бојан трифуновски Archives - Република https://republika.mk/tema/bojan-trifunovski/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 09:40:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бојан трифуновски Archives - Република https://republika.mk/tema/bojan-trifunovski/ 32 32 Праизведба на „Хенгинг Араунд“ во МНТ, претстава за изгубени ликови во светот на бајките https://republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-henging-araund-vo-mnt-pretstava-za-izgubeni-likovi-vo-svetot-na-bajkite/ Fri, 19 Apr 2024 09:28:07 +0000 https://republika.mk/?p=767898

„Хенгинг Араунд“ е новата претстава на Македонскиот народен театар (МНТ), која премиерно ќе се изведе на малата сцена вечерва, 19 април од 20 часот. Ова е праизведба на текстот на Љупчо Јованов, во режија на Бојан Трифуновски.

Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

Главните ликови во приказната – „0“ (Хенгинг) и „1“ (Араунд) – се изгубени во светот на бајките, не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста. Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.

[caption id="attachment_767932" align="alignnone" width="2048"] фото: МНТ[/caption]

Во 2015 година Министерството за култура го откупи текстот на Јованов и како што вели авторот, напишан е десетина години претходно и во меѓувреме биле направени неколку измени.

За еден текст е најбитно да биде изведен на сцена. Со Бојан Трифуновски работиме заедно долги години во различни театарски проекти. Од самиот почеток, во МНТ се навикнав како во природна, домашна атмосфера, вели Јованов, кој по професија е архитект и професор на „Американ колеџ“.

[caption id="attachment_766745" align="alignnone" width="1600"] Љупчо Јованов: За еден текст е најбитно да биде изведен на сцена /фото: Александар Ивановски[/caption]

Според него, бајките за деца се бајки за возрасни, но децата малку поинаку гледаат на сказните, за разлика од возрасните, коишто би требало на поинаков начин да ги преведат, односно прераскажат тие бајки.

Самата идеја на „Хенгинг Араунд“ е да се прикаже тој свет на бајки како нешто што и во тој свет тече и нешто се случува, бидејќи не е замрзнат и не е фиксиран онака како што сме навикнати да го гледаме. Но, како и реалниот живот и тој си има своја реалност и мора да се развива и надополнува и да се менува, вели Јованов, кој е и сценограф и костимограф на претставата.

Режисерот Трифуновски вели дека на театарските сцени фали постмодерна на македонски јазик.

Насоките на МНТ се да се популаризираат македонски автори, а јас често работам македонски автори. Уредувачките политики коишто најчесто се мотивирани од финансиски услови не дозволуваат младите автори често да добиваат шанса. Јованов не е млад, но ете се случува праизведба после 20 години. Отсекогаш сум го сакал текстот, бидејќи е сликовница. Јованов нуди многу интересен спектар на метафори коишто можат со било какво театарско средство да се изведат, да се родат на сцената и затоа што пред сè е пишувано за актери. Јованов е дете на театарот, професор е по сценографија, тој е сценограф и костимограф на претставата заедно со Александар Ношпал. Го разбира процесот, а јас сакам да работам актерски претстави, вели Трифуновски.

Сашко Коцев го игра ликот на Волкот и на Квазимодо.

[caption id="attachment_766738" align="alignnone" width="1600"] Сашко Коцев: Ова е доста интересна и чудна претстава во која што до резултатот беше многу тешко да се стигне /фото: Александар Ивановски[/caption]

