Бон Archives - Република https://republika.mk/tema/bon/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Feb 2024 11:30:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бон Archives - Република https://republika.mk/tema/bon/ 32 32 Османи слика граѓани за пасош во конзулатот во Бон https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-slika-gragani-za-pasosh-vo-konzulatot-vo-bon/ Sat, 17 Feb 2024 11:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=745106

Од Минхен дојдов во Бон, како прв министер за надворешни работи што некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава, напиша министерот за надворешни работи Бугар Османи, објавувајќи десетици фотографии како им помага на преставниците од конзулатот да ги услужат стотици граѓани кои се заглавени и не можат да се вратат во земјата затоа што важнноста на пасошите им истече на 12 февруари.

„Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето“, истакна Османи.

Одборот на Централниот совет на Македонците во Германија денеска на вонреден состанок едногласно одлучил да побара итно враќање на човековите права за македонските граѓани и да покрене правна постапка токму поради неважечките пасоши и проблемите со кои се соочуваат поради тоа.

The post Османи слика граѓани за пасош во конзулатот во Бон appeared first on Република.

]]>

Хорор во Бон: Отсечена човечка глава е пронајдена пред зградата на судот, а малку подалеку торзо https://republika.mk/vesti/svet/horor-vo-bon-otsechena-chovechka-glava-e-pronajdena-pred-zgradata-na-sudot-a-malku-podaleku-torzo/ Wed, 29 Jun 2022 09:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=521020

Отсечена човечка глава била пронајдена вчера пред зградата на судот во западниот германски град Бон.

Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од тело се наоѓа пред влезот на судот, изјави портпаролот на полицијата.

Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава, рече тој.

Торзо за кое се верува дека е од истото тело е пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од историската царинска зграда Алтер Зол.

Местата каде што се пронајдени деловите од телото биле оддалечени околу еден километар, јавуваат тамошните медиуми.

Во близина бил приведен еден осомничен. Полицијата соопшти дека 38-годишен маж кој се поврзува со настанот им е познат поради претходна употреба на наркотици.

Се верува дека и осомничениот сторител и неидентификуваната жртва се бездомници, соопшти полицијата.

До вторникот вечерта не било пронајдено оружје. Инспекторите се уште трагаат по сведоци, пишуваат медиумите.

The post Хорор во Бон: Отсечена човечка глава е пронајдена пред зградата на судот, а малку подалеку торзо appeared first on Република.

]]>

Отсечена човечка глава била пронајдена вчера пред зградата на судот во западниот германски град Бон. Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од тело се наоѓа пред влезот на судот, изјави портпаролот на полицијата.
Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава, рече тој.
Торзо за кое се верува дека е од истото тело е пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од историската царинска зграда Алтер Зол. Местата каде што се пронајдени деловите од телото биле оддалечени околу еден километар, јавуваат тамошните медиуми. Во близина бил приведен еден осомничен. Полицијата соопшти дека 38-годишен маж кој се поврзува со настанот им е познат поради претходна употреба на наркотици. Се верува дека и осомничениот сторител и неидентификуваната жртва се бездомници, соопшти полицијата. До вторникот вечерта не било пронајдено оружје. Инспекторите се уште трагаат по сведоци, пишуваат медиумите.

The post Хорор во Бон: Отсечена човечка глава е пронајдена пред зградата на судот, а малку подалеку торзо appeared first on Република.

]]>