болести Archives - Република https://republika.mk/tema/bolesti/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 09:32:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png болести Archives - Република https://republika.mk/tema/bolesti/ 32 32 Помалку шеќер во првите 1.000 дена од детскиот живот, еве од какви болести штити https://republika.mk/zivot/zdravje/pomalku-sheker-vo-prvite-1-000-dena-od-detskiot-zhivot-eve-od-kakvi-bolesti-shtiti/ Sun, 03 Nov 2024 09:32:57 +0000 https://republika.mk/?p=833651

Научниците спровеле природен експеримент во Велика Британија уште во 1940-тите и 50-тите. По укинувањето на ограничувањата, потрошувачката на шеќер самостојно се удвоила од 40 грама на 80 грама дневно.

Ново истражување покажува дека намалувањето на количината на шеќер што децата ја внесуваат во првите 1.000 дена од својот живот може да ги заштити од дијабетес и висок крвен притисок во позрела возраст.

Ова истражување се сосредотчува на здравата исхрана во првите 1.000 дена, т.е. првите три години од животот на едно бебе или дете. Тоа, прво како доенче, ги апсорбира хранливите материи од мајката, а потоа преминува кон одвоена исхрана. Научниците открија дека ограничувањето на внесот на шеќер на таа возраст е поврзано со 35 отсто помала стапка на дијабетес тип 2 во средната возраст и 20 отсто помала стапка на висок крвен притисок. Тадеја Гренчер од американскиот Универзитет на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес појаснува дека е докажано оти помалку шеќер во раното детство значително ја намалува опасноста од болести.

Научниците спровеле природен експеримент во Велика Британија уште во 1940-тите и 50-тите. По укинувањето на ограничувањата, потрошувачката на шеќер самостојно се удвоила од 40 грама на 80 грама дневно.

Истражувачите потоа направиле споредба на здравјето на 38.000 лица кои биле родени пред ограничувањето на шеќерот и 22.000 луѓе родени набргу потоа. Ова истражување покажаа дека стапките на дијабетес и висок крвен притисок биле многу пониски кај оние кои наполниле две години во периодот додека траело ограничувањето на шеќерот.

Препорачаната доза шеќер за возрасни во текот на денот е околу 30 грама. За деца до четири години, се советува повеќе да избегнуваат засладени напивки и храна со додадени шеќери.

Проф. Кит Годфри од Универзитетот во Саутемптон, Англија, се согласува оти има јасни докази дека намалувањето на внесот на шеќер на рана возраст е навистина благотворно како превентива за подоцнежната возраст.

 

The post Помалку шеќер во првите 1.000 дена од детскиот живот, еве од какви болести штити appeared first on Република.

]]>

Научниците спровеле природен експеримент во Велика Британија уште во 1940-тите и 50-тите. По укинувањето на ограничувањата, потрошувачката на шеќер самостојно се удвоила од 40 грама на 80 грама дневно.

Ново истражување покажува дека намалувањето на количината на шеќер што децата ја внесуваат во првите 1.000 дена од својот живот може да ги заштити од дијабетес и висок крвен притисок во позрела возраст.

Ова истражување се сосредотчува на здравата исхрана во првите 1.000 дена, т.е. првите три години од животот на едно бебе или дете. Тоа, прво како доенче, ги апсорбира хранливите материи од мајката, а потоа преминува кон одвоена исхрана. Научниците открија дека ограничувањето на внесот на шеќер на таа возраст е поврзано со 35 отсто помала стапка на дијабетес тип 2 во средната возраст и 20 отсто помала стапка на висок крвен притисок. Тадеја Гренчер од американскиот Универзитет на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес појаснува дека е докажано оти помалку шеќер во раното детство значително ја намалува опасноста од болести.

Научниците спровеле природен експеримент во Велика Британија уште во 1940-тите и 50-тите. По укинувањето на ограничувањата, потрошувачката на шеќер самостојно се удвоила од 40 грама на 80 грама дневно.

Истражувачите потоа направиле споредба на здравјето на 38.000 лица кои биле родени пред ограничувањето на шеќерот и 22.000 луѓе родени набргу потоа. Ова истражување покажаа дека стапките на дијабетес и висок крвен притисок биле многу пониски кај оние кои наполниле две години во периодот додека траело ограничувањето на шеќерот.

Препорачаната доза шеќер за возрасни во текот на денот е околу 30 грама. За деца до четири години, се советува повеќе да избегнуваат засладени напивки и храна со додадени шеќери.

