болници Archives - Република https://republika.mk/tema/bolnici/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 08:19:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png болници Archives - Република https://republika.mk/tema/bolnici/ 32 32 Германските болници и клиники работат под зголемен финансиски притисок, ќе има уште затворања https://republika.mk/vesti/svet/germanskite-bolnitsi-i-kliniki-rabotat-pod-zgolemen-finansiski-pritisok-ke-ima-ushte-zatvorana/ Sat, 13 Jul 2024 10:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=796325

Германските болници и клиники работат под зголемен финансиски притисок и, според истражувањето презентирано во четвртокот од консултантската куќа Роланд Бергер, две од три работат со загуба.

Повеќе од половина од 650 анкетирани менаџери на болници изјавиле дека во вториот квартал од 2024 година работеле со загрозена или многу загрозена ликвидност. Понатаму, 28 болници може да станат несолвентни до крајот на годината, пренесува агенцијата Дпа.

Петер Магунија од Роланд Бергер истакна дека и малите болници и големите универзитетски клиники се под голем финансиски притисок. „Јавните болници особено страдаат“, додаде тој.

Минатата година 70 отсто од германските болници завршија со загуба.

„Сметаме дека со економската ситуација ќе има уште затворања во блиска иднина“, рече Магунија.

Истражувањето ги потврдува претходните, песимистички оценки на Германското здружение на болници, кое претходно оваа година предупреди дека болниците се во невидена економска неволја. Според Здружението, рекордни 40 болници во Германија прогласиле неликвидност, а годинава се очекуваат уште повеќе.

Германската влада вети дека реформата што ќе стапи на сила во 2025 година ќе го стави финансирањето на болниците на цврсти темели. Но, тоа не ја отфрли неизвесноста во болниците, предупреди Магунија.

„Сега ниту една болница не може да ги пресмета и планира ефектите од реформата.“

На среден и долг рок, финансиската неволја ќе принуди многу болници да се спојат. „Половина од раководителите на советот размислуваат за тоа“, додаде експертот.

Имено, „многу болници нема да можат да опстанат сами, туку само како дел од група“.

The post Германските болници и клиники работат под зголемен финансиски притисок, ќе има уште затворања appeared first on Република.

]]>

Германските болници и клиники работат под зголемен финансиски притисок и, според истражувањето презентирано во четвртокот од консултантската куќа Роланд Бергер, две од три работат со загуба.
Повеќе од половина од 650 анкетирани менаџери на болници изјавиле дека во вториот квартал од 2024 година работеле со загрозена или многу загрозена ликвидност. Понатаму, 28 болници може да станат несолвентни до крајот на годината, пренесува агенцијата Дпа.
Петер Магунија од Роланд Бергер истакна дека и малите болници и големите универзитетски клиники се под голем финансиски притисок. „Јавните болници особено страдаат“, додаде тој. Минатата година 70 отсто од германските болници завршија со загуба.
„Сметаме дека со економската ситуација ќе има уште затворања во блиска иднина“, рече Магунија. Истражувањето ги потврдува претходните, песимистички оценки на Германското здружение на болници, кое претходно оваа година предупреди дека болниците се во невидена економска неволја. Според Здружението, рекордни 40 болници во Германија прогласиле неликвидност, а годинава се очекуваат уште повеќе. Германската влада вети дека реформата што ќе стапи на сила во 2025 година ќе го стави финансирањето на болниците на цврсти темели. Но, тоа не ја отфрли неизвесноста во болниците, предупреди Магунија. „Сега ниту една болница не може да ги пресмета и планира ефектите од реформата.“ На среден и долг рок, финансиската неволја ќе принуди многу болници да се спојат. „Половина од раководителите на советот размислуваат за тоа“, додаде експертот. Имено, „многу болници нема да можат да опстанат сами, туку само како дел од група“.  

The post Германските болници и клиники работат под зголемен финансиски притисок, ќе има уште затворања appeared first on Република.

]]>
Во Грција и попладне ќе има операции во државните болници, но на трошок на пациентите https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-grtsija-i-popladne-ke-ima-operatsii-vo-drzhavnite-bolnitsi-no-na-troshok-na-patsientite/ Wed, 13 Mar 2024 12:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=754376

Со цел да се намали времето на чекање на пациентите за хируршки интервенции, Грција воведе попладневни операции во државните болници кои ќе бидат на трошок на граѓаните, а за денеска во Солун се закажани првите вакви операции, што воедно е и почеток на имплементација на новата реформа во грчкиот здравствен систем, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешните операции закажани во две солунски болници, според најавите, ќе присуствуваат министерот за здравство Адонис Георгиадис и неговиот заменик Мариос Темистоклеус.

Според Георгиадис, од 125 болници во Грција, само пет пријавиле дека не е изводливо да вршат операции во попладневните часови, а од клиниките, над 150 пројавиле интерес.

Минатата седмица во Службен весник беше објавена министерската одлука за попладневните операции, а министерот за здравство на Грција тогаш истакна дека целта е од една страна да се намали времето на чекање, а од друга да се зголемат приходите на лекарите и медицинските сестри.

– Отсега илјадници пациенти кои со месеци и години чекаат да бидат оперирани, ќе можат да најдат излез во попладневните операции по цена многу пониска од приватните клиники, истакна Георгиадис.

Според министерската одлука, операциите се поделени во шест категории: многу мали, мали, средни, големи, тешки и екстремно тешки, а цените се движат од 300 евра до 2.000 евра во зависност од сложеноста на операцијата.

Заменик-министерот за здравство на Грција Мариос Темистоклеус во интервју за весникот „Врадини“ истакна дека попладневните операции во државните болници имаат многу понискицени отколку во приватниот сектор.

Како пример спомена дека една попладневна операција што во државна болница чини 500 евра, кај приватните е над 1. 800 евра.

The post Во Грција и попладне ќе има операции во државните болници, но на трошок на пациентите appeared first on Република.

]]>

Со цел да се намали времето на чекање на пациентите за хируршки интервенции, Грција воведе попладневни операции во државните болници кои ќе бидат на трошок на граѓаните, а за денеска во Солун се закажани првите вакви операции, што воедно е и почеток на имплементација на новата реформа во грчкиот здравствен систем, јави дописничката на МИА од Атина. На денешните операции закажани во две солунски болници, според најавите, ќе присуствуваат министерот за здравство Адонис Георгиадис и неговиот заменик Мариос Темистоклеус. Според Георгиадис, од 125 болници во Грција, само пет пријавиле дека не е изводливо да вршат операции во попладневните часови, а од клиниките, над 150 пројавиле интерес. Минатата седмица во Службен весник беше објавена министерската одлука за попладневните операции, а министерот за здравство на Грција тогаш истакна дека целта е од една страна да се намали времето на чекање, а од друга да се зголемат приходите на лекарите и медицинските сестри. – Отсега илјадници пациенти кои со месеци и години чекаат да бидат оперирани, ќе можат да најдат излез во попладневните операции по цена многу пониска од приватните клиники, истакна Георгиадис. Според министерската одлука, операциите се поделени во шест категории: многу мали, мали, средни, големи, тешки и екстремно тешки, а цените се движат од 300 евра до 2.000 евра во зависност од сложеноста на операцијата. Заменик-министерот за здравство на Грција Мариос Темистоклеус во интервју за весникот „Врадини“ истакна дека попладневните операции во државните болници имаат многу понискицени отколку во приватниот сектор. Како пример спомена дека една попладневна операција што во државна болница чини 500 евра, кај приватните е над 1. 800 евра.  

The post Во Грција и попладне ќе има операции во државните болници, но на трошок на пациентите appeared first on Република.

