болка Archives - Република https://republika.mk/tema/bolka/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Nov 2023 17:43:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png болка Archives - Република https://republika.mk/tema/bolka/ 32 32 Како да заспиете кога ве мачи болка https://republika.mk/zivot/zdravje/kako-da-zaspiete-koga-ve-machi-bolka/ Sun, 05 Nov 2023 17:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=698529

Цврстиот и здрав ноќен сон е гаранција за добро расположение во текот на денот и генерално силен имунитет, а неопходен им е на сите. Но како да заспиете ако нешто ве боли? Влегувате во маѓепсан круг… Сепак, постои излез од тоа. Поточно, специјални пози што ви помагаат при разни болки, па дури и доведуваат до тоа ова непријатно чувство брзо да помине.

БОЛКА ВО ВРАТОТ

Доколку цел ден го поминувате седејќи пред компјутер, веројатно навечер ќе почувствувате болка и напнатост во вратот. Во овој случај најдобро е да спиете на грб или настрана. Притоа користете перница со пердуви или специјална тркалезна перница (може да се направи и од крпа) за да ја пополните кривината на вратот и да спречите прекумерен напор.

Ако поради тоа ве болат рамената, перницата можете да ја наместите така што и рамената ќе бидат на неа.

Не е препорачливо да спиете на стомак за време на болки во вратот и рамената: таквата поза не ви дозволува да се опуштите и да го одморите „проблематичниот дел“.

ГЛАВОБОЛКА

Доколку страдате од болки во слепоочниците, во пределот на вилицата или забоболка, најдобра положба за спиење е „војничката поза“: легнете строго на грб, со рацете покрај телото. Притоа најдобро е да изберете перница што ја фиксира положбата на главата. Можете едноставно да додадете по една потврда перница од двете страни. На очите е пожелно да се стави непроѕирна маска за спиење.

А префрлање на стомакот, вртење од колк на колк или ставање на раката под глава не треба да правите, бидејќи тоа може да предизвика поголема болка.

БОЛКА ВО ЖЕЛУДНИКОТ

Задолжително легнете на левата страна, а нозете свиткајте ги во колената. Меѓу колената ставете перница – ваквата поза им годи на сите, а најдобра е во случај на болки во колковите.

БОЛКИ ВО ГРБОТ

Ако ве боли грбот, особено во пределот на крстот, најдобро е да легнете на грб, да ставите перница под колената, а крпа под крстот свиткана. Тоа ќе ви го опушти грбот.

Ако ви е поудобно да лежите настрана, малку свиткајте ги колената, но не „нагоре“, туку бутовите да останат исправени како кога стоите (бутовите треба да бидат во иста линија како горниот дел од тело). Меѓу колената исто така ставете перница.

Потрудете се да не се вртите на стомак.

БОЛКИ ПРИ ПМС

Во случај на типични женски болки во долниот дел на стомакот, најдобро е да лежите на грб. Нозете треба да бидат малку свиткани во колената: под нив ставете тркалезно перниче или, на пример, пластично шише. Обрнете внимание: ‘рбетот не смее да се витка. Оваа поза ги опушта грбот и внатрешните органи, ја нормализира циркулацијата во пределот на карлицата и ги намалува прекумерниот притисок и напор.

Не се препорачува спиење настрана или на стомак за време на ПМС: во првиот случај има поголем притисок врз градите, а во вториот на матката.

КОГА ТЕЧЕ НОСОТ

Понекогаш се случува да не можете да заспиете поради течење на носот. Во тој случај, висока перница го решава проблемот – помага да ја задржите главата на ниво што е повисоко од нивото на вашето тело. Имено, кога лежите на грб, постои ризик слузта да се исцеди во синусите, а тоа може да доведе до воспаление на синусите.


Извор: Убавина и здравје

The post Како да заспиете кога ве мачи болка appeared first on Република.

