучери.

– Ќе финансираме конкретни програми и ќе бараме конкретни резултати со отчет како се потрошени парите. До крајот на годината ќе бидат поделени дополнителни 85 милиони денари за поддршка на женскиот спорт, за индивидуални спортисти и за рекреативниот спорт, потенцира Ристовски.

Министерството за спорт се вклучи и во финансирање на Охридскиот пливачки маратон, Скопскиот атлетски маратон и Европската недела на спортот.

– Сите наши иницијативи вклучувајќи ја и распределбата на државната помош, ќе бидат спроведени со целосна транспарентност. Како заклучок на крај ќе кажам дека овие 100 дена се почеток на нашата мисија за унапредување на спортот во Македонија и да го промовирам нашето мото: Транспарентност, Етика, Интегритет, заврши Ристовски.

The post Ристовски: Почнавме санација на спортската инфраструктура, обезбедивме финансиска поддршка за спортистите appeared first on Република.

]]>

Министерот за спорт, Борко Ристовски е задоволен од сработеното во првите 100 дена од новата Влада.
– Македонија по 20 години доби Министерство за спорт. Конечно спорт го доби местото и вниманието што го заслужува. Овие 100 дена активно работевме на подобрување на спортската инфраструктура, обезбедување финансиска поддршка за спортските организации и поттикнување на младите да се занимаваат со спорт, рече Ристовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена нова Влада.
Ристовски се осврна и на состојбата во спортот која тој и неговиот тим ја затекнаа по неговото назначување.
– Не почнуваме од нула, туку од минус два. Затекнавме нефункционална институција со покренато обвинение за корупција за работата на досегашната Агенција за млади и спорт. Потрошени се милиони државни пари без конкретни резултати. Затекнавме руинирани спортски сали, почнати и недовршени проекти, објекти без елементарни услови за спортски активности, рече меѓу другото Ристовски.
Темелната реконструкција на спортска инфраструктура е основа за нормалното функционирање на спорт и затоа до крајот на годинава Министерството за спорт обезбеди 35 милиони денари, посочи министерот. Ќе се реновира салата „Расадник, салата во Радовиш, салата во Ново Село, фудбалското игралиште во Тетово, ќе с егради нова атлетска патека, ќе се гради спортска сала во Воената Академија и ќе се санираат 15-20 мултифункционални игралишта. Покрај подобрување на инфраструктурата, Ристовски кажа дека во 100 дена акцент е ставен и на финансиската поддршка за спортистите.
– Овозможивме значителна финансиска поддршка за спортистите, клубовите и федерациите. Ова помош е клучна за континуитетот на делување и учество на меѓународни натпревари. За поддршка на врвниот спорт обезбедивме и исплативме 83 милиони денари за клубовите и федерациите кои учествуваат на меѓународната сцена, додаде Ристовски.
Исто така, министерот информира дека се обезбедени 550 милиони денари за државните субвенции кои не беа исплатени од АМС во вид на ваучери.
– Ќе финансираме конкретни програми и ќе бараме конкретни резултати со отчет како се потрошени парите. До крајот на годината ќе бидат поделени дополнителни 85 милиони денари за поддршка на женскиот спорт, за индивидуални спортисти и за рекреативниот спорт, потенцира Ристовски.
Министерството за спорт се вклучи и во финансирање на Охридскиот пливачки маратон, Скопскиот атлетски маратон и Европската недела на спортот.
– Сите наши иницијативи вклучувајќи ја и распределбата на државната помош, ќе бидат спроведени со целосна транспарентност. Како заклучок на крај ќе кажам дека овие 100 дена се почеток на нашата мисија за унапредување на спортот во Македонија и да го промовирам нашето мото: Транспарентност, Етика, Интегритет, заврши Ристовски.

The post Ристовски: Почнавме санација на спортската инфраструктура, обезбедивме финансиска поддршка за спортистите appeared first on Република.

]]>
Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти и повеќе наменски средства за спортот https://republika.mk/sport/ministerot-borko-ristovski-najavi-novi-kapitalni-proekti-i-poveke-namenski-sredstva-za-sportot/ Wed, 11 Sep 2024 19:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=815484

Македонскиот спорт многу брзо ќе ги почувствува позитивните придобивки од формирање на новото Министерство за спорт со реализација на програмата и зацртаните проекти, најави министерот за спорт Борко Ристовски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

-При крај сме со изработката на новите правилници и критериуми кои ќе значат финансирање на спортот на вистински начин без можност за корупција и разни влијанија. Уште еднаш ќе повторам дека Агенцијата за млади и спорт воопшто ги немаше буџетирано тие средства од околу 10 милиони евра државна помош за спортот. Ние со ребалансот на буџетот ги обезбедивме тие средстава и направивме еден поинаков начин на финансирање. Во прв план ќе се финансира врвниот спорт со околу 85 милиони денари што не е мала сума, потоа доаѓаат средствата од т.н. ваучер, односно, државна помош или субвенционирање во спортот кои се во висина од 550 милиони денари, па пред крај на годината уште една транша од околу 85 милиони денари наменети за развој на женскиот спорт, поддршка на млади таленти и за сите оние кои што имаат индивидуални програми, како и за рекреативниот спорт. Се обидуваме да ги опфатиме сите гранки во спортот и да ставиме акцент на врвниот спорт и поддршка на младите таленти преку финансирање на нивните програми што е апсолутно различно од сѐ она што беше досега, истакна Ристовски.

- Ако Министерството за спорт во овие неполни три месеци колку што функционира успеа да изнајде средства од околу 160 милиони за финансирање во спортот, моралната дилема ми е и се наметнува прашањето каде биле или каде оделе досега овие средства? Можеби биле распределувани како што биле, но јасно е дека парите не оделе на вистинско место затоа што не гледавме развој на спортот – посочи министерот за спорт.

Ристовски потенцираше дека резултатите, проектите и активноста на федерациите и клубовите ќе бидат основниот критериум по кој во иднина ќе се распределуваат средствата од државата наменети за поддршка на спортот. Посебен акцент ќе биде ставен на врвниот спорт и поддршка на младите таленти, но и на подобрување на спортската инфраструктура.