]]>
Сè додека го немаме законот, ние сме оставени на милост и немилост на менаџерските тимови во болниците, велат од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри https://republika.mk/zivot/zdravje/se-dodeka-go-nemame-zakonot-nie-sme-ostaveni-na-milost-i-nemilost-na-menadherskite-timovi-vo-bolnitsite-velat-od-zdruzhenieto-na-meditsinski-sestri-tehnichari-akusherki-i-stomatoloshki-sestri/ Wed, 24 Jan 2024 16:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=736422

Статусот „договор на дело" најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците. И апелираме во иднина да не се вработуваат сестри под договор на дело, изјави денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас".

На новинарско прашање, таа се осврна на проблемот со потребата од трајно вработување на сестрите кои досега биле работно ангажирани со години, а не биле редовно вработени. Проблемот е, како што појасни, во некои институции каде што имало осум или девет медицински сестри, а условно во колективните договори постоеле места за три или четири. Тоа се решавало со барање до Министерството за информатичко општество од каде се дозволувало проширување на систематизација, но тоа бил процес што трае три до четири месеци.

Се надевам дека нема да има манипулации при вработувањата и дека ќе се вработат редовно, тие што и досега биле работно ангажирани. Јавно се обратив, замолувајќи, на огласите, да не им се земаат местата на овие сестри што со години работеле за 12 илјади денари и навистина заслужуваат да добијат редовно вработување, нагласи таа.

Прес конференцијата на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас", се одржа пред почетокот на трибината посветена на Унијата и здруженијата на медицински сестри, во пресрет на состанокот со Министерството за здравство и канцеларијата на СЗО.

Добивме една експертиза од СЗО, имаме неколку нивни сугестии во правец на тоа како треба да ги поставиме работите, додаде таа.

Бешлиоска рече дека очекуваат многу работи да се сменат на подобро. За сестрите како засега неозаконета професија, да не бидат, како што рече, марионети на секој систем и гарнитура.

Овој закон за озаконување на сестрите и регулирање на професијата е многу важен за нас. Од Министерството за здравство ни е кажано дека многу забрзано се работи на него, ветено ни е дека законот ќе се појави во собраниска процедура.

Организирани се четири трибини за сестринската професија, денеска се реализира втората, појасни таа.

Меѓу другото, Бешлиоска рече дека незадоволството е големо, сестрите со средна стручна спрема имаат многу ниски лични доходи, се разговарало со синдикатот и нивните плати мораат да бидат одлепени од минималниот личен доход. Таа приговори и за други проблеми со кои се соочуваат.

 Се додека го немаме законот, ние сме оставени на некој начин на милоста и немилоста на менаџерските тимови во болниците. Имаме различни правилници, различно третирање, подвлече Бешлиоска.

Таа сподели пример од болница каде менаџерскиот тим си зел за право сестрите со високо образование да не ги става да работат во дежурства, бидејќи, условно, ќе земеле многу големи лични доходи. Ама на сметка на тоа, биле оптеретувани сестрите со средна стручна спрема, со седум до девет дежурства во месецот, за да ги одделеле од минималниот личен доход и да можеле да земаат плати како што треба.

The post Сè додека го немаме законот, ние сме оставени на милост и немилост на менаџерските тимови во болниците, велат од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри appeared first on Република.

]]>

Статусот „договор на дело" најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците. И апелираме во иднина да не се вработуваат сестри под договор на дело, изјави денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас". На новинарско прашање, таа се осврна на проблемот со потребата од трајно вработување на сестрите кои досега биле работно ангажирани со години, а не биле редовно вработени. Проблемот е, како што појасни, во некои институции каде што имало осум или девет медицински сестри, а условно во колективните договори постоеле места за три или четири. Тоа се решавало со барање до Министерството за информатичко општество од каде се дозволувало проширување на систематизација, но тоа бил процес што трае три до четири месеци.
Се надевам дека нема да има манипулации при вработувањата и дека ќе се вработат редовно, тие што и досега биле работно ангажирани. Јавно се обратив, замолувајќи, на огласите, да не им се земаат местата на овие сестри што со години работеле за 12 илјади денари и навистина заслужуваат да добијат редовно вработување, нагласи таа.
Прес конференцијата на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас", се одржа пред почетокот на трибината посветена на Унијата и здруженијата на медицински сестри, во пресрет на состанокот со Министерството за здравство и канцеларијата на СЗО.
Добивме една експертиза од СЗО, имаме неколку нивни сугестии во правец на тоа како треба да ги поставиме работите, додаде таа.
Бешлиоска рече дека очекуваат многу работи да се сменат на подобро. За сестрите како засега неозаконета професија, да не бидат, како што рече, марионети на секој систем и гарнитура.
Овој закон за озаконување на сестрите и регулирање на професијата е многу важен за нас. Од Министерството за здравство ни е кажано дека многу забрзано се работи на него, ветено ни е дека законот ќе се појави во собраниска процедура.
Организирани се четири трибини за сестринската професија, денеска се реализира втората, појасни таа. Меѓу другото, Бешлиоска рече дека незадоволството е големо, сестрите со средна стручна спрема имаат многу ниски лични доходи, се разговарало со синдикатот и нивните плати мораат да бидат одлепени од минималниот личен доход. Таа приговори и за други проблеми со кои се соочуваат.
 Се додека го немаме законот, ние сме оставени на некој начин на милоста и немилоста на менаџерските тимови во болниците. Имаме различни правилници, различно третирање, подвлече Бешлиоска.
Таа сподели пример од болница каде менаџерскиот тим си зел за право сестрите со високо образование да не ги става да работат во дежурства, бидејќи, условно, ќе земеле многу големи лични доходи. Ама на сметка на тоа, биле оптеретувани сестрите со средна стручна спрема, со седум до девет дежурства во месецот, за да ги одделеле од минималниот личен доход и да можеле да земаат плати како што треба.  

The post Сè додека го немаме законот, ние сме оставени на милост и немилост на менаџерските тимови во болниците, велат од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри appeared first on Република.

]]>
ОН: Колапс на здравствениот систем во Газа, Палестинци умираат во болници од нетретирани рани https://republika.mk/vesti/svet/on-kolaps-na-zdravstveniot-sistem-vo-gaza-palestintsi-umiraat-vo-bolnitsi-od-netretirani-rani/ Thu, 18 Jan 2024 10:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=734314

Експертот на ОН за итни здравствени случаи, Шон Кејси изјави дека ранети Палестинци умираат од нетретирани рани во преполните болници во Појасот Газа во услови на колапс на здравствениот систем.

Кејси неодамна се врати од Газа каде што помина пет недели обидувајќи се да обезбеди повеќе персонал и неопходен материјали за 16 делумно функционални болници.

Тој синоќа на прес-конференција во седиштето на Обединетите нации, рече дека бил сведок на влошување на ситуацијата и оти во болницата Ал-Ахли во градот Газа видел луѓе како лежат на „црковни клупи, во суштина чекајќи да умрат во болница која нема гориво, ниту струја, ниту вода“ и има многу малку медицински залихи и само неколку луѓе персонал кои се грижат за нив.

Ал-Ахли е единствената христијанска болница во Газа и единствената која лекувала пациенти со рак.

Болницата Шифа во северниот дел на градот Газа, некогаш водечка болница на територијата со 700 кревети, сега лекува жртви со трауми и е полна со луѓе кои ги напуштиле своите домови и живеат во операциони сали, ходници, на скали, изјави претставник на СЗО.

Како што наведе, по пет-шест лекари или медицински сестри дневно примаат стотици пациенти, главно жртви на траума, а на подот има толку многу пациенти што е тешко да се помине без да им стапне на рака или нога.

