Борис Дежуловиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/boris-dezhulovik/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 09:12:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борис Дежуловиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/boris-dezhulovik/ 32 32 Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија https://republika.mk/vesti/kultura/trkalezna-masa-na-pro-za-balkan-zhanrot-na-21-vek-e-distopija-duri-i-kako-fantazija/ Tue, 17 Sep 2024 09:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=817003

Тркалезна маса на „ПРО-ЗА Балкан“: Како писатели можеме да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија

Како дистопијата ја победи утопијата во современиот свет? Каква е улогата на литературата денес како вечна форма на отпор чија смисла е да ги менува нештата? И колку вербата дека можете да ги менувате нештата ќе ве доведат до крајната цел? Ова се дел од размислите на писателите што синоќа учествуваа на тркалезната маса „Литературата како форма на отпор“ што се одржа во рамките на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во просториите на Јуроп хаус во Скопје. На дискусијата учествуваа лауреатот на фестивалот, српскиот писател Владимир Пиштало, хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија, Мајк Дауни од Велика Британија и нашиот новинар и во последните години писател, Ѕвездан Георгиевски. Поради болест Рене Карабаш и Виолета Танчева-Златева не учествуваа на тркалезната маса, но присутни беа гостите од 11. Скопје фелоушип програма.

Увод во дебатата даде Дејан Трајкоски, идеен творец и директор на фестивалот кој цитираше дел од говорот на писателот Миљенко Јерговиќ пред две и пол недели на фестивал во Словенија:

'Судејќи по тоа што сме живи, ние сме потомци на убијци, а не на нивните жртви. Ви благодарам што ме доведовте на ова место и нема да ме убиете како јас што ве убивав вас.' Овие зборови за смрт, убиство и простување не се искажани од автор од третиот свет, туку од автор што живее во земја-членка на ЕУ и добива награда во друга земја-членка на ЕУ. Во овие две реченици од генијалниот говор е скриена најголемата тајна кажана низ поетска, метафорична форма. Ако се разложат, тие се тотално антиничеански, зашто Ниче се борел за отфрлање на афектот на вината, а тука имаме тотална спротивност кога авторот ја признал вината што можеби не ја ни сторил? Зошто?! Дали е тоа негова Гандиевско-теолошка порака дека во ова време сите треба да истапиме на радикален начин како форма на отпор кон сè што се случуваше во минатото и на овие простори, а се случуваат и денес – рече Трајкоски.

На неговите зборови се надоврза модераторот Владимир Јанковски, и самиот наградуван писател кој ја конципираше темата на тркалезната маса. Предност му даде на лауреатот Пиштало, цитирајќи го: „Книгите се место на смислата и вистината. Смислата грее, вистината оживува...“ На прашањето дали чинот на пишување во суштина е радикален и револуционерен чин на несогласување со светот, Пиштало е дециден дека на почетокот клучна е таа улога на незадоволство.

Кога си млад, сите те нервираат. Како во песната I Don’t Like Mondays (Не ми се допаѓаат понеделниците н.з.). Тоа незадоволство и нелагодност ми се многу познати. Во комунизмот секогаш зборуваа за еден термин – анархосиндикализам. Не ги разбирав, што зборувате луѓе? Ајде да веруваме во тоа што зборуваме и да почнеме да ги разбираме нештата. Поезијата е доказ колку зборовите можат да бидат вистинити. Јазикот може да биде стварен. Најважна работа е да се користат вистински зборови кои го оживуваат нештото – вели Пиштало.

Јанковски направи споредба помеѓу жанровите утопија и дистопија, првиот да создава алтернативен свет, вториот како модел преку кој авторите често се обидуваат да разобличат тоталистаристички општества. Дежуловиќ се надоврза велејќи дека утопија беше романтичниот жанр на минатиот век.

[caption id="attachment_817014" align="alignnone" width="750"] Борис Дежуловиќ: Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Комунизмот е прекрасна утопија. Невозможно е човечкото суштество да знае да дели. Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија. Пред многу години кога замислувавме како ќе биде после 2000-та, го замислувавме токму вака, како денес, свет со милион камери што постојано ве снимаат. Нè уверија дека ја сакаме оваа дистопија. Кина создаде таков свет за милиони луѓе. Трамп самиот по себе е дистопија. Да го замислевме интернетот пред 150 години ќе се ужасневме од самата помисла, денес го прифаќаме како нормален. Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија – рече Дежуловиќ, цитирајќи го Алдус Хаксли: „Не се плашам од општество во кое се книгите забранети, туку од општество каде никој не сака да чита.“

На него се надоврза Шапоња кој верува дека постои и друга алтернатива. Писателите пишуваат од отпор кон светот. Живеат во свет на стереотипи, но тие не припаѓаат на нивната душа.