-Од следната година планираме досегашните 10 милиони евра кои што беа државна субвенција за спортот да ги зголемиме на 15 милиони евра, што значи за 50% да ја зголемиме помошта од државата за спортот. Средствата од тој „спортски денар“ од нафтените деривати планираме да ги искористиме во капитални инвестиции. Тоа подразбира сѐ она што е за реновирање, реконструкција и изградба на нови објекти кои ќе значат подобри услови за спортот. Нашата насока на функционирање ќе биде во тој дел. За следната година во план ни е изградба на 5 нови спортски сали, отпочнување на новиот спортски комплекс во Гази Баба, изградба на спортска сала во населба Бутел наменета за олимписки спортови... Не можеме и не смееме да си дозволиме тој луксуз да бараме резултати од спортистите, од екипите и од федерациите, а да ги немаат основните услови за функционирање, да немаа сала каде да тренираат. Мора да почнеме од основата, а тоа е создавање нормални услови за функционирање на спортот – истакна министерот Борко Ристовски.

The post Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти и повеќе наменски средства за спортот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот спорт многу брзо ќе ги почувствува позитивните придобивки од формирање на новото Министерство за спорт со реализација на програмата и зацртаните проекти, најави министерот за спорт Борко Ристовски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.
-При крај сме со изработката на новите правилници и критериуми кои ќе значат финансирање на спортот на вистински начин без можност за корупција и разни влијанија. Уште еднаш ќе повторам дека Агенцијата за млади и спорт воопшто ги немаше буџетирано тие средства од околу 10 милиони евра државна помош за спортот. Ние со ребалансот на буџетот ги обезбедивме тие средстава и направивме еден поинаков начин на финансирање. Во прв план ќе се финансира врвниот спорт со околу 85 милиони денари што не е мала сума, потоа доаѓаат средствата од т.н. ваучер, односно, државна помош или субвенционирање во спортот кои се во висина од 550 милиони денари, па пред крај на годината уште една транша од околу 85 милиони денари наменети за развој на женскиот спорт, поддршка на млади таленти и за сите оние кои што имаат индивидуални програми, како и за рекреативниот спорт. Се обидуваме да ги опфатиме сите гранки во спортот и да ставиме акцент на врвниот спорт и поддршка на младите таленти преку финансирање на нивните програми што е апсолутно различно од сѐ она што беше досега, истакна Ристовски.
- Ако Министерството за спорт во овие неполни три месеци колку што функционира успеа да изнајде средства од околу 160 милиони за финансирање во спортот, моралната дилема ми е и се наметнува прашањето каде биле или каде оделе досега овие средства? Можеби биле распределувани како што биле, но јасно е дека парите не оделе на вистинско место затоа што не гледавме развој на спортот – посочи министерот за спорт. Ристовски потенцираше дека резултатите, проектите и активноста на федерациите и клубовите ќе бидат основниот критериум по кој во иднина ќе се распределуваат средствата од државата наменети за поддршка на спортот. Посебен акцент ќе биде ставен на врвниот спорт и поддршка на младите таленти, но и на подобрување на спортската инфраструктура.
-Од следната година планираме досегашните 10 милиони евра кои што беа државна субвенција за спортот да ги зголемиме на 15 милиони евра, што значи за 50% да ја зголемиме помошта од државата за спортот. Средствата од тој „спортски денар“ од нафтените деривати планираме да ги искористиме во капитални инвестиции. Тоа подразбира сѐ она што е за реновирање, реконструкција и изградба на нови објекти кои ќе значат подобри услови за спортот. Нашата насока на функционирање ќе биде во тој дел. За следната година во план ни е изградба на 5 нови спортски сали, отпочнување на новиот спортски комплекс во Гази Баба, изградба на спортска сала во населба Бутел наменета за олимписки спортови... Не можеме и не смееме да си дозволиме тој луксуз да бараме резултати од спортистите, од екипите и од федерациите, а да ги немаат основните услови за функционирање, да немаа сала каде да тренираат. Мора да почнеме од основата, а тоа е создавање нормални услови за функционирање на спортот – истакна министерот Борко Ристовски.

The post Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти и повеќе наменски средства за спортот appeared first on Република.

]]>
Македонија е со вас, момци и девојки! https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-e-so-vas-momtsi-i-devojki/ Thu, 05 Sep 2024 11:51:04 +0000 https://republika.mk/?p=813516

Честитки за младите спортски херои што не израдуваа со 3 медали од светското првенство во Будимпешта, напиша на Фејсбук министерот за спорт, Борко Ристовски.

Со голема гордост и чест, денеска ги пречекавме нашите млади спортски херои од Македонската Кик Бокс Маи Таи Федерација, кои освоија 2 златни и 1 сребрен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство што се одржа во Унгарија од 24 до 31 август 2024 година. Нивната посветеност, напор и борбен дух се инспирација за сите нас и покажуваат дека соништата можат да се остварат со многу труд и желба. Сите заедно сме горди на вас и ви посакуваме уште многу победи и успеси на светската сцена! Македонија е со вас, момци и девојки! - истакна министерот Ристовски.

The post Македонија е со вас, момци и девојки! appeared first on Република.

Вработените во бизнисот со игри на среќа го потсетуваат министерот Ристовски- Игрите на среќа се целосно легален економски сектор https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vrabotenite-vo-biznisot-so-igri-na-sreka-go-potsetuvaat-ministerot-ristovski-igrite-na-sreka-se-tselosno-legalen-ekonomski-sektor/ Fri, 30 Aug 2024 16:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=811648

Како претставници на вработените во секторот игри на среќа сме изненадени од најавата на г-дин Борко Ристовски дека спортистите кои рекламираат казина и обложувалници ќе бидат казнети од Министерството за спорт, со одземање на државната помош. Игрите на среќа се целосно легален економски сектор кој со своите инвестиции позитивно влијае на целокупниот развој на македонската економија.

Сакаме да го потсетиме Министерот Борко Ристовски дека годишниот приход во Државниот Буџет од сите приредувачи на игри на среќа достигнува до 280 милиони евра, од кои 1,5 проценти директно се слеваат во Министерството за спорт, дополнителни 1,5 проценти во Министерството за здравство.

Доколку смета дека треба да им одземе државната помош на спортистите кои рекламираат игри на среќа, дали г-дин Ристовски индиректно најавува дека неговото министерство ќе се откаже од приходите од игрите на среќа или можеби и Владата ќе се откаже од годишните приходи од оваа индустрија? Дали ќе ги повика и спортските клубови кои се спонзорирани од светски познати брендови од секторот игри на среќа да ги раскинат спонзорските договори?

Истовремено, треба да земе предвид дека вкупно гледано, сите приредувачи на игри на среќа се најголем приватен работодавец во приватниот сектор со директни 10 илјади вработувања. Ако за Министерот за спорт е неетички спортисти да рекламираат игри на среќа, тогаш каква порака им испраќа на вработените и нивните семејства, дека можеби работат во сектор кој Владата сака да го забрани?

