боре видевски Archives - Република https://republika.mk/tema/bore-videvski/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 06:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png боре видевски Archives - Република https://republika.mk/tema/bore-videvski/ 32 32 Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osven-svedocheneto-na-obvinetite-velibor-i-bore-zasega-nema-drug-dokaz-deka-palcho-od-tatkoto-na-vana-doznal-koga-taa-ke-izleze-od-doma/ Sat, 19 Oct 2024 06:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=828589

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски.

Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него.

Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња.

Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште.

Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал.

Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар?

Началникот кратко одговори - Не.

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски. Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него. Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња. Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште. Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал. Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар? Началникот кратко одговори - Не.    

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>
Видевски од болница вратен во Шутка, судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува в понеделик https://republika.mk/vesti/crna-hronika/videvski-od-bolnitsa-vraten-vo-shutka-sudeneto-za-ubistvata-na-vana-i-panche-prodolzhuva-v-ponedelik/ Sat, 12 Oct 2024 07:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=825759

Боре Видевски, обвинетиот за убиството и грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка. Тоа значи дека судењето за двојното убиство каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо треба да продолжи в понеделник.

Притвореникот за кого покажувате интерес е вратен од болничко лекување во затворот „Скопје“ и е во добра здравствена состојба, изјавил директорот на затворот „Скопје“, Бобан Утковски за „Скопје1“.

Видевски беше хоспитализиран на Клиниката за нефрологија поради проблеми со бубрезите. Нему и уште на четворица обвинети меѓу кои Палевски и таткото на Вања им се суди за двојното убиство. Сите во судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

The post Видевски од болница вратен во Шутка, судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува в понеделик appeared first on Република.

Врховен ја одби како неоснована жалбата на Боре Видевски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhoven-ja-odbi-kako-neosnovana-zhalbata-na-bore-videvski/ Wed, 29 May 2024 20:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=782960

Врховниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на Боре Видевски, еден од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Видевски, во жалбата изјавена преку неговиот адвокат Бојан Манев, барал притворот да му биде заменет со домашен притвор.

-Врховниот суд на Република Македонија, ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 29.05.2024 година по повод жалбата од обвинетиот Б.В. во предметот познат во јавноста како „Убиството на Вања Ѓорчевска“, изјавена преку неговиот бранител Бојан Манев, против решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ- 417/24 од 30.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе решение ВКЖ1-23/24 од 29.05.2024 година, со кое жалбата е одбиена како неоснована и обжаленото решение во целост е потврдено, соопшти Врховниот суд.

Видевски , како што објави телевизијата Телма, денеска негирал вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

-Обвинетиот во исказ пред Јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во Јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење, изјавил за Телма бранителот на Видевски, Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот суд.

Видевски барал да му се определи куќен притвор со образложение дека не може да бега од државата затоа што нема пасош, а не може ниту да влијае на сведоци, ниту да попречува истрага, ниту, пак, да го повтори кривичното дело.

Боре Видевски е еден од петтемина осомничени, од кои тројца се товарат за соизвршителство во тешките кривични дела две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден за помагање при грабнување малолетно лице и еден за помагање по извршено кривично дело. Првоосомничен за убиството на Вања и Панче е Љупчо Палевски-Палчо, кој на 15 мај беше екстадиран во земјава од Турција.

The post Врховен ја одби како неоснована жалбата на Боре Видевски appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на Боре Видевски, еден од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Видевски, во жалбата изјавена преку неговиот адвокат Бојан Манев, барал притворот да му биде заменет со домашен притвор.
-Врховниот суд на Република Македонија, ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 29.05.2024 година по повод жалбата од обвинетиот Б.В. во предметот познат во јавноста како „Убиството на Вања Ѓорчевска“, изјавена преку неговиот бранител Бојан Манев, против решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ- 417/24 од 30.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе решение ВКЖ1-23/24 од 29.05.2024 година, со кое жалбата е одбиена како неоснована и обжаленото решение во целост е потврдено, соопшти Врховниот суд.
Видевски , како што објави телевизијата Телма, денеска негирал вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
-Обвинетиот во исказ пред Јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во Јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење, изјавил за Телма бранителот на Видевски, Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот суд.
Видевски барал да му се определи куќен притвор со образложение дека не може да бега од државата затоа што нема пасош, а не може ниту да влијае на сведоци, ниту да попречува истрага, ниту, пак, да го повтори кривичното дело. Боре Видевски е еден од петтемина осомничени, од кои тројца се товарат за соизвршителство во тешките кривични дела две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден за помагање при грабнување малолетно лице и еден за помагање по извршено кривично дело. Првоосомничен за убиството на Вања и Панче е Љупчо Палевски-Палчо, кој на 15 мај беше екстадиран во земјава од Турција.

