блокирана сметка Archives - Република https://republika.mk/tema/blokirana-smetka/ За подобро да се разбереме Tue, 23 May 2023 12:35:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блокирана сметка Archives - Република https://republika.mk/tema/blokirana-smetka/ 32 32 Министерството за култура ја блокирало сметката на Филхармонија, музичарите се заканија со црвен картон за министерката https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-ja-blokiralo-smetkata-na-filharmonija-muzicharite-se-zakanija-so-tsrven-karton-za-ministerkata/ Tue, 23 May 2023 12:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=643980

Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно одржа мирен протест пред Министерството за култура, бидејќи оттаму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со одлуката новоформираниот Национален џез-оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. Членовите на оркестарот во континуитет изминатите денови и недели бараат надлежните да ја повлечат оваа одлука, бидејќи според нив е неодржливо двата оркестри да функционираат како два посебни правни субјекти во една зграда, а во петокот првпат протесираа и пред Владата, свирејќи на своите инструменти пред зградата на извршната власт.

Музичарите од оркестарот овој пат протестираа без своите инструменти, но со жолти картони во рецете, а пред Министерството ечеше снимена музика, композициите „Тешкото“ од Глигор Смокварски и 4 симфонија, 2 став од Бетовен. Филхармоничарите ги оставија жолтите картони пред зградата на Министерството и најавија „црвени картони“ за министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска доколку, како што рекоа, наскоро не се најде решение за овој проблем.

Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонија, во своето обраќање на протестот го изрази незадоволството од, како што нагласи, манипулациите и лагите на Министерството за култура и Здружението на џез музичари, но и од опструкциите што во последниот период се прават врз Филхармонија.

Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое дури ја блокираше и сметката на Филхармонија, со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција. Не ни е одобрен финансов план на сопствената сметка, односно во превод, парите што ги имаме, не ни даваат да ги трошиме, истакна Лазаревски.

Тој ја повика министерката за култура да каже зошто месец и половина ја лаже јавноста дека Министерството за култура немало никаква задна намера кога ја донело одлуката за формирање на џез-оркестарот.

Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од бесрамното манипулирање и лагите искажани од страна на Министерството за култура и Здружението на џез музичари дека немале никаква задна намера кога ја донеле одлуката за наводно привремено сместување на џез-оркестарот во зградата на Филхармонија, рече Лазаревски.

Според него, и покрај известувањето дека Министерството работи интензивно на проблемот во врска со сместувањето на новоформираниот национален џез оркестар во Македонската филхармонија, до моментов прашањето не е решено, односно одлуката на Владата не е променета.

Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение, велат вработените во Македонска филхармонија.

Претседателот на Синдикатот на Филхармонија најави и дека вработените и раководството на Филхармонија ќе продолжат со протести и наредната недела пред Министерството за култура и пред Владата.

The post Министерството за култура ја блокирало сметката на Филхармонија, музичарите се заканија со црвен картон за министерката appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно одржа мирен протест пред Министерството за култура, бидејќи оттаму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со одлуката новоформираниот Национален џез-оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. Членовите на оркестарот во континуитет изминатите денови и недели бараат надлежните да ја повлечат оваа одлука, бидејќи според нив е неодржливо двата оркестри да функционираат како два посебни правни субјекти во една зграда, а во петокот првпат протесираа и пред Владата, свирејќи на своите инструменти пред зградата на извршната власт. Музичарите од оркестарот овој пат протестираа без своите инструменти, но со жолти картони во рецете, а пред Министерството ечеше снимена музика, композициите „Тешкото“ од Глигор Смокварски и 4 симфонија, 2 став од Бетовен. Филхармоничарите ги оставија жолтите картони пред зградата на Министерството и најавија „црвени картони“ за министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска доколку, како што рекоа, наскоро не се најде решение за овој проблем. Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонија, во своето обраќање на протестот го изрази незадоволството од, како што нагласи, манипулациите и лагите на Министерството за култура и Здружението на џез музичари, но и од опструкциите што во последниот период се прават врз Филхармонија.
Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое дури ја блокираше и сметката на Филхармонија, со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција. Не ни е одобрен финансов план на сопствената сметка, односно во превод, парите што ги имаме, не ни даваат да ги трошиме, истакна Лазаревски.
Тој ја повика министерката за култура да каже зошто месец и половина ја лаже јавноста дека Министерството за култура немало никаква задна намера кога ја донело одлуката за формирање на џез-оркестарот.
Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од бесрамното манипулирање и лагите искажани од страна на Министерството за култура и Здружението на џез музичари дека немале никаква задна намера кога ја донеле одлуката за наводно привремено сместување на џез-оркестарот во зградата на Филхармонија, рече Лазаревски.
Според него, и покрај известувањето дека Министерството работи интензивно на проблемот во врска со сместувањето на новоформираниот национален џез оркестар во Македонската филхармонија, до моментов прашањето не е решено, односно одлуката на Владата не е променета.
Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение, велат вработените во Македонска филхармонија.
Претседателот на Синдикатот на Филхармонија најави и дека вработените и раководството на Филхармонија ќе продолжат со протести и наредната недела пред Министерството за култура и пред Владата.