Ние живееме една бајка, нашите животи се бајки коишто некогаш другите ни ги наметнуваат, ни даваат улоги, некогаш ние сами тоа си го правиме, си ја креираме таа бајка и потоа не може да излеземе од неа. Бајките се раскажани низ една друга призма на авторот, малку исчашено, извитоперено, тоа делува чудно, но ги препознаваме. Има еден волк од приказните кој цело време им кажува што да направат на 0 и на 1, но тие не можат да разберат, умираат, но никако да умрат, цело време се враќаат и на крајот почнуваат од почеток. Една човекова сизифовска работа. Една метафора за животот проткаена со многу симболи - театарски и драматуршки. Ликот на Квазимодо кратко се појавува, волкот е како еден наратор којшто го има низ претставата, нараторот, ги креира самите приказни во коишто ќе влезат 0 и 1, без разлика дали се тоа „Трите прасиња“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Али Баба и 40 разбојници“ или „Убавицата и ѕверот“. Сите приказни кои ги знаеме и нам ни се раскажани така и ние ги живееме тие приказни. Авторот вика еве може и вака да биде. Во сите приказни главно се спроведува една декаденција на ликовите во приказните. Ова е доста интересна и чудна претстава во која што до резултатот беше многу тешко да се стигне. Друго е кога имаш драмски текст со јасни ликови и намери кој на кого му е што, а овде тоа го немаше, па беше еден експериментален процес. Режисерскиот израз на Трифуновски е таков, тој секогаш гледа да проткајува и доза на хумор за да биде тоа попитко, вели Коцев кому ова му трета претстава со Трифуновски, по „Аладин“ во МНТ и „Нешто пропуштаме“ во Театар Комедија.

За „Хенгин Араунд“ вели дека е поексперимантална претстава.

[caption id="attachment_766743" align="alignnone" width="1600"] Сашко Коцев /фото: Александар Ивановски[/caption]

Ни една претстава не е лесна, но овде се бориме со која е метафората, зошто е тоа така, што значи...Среќа, авторот беше со нас. На почетокот веднаш одгледавме неколку филма, неколку фрагменти како пример за тоа што би сакал авторот да постигне, но внатре во претставата нема да се препознаат, исфлитрирани се, додава Коцев.

Стефан Спасов го толкува ликот Хенгинг или 1.

[caption id="attachment_766734" align="alignnone" width="1600"] Стефан Спасов: Кога се читаат бајките како возрасен, тогаш може со ‘возрасниот мозок’ да подразмислиш и да ти биде поинтересно/фото: Александар Ивановски[/caption]

Мојот лик е еден, така да го наречам плачко, што пробува да излезе од бајките, но тоа тешко му оди. Не му работи мозокот, но се труди, го дава максимумот, но тоа е малку. За него, тоа што се случува е реалност. Но, таа реалност не му одговара, не може да се снајде, не може да прифати. Текстот на Јованов е многу пријатно напишан, јазикот кој е користен е близок до сите. Мене ми се допаѓа текстот бидејќи е од познати бајки, „Убавицата и ѕверот“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Трите прасиња“. На сите ни се познати тие приказни и кога и да се читаат, секогаш човек може да се пронајде, да најде нешто ново. Кога се читаат бајките како возрасен, тогаш може со ‘возрасниот мозок’ да подразмислиш и да ти биде поинтересно, вели Спасов.

Гораст Цветковски толкува два лика - Али Баба и Ѕверот.

[caption id="attachment_766752" align="alignnone" width="1600"] Гораст Цветковски: Работевме со метафизика, темата е таква. Многу ни е забавно, многу се смееме, се надевам тоа ќе биде пренесено на публиката/ фото: Александар Ивановски[/caption]

Ова е бајка само за возрасни. Ова е претстава за возрасни кои 'имаат желудник'. Моите ликови, Али Баба и Ѕверот од „Убавицата и ѕверот“ сите ги знаеме од цртаните филмови, приказните, книгите, но тоа се комплетно различни, превртени верзии во однос на што би се случувало од страната на ликовите. Значи што им се случувало на Али баба и разбојниците коишто биле затворени во таа пештера со години, а сите мислеле дека внатре има злато и скапоцености, кој е нивниот проблем. Убавицата и ѕверот се двојка која има сериозен, реален проблем во врската. Работевме со метафизика, темата е таква. Многу ни е забавно, многу се смееме, се надевам тоа ќе биде пренесено на публиката, па и за нив ќе биде возбудливо, вели Цветковски.

По вечерашната премиера, следната изведба на „Хенгин Араунд“ е в сабота, на 20 април и потоа на 7 мај.

https://republika.mk/vesti/kultura/bajkite-shto-ni-gi-prodavaat-vo-makedonija-navidum-polni-so-magija-se-polni-so-perverzija-i-nepochituvane/

The post Праизведба на „Хенгинг Араунд“ во МНТ, претстава за изгубени ликови во светот на бајките appeared first on Република.