Сметаме дека ваквите најави се апсолутно непотребни во услови кога голем број приредувачи на игри на среќа манифестираат висок степен на општествена одговорност, и надвор од законски предвидените финансиски обврски, со голем број на спонзорства и донации директно го финансираат спортот како основен предуслов за правилен развој на младината. Со вакви чекори Министерот за спорт делува дестимулирачки и кон приватните компании од други сектори кои треба да се приклучат на приредувачите на игри на среќа во спонзорирањето на македонскиот спорт.

The post Вработените во бизнисот со игри на среќа го потсетуваат министерот Ристовски- Игрите на среќа се целосно легален економски сектор appeared first on Република.

]]>

Како претставници на вработените во секторот игри на среќа сме изненадени од најавата на г-дин Борко Ристовски дека спортистите кои рекламираат казина и обложувалници ќе бидат казнети од Министерството за спорт, со одземање на државната помош. Игрите на среќа се целосно легален економски сектор кој со своите инвестиции позитивно влијае на целокупниот развој на македонската економија. Сакаме да го потсетиме Министерот Борко Ристовски дека годишниот приход во Државниот Буџет од сите приредувачи на игри на среќа достигнува до 280 милиони евра, од кои 1,5 проценти директно се слеваат во Министерството за спорт, дополнителни 1,5 проценти во Министерството за здравство. Доколку смета дека треба да им одземе државната помош на спортистите кои рекламираат игри на среќа, дали г-дин Ристовски индиректно најавува дека неговото министерство ќе се откаже од приходите од игрите на среќа или можеби и Владата ќе се откаже од годишните приходи од оваа индустрија? Дали ќе ги повика и спортските клубови кои се спонзорирани од светски познати брендови од секторот игри на среќа да ги раскинат спонзорските договори?
Истовремено, треба да земе предвид дека вкупно гледано, сите приредувачи на игри на среќа се најголем приватен работодавец во приватниот сектор со директни 10 илјади вработувања. Ако за Министерот за спорт е неетички спортисти да рекламираат игри на среќа, тогаш каква порака им испраќа на вработените и нивните семејства, дека можеби работат во сектор кој Владата сака да го забрани?
Сметаме дека ваквите најави се апсолутно непотребни во услови кога голем број приредувачи на игри на среќа манифестираат висок степен на општествена одговорност, и надвор од законски предвидените финансиски обврски, со голем број на спонзорства и донации директно го финансираат спортот како основен предуслов за правилен развој на младината. Со вакви чекори Министерот за спорт делува дестимулирачки и кон приватните компании од други сектори кои треба да се приклучат на приредувачите на игри на среќа во спонзорирањето на македонскиот спорт.

The post Вработените во бизнисот со игри на среќа го потсетуваат министерот Ристовски- Игрите на среќа се целосно легален економски сектор appeared first on Република.

]]>
Ристовски најави нова програма за субвенционирање врвен спорт: Доаѓаат поубави времиња за спортот, времиња во кои ќе се вреднуваат вистинските вредности https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ristovski-najavi-nova-programa-za-subventsionirane-vrven-sport-doagaat-poubavi-vremina-za-sportot-vremina-vo-koi-ke-se-vrednuvaat-vistinskite-vrednosti/ Fri, 30 Aug 2024 11:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=811540

Нова програма за субвенционирање врвен спорт, која ќе ги опфати сите спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа, обезбеди Министерството за спорт од државниот буџет, информира денеска на прес-конференција во Влада, ресорниот министер Борко Ристовски.

Тој посочи дека финансиските средства за таканаречениот ваучер систем се обезбедени преку државниот буџет, што, како што рече, не било случај во претходната влада. Најави дека следната недела ќе објават повик за финансирање врвен спорт, на кој ќе можат да се пријават сите федерации или екипи кои се натпреваруваат во Европа, за што биле предвидени околу 85 милиони денари.

– Наредната недела ќе бидат објавени повиците кои ќе важат за сите спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа. Ќе биде еден значителен финансиски инпут и за сите спортски федерации и за сите спортски клубови кои се натпреваруваат во Европа. Министерството за спорт изминатите два месеци работеше напорно. Направивме неколку измени на закон, со кои критериумите од т.н. ваучерски систем во најголем дел ги тргнавме. Она што значеше корупција во тој систем го тргнавме од вреднувањето на добивање на финансиски помош од државата, истакна Ристовски.

Според Национална стратегија за спорт, нагласи, најголем дел во финансирањето ќе ги носат четири федерации, кои и носат најголеми успеси на Македонија.

– Македонија од сега па натаму ќе живее еден поинаков финансиски свет, ќе живее една поинаква финансиска помош во спортот, која ќе значи вложување во спортот вложување во млади и во врвниот спорт. Нема да бидат заборавени сите гранки. Целта е развој на врвниот спорт, поддршка на младите таленти во државата како на домашен така и на меѓународен план, рече Ристовски.

Две недели по добивањето на средствата за врвен спорт, информира дека ќе следува и финансиска помош од државата која се нарекуваше ваучерски систем, но сега ќе се нарекува поинаку.

– Навистина доаѓаат поубави времиња за спортот, времиња во кои ќе се вреднуваат вистинските вредности. Времиња во кои Македонија ќе се грижи за спортот и за своите чеда. Нема да дозволиме никаква корупција во спортот и сите средства кои се наменети од државата и сите субјекти кои ќе ги добијат ќе бидат строго контролирани. Сите средства кои ќе ги добијваат таканаречените спортски надежи ќе бидат строго контролирани и нема да дозволиме повеќе средствата од државата да се трошат за небитни работи, подвлече министерот за спорт.

На новинарски прашања за трансформацијата на вработени од поранешната Агенција за млади и спорт во Министерството за спорт, како и за доцнењето на стипендиите на спортистите со меѓународни успеси, Ристовски кажа дека се работи за правен вакум и оти денеска биле исплатени заостанатите плати за јуни и јули, а од наредната недела ќе била исплатена и августовската. И стипендистите, нагласи тој, од наредната недела ќе ги добијат заостанатите средства на сметка, а од следниот месец исплатата ќе одела тековно.

Во однос на случувањата во Кошаркарската федерација, рече дека Министерството нема да се меша во внатрешните работи на ниту една федерација, но оти во најбрз рок ќе испратат инспекција која треба да ја утврди фактичката состојба.

