Боливија Archives - Република https://republika.mk/tema/bolivija/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 07:32:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Боливија Archives - Република https://republika.mk/tema/bolivija/ 32 32 Уапсени уште четворица во врска со неуспешниот пуч во Боливија, приведени се вкупно 21 лице https://republika.mk/vesti/svet/uapseni-ushte-chetvoritsa-vo-vrska-so-neuspeshniot-puch-vo-bolivija-privedeni-se-vkupno-21-litse/ Sat, 29 Jun 2024 07:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=791721

Боливиските власти соопштија дека уапсиле уште четворица воени офицери во врска со обидот за државен удар во средата на одметнатиот генерал Хуан Хозе Зунига, против претседателот Луис Арсе, со што бројот на уапсените се зголеми на 21.

Еден од високите функционери на боливиската влада, Едуардо дел Кастиљо, изјави дека меѓу приведените е и возачот на тенкот кој постојано удирал со тенкот во вратата на владиниот штаб во Ла Паз, како и поранешен капетан на коњаницата, обвинет за давање наредби на војниците кои го зазедоа Муриљо, централниот плоштад во главниот град на Боливија.

Овие луѓе командуваа за уништување на боливиското наследство“, рече Дел Кастиљо.

Обидот за пуч беше режиран од генералот Зунига, кој до неговото апсење во средата беше врховен командант на вооружените сили на Боливија.

Зунига тврдеше, без да обезбеди докази, дека претседателот Арсе му наредил да лажира бунт со цел да ја зајакне својата нарушена популарност поради економските проблеми и зголеменото јавно незадоволство.

Арсе синоќа категорично ги отфрли обвинувањата дека направил „авто-пуч“ за да добие политичка поддршка.

The post Уапсени уште четворица во врска со неуспешниот пуч во Боливија, приведени се вкупно 21 лице appeared first on Република.

]]>

Боливиските власти соопштија дека уапсиле уште четворица воени офицери во врска со обидот за државен удар во средата на одметнатиот генерал Хуан Хозе Зунига, против претседателот Луис Арсе, со што бројот на уапсените се зголеми на 21. Еден од високите функционери на боливиската влада, Едуардо дел Кастиљо, изјави дека меѓу приведените е и возачот на тенкот кој постојано удирал со тенкот во вратата на владиниот штаб во Ла Паз, како и поранешен капетан на коњаницата, обвинет за давање наредби на војниците кои го зазедоа Муриљо, централниот плоштад во главниот град на Боливија.
Овие луѓе командуваа за уништување на боливиското наследство“, рече Дел Кастиљо.
Обидот за пуч беше режиран од генералот Зунига, кој до неговото апсење во средата беше врховен командант на вооружените сили на Боливија. Зунига тврдеше, без да обезбеди докази, дека претседателот Арсе му наредил да лажира бунт со цел да ја зајакне својата нарушена популарност поради економските проблеми и зголеменото јавно незадоволство. Арсе синоќа категорично ги отфрли обвинувањата дека направил „авто-пуч“ за да добие политичка поддршка.

The post Уапсени уште четворица во врска со неуспешниот пуч во Боливија, приведени се вкупно 21 лице appeared first on Република.

]]>
Обид за пуч во Боливија, уапсен организаторот https://republika.mk/vesti/svet/obid-za-puch-vo-bolivija-uapsen-organizatorot/ Thu, 27 Jun 2024 06:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=791158

Обидот за воен удар во Боливија заврши со апсење на неговиот организатор, генералот Хуан Хозе Зунига, а воените единици испратени од него против претседателската палата во главниот град Ла Паз се повлекоа од централниот плоштад Муриљо.

Претседателот на јужноамериканската земја, Луис Арсе, го осуди „обидот за државен удар“ и повика на меѓународна поддршка.

Синоќа воените единици, предводени од генералот Зунига, кој во меѓувреме беше сменет од функцијата командант на боливиската армија, се собраа на плоштадот Муриљо, каде се наоѓа резиденцијата на шефот на државата.

Денес земјата се соочува со обид за државен удар. Денес, повторно, земјата се соочува со интереси кои се над демократијата. Боливискиот народ е повикан да дејствува денес. Ни имаме потреба Боливијците да се организираат и мобилизираат против државниот удар во служба на демократијата, рече Арсе.

Неколку часа подоцна, војската се повлекла од плоштадот Мурило, а полицијата воспоставила целосна контрола над ситуацијата. Боливиските власти го уапсија Зунига и го одведоа на непозната локација.