]]>

„Хенгинг Араунд“ е новата претстава на Македонскиот народен театар (МНТ), која премиерно ќе се изведе на малата сцена вечерва, 19 април од 20 часот. Ова е праизведба на текстот на Љупчо Јованов, во режија на Бојан Трифуновски. Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска. Главните ликови во приказната – „0“ (Хенгинг) и „1“ (Араунд) – се изгубени во светот на бајките, не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста. Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. [caption id="attachment_767932" align="alignnone" width="2048"] фото: МНТ[/caption] Во 2015 година Министерството за култура го откупи текстот на Јованов и како што вели авторот, напишан е десетина години претходно и во меѓувреме биле направени неколку измени.
За еден текст е најбитно да биде изведен на сцена. Со Бојан Трифуновски работиме заедно долги години во различни театарски проекти. Од самиот почеток, во МНТ се навикнав како во природна, домашна атмосфера, вели Јованов, кој по професија е архитект и професор на „Американ колеџ“.
[caption id="attachment_766745" align="alignnone" width="1600"] Љупчо Јованов: За еден текст е најбитно да биде изведен на сцена /фото: Александар Ивановски[/caption] Според него, бајките за деца се бајки за возрасни, но децата малку поинаку гледаат на сказните, за разлика од возрасните, коишто би требало на поинаков начин да ги преведат, односно прераскажат тие бајки.
Самата идеја на „Хенгинг Араунд“ е да се прикаже тој свет на бајки како нешто што и во тој свет тече и нешто се случува, бидејќи не е замрзнат и не е фиксиран онака како што сме навикнати да го гледаме. Но, како и реалниот живот и тој си има своја реалност и мора да се развива и надополнува и да се менува, вели Јованов, кој е и сценограф и костимограф на претставата.
Режисерот Трифуновски вели дека на театарските сцени фали постмодерна на македонски јазик.
Насоките на МНТ се да се популаризираат македонски автори, а јас често работам македонски автори. Уредувачките политики коишто најчесто се мотивирани од финансиски услови не дозволуваат младите автори често да добиваат шанса. Јованов не е млад, но ете се случува праизведба после 20 години. Отсекогаш сум го сакал текстот, бидејќи е сликовница. Јованов нуди многу интересен спектар на метафори коишто можат со било какво театарско средство да се изведат, да се родат на сцената и затоа што пред сè е пишувано за актери. Јованов е дете на театарот, професор е по сценографија, тој е сценограф и костимограф на претставата заедно со Александар Ношпал. Го разбира процесот, а јас сакам да работам актерски претстави, вели Трифуновски.
Сашко Коцев го игра ликот на Волкот и на Квазимодо. [caption id="attachment_766738" align="alignnone" width="1600"] Сашко Коцев: Ова е доста интересна и чудна претстава во која што до резултатот беше многу тешко да се стигне /фото: Александар Ивановски[/caption]
Ние живееме една бајка, нашите животи се бајки коишто некогаш другите ни ги наметнуваат, ни даваат улоги, некогаш ние сами тоа си го правиме, си ја креираме таа бајка и потоа не може да излеземе од неа. Бајките се раскажани низ една друга призма на авторот, малку исчашено, извитоперено, тоа делува чудно, но ги препознаваме. Има еден волк од приказните кој цело време им кажува што да направат на 0 и на 1, но тие не можат да разберат, умираат, но никако да умрат, цело време се враќаат и на крајот почнуваат од почеток. Една човекова сизифовска работа. Една метафора за животот проткаена со многу симболи - театарски и драматуршки. Ликот на Квазимодо кратко се појавува, волкот е како еден наратор којшто го има низ претставата, нараторот, ги креира самите приказни