За писателот е важно во просторот на јазикот да може да говори за својата душа. Тоа е мој став и веројатно поради тоа успевам да го игнорирам овој свет. Тоа не е единствен свет. Јас избирам да живеам во поинаков свет. Се разбира тоа има цена – цената на секојдневието која мораш да ја платиш. Но, имаме љубов, тоа се 10 отсто од нас кои живееме во овој свет. Нашиот проблем е што сме ограничени на 5 сетила и не ја перципираме стварноста. Борис зборува за дистопијата и тоа е систем, банален, тоа е баналноста која боли. Писателот е тука да се извлече од неа ако може. Оттаму ќе излеземе во реалност и ќе бидеме казнети. Но, што да правиме?! Ние живееме за тој миг – вели Шапоња.

Отпорот е клучeн за работата на Мајк Дауни и на полето на филмот и во литературата. Двете уметности се многу различни, зашто филмот е индустрија, фабрика, „стрејт“ работа во која се прават пари. Со литературата е понаку, а тоа особено се чувствува преку публиката. Но, и филмот и литературата имаат моќ да запалат искра, да покренат движење.

И правење графити е форма на отпор. Секогаш е отпор и секогаш иницира промена, без оглед дали се работи за поединец или за група – вели Дауни.

[caption id="attachment_817013" align="alignnone" width="750"] Мајда Корен од Словенија и Мајк Дауни од Велика Британија /фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Како пример тој го посочи филмот што го продуцирал „Зелената граница“ на полската режисерка Агњешка Холанд кој влијаеше на политичките случувања во Полска.

Еден месец пред изборите во Полска, луѓе одеа да гледаат радикален филм кој направи мал, но важен импакт во исходот на изборите. Има смисла во овој ангажман, солидарност е во прашање и личниот придонес во политичките промени. Глобалниот капитализам создаде неодржлив систем, нездрав за луѓето. Мора да веруваме дека сме носители на промената. Не ми е грижа дали е така, сакам да верувам во тоа – вели Дауни.

Мајда Корен пишува за деца и за адолесценти. Таа смета дека многу е важно младите да читаат. Книгите за деца не се само неколку реченици и слики. Важно е што има помеѓу линиите.

Децата треба да размислуваат што читаат, не само да читаат – вели таа.

Ѕвездан Георгиевски, писател, колумнист и политички коментатор почнал да пишува пред неколку години. На прашањето каде го лоцира расчекорот помеѓу колумнистичката и прозната поетика, тој вели:

Новинарство е занает кој се однесува на сега и овде и треба да го менува светот. Литературата треба да биде нешто што ќе трае подолго – вели тој.

Низ дебатата Дауни потенцира дека стравува за иднината на отпорот како форма. Средната класа во општествата веќе не постои, а младите со потенцијал имаат родители кои не можат да ги финансираат. Пиштало раскажа интересна анегдота со познатиот поет Чарлс Симиќ, негов близок пријател, добитник на Пулицеровата награда, на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и на многу други. Симиќ, универзитетски прфесор во САД со години најавувал дека ќе замине во пензија.

[caption id="attachment_817016" align="alignnone" width="750"] Владимир Пиштало, годинашен добитник на наградата „Прозарт“ / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Замина кога му се падна група постдипломци студенти каде никој не знаел кој е Џек Николсон – рече Пиштало.

Навраќајќи се на дистопијата што ја живееме Дежуловиќ се осврна на изборната трка во САД кога кандидади беа Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Постои ли погенијален пример за дистопија – петмина „клинци“, некаде во Македонија, во подрум во Велес, масовно продуцураат лажни вести за американски сајтови и дистописката победа на некој идиот со портокалова коса во Америка!

Сличен пример со ширењето лажни вести за време на пандемијата раскажа и Шапоња. Дауни се надоврза дека за време на пандемијата многумина режисери почнале да пишуваат: Квентин Тарантино, браќата Коен, Оливер Стоун.

Сега писателите ќе почнат да снимаат филмови – заврши Дежуловиќ.

