Богородичен покров Archives - Република https://republika.mk/tema/bogorodichen-pokrov/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Oct 2024 14:49:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Богородичен покров Archives - Република https://republika.mk/tema/bogorodichen-pokrov/ 32 32 Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… https://republika.mk/zivot/servisi/utre-slavime-biten-praznik-za-zhenite-eve-koi-se-obichaite-ako-ste-singl-omazhena-sakate-detsa/ Sun, 13 Oct 2024 15:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=826167

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Празникот е посветен на нејзиното покривање, покритието, кое таа го рашири над христијаните. Се верува дека Богородица сè уште ја држи оваа плаштеница над нас и нè штити од злото.

Се верува дека на овој голем празник на жените ќе им се исполнат сите желби - ако се кажани со чиста вера.

Ако девојка сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата Пресвета Богородица. Треба да донесе крпа, која ќе ја донира во црквата и да се моли Богородица да ѝ ги прекрсти патиштата со идниот младоженец.

Омажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба.

Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Доколку во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро да разговарате со нив на овој ден за тоа што е потребно за среќен брак.

 

The post Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… appeared first on Република.

]]>

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник. Празникот е посветен на нејзиното покривање, покритието, кое таа го рашири над христијаните. Се верува дека Богородица сè уште ја држи оваа плаштеница над нас и нè штити од злото. Се верува дека на овој голем празник на жените ќе им се исполнат сите желби - ако се кажани со чиста вера. Ако девојка сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата Пресвета Богородица. Треба да донесе крпа, која ќе ја донира во црквата и да се моли Богородица да ѝ ги прекрсти патиштата со идниот младоженец. Омажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат. Доколку во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро да разговарате со нив на овој ден за тоа што е потребно за среќен брак.  

The post Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… appeared first on Република.

]]>
Почнува Фестивалот „Богородичен покров“ https://republika.mk/zivot/servisi/pochnuva-festivalot-bogorodichen-pokrov/ Sat, 25 Nov 2023 07:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=716077

Онлајн проекции на документарни филмови посветени на културното и духовното наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови ќе понуди осмото издание на Меѓународниот филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности  „Богородичен Покров“ што ќе се одржува онлјан од денеска до 1 декември.

Програмата стартува со интервју со почесниот претседател на Фестивалот, протојереј –ставрофор, проф. д-р Јован Таковски, кој се упокои годинава, што досега не е објавено, а е посветено на јавувањето на Пресвета Богородица во село Умлена каде што тој лично бил сведок. Ќе се емитува вечерва во 21 часот на линкот https://youtu.be/YAKAr6XJvwY .

За свеченото отворање на фестивалот во 21:30 часот е предвиден  документарно играниот филм посветен на Свети Јаков Тумански, на Coolture- Србија,  ЛХС студио, Артпроект тим и УТС продукција, чиј продуцент е и Милан П. Кићевац.

На вториот ден од фестивалот утревечер ќе бидат прикажани портрет  на Гордана Драгиќ, д-р по вибрациона медицина „Знаењето е здравје“ и рускиот документарен филм „Оган“ за Благодатниот оган од Ерусалим.

Дел од програмата се и документарните филмови  „Приказни од Атос“, „Илјада години историја на Света Гора“ и „Хиландарскиот имот“ на Балкан трип продукција од Србија, „Манастир Сурпателе“,  на ТВ Тринитас од Романија и „Ембрион на ренесансата“ на Лавиринт, Македонија, „Свети Јован Шангајски“ на Неофит продукција, Русија,  „Мајка Храброст - Живот за Никола“ на РТС,  „Св.апостоли Петар и Павле, Манастир Ботош“ на романски ТВ Тринитас и  рускиот документарен филм „Боже! Го чувствувам твоето доаѓање” посветен на режисерот Андреј Тарковски, со кој се затвора фестивалот.

-Сите филмски проекции и програми се бесплатни. Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности меѓу луѓето и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина, морал и пожртвуваност, велат за МИА од Топ Ворлд, продуциската куќа од Скопје, организатор на фестивалот.

„Богородичен покров“ е единствен фестивал од ваков жанр во државава, а се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Почнува Фестивалот „Богородичен покров“ appeared first on Република.

]]>

Онлајн проекции на документарни филмови посветени на културното и духовното наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови ќе понуди осмото издание на Меѓународниот филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности  „Богородичен Покров“ што ќе се одржува онлјан од денеска до 1 декември. Програмата стартува со интервју со почесниот претседател на Фестивалот, протојереј –ставрофор, проф. д-р Јован Таковски, кој се упокои годинава, што досега не е објавено, а е посветено на јавувањето на Пресвета Богородица во село Умлена каде што тој лично бил сведок. Ќе се емитува вечерва во 21 часот на линкот https://youtu.be/YAKAr6XJvwY . За свеченото отворање на фестивалот во 21:30 часот е предвиден  документарно играниот филм посветен на Свети Јаков Тумански, на Coolture- Србија,  ЛХС студио, Артпроект тим и УТС продукција, чиј продуцент е и Милан П. Кићевац. На вториот ден од фестивалот утревечер ќе бидат прикажани портрет  на Гордана Драгиќ, д-р по вибрациона медицина „Знаењето е здравје“ и рускиот документарен филм „Оган“ за Благодатниот оган од Ерусалим. Дел од програмата се и документарните филмови  „Приказни од Атос“, „Илјада години историја на Света Гора“ и „Хиландарскиот имот“ на Балкан трип продукција од Србија, „Манастир Сурпателе“,  на ТВ Тринитас од Романија и „Ембрион на ренесансата“ на Лавиринт, Македонија, „Свети Јован Шангајски“ на Неофит продукција, Русија,  „Мајка Храброст - Живот за Никола“ на РТС,  „Св.апостоли Петар и Павле, Манастир Ботош“ на романски ТВ Тринитас и  рускиот документарен филм „Боже! Го чувствувам твоето доаѓање” посветен на режисерот Андреј Тарковски, со кој се затвора фестивалот. -Сите филмски проекции и програми се бесплатни. Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности меѓу луѓето и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина, морал и пожртвуваност, велат за МИА од Топ Ворлд, продуциската куќа од Скопје, организатор на фестивалот. „Богородичен покров“ е единствен фестивал од ваков жанр во државава, а се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Почнува Фестивалот „Богородичен покров“ appeared first on Република.

]]>