во коишто ќе влезат 0 и 1, без разлика дали се тоа „Трите прасиња“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Али Баба и 40 разбојници“ или „Убавицата и ѕверот“. Сите приказни кои ги знаеме и нам ни се раскажани така и ние ги живееме тие приказни. Авторот вика еве може и вака да биде. Во сите приказни главно се спроведува една декаденција на ликовите во приказните. Ова е доста интересна и чудна претстава во која што до резултатот беше многу тешко да се стигне. Друго е кога имаш драмски текст со јасни ликови и намери кој на кого му е што, а овде тоа го немаше, па беше еден експериментален процес. Режисерскиот израз на Трифуновски е таков, тој секогаш гледа да проткајува и доза на хумор за да биде тоа попитко, вели Коцев кому ова му трета претстава со Трифуновски, по „Аладин“ во МНТ и „Нешто пропуштаме“ во Театар Комедија.
За „Хенгин Араунд“ вели дека е поексперимантална претстава. [caption id="attachment_766743" align="alignnone" width="1600"] Сашко Коцев /фото: Александар Ивановски[/caption]
Ни една претстава не е лесна, но овде се бориме со која е метафората, зошто е тоа така, што значи...Среќа, авторот беше со нас. На почетокот веднаш одгледавме неколку филма, неколку фрагменти како пример за тоа што би сакал авторот да постигне, но внатре во претставата нема да се препознаат, исфлитрирани се, додава Коцев.
Стефан Спасов го толкува ликот Хенгинг или 1. [caption id="attachment_766734" align="alignnone" width="1600"] Стефан Спасов: Кога се читаат бајките како возрасен, тогаш може со ‘возрасниот мозок’ да подразмислиш и да ти биде поинтересно/фото: Александар Ивановски[/caption]
Мојот лик е еден, така да го наречам плачко, што пробува да излезе од бајките, но тоа тешко му оди. Не му работи мозокот, но се труди, го дава максимумот, но тоа е малку. За него, тоа што се случува е реалност. Но, таа реалност не му одговара, не може да се снајде, не може да прифати. Текстот на Јованов е многу пријатно напишан, јазикот кој е користен е близок до сите. Мене ми се допаѓа текстот бидејќи е од познати бајки, „Убавицата и ѕверот“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Трите прасиња“. На сите ни се познати тие приказни и кога и да се читаат, секогаш човек може да се пронајде, да најде нешто ново. Кога се читаат бајките како возрасен, тогаш може со ‘возрасниот мозок’ да подразмислиш и да ти биде поинтересно, вели Спасов.
Гораст Цветковски толкува два лика - Али Баба и Ѕверот. [caption id="attachment_766752" align="alignnone" width="1600"] Гораст Цветковски: Работевме со метафизика, темата е таква. Многу ни е забавно, многу се смееме, се надевам тоа ќе биде пренесено на публиката/ фото: Александар Ивановски[/caption]
Ова е бајка само за возрасни. Ова е претстава за возрасни кои 'имаат желудник'. Моите ликови, Али Баба и Ѕверот од „Убавицата и ѕверот“ сите ги знаеме од цртаните филмови, приказните, книгите, но тоа се комплетно различни, превртени верзии во однос на што би се случувало од страната на ликовите. Значи што им се случувало на Али баба и разбојниците коишто биле затворени во таа пештера со години, а сите мислеле дека внатре има злато и скапоцености, кој е нивниот проблем. Убавицата и ѕверот се двојка која има сериозен, реален проблем во врската. Работевме со метафизика, темата е таква. Многу ни е забавно, многу се смееме, се надевам тоа ќе биде пренесено на публиката, па и за нив ќе биде возбудливо, вели Цветковски.
По вечерашната премиера, следната изведба на „Хенгин Араунд“ е в сабота, на 20 април и потоа на 7 мај. https://republika.mk/vesti/kultura/bajkite-shto-ni-gi-prodavaat-vo-makedonija-navidum-polni-so-magija-se-polni-so-perverzija-i-nepochituvane/