Проф. Кит Годфри од Универзитетот во Саутемптон, Англија, се согласува оти има јасни докази дека намалувањето на внесот на шеќер на рана возраст е навистина благотворно како превентива за подоцнежната возраст.

 

The post Помалку шеќер во првите 1.000 дена од детскиот живот, еве од какви болести штити appeared first on Република.

]]>
СЗО предупредува на појави на болести во Либан https://republika.mk/vesti/svet/szo-predupreduva-na-pojavi-na-bolesti-vo-liban/ Tue, 08 Oct 2024 12:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=824209

Ијан Кларк од Светска здравствена организација (СЗО) денеска предупреди на појава на болести во Либан поради лошите услови во засолништата за раселените лица и затворањето на болниците.

-Се соочуваме со ситуација каде што постои многу поголем ризик од појава на болести, како што се акутна дијареја, хепатитис А и голем број болести, што можат да се спречат со вакцини, истакна Кларк на прес-конференција во Женева преку видеоповик од Бејрут.

Здравствената агенција на ОН веќе предупреди дека здравствениот систем во Либан е преоптоварен и оти досега се затворени пет болници во земјава, а само четири се делумно функционални.

Кларк додаде дека болниците се затворени бидејќи медицинскиот персонал или побегнал од борбите или бил принуден да се евакуира.

Тој на конференцијата се осврна и на недостигот на храна во Либан, посочувајќи оти илјадници хектари земјоделско земјиште во јужниот дел на земјата се изгорени или напуштени поради конфликтот.

The post СЗО предупредува на појави на болести во Либан appeared first on Република.

]]>

Ијан Кларк од Светска здравствена организација (СЗО) денеска предупреди на појава на болести во Либан поради лошите услови во засолништата за раселените лица и затворањето на болниците. -Се соочуваме со ситуација каде што постои многу поголем ризик од појава на болести, како што се акутна дијареја, хепатитис А и голем број болести, што можат да се спречат со вакцини, истакна Кларк на прес-конференција во Женева преку видеоповик од Бејрут. Здравствената агенција на ОН веќе предупреди дека здравствениот систем во Либан е преоптоварен и оти досега се затворени пет болници во земјава, а само четири се делумно функционални. Кларк додаде дека болниците се затворени бидејќи медицинскиот персонал или побегнал од борбите или бил принуден да се евакуира. Тој на конференцијата се осврна и на недостигот на храна во Либан, посочувајќи оти илјадници хектари земјоделско земјиште во јужниот дел на земјата се изгорени или напуштени поради конфликтот.

The post СЗО предупредува на појави на болести во Либан appeared first on Република.

]]>
Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат https://republika.mk/vesti/svet/ako-bombite-ne-gi-ubijat-lugeto-vo-gaza-bolestite-ke-gi-ubijat/ Thu, 16 Nov 2023 20:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=702333

Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат, изјави докторката Маргарет Харис, портпарол на Светската здравствена организација (СЗО), за Би-Би-Си Радио 4.

Харис рече дека Палестинците во Газа се соочуваат со „галопирачки гастроентеритис“, ограничена чиста вода, пороен дожд, канализација што не работи, со огромен број луѓе кои живеат во шатори.

Не треба да сте експерт за јавно здравје за да сфатите колку е ова катастрофално, додаде таа, нарекувајќи ја ситуацијата „совршена бура“.

 

The post Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат appeared first on Република.

]]>

Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат, изјави докторката Маргарет Харис, портпарол на Светската здравствена организација (СЗО), за Би-Би-Си Радио 4. Харис рече дека Палестинците во Газа се соочуваат со „галопирачки гастроентеритис“, ограничена чиста вода, пороен дожд, канализација што не работи, со огромен број луѓе кои живеат во шатори.
Не треба да сте експерт за јавно здравје за да сфатите колку е ова катастрофално, додаде таа, нарекувајќи ја ситуацијата „совршена бура“.
 

The post Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат appeared first on Република.

]]>
До 2040 година секој петти човек во Англија ќе живее со сериозна болест https://republika.mk/vesti/svet/do-2040-godina-sekoj-petti-chovek-vo-anglija-ke-zhivee-so-seriozna-bolest/ Tue, 25 Jul 2023 06:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=664929

Податоците од нов извештај укажуваат дека дополнителни 2,5 милиони луѓе во Англија ќе живеат со сериозни болести како што се рак, дијабетес, деменција и депресија до 2040 година. Истражувањето на Фондацијата за здравство покажа дека 9,1 милиони луѓе во Англија ќе имаат сериозна болест – што е зголемување за 37 отсто од 2019 година.