Кејси минатата недела го посети медицинскиот комплекс Насер во јужниот град Кан Јунис, кој е исполнет 200 отсто, има само 30 отсто од персоналот, а пациенти лежат насекаде, на подот и по ходниците.

Тој оцени дека е потребен прекин на огнот пред се за помош на ранетите Палестинци, кои се околу 60.000, а секој ден пристигнуваат по неколку стотици нови, покажуваат податоците на Министерството за здравство во Газа.

- За да одговориме на кризата, потребен ни е безбеден пристап до болниците и испорака на лекови, како и соодветен персонал и електрична енергија за да им помогнеме на илјадници луѓе, рече функционерот на СЗО.

The post ОН: Колапс на здравствениот систем во Газа, Палестинци умираат во болници од нетретирани рани appeared first on Република.

]]>

Експертот на ОН за итни здравствени случаи, Шон Кејси изјави дека ранети Палестинци умираат од нетретирани рани во преполните болници во Појасот Газа во услови на колапс на здравствениот систем. Кејси неодамна се врати од Газа каде што помина пет недели обидувајќи се да обезбеди повеќе персонал и неопходен материјали за 16 делумно функционални болници. Тој синоќа на прес-конференција во седиштето на Обединетите нации, рече дека бил сведок на влошување на ситуацијата и оти во болницата Ал-Ахли во градот Газа видел луѓе како лежат на „црковни клупи, во суштина чекајќи да умрат во болница која нема гориво, ниту струја, ниту вода“ и има многу малку медицински залихи и само неколку луѓе персонал кои се грижат за нив. Ал-Ахли е единствената христијанска болница во Газа и единствената која лекувала пациенти со рак. Болницата Шифа во северниот дел на градот Газа, некогаш водечка болница на територијата со 700 кревети, сега лекува жртви со трауми и е полна со луѓе кои ги напуштиле своите домови и живеат во операциони сали, ходници, на скали, изјави претставник на СЗО. Како што наведе, по пет-шест лекари или медицински сестри дневно примаат стотици пациенти, главно жртви на траума, а на подот има толку многу пациенти што е тешко да се помине без да им стапне на рака или нога. Кејси минатата недела го посети медицинскиот комплекс Насер во јужниот град Кан Јунис, кој е исполнет 200 отсто, има само 30 отсто од персоналот, а пациенти лежат насекаде, на подот и по ходниците. Тој оцени дека е потребен прекин на огнот пред се за помош на ранетите Палестинци, кои се околу 60.000, а секој ден пристигнуваат по неколку стотици нови, покажуваат податоците на Министерството за здравство во Газа. - За да одговориме на кризата, потребен ни е безбеден пристап до болниците и испорака на лекови, како и соодветен персонал и електрична енергија за да им помогнеме на илјадници луѓе, рече функционерот на СЗО.

The post ОН: Колапс на здравствениот систем во Газа, Палестинци умираат во болници од нетретирани рани appeared first on Република.

]]>
Расте бројот на заболени од грип, Комисијата препорача носење маски во здравствени установи и домови и забрана на посети во болници https://republika.mk/zivot/zdravje/raste-brojot-na-zaboleni-od-grip-komisijata-preporacha-nosene-maski-vo-zdravstveni-ustanovi-i-domovi-i-zabrana-na-poseti-vo-bolnitsi/ Tue, 16 Jan 2024 14:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=733673

Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорачува Комисијата за заразни болести.

Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата на Комисијата рече дека моментално има зголемување на бројот на случаи од грип, но дека во моментот не постои загрозување на општата јавна здравствена состојба.

По однос на состојбата со грип моментално имаме зголемување на бројот на случаи и споредено со минатата недела и споредено со просечниот број на случаи во минатите 13 години. Влезени сме во сезоната на инфлуенца и повторно треба да размислуваме за заштита на највулнерабилните, на најлесно повредливите луѓе, тоа се постарите луѓе над 65-годишна возраст, луѓето со хронични болести и нив ги повикуваме, доколку во минатиот период не завршиле со вакцинација, да се заштитат со примање на вакцина против грип, рече Петличковски.

Грипот, како што посочи, го надминал бројот на случаи на Ковид кој е во опаѓање. Во однос на големата кашлица рече дека во земјава остануваат двата регистрирани случаи.

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ информираше дека од почетокот на сезоната починати се шест лица со грип.

Последниот случај, станува збор за женско лице на околу 45/46 години со коморбидитети. Во моментот, седум лица се хоспитализирани на Инфективната клиника, петмина со потврда, а за две се чека. Шест лица се хоспитализирани со Ковид-19, појасни Стевановиќ.

https://republika.mk/zivot/zdravje/za-25-protsenti-e-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-minatata-sezona/

The post Расте бројот на заболени од грип, Комисијата препорача носење маски во здравствени установи и домови и забрана на посети во болници appeared first on Република.

]]>

Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорачува Комисијата за заразни болести. Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата на Комисијата рече дека моментално има зголемување на бројот на случаи од грип, но дека во моментот не постои загрозување на општата јавна здравствена состојба.
По однос на состојбата со грип моментално имаме зголемување на бројот на случаи и споредено со минатата недела и споредено со просечниот број на случаи во минатите 13 години. Влезени сме во сезоната на инфлуенца и повторно треба да размислуваме за заштита на највулнерабилните, на најлесно повредливите луѓе, тоа се постарите луѓе над 65-годишна возраст, луѓето со хронични болести и нив ги повикуваме, доколку во минатиот период не завршиле со вакцинација, да се заштитат со примање на вакцина против грип, рече Петличковски.
Грипот, како што посочи, го надминал бројот на случаи на Ковид кој е во опаѓање. Во однос на големата кашлица рече дека во земјава остануваат двата регистрирани случаи. Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ информираше дека од почетокот на сезоната починати се шест лица со грип.
Последниот случај, станува збор за женско лице на околу 45/46 години со коморбидитети. Во моментот, седум лица се хоспитализирани на Инфективната клиника, петмина со потврда, а за две се чека. Шест лица се хоспитализирани со Ковид-19, појасни Стевановиќ.
https://republika.mk/zivot/zdravje/za-25-protsenti-e-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-minatata-sezona/

The post Расте бројот на заболени од грип, Комисијата препорача носење маски во здравствени установи и домови и забрана на посети во болници appeared first on Република.

]]>
Утре и задутре, за време на Министерскиот состанок на ОБСЕ поликлиниките и болниците ќе работат континуирано и без прекин https://republika.mk/zivot/zdravje/utre-i-zadutre-za-vreme-na-ministerskiot-sostanok-na-obse-poliklinikite-i-bolnitsite-ke-rabotat-kontinuirano-i-bez-prekin/ Tue, 28 Nov 2023 13:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=717215

Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ не важи за вработените во здравствените установи.

Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението.

Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување на медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети.

Правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје, потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување.

Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со присуство на екипи и од Итната медицинска помош.

The post Утре и задутре, за време на Министерскиот состанок на ОБСЕ поликлиниките и болниците ќе работат континуирано и без прекин appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ не важи за вработените во здравствените установи. Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението. Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување на медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети. Правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје, потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување. Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со присуство на екипи и од Итната медицинска помош.

The post Утре и задутре, за време на Министерскиот состанок на ОБСЕ поликлиниките и болниците ќе работат континуирано и без прекин appeared first on Република.