Во тоа време, претседателот Арсе го назначи Хозе Вилсон Санчез за врховен командант на боливиската армија на местото на Зунига. Тој повика на смиреност и воспоставување ред.

САД рекоа дека внимателно ја следат ситуацијата и повикаа на смиреност и ненасилство.

Тензиите се зголемуваат во Боливија пред националните избори следната година, а левичарскиот поранешен претседател Ево Моралес ќе се кандидира против поранешниот сојузник Арсе.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, ја осуди боливиската војска која се обиде да го собори демократски избраниот претседател на земјата.

„Силно го осудувам обидот за соборување на демократски избраната влада на Боливија“, напиша Фон дер Лајен на Х.

„Европската унија стои зад демократиите. Ја изразуваме нашата силна поддршка за уставниот поредок и владеењето на правото во Боливија“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Истиот став го искажа и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

The post Обид за пуч во Боливија, уапсен организаторот appeared first on Република.

]]>

Обидот за воен удар во Боливија заврши со апсење на неговиот организатор, генералот Хуан Хозе Зунига, а воените единици испратени од него против претседателската палата во главниот град Ла Паз се повлекоа од централниот плоштад Муриљо. Претседателот на јужноамериканската земја, Луис Арсе, го осуди „обидот за државен удар“ и повика на меѓународна поддршка. Синоќа воените единици, предводени од генералот Зунига, кој во меѓувреме беше сменет од функцијата командант на боливиската армија, се собраа на плоштадот Муриљо, каде се наоѓа резиденцијата на шефот на државата.
Денес земјата се соочува со обид за државен удар. Денес, повторно, земјата се соочува со интереси кои се над демократијата. Боливискиот народ е повикан да дејствува денес. Ни имаме потреба Боливијците да се организираат и мобилизираат против државниот удар во служба на демократијата, рече Арсе.
Неколку часа подоцна, војската се повлекла од плоштадот Мурило, а полицијата воспоставила целосна контрола над ситуацијата. Боливиските власти го уапсија Зунига и го одведоа на непозната локација. Во тоа време, претседателот Арсе го назначи Хозе Вилсон Санчез за врховен командант на боливиската армија на местото на Зунига. Тој повика на смиреност и воспоставување ред. САД рекоа дека внимателно ја следат ситуацијата и повикаа на смиреност и ненасилство. Тензиите се зголемуваат во Боливија пред националните избори следната година, а левичарскиот поранешен претседател Ево Моралес ќе се кандидира против поранешниот сојузник Арсе. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, ја осуди боливиската војска која се обиде да го собори демократски избраниот претседател на земјата. „Силно го осудувам обидот за соборување на демократски избраната влада на Боливија“, напиша Фон дер Лајен на Х. „Европската унија стои зад демократиите. Ја изразуваме нашата силна поддршка за уставниот поредок и владеењето на правото во Боливија“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Истиот став го искажа и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

The post Обид за пуч во Боливија, уапсен организаторот appeared first on Република.

]]>
Поранешната претседателка на Боливија обвинета за геноцид се соочува со 30 години затвор https://republika.mk/vesti/svet/poraneshnata-pretsedatelka-na-bolivija-obvineta-za-genotsid-se-soochuva-so-30-godini-zatvor/ Tue, 24 Oct 2023 07:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=694367

Јавното обвинителство на Боливија бара 30-годишна затворска казна за поранешната претседателка Жанин Ањес на која и се суди за геноцид за смртта на демонстрантите по изборите во 2019 година, соопштија денеска боливиските власти.

Повеќе од 30 луѓе, главно поддржувачи на поранешниот претседател Ево Моралес, беа убиени за време на немирите кон крајот на 2019 година по гласањето на кое Моралес беше избран, но подоцна поднесе оставка и ја напушти земјата поради обвинувања за изборна измама.

Ањес потоа ја презеде власта и помина помалку од една година на таа позиција. Генералниот обвинител Хуан Ланчипа на прес-конференција рече дека специјалните воени сили употребиле „оружје со боева муниција против цивили“, што доведе до смрт и повреди на демонстрантите.

- Овие настани се случија по планирани армиски и полициски операции, кои беа наредени од владата и спроведени преку воени и полициски команданти, рече Ланчипа.

Обвиненија официјално се поднесени против Ањес и некои од нејзините поранешни колеги од владата, како и полициски и воени началници, додаде Ланчипа.

