„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ Archives - Република https://republika.mk/tema/bolen-mi-lezi-mile-pop-jordanov/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jul 2023 12:43:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ Archives - Република https://republika.mk/tema/bolen-mi-lezi-mile-pop-jordanov/ 32 32 Петрески: Младите да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува https://republika.mk/scena/muzika/petreski-mladite-da-prodolzhat-da-ja-chuvaat-makedonskata-pesna-bidejki-nema-koj-drug-da-ja-chuva/ Tue, 11 Jul 2023 13:43:16 +0000 https://republika.mk/?p=660073

Петтата преработка од проектот „Македонијо, во срце те носиме“ е „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ отпеана од златното грло на Наум Петрески, а спакувана со мерак од маестро Николче Мицевски.

Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава порака, особено до младите – да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува, особено во ова време кога секојдневно и од сите страни сме напаѓани, вели Петрески.

https://youtu.be/y2EA_3a2_as

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ е отпеана во чест на македонскиот револуционер и просветен деец, а, според историчарот Коста Црнушанов, истата е создадена брзо по смртта на Миле. Според други извори, пак, била отпеана уште на неговиот погреб. Во 2006 година оваа песна е прогласена за официјална химна на градот Велес.

Инаку, ова е петтата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот се потпишува „Скендеровски продукција“. Во рамки на овој проект јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова, а досега беа објавени патриотските песни во изведба на Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Мина Блажев и Огнен Здравковски.

Кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи во план е и концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови.

Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас. 

The post Петрески: Младите да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува appeared first on Република.

]]>

Петтата преработка од проектот „Македонијо, во срце те носиме“ е „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ отпеана од златното грло на Наум Петрески, а спакувана со мерак од маестро Николче Мицевски.
Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава порака, особено до младите – да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува, особено во ова време кога секојдневно и од сите страни сме напаѓани, вели Петрески.
https://youtu.be/y2EA_3a2_as „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ е отпеана во чест на македонскиот револуционер и просветен деец, а, според историчарот Коста Црнушанов, истата е создадена брзо по смртта на Миле. Според други извори, пак, била отпеана уште на неговиот погреб. Во 2006 година оваа песна е прогласена за официјална химна на градот Велес. Инаку, ова е петтата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот се потпишува „Скендеровски продукција“. Во рамки на овој проект јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова, а досега беа објавени патриотските песни во изведба на Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Мина Блажев и Огнен Здравковски. Кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи во план е и концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови. Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас. 

The post Петрески: Младите да продолжат да ја чуваат македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува appeared first on Република.

]]>