]]>
Во Македонија, со СДС и ДУИ се губат животи во болница како во војна, оставка на Меџити веднаш https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-so-sds-i-dui-se-gubat-zhivoti-vo-bolnitsa-kako-vo-vojna-ostavka-na-medhiti-vednash/ Tue, 14 Nov 2023 07:36:33 +0000 https://republika.mk/?p=701265

Во Македонија со СДС и ДУИ се губат животи во болница, како на бојно поле во војна, и никој од власта не сноси одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Последниот немил настан со смртта на новороденче од Прилеп во Клиниката во Скопје за жал е аларм за власта која во наместо да се труди да пружи подобри здравствени услуги на пациентите бара начини како да испумпа милиони евра преку системот за јавни набавки на клиниките.

Одговорност за смртта на бебето од Прилеп мора да има, и таа не смее да се сведе на некој кабел, пинцета или епрувета. Одговорноста мора да биде директна на надлежните во болниците каде е породено и лекувано бебето, но и политичка на министерот за здравство.

Според родителите на детето. Мајката на бебето немала никаква бактерија и требало да се породи со царски рез. Сите испитувања биле добри. А докторите одлучиле сабајлето кога е примена на 27 октомври да ја породат по природен пат.

Одговорноста мора да се персонализира, како кривична така и политичка.

Не може министерот за здравство да се занимава со се, освен со тоа што реално му е работа – грижа за пружање квалитетни здравствени услуги на населението.

Одговорност веднаш, и кривична и политичка. Единствена добра работа која може Меџити да ја направи е да си даде оставка веднаш, стои во партиското соопштение.

The post Во Македонија, со СДС и ДУИ се губат животи во болница како во војна, оставка на Меџити веднаш appeared first on Република.

]]>

Во Македонија со СДС и ДУИ се губат животи во болница, како на бојно поле во војна, и никој од власта не сноси одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Последниот немил настан со смртта на новороденче од Прилеп во Клиниката во Скопје за жал е аларм за власта која во наместо да се труди да пружи подобри здравствени услуги на пациентите бара начини како да испумпа милиони евра преку системот за јавни набавки на клиниките. Одговорност за смртта на бебето од Прилеп мора да има, и таа не смее да се сведе на некој кабел, пинцета или епрувета. Одговорноста мора да биде директна на надлежните во болниците каде е породено и лекувано бебето, но и политичка на министерот за здравство. Според родителите на детето. Мајката на бебето немала никаква бактерија и требало да се породи со царски рез. Сите испитувања биле добри. А докторите одлучиле сабајлето кога е примена на 27 октомври да ја породат по природен пат. Одговорноста мора да се персонализира, како кривична така и политичка. Не може министерот за здравство да се занимава со се, освен со тоа што реално му е работа – грижа за пружање квалитетни здравствени услуги на населението. Одговорност веднаш, и кривична и политичка. Единствена добра работа која може Меџити да ја направи е да си даде оставка веднаш, стои во партиското соопштение.

The post Во Македонија, со СДС и ДУИ се губат животи во болница како во војна, оставка на Меџити веднаш appeared first on Република.

]]>
Газа пред хуманитарна катастрофа https://republika.mk/vesti/svet/bolnitsite-vo-gaza-prepolni-i-na-rabot-na-kolaps-ostanuvaat-bez-hrana-voda-i-lekovi-2/ Mon, 16 Oct 2023 19:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=691732

Жителите на Појасот Газа се засолнуваат во болници и училишта додека израелските бомбардирања продолжуваат, а храната, водата и лековите се при крај.

Повеќе од еден милион луѓе ги напуштија своите домови пред очекуваната израелска копнена офанзива.

Палестинците се надеваат дека ќе го отворат граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет, каде камионите чекаат со денови да ја достават потребната хуманитарна помош додека посредниците вршат притисок да се прогласи прекин на огнот за да можат да влезат во Газа и да им се овозможи на странците да ја напуштат.

Рафа, единствената врска на Газа со Египет, е затворена речиси една недела поради израелските бомбардирања.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри рече дека Израел не се согласил да го отвори преминот од Газа.

Цели населби се срамнети со земја во израелските воздушни напади додека палестинските екстремисти продолжуваат да истрелуваат ракети кон Израел.

Стотици илјади Палестинци кои се засолниле во зградите на ОН имаат на располагање помалку од еден литар вода дневно.

Болниците предупредуваат дека се на работ на колапс, дека за генераторите кои овозможуваат работа на респиратотите и инкубаторите има гориво само за еден ден и дека медицинските материјали се речиси исцрпени.

Во војната меѓу Израел и Хамас досега се убиени 2.750 Палестинци, а 9.700 се ранети.

Во Израел загинаа повеќе од 1.400 луѓе.

Оваа последна војна се смета за најсмртоносна за двете страни.

The post Газа пред хуманитарна катастрофа appeared first on Република.

]]>

Жителите на Појасот Газа се засолнуваат во болници и училишта додека израелските бомбардирања продолжуваат, а храната, водата и лековите се при крај. Повеќе од еден милион луѓе ги напуштија своите домови пред очекуваната израелска копнена офанзива. Палестинците се надеваат дека ќе го отворат граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет, каде камионите чекаат со денови да ја достават потребната хуманитарна помош додека посредниците вршат притисок да се прогласи прекин на огнот за да можат да влезат во Газа и да им се овозможи на странците да ја напуштат. Рафа, единствената врска на Газа со Египет, е затворена речиси една недела поради израелските бомбардирања. Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри рече дека Израел не се согласил да го отвори преминот од Газа. Цели населби се срамнети со земја во израелските воздушни напади додека палестинските екстремисти продолжуваат да истрелуваат ракети кон Израел. Стотици илјади Палестинци кои се засолниле во зградите на ОН имаат на располагање помалку од еден литар вода дневно. Болниците предупредуваат дека се на работ на колапс, дека за генераторите кои овозможуваат работа на респиратотите и инкубаторите има гориво само за еден ден и дека медицинските материјали се речиси исцрпени. Во војната меѓу Израел и Хамас досега се убиени 2.750 Палестинци, а 9.700 се ранети. Во Израел загинаа повеќе од 1.400 луѓе. Оваа последна војна се смета за најсмртоносна за двете страни.  

The post Газа пред хуманитарна катастрофа appeared first on Република.

]]>
Црвениот крст предупредува: Болниците во Газа без струја може да се претворат во мртовечници https://republika.mk/vesti/svet/tsrveniot-krst-predupreduva-bolnitsite-vo-gaza-bez-struja-mozhe-da-se-pretvorat-vo-mrtovechnitsi/ Fri, 13 Oct 2023 11:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=690910

Болниците во Газа ризикуваат да се претворат во мртовечници без струја – велат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Единствената електрана во Газа остана без гориво во средата, а резервните генератори би можеле да престанат да работат за неколку часа, додава Би-Би-Си.

Медицинските центри беа преполни откако Израел воведе „тотална опсада“ на Газа и ја нападна територијата со воздушни и артилериски напади.

Израел вети дека нема да ја врати електричната енергија и нема да дозволи основни ресурси и хуманитарна помош во Газа додека Хамас не ослободи околу 150 заложници што ги киднапираше за време на нападите во саботата.

Како што Газа ја губи струјата, болниците ја губат електричната енергија, со што се изложени на ризик новороденчињата во инкубатори и постарите пациенти на кислород. Дијализата на бубрезите престана, а рендген не може да се направи, рече Фабрицио Карбони, директор на МКЦК за регионот.

Без струја, болниците ризикуваат да се претворат во мртовечници“, предупреди тој, додавајќи дека болниците сè уште работат на генератори, но дека горивото ќе трае само „неколку часа“.

Долги редици се гледаат пред болниците во Газа, а повредените чекаат помош. Потребната медицинска опрема е при крај, здравствените работници апелираат граѓаните да даруваат крв.

