Борбата трае Archives - Република https://republika.mk/tema/borbata-trae/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 11:12:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борбата трае Archives - Република https://republika.mk/tema/borbata-trae/ 32 32 Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат https://republika.mk/vesti/makedonija/vrz-edinstvo-se-gradeshe-krushevskata-republika-a-denes-poedintsi-go-prodavaat/ Fri, 02 Aug 2024 11:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=802561

Во време на глобални предизвици, нашата борба за зачувување на националниот идентитет и суверенитет е посилна од било кога. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Оваа порака ја испрати денеска претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски одцентралната прослава за одбележување на 121 година Илинден од Крушево.

Во својот говор Мицкоски се осврна на значењето на Илинден како историска вистина, на храброста, но и визијата на Илинденците.

Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена, борбата продолжува. Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Борбата продолжува, илинденците и партизаните со оружје во рака за слобода, ние со ум, визија и енергија за иднина каква заслужува секој еден човек на Македонија. И оваа борба, немаме опција да ја загубиме, и само заедно, во големо единство и со голема посветеност ќе ја добиеме, рече Мицкоски.

Најважниот дел од секоја борба е единството, потенцира премиерот осврнувајќи се зборовите од Крушевскиот манифест, кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, повикува и на единство.

Врз тоа единство се градеше Крушевската Република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. А денес имаме сериозни обиди за нарушување на единството. Поединци кои си играат со колективните судбини и го продаваат единството, рече Мицкоски.

The post Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат appeared first on Република.

]]>

Во време на глобални предизвици, нашата борба за зачувување на националниот идентитет и суверенитет е посилна од било кога. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Оваа порака ја испрати денеска претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски одцентралната прослава за одбележување на 121 година Илинден од Крушево. Во својот говор Мицкоски се осврна на значењето на Илинден како историска вистина, на храброста, но и визијата на Илинденците.
Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена, борбата продолжува. Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Борбата продолжува, илинденците и партизаните со оружје во рака за слобода, ние со ум, визија и енергија за иднина каква заслужува секој еден човек на Македонија. И оваа борба, немаме опција да ја загубиме, и само заедно, во големо единство и со голема посветеност ќе ја добиеме, рече Мицкоски.
Најважниот дел од секоја борба е единството, потенцира премиерот осврнувајќи се зборовите од Крушевскиот манифест, кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, повикува и на единство.
Врз тоа единство се градеше Крушевската Република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. А денес имаме сериозни обиди за нарушување на единството. Поединци кои си играат со колективните судбини и го продаваат единството, рече Мицкоски.
 
The post Врз единство се градеше Крушевската Република, а денес поединци го продаваат appeared first on Република.

]]>
„Борбата трае“ – слоганот под кој се одбележува 2 Август, Денот на Републиката https://republika.mk/vesti/makedonija/borbata-trae-sloganot-pod-koj-se-odbelezhuva-2-ri-avgust-denot-na-republikata/ Sun, 28 Jul 2024 10:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=800991

Во пресрет на одбележувањето на еден од најголемите национални празници во Република Македонија, 2 Август – Денот на Републиката, Владата информира дека за активностите кои ќе се одржат под слоганот „Борбата трае“.

Централната манифестација, како и секоја година, ќе се одржи на 2 Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Оваа манифестација претставува значаен момент за сите граѓани на нашата држава, кога им се оддава почит на хероите кои ја одбележаа нашата историја.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски“ и ќе има обраќање на манифестацијата по овој повод на Пелинце. Нејзиното обраќање ќе биде посветено на историското значење на овој празник и на важноста од зачувување на националниот идентитет и традиции.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, „Методија Андонов Ченто“ на плоштадот „Македонија“ и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. Овој чин ќе биде симбол на почит и сеќавање на нашите предци кои ги поставија темелите на нашата држава - велат од Владата.

Со слоганот „Борбата трае“ треба да се пренесе пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на нашата држава продолжува, потпирајќи се на историските основи и борбата на нашите предци.

The post „Борбата трае“ – слоганот под кој се одбележува 2 Август, Денот на Републиката appeared first on Република.