-Изјавите на селекторот се доста загрижувачки и ќе направиме се што е во нашт моќ. Во најбрзо време ќе испратиме инспекција во Федерацијата да видиме дали тврдењата на селекторот се точни и дали се потрошени сите средства кои ги добиваат федерациите од државата на вистинско место. Доколку се утврди било каков пропуст од Кошаркарската федерација верувам дека ќе бидат санкционирани. Како Министерство нема да дозволиме никој да се поигрува прво со младите дечиња, иднината на Македонија и со средствата од граѓаните, истакна Ристовски.

https://www.youtube.com/watch?v=JAPcP6WLXi8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Ристовски најави нова програма за субвенционирање врвен спорт: Доаѓаат поубави времиња за спортот, времиња во кои ќе се вреднуваат вистинските вредности appeared first on Република.

]]>

Нова програма за субвенционирање врвен спорт, која ќе ги опфати сите спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа, обезбеди Министерството за спорт од државниот буџет, информира денеска на прес-конференција во Влада, ресорниот министер Борко Ристовски. Тој посочи дека финансиските средства за таканаречениот ваучер систем се обезбедени преку државниот буџет, што, како што рече, не било случај во претходната влада. Најави дека следната недела ќе објават повик за финансирање врвен спорт, на кој ќе можат да се пријават сите федерации или екипи кои се натпреваруваат во Европа, за што биле предвидени околу 85 милиони денари. – Наредната недела ќе бидат објавени повиците кои ќе важат за сите спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа. Ќе биде еден значителен финансиски инпут и за сите спортски федерации и за сите спортски клубови кои се натпреваруваат во Европа. Министерството за спорт изминатите два месеци работеше напорно. Направивме неколку измени на закон, со кои критериумите од т.н. ваучерски систем во најголем дел ги тргнавме. Она што значеше корупција во тој систем го тргнавме од вреднувањето на добивање на финансиски помош од државата, истакна Ристовски. Според Национална стратегија за спорт, нагласи, најголем дел во финансирањето ќе ги носат четири федерации, кои и носат најголеми успеси на Македонија. – Македонија од сега па натаму ќе живее еден поинаков финансиски свет, ќе живее една поинаква финансиска помош во спортот, која ќе значи вложување во спортот вложување во млади и во врвниот спорт. Нема да бидат заборавени сите гранки. Целта е развој на врвниот спорт, поддршка на младите таленти во државата како на домашен така и на меѓународен план, рече Ристовски. Две недели по добивањето на средствата за врвен спорт, информира дека ќе следува и финансиска помош од државата која се нарекуваше ваучерски систем, но сега ќе се нарекува поинаку. – Навистина доаѓаат поубави времиња за спортот, времиња во кои ќе се вреднуваат вистинските вредности. Времиња во кои Македонија ќе се грижи за спортот и за своите чеда. Нема да дозволиме никаква корупција во спортот и сите средства кои се наменети од државата и сите субјекти кои ќе ги добијат ќе бидат строго контролирани. Сите средства кои ќе ги добијваат таканаречените спортски надежи ќе бидат строго контролирани и нема да дозволиме повеќе средствата од државата да се трошат за небитни работи, подвлече министерот за спорт. На новинарски прашања за трансформацијата на вработени од поранешната Агенција за млади и спорт во Министерството за спорт, како и за доцнењето на стипендиите на спортистите со меѓународни успеси, Ристовски кажа дека се работи за правен вакум и оти денеска биле исплатени заостанатите плати за јуни и јули, а од наредната недела ќе била исплатена и августовската. И стипендистите, нагласи тој, од наредната недела ќе ги добијат заостанатите средства на сметка, а од следниот месец исплатата ќе одела тековно. Во однос на случувањата во Кошаркарската федерација, рече дека Министерството нема да се меша во внатрешните работи на ниту една федерација, но оти во најбрз рок ќе испратат инспекција која треба да ја утврди фактичката состојба. -Изјавите на селекторот се доста загрижувачки и ќе направиме се што е во нашт моќ. Во најбрзо време ќе испратиме инспекција во Федерацијата да видиме дали тврдењата на селекторот се точни и дали се потрошени сите средства кои ги добиваат федерациите од државата на вистинско место. Доколку се утврди било каков пропуст од Кошаркарската федерација верувам дека ќе бидат санкционирани. Како Министерство нема да дозволиме никој да се поигрува прво со младите дечиња, иднината на Македонија и со средствата од граѓаните, истакна Ристовски. https://www.youtube.com/watch?v=JAPcP6WLXi8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Ристовски најави нова програма за субвенционирање врвен спорт: Доаѓаат поубави времиња за спортот, времиња во кои ќе се вреднуваат вистинските вредности appeared first on Република.

]]>
Борко Ристовски: На спортските легенди кои ќе рекламираат казина и обложувалници ќе им биде одземена државната помош https://republika.mk/vesti/borko-ristovski-na-sportskite-legendi-koi-ke-reklamiraat-kazina-i-oblozhuvalnitsi-ke-im-bide-odzemena-drzhavnata-pomosh/ Fri, 30 Aug 2024 09:03:10 +0000 https://republika.mk/?p=811478

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, од пред два месеци, е во комплетно нова професионална улога. Тој е на чело на новото Министерство за спорт. Ќе го вратиме спортот каде што му е местото во македонското општество, обезбедени се пари за ваучерите, со Даниел Димевски немам намера да комуницирам, спортисти и спортски работници не смее да ја рекламираат индустријата за игри на среќа, а оние што го прават тоа ќе ја загубат државната помош, вели во интервју за Рес Публика.

Повеќепати од доаѓањето на функцијата зборувате за воведување ред, односно за систем на вредност и начин на однесување на спортските функционери и на спортистите. Дали мислите на рекламирањето обложувалници и казина, бидејќи појавувањето на дел од нашите спортски легенди во ваквите реклами предизвика жестоки реакции во јавноста?

Ристовски: Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници.

https://youtu.be/qMpQj03TbEU?si=vFkQVm3BSptT_HZ4

The post Борко Ристовски: На спортските легенди кои ќе рекламираат казина и обложувалници ќе им биде одземена државната помош appeared first on Република.

]]>

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, од пред два месеци, е во комплетно нова професионална улога. Тој е на чело на новото Министерство за спорт. Ќе го вратиме спортот каде што му е местото во македонското општество, обезбедени се пари за ваучерите, со Даниел Димевски немам намера да комуницирам, спортисти и спортски работници не смее да ја рекламираат индустријата за игри на среќа, а оние што го прават тоа ќе ја загубат државната помош, вели во интервју за Рес Публика. Повеќепати од доаѓањето на функцијата зборувате за воведување ред, односно за систем на вредност и начин на однесување на спортските функционери и на спортистите. Дали мислите на рекламирањето обложувалници и казина, бидејќи појавувањето на дел од нашите спортски легенди во ваквите реклами предизвика жестоки реакции во јавноста? Ристовски: Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници. https://youtu.be/qMpQj03TbEU?si=vFkQVm3BSptT_HZ4

The post Борко Ристовски: На спортските легенди кои ќе рекламираат казина и обложувалници ќе им биде одземена државната помош appeared first on Република.

