болни од рак Archives - Република https://republika.mk/tema/bolni-od-rak/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 11:33:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png болни од рак Archives - Република https://republika.mk/tema/bolni-od-rak/ 32 32 Германски лекари тестираат нов вид на радиотерапија за болните од рак https://republika.mk/zivot/zdravje/germanski-lekari-testiraat-nov-vid-na-radioterapija-za-bolnite-od-rak/ Fri, 12 Jan 2024 13:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=732230

Лекарите во германскиот град Дрезден истражуваат нова процедура за радиотерапија за пациенти со рак, која комбинира две различни техники.

На почетокот на оваа недела беше тестиран прототип кој комбинира магнетна резонанца (МРИ) на цело тело во реално време со систем на протонски сноп, каде снопот од протони е насочен кон заболеното ткиво.

Според германскиот институт за радио онкологија OncoRay, тоа е првиот уред од ваков вид во светот.

Пациентите со рак обично се следат со МРИ за време на радиотерапијата. Добиените слики овозможуваат подобра диференцијација на туморите од здравото ткиво отколку со други процедури.

Ова овозможува попрецизно да се одреди што треба да се озрачи. Дополнително, може да се препознаат промени во обликот и големината што може да се појават помеѓу два третмана со радиотерапија.

Прототипот сега може да го истражи степенот до кој може да се подобри прецизноста на протонската терапија со МРИ снимање.

Уредот е инсталиран во Медицинскиот центар на Универзитетот во Дрезден.

The post Германски лекари тестираат нов вид на радиотерапија за болните од рак appeared first on Република.

]]>

Лекарите во германскиот град Дрезден истражуваат нова процедура за радиотерапија за пациенти со рак, која комбинира две различни техники. На почетокот на оваа недела беше тестиран прототип кој комбинира магнетна резонанца (МРИ) на цело тело во реално време со систем на протонски сноп, каде снопот од протони е насочен кон заболеното ткиво. Според германскиот институт за радио онкологија OncoRay, тоа е првиот уред од ваков вид во светот. Пациентите со рак обично се следат со МРИ за време на радиотерапијата. Добиените слики овозможуваат подобра диференцијација на туморите од здравото ткиво отколку со други процедури. Ова овозможува попрецизно да се одреди што треба да се озрачи. Дополнително, може да се препознаат промени во обликот и големината што може да се појават помеѓу два третмана со радиотерапија. Прототипот сега може да го истражи степенот до кој може да се подобри прецизноста на протонската терапија со МРИ снимање. Уредот е инсталиран во Медицинскиот центар на Универзитетот во Дрезден.  

The post Германски лекари тестираат нов вид на радиотерапија за болните од рак appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: И јас сум имал болни од рак во моето блиско семејство и сме поминувале низ процес на чекање, снимање… https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-jas-sum-imal-bolni-od-rak-vo-moeto-blisko-semejstvo-i-sme-pominuvale-niz-proces-na-chekanje-snimanje/ Thu, 10 Nov 2022 11:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=572256

И јас сум имал болни од рак во моето блиско семејство и сме поминувале низ процес на чекање, снимање...кажа премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали е во ред болните од карцином во државата да чекаат со месеци за преглед, дијагноза, лекови.

Ковачевски денеска присустуваше во ГОБ „8 Септември“ каде што беше отворен новиот дијагностички центар за магнетна резонанца.

Системот треба да функционира и да пружа најбрза услуга. И јас сум имал болни од рак во моето блиско семејство и исто така сме поминувале низ процес на чекање, снимање итн.. Меѓутоа, низ тие лични искуства ќе сфатите неколку работи. Прво, дека тие коишто се задолжени за управување со системот треба да работат на унапредување на системот, на негово забрзување, зголемување на ефикасноста. Но, научив и друга работа, а тоа е дека ние во државата имаме врвни доктори и стручњаци кои се на ниво на доктори од Австрија, САД. Имаме софистицирана опрема која е на врвно ниво и ова го кажувам од многу лично искуство. Нам ни фали систем којшто ќе работи за граѓаните и за пружање на услуги, рече Ковачевски.

Запрашан што мисли за услугите во здравство, тој рече дека услугите во здравствениот сектор во државата може многукрактно да се подобрат.

Јас сум работел во индустрии во кои услугата за корисниците ја имаат доведено до совршенство. Тоа е направено со помош на дигитализација, креирање на стандрадни услуги за оние коишто ги користат, користење на сите најсовремени алатки и техники за комуникации за електронско плаќање и пред сè, обука на вработените кои ги даваат услугите. Има уште еден принцип кој јас го нарекувам дисциплинирана соработка, кој е многу важен при давањето на услуги на корисниците, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: И јас сум имал болни од рак во моето блиско семејство и сме поминувале низ процес на чекање, снимање… appeared first on Република.

]]>

И јас сум имал болни од рак во моето блиско семејство и сме поминувале низ процес на чекање, снимање...кажа премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали е во ред болните од карцином во државата да чекаат со месеци за преглед, дијагноза, лекови. Ковачевски денеска присустуваше во ГОБ „8 Септември“ каде што беше отворен новиот дијагностички центар за магнетна резонанца.