Боно Вокс Archives - Република https://republika.mk/tema/bono-voks/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 16:49:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Боно Вокс Archives - Република https://republika.mk/tema/bono-voks/ 32 32 Боно Вокс му оддаде почит на Алексеј Навални за време на концерт https://republika.mk/scena/muzika/bono-voks-mu-oddade-pochit-na-aleksej-navalni-za-vreme-na-kontsert/ Mon, 19 Feb 2024 19:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=745819

Фронтменот на „Ју ту“, Боно Вокс на својот концерт во Лас Вегас зборуваше за борбата за слобода, а потоа му оддаде почит на неодамна починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

Пред да ја отпее песната „Don’t Dream It’s Over“ од „Crowded House“, Боно зборуваше за борбата за слобода, пренесуваат светските медиуми.

– Следната недела ќе се навршат две години откако Путин ги нападна и се обиде да ги уништи тешко стекнатите слободи на украинскиот народ – рече тој.

– Следна ќе биде Полска, следна Литванија, Источна Германија. Кој знае каде ќе оди овој човек или не. За овие луѓе слободата не е само збор во песна. За овие луѓе слободата е најважниот збор на светот. Толку важно што Украинците се борат и умираат за тоа. И толку е важно што Алексеј Навални се откажа од својата – заклучи тој.

– Наводно, Путин никогаш, ама баш никогаш не би го изговорил неговото име. Така помислив вечерва, луѓето кои веруваат во слободата мора да го кажат неговото име. Не самода го запомнат туку и да го изговорат – рече Боно, водејќи ја толпата во скандирање на името „Алексеј Навални“ со почетните акорди на песната на „Crowded House“.

Боно и претходно ја поддржуваше Украина. Тој и гитаристот Дејв Еванс настапија во мај 2022 година на метро станицата Khreschatyk во Киев.

Станиците на метрото често се користеле како засолништа за бомби во градот.

https://www.youtube.com/watch?v=xxwhKN0DVYo

The post Боно Вокс му оддаде почит на Алексеј Навални за време на концерт appeared first on Република.

]]>

Фронтменот на „Ју ту“, Боно Вокс на својот концерт во Лас Вегас зборуваше за борбата за слобода, а потоа му оддаде почит на неодамна починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални. Пред да ја отпее песната „Don’t Dream It’s Over“ од „Crowded House“, Боно зборуваше за борбата за слобода, пренесуваат светските медиуми.
– Следната недела ќе се навршат две години откако Путин ги нападна и се обиде да ги уништи тешко стекнатите слободи на украинскиот народ – рече тој. – Следна ќе биде Полска, следна Литванија, Источна Германија. Кој знае каде ќе оди овој човек или не. За овие луѓе слободата не е само збор во песна. За овие луѓе слободата е најважниот збор на светот. Толку важно што Украинците се борат и умираат за тоа. И толку е важно што Алексеј Навални се откажа од својата – заклучи тој. – Наводно, Путин никогаш, ама баш никогаш не би го изговорил неговото име. Така помислив вечерва, луѓето кои веруваат во слободата мора да го кажат неговото име. Не самода го запомнат туку и да го изговорат – рече Боно, водејќи ја толпата во скандирање на името „Алексеј Навални“ со почетните акорди на песната на „Crowded House“.
Боно и претходно ја поддржуваше Украина. Тој и гитаристот Дејв Еванс настапија во мај 2022 година на метро станицата Khreschatyk во Киев. Станиците на метрото често се користеле како засолништа за бомби во градот. https://www.youtube.com/watch?v=xxwhKN0DVYo

The post Боно Вокс му оддаде почит на Алексеј Навални за време на концерт appeared first on Република.

]]>
Боно го отвори 29. Сараевски филмски фестивал https://republika.mk/scena/film/bono-go-otvori-29-saraevski-filmski-festival/ Sat, 12 Aug 2023 14:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=671415

Музичарот на легендарната група „Ју ту“ Боно Вокс се појави на црвениот килим пред премиерата на филмот Kiss the Future со кој беше отворен 29. Сараевски филмски фестивал.

Покрај Боно, во главниот град на Босна и Херцеговина дојдоа уште единаесет луѓе, меѓу кои и првиот соработник на Боно, гитаристот на U2 Дејвид Хауел Еванс, попознат како The Edge, пренесуваат босанските медиуми.

Овогодинешниот Сараевски филмски фестивал го отвори филмот „Бакнете ја иднината“ (Kiss the Future) во режија на Ненад Чичин-Шаин, чие сценарио го потпишаа Чичин-Шаин и Бил Картер.

Филмот е продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек за Pearl Street Films и Сара Ентони за Good Wolves Production. Извршни продуценти на филмот се Дру Винтон, Медисон Ејнсли, Алан Молони, Џенифер Пичер, Ненад Чичин-Шаин и Бил С. Картер.

Во филмот станува збор за актуелна приказна за отпорот на Сараево за време на опсадата на градот во 90-тите години и ја следи алтернативната сцена на градот, која ја користеше музиката и уметноста за да предизвика промени и да привлече светско внимание, а повоениот концерт на U2 беше прослава на победа на градот.

Во филмот настапуваат: Боно, The Edge, Адам Клејтон, Бил Клинтон, Кристијана Аманпур, Мирсад Пуриватра, Весна Андрее Заимовиќ, Сенад Заимовиќ, Енес Златар, Алма Чатал Хурем, Борис Шибер и Срѓан Гино Јевѓевиќ.

 

The post Боно го отвори 29. Сараевски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Музичарот на легендарната група „Ју ту“ Боно Вокс се појави на црвениот килим пред премиерата на филмот Kiss the Future со кој беше отворен 29. Сараевски филмски фестивал. Покрај Боно, во главниот град на Босна и Херцеговина дојдоа уште единаесет луѓе, меѓу кои и првиот соработник на Боно, гитаристот на U2 Дејвид Хауел Еванс, попознат како The Edge, пренесуваат босанските медиуми. Овогодинешниот Сараевски филмски фестивал го отвори филмот „Бакнете ја иднината“ (Kiss the Future) во режија на Ненад Чичин-Шаин, чие сценарио го потпишаа Чичин-Шаин и Бил Картер. Филмот е продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек за Pearl Street Films и Сара Ентони за Good Wolves Production. Извршни продуценти на филмот се Дру Винтон, Медисон Ејнсли, Алан Молони, Џенифер Пичер, Ненад Чичин-Шаин и Бил С. Картер. Во филмот станува збор за актуелна приказна за отпорот на Сараево за време на опсадата на градот во 90-тите години и ја следи алтернативната сцена на градот, која ја користеше музиката и уметноста за да предизвика промени и да привлече светско внимание, а повоениот концерт на U2 беше прослава на победа на градот. Во филмот настапуваат: Боно, The Edge, Адам Клејтон, Бил Клинтон, Кристијана Аманпур, Мирсад Пуриватра, Весна Андрее Заимовиќ, Сенад Заимовиќ, Енес Златар, Алма Чатал Хурем, Борис Шибер и Срѓан Гино Јевѓевиќ.  

The post Боно го отвори 29. Сараевски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>