]]>
Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ristovski-ke-finansirame-iskluchivo-talentirani-idni-olimpijtsi-a-ne-olimpiski-turizam/ Tue, 13 Aug 2024 12:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=806178

Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, туку ќе ги форсираме најталентираните, ќе ги финансираме нивните програми, но ќе бараме и соодветни резултати. Комплетно ќе го смениме пристапот. Ќе направиме целосна анализа на сите потенцијални следни олимпијци и ќе се фокусираме на нив, најави денеска министерот за спорт Борко Ристовски.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ристовски напомена дека за да се бараат резултати од нашите спортисти, мора најпрво да се обезбедат соодветни услови. Сепак, оцени, досегашните слаби олимписки резултати се последица на неправилното работење, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови.

Имаме олимпијци во регионот како во Косово на пример, кои имаат двојно или многу повеќе резултати на олимпијадите. Значи, не се работело правилно, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови. Со должна почит, не можеме да кажеме дека Косово е Германија, Франција или Италија во однос на условите, но поважен е начинот на кој се работело со олимпијците, истакна Ристовски.

Програмите на Министерството за спорт ќе бидат јавно достапни, напомена, а сите федерации и спортови што ќе влезат во четиригодишната стратегија ќе бидат целосно финансирани и за нивното развивање ќе бидат комплетно обезбедени условите. Дури тогаш ќе можеме да бараме резултати, се дотогаш можеме да се надеваме на поединечни блесоци, како Дарио, Милијана.

Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци и програми кои ќе бидат строги и стриктни. Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, за жал, туку ќе бараме резултати од соодветните федерации кои ќе бидат означени како наш приоритет. Тоа е она што сакаме да го направиме во спортот, што сакаме да го постигнеме и нема да застанеме се додека не ги видиме вистинските дечиња, вистинските спортисти, вистинските професионалци на Олимпијада. Премногу е рано да е зборува за Олимпијадата, но не и за резултатите и за тоа кои млади категории сакаме да ги форсираме. Целта е да обезбедиме за Дарио и нему сличните подобри услови, за да може да го развиваат својот талент, а со тоа и резултати на Олимпијада. Апсолутно стоиме на тоа дека за да барате резултати, мора да има соодветни улови, најпрво мора да ги направиме тие улови на краток период, а потоа да финансираме програми и да бараме резултати. Но, тие што ќе добијат финансии од државата, а нема да ги исполнат резултатите, ќе бидат тргнати од листата и на нивно мето ќе дојдат други нови деца, нови спортисти, ито така талентирани, потенцира министерот.

Тој информира и дека веќе е во подготовка изградбата на повеќе атлетски стази низ државата, а ќе се почне од Гевгелија.

The post Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам appeared first on Република.

]]>

Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, туку ќе ги форсираме најталентираните, ќе ги финансираме нивните програми, но ќе бараме и соодветни резултати. Комплетно ќе го смениме пристапот. Ќе направиме целосна анализа на сите потенцијални следни олимпијци и ќе се фокусираме на нив, најави денеска министерот за спорт Борко Ристовски. Одговорајќи на новинарски прашања, Ристовски напомена дека за да се бараат резултати од нашите спортисти, мора најпрво да се обезбедат соодветни услови. Сепак, оцени, досегашните слаби олимписки резултати се последица на неправилното работење, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови.
Имаме олимпијци во регионот како во Косово на пример, кои имаат двојно или многу повеќе резултати на олимпијадите. Значи, не се работело правилно, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови. Со должна почит, не можеме да кажеме дека Косово е Германија, Франција или Италија во однос на условите, но поважен е начинот на кој се работело со олимпијците, истакна Ристовски.
Програмите на Министерството за спорт ќе бидат јавно достапни, напомена, а сите федерации и спортови што ќе влезат во четиригодишната стратегија ќе бидат целосно финансирани и за нивното развивање ќе бидат комплетно обезбедени условите. Дури тогаш ќе можеме да бараме резултати, се дотогаш можеме да се надеваме на поединечни блесоци, како Дарио, Милијана.
Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци и програми кои ќе бидат строги и стриктни. Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, за жал, туку ќе бараме резултати од соодветните федерации кои ќе бидат означени како наш приоритет. Тоа е она што сакаме да го направиме во спортот, што сакаме да го постигнеме и нема да застанеме се додека не ги видиме вистинските дечиња, вистинските спортисти, вистинските професионалци на Олимпијада. Премногу е рано да е зборува за Олимпијадата, но не и за резултатите и за тоа кои млади категории сакаме да ги форсираме. Целта е да обезбедиме за Дарио и нему сличните подобри услови, за да може да го развиваат својот талент, а со тоа и резултати на Олимпијада. Апсолутно стоиме на тоа дека за да барате резултати, мора да има соодветни улови, најпрво мора да ги направиме тие улови на краток период, а потоа да финансираме програми и да бараме резултати. Но, тие што ќе добијат финансии од државата, а нема да ги исполнат резултатите, ќе бидат тргнати од листата и на нивно мето ќе дојдат други нови деца, нови спортисти, ито така талентирани, потенцира министерот.
Тој информира и дека веќе е во подготовка изградбата на повеќе атлетски стази низ државата, а ќе се почне од Гевгелија.  

The post Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам appeared first on Република.

]]>
Ристовски: Ќе направиме комплетна инспекција на спортските сали во Прилеп https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ristovski-ke-napravime-kompletna-inspektsija-na-sportskite-sali-vo-prilep/ Fri, 12 Jul 2024 16:03:28 +0000 https://republika.mk/?p=796244

Ќе направиме комплетна инспекција на спортските сали во Прилеп, кој стопанисува со нив и какви се имотно-правните односи и нема да дозволиме политиката да се меша во спортот, изјави минисгерот за спорт Борко Ристовски при денешната посета на Универзалната сала во Прилеп.

Неговата посета е на покана и петиција од градот со која се бара во Прилеп да функционира спортска сала, зашто со години е тоа невозможно.

Ристовски ја посети Универзалната сала во Прилеп и рече дека за брзо ќе се разгледа документацијата за да се разрешат проблемите и да се стави во функција до почетокот на спортската сезона во септември-октомври месец.