The post Поранешната претседателка на Боливија обвинета за геноцид се соочува со 30 години затвор appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство на Боливија бара 30-годишна затворска казна за поранешната претседателка Жанин Ањес на која и се суди за геноцид за смртта на демонстрантите по изборите во 2019 година, соопштија денеска боливиските власти. Повеќе од 30 луѓе, главно поддржувачи на поранешниот претседател Ево Моралес, беа убиени за време на немирите кон крајот на 2019 година по гласањето на кое Моралес беше избран, но подоцна поднесе оставка и ја напушти земјата поради обвинувања за изборна измама. Ањес потоа ја презеде власта и помина помалку од една година на таа позиција. Генералниот обвинител Хуан Ланчипа на прес-конференција рече дека специјалните воени сили употребиле „оружје со боева муниција против цивили“, што доведе до смрт и повреди на демонстрантите. - Овие настани се случија по планирани армиски и полициски операции, кои беа наредени од владата и спроведени преку воени и полициски команданти, рече Ланчипа. Обвиненија официјално се поднесени против Ањес и некои од нејзините поранешни колеги од владата, како и полициски и воени началници, додаде Ланчипа.

The post Поранешната претседателка на Боливија обвинета за геноцид се соочува со 30 години затвор appeared first on Република.

]]>
Боливија ја зголемува проценката на резервите на литиум https://republika.mk/vesti/svet/bolivija-ja-zgolemuva-protsenkata-na-rezervite-na-litium/ Fri, 21 Jul 2023 13:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=663978

Резервите на литиум во Боливија сега се проценуваат на 23 милиони метрички тони, рече претседателот Луис Арсе, известувајќи за зголемената проценка на клучниот ресурс за енергетската транзиција по новото владино истражување.

Досегашните проценки покажаа залихи на 21 милион метрички тони. Државната компанија ја пресмета новата проценка по истражувањето на повеќе од 66 бушотини во две полиња на солената рамнина Салар де Ујуни.

Боливија се сврте кон инвестиции од руски и кинески компании за да развие огромни, но главно неискористени резерви на бел метал, клучна суровина за батерии за напојување на електрични возила.

Според претседателот Арце, Владата започнала разговори и со претставници на ЕУ. „Сите очи се вперени во Латинска Америка и Боливија поради нашето богатство со литиум и стратешки минерали“, рече Арсе.

Јужноамериканскиот „литиумски триаголник“ вклучува повеќе од половина од светските резерви на метал, според проценките на Американскиот геолошки институт (USGS). Според новите проценки, резервите на Боливија ќе ги надминат резервите на Аргентина и Чиле, проценети на 20 и 11 милиони метрички тони.

The post Боливија ја зголемува проценката на резервите на литиум appeared first on Република.

]]>

Резервите на литиум во Боливија сега се проценуваат на 23 милиони метрички тони, рече претседателот Луис Арсе, известувајќи за зголемената проценка на клучниот ресурс за енергетската транзиција по новото владино истражување. Досегашните проценки покажаа залихи на 21 милион метрички тони. Државната компанија ја пресмета новата проценка по истражувањето на повеќе од 66 бушотини во две полиња на солената рамнина Салар де Ујуни. Боливија се сврте кон инвестиции од руски и кинески компании за да развие огромни, но главно неискористени резерви на бел метал, клучна суровина за батерии за напојување на електрични возила. Според претседателот Арце, Владата започнала разговори и со претставници на ЕУ. „Сите очи се вперени во Латинска Америка и Боливија поради нашето богатство со литиум и стратешки минерали“, рече Арсе. Јужноамериканскиот „литиумски триаголник“ вклучува повеќе од половина од светските резерви на метал, според проценките на Американскиот геолошки институт (USGS). Според новите проценки, резервите на Боливија ќе ги надминат резервите на Аргентина и Чиле, проценети на 20 и 11 милиони метрички тони.

The post Боливија ја зголемува проценката на резервите на литиум appeared first on Република.

]]>
Колумбија и Боливија бараат од ОН да го тргне листот кока од листата на забранети супстанци https://republika.mk/vesti/svet/kolumbija-i-bolivija-baraat-od-on-da-go-trgne-listot-koka-od-listata-na-zabraneti-supstantsi/ Fri, 24 Feb 2023 20:16:23 +0000 https://republika.mk/?p=612923

Колумбија и Боливија заеднички ќе поднесат предлог до Комисијата за наркотични дроги на Обединетите нации за листот кока да биде отстранет од списокот на забранети супстанции и да биде прифатена традиционалната употреба на ова растение.