На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало, а ќе бидат претставени и писателите Ненад Шапоња, Мајда Корен, Мајк Дауни и Виолета Танчева-Златкова.

[caption id="attachment_817012" align="alignnone" width="750"] На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало / фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

 

The post Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија appeared first on Република.

]]>

Тркалезна маса на „ПРО-ЗА Балкан“: Како писатели можеме да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија Како дистопијата ја победи утопијата во современиот свет? Каква е улогата на литературата денес како вечна форма на отпор чија смисла е да ги менува нештата? И колку вербата дека можете да ги менувате нештата ќе ве доведат до крајната цел? Ова се дел од размислите на писателите што синоќа учествуваа на тркалезната маса „Литературата како форма на отпор“ што се одржа во рамките на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во просториите на Јуроп хаус во Скопје. На дискусијата учествуваа лауреатот на фестивалот, српскиот писател Владимир Пиштало, хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија, Мајк Дауни од Велика Британија и нашиот новинар и во последните години писател, Ѕвездан Георгиевски. Поради болест Рене Карабаш и Виолета Танчева-Златева не учествуваа на тркалезната маса, но присутни беа гостите од 11. Скопје фелоушип програма. Увод во дебатата даде Дејан Трајкоски, идеен творец и директор на фестивалот кој цитираше дел од говорот на писателот Миљенко Јерговиќ пред две и пол недели на фестивал во Словенија:
'Судејќи по тоа што сме живи, ние сме потомци на убијци, а не на нивните жртви. Ви благодарам што ме доведовте на ова место и нема да ме убиете како јас што ве убивав вас.' Овие зборови за смрт, убиство и простување не се искажани од автор од третиот свет, туку од автор што живее во земја-членка на ЕУ и добива награда во друга земја-членка на ЕУ. Во овие две реченици од генијалниот говор е скриена најголемата тајна кажана низ поетска, метафорична форма. Ако се разложат, тие се тотално антиничеански, зашто Ниче се борел за отфрлање на афектот на вината, а тука имаме тотална спротивност кога авторот ја признал вината што можеби не ја ни сторил? Зошто?! Дали е тоа негова Гандиевско-теолошка порака дека во ова време сите треба да истапиме на радикален начин како форма на отпор кон сè што се случуваше во минатото и на овие простори, а се случуваат и денес – рече Трајкоски.
На неговите зборови се надоврза модераторот Владимир Јанковски, и самиот наградуван писател кој ја конципираше темата на тркалезната маса. Предност му даде на лауреатот Пиштало, цитирајќи го: „Книгите се место на смислата и вистината. Смислата грее, вистината оживува...“ На прашањето дали чинот на пишување во суштина е радикален и револуционерен чин на несогласување со светот, Пиштало е дециден дека на почетокот клучна е таа улога на незадоволство.
Кога си млад, сите те нервираат. Како во песната I Don’t Like Mondays (Не ми се допаѓаат понеделниците н.з.). Тоа незадоволство и нелагодност ми се многу познати. Во комунизмот секогаш зборуваа за еден термин – анархосиндикализам. Не ги разбирав, што зборувате луѓе? Ајде да веруваме во тоа што зборуваме и да почнеме да ги разбираме нештата. Поезијата е доказ колку зборовите можат да бидат вистинити. Јазикот може да биде стварен. Најважна работа е да се користат вистински зборови кои го оживуваат нештото – вели Пиштало.
Јанковски направи споредба помеѓу жанровите утопија и дистопија, првиот да создава алтернативен свет, вториот како модел преку кој авторите често се обидуваат да разобличат тоталистаристички општества. Дежуловиќ се надоврза велејќи дека утопија беше романтичниот жанр на минатиот век. [caption id="attachment_817014" align="alignnone" width="750"] Борис Дежуловиќ: Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]
Комунизмот е прекрасна утопија. Невозможно е човечкото суштество да знае да дели. Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија. Пред многу години кога замислувавме како ќе биде после 2000-та, го замислувавме токму вака, како денес, свет со милион камери што постојано ве снимаат. Нè уверија дека ја сакаме оваа дистопија. Кина создаде таков свет за милиони луѓе. Трамп самиот по себе е дистопија. Да го замислевме интернетот пред 150 години ќе се ужасневме од самата помисла, денес го прифаќаме како нормален. Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија – рече Дежуловиќ, цитирајќи го Алдус Хаксли: „Не се плашам од општество во кое се книгите забранети, туку од општество каде никој не сака да чита.“