-Од она што можевме да го видиме во инспекцијата на самиот терен во Универзалната сала во Прилеп, прво, ќе добиеме извештај и во најбрз можен рок ќе дадеме на испитување делови од спортската сала. Според првичните сознанија, нема некои големи градежни работи кои треба да се направат за салата да биде функционална, и се гледа дека причините за затворање на спортските сали во Прилеп повеќе биле политички, отколку спортски. Најавив дека во Министерството нема да внесуваме политика. И Министерството ќе служи како пријател на сите спортови. По направената анализа и испитувањата, во најбрз можен рок, ќе ги решиме правно-имотните проблеми што ги има оваа сала и верувам до почетокот на сезоната, септември-октомври, ќе биде решен и овој проблем. Ќе бидат потребни мали реновирања за оваа сала да биде функционална, изјави министерот за спорт Борко Ристовски.

Што се однесува до салата „Македонија“ до Паркот на револуцијата, и таму ќе се решаваат имотно-правните проблеми.

-Најпрво ќе ги провериме сите закупувачи на просторот во салата „Македонија“ во Прилеп. Ако имаме време ќе направиме и таму првична инспекција. Ќе се потрудиме во најбрз можен рок да ги провериме сите договори за закуп. Едно е јасно, нема да дозволиме кој било да стопнисува со овие објекти ако е незаконски, рече Ристовски при денешната посета на спортските сали во Прилеп.

The post Ристовски: Ќе направиме комплетна инспекција на спортските сали во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Ќе направиме комплетна инспекција на спортските сали во Прилеп, кој стопанисува со нив и какви се имотно-правните односи и нема да дозволиме политиката да се меша во спортот, изјави минисгерот за спорт Борко Ристовски при денешната посета на Универзалната сала во Прилеп. Неговата посета е на покана и петиција од градот со која се бара во Прилеп да функционира спортска сала, зашто со години е тоа невозможно. Ристовски ја посети Универзалната сала во Прилеп и рече дека за брзо ќе се разгледа документацијата за да се разрешат проблемите и да се стави во функција до почетокот на спортската сезона во септември-октомври месец.
-Од она што можевме да го видиме во инспекцијата на самиот терен во Универзалната сала во Прилеп, прво, ќе добиеме извештај и во најбрз можен рок ќе дадеме на испитување делови од спортската сала. Според првичните сознанија, нема некои големи градежни работи кои треба да се направат за салата да биде функционална, и се гледа дека причините за затворање на спортските сали во Прилеп повеќе биле политички, отколку спортски. Најавив дека во Министерството нема да внесуваме политика. И Министерството ќе служи како пријател на сите спортови. По направената анализа и испитувањата, во најбрз можен рок, ќе ги решиме правно-имотните проблеми што ги има оваа сала и верувам до почетокот на сезоната, септември-октомври, ќе биде решен и овој проблем. Ќе бидат потребни мали реновирања за оваа сала да биде функционална, изјави министерот за спорт Борко Ристовски.
Што се однесува до салата „Македонија“ до Паркот на револуцијата, и таму ќе се решаваат имотно-правните проблеми. -Најпрво ќе ги провериме сите закупувачи на просторот во салата „Македонија“ во Прилеп. Ако имаме време ќе направиме и таму првична инспекција. Ќе се потрудиме во најбрз можен рок да ги провериме сите договори за закуп. Едно е јасно, нема да дозволиме кој било да стопнисува со овие објекти ако е незаконски, рече Ристовски при денешната посета на спортските сали во Прилеп.

The post Ристовски: Ќе направиме комплетна инспекција на спортските сали во Прилеп appeared first on Република.

]]>
„Разговори за унапредување на македонскиот спорт“: Мицкоски и Ристовски на средба со Мустага, Мукаетов и Милошевски https://republika.mk/vesti/makedonija/razgovori-za-unapreduvane-na-makedonskiot-sport-mitskoski-i-ristovski-na-sredba-so-mustaga-mukaetov-i-miloshevski/ Thu, 27 Jun 2024 13:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=791328

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски денеска се сретна со претседателот на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар на Ракометната федерација, Филип Милошевски.

Разговори за унапредување на македонскиот спорт, инвестиции и визии за иднина, рече Мицкоски по средбата, која ја оцени за срдечна.

The post „Разговори за унапредување на македонскиот спорт“: Мицкоски и Ристовски на средба со Мустага, Мукаетов и Милошевски appeared first on Република.

Ристовски и Пандев во посета на летниот камп во Дојран https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ristovski-i-pandev-vo-poseta-na-letniot-kamp-vo-dojran/ Wed, 26 Jun 2024 12:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=790996

Денес заедно со фудбалската легенда Горан Пандев, го посетивме летниот камп во Дојран организиран од Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија. Имавме можност да ги запознаеме младите спортисти, да ги инспирираме и мотивираме со нашите искуства. Заедно ја истакнавме важноста на спортот во градењето на здрави животни навики и тимски дух, објави на Фејсбук министерот за спорт, Борко Ристовски.

The post Ристовски и Пандев во посета на летниот камп во Дојран appeared first on Република.

Новиот министер за спорт со јасна порака: Транспарентноста и отчетноста се наш приоритет https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/noviot-minister-za-sport-so-jasna-poraka-transparentnosta-i-otchetnosta-se-nash-prioritet/ Mon, 24 Jun 2024 14:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=790342

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари работна средба со директорот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски. На средбата се разговараше за тековните и идни проекти во спортскиот сектор, како и за финансиската транспарентност и отчетност во работата на министерството.

Министерот нагласи дека соработката со Државниот завод за ревизија е од клучно значење за обезбедување на интегритетот и правилното користење на буџетските средства наменети за спортот. „Транспарентноста и одговорното управување со средствата се приоритети на нашето министерство и оваа средба е важен чекор во таа насока, истакна тој.

Директорот на Државниот завод за ревизија ја потврди поддршката на заводот за напорите на Министерството за спорт и изрази спремност за понатамошна соработка. „Нашата мисија е да обезбедиме ефективна контрола и надзор врз финансирањето на сите проекти и активности. Заедно можеме да постигнеме повисоко ниво на транспарентност и ефикасност“, рече директорот.

На крајот од средбата, двете страни се согласија дека континуираната комуникација и соработка се неопходни за постигнување на заедничките цели и унапредување на спортскиот сектор во Република Македонија.

The post Новиот министер за спорт со јасна порака: Транспарентноста и отчетноста се наш приоритет appeared first on Република.