Проценките се дека речиси секое петто лице од населението дотогаш ќе живее со сериозна болест, што е зголемување за повеќе од една третина“, се вели во извештајот. „За споредба, работоспособното население се очекува да се зголеми за само 4 отсто – оваа група на население ќе биде одговорна за генерирање на поголемиот дел од владините приходи што се користат за финансирање на јавните услуги, вклучително и Националната здравствена служба.

До 2040 година се очекува деменцијата да се зголеми за 45 отсто, срцевата слабост за 92 отсто, ракот за 31 отсто, дијабетесот за 49 отсто, хроничната болка за 32 отсто, а анксиозноста или депресијата за 16 отсто.

Според истражувачите, луѓето на 70-годишна возраст во просек ќе имаат три хронични болести, а до 85-тата година ќе имаат повеќе од пет. Четири петтини од скокот на бројот на тешки болести ќе се должи на стареењето на населението, бидејќи колку подолго живее човекот, толку е поголема шансата да заболи од сериозна болест.

The post До 2040 година секој петти човек во Англија ќе живее со сериозна болест appeared first on Република.

]]>

Податоците од нов извештај укажуваат дека дополнителни 2,5 милиони луѓе во Англија ќе живеат со сериозни болести како што се рак, дијабетес, деменција и депресија до 2040 година. Истражувањето на Фондацијата за здравство покажа дека 9,1 милиони луѓе во Англија ќе имаат сериозна болест – што е зголемување за 37 отсто од 2019 година. Проценките се дека речиси секое петто лице од населението дотогаш ќе живее со сериозна болест, што е зголемување за повеќе од една третина“, се вели во извештајот. „За споредба, работоспособното население се очекува да се зголеми за само 4 отсто – оваа група на население ќе биде одговорна за генерирање на поголемиот дел од владините приходи што се користат за финансирање на јавните услуги, вклучително и Националната здравствена служба. До 2040 година се очекува деменцијата да се зголеми за 45 отсто, срцевата слабост за 92 отсто, ракот за 31 отсто, дијабетесот за 49 отсто, хроничната болка за 32 отсто, а анксиозноста или депресијата за 16 отсто. Според истражувачите, луѓето на 70-годишна возраст во просек ќе имаат три хронични болести, а до 85-тата година ќе имаат повеќе од пет. Четири петтини од скокот на бројот на тешки болести ќе се должи на стареењето на населението, бидејќи колку подолго живее човекот, толку е поголема шансата да заболи од сериозна болест.

The post До 2040 година секој петти човек во Англија ќе живее со сериозна болест appeared first on Република.

]]>
Кардиоваскуларни болести и невролошки нарушувања најчести пост-ковид симптоми https://republika.mk/zivot/zdravje/kardiovaskularni-bolesti-i-nevroloshki-narushuvanja-najchesti-post-kovid-simptomi/ Fri, 02 Dec 2022 14:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=580965

Иако се чини дека состојбата со пандемијата на КОВИД-19 е стабилна, здравствените работници укажуваат дека се повеќе фокусот на вниманието се поместува на последиците по прележан ковид. Најчести пост-ковид симптоми се јавуваат во делот на кардиоваскуларните болести, како и невролошките нарушувања.

На денешниот брифинг со медиуми во организација на Македонскиот институт за медиуми, на кој присуствуваа д-р Александар Петличковски, специјалист по клиничка генетика и претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Гордана Китева-Тренчевска, специјалист невролог и научен соработник и Валентина Андова, специјалист кардиолог се дискутираше околу актуелните прашања поврзани со КОВИД-19, хроничните болести и вакцинацијата.

– Разговаравме за најчестите симптоми што се јавуваат по прележан КОВИД, а можат да траат со месеци, па веројатно и години и потенциравме на значењето на вакцинацијата во намалување на шансите на вакви симптоми, бидејќи во сите сериозни студии е јасно дека оние кои се вакцинираат поретко имаат долг ковид и симптоми што го отежнуваат животот по прележување. Помеѓу главните ризик фактори што можат да доведат до долготраен ковид се набројуваат тешка форма на КОВИД, понапредната возраст, женски пол и невакцинираност, вели д-р Петличковски.