На него се надоврза Шапоња кој верува дека постои и друга алтернатива. Писателите пишуваат од отпор кон светот. Живеат во свет на стереотипи, но тие не припаѓаат на нивната душа.
За писателот е важно во просторот на јазикот да може да говори за својата душа. Тоа е мој став и веројатно поради тоа успевам да го игнорирам овој свет. Тоа не е единствен свет. Јас избирам да живеам во поинаков свет. Се разбира тоа има цена – цената на секојдневието која мораш да ја платиш. Но, имаме љубов, тоа се 10 отсто од нас кои живееме во овој свет. Нашиот проблем е што сме ограничени на 5 сетила и не ја перципираме стварноста. Борис зборува за дистопијата и тоа е систем, банален, тоа е баналноста која боли. Писателот е тука да се извлече од неа ако може. Оттаму ќе излеземе во реалност и ќе бидеме казнети. Но, што да правиме?! Ние живееме за тој миг – вели Шапоња.
Отпорот е клучeн за работата на Мајк Дауни и на полето на филмот и во литературата. Двете уметности се многу различни, зашто филмот е индустрија, фабрика, „стрејт“ работа во која се прават пари. Со литературата е понаку, а тоа особено се чувствува преку публиката. Но, и филмот и литературата имаат моќ да запалат искра, да покренат движење.
И правење графити е форма на отпор. Секогаш е отпор и секогаш иницира промена, без оглед дали се работи за поединец или за група – вели Дауни.
[caption id="attachment_817013" align="alignnone" width="750"] Мајда Корен од Словенија и Мајк Дауни од Велика Британија /фото: ПРО-За Балкан[/caption] Како пример тој го посочи филмот што го продуцирал „Зелената граница“ на полската режисерка Агњешка Холанд кој влијаеше на политичките случувања во Полска.
Еден месец пред изборите во Полска, луѓе одеа да гледаат радикален филм кој направи мал, но важен импакт во исходот на изборите. Има смисла во овој ангажман, солидарност е во прашање и личниот придонес во политичките промени. Глобалниот капитализам создаде неодржлив систем, нездрав за луѓето. Мора да веруваме дека сме носители на промената. Не ми е грижа дали е така, сакам да верувам во тоа – вели Дауни.
Мајда Корен пишува за деца и за адолесценти. Таа смета дека многу е важно младите да читаат. Книгите за деца не се само неколку реченици и слики. Важно е што има помеѓу линиите.
Децата треба да размислуваат што читаат, не само да читаат – вели таа.
Ѕвездан Георгиевски, писател, колумнист и политички коментатор почнал да пишува пред неколку години. На прашањето каде го лоцира расчекорот помеѓу колумнистичката и прозната поетика, тој вели:
Новинарство е занает кој се однесува на сега и овде и треба да го менува светот. Литературата треба да биде нешто што ќе трае подолго – вели тој.
Низ дебатата Дауни потенцира дека стравува за иднината на отпорот како форма. Средната класа во општествата веќе не постои, а младите со потенцијал имаат родители кои не можат да ги финансираат. Пиштало раскажа интересна анегдота со познатиот поет Чарлс Симиќ, негов близок пријател, добитник на Пулицеровата награда, на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и на многу други. Симиќ, универзитетски прфесор во САД со години најавувал дека ќе замине во пензија. [caption id="attachment_817016" align="alignnone" width="750"] Владимир Пиштало, годинашен добитник на наградата „Прозарт“ / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]
Замина кога му се падна група постдипломци студенти каде никој не знаел кој е Џек Николсон – рече Пиштало.
Навраќајќи се на дистопијата што ја живееме Дежуловиќ се осврна на изборната трка во САД кога кандидади беа Хилари Клинтон и Доналд Трамп. Постои ли погенијален пример за дистопија – петмина „клинци“, некаде во Македонија, во подрум во Велес, масовно продуцураат лажни вести за американски сајтови и дистописката победа на некој идиот со портокалова коса во Америка! Сличен пример со ширењето лажни вести за време на пандемијата раскажа и Шапоња. Дауни се надоврза дека за време на пандемијата многумина режисери почнале да пишуваат: Квентин Тарантино, браќата Коен, Оливер Стоун.
Сега писателите ќе почнат да снимаат филмови – заврши Дежуловиќ.
На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало, а ќе бидат претставени и писателите Ненад Шапоња, Мајда Корен, Мајк Дауни и Виолета Танчева-Златкова. [caption id="attachment_817012" align="alignnone" width="750"] На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало / фото: ПРО-За Балкан[/caption] Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.  