The post Министерството за култура ја блокирало сметката на Филхармонија, музичарите се заканија со црвен картон за министерката appeared first on Република.

]]>
Блокирана сметката на Град Скопје, Градот пред банкрот? https://republika.mk/vesti/skopje/blokirana-smetkata-na-grad-skopje-gradot-pred-bankrot/ Thu, 11 May 2023 12:29:53 +0000 https://republika.mk/?p=639742

Блокирана е сметката на Град Скопје, дознава „Сакам да кажам“ од официјални извори кои не се овластени да даваат изјави.

Буџетската сметка преку која се вршат сите плаќања кон доверители, се делат плати на вработени, се префрлаат пари за субвенции на јавните претпријатија е блокирана поради долг на Градот, пишува порталот, според чии извори блокадата е поради тужба кон Градот за предмет од пред 10 години, за кој судскиот процес завршил пред извесно време и сега со присилна наплата се повлекуваат парите.

Повеќе на СДК

The post Блокирана сметката на Град Скопје, Градот пред банкрот? appeared first on Република.

]]>

Блокирана е сметката на Град Скопје, дознава „Сакам да кажам“ од официјални извори кои не се овластени да даваат изјави. Буџетската сметка преку која се вршат сите плаќања кон доверители, се делат плати на вработени, се префрлаат пари за субвенции на јавните претпријатија е блокирана поради долг на Градот, пишува порталот, според чии извори блокадата е поради тужба кон Градот за предмет од пред 10 години, за кој судскиот процес завршил пред извесно време и сега со присилна наплата се повлекуваат парите. Повеќе на СДК

The post Блокирана сметката на Град Скопје, Градот пред банкрот? appeared first on Република.

]]>
Гувернерот на Народната банка на Иран поднесе оставка поради девалвација на ријалот https://republika.mk/vesti/svet/guvernerot-na-narodnata-banka-na-iran-podnese-ostavka-poradi-devalvatsija-na-rialot/ Thu, 29 Dec 2022 21:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=591650

Гувернерот на Националната банка на Иран денеска поднесе оставка по рекордната девалвација на ријалот поради санкциите воведени против Иран од 2018 година, јавија локалните медиуми.

Откако ја прифати оставката на Али Салехабади, одборот на директори го избра Мохамед Реза Фарзин за нов шеф на централната банка, јави иранската државна телевизија.

Гувернерот во оставка беше назначен пред 15 месеци. Во тој период, ријалот загуби околу 25 отсто од својата вредност. Валутата падна од околу 330.000 ријали за еден долар за два месеци на 430.000 ријали, бидејќи инфлацијата расте.

Иран е погоден од серија американски санкции од 2018 година. Тогашниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја повлече својата земја од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно воведе санкции против Иран.

Западните земји, исто така, воведоа санкции за некои ирански компании и воен персонал, по обвинувањата дека Иран и доставува беспилотни летала на Русија за инвазијата врз Украина. Техеран ги негира обвинувањата.

Иран, исто така, е погоден од санкции од Европа, САД и Канада поради неговиот одговор на протестите по смртта на Иранката Махса Амини во притвор. Таа беше уапсена поради кршење на правилата за облекување.

The post Гувернерот на Народната банка на Иран поднесе оставка поради девалвација на ријалот appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на Националната банка на Иран денеска поднесе оставка по рекордната девалвација на ријалот поради санкциите воведени против Иран од 2018 година, јавија локалните медиуми.
Откако ја прифати оставката на Али Салехабади, одборот на директори го избра Мохамед Реза Фарзин за нов шеф на централната банка, јави иранската државна телевизија.
Гувернерот во оставка беше назначен пред 15 месеци. Во тој период, ријалот загуби околу 25 отсто од својата вредност. Валутата падна од околу 330.000 ријали за еден долар за два месеци на 430.000 ријали, бидејќи инфлацијата расте. Иран е погоден од серија американски санкции од 2018 година. Тогашниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја повлече својата земја од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно воведе санкции против Иран. Западните земји, исто така, воведоа санкции за некои ирански компании и воен персонал, по обвинувањата дека Иран и доставува беспилотни летала на Русија за инвазијата врз Украина. Техеран ги негира обвинувањата. Иран, исто така, е погоден од санкции од Европа, САД и Канада поради неговиот одговор на протестите по смртта на Иранката Махса Амини во притвор. Таа беше уапсена поради кршење на правилата за облекување.

The post Гувернерот на Народната банка на Иран поднесе оставка поради девалвација на ријалот appeared first on Република.

]]>