Болница во Битола Archives - Република https://republika.mk/tema/bolnica-vo-bitola/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Oct 2023 10:40:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Болница во Битола Archives - Република https://republika.mk/tema/bolnica-vo-bitola/ 32 32 Обвинителството отвора неколку истраги за битолската болница https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-otvora-nekolku-istragi-za-bitolskata-bolnitsa/ Thu, 12 Oct 2023 10:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=690461

Во извештајот на Државната ревизија беа истакнати низа сомнежи за злоупотреби во работата на Клиничката болница во Битола. Најголемите сомнежи се за финансиски злоупотреби поврзани со сомнителни плаќања за нега и ангажирање на немедицински персонал или дури и за исплата на прекумерно работно време.

За ова се ангажираше и Јавното обвинителство, од каде за РСЕ велат дека се отворени повеќе истраги за работењето на оваа болница, додека од неодамна има нова која се заснова на извештајот на Државната ревизија.

„ОЈО Битола констатира уште еден случај за кој врз основа на направените проверки ќе се одлучи дали ќе се третира посебно или ќе се комбинира со претходни случаи. Надлежниот јавен обвинител ќе се обрати до Државното тело за ревизија за директна размена на информации со ревизорите кои го подготвиле ревизорскиот извештај за работата на болницата“, велат од ОЈО.

Соработката со Обвинителството ја потврди и главниот државен ревизор Максим Ацевски. Сите докази кои го поткрепуваат ревизорскиот извештај се доставени до Обвинителството и се очекува да постапи според тврдењата, рече Ацевски.

 

The post Обвинителството отвора неколку истраги за битолската болница appeared first on Република.

]]>

Во извештајот на Државната ревизија беа истакнати низа сомнежи за злоупотреби во работата на Клиничката болница во Битола. Најголемите сомнежи се за финансиски злоупотреби поврзани со сомнителни плаќања за нега и ангажирање на немедицински персонал или дури и за исплата на прекумерно работно време. За ова се ангажираше и Јавното обвинителство, од каде за РСЕ велат дека се отворени повеќе истраги за работењето на оваа болница, додека од неодамна има нова која се заснова на извештајот на Државната ревизија. „ОЈО Битола констатира уште еден случај за кој врз основа на направените проверки ќе се одлучи дали ќе се третира посебно или ќе се комбинира со претходни случаи. Надлежниот јавен обвинител ќе се обрати до Државното тело за ревизија за директна размена на информации со ревизорите кои го подготвиле ревизорскиот извештај за работата на болницата“, велат од ОЈО. Соработката со Обвинителството ја потврди и главниот државен ревизор Максим Ацевски. Сите докази кои го поткрепуваат ревизорскиот извештај се доставени до Обвинителството и се очекува да постапи според тврдењата, рече Ацевски.  

The post Обвинителството отвора неколку истраги за битолската болница appeared first on Република.

]]>
Лекарска комора: Неоправдано е да се создава јавно мислење дека сите лекари во Македонија, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно https://republika.mk/vesti/makedonija/lekarska-komora-neopravdano-e-da-se-sozdava-javno-mislene-deka-site-lekari-vo-makedonija-vkluchitelno-i-vo-bolnitsata-vo-bitola-rabotat-nestruchno-i-nesovesno/ Mon, 26 Jun 2023 18:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=655465

Лекарската комора на Македонија ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи.

Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” - Битола, кој е присутен иако инспекцискиот и стручниот надзор, како и извештајот на Судска медицина не утврдија лекарски грешка и стручен пропуст во лекувањето и не е констатирана причинско - последична врска меѓу терапијата која била дадена на 5-годишната пациентка и исходот од лекувањето, се вели во рекцијата на Лекарската комора.

Од ЛК додаваат:

Во такви услови, целосно е неоправдано континуирано да се создава јавно мислење дека сите лекари во нашата земја, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно. Процесот на создавање на лекар трае долго време и бара посветеност, континуирано учење и залагање, што е голема инвестиција на самиот лекар, неговото семејство, но и на образовниот и здравствен систем. Истакнуваме дека најголем дел од лекарите професионално, одговорно, стручно и посветено секојдневно се грижат за здравјето на пациентите во условите кои постојат во здравствениот систем. Не постои доктор кој не сака да го излекува својот пациент.

Докторите, како најважен чинител на здравствениот систем, мора да бидат еднакво заштитени и почитувани без разлика дали се дел од јавното или приватно здравство, затоа што сите се образуваат на истите факултети и најчесто најголем дел од својот професионален развој го достигнуваат во јавните здравствени установи. Иако јавното здравство се соочува со предизвици во однос на расположливите ресурси, докторите од Клиничка болница во Битола, а и во сите други јавни здравствени установи, секојдневно се обидуваат да пронајдат начини како да се подобрат условите, да не се затвораат одделенија и да им се овозможи на пациентите подобра здравствена заштита со поголемо обострано разбирање и трпение. Неоправданиот притисок што се прави врз лекарите создава услови за нивно заминување од јавното здравство, што е примарно на штета на пациентите.