Д-р Андонова, специјалист кардиолог вели дека на Универзитетска клиника за кардиологија е зголемен бројот на пациенти во амбулантите. На дневна основа во амбулантите за преглед доаѓаат околу 400 пациенти, додека на дијагностичките методи се прават и до 150 прегледи дневно. Старосната граница, како што посочи станува се пониска и периодов доаѓаат и пациенти од 25 до 30 години, со сериозни кардиоваскуларни заболувања.

Додаде дека најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, а како пост-ковид синдроми најчесто се јавуваат дилатативна кардиомиопатија, лева и десна срцева слабост, аритмија, венски тромбоемболизам и воспалителни промени на срцето што се многу почести во однос на пред пандемијата.

– КОВИДОТ и пост-ковидот се ризични, но исто така ризик се и нездравите навики на живеење, тоа значи дека нивните навики на пушачи, дебелина, неправилен начин на живот, без физичка активност се голем ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања на коишто нормално ние можеме да делуваме, апелираше д-р Андонова.

Д-р Китева-Тренчевска од Клиниката за неврологија вели дека најчести пост-ковид што пациентите ги пријавуваат кај нив се главоболка, вртоглавица, епилептични напади, промени во функционирање на централниот нервен систем, деменција, проблеми со периферниот нервен систем.

– Овие пост-ковид заболувања ќе ги имаме зачестено бидејќи КОВИДОТ покажа дека ја менува хомеостазата, менувајќи ја циркулацијата, правејќи состојба на зголемена тромбоза, зголемување на мозочни удари, менувајќи го имунолошкиот одговор кога тој наместо да се сврти против вирусот се врти против сопствените структури во нервниот систем. Потребно е симптомите да се следат уште на почетокот за да може да се реагира на време, со цел последиците да бидат што помали од овие сериозни невролошки болести, вели д-р Китева-Тренчевска.

Д-р Петличковски вели дека Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со зачестените респираторни болести и вели дека е очекувано по олеснување на рестриктивните мерки.

– Апсолутно е причина за ново сретнување со малку подзаборавени вируси и од тоа што го гледаме тоа е очекувано. Во моментов навистина се исполнети педијатриските капацитети со пациенти со потешка клиничка слика. Не е загрижувачки, туку нормален тек по олабавување на мерките по ковид-пандемијата, додаде тој.

 

The post Кардиоваскуларни болести и невролошки нарушувања најчести пост-ковид симптоми appeared first on Република.

]]>

Иако се чини дека состојбата со пандемијата на КОВИД-19 е стабилна, здравствените работници укажуваат дека се повеќе фокусот на вниманието се поместува на последиците по прележан ковид. Најчести пост-ковид симптоми се јавуваат во делот на кардиоваскуларните болести, како и невролошките нарушувања. На денешниот брифинг со медиуми во организација на Македонскиот институт за медиуми, на кој присуствуваа д-р Александар Петличковски, специјалист по клиничка генетика и претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Гордана Китева-Тренчевска, специјалист невролог и научен соработник и Валентина Андова, специјалист кардиолог се дискутираше околу актуелните прашања поврзани со КОВИД-19, хроничните болести и вакцинацијата. – Разговаравме за најчестите симптоми што се јавуваат по прележан КОВИД, а можат да траат со месеци, па веројатно и години и потенциравме на значењето на вакцинацијата во намалување на шансите на вакви симптоми, бидејќи во сите сериозни студии е јасно дека оние кои се вакцинираат поретко имаат долг ковид и симптоми што го отежнуваат животот по прележување. Помеѓу главните ризик фактори што можат да доведат до долготраен ковид се набројуваат тешка форма на КОВИД, понапредната возраст, женски пол и невакцинираност, вели д-р Петличковски. Д-р Андонова, специјалист кардиолог вели дека на Универзитетска клиника за кардиологија е зголемен бројот на пациенти во амбулантите. На дневна основа во амбулантите за преглед доаѓаат околу 400 пациенти, додека на дијагностичките методи се прават и до 150 прегледи дневно. Старосната граница, како што посочи станува се пониска и периодов доаѓаат и пациенти од 25 до 30 години, со сериозни кардиоваскуларни заболувања. Додаде дека најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, а како пост-ковид синдроми најчесто се јавуваат дилатативна кардиомиопатија, лева и десна срцева слабост, аритмија, венски тромбоемболизам и воспалителни промени на срцето што се многу почести во однос на пред пандемијата. – КОВИДОТ и пост-ковидот се ризични, но исто така ризик се и нездравите навики на живеење, тоа значи дека нивните навики на пушачи, дебелина, неправилен начин на живот, без физичка активност се голем ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања на коишто нормално ние можеме да делуваме, апелираше д-р Андонова. Д-р Китева-Тренчевска од Клиниката за неврологија вели дека најчести пост-ковид што пациентите ги пријавуваат кај нив се главоболка, вртоглавица, епилептични напади, промени во функционирање на централниот нервен систем, деменција, проблеми со периферниот нервен систем. – Овие пост-ковид заболувања ќе ги имаме зачестено бидејќи КОВИДОТ покажа дека ја менува хомеостазата, менувајќи ја циркулацијата, правејќи состојба на зголемена тромбоза, зголемување на мозочни удари, менувајќи го имунолошкиот одговор кога тој наместо да се сврти против вирусот се врти против сопствените структури во нервниот систем. Потребно е симптомите да се следат уште на почетокот за да може да се реагира на време, со цел последиците да бидат што помали од овие сериозни невролошки болести, вели д-р Китева-Тренчевска. Д-р Петличковски вели дека Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со зачестените респираторни болести и вели дека е очекувано по олеснување на рестриктивните мерки. – Апсолутно е причина за ново сретнување со малку подзаборавени вируси и од тоа што го гледаме тоа е очекувано. Во моментов навистина се исполнети педијатриските капацитети со пациенти со потешка клиничка слика. Не е загрижувачки, туку нормален тек по олабавување на мерките по ковид-пандемијата, додаде тој.  

