блокирање Archives - Република https://republika.mk/tema/blokiranje/ За подобро да се разбереме Sun, 26 Jun 2022 08:40:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блокирање Archives - Република https://republika.mk/tema/blokiranje/ 32 32 ССМ утре ќе блокира влез во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/ssm-utre-kje-blokira-vlez-vo-skopje/ Sun, 26 Jun 2022 08:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=519810

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) реши да продолжи со активностите, па соопшти дека утре (27.06.2022) ќе го блокира влезот на главниот град Скопје од 07 до 10 часот на раскрсницата во населбата Автокоманда.

„Штрајкувачкиот одбор​ - Претседателството на ССМ дискутираше за активностите кои се спроведуваат со генералниот штрајк.
Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2806 денари што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот.

Вработените во јавниот сектор се солидарни како никогаш до сега, а работниците ​ во јавниот сектор кои добија усогласување на платите овие три изминати денови штрајкуваат и за работниците кои не добија солидарно усогласување на нивните плати за 2806 денари.
Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и поради тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок,​ незадоволството да го изразува на улица.

На 27.06.2022 година ( понеделник) од 07 часот до 10 часот ќе застанеме на влезот на главниот град Скопје на раскрсницата во населба Автокоманда на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна.

Пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предог амандманот на ССМ, зошто работниците не се задоволни од нивната продуктивност и ангажман за надминување на работничките проблеми, а на овој начин пратениците нема да можат да стигнат во Собранието за да наплатат патни трошоци, а истото важи и за владините министри кои се глуви за работниците и работничките барања во оваа криза.

Укажуваме на работниците и на граѓаните однапред да го планираат нивното движење во наведениот период и да ја избегнат раскрсницата на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада или солидарно да ни се придружат, а можат да ни се придружат и сите работници, соопштија од ССМ.

The post ССМ утре ќе блокира влез во Скопје appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) реши да продолжи со активностите, па соопшти дека утре (27.06.2022) ќе го блокира влезот на главниот град Скопје од 07 до 10 часот на раскрсницата во населбата Автокоманда. „Штрајкувачкиот одбор​ - Претседателството на ССМ дискутираше за активностите кои се спроведуваат со генералниот штрајк. Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2806 денари што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот. Вработените во јавниот сектор се солидарни како никогаш до сега, а работниците ​ во јавниот сектор кои добија усогласување на платите овие три изминати денови штрајкуваат и за работниците кои не добија солидарно усогласување на нивните плати за 2806 денари. Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и поради тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок,​ незадоволството да го изразува на улица. На 27.06.2022 година ( понеделник) од 07 часот до 10 часот ќе застанеме на влезот на главниот град Скопје на раскрсницата во населба Автокоманда на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна. Пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предог амандманот на ССМ, зошто работниците не се задоволни од нивната продуктивност и ангажман за надминување на работничките проблеми, а на овој начин пратениците нема да можат да стигнат во Собранието за да наплатат патни трошоци, а истото важи и за владините министри кои се глуви за работниците и работничките барања во оваа криза. Укажуваме на работниците и на граѓаните однапред да го планираат нивното движење во наведениот период и да ја избегнат раскрсницата на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада или солидарно да ни се придружат, а можат да ни се придружат и сите работници, соопштија од ССМ.

The post ССМ утре ќе блокира влез во Скопје appeared first on Република.

]]>