]]>

Цврстиот и здрав ноќен сон е гаранција за добро расположение во текот на денот и генерално силен имунитет, а неопходен им е на сите. Но како да заспиете ако нешто ве боли? Влегувате во маѓепсан круг… Сепак, постои излез од тоа. Поточно, специјални пози што ви помагаат при разни болки, па дури и доведуваат до тоа ова непријатно чувство брзо да помине. БОЛКА ВО ВРАТОТ Доколку цел ден го поминувате седејќи пред компјутер, веројатно навечер ќе почувствувате болка и напнатост во вратот. Во овој случај најдобро е да спиете на грб или настрана. Притоа користете перница со пердуви или специјална тркалезна перница (може да се направи и од крпа) за да ја пополните кривината на вратот и да спречите прекумерен напор. Ако поради тоа ве болат рамената, перницата можете да ја наместите така што и рамената ќе бидат на неа. Не е препорачливо да спиете на стомак за време на болки во вратот и рамената: таквата поза не ви дозволува да се опуштите и да го одморите „проблематичниот дел“. ГЛАВОБОЛКА Доколку страдате од болки во слепоочниците, во пределот на вилицата или забоболка, најдобра положба за спиење е „војничката поза“: легнете строго на грб, со рацете покрај телото. Притоа најдобро е да изберете перница што ја фиксира положбата на главата. Можете едноставно да додадете по една потврда перница од двете страни. На очите е пожелно да се стави непроѕирна маска за спиење. А префрлање на стомакот, вртење од колк на колк или ставање на раката под глава не треба да правите, бидејќи тоа може да предизвика поголема болка. БОЛКА ВО ЖЕЛУДНИКОТ Задолжително легнете на левата страна, а нозете свиткајте ги во колената. Меѓу колената ставете перница – ваквата поза им годи на сите, а најдобра е во случај на болки во колковите. БОЛКИ ВО ГРБОТ Ако ве боли грбот, особено во пределот на крстот, најдобро е да легнете на грб, да ставите перница под колената, а крпа под крстот свиткана. Тоа ќе ви го опушти грбот. Ако ви е поудобно да лежите настрана, малку свиткајте ги колената, но не „нагоре“, туку бутовите да останат исправени како кога стоите (бутовите треба да бидат во иста линија како горниот дел од тело). Меѓу колената исто така ставете перница. Потрудете се да не се вртите на стомак. БОЛКИ ПРИ ПМС Во случај на типични женски болки во долниот дел на стомакот, најдобро е да лежите на грб. Нозете треба да бидат малку свиткани во колената: под нив ставете тркалезно перниче или, на пример, пластично шише. Обрнете внимание: ‘рбетот не смее да се витка. Оваа поза ги опушта грбот и внатрешните органи, ја нормализира циркулацијата во пределот на карлицата и ги намалува прекумерниот притисок и напор. Не се препорачува спиење настрана или на стомак за време на ПМС: во првиот случај има поголем притисок врз градите, а во вториот на матката. КОГА ТЕЧЕ НОСОТ Понекогаш се случува да не можете да заспиете поради течење на носот. Во тој случај, висока перница го решава проблемот – помага да ја задржите главата на ниво што е повисоко од нивото на вашето тело. Имено, кога лежите на грб, постои ризик слузта да се исцеди во синусите, а тоа може да доведе до воспаление на синусите.
Извор: Убавина и здравје

The post Како да заспиете кога ве мачи болка appeared first on Република.

]]>
Ако чувствувате болка при легнување навечер тое е можен знак за рак https://republika.mk/zivot/zdravje/ako-chuvstvuvate-bolka-pri-legnuvane-navecher-toe-e-mozhen-znak-za-rak/ Sun, 18 Jun 2023 08:22:43 +0000 https://republika.mk/?p=652671

Постојат разни симптоми кои се малку познати, но нивното рано препознавање може да помогне во навремено откривање сериозни здравствени проблеми.

Советот на британскиот стручњак, д-р Дебора Ли, гласи: посетување лекар ако таа болка трае повеќе од 20 дена. Болката е предизвикана од притисокот на туморот врз коските, нервите или некои други делови на телото. Исто така, болката може да биде различна, а зависи од тоа каде се наоѓа туморот и во која фаза е тоа.

Ако почувствувате болка во Вашето тело кога се обидувате да заспиете, постои можна опасност да имате некој вид рак. Болката се појавува навечер при легнување и тоа е еден од најчестите симптоми на рак... Ноќе може да има многу поголема непријатност бидејќи тогаш ракот расте побрзо. Кога ќе легнете, тој ја менува распределбата на тежината на туморот и околните ткива, што често предизвикува болка, појаснува, д-р Ли.

Таа додава дека оваа болка не мора да значи дека човекот има рак, па се препорачува и проверка на други симптоми, како што се губење тежина и апетит, слабост и исцрпеност, гадење и повраќање и висока температура.

The post Ако чувствувате болка при легнување навечер тое е можен знак за рак appeared first on Република.