The post Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија appeared first on Република.

]]>
Дежуловиќ: Хрватска лично за мене денес е полоша од тоа што беше во 90-те https://republika.mk/vesti/kultura/dezhulovik-hrvatska-lichno-za-mene-denes-e-polosha-od-toa-shto-beshe-vo-90-te/ Mon, 16 Sep 2024 08:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=816693

Со претставување на дел од творештвото и разговор со двајца автори, искусни новинари, уредници и колумнисти синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје започна 12. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“ во Скопје.

На првата фестивалската вечер публиката имаше задоволство да ја истражи динамиката на Борис Дежуловиќ од Хрватска и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски, чие творештво се движи во истите новинарско-авторски води, но со различни пристапи и сензибилитет. На гостите на фестивалот добредојде им посакаа идејните творци на фестивалот – Дејан Трајкоски, Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Поради здравствени причини, најавената авторка од Бугарија, Рене Карабаш не можеше да присуствува на отворањето, информираат од „Прозарт Медиа“ кои се организатори на настанот.

Тие додаваат дека Борис Дежуловиќ, некогашен соборец на Предраг Луциќ во „Ферал Трибјун“, веќе дваесет години е колумнист во хрватските неделници и дневни весници. Со своите колумни со години, велат, отвора значајни и чувствителни теми за хрватското општество поради што неговата работа многупати беше напаѓана и критикувана. За Хрватска денес вели дека кога ќе се гребне под површината излегува смрдлив гној кој не е излечен уште од 90-те години.

- Хрватска лично за мене денес е полоша од тоа што беше во 90-те. Кога веќе зборуваме за поделбата на ваши и наши јас никогаш не се согласив да бидам наш, уште во Југославија, а камоли во Хрватска. Тој нашизам е всушност новиот фашизам. Сите наши нации се „нашистички“ нации оти сите го гледаме само нашето. „Како некој не е наш“, односно ваш. Во време на црните 90-те, во екот на војната, никогаш не сум имал проблем да шетам по Сплит, никогаш не сум имал никаква непријатност иако како редакција на „Ферал Трибјун“ сме доживувале најлоши работи. Денес по 30 години секој кретен во Сплит има потреба да задева, да потфрла и фала Богу не сме стигнале до тоа физички да ме напаѓа. Но, таа атмосфера во општеството е неспоредливо полоша. Јас побегнав од Сплит, зашто тоа е смртоносна комбинација на два најголеми ужаси на мојот живот, а тоа се фашизмот и туризмот. Е, во Сплит тие две се споија во комбинација од која морав да побегнам. Јас го сакам Сплит најмногу на светот, но за жал, тој веќе не е мојот град, истакнал Дежуловиќ.

The post Дежуловиќ: Хрватска лично за мене денес е полоша од тоа што беше во 90-те appeared first on Република.

]]>

Со претставување на дел од творештвото и разговор со двајца автори, искусни новинари, уредници и колумнисти синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје започна 12. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“ во Скопје. На првата фестивалската вечер публиката имаше задоволство да ја истражи динамиката на Борис Дежуловиќ од Хрватска и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски, чие творештво се движи во истите новинарско-авторски води, но со различни пристапи и сензибилитет. На гостите на фестивалот добредојде им посакаа идејните творци на фестивалот – Дејан Трајкоски, Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Поради здравствени причини, најавената авторка од Бугарија, Рене Карабаш не можеше да присуствува на отворањето, информираат од „Прозарт Медиа“ кои се организатори на настанот. Тие додаваат дека Борис Дежуловиќ, некогашен соборец на Предраг Луциќ во „Ферал Трибјун“, веќе дваесет години е колумнист во хрватските неделници и дневни весници. Со своите колумни со години, велат, отвора значајни и чувствителни теми за хрватското општество поради што неговата работа многупати беше напаѓана и критикувана. За Хрватска денес вели дека кога ќе се гребне под површината излегува смрдлив гној кој не е излечен уште од 90-те години.
- Хрватска лично за мене денес е полоша од тоа што беше во 90-те. Кога веќе зборуваме за поделбата на ваши и наши јас никогаш не се согласив да бидам наш, уште во Југославија, а камоли во Хрватска. Тој нашизам е всушност новиот фашизам. Сите наши нации се „нашистички“ нации оти сите го гледаме само нашето. „Како некој не е наш“, односно ваш. Во време на црните 90-те, во екот на војната, никогаш не сум имал проблем да шетам по Сплит, никогаш не сум имал никаква непријатност иако како редакција на „Ферал Трибјун“ сме доживувале најлоши работи. Денес по 30 години секој кретен во Сплит има потреба да задева, да потфрла и фала Богу не сме стигнале до тоа физички да ме напаѓа. Но, таа атмосфера во општеството е неспоредливо полоша. Јас побегнав од Сплит, зашто тоа е смртоносна комбинација на два најголеми ужаси на мојот живот, а тоа се фашизмот и туризмот. Е, во Сплит тие две се споија во комбинација од која морав да побегнам. Јас го сакам Сплит најмногу на светот, но за жал, тој веќе не е мојот град, истакнал Дежуловиќ.