]]>

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари работна средба со директорот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски. На средбата се разговараше за тековните и идни проекти во спортскиот сектор, како и за финансиската транспарентност и отчетност во работата на министерството.
Министерот нагласи дека соработката со Државниот завод за ревизија е од клучно значење за обезбедување на интегритетот и правилното користење на буџетските средства наменети за спортот. „Транспарентноста и одговорното управување со средствата се приоритети на нашето министерство и оваа средба е важен чекор во таа насока, истакна тој.
Директорот на Државниот завод за ревизија ја потврди поддршката на заводот за напорите на Министерството за спорт и изрази спремност за понатамошна соработка. „Нашата мисија е да обезбедиме ефективна контрола и надзор врз финансирањето на сите проекти и активности. Заедно можеме да постигнеме повисоко ниво на транспарентност и ефикасност“, рече директорот. На крајот од средбата, двете страни се согласија дека континуираната комуникација и соработка се неопходни за постигнување на заедничките цели и унапредување на спортскиот сектор во Република Македонија.  

The post Новиот министер за спорт со јасна порака: Транспарентноста и отчетноста се наш приоритет appeared first on Република.

]]>
РК Вардар ќе има нов извршен директор https://republika.mk/sport/rakomet/rk-vardar-ke-ima-nov-izvrshen-direktor/ Thu, 20 Jun 2024 11:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=789331

Предложениот министер за спорт во новата македонска влада Борко Ристовски денес се повлече од позицијата извршен директор на РК Вардар.

Ристовски преку социјалните мрежи ја образложи својата одлука.

- Уште една сезона е зад нас во која успеавме да направиме многу позитивни работи. Успеавме да го стабилизираме нашиот РК Вардар, да се вратиме едно скалило повисоко во однос на лани, и милиметри недостасуваа да бидеме на највисокото скалило. Горд сум што како дел од тимот и негов Извршен директор, направиме екипа која има квалитет, капацитет и добра хемија, потребни за остварување на резултати. Што го направивме Вардар пак да е фактор, и клуб кој е секогаш за врвни дострели.

Сигурно можевме и повеќе, и требаше да бидеме уште некој чекор понапред. Во спортот не може ништо да се планира однапред, но со добро организирање, тренирање и пред се силна волја секогаш се стигнува онаму каде сте тргнале. А ние тргнавме по патеки кои ни носат добри резултати. Успешно ги надминувавме и ги решаваме сите предизвици пред нас.

Професионалниот ангажман секогаш ви носи нови предизвици во кои влегувате, со идеја нешто да подобрите, да смените, да се борите за своите идеали и цели. РК Вардар ми овозможи да работам на тоа поле, и да размислувам за подобри услови, во клубот, но и за сите спортисти, и за сите клубови. Нешто што ни недостасува во спортот во целина. Подобри услови, повеќе спортисти, создавање идни горди ѕвезди и репрезентативци на Македонија.

Бидејќи прифатив да работам на тоа, и сум предложен за иден Министер за спорт во Владата на Република Македонија, сметам дека мојата идна функција и сегашната не се споиви. РК Вардар ќе остане во моето срце како клуб кој многу ми дал. Останувам да навивам за мојот Вардар, но, решив да се посветам на доброто на целиот спорт, на секој клуб, на секој спортист. Затоа во иднина се повлекувам од функцијата Извршен директор на РК Вардар која со љубов, желба и посветеност ја работев.

Убеден сум дека има многу квалитетни луѓе кои ќе го продолжат она што го почнавме и ќе продолжат уште појако. А јас ќе продолжам да бидам на страната на спортот, на сите клубови, на сите спортисти, и ќе се борам да ги добијат најдобрите услови за работа и да бидат горди претставници на својата Македонија.

Останувам отворен за секој дијалог, секој разговор, за се што е во интересен на македонскиот спорт, стои во обраќањето на Ристовски.

Поранешниот македонски репрезентативен голман за извршен директор во Вардар беше поставен во јули минатата година.

The post РК Вардар ќе има нов извршен директор appeared first on Република.

]]>

Предложениот министер за спорт во новата македонска влада Борко Ристовски денес се повлече од позицијата извршен директор на РК Вардар. Ристовски преку социјалните мрежи ја образложи својата одлука. - Уште една сезона е зад нас во која успеавме да направиме многу позитивни работи. Успеавме да го стабилизираме нашиот РК Вардар, да се вратиме едно скалило повисоко во однос на лани, и милиметри недостасуваа да бидеме на највисокото скалило. Горд сум што како дел од тимот и негов Извршен директор, направиме екипа која има квалитет, капацитет и добра хемија, потребни за остварување на резултати. Што го направивме Вардар пак да е фактор, и клуб кој е секогаш за врвни дострели. Сигурно можевме и повеќе, и требаше да бидеме уште некој чекор понапред. Во спортот не може ништо да се планира однапред, но со добро организирање, тренирање и пред се силна волја секогаш се стигнува онаму каде сте тргнале. А ние тргнавме по патеки кои ни носат добри резултати. Успешно ги надминувавме и ги решаваме сите предизвици пред нас. Професионалниот ангажман секогаш ви носи нови предизвици во кои влегувате, со идеја нешто да подобрите, да смените, да се борите за своите идеали и цели. РК Вардар ми овозможи да работам на тоа поле, и да размислувам за подобри услови, во клубот, но и за сите спортисти, и за сите клубови. Нешто што ни недостасува во спортот во целина. Подобри услови, повеќе спортисти, создавање идни горди ѕвезди и репрезентативци на Македонија. Бидејќи прифатив да работам на тоа, и сум предложен за иден Министер за спорт во Владата на Република Македонија, сметам дека мојата идна функција и сегашната не се споиви. РК Вардар ќе остане во моето срце како клуб кој многу ми дал. Останувам да навивам за мојот Вардар, но, решив да се посветам на доброто на целиот спорт, на секој клуб, на секој спортист. Затоа во иднина се повлекувам од функцијата Извршен директор на РК Вардар која со љубов, желба и посветеност ја работев. Убеден сум дека има многу квалитетни луѓе кои ќе го продолжат она што го почнавме и ќе продолжат уште појако. А јас ќе продолжам да бидам на страната на спортот, на сите клубови, на сите спортисти, и ќе се борам да ги добијат најдобрите услови за работа и да бидат горди претставници на својата Македонија. Останувам отворен за секој дијалог, секој разговор, за се што е во интересен на македонскиот спорт, стои во обраќањето на Ристовски. Поранешниот македонски репрезентативен голман за извршен директор во Вардар беше поставен во јули минатата година.

The post РК Вардар ќе има нов извршен директор appeared first on Република.