The post Праизведба на „Хенгинг Араунд“ во МНТ, претстава за изгубени ликови во светот на бајките appeared first on Република.

]]>
Бајките што ни ги продаваат во Македонија навидум полни со магија се полни со перверзија и непочитување https://republika.mk/vesti/kultura/bajkite-shto-ni-gi-prodavaat-vo-makedonija-navidum-polni-so-magija-se-polni-so-perverzija-i-nepochituvane/ Tue, 16 Apr 2024 10:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=766633

Во Македонскиот народен театар (МНТ) в петок, на 19 април во 20 часот на малата сцена ќе се оддржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов. Со оваа премира Националниот театар ќе го прослави 79. роденден. Овој текст на Јованов Министерството за култура го откупи уште во 2015 година со цел да биде поставен на некоја од театрските сцени и по три обиди, сега премиерно ќе биде поставен на малата сцена на МНТ.

Режисерот Трифуновски по пауза од седум години повторно режиера во Националниот театар. Последна претстава која тој ја работеше со ансамблот на МНТ беше „Аладин“ за која тој ја направи адаптацијата и драматизацијата.

Главни ликови во оваа приказна се 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд), изгубени во светот на бајките, не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.

Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софија Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

„Хенгигн араунд“ е праизведба на текст напишан одамна од страна на Љупчо Јованов. Зошто се одлучивте да го работите?

ТРИФУНОВСКИ: Овој текст Јованов го напиша првпат околу 2000 година, се сеќавам на таа верзија на текстот, бидејќи постојано се надоградува, горе-долу бајките остануваат исти, а ‘месото’ се модернизира. На театарските сцени фали постмодерна на македонски јазик. Насоките на Македонскиот народен театар (МНТ) се да се популаризираат македонски автори, а јас често работам македонски автори. Уредувачките политики коишто најчесто се мотивирани од финансиски услови не дозволуваат младите автори често да добиваат шанса. Јованов не е млад, но ете се случува праизведба после 20 години. Отсекогаш сум го сакал текстот, бидејќи е сликовница. За нас режисерите, тие што сакаме да креираме, што не сакаме да правиме премногу цврсто херметички создадени предобри текстови, има простор за креативна шпекулација. Затоа многу ми допадна. Јованов нуди многу интересен спектар на метафори коишто можат со било какво театарско средство да се изведат, да се родат на сцената и затоа што пред сè е пишувано за актери. Јованов е дете на театар, професор е по сценографија, тој е сценограф и костимограф на претставата заедно со Александар Ношпал. Го разбира процесот, а јас сакам да работам актерски претстави.

[caption id="attachment_766647" align="alignnone" width="1600"] Трифуновски: На театарските сцени фали постмодерна на македонски јазик фото: Александар Ивановски[/caption]

Во најавата за претставата се вели дека главните ликови се изгубени во светот на бајките и главна цел им е да се вратат во светот на бајките.

ТРИФУНОВСКИ: Да, претставата се занимава со поставување на прашањата ‘Што е реалност’, ‘Што е бајка’, ‘Дали бајките се исти како што ги паметиме’, 'Колку пати ни продале бајки'... Јас сум дел од онаа генерација која што кога станавме независна држава, ни велеа еве утре-задутре животот ќе ви биде поубав. Уште го чекаме. Имаме преживеано неколку илјади бајковидни ветувања од светските суперсили, ама ниту едно не било без да ни земат орган. Е па, претставата е така прочитана, длабоко метафорично. Карактерите се Хенгинг и Араунд, може да бидат и соседите на Исус што висат до него на крстот, ние ги викаме еден и нула, затоа што во овој бинарен, културолошки и политиколошки свет во Македонија, двете страни се од иста паричка, а бајките што ни ги продаваат навидум полни со магија се полни со перверзија, со непочитување. Во такво едно губење, можеби јас не сакам да влезам во бајката, можеби тие треба да влезат во нашата реалност.

Дали тоа значи дека е бајка за возрасни?

ТРИФУНОВСКИ: Апсолутно е бајка за возрасни. Се уште се размислуваме дали да биде 16 или 18+. Има користење на експлицитен јазик.

[caption id="attachment_766643" align="alignnone" width="1600"] Трифуновски: Сметам дека кога одиш по линијата на кичот, допираш една автентично антрополошка димензија на човекот Фото: Александар Ивановски[/caption]

Дел сте од друштвото со Јованов, Дејан Дуковски, Срѓан Јанаќијевиќ..често користите и филмски елементи во претставите.