]]>

Постојат разни симптоми кои се малку познати, но нивното рано препознавање може да помогне во навремено откривање сериозни здравствени проблеми. Советот на британскиот стручњак, д-р Дебора Ли, гласи: посетување лекар ако таа болка трае повеќе од 20 дена. Болката е предизвикана од притисокот на туморот врз коските, нервите или некои други делови на телото. Исто така, болката може да биде различна, а зависи од тоа каде се наоѓа туморот и во која фаза е тоа.
Ако почувствувате болка во Вашето тело кога се обидувате да заспиете, постои можна опасност да имате некој вид рак. Болката се појавува навечер при легнување и тоа е еден од најчестите симптоми на рак... Ноќе може да има многу поголема непријатност бидејќи тогаш ракот расте побрзо. Кога ќе легнете, тој ја менува распределбата на тежината на туморот и околните ткива, што често предизвикува болка, појаснува, д-р Ли.
Таа додава дека оваа болка не мора да значи дека човекот има рак, па се препорачува и проверка на други симптоми, како што се губење тежина и апетит, слабост и исцрпеност, гадење и повраќање и висока температура.

The post Ако чувствувате болка при легнување навечер тое е можен знак за рак appeared first on Република.

]]>
Се обидов да ја извлечам ќерка ми, но за жал не успеав, болката за детето е многу силна https://republika.mk/vesti/balkan/se-obidov-da-ja-izvlecham-kerka-mi-no-za-zhal-ne-uspeav-bolkata-za-deteto-e-mnogu-silna/ Sat, 11 Feb 2023 19:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=607854

Фотографијата која стана симбол на трагичното страдање во Турција крие трагичен сплет на околности кои доведоа до тоа таткото со часови да го држи своето дете за рака во надеж дека само чудо ќе ја спаси од урнатините, а тој не може.

Таткото кој по страшниот земјотрес ја држеше за рака својата ќерка која загина под урнатините во Кахраманмарас, го трогна целиот свет, а таа фотографија стана култен симбол на земјотресот.

Болниот Месут Ханчер рекол дека неговата ќерка останала во куќата на баба ѝ, која таа ноќ била уништена од земјотресот.

Тој за турски Си-Ен-Ен и Канал Д раскажа што се случило.

Се чувствував многу лошо тој ден. Заминав штом слушнав. Се обидов да ја извлечам ќерка ми, но за жал не успеав. Болката за детето беше многу силна. Мојата ќерка имаше 15 години. Отишла да ја посети баба и – ја започнал приказната таткото.

Тој објаснува дека 3 дена подоцна наишол на безживотното тело на својата ќерка.

Под урнатините останаа мајка ми, моите двајца браќа и 7 лица. Немав надеж. Таа загина при првиот земјотрес и немаше шанси да ја спасам. Не можам никому ништо да кажам. Успеавме да стигнеме по 3 дена бидејќи имаше многу отпад – додаде тој.

Месут наведува дека се обидел да комуницира со Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби, тие му понудиле да му помогнат колку што можат, го подигнале шутот и го извлекле неговото дете од урнатините, пренесува „Телеграф“.

Мојот дом е оштетен. Не можеме да влеземе во нашата куќа, живееме во туѓа куќа. Немам каде да останам – заклучил тој.

 

The post Се обидов да ја извлечам ќерка ми, но за жал не успеав, болката за детето е многу силна appeared first on Република.

]]>

Фотографијата која стана симбол на трагичното страдање во Турција крие трагичен сплет на околности кои доведоа до тоа таткото со часови да го држи своето дете за рака во надеж дека само чудо ќе ја спаси од урнатините, а тој не може. Таткото кој по страшниот земјотрес ја држеше за рака својата ќерка која загина под урнатините во Кахраманмарас, го трогна целиот свет, а таа фотографија стана култен симбол на земјотресот. Болниот Месут Ханчер рекол дека неговата ќерка останала во куќата на баба ѝ, која таа ноќ била уништена од земјотресот. Тој за турски Си-Ен-Ен и Канал Д раскажа што се случило.
Се чувствував многу лошо тој ден. Заминав штом слушнав. Се обидов да ја извлечам ќерка ми, но за жал не успеав. Болката за детето беше многу силна. Мојата ќерка имаше 15 години. Отишла да ја посети баба и – ја започнал приказната таткото.
Тој објаснува дека 3 дена подоцна наишол на безживотното тело на својата ќерка.
Под урнатините останаа мајка ми, моите двајца браќа и 7 лица. Немав надеж. Таа загина при првиот земјотрес и немаше шанси да ја спасам. Не можам никому ништо да кажам. Успеавме да стигнеме по 3 дена бидејќи имаше многу отпад – додаде тој.
Месут наведува дека се обидел да комуницира со Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби, тие му понудиле да му помогнат колку што можат, го подигнале шутот и го извлекле неговото дете од урнатините, пренесува „Телеграф“.
Мојот дом е оштетен. Не можеме да влеземе во нашата куќа, живееме во туѓа куќа. Немам каде да останам – заклучил тој.
 

The post Се обидов да ја извлечам ќерка ми, но за жал не успеав, болката за детето е многу силна appeared first on Република.

]]>