]]>
Ристовски: Министерството за спорт значи дека спортистите ќе имаат свој дом каде што ќе можат да се обратат https://republika.mk/vesti/makedonija/ristovski-ministerstvoto-za-sport-znachi-deka-sportistite-ke-imaat-svoj-dom-kade-shto-ke-mozhat-da-se-obratat/ Fri, 14 Jun 2024 17:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=787673

„По објавувањето дека ќе се формира министерство за спорт добив повеќе пораки приватно и телефонски јавувања за помош. И тоа бидејќи луѓето и спортистите, федерациите и дел од федерациите се чувствуваат оставени сами на себе, наместо државата да им помогне, истакна Борко Ристовски, претседател на Комисија за спорт на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Години наназад имаше константна негрижа за спортот, за спортистите, за федерациите, и за најмладите категории од страна на власта“, појасни тој.

Ристовски додаде министерството за спорт е голем исчекор и тоа значи дека спортистите ќе имаат свој дом каде што ќе можат да се обратат за проблемите со кои што се соочуваат.

Министерство за спорт е еден огромен чекор или исчекор кон она што сакаме да го постигнеме, а тоа е повторно да го вратиме спортот на еден од пиедесталите во ова општество. Спортистите и генерално спортските работници ќе имаат свој дом, ќе имаат дом каде што ќе можат да се обратат за проблеми од овој тип или пак различни проблеми“, рече Ристовски.

Тој посочи дека спортистите ќе имаат свој претставник во Владата и тоа е голем плус за спортот.

Министерството треба и мора да биде еден вид поддршка за спортот генерално, да се создадат максимално добри услови за сите спортисти, за сите репрезентативци, буквално за сите“, нагласи тој.

Ристовски истакна дека се што е во програмата ветено за спортот се ќе биде исполнето.

Ние низ цела Македонија со сите спортски работници неуморно 40-тина дена буквално ја изоравме Македонија за да ја преставиме целата наша програма што се однесува за спорт, додаде Ристовски.

The post Ристовски: Министерството за спорт значи дека спортистите ќе имаат свој дом каде што ќе можат да се обратат appeared first on Република.

На покана на извршниот директор Борко Ристовски, Вардар ги нагости децата од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/na-pokana-na-izvrshniot-direktor-borko-ristovski-vardar-gi-nagosti-detsata-od-zdruzhenieto-na-roditeli-na-detsa-zaboleni-od-tserebralna-paraliza-skopje/ Thu, 30 May 2024 12:33:29 +0000 https://republika.mk/?p=783186

Децата од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје“, присуствуваа на тренингот на првиот тим на РК Вардар.

На покана на Извршниот директор, Борко Ристовски децата одблиску и на самиот терен се запознаа со играчите и стручниот штаб на Вардар, го проследија тренингот и добија подароци од клубот и заедничка фотографии со играчите за спомен.

Салата во СЦ „Јане Сандански“ е една од ретките што има пристап за лица во колички, и на натпреварите на Вардар често сме домаќини на лица кои вака ги следат натпреварите кои секогаш се добредојдени гости.

The post На покана на извршниот директор Борко Ристовски, Вардар ги нагости децата од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје appeared first on Република.

]]>

Децата од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје“, присуствуваа на тренингот на првиот тим на РК Вардар. На покана на Извршниот директор, Борко Ристовски децата одблиску и на самиот терен се запознаа со играчите и стручниот штаб на Вардар, го проследија тренингот и добија подароци од клубот и заедничка фотографии со играчите за спомен. Салата во СЦ „Јане Сандански“ е една од ретките што има пристап за лица во колички, и на натпреварите на Вардар често сме домаќини на лица кои вака ги следат натпреварите кои секогаш се добредојдени гости.

The post На покана на извршниот директор Борко Ристовски, Вардар ги нагости децата од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје appeared first on Република.

]]>
Ристовски: Направивме комплетна реогранизација на Вардар https://republika.mk/sport/rakomet/ristovski-napravivme-kompletna-reogranizatsija-na-vardar/ Tue, 06 Feb 2024 13:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=741058

Направивме комплетна реогранизација на клубот, рече во утрешното „Студио 10“ Борко Ристовски, директор на ракометниот клуб Вардар.

Начинот на којшто треба да функционира еден професионален клуб. Најпрво почнавме од тоа да си ги средиме дома работите, а потоа почнавме и нов начин на функцноирање, односно прибирање на повеке мали спонзори за да не зависиме од еден голем и да не завршиме како „Кометал Ѓорче Петров“ или со „Вардар“ со Самсоненко и клубот да остане на цедило. Направивме една ситуација која е постабилна и еден спознор да замине, 80% од финасиската структура ке биде стабилна и нема да има потреси. Направивме ново функцноирање. Тешко е и имаме уште многу работи за поправање, рече Ристовски.

Потенцираше дека клубот, иако институција со долго реноме и историја, беше оставен во една незавидна ситуација.

Не се знаеше дали ќе функционира и дали ќе постои. Беше оставен во долгови, многу отворени побарувања и ние направиме нова пререгистрација за да пробаме да ги избенгме овие работи. Не можеме да вракаме долгови за некој друг што ги направил. На крај на денот Европската ракомента федерација одлучи дека сепак се работи за еден ист субјект. И почнавме да ги санираме тие стари долгови. Разговаравме со играчите на кои им се должеше, да направиме договор со кој парцијално клубот ќе ги врака тие долгови. Голем дел од играчите излегоа пресрет на клубот, го чувствуваат како дел од себе. Имаше и играчи кои поднесоа тужба и ја добија, со право. Сега повторно полека тие долгови ги тргаме, дел од нив и Самсоненко врати, дел ние. Сè уште враќаме, но не можете да се откажете од „Вардар“ и покрај што ситуцијата е каква каква што е. Далеку сме од добра ситуација, чекориме напред и не се откажуваме, рече Ристовски.

The post Ристовски: Направивме комплетна реогранизација на Вардар appeared first on Република.

]]>

Направивме комплетна реогранизација на клубот, рече во утрешното „Студио 10“ Борко Ристовски, директор на ракометниот клуб Вардар. Начинот на којшто треба да функционира еден професионален клуб. Најпрво почнавме од тоа да си ги средиме дома работите, а потоа почнавме и нов начин на функцноирање, односно прибирање на повеке мали спонзори за да не зависиме од еден голем и да не завршиме како „Кометал Ѓорче Петров“ или со „Вардар“ со Самсоненко и клубот да остане на цедило. Направивме една ситуација која е постабилна и еден спознор да замине, 80% од финасиската структура ке биде стабилна и нема да има потреси. Направивме ново функцноирање. Тешко е и имаме уште многу работи за поправање, рече Ристовски. Потенцираше дека клубот, иако институција со долго реноме и историја, беше оставен во една незавидна ситуација.