The post Дежуловиќ: Хрватска лично за мене денес е полоша од тоа што беше во 90-те appeared first on Република.

]]>
Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечерва се отвора „ПРО-ЗА Балкан“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-boris-dezhulovik-rene-karabash-i-zvezdan-georgievski-vecherva-se-otvora-pro-za-balkan/ Sun, 15 Sep 2024 11:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=816504

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва, (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае до 17 септември.

На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со Карабаш и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.

Борис Дежуловиќ ја започнал својата новинарска кариера во 1977 година, работејќи како уредник на списанието „Омладинска искра“. Работел како новинар во „Неделна Далмација“, а потоа бил репортер и коментатор за „Слободна Далмација“. Во 1988 година, заедно со Виктор Иванчиќ и Предраг Лучиќ, го основаат сатиричниот додаток во „Неделна Далмација“, „Ферал Трибјун“, кој подоцна станува независен сатирично – политички неделник. Тој го напушта „Ферал“ во 1999 година и станува колумнист за „Глобус“ и други публикации кои ги издава „Холдинг Европа прес“. Од 2015 година пишува за „Новости“, неделниот магазин на Српскиот национален совет. Дежуловиќ, исто така, бил соработник и редовен колумнист за многу балкански регионални медиуми, од љубљанскиот словенечки дневен весник „Дневник“ и порталот N1, а пишувал и за многу други регионални медиуми.

Од страна на Хрватското новинарско здружение два пати е прогласуван за новинар на годината (и тоа во 2004 и 2022 година), а во 2014 година ја добива Европската новинарска награда за најдобар коментатор.

Тој е автор на романите „Christkind“ „Јебо сад хилјаду динара“, „Песни од Лора“, книга со кратки раскази „Подглавникова бактерија“, и романот за деца и млади „Животот и сонот на лебарката Жастомир“. Коавтор е на неколку прозни збирки и монографии, автор на сценариото за документарниот филм „Градителскиот дневник“ (2007) од Јасмила Жбаниќ. Дежуловиќ подготвил избор од неговите колумни во неколку тома и ја уредувал Антологијата на современата хрватска глупост (Библиотека Ферал трибјун, 1999) со Предраг Лучиќ, а го уредувал и Либрето на нашето мало пристаниште Миленко Смоје.

Рене Карабаш (Ирена Иванова, 1989) е писателка, сценаристка и поетеса. За нејзината главна улога во филмот „Безбожник“, таа освои голем број награди за најдобра актерка на европските фестивали: „Сребрен леопард“ во Локарно, „Алуминиумски коњ“ во Стокхолм, „Срцето на Сараево“ итн. Дебитантскиот роман на Рене „Онаа што останува“ ја доби престижната книжевна награда „Елиас Канети“ и била номинирана за наградата Роман на годината и Националната книжевна награда „Перото“.

Во декември 2023 година, францускиот превод на романот од страна на Мари-Вринат Никлов беше награден со Француската ПЕН награда. Англиски извадок од насловот беше награден со наградата за превод на Gulf Coast Journal за 2023 година. „Таа што останува“ веќе е објавен на арапски, француски, полски, босански и македонски јазик, а правата се продаваат во Бразил, САД, Италија, Србија и Грција. Во тек е киноадаптација на романот. Филмот ќе се снима во 2025 година во копродукција со Албанија, Германија, Италија и Романија.

