блокада на превозници Archives - Република https://republika.mk/tema/blokada-na-prevoznici/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Dec 2022 07:47:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блокада на превозници Archives - Република https://republika.mk/tema/blokada-na-prevoznici/ 32 32 Не е поради автобусите: Скопје денеска и утре пак ќе биде блокирано https://republika.mk/vesti/skopje/ne-e-poradi-avtobusite-skopje-deneska-i-utre-pak-kje-bide-blokirano/ Mon, 12 Dec 2022 07:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=584468

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12.12 и 13.12.2022 година (понеделник и вторник) во работна посета на Македонија ќе пристигне претседателот на Парламентот на Косово.

Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

The post Не е поради автобусите: Скопје денеска и утре пак ќе биде блокирано appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12.12 и 13.12.2022 година (понеделник и вторник) во работна посета на Македонија ќе пристигне претседателот на Парламентот на Косово. Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

The post Не е поради автобусите: Скопје денеска и утре пак ќе биде блокирано appeared first on Република.

]]>
За СДСМ делумното повлекување на блокадата не е решение https://republika.mk/vesti/skopje/za-sdsm-delumnoto-povlekuvanje-na-blokadata-ne-e-reshenie/ Thu, 08 Dec 2022 17:27:29 +0000 https://republika.mk/?p=583368

Делумно повлекување на блокадата во главниот град не значи и решение за колапсот на јавниот превоз во Скопје кој го создаде неспособната ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го созададоа и да го ослободат и Скопје и државата од блокади и хаос, напоменуваат од СДСМ.

Градоначалничката, претседателот на Светот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Нека седнат и нека работат, да најдат решение за колапсот на сообраќајот во Скопје.

Доста беше изживување врз граѓаните .

The post За СДСМ делумното повлекување на блокадата не е решение appeared first on Република.

]]>

Делумно повлекување на блокадата во главниот град не значи и решение за колапсот на јавниот превоз во Скопје кој го создаде неспособната ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го созададоа и да го ослободат и Скопје и државата од блокади и хаос, напоменуваат од СДСМ.
Градоначалничката, претседателот на Светот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Нека седнат и нека работат, да најдат решение за колапсот на сообраќајот во Скопје. Доста беше изживување врз граѓаните .

The post За СДСМ делумното повлекување на блокадата не е решение appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг игра на коалицијата на хаосот, Арсовска и Ковачевски https://republika.mk/vesti/skopje/mickoski-so-machnina-ja-gledam-ping-pong-igra-na-koalicijata-na-haosot-arsovska-i-kovachevski/ Thu, 08 Dec 2022 15:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=583366

Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите со приватните превозници додека проблемите не се решаваат. Навистина како човек одбивам да влегувам во реториката на обвинувања и недораснати потези каде поважно од решенијата им е да се знае кој бил виновен, и лагите кои непресушно ги кажуваат додека народот страда. И една заедничка порака до коалицијата на хаосот, престанете да правите политика врз грбот на народот и испорачајте решение на проблемите. Вие сте власт и вие ја имате одговорноста наместо пинг понг игра да ги решите проблемите. Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот свечен настан на тема – „Св. Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност“.

Тој исто така им порача на власта и на раководството на Град Скопје да не си поигруваат со интелигенцијата на граѓаните префрлајќи ја топката, туку да почнат да ги решаваат проблемите.

„Престанете да си поигрувате со интелигенцијата на овој народ. Едната на благодарение на вас е таму каде што е, а овој другиот благодарение на лесната рака за потпишување предавнички договори и се уште опстојува. И едниот и другиот имаат одговорност да ги решат проблемите кога тајно се среќаваат во Владата наместо да шират лаги и да ја префрлаат топката од која што штета имаат скопјани и граѓаните во Македонија. Секое решение што е во интерес на граѓаните и на скопјани ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржиме“, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг игра на коалицијата на хаосот, Арсовска и Ковачевски appeared first on Република.