Децата, од кои некои се тешко повредени, лежат во болнички кревети и плачат чекајќи да се лекуваат.

Најголемиот јавно здравствен комплекс во Појасот Газа, болницата Ал-Шифа, е „преоптоварен“, изјави тамошниот лекар за Би-Би-Си.

Тешко дека можеме да се справиме со пациентите, рече д-р Мохамад Матар, пренесува BBC.

The post Црвениот крст предупредува: Болниците во Газа без струја може да се претворат во мртовечници appeared first on Република.

]]>

Болниците во Газа ризикуваат да се претворат во мртовечници без струја – велат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Единствената електрана во Газа остана без гориво во средата, а резервните генератори би можеле да престанат да работат за неколку часа, додава Би-Би-Си. Медицинските центри беа преполни откако Израел воведе „тотална опсада“ на Газа и ја нападна територијата со воздушни и артилериски напади. Израел вети дека нема да ја врати електричната енергија и нема да дозволи основни ресурси и хуманитарна помош во Газа додека Хамас не ослободи околу 150 заложници што ги киднапираше за време на нападите во саботата. Како што Газа ја губи струјата, болниците ја губат електричната енергија, со што се изложени на ризик новороденчињата во инкубатори и постарите пациенти на кислород. Дијализата на бубрезите престана, а рендген не може да се направи, рече Фабрицио Карбони, директор на МКЦК за регионот. Без струја, болниците ризикуваат да се претворат во мртовечници“, предупреди тој, додавајќи дека болниците сè уште работат на генератори, но дека горивото ќе трае само „неколку часа“. Долги редици се гледаат пред болниците во Газа, а повредените чекаат помош. Потребната медицинска опрема е при крај, здравствените работници апелираат граѓаните да даруваат крв. Децата, од кои некои се тешко повредени, лежат во болнички кревети и плачат чекајќи да се лекуваат. Најголемиот јавно здравствен комплекс во Појасот Газа, болницата Ал-Шифа, е „преоптоварен“, изјави тамошниот лекар за Би-Би-Си. Тешко дека можеме да се справиме со пациентите, рече д-р Мохамад Матар, пренесува BBC.

The post Црвениот крст предупредува: Болниците во Газа без струја може да се претворат во мртовечници appeared first on Република.

]]>
ЕЕА: Училиштата и болниците во европските градови се изложени на ризик од екстремни горештини https://republika.mk/vesti/svet/eea-uchilishtata-i-bolnitsite-vo-evropskite-gradovi-se-izlozheni-na-rizik-od-ekstremni-goreshtini/ Wed, 14 Jun 2023 07:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=651108

Речиси половина од училиштата и болниците во европските градови се наоѓаат во урбани „топлински острови“, изложувајќи ги ранливите популации на опасни по здравјето температури, бидејќи влијанието на климатските промени се интензивира, соопшти Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Околу 46 проценти од болниците и 43 отсто од училиштата се лоцирани во области каде што температурата е најмалку 2 Целзиусови степени потопла од просекот во регионот - и тоа води до посилни ефекти од топлотните бранови отколку во руралните области објави ЕЕА во анализата за тоа како Европа може да се прилагоди на климатските промени.

Климатските промени предизвикани од индустријата што продолжува да согорува фосилни горива ги прави топлотните бранови потопли и почести, тренд кој, во комбинација со урбаните топлински острови, носи ризици, вклучително и зголемена смртност од топлотен стрес за ранливите групи на населението, како што се постарите лица.

„Ранливоста во Европа се зголемува и поради стареењето на населението, поради погусто населените градови. Ова е нешто што, во комбинација со топлотните бранови, ќе стане ризик за општеството во иднина“, вели Блаз Курник шеф на оддел во ЕАОС.

Феноменот веќе е забележан при екстремни температури. За време на топлотниот бран од август 2003 година, смртните случаи поврзани со топлина во градовите во регионот Вест Мидлендс во Велика Британија беа двојно повисоки отколку во локалните рурални области. ЕЕА ги повика владите да воведат мерки за намалување на ефектот на топлинскиот остров во градовите, како што е воведување повеќе зелени површини за ладење и вода.

The post ЕЕА: Училиштата и болниците во европските градови се изложени на ризик од екстремни горештини appeared first on Република.

]]>

Речиси половина од училиштата и болниците во европските градови се наоѓаат во урбани „топлински острови“, изложувајќи ги ранливите популации на опасни по здравјето температури, бидејќи влијанието на климатските промени се интензивира, соопшти Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Околу 46 проценти од болниците и 43 отсто од училиштата се лоцирани во области каде што температурата е најмалку 2 Целзиусови степени потопла од просекот во регионот - и тоа води до посилни ефекти од топлотните бранови отколку во руралните области објави ЕЕА во анализата за тоа како Европа може да се прилагоди на климатските промени. Климатските промени предизвикани од индустријата што продолжува да согорува фосилни горива ги прави топлотните бранови потопли и почести, тренд кој, во комбинација со урбаните топлински острови, носи ризици, вклучително и зголемена смртност од топлотен стрес за ранливите групи на населението, како што се постарите лица.
„Ранливоста во Европа се зголемува и поради стареењето на населението, поради погусто населените градови. Ова е нешто што, во комбинација со топлотните бранови, ќе стане ризик за општеството во иднина“, вели Блаз Курник шеф на оддел во ЕАОС.
Феноменот веќе е забележан при екстремни температури. За време на топлотниот бран од август 2003 година, смртните случаи поврзани со топлина во градовите во регионот Вест Мидлендс во Велика Британија беа двојно повисоки отколку во локалните рурални области. ЕЕА ги повика владите да воведат мерки за намалување на ефектот на топлинскиот остров во градовите, како што е воведување повеќе зелени површини за ладење и вода.

The post ЕЕА: Училиштата и болниците во европските градови се изложени на ризик од екстремни горештини appeared first on Република.

]]>
Досега 24 здравствени установи потпишале договор со ЕСМ за поевтина струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/dosega-24-zdravstveni-ustanovi-potpishale-dogovor-so-esm-za-poevtina-struja/ Sun, 27 Nov 2022 09:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=578650

Министерството за здравство информира дека со цел афирмирање на сетот мерки и препораки од Владата за рационално користење на потрошувачката на електрична и топлинска енергија, здравствениот систем, во рамки на можностите реализира сет мерки и активности.

-По донесување на мерките и препораките за рационално користење на електричната енергија, од Економско-енергетскиот совет на Владата, во пресрет на грејната сезона донесена е одлука јавните здравствени установи да склучат договори за електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската, велат од МЗ.

Во координација со здравствените установи изготвен е план и дадени се насоки до сите јавни здравствени установи, со цел рационализирање на сметките и трошоците за оваа намена, но истовремено грижата за пациентите и обезбедувањето здравствена заштита останува врвен приоритет на Министерството за здравство и јавните здравствени установи.

Досега 24 здравствени установи имаат потпишано договор со ЕСМ продажба, од кои три се во фаза на потпишување и тие веќе добиваат електрична енергија по многу поповолна цена.