ТРИФУНОВСКИ: Јованов и Дуковски се многу блиску, јас многупати сум работел со Дуковски, го чувствувам близок, а и тој мене. Методот што го работам изминативе шест-седум претстави, почнувајќи од „Среќна нова година“ во Турскиот театар во 2017 година е по методот што се вика практична естетика што е измислен од страна на актерот Вилијам Мечмејс и драмскиот писател и филмскиот режисер Дејвид Мемет. Клучно во тој метод за да се претстави емоција треба да престанеш да глумиш и тоа е е нешто што им го викаат сите на Академија на филмските актери.

Идејата е да ги најдеш поривите и мотивациите на карактерот внатре во себе. Иако не е тоа класичен тип на театарско изразување, малата сцена трпи таков јазик. А напротив, ние не се ограничуваме на тоа, тоа е само еден дел од средствата кои ги користиме. Ние знаеме и да претераме, да пародизираме, користиме различни типови на средства затоа што животот во кој што сме ставени, којшто е некоја хорор бајка не е жанровски чист. Во ист ден знаеш да бидеш од крај на комедија до крај на трагедија. Таква е и претставата.

[caption id="attachment_766645" align="alignnone" width="1600"] Трифуновски: Имаме преживеано неколку илјади бајковидни ветувања од светските суперсили, ама ниту едно не било без да ни земат орган Фото: Александар Ивановски[/caption]

Не бегам од сфаќањата дека театарот мора да има и комерцијален аспект. А комерцијалата не ја сфаќам како некој тип на поевтинување на изразните средства. Комедијата ја користам како протеин со којшто полесно низ крвните садови кислородот може да стигне до мозокот на публиката ако е носачот нешто што не е претенциозно, преглумено, не е ларпурлартистички. Во Македонија има многу талентирани режиери коишто работат класичен театар, модерен, постмодерен. Немам потреба јас така да работам и никогаш не сум имал, еве веќе 20 години. Сметам дека кога одиш по линијата на кичот, допираш една автентично антрополошка димензија на човекот. Тие што мислат различно, може да дебатираме.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Александар Ивановски

The post Бајките што ни ги продаваат во Македонија навидум полни со магија се полни со перверзија и непочитување appeared first on Република.