Рене е сценарист на драмската серија „Ние, брановите“, што в година ќе се прикажува на Бугарската национална телевизија. Таа е основач на „The Rabbit Hole“ – академија за креативно пишување, која ги прибира како предавачи некои од најистакнатите писатели во Бугарија.

Ѕвездан Георгиевски работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“… Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Ги објавил: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ ( роман, „Темплум“, 2016), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“ 2018), „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018), „Плачеш како кит“ (роман, „Бегемот“, 2023) и „Базирано врз речиси вистинити настани“ (записи, „Бегемот“ 2024). Автор е на сценарија за краткометражни и среднометражни документарни филмови за Скопје. Преведува од јазизите на некогашните југословенски републики. Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Гости на отворањето ќе бидат и членови на програмата „Скопје фелоушип“ – една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, соосновачот на грчкиот „Вакхикон“, Несторас Пулакос, кој ја издаде на грчки Лидија Димковска, претставничка од француската агенција #BAM, Лали Бернар, Јоана Јежорна-Крамаж од издавачката куќа „Познан“ од Полска, Рикардо Лопез од шпанското издаваштво „Арменија“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ од Словенија и литературниот скаут Валерија Паолини од Италија.

На вториот фестивалски ден, на 16 септември во 13.30 часот во Бугарскиот културно-информативен центар ќе се одржи традиционалната средба на членовите на програмата „Скопје фелоушип“ со претставници на Македонската асоцијација на издавачи.

Вечерта во 20 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како форма на отпор“, на која ќе учествуваат гостите писатели, а ќе ја модерира Владимир Јанковски. Претходно, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи средба на деца со словенечката писателка на книги за деца и адолесценти, Мајда Корен. Писателката ќе одржи средба со деца и во ООУ „Вера Циривири Трена“ во Скопје следниот ден.

На 17 септември, на гостите издавачи и литературни агенти ќе им биде претставен конкурсот на Министерство за култура за финансирање преводи на странски издавачи на Министерството за култура.

Посебна книжевна средба со Ван Хоф и Бернар е закажана во 17 часот во Француски институт во Скопје.

Наградата „Прозарт“, што фестивалот по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, ќе му биде врачена на српскиот писател Владимир Пиштало на затворањето на фестивалот на 17 септември. Со Пиштало, британскиот писател, филмски продуцент и актуелен претседавач на Европската филмска академија, Мајк Дауни, македонската поетеса, раскажувач, есеист, преведувач, лектор, Виолета Танчева – Златева и српскиот поет, есеист и литературен критичар, Ненад Шапоња, ќе разговараат Прокопиев и Лафазановски.