Колумбиската заменичка-министерка за мултилатерални прашања, Лаура Гил, изјави дека предлогот што овие две земји ќе го поднесат на седницата на Комисијата во Виена во средината на март е обид да се дестигматизираат дискусиите за проблемот со дрогата.

Боливија и Колумбија веруваат дека е дојдено време да се преиспита ова прашање. Сакаме да го отстраниме листот кока, нагласувам листот, а не кокаинот, од списокот на забранети материи“, изјави Гил.

Таа образложи дека листовите кока широко сер користат во земјите од Латинска Америка, особено меѓу домородните групи, за лекување на стомачни болки и за ублажување на висинската болест, но и за време на традиционалните церемонијални обреди.

The post Колумбија и Боливија бараат од ОН да го тргне листот кока од листата на забранети супстанци appeared first on Република.

]]>

Колумбија и Боливија заеднички ќе поднесат предлог до Комисијата за наркотични дроги на Обединетите нации за листот кока да биде отстранет од списокот на забранети супстанции и да биде прифатена традиционалната употреба на ова растение. Колумбиската заменичка-министерка за мултилатерални прашања, Лаура Гил, изјави дека предлогот што овие две земји ќе го поднесат на седницата на Комисијата во Виена во средината на март е обид да се дестигматизираат дискусиите за проблемот со дрогата.
Боливија и Колумбија веруваат дека е дојдено време да се преиспита ова прашање. Сакаме да го отстраниме листот кока, нагласувам листот, а не кокаинот, од списокот на забранети материи“, изјави Гил.
Таа образложи дека листовите кока широко сер користат во земјите од Латинска Америка, особено меѓу домородните групи, за лекување на стомачни болки и за ублажување на висинската болест, но и за време на традиционалните церемонијални обреди.

The post Колумбија и Боливија бараат од ОН да го тргне листот кока од листата на забранети супстанци appeared first on Република.

]]>
Почина војникот кој го уби Че Гевара https://republika.mk/vesti/svet/pochina-vojnikot-koj-go-ubi-che-gevara/ Sat, 12 Mar 2022 20:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=471847

Боливискиот војник, Марио Теран, кој го уби кубанскиот револуционер Ернесто Че Гевара во 1967 година, починал на 80-годишна возраст.

Теран, чија воена група го зароби легендарниот револуционер, роден во Аргентина, и подлегнал на долготрајна болест и зад себе оставил жена и две деца.

Убиството се случи на 8 октомври 1967 година, кога чета на армијата на Боливија го зароби болниот Че Гевера во боливиските планини, со помош на двајца агенти на ЦИА.

Како што изјави во една пригода самиот Теран, средбата со Че го одбележала неговиот живот.

Тоа беше најтешкиот момент во мојот живот. Го видов големиот Че, навистина големиот. Очите неверојатно му сјаеја. Имав чувство како неговата појава да ме обзема и кога го впери погледот во мене ми заврте во главата. „Смири се“, ми рече. „И добро нанишани. Ќе убиеш само еден човек. Потоа, направив чекор наназад кон вратата и пукав - раскажуваше Теран.

Според биографите на животот на Че Геара, првите неколку куршуми на Теран ги промашиле градите на Че, но подоцнежниот рафал завршиле со неговиот живот.

The post Почина војникот кој го уби Че Гевара appeared first on Република.

]]>

Боливискиот војник, Марио Теран, кој го уби кубанскиот револуционер Ернесто Че Гевара во 1967 година, починал на 80-годишна возраст. Теран, чија воена група го зароби легендарниот револуционер, роден во Аргентина, и подлегнал на долготрајна болест и зад себе оставил жена и две деца. Убиството се случи на 8 октомври 1967 година, кога чета на армијата на Боливија го зароби болниот Че Гевера во боливиските планини, со помош на двајца агенти на ЦИА. Како што изјави во една пригода самиот Теран, средбата со Че го одбележала неговиот живот.
Тоа беше најтешкиот момент во мојот живот. Го видов големиот Че, навистина големиот. Очите неверојатно му сјаеја. Имав чувство како неговата појава да ме обзема и кога го впери погледот во мене ми заврте во главата. „Смири се“, ми рече. „И добро нанишани. Ќе убиеш само еден човек. Потоа, направив чекор наназад кон вратата и пукав - раскажуваше Теран.
Според биографите на животот на Че Геара, првите неколку куршуми на Теран ги промашиле градите на Че, но подоцнежниот рафал завршиле со неговиот живот.

The post Почина војникот кој го уби Че Гевара appeared first on Република.

]]>