Лекарската комора ја истакнува и важноста, медиумите и новинарите кои влијаат врз креирање на општото јавно мислење да ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето за лекувањето на пациенти и да пренесуваат проверени информации од официјални извори, со почит кон пациентите и нивната приватност. Ширењето на шпекулации и до крај непотврдени информации прави поширока општествена штета.

Изразуваме жалење и разбирање за болката на пациентите и нивните семејства, но потенцираме дека состојбите нема да се подобрат со ширење говор на омраза кон лекарите и споделување на нестручни проценки и тврдења. Надлежните институции се единствени во земјата коишто даваат официјално, стручно мислење врз основ на факти и тие се единствен извор на точни и прецизни информации за настанатата состојба. За одржливост на здравствениот систем ја истакнуваме важноста лекарите и пациентите да ги почитуваат одлуките на институциите, а истите да постапуваат ажурно и кога ќе се утврди лекарска грешка, но и кога лекарот ќе биде неосновано напаѓан и обвинуван, се вели во реакцијата на ЛК.

The post Лекарска комора: Неоправдано е да се создава јавно мислење дека сите лекари во Македонија, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора на Македонија ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи.
Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” - Битола, кој е присутен иако инспекцискиот и стручниот надзор, како и извештајот на Судска медицина не утврдија лекарски грешка и стручен пропуст во лекувањето и не е констатирана причинско - последична врска меѓу терапијата која била дадена на 5-годишната пациентка и исходот од лекувањето, се вели во рекцијата на Лекарската комора.
Од ЛК додаваат:
Во такви услови, целосно е неоправдано континуирано да се создава јавно мислење дека сите лекари во нашата земја, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно. Процесот на создавање на лекар трае долго време и бара посветеност, континуирано учење и залагање, што е голема инвестиција на самиот лекар, неговото семејство, но и на образовниот и здравствен систем. Истакнуваме дека најголем дел од лекарите професионално, одговорно, стручно и посветено секојдневно се грижат за здравјето на пациентите во условите кои постојат во здравствениот систем. Не постои доктор кој не сака да го излекува својот пациент. Докторите, како најважен чинител на здравствениот систем, мора да бидат еднакво заштитени и почитувани без разлика дали се дел од јавното или приватно здравство, затоа што сите се образуваат на истите факултети и најчесто најголем дел од својот професионален развој го достигнуваат во јавните здравствени установи. Иако јавното здравство се соочува со предизвици во однос на расположливите ресурси, докторите од Клиничка болница во Битола, а и во сите други јавни здравствени установи, секојдневно се обидуваат да пронајдат начини како да се подобрат условите, да не се затвораат одделенија и да им се овозможи на пациентите подобра здравствена заштита со поголемо обострано разбирање и трпение. Неоправданиот притисок што се прави врз лекарите создава услови за нивно заминување од јавното здравство, што е примарно на штета на пациентите.
Лекарската комора ја истакнува и важноста, медиумите и новинарите кои влијаат врз креирање на општото јавно мислење да ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето за лекувањето на пациенти и да пренесуваат проверени информации од официјални извори, со почит кон пациентите и нивната приватност. Ширењето на шпекулации и до крај непотврдени информации прави поширока општествена штета.
Изразуваме жалење и разбирање за болката на пациентите и нивните семејства, но потенцираме дека состојбите нема да се подобрат со ширење говор на омраза кон лекарите и споделување на нестручни проценки и тврдења. Надлежните институции се единствени во земјата коишто даваат официјално, стручно мислење врз основ на факти и тие се единствен извор на точни и прецизни информации за настанатата состојба. За одржливост на здравствениот систем ја истакнуваме важноста лекарите и пациентите да ги почитуваат одлуките на институциите, а истите да постапуваат ажурно и кога ќе се утврди лекарска грешка, но и кога лекарот ќе биде неосновано напаѓан и обвинуван, се вели во реакцијата на ЛК.

The post Лекарска комора: Неоправдано е да се создава јавно мислење дека сите лекари во Македонија, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно appeared first on Република.

]]>
Во тек инспекцискиот надзор на ДСЗИ во КБ Битола https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-tek-inspektsiskiot-nadzor-na-dszi-vo-kb-bitola/ Tue, 11 Apr 2023 10:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=629771

Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ додаваат дека Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче.

Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство.

Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pochina-novorodenche-vo-bitolskata-bolnitsa/

The post Во тек инспекцискиот надзор на ДСЗИ во КБ Битола appeared first on Република.

]]>

Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор, соопштија од Министерството за здравство. Од МЗ додаваат дека Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче. Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство. Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини. https://republika.mk/vesti/makedonija/pochina-novorodenche-vo-bitolskata-bolnitsa/

The post Во тек инспекцискиот надзор на ДСЗИ во КБ Битола appeared first on Република.

]]>