На 18 септември во Кинотека од 20 часот, во рамките на офф-програмата, ќе биде прикажан филмот „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ, со присуство на продуцентот, Мајк Дауни со кој ќе следува разговор пред проекцијата.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечерва се отвора „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва, (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае до 17 септември. На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со Карабаш и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Борис Дежуловиќ ја започнал својата новинарска кариера во 1977 година, работејќи како уредник на списанието „Омладинска искра“. Работел како новинар во „Неделна Далмација“, а потоа бил репортер и коментатор за „Слободна Далмација“. Во 1988 година, заедно со Виктор Иванчиќ и Предраг Лучиќ, го основаат сатиричниот додаток во „Неделна Далмација“, „Ферал Трибјун“, кој подоцна станува независен сатирично – политички неделник. Тој го напушта „Ферал“ во 1999 година и станува колумнист за „Глобус“ и други публикации кои ги издава „Холдинг Европа прес“. Од 2015 година пишува за „Новости“, неделниот магазин на Српскиот национален совет. Дежуловиќ, исто така, бил соработник и редовен колумнист за многу балкански регионални медиуми, од љубљанскиот словенечки дневен весник „Дневник“ и порталот N1, а пишувал и за многу други регионални медиуми. Од страна на Хрватското новинарско здружение два пати е прогласуван за новинар на годината (и тоа во 2004 и 2022 година), а во 2014 година ја добива Европската новинарска награда за најдобар коментатор. Тој е автор на романите „Christkind“ „Јебо сад хилјаду динара“, „Песни од Лора“, книга со кратки раскази „Подглавникова бактерија“, и романот за деца и млади „Животот и сонот на лебарката Жастомир“. Коавтор е на неколку прозни збирки и монографии, автор на сценариото за документарниот филм „Градителскиот дневник“ (2007) од Јасмила Жбаниќ. Дежуловиќ подготвил избор од неговите колумни во неколку тома и ја уредувал Антологијата на современата хрватска глупост (Библиотека Ферал трибјун, 1999) со Предраг Лучиќ, а го уредувал и Либрето на нашето мало пристаниште Миленко Смоје. Рене Карабаш (Ирена Иванова, 1989) е писателка, сценаристка и поетеса. За нејзината главна улога во филмот „Безбожник“, таа освои голем број награди за најдобра актерка на европските фестивали: „Сребрен леопард“ во Локарно, „Алуминиумски коњ“ во Стокхолм, „Срцето на Сараево“ итн. Дебитантскиот роман на Рене „Онаа што останува“ ја доби престижната книжевна награда „Елиас Канети“ и била номинирана за наградата Роман на годината и Националната книжевна награда „Перото“. Во декември 2023 година, францускиот превод на романот од страна на Мари-Вринат Никлов беше награден со Француската ПЕН награда. Англиски извадок од насловот беше награден со наградата за превод на Gulf Coast Journal за 2023 година. „Таа што останува“ веќе е објавен на арапски, француски, полски, босански и македонски јазик, а правата се продаваат во Бразил, САД, Италија, Србија и Грција. Во тек е киноадаптација на романот. Филмот ќе се снима во 2025 година во копродукција со Албанија, Германија, Италија и Романија. Рене е сценарист на драмската серија „Ние, брановите“, што в година ќе се прикажува на Бугарската национална телевизија. Таа е основач на „The Rabbit Hole“ – академија за креативно пишување, која ги прибира како предавачи некои од најистакнатите писатели во Бугарија. Ѕвездан Георгиевски работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“… Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ги објавил: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ ( роман, „Темплум“, 2016), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“ 2018), „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018), „Плачеш како кит“ (роман, „Бегемот“, 2023) и „Базирано врз речиси вистинити настани“ (записи, „Бегемот“ 2024). Автор е на сценарија за краткометражни и среднометражни документарни филмови за Скопје. Преведува од јазизите на некогашните југословенски републики. Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“. Гости на отворањето ќе бидат и членови на програмата „Скопје фелоушип“ – една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, соосновачот на грчкиот „Вакхикон“, Несторас Пулакос, кој ја издаде на грчки Лидија Димковска, претставничка од француската агенција #BAM, Лали Бернар, Јоана Јежорна-Крамаж од издавачката куќа „Познан“ од Полска, Рикардо Лопез од шпанското издаваштво „Арменија“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ од Словенија и литературниот скаут Валерија Паолини од Италија. На вториот фестивалски ден, на 16 септември во 13.30 часот во Бугарскиот културно-информативен центар ќе се одржи традиционалната средба на членовите на програмата „Скопје фелоушип“ со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Вечерта во 20 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како форма на отпор“, на која ќе учествуваат гостите писатели, а ќе ја модерира Владимир Јанковски. Претходно, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи средба на деца со словенечката писателка на книги за деца и адолесценти, Мајда Корен. Писателката ќе одржи средба со деца и во ООУ „Вера Циривири Трена“ во Скопје следниот ден. На 17 септември, на гостите издавачи и литературни агенти ќе им биде претставен конкурсот на Министерство за култура за финансирање преводи на странски издавачи на Министерството за култура. Посебна книжевна средба со Ван Хоф и Бернар е закажана во 17 часот во Француски институт во Скопје. Наградата „Прозарт“, што фестивалот по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, ќе му биде врачена на српскиот писател Владимир Пиштало на затворањето на фестивалот на 17 септември. Со Пиштало, британскиот писател, филмски продуцент и актуелен претседавач на Европската филмска академија, Мајк Дауни, македонската поетеса, раскажувач, есеист, преведувач, лектор, Виолета Танчева – Златева и српскиот поет, есеист и литературен критичар, Ненад Шапоња, ќе разговараат Прокопиев и Лафазановски. На 18 септември во Кинотека од 20 часот, во рамките на офф-програмата, ќе биде прикажан филмот „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ, со присуство на продуцентот, Мајк Дауни со кој ќе следува разговор пред проекцијата. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечерва се отвора „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>