-Во рамки на административната зграда на Министерството за здравство не се користат дополнителни грејни тела и се користи централно греење од клиничкиот комплекс. Во МЗ е назначено и посебно административно лице за проверка на рационалното користење на електричната енергија. Почитувајќи ја сензитивноста на здравствениот сектор, дел од мерките се однесуваат на рационално користење на осветлувањето, редовно менување на филтрите на клима уредите, замена на стари прозорци со енергетско ефикасни, поставување штедливи сијалици и слично, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

The post Досега 24 здравствени установи потпишале договор со ЕСМ за поевтина струја appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека со цел афирмирање на сетот мерки и препораки од Владата за рационално користење на потрошувачката на електрична и топлинска енергија, здравствениот систем, во рамки на можностите реализира сет мерки и активности. -По донесување на мерките и препораките за рационално користење на електричната енергија, од Економско-енергетскиот совет на Владата, во пресрет на грејната сезона донесена е одлука јавните здравствени установи да склучат договори за електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската, велат од МЗ. Во координација со здравствените установи изготвен е план и дадени се насоки до сите јавни здравствени установи, со цел рационализирање на сметките и трошоците за оваа намена, но истовремено грижата за пациентите и обезбедувањето здравствена заштита останува врвен приоритет на Министерството за здравство и јавните здравствени установи. Досега 24 здравствени установи имаат потпишано договор со ЕСМ продажба, од кои три се во фаза на потпишување и тие веќе добиваат електрична енергија по многу поповолна цена. -Во рамки на административната зграда на Министерството за здравство не се користат дополнителни грејни тела и се користи централно греење од клиничкиот комплекс. Во МЗ е назначено и посебно административно лице за проверка на рационалното користење на електричната енергија. Почитувајќи ја сензитивноста на здравствениот сектор, дел од мерките се однесуваат на рационално користење на осветлувањето, редовно менување на филтрите на клима уредите, замена на стари прозорци со енергетско ефикасни, поставување штедливи сијалици и слично, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

The post Досега 24 здравствени установи потпишале договор со ЕСМ за поевтина струја appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Обезбеден е гас од Србија за училиштата и болниците https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-obezbeden-e-gas-od-srbija-za-uchilishtata-i-bolnicite/ Sun, 23 Oct 2022 19:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=564764

Србија ќе ја изземе Македонија од забраната за извоз на природен гас, соопшти вечерва премиерот Димитар Ковачевски.

Ветив дека ќе направиме се и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брбаниќ, официјален Белград реши да ја изземе Македонија од забраната за извоз на природен гас, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.

Посочува дека преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен Балкан и преку партнерскиот однос, обезбедена е поддршка онаму каде највеќе треба, односно компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата.

The post Ковачевски: Обезбеден е гас од Србија за училиштата и болниците appeared first on Република.

Се бара чаре за школите и болниците да плаќаат поевтина струја, вели Ковачевски https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-bara-chare-za-shkolite-i-bolnicite-da-plakjaat-poevtina-struja-veli-kovachevski/ Sat, 15 Oct 2022 12:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=561447

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека е можно да се најде решение за вклучувањето на сите училишта на регулираниот пазар на електрична енергија и за вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ снабдување и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.

Таа мерка не е предложена еднострано. Знаете дека имаше седница на Економскиот совет во проширен состав на која покрај владините министри од економските ресори присуствуваа и сите директори на државни претпријатија од енергетскиот сектор, претставници наголеми приватни компании од енергетскиот сектор, стопански комори, академската заедница, РКЕ… и тогаш кажавме дека Министерството за економија заедно со АД ЕСМ треба да направат детална анализа во однос на вклчувањето на сите училишта на регулираниот пазар, потоа вклучување кај ЕСМ снабдување на институциите од здравствениот сектор со оглед на тоа дека тие плаќаат голем дел од нив на краен снабдувач и треба да се стават на посигурен снабдувач на електрична енергија - изјави денеска премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Тој додаде дека штом ќе бидат усогласени барањата на компанијата, на стопанството, со регулативите за кои е задолжена РКЕ, ќе се излезе со финална солуција како ќе изгледа префрлањето на нови институции на регулираниот пазар.

Нормално дека останува на РКЕ да го разгледа во детали барањето кое што го има не само Владата, туку и другите институции и на крајот да најдеме солуција. Досега се покажа дека со напорна работа, со добра координација помеѓу сите институции може да се изнајде решени како што изнајде решение за субвенционирање на 80 проценти од цената на електрична енергија на граѓаните и на две третини од електричната енергија на регулиранот пазар за малите потрошувачи за 72 илјади компании, сметам дека и за ова ќе се изнајде решение - рече Ковачевски.

Тој потенцира оти цената на струјата ја одредува РКЕ и оти таа зависи од многу фактори, а не само од еден.

Зависи од цената на енергенсите која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на транспортот која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на основните суровини што се користат за одржување на електроенергетските постројки, зависи од цената на гасот, зависи од цената на мазутот, на јагленот итн. Од ова одлука, исто така, може да зависи, меѓутоа префрлањето на основните и на средните училишта на регулираниот пазар има многу помало учество од тоа што го имаат порастот на цените на другите енергенси ако ја погледнете формулата за формирање на цената - рече Ковачевски по посетата на болницата во Гостивар.

Во врска со информациите за заштедата на струја за над 18 проценти од страна на сите институции ви септември годинава споредено со истиот период лани, Ковачевски истакна дека сите министерства имале таква заштеда знаејќи дека ако не го направат тоа ќе имало смена на министрите.

The post Се бара чаре за школите и болниците да плаќаат поевтина струја, вели Ковачевски appeared first on Република.

За една недела во Македонија починале двајца пациенти болни од ковид, во болница се лекуваат 55 лица https://republika.mk/zivot/zdravje/za-edna-nedela-vo-makedonija-pochinale-dvajca-pacienti-bolni-od-kovid-vo-bolnica-se-lekuvaat-55-lica/ Tue, 19 Apr 2022 09:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=490397

Во период од 11 до 17 април 2022 година во Македонија се пријавени два смртни случаи од  ковид-19, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Починатите пациенти се од Скопје и Демир Хисар. Двата регистрирани случаи се на возраст над 60 години.

Извештајот покажува дека во државата се присутни BA.1 и BA.2 подваријантите на oмикрон.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 55 лица или 12,7% помалку, од нив 21 се на кислородна поддршка поточно 16% помалку и нема пријавено лица на механичка вентилација идентично како претходна недела.

Во периодот од 11 до 17 април тестирани се 12.663 граѓани, што е намалување од 12,3 проценти во однос на претходната недела. Регистрирани сe 806 нови позитивни од 27 градови во државата, со намалување од 26,9 отсто. Процентот на позитивност се движи околу 5,9.

Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 0-9 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.108 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 25,9% помалку во споредба со минатата недела.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 130 реинфекции, со намалување од 24,9% во однос на претходната недела.

Заклучно со 17.04.2022, пријавени се вкупно 308.620 случаи на ковид-19. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово и Кавадарци, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци и Скопје. Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка.

Заклучно со 17.04.2022, регистрирани се вкупно 12.265 (4 %) реинфекции. Од реинфекциите, 20 завршиле со смртен исход.

Регистрирани се 9.262 смртни случаи. Од смртните случаи, 762 (8,2%) починале во вонболнички, а 8.500 (91,8%) во хоспитални услови.

The post За една недела во Македонија починале двајца пациенти болни од ковид, во болница се лекуваат 55 лица appeared first on Република.