]]>

Во Македонскиот народен театар (МНТ) в петок, на 19 април во 20 часот на малата сцена ќе се оддржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов. Со оваа премира Националниот театар ќе го прослави 79. роденден. Овој текст на Јованов Министерството за култура го откупи уште во 2015 година со цел да биде поставен на некоја од театрските сцени и по три обиди, сега премиерно ќе биде поставен на малата сцена на МНТ. Режисерот Трифуновски по пауза од седум години повторно режиера во Националниот театар. Последна претстава која тој ја работеше со ансамблот на МНТ беше „Аладин“ за која тој ја направи адаптацијата и драматизацијата. Главни ликови во оваа приказна се 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд), изгубени во светот на бајките, не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софија Насевска-Трифуновска и Нела Павловска. „Хенгигн араунд“ е праизведба на текст напишан одамна од страна на Љупчо Јованов. Зошто се одлучивте да го работите? ТРИФУНОВСКИ: Овој текст Јованов го напиша првпат околу 2000 година, се сеќавам на таа верзија на текстот, бидејќи постојано се надоградува, горе-долу бајките остануваат исти, а ‘месото’ се модернизира. На театарските сцени фали постмодерна на македонски јазик. Насоките на Македонскиот народен театар (МНТ) се да се популаризираат македонски автори, а јас често работам македонски автори. Уредувачките политики коишто најчесто се мотивирани од финансиски услови не дозволуваат младите автори често да добиваат шанса. Јованов не е млад, но ете се случува праизведба после 20 години. Отсекогаш сум го сакал текстот, бидејќи е сликовница. За нас режисерите, тие што сакаме да креираме, што не сакаме да правиме премногу цврсто херметички создадени предобри текстови, има простор за креативна шпекулација. Затоа многу ми допадна. Јованов нуди многу интересен спектар на метафори коишто можат со било какво театарско средство да се изведат, да се родат на сцената и затоа што пред сè е пишувано за актери. Јованов е дете на театар, професор е по сценографија, тој е сценограф и костимограф на претставата заедно со Александар Ношпал. Го разбира процесот, а јас сакам да работам актерски претстави. [caption id="attachment_766647" align="alignnone" width="1600"] Трифуновски: На театарските сцени фали постмодерна на македонски јазик фото: Александар Ивановски[/caption] Во најавата за претставата се вели дека главните ликови се изгубени во светот на бајките и главна цел им е да се вратат во светот на бајките. ТРИФУНОВСКИ: Да, претставата се занимава со поставување на прашањата ‘Што е реалност’, ‘Што е бајка’, ‘Дали бајките се исти како што ги паметиме’, 'Колку пати ни продале бајки'... Јас сум дел од онаа генерација која што кога станавме независна држава, ни велеа еве утре-задутре животот ќе ви биде поубав. Уште го чекаме. Имаме преживеано неколку илјади бајковидни ветувања од светските суперсили, ама ниту едно не било без да ни земат орган. Е па, претставата е така прочитана, длабоко метафорично. Карактерите се Хенгинг и Араунд, може да бидат и соседите на Исус што висат до него на крстот, ние ги викаме еден и нула, затоа што во овој бинарен, културолошки и политиколошки свет во Македонија, двете страни се од иста паричка, а бајките што ни ги продаваат навидум полни со магија се полни со перверзија, со непочитување. Во такво едно губење, можеби јас не сакам да влезам во бајката, можеби тие треба да влезат во нашата реалност. Дали тоа значи дека е бајка за возрасни? ТРИФУНОВСКИ: Апсолутно е бајка за возрасни. Се уште се размислуваме дали да биде 16 или 18+. Има користење на експлицитен јазик. [caption id="attachment_766643" align="alignnone" width="1600"] Трифуновски: Сметам дека кога одиш по линијата на кичот, допираш една автентично антрополошка димензија на човекот Фото: Александар Ивановски[/caption] Дел сте од друштвото со Јованов, Дејан Дуковски, Срѓан Јанаќијевиќ..често користите и филмски елементи во претставите. ТРИФУНОВСКИ: Јованов и Дуковски се многу блиску, јас многупати сум работел со Дуковски, го чувствувам близок, а и тој мене. Методот што го работам изминативе шест-седум претстави, почнувајќи од „Среќна нова година“ во Турскиот театар во 2017 година е по методот што се вика практична естетика што е измислен од страна на актерот Вилијам Мечмејс и драмскиот писател и филмскиот режисер Дејвид Мемет. Клучно во тој метод за да се претстави емоција треба да престанеш да глумиш и тоа е е нешто што им го викаат сите на Академија на филмските актери. Идејата е да ги најдеш поривите и мотивациите на карактерот внатре во себе. Иако не е тоа класичен тип на театарско изразување, малата сцена трпи таков јазик. А напротив, ние не се ограничуваме на тоа, тоа е само еден дел од средствата кои ги користиме. Ние знаеме и да претераме, да пародизираме, користиме различни типови на средства затоа што животот во кој што сме ставени, којшто е некоја хорор бајка не е жанровски чист. Во ист ден знаеш да бидеш од крај на комедија до крај на трагедија. Таква е и претставата. [caption id="attachment_766645" align="alignnone" width="1600"] Трифуновски: Имаме преживеано неколку илјади бајковидни ветувања од светските суперсили, ама ниту едно не било без да ни земат орган Фото: Александар Ивановски[/caption] Не бегам од сфаќањата дека театарот мора да има и комерцијален аспект. А комерцијалата не ја сфаќам како некој тип на поевтинување на изразните средства. Комедијата ја користам како протеин со којшто полесно низ крвните садови кислородот може да стигне до мозокот на публиката ако е носачот нешто што не е претенциозно, преглумено, не е ларпурлартистички. Во Македонија има многу талентирани режиери коишто работат класичен театар, модерен, постмодерен. Немам потреба јас така да работам и никогаш не сум имал, еве веќе 20 години. Сметам дека кога одиш по линијата на кичот, допираш една автентично антрополошка димензија на човекот. Тие што мислат различно, може да дебатираме. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Александар Ивановски

The post Бајките што ни ги продаваат во Македонија навидум полни со магија се полни со перверзија и непочитување appeared first on Република.

]]>