The post Кардиоваскуларни болести и невролошки нарушувања најчести пост-ковид симптоми appeared first on Република.

]]>
Позадината штити од дијабетис, крвен притисок и срце: Жените со големи задници се отпорни на хронични болести https://republika.mk/intima/pozadinata-shtiti-od-dijabetis-krven-pritisok-i-srce-zenite-so-golemi-zadnici-se-otporni-na-hronichni-bolesti/ Sat, 08 Jan 2022 20:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=442053

Неодамнешните истражувања покажаа дека жените со поголем задник се особено отпорни на хронични болести.

Грчкиот Професор Константинос Манолопулос, водечки научник на студијата и почесен консултант за ендокринологија, го истакна следново:

- Идејата дека распределбата на телесните масти е важна за здравјето е позната веќе подолго време. Сепак, неодамна се покажа дека масното ткиво на бутовите и големиот волумен на колковите го поддржуваат здравјето; Тоа сама по себе штити долниот дел од телото.

Големиот задник влијае и на нивото на лептин во женското тело, хормонот одговорен за регулирање на телесната тежина и динопектин, хормон кој има антиинфламаторни, здравствени својства на срцето и против дијабетес.

Треба да се напомене дека салото на стомакот, мастите во горниот дел од телото и дебелината - да не се поврзуваат со поголемиот задник .

Тие не се здрави и може да доведат до голем број здравствени проблеми како што се висок крвен притисок, дијабетес и висок холестерол

The post Позадината штити од дијабетис, крвен притисок и срце: Жените со големи задници се отпорни на хронични болести appeared first on Република.

]]>

Неодамнешните истражувања покажаа дека жените со поголем задник се особено отпорни на хронични болести. Грчкиот Професор Константинос Манолопулос, водечки научник на студијата и почесен консултант за ендокринологија, го истакна следново:
- Идејата дека распределбата на телесните масти е важна за здравјето е позната веќе подолго време. Сепак, неодамна се покажа дека масното ткиво на бутовите и големиот волумен на колковите го поддржуваат здравјето; Тоа сама по себе штити долниот дел од телото.
Големиот задник влијае и на нивото на лептин во женското тело, хормонот одговорен за регулирање на телесната тежина и динопектин, хормон кој има антиинфламаторни, здравствени својства на срцето и против дијабетес. Треба да се напомене дека салото на стомакот, мастите во горниот дел од телото и дебелината - да не се поврзуваат со поголемиот задник . Тие не се здрави и може да доведат до голем број здравствени проблеми како што се висок крвен притисок, дијабетес и висок холестерол

The post Позадината штити од дијабетис, крвен притисок и срце: Жените со големи задници се отпорни на хронични болести appeared first on Република.

]]>