The post Врховен ја одби како неоснована жалбата на Боре Видевски appeared first on Република.

]]>
Каратистот Видевски го сменил исказот – негира вина за убиството на Вања и Панче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/karatistot-videvski-go-smenil-iskazot-negira-vina-za-ubistvoto-na-vana-i-panche/ Wed, 29 May 2024 20:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=782943

Велешанецот Боре Видевски го сменил првичниот исказ што го дал пред Обвинителството, па сега негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, пренесува Телма.

Тој првично кога беше приведен заедно со другите осомничени Влатко Кешишов и Велибор Манев пред органите за прогон го тврдеше спротивното. Ова го потврдил неговиот адвокат Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот каде се жалеа за притворот на Видевски.

-Обвинетиот во исказ пред јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење, изјавил Манев.

Видевски во највисокиот суд бараше да му се определи куќен притвор, бидејќи немало основи да биде држен во затворот во Шуто Оризари.

Врховен суд ја одби жалбата со што Видевски останува во притвор.

Првосомничениот Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција и е во притвор. И тој додека го носеа во Кривичен суд рече дека не е виновен и дека за тоа има докази. Палевски лани избега во Турција и полицијата го уапси во градот Баликесир.

За грозоморните убиства се очекува да биде поднесено обвинение.

The post Каратистот Видевски го сменил исказот – негира вина за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Велешанецот Боре Видевски го сменил првичниот исказ што го дал пред Обвинителството, па сега негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, пренесува Телма. Тој првично кога беше приведен заедно со другите осомничени Влатко Кешишов и Велибор Манев пред органите за прогон го тврдеше спротивното. Ова го потврдил неговиот адвокат Бојан Манев по денешната јавна седница во Врховниот каде се жалеа за притворот на Видевски.
-Обвинетиот во исказ пред јавното обвинителство целосно го негираше постоењето на двете кривични дела и на убиството на Панче Жежовски и на убиството на девојчето во Скопје и по направениот увид во јавното обвинителство ќе доставиме соодветни докази кои ќе го потврдат неговото тврдење, изјавил Манев.
Видевски во највисокиот суд бараше да му се определи куќен притвор, бидејќи немало основи да биде држен во затворот во Шуто Оризари. Врховен суд ја одби жалбата со што Видевски останува во притвор. Првосомничениот Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција и е во притвор. И тој додека го носеа во Кривичен суд рече дека не е виновен и дека за тоа има докази. Палевски лани избега во Турција и полицијата го уапси во градот Баликесир. За грозоморните убиства се очекува да биде поднесено обвинение.

The post Каратистот Видевски го сменил исказот – негира вина за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
30 дена притвор за Александар Ѓорчевски https://republika.mk/vesti/makedonija/30-dena-pritvor-za-aleksandar-gorchevski/ Wed, 06 Dec 2023 09:14:19 +0000 https://republika.mk/?p=720236

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Притвор од по 30 дена добија таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и тројцата осомничени Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител. Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание на сведоци и повторување или сторување ново кривично дело, соопшти Судот.

Краткотраен притвор од 48 часа доби и вчера приведениот 46-годишен скопјанец С.Д. кој се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција.

The post 30 дена притвор за Александар Ѓорчевски appeared first on Република.

Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче https://republika.mk/vesti/makedonija/nokva-privedeni-trojtsa-osomnicheni-za-ubistvata-na-vana-i-panche/ Mon, 04 Dec 2023 07:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=719113

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА.

Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-donesen-vo-sud-veli-deka-toj-ne-go-izvrshil-ubistvoto/

Во текот на ноќта беа приведени и Влатко Кешишов и Боре Видевски.

Од Обвинителството доцна ноќеска потврдија и дека Александар, таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, е на распит во полициска станица и дека ќе биде задржан додека се расчистува неговата инволвираност.

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-identitetot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-chii-initsijali-mvr-i-obvinitelstvoto-ne-gi-soopshtuvaat/

Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него.

Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски.

The post Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА. Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-donesen-vo-sud-veli-deka-toj-ne-go-izvrshil-ubistvoto/ Во текот на ноќта беа приведени и Влатко Кешишов и Боре Видевски. Од Обвинителството доцна ноќеска потврдија и дека Александар, таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, е на распит во полициска станица и дека ќе биде задржан додека се расчистува неговата инволвираност. Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-identitetot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-chii-initsijali-mvr-i-obvinitelstvoto-ne-gi-soopshtuvaat/ Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него. Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски.

The post Ноќва приведени тројца осомничени за убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>