]]>

Во период од 11 до 17 април 2022 година во Македонија се пријавени два смртни случаи од  ковид-19, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Починатите пациенти се од Скопје и Демир Хисар. Двата регистрирани случаи се на возраст над 60 години. Извештајот покажува дека во државата се присутни BA.1 и BA.2 подваријантите на oмикрон. Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 55 лица или 12,7% помалку, од нив 21 се на кислородна поддршка поточно 16% помалку и нема пријавено лица на механичка вентилација идентично како претходна недела. Во периодот од 11 до 17 април тестирани се 12.663 граѓани, што е намалување од 12,3 проценти во однос на претходната недела. Регистрирани сe 806 нови позитивни од 27 градови во државата, со намалување од 26,9 отсто. Процентот на позитивност се движи околу 5,9. Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 0-9 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.108 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 25,9% помалку во споредба со минатата недела. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 130 реинфекции, со намалување од 24,9% во однос на претходната недела. Заклучно со 17.04.2022, пријавени се вкупно 308.620 случаи на ковид-19. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово и Кавадарци, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци и Скопје. Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка. Заклучно со 17.04.2022, регистрирани се вкупно 12.265 (4 %) реинфекции. Од реинфекциите, 20 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 9.262 смртни случаи. Од смртните случаи, 762 (8,2%) починале во вонболнички, а 8.500 (91,8%) во хоспитални услови.

The post За една недела во Македонија починале двајца пациенти болни од ковид, во болница се лекуваат 55 лица appeared first on Република.

]]>
Целосно уништени 10 украински болници, тврди министерот за здравство https://republika.mk/vesti/svet/celosno-unishteni-10-ukrainski-bolnici-tvrdi-ministerot-za-zdravstvo/ Tue, 22 Mar 2022 12:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=476638

Десет болници се целосно уништени од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, информираше украинскиот министер за здравство Виктор Лашко, во своја изјава на националната телевизија.

Други болници, додаде Лашко, не можеа да добијат лекови и други работи, поради борбите во близина.

Светската здравствена организација соопшти за 62 различни напади врз здравствени установи во Украина, откако почна конфликтот, при што, евидентирани се 15 загинати и најмалку 37 повредени лица.

The post Целосно уништени 10 украински болници, тврди министерот за здравство appeared first on Република.

]]>

Десет болници се целосно уништени од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, информираше украинскиот министер за здравство Виктор Лашко, во своја изјава на националната телевизија. Други болници, додаде Лашко, не можеа да добијат лекови и други работи, поради борбите во близина. Светската здравствена организација соопшти за 62 различни напади врз здравствени установи во Украина, откако почна конфликтот, при што, евидентирани се 15 загинати и најмалку 37 повредени лица.

The post Целосно уништени 10 украински болници, тврди министерот за здравство appeared first on Република.

]]>
Неколку болници во земјава означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина https://republika.mk/vesti/makedonija/nekolku-bolnici-vo-zemjava-oznacheni-kako-crveni-zoni-za-eventualen-begalski-bran-od-ukraina/ Mon, 14 Mar 2022 15:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=472797

Состојбата со евентуален бран на бегалци од Украина засега е мирна и досега единствена здравствена услуга на бегалец од Украина е раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир, вели во интервју за МИА министерот за здравство Беким Сали, во врска со евентуалните стравувања за зголемувањето на бројките на новозаразаени со Ковид-19, доколку бегалскиот бран се прелее во Македонија.

Околу 2,7 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина. Неодамна Меѓународната федерација Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФЦР) изразија загриженост дека војната во Украина би можела да доведе до зголемување на бројот на новозаразени со Ковид -19 како во Украина, така и во нејзините соседни земји. Македонија не е сосед, но сепак надлежните кај нас повеќе пати нагласуваа дека се подготвуваат за евентуален бран бегалци.

Засега ние немаме наплив на мигранти од Украина и тие малку што се, во помал број, се згрижени. Досега не сме имале некоја посебна потреба од итна здравствена услуга, освен раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир. Тоа е единствената услуга засега што сме ја пружиле на мигрант. Досега немаме ни најава за доаѓање, за пристигнување на некој одреден број на мигранти. Меѓутоа, сепак ние како Министерство сме организирани и спремни за пречекување. Неколку болници сме ги назначиле како „црвени зони“, односно точки каде што би можеле да пристапуваат евентуално новодојдените мигранти и сметам дека сме доволно спремни за пречек - нагласува Сали за МИА.

Министерот за здравство во интервјуто за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре со видеоматеријал, говори и за моменталната состојба со Ковид-19, за ковид-мерките, состојбата со вакцинација, колективниот имунитет, но и генерално за останатите проблеми со кои се соочува здравствениот систем.

The post Неколку болници во земјава означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина appeared first on Република.

]]>

Состојбата со евентуален бран на бегалци од Украина засега е мирна и досега единствена здравствена услуга на бегалец од Украина е раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир, вели во интервју за МИА министерот за здравство Беким Сали, во врска со евентуалните стравувања за зголемувањето на бројките на новозаразаени со Ковид-19, доколку бегалскиот бран се прелее во Македонија. Околу 2,7 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина. Неодамна Меѓународната федерација Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФЦР) изразија загриженост дека војната во Украина би можела да доведе до зголемување на бројот на новозаразени со Ковид -19 како во Украина, така и во нејзините соседни земји. Македонија не е сосед, но сепак надлежните кај нас повеќе пати нагласуваа дека се подготвуваат за евентуален бран бегалци.
Засега ние немаме наплив на мигранти од Украина и тие малку што се, во помал број, се згрижени. Досега не сме имале некоја посебна потреба од итна здравствена услуга, освен раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир. Тоа е единствената услуга засега што сме ја пружиле на мигрант. Досега немаме ни најава за доаѓање, за пристигнување на некој одреден број на мигранти. Меѓутоа, сепак ние како Министерство сме организирани и спремни за пречекување. Неколку болници сме ги назначиле како „црвени зони“, односно точки каде што би можеле да пристапуваат евентуално новодојдените мигранти и сметам дека сме доволно спремни за пречек - нагласува Сали за МИА.
Министерот за здравство во интервјуто за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре со видеоматеријал, говори и за моменталната состојба со Ковид-19, за ковид-мерките, состојбата со вакцинација, колективниот имунитет, но и генерално за останатите проблеми со кои се соочува здравствениот систем.

The post Неколку болници во земјава означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина appeared first on Република.

]]>
Во Србија се полнат болниците со пациенти од Ковид, бројот на починати се зголемува https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-srbija-se-polnat-bolnicite-so-pacienti-od-kovid-brojot-na-pochinati-se-zgolemuva/ Mon, 07 Feb 2022 14:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=455224

Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 1.768.343 случаи на заразени со коронавирус, а починале 13.991 заразено лице. Стапката на смртност е 0,79 отсто, објавено е на официјалната веб-страница, пишуваат медиумите во оваа соседна земја.

Епидемиолошката состојба во Србија анализираат медиумите не стивнува. Бројот на пациенти во болниците за ковид и оние што се на респиратори продолжува да расте, а се зголемува и бројот на смртни случаи.

На болничко лекување, во најтешка состојба, повеќето се постари од 70 години. Со поблага клиничка слика има сè повеќе заболени деца – кај најмалите често без симптоми.

Според последниот пресек, регистрирани се 10.602 случаи на инфекција со коронавирус меѓу 22.013 тестирани примероци, покажуваат податоците на веб-страницата covid19.rs. Како резултат на инфекцијата, починале 63 лица. Во болниците има 4.295 пациенти со ковид, од кои 154 се на респиратор.

Поради тешката епидемиска состојба, училиштата работат уште оваа недела, а потоа ќе започне продолжениот распуст кој ќе трае до 21 февруари.

Денеска учениците одат на училиште на стариот начин – пониските одделенија од основното училиште се во училишните клупи, а постарите основци и средношколци наставата ја следат по комбиниран модел – директно и онлајн наизменично.

The post Во Србија се полнат болниците со пациенти од Ковид, бројот на починати се зголемува appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 1.768.343 случаи на заразени со коронавирус, а починале 13.991 заразено лице. Стапката на смртност е 0,79 отсто, објавено е на официјалната веб-страница, пишуваат медиумите во оваа соседна земја. Епидемиолошката состојба во Србија анализираат медиумите не стивнува. Бројот на пациенти во болниците за ковид и оние што се на респиратори продолжува да расте, а се зголемува и бројот на смртни случаи. На болничко лекување, во најтешка состојба, повеќето се постари од 70 години. Со поблага клиничка слика има сè повеќе заболени деца – кај најмалите често без симптоми. Според последниот пресек, регистрирани се 10.602 случаи на инфекција со коронавирус меѓу 22.013 тестирани примероци, покажуваат податоците на веб-страницата covid19.rs. Како резултат на инфекцијата, починале 63 лица. Во болниците има 4.295 пациенти со ковид, од кои 154 се на респиратор. Поради тешката епидемиска состојба, училиштата работат уште оваа недела, а потоа ќе започне продолжениот распуст кој ќе трае до 21 февруари. Денеска учениците одат на училиште на стариот начин – пониските одделенија од основното училиште се во училишните клупи, а постарите основци и средношколци наставата ја следат по комбиниран модел – директно и онлајн наизменично.

The post Во Србија се полнат болниците со пациенти од Ковид, бројот на починати се зголемува appeared first on Република.

]]>
Голем број новозаразени во Бугарија, болниците под притисок https://republika.mk/vesti/balkan/golem-broj-novozarazeni-vo-bugarija-bolnicite-pod-pritisok/ Thu, 03 Feb 2022 10:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=453476

Се зголемува притисокот врз болниците во Бугарија поради корона вирусот, а расте и бројот на примени на одделенијата за интензивна нега.

Нови 9.152 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, а од нив 75 отсто не се вакцинирани.

Се зголемува бројот на активни случаи на корона вирус во земјата и тие се веќе 255.422.

Во последните 24 часа во медицинските установи се сместени нови 797 лица, а речиси 85 отсто од нив не биле вакцинирани.Така, вкупно 5.917 лица во моментов се хоспитализирани на лекување. Од нив 565 се сместени на одделенија за интензивна нега.

Бројот на оние кои ја загубија битката со болеста и понатаму е голем. Во изминатите 24 часа има 87 смртни случаи од корона вирус, а 86 отсто од нив не биле вакцинирани. Така, вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата во Бугарија достигна 33.492 лица.

Вкупниот број на Бугари со завршен циклус на вакцинација достигнува премина два милиони – 2.003.025. Од нив со трета доза се 620 413 лица.

The post Голем број новозаразени во Бугарија, болниците под притисок appeared first on Република.

]]>

Се зголемува притисокот врз болниците во Бугарија поради корона вирусот, а расте и бројот на примени на одделенијата за интензивна нега. Нови 9.152 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, а од нив 75 отсто не се вакцинирани. Се зголемува бројот на активни случаи на корона вирус во земјата и тие се веќе 255.422. Во последните 24 часа во медицинските установи се сместени нови 797 лица, а речиси 85 отсто од нив не биле вакцинирани.Така, вкупно 5.917 лица во моментов се хоспитализирани на лекување. Од нив 565 се сместени на одделенија за интензивна нега. Бројот на оние кои ја загубија битката со болеста и понатаму е голем. Во изминатите 24 часа има 87 смртни случаи од корона вирус, а 86 отсто од нив не биле вакцинирани. Така, вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата во Бугарија достигна 33.492 лица. Вкупниот број на Бугари со завршен циклус на вакцинација достигнува премина два милиони – 2.003.025. Од нив со трета доза се 620 413 лица.

The post Голем број новозаразени во Бугарија, болниците под притисок appeared first on Република.

]]>
Oд 3 до 9 јануари пријавени се 946 реинфекции, што е седум пати повеќе од минатата недела, омикрон има во 12 града во Македонија https://republika.mk/zivot/zdravje/od-3-do-9-januari-prijaveni-se-946-reinfekcii-shto-e-sedum-pati-povekje-od-minatata-nedela-omikron-ima-vo-12-grada-vo-makedonija/ Tue, 11 Jan 2022 08:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=442916

Од 3 до 9 јануари годинава се пријавени 946 реинекции со ковид-19, што е за седум пати повеќе во однос на минатата недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЗЈ). Најголемо зголемување на заболени е забалежано кај лицата од 20 до 39 години, според извештајот на ИЈЗ.

Министерството за здравство информира дека согласно анализите на ИЈЗ во период од една седмица за 51%, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2.

Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27%), 20-29(24%) и 40-49(17%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2%).

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05- 10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив(68%) е детектирана Омикрон варијантата.

Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Според извештаите од болниците моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела.

Од вкупниот број хоспитализирани пацинети, 156 се во Скопје на КИБФС, ТБЦ и ГОБ 8 Септември. Во останатите болници низ државата хоспиталзиирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица.

Зголемен е бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти.

Според епидемилошките анкети најголем дел од пацинетите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Министерството за здравство, апелира граѓаните кои чуствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се излоираат како би спречиле ширење на вирусот.

The post Oд 3 до 9 јануари пријавени се 946 реинфекции, што е седум пати повеќе од минатата недела, омикрон има во 12 града во Македонија appeared first on Република.

]]>

Од 3 до 9 јануари годинава се пријавени 946 реинекции со ковид-19, што е за седум пати повеќе во однос на минатата недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЗЈ). Најголемо зголемување на заболени е забалежано кај лицата од 20 до 39 години, според извештајот на ИЈЗ. Министерството за здравство информира дека согласно анализите на ИЈЗ во период од една седмица за 51%, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27%), 20-29(24%) и 40-49(17%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2%). Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05- 10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив(68%) е детектирана Омикрон варијантата. Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен. Според извештаите од болниците моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пацинети, 156 се во Скопје на КИБФС, ТБЦ и ГОБ 8 Септември. Во останатите болници низ државата хоспиталзиирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица. Зголемен е бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти. Според епидемилошките анкети најголем дел од пацинетите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Министерството за здравство, апелира граѓаните кои чуствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се излоираат како би спречиле ширење на вирусот.

The post Oд 3 до 9 јануари пријавени се 946 реинфекции, што е седум пати повеќе од минатата недела, омикрон има во 12 града во Македонија appeared first on Република.

]]>
Фаучи: Омикрон поради високата заразност може да ги оптовари болниците https://republika.mk/vesti/svet/fauchi-omikron-poradi-visokata-zaraznost-moze-da-gi-optovari-bolnicite/ Sun, 02 Jan 2022 20:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=439731

Главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи денеска предупреди дека се уште постои опасност од зголемен број на хоспитализации поради високата заразност на омикрон, иако првичните податоци покажуваат дека оваа варијанта на коронавирусот е помалку опасна.

Единствениот проблем е што ако имате толку многу случаи на инфекција, дури и ако стапката на хоспитализација е помала кај омикрон отколку кај делта, сепак постои опасност да има голем пораст на хоспитализации, што може да го оптовари здравствениот систем, истакна Фаучи во интервју за Си-Ен-Ен.

Се проценува дека омикрон варијантата на коронавирусот е одговорна за 58,6 проценти од инфекциите со Ковид-19 во САД според податоците од 25 декември, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Сигурно ќе има многу повеќе случаи на инфекција, бидејќи омикрон е многу позаразен вирус од делта, рече Фаучи.

Според него, „се чини дека (омикрон) би можел да биде помалку опасен, имајќи ги предвид податоците што ги собравме од Јужна Африка, Велика Британија, па дури и некои прелиминарни податоци овде во САД

The post Фаучи: Омикрон поради високата заразност може да ги